ИЗВЕШТАЈ ЗА АКТИВНОСТИТЕ НА ВНАТРЕШНАТА РЕВИЗИЈА ВО периодот година

Similar documents
Извештај за работењето на Одборот за ревизија на Охридска Банка во 2012 година колективно и од аспект на поединечните членови

Заштита на личните податоци во Република Македонија. Охрид, 27 мај 2014 година

Март Opinion research & Communications

ИЗВЕШТАЈ И ПОДАТОЦИ со состојба година објавен на година

Односот помеѓу интерната и екстерната ревизија. Презентира: Верица Костова

Биланс на приходи и расходи

Биланс на приходи и расходи

ПРОГРАМА НА МЕРКИ И АКТИВНОСТИ НА ДЕЛОВНАТА ПОЛИТИКА И ФИНАНСИСКИ ПЛАН НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ ЗА 2012 ГОДИНА

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

ДЕЛОВНА ПОЛИТИКА, РАЗВОЕН И ФИНАНСИСКИ ПЛАН. на Стопанска банка а.д. Битола за период година. Март, 2015 година

Нема сила што може да биде посилна од силата на законите Marcus Tullius Cicero

Преземање сертификат користејќи Mozilla Firefox

Средно образование природно математичка гимназија Никола Карев Скопје, Р.Македонија

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

Годишен Извештај 2007

ТД МАКОШПЕД АД СКОПЈЕ. ГОДИШЕН РЕВИЗОРСКИ ИЗВЕШТАЈ на службата за внатрешна ревизија на ТД Макошпед АД Скопје

Технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци

ИЗВЕШТАЈ ЗА ТРАНСПАРЕНТНОСТ

Годишен извештај за работа на Институтот на овластени ревизори на РМ за 2016 година

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ. за работењето на Стопанска банка а.д. Битола. за 2016 година

1. Општи методолошки појаснувања за екстерните статистики

Извештај за транспарентност за 2016 година Deloitte ДОО Скопје

ПРИРАЧНИК ЗА ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ИЗВРШЕНИ РЕВИЗИИ

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА ОБУКИ НА КОНТРОЛОРИ И ОБРАБОТУВАЧИ ЗА 2016 ГОДИНА. Бр / година

ИНТЕРНА РЕВИЗИЈА НА ФИНАНСИСКОТО РАБОТЕЊЕ НА БАНКИТЕ ВО РМ - магистерски труд -

С О Д Р Ж И Н А. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

INTERNATIONAL STANDARDS FOR THE PROFESSIONAL PRACTICE OF INTERNAL AUDITING (STANDARDS)

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА. Стратегија на ДЗР

Интерна ревизија на побарувањата од купувачите кај деловните субјекти во Република Македонија

2.3 ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА. Службен весник на Република Македонија бр. 53 од 11 април 2013 година

ОРГАНИ И ИНСТИТУЦИИ НАДЛЕЖНИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ПЕРЕЊЕ ПАРИ

Технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на личните податоци

Годишен извештај за работењето на Дирекцијата за заштита на личните податоци

МАГИСТЕРСКИ ТРУД. Универзитет Св. Климент Охридски Битола. Економски факултет - Прилеп

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПОВРЕДИ НА РАБОТА И ПРОФЕСИОНАЛНИ БОЛЕСТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ИНСТИТУТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ НАРЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА В.Д. ДИРЕКТОР: Асс. Д-р Шабан МЕМЕТИ ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПОВРЕДИ НА РАБОТА

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Универзитет Св. Климент Охридски - Битола. Економски факултет - Прилеп. Магистерски труд

Финансиски извештаи за годината што завршува на 31 декември 2013 УНИКА АД Скопје

ПОСТФЕСТУМ АНАЛИЗА НА ИНСТИТУТОТ ЗА ДЕМОКРАТИЈА СОЦИЕТАС ЦИВИЛИС НА ВЛАДИНИОТ ПЛАН 3-6-9

Обука за електронски систем на учење МИКРОУЧЕЊЕ. Материјал за учесници

ПРОЦЕСОТ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ ПЕРЕЊЕ ПАРИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ВО СВЕТОТ

ПРИЛОГ 2.А: РЕГИОНАЛНИ И ОСНОВНИ ЗОНИ НА МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ АД ПРИЛОГ 2.А.2: РЕГИОНАЛНИ ЗОНИ И ПОДРЕДЕНИ ОСНОВНИ ЗОНИ НА МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ АД...

РАЗБУДЕТЕ СЕ ХУМАНИ. Хуманитарната акција трае од до и важи за целата територија на Р.Македонија.

Централна кооперативна банка АД Скопје

Штип. Кристина Анчевска

СОДРЖИНА АНАЛИЗА НА ЈАВНИОТ ДОЛГ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. АВТОР: Бојана М. Христовска, Аналитика тинк тенк Тамара М. Спасова, Аналитика тинк тенк

Финансиски извештаи и Извештај на независните ревизори. М-НАВ АД, Скопје. 31 декември 2014 година

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

Издавач: Национален младински совет на Македонија. За издавачот: Дамјан Николовски, Претседател

Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

П Р О С П Е К Т. Друштво за проектирање, производство и монтажа на челични конструкции и опрема, увоз-извоз ФАКОМ АД - Скопје (ФАКОМ АД - Скопје)

Народната банка на Република Македонија

consultancy final presentation conceptual presentation of proposals projects Feasibility Cost Study for converting space

Можностите за развој на новиот финансиски производ-факторинг во Република Македонија

Извештај за работењето на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје за 2011 година Скопје, Март 2012

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

1. Извештај на независните ревизори Финансиски извештаи Белешки кон финансиските извештаи 31 декември

МАКЕДОНСКИ ЗЕЛЕН ЦЕНТАР

ПОЛИТИКА ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ВРЕМЕНСКИ ПЕЧАТ (TS) НА МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ TSA

Годиштен извештај 2011 Macedonia. Годишен извештај 2011

2015 Deloitte Macedonia. Извештај за транспарентност Deloitte ДОО Скопје 2014 година

POLICY REPORT. Компаративна анализа на регионалните практики за парламентарен финансиски надзор над разузнавачките служби.

ШЕСТ ГОДИНИ ПОДОЦНА: РАСПУКА ЛИ ЅИДОТ ОД ТИШИНА? Анализа на имплементацијата на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер

Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2010 година

ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ДИРЕКЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ ЗА 2012 ГОДИНА

УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИЦИТЕ ВО БАНКАРСКИТЕ ИНСТИТУЦИИ СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА БАНКИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

И з в е ш т а ј за состојбите во капитално финансираното пензиско осигурување во 2013 година

Структурно програмирање

Петти состанок на Локалната советодавна група Записник од состанокот

Извештај на независните ревизори 1. Извештај за сеопфатната добивка 3. Извештај за финансиската состојба 4. Извештај за промените во капиталот 5

Преземање сертификат користејќи Internet Explorer

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ПРИРАЧНИК ЗА РАБОТА СО МОДУЛОТ ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ПРЕКУ ПОРТАЛОТ НА ФЗОМ

Siemens собни термостати. За максимален комфорт и енергетска ефикасност. siemens.com/seeteam

И З В Е Ш Т А Ј ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ГРАВЕ ОСИГУРУВАЊЕ А.Д. СКОПЈЕ ВО 2009 ГОДИНА

ЦИВИКА МОБИЛИТАС МАЛИ АКЦИСКИ ГРАНТОВИ

ВОВЕД ВО ИНФОРМАТИВЕН ДОКУМЕНТ НА МКД СЕРТИФИКАТ

СТРАТЕШКИ ПЛАН ГОДИНА

Проект: Поголема партиципација - подобри политики и регулативи. Екстерно оценување, предизвици и следни чекори: Екстерно оценување по секоја цена?

Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2011 година

ИЗВЕШТАЈОТ НА ПРИБЕ ДВЕ ГОДИНИ ПОДОЦНА. нова влада и нови можности за решавање на стари проблеми

УПАТСТВО. Kористење безбедно средство за електронско потпишување на Gemalto (PKI Smart Card и PKI Token)

Отчетност на институциите во Македонија помеѓу заложбите и резултатите!

УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СИСТЕМОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО БАНКАРСТВО КОРПОРАТИВНО

Доцент д-р Јанка Димитрова МОНОГРАФИЈА. МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР НА КАПИТАЛ состојби и перспективи

MORPHOLOGICAL CHARACTERISTICS OF SOME MAIZE HYBRIDS FROM FAO300 AND FAO700 GROWN IN SHTIP REGION

АГЕНЦИЈА ЗА СУПЕРВИЗИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕ

2.1. Закон за енергетика и подзаконските акти Закон за енергетика Правилник за енергетски карактеристики на зградите

СЛУЖБЕН ГЛАСНИК НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ НА МЗМП ЗА ПРАКТИКИТЕ НА ЗАДРЖУВАЊЕ СТРАНЦИ ВО МАКЕДОНИЈА ОД ИМИГРАЦИСКИ ПРИЧИНИ 2017

THE ASSEMBLY SPONTANEOUS ASSOCIATIONS

ИЗВЕШТАЈ ЗА ПАРИЧНИ ТЕКОВИ CASH - FLOW STATEMENT

ПРИРАЧНИК ЗА СТРАТЕШКО ПЛАНИРАЊЕ

Како постапувањето согласно МСР ги отстранува вообичаените ревизорски проблеми

1. Општи методолошки појаснувања за екстерните статистики

A mysterious meeting. (Таинствена средба) Macedonian. List of characters. (Личности) Khalid, the birthday boy

ПРОМЕНИ ВО РАКОВОДЕЊЕТО НА ОРГАНИЗАЦИЈА ЧИЈА ОСНОВНА ДЕЈНОСТ Е ИНЖЕНЕРИНГ

ДОКУМЕНТ ЗА ПОЛИТИКИ

ПРАВИЛНИК ЗА СОДРЖИНАТА И ФОРМАТА НА ДИПЛОМАТА И ДОДАТОКОТ НА ДИПЛОМАТА И ДРУГИ ИСПРАВИ ИЗДАДЕНИ ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ МБА Менаџмент Штип. Грозда Костадинова

Transcription:

ИЗВЕШТАЈ ЗА АКТИВНОСТИТЕ НА ВНАТРЕШНАТА РЕВИЗИЈА ВО периодот 01.01.2014 31.12.2014 година

Изработен од: Марија Ковачевиќ Георгиевска Директор, дирекција Внатрешна ревизија Датум: 22.01.2015 година Во овој Извештај се опфатени сите активности на внатрешната ревизија во 2014 година и истиот претставува сублимат од полугодишниот Извештај и активностите на внатрешната ревизија во второто полугодие на 2014 година. Активностите се одвиваа согласно Годишниот план за внатрешна ревизија за оваа година. Заклучно со крајот на годината се спроведени сите планирани ревизии, со исклучок на ревизијата на платниот промет со странство која беше започната во декември 2014 г., но поради боледување на одговорниот ревизор за оваа ревизија, истата беше пролонгирана, односно одложена и спроведена во текот на јануари 2015 година (и се уште трае за време на пишувањето на овој извештај). Исто така, не беше извршено планираното повторно тестирање на Планот за континуитет во работењето на Банката, поради преселба на новата алтернативна локација. Тестирање ќе биде извршено во текот на 2015 година и истото е опфатено во Годишниот план за внатрешна ревизија во 2015 година. Освен временските поместувања и гореспоменатите отстапки, генерално заклучок е дека сепак ревизиите се одвиваа согласно Планот. Покрај редовните и планирани ревизии, во 2014 г. се направени и неколку ревизии по дописи добиени од Народна банка на Република Македонија кои се однесуваат на поплаки од клиенти на Банката. За време на пишувањето на овој Извештај во тек е уште и ревизијата на поставеноста и адекватноста на поставените внатрешни контроли на информативниот систем, согласно Планот, а во текот на јануари 2015 беа завршени и ревизиите на експозитурите Кавадарци и Неготино кои беа започнати во декември минатата година. Од 01.10.2014 година 1 вработен во Внатрешна ревизија ја напушти Банката и неговото место за кратко време е пополнето со вработен во Банката кој има искуство во надворешна ревизорска куќа, а потоа и како внатрешен ревизор во Банката во период од 2 години, поседува лиценца за овластен ревизор и доаѓа од работното место заменик директор во дирекцијата Финансии и сметководство.

1) Комплетирање на започнатите ревизии во месец декември 2013 година - Ревизија на некои извештаи кои се доставуваат до НБРМ, како и на работењето на СКУП во овој домен декември 2013 јануари 2014 Направена е ревизија на некои извештаи кои се доставуваат до НБРМ од страна на дирекција Финансии и сметководство (12 извештаи) и дирекција Управување со ризици (2 извештаи), при што целта на ревизијата беше да се утврди дали извештаите кои се праќаат до НБРМ се изготвени правилно, се испратени во пропишаниот рок и се во согласност со законската регулатива важечка во моментот на ревизијата, како и следењето на овие активности од страна на Службата за контрола на усогласеноста на работењето на Банката со прописите. Не се забележани отстапувања кај извештаите и истите се доставени до НБРМ во предвидените рокови. - Ревизија на поставеноста и адекватноста на поставените внатрешни контроли на информативниот систем (ИС) и следење на постапувањето по препораките дадени во претходната ревизија февруари - март Извршена е ревизија на внатрешните контроли на ИС, вклучително и статусот на постапувањето по дадените препораки во претходната ревизија на ИС спроведена од Интегра Солушн, односно исполнувањето на предвидениот акциски план. Новите предлози кои произлегоа од ревизијата се однесуваат на ажурирање и дополнување на интерните акти на Банката кои се однесуваат на сигурноста на информативниот систем, а согласно барањата на НБРМ. - Ревизија на трансакции кои подлежат на пријавување во Управата за финансиско разузнавање (УФР) февруари - март Во согласност со планираните редовни активности на внатрешната ревизија беше извршена проверка на системот на известување за трансакции поврзани со перење пари и финансирање тероризам. Целта на ревизијата е врз основа на случаен примерок да се утврди дали се почитуваат одредбите од Законот за спречување на перење пари и финансирање тероризам и дали трансакциите се соодветно пријавени во Управата за финансиско разузнавање (УФР), како и дали се почитуваат внатрешните политики и процедури. Дадени се предлози за подобрување на системот за известување за спречување перење пари и финансирање тероризам, како и за засилена контрола во СКУП и СППФТ пред доставување на извештаите до Управата. 2) Попис на трезорот на УНИБанка април Поради селење на трезорот на Банката во нови простории, извршен е попис на средствата и останатите вредности во трезорот. Не беше констатирана неусогласеност меѓу фактичката и сметководствената состојба.

3) Попис на граѓански сефови на УНИБанка април Поради селење на сефовите од старата на нова локација, извршен е увид и проверка на сефовите на старата локација, како и попис на сефовите по нивното преселување на новата локација. 4) Проверка на законските и интерните лимити на изложеност на Банката на 31.12.2013 г., на 31.03.2014 г., на 30.06.2014 г. и на 30.09.2014 г. февруари, април, јули, октомври Банката беше во рамките на лимитите пропишани од НБРМ (лимити по член 78, по член 71 и по член 72 од Законот за банки) како и во рамки на пропишаните интерни лимити на изложеност (единствено интерниот лимит за дозволен % на учество на пласманите на население во вкупното кредитно портфолио со 31.12.2013 г. е повисок за 2,43%, но со следниот квартал интерниот лимит е поместен од 60% на 65% и нема надминување на истиот). 5) Тестирање на алтернативната локација април Извршено е тестирање на алтернативната локација на Банката во Тетово, а за прв пат е пристапено од експозитура различна од таа во Тетово (односно од експозитура Ѓорче Петров). Сервисите КИБС и СВИФТ се тестирани во реално време на 24.04.2014 година. Тестирањето беше успешно во сите сегменти. 6) Ревизија на точноста на податоците кои Банката ги пријавува во Кредитниот регистар и на издвоените резервации согласно Методологијата за оштетување на побарувањата (со датум 28.02.2014 г.) март - мај Извршена е ревизија на точноста на податоците кои се пријавени во Кредитниот регистар со датум 28.02.2014 година и извршено е тестирање на издвоените резервации за ризични пласмани согласно Методологијата за оштетување на побарувањата со истиот датум, на селектиран примерок од 10 физички и 5 правни лица (вкупно 61 кредитни партии). Со ревизијата e проверена усогласеноста со законската регулатива и интерните процедури и упатства. Дадените предлози од ревизијата се во насока на поквалитетно известување. 7) Ревизија на користењето услуги од надворешни лица (вклучително и обврски кон добавувачите) јули Извршена е ревизија на користењето услуги од 4 надворешни лица, но исто така се ревидирани и обврските кон добавувачите, односно предмет на ревизија беа 48 фактури од 15 правни лица. Со ревизијата се дадени предлози во насока на усогласување со барањата на регулативата.

8) Ревизија на управувањето со ризик од промена на каматните стапки јули август Ревидирани се извештаите за изложеноста на ризикот од промена на каматни стапки во портфолиото на банкарски активности со состојба на 31.05.2014 год. и сите позиции кои се содржани во нив. Извршена е анализа на организациската структура за управување со ризикот од промена на каматните стапки, ревизија на почитување на политиките, процедурите и законските одредби за управување со ризикот од промена на каматните стапки, како и ревизија на активностите кои се однесуваат на оценка, следење и контрола на ризикот од промена на каматните стапки. Констатирани се незначителни разлики кај некои позиции кои беа предмет на ревизија и тие се подетално прикажани во извештајот од конкретната ревизија. 9) Ревизија на управувањето со стратегиски, репутациски, оперативен и правен ризик август септември Извршена е ревизија на управувањето со стратегиски, репутациски, оперативен и правен ризик, беа опфатени сите внатрешни политики и процедури со кои се регулира начинот на управување со наведените ризици во Банката, како и регулативата пропишана од НБРМ и предлозите кои произлегоа од ревизијата се во насока на подобрување на управувањето со овие ризици и целосно усогласување со барањата на регулативата. 10) Ревизија на процесот на утврдување на интерниот капитал, сопствените средства и адекватноста на капиталот на Банката септември - октомври Согласно Годишниот план, извршена е ревизија на процесот на утврдување на интерниот капитал, сопствените средства и адекватноста на капиталот (АК) на Банката, како и работењето на СКУП во овој домен. Ревидиран е начинот на пресметка и висината на сопствените средства на банката, ризично пондерирана актива според кредитниот ризик, ризично пондерирана актива според валутен ризик, ризично пондерирана актива според оперативниот ризик и адекватноста на капиталот со состојба на 30.06.2014 год., како и ревизија на процесот на утврдување на интерниот капитал на Банката за 2014 год. и следењето на овие активности од страна на Службата за контрола на усогласеноста на работењето на Банката со прописите (СКУП). 11) Ревизија на управувањето со ликвидносен, пазарен и валутен ризик октомври ноември Направена е ревизија на управувањето со ликвидносниот, пазарниот и валутниот ризик, со што беше опфатена организациoната поставеност за следење, управување и известување со ризиците. Исто така, спроведени се проверки на изготвувањето на редовните оперативни извештаи, како и извештаите кои се доставуваат до НБРМ. Целта на ревизијата беше да се идентификуваат ризиците со кои се соочува банката при управување со овие ризици, како и оценка на системите на интерна контрола и мониторинг активностите. Исто така, целта беше да се утврди дали се почитуваат

пропишаните политики и процедури во доменот на управување со ликвидносниот, пазарниот и валутниот ризик, како и регулативата од НБРМ. Предлозите се во насока на подобрување на управувањето со овие ризици и усогласување со барањата на регулативата во овој домен. 12) Внатрешна контрола на информацискиот систем и информатичката инфраструктура декември Во текот на декември е направена задолжителна внатрешна контрола на информацискиот систем и информатичката инфраструктура, која што е изведена комисиски, односно учествуваа вработен во Службата за контрола на усогласеноста на работењето на банката со прописите (СКУП) и внатрешен ревизор, а целта на внатрешната контрола беше да се утврди дали се почитуваат одредбите од Правилникот за технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци, како и одредбите од Законот за заштита на лични податоци. Предлозите се во насока на поголема заштита и безбедност при користењето на личните податоци. 13) Започнати ревизии (согласно Планот за 2014 година) декември јануари (во тек) - Ревизија на платен промет со странство; - Ревизија на поставеноста и адекватноста на поставените внатрешни контроли на информативниот систем 14) Во текот на 2014 година се посетени/ревидирани следните експозитури: - јануари - февруари: Гостивар 1 и Гостивар 2 (ревизиите се спроведени во периодот јануари февруари) - март: Берово - мај: Кичево, Крушево - мај јуни: Ресен, Прилеп - јули август: Делчево - август: Ѓорче Петров - септември: Радовиш, Аеродром - септември октомври: Куманово, Скопјанка - октомври: Лептокарија, Крива Паланка - октомври ноември: Струмица - ноември: Централа, Штип, Кочани - ноември декември: Валандово, Свети Николе - декември јануари 2015 г.: Кавадарци, Неготино Резултатите од ревизиите на експозитурите се дадени во прилог на овој Извештај (со предложените и преземените мерки заклучно со 31.12.2014 година).

Од дополнителните активности на внатрешната ревизија во текот на 2014 година беше и изготвувањето на: 15) Извештај за активностите на Интерната ревизија во 2013 година во јануари 16) Годишен план за внатрешна ревизија за 2014 година во јануари 17) Дополнителни ревизии по дописи добиени од НБРМ Во текот на 2014 година се добиени седум дописи од НБРМ за поплаки на клиенти на Банката. Од Банката до НБРМ беше доставен соодветен одговор во планираниот рок. 18) Останати активности Во текот на 2014 година како дел од задолжителното континуирано професионално усовршување на овластените ревизори на Република Македонија, вработените овластени ревизори во Внатрешна ревизија посетија обука организирана од Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ) и присуствуваа на Собрание на Институтот на овластени ревизори на Република Македонија. Заклучок Од извршените ревизии може да се процени адекватноста и ефикасноста на системите за внатрешна контрола. Генерално, овие системи добро функционираат. Во однос на реализацијата на поставените цели со годишниот план за работа, заклучок е дека планот е исполнет. Прилози Прилог кон овој извештај се и поединечните табели за извршени ревизии во секоја од експозитурите до 31.12.2014 година, кои опфаќаат статус на почитување на дадените препораки од претходна ревизија, предлози за подобрување на работењето кои произлегле од тековната ревизија, рокови за постапување по дадените предлози, како и follow up за тоа дали е постапено по предлозите во соодветните рокови. Исто така, дополнение е и Извештајот (excel табела) во кој се опфатени предлозите дадени за подобрување на работењето на Банката или за унапредување на процесите, кои произлегле од ревизиите на различни процеси во Банката, како и статусот на дадените предлози со датум 31.12.2014 година (или во текот на пишувањето на овој Извештај).