Содржина Содржина... 1 Користени кратенки... 3 Предговор од Министерот за транспорт и врски Вовед Што е стратегија?

Similar documents
Значајни подрачја за раститенија, птици и пеперутки во Македонија. Славчо Христовски

Заштита на личните податоци во Република Македонија. Охрид, 27 мај 2014 година

Биланс на приходи и расходи

Март Opinion research & Communications

Биланс на приходи и расходи

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

Коисмение.Штозначиме.

Односот помеѓу интерната и екстерната ревизија. Презентира: Верица Костова

Состојбата во секторите транспорт и енергетика во Република Македонија, како до забрзување на реформските процеси

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

Ф а б р и ч е н п л и н с к и у р е д

УРБАНИСТИЧКО ПЛАНИРАЊЕ 2. Подвижни тротоари на Париската изложба во 1900 година

С О Д Р Ж И Н А. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола

СТРУКТУРНИ ПРОМЕНИ И ТРАНСФОРМАЦИИ НА СТОПАНСКИОТ СИСТЕМ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

МЕЃУНАРОДЕН ТУРИСТИЧКИ СООБРАЌАЈ

РЕФОРМАТА НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2010 година

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола Факултет за туризам и угостителство Охрид. Дипломиран организатор по туризам и угостителство

МКА -2000/Македонска мрежа на евалуатори МКА-2000 Здружение на менаџмент консултанти. ММЕ македонска мрежа на евалуатори

University St.Kliment Ohridski - Bitola Scientific Tobacco Institute- Priep ABSTRACT

ПРИЛОГ 2.А: РЕГИОНАЛНИ И ОСНОВНИ ЗОНИ НА МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ АД ПРИЛОГ 2.А.2: РЕГИОНАЛНИ ЗОНИ И ПОДРЕДЕНИ ОСНОВНИ ЗОНИ НА МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ АД...

Универзитет за туризам и менаџмент во Скопје 2014/2015. Проф. д-р Сашо Кожухаров

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА. Стратегија на ДЗР

Универзитет Св. Климент Охридски- Битола. Факултет за информатички и. комуникациски технологии - Битола. Студиска програма:

Структурно програмирање

Анализа на секторски политики Политика за конкурентност и иновации ИПА 2 МЕХАНИЗАМ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ (IPA2CSO)

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Обука за електронски систем на учење МИКРОУЧЕЊЕ. Материјал за учесници

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

consultancy final presentation conceptual presentation of proposals projects Feasibility Cost Study for converting space

2.3 ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА. Службен весник на Република Македонија бр. 53 од 11 април 2013 година

Вовед во мрежата nbn. Што е тоа австралиска nbn мрежа? Што ќе се случи? Како да се префрлите на мрежата nbn. Што друго ќе биде засегнато?

Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2011 година

Опасни врски. Ризиците од јавно приватни партнерства во централна и источна Европа

ИЛЕГАЛНОТО ПРЕФРЛАЊЕ НА ЛУЃЕ И СТОКА ПРЕКУ МАКЕДОНСКАТА ГРАНИЦА И НАЧИНИ НА ОТКРИВАЊЕ

ПРИРАЧНИК ЗА СТРАТЕШКО ПЛАНИРАЊЕ

БЕЗБЕДНОСТА ВО СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА ПРЕДИЗВИЦИ ЗА ЈАВНОЗДРАВСТВЕН ОДГОВОР

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

Преглед на државите во Западна Африка

ПР објави во медиуми

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПОВРЕДИ НА РАБОТА И ПРОФЕСИОНАЛНИ БОЛЕСТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Средно образование природно математичка гимназија Никола Карев Скопје, Р.Македонија

ПАРЛАМЕНТАРНА КОНТРОЛА НАД РАБОТАТА НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ И РАЗУЗНАВАЧКИ СЛУЖБИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Финансиско управување и контрола во рамките на општите реформи на јавната администрација

Национални механизми за поддршка на ОИЕ и ЕЕ

СОДРЖИНА АНАЛИЗА НА ЈАВНИОТ ДОЛГ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. АВТОР: Бојана М. Христовска, Аналитика тинк тенк Тамара М. Спасова, Аналитика тинк тенк

ДОКУМЕНТ ЗА ПОЛИТИКИ

Светска Банка Партнерство со Република Македонија Слика на програмата на земјата. Април 2014 година

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ МБА Менаџмент Штип. Весна Денчова

Контекст на земјата. Кратка содржина

СЕКТОРСКА АНАЛИЗА: Анализа на политиките на институциите во процесот на прогласување на заштитени подрачја.

Д Е К Л А Р А Ц И Ј А за Вклученост на Заедницата

ПРОМЕНИ ВО РАКОВОДЕЊЕТО НА ОРГАНИЗАЦИЈА ЧИЈА ОСНОВНА ДЕЈНОСТ Е ИНЖЕНЕРИНГ

Општествена интеграција на жртвите на трговија со луѓе: Проценка на институционалните капацитети на Македонија за заштита на жртвите на трговија со

УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ БИТОЛА. ТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ БИТОЛА -Отсек за сообраќај и транспорт- МАГИСТЕРСКИ ТРУД

ISUZU D-MAX SINGLE (2 ВРАТИ + ПИКАП ПРОСТОР ЗА ТОВАРАЊЕ) OПРЕМЕНОСТ МЕНУВАЧ ЦЕНА СО ДДВ

ТОЛКОВНИК НА ПОИМИ, ТЕРМИНИ И ИМИЊА ОД ОБЛАСТА НА ТУРИЗМОТ (АНГЛИСКО-РУСКО-МАКЕДОНСКИ)

МЕТОД ЗА АНАЛИЗА НА МЕЃУНАРОДНАТА ТРГОВСКА СОСТОЈБА

ПЕТТИ СОСТАНОК НА ЕКСПЕРТСКАТА ГРУПА НА ENTERPRISE EUROPE NETWORK ЗА СЕДМАТА РАМКОВНА ПРОГРАМА

МАТЕМАТИКАТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

ABOUT THE ISLANDS IN THE REPUBLIC OF MACEDONIA

компоненти цели Како до зголемена ефикасност и ефективност? акредитацја документ за јавна политика еваулација

Основи и развој на. Основи и развој на е-влада

Прирачник за управување со општинскиот имот

Концептуален документ за Национални работни групи за РЈА

Нема сила што може да биде посилна од силата на законите Marcus Tullius Cicero

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВЕШТАЧЕЊЕ

МАГИСТЕРСКИ ТРУД АНАЛИЗА НА ПЕРФОРМАНСИТЕ НА КОНЦЕПТОТ Е-ВЛАДА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ЗА СПЕЦИФИКИТЕ И ДВИЖЕЊЕТО НА СООБРАЌАЈНИОТ КРИМИНАЛИТЕТ ВО ПЕРИОДОТ ГОДИНА

ПРЕДЛОГ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОН ЗА ОСНОВАЊЕ НА АГЕНЦИЈА ЗА ПРОМОЦИЈА И ПОДДРШКА НА ТУРИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН

Втора Регионална конференција за јавна внатрешна финансиска контрола за земји кандидати и потенцијални кандидати. Дневен ред

Системот на јавните набавки во Република Македонија

ПОЛИТИКАТА ЗА РАМНОМЕРЕН РЕГИОНАЛЕН РАЗВОЈ ВО МАКЕДОНИЈА POLITIKA PЁR ZHVILLIMIN E BARABARTЁ RAJONAL NЁ MAQEDONI

Преземање сертификат користејќи Mozilla Firefox

МИНИСТЕРСТВО ЗА ИНФОРМАТИЧКО ОПШТЕСТВО И АДМИНИСТРАЦИЈА ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ЈАВНИОТ СЕКТОР ПРЕКУ ЗАЕДНИЧКАТА РАМКА ЗА ПРОЦЕНКА (ЦАФ)

Доживотно учење во областа на одржливите технологии

К А Т А Л О Г. mon. monteco СТАНБЕНО ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТ Г.П РАСАДНИК. company

Повик за поддршка на локални граѓански организации

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА на

Стратегија за развој на Македонски интегриран здравствен информатички систем

64 Izvještaj Pokazatelji fiskalne decentralizacije za Jugoistočnu Europu: 2011

И З В Е Ш Т А Ј. 1. Образовен развој. Највисок успех, Култура и јазици, Оцена А, Скопје, Гимназиско образование за култура и јазици, 1989

СОДРЖИНА ЈАВНА ИНФРАСТРУКТУРА ВО МАКЕДОНИЈА. АВТОР: Соња Ристеска, Аналитика тинк тенк. УРЕДНИК: Професор Сашо Ќосев

УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ ЈУСТИНИЈАН ПРВИ СКОПЈЕ. Издавач: Правен факултет ЈУСТИНИЈАН ПРВИ СКОПЈЕ

ПРИСТАП ДО ПРОГРАМИТЕ НА РАДИОДИФУЗЕРИТЕ ЗА ЛИЦАТА СО ОШТЕТЕН ВИД И СЛУХ

ПРОЦЕС НА ПРОМЕНИ ВО МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈАТА И СТРУКТУРАТА

ГОДИШНА ПРОГРАМА НА НАЦИОНАЛНИОТ ЦЕНТАР ЗА ОДГОВОР НА КОМПЈУТЕРСКИ ИНЦИДЕНТИ ЗА 2017 ГОДИНА. Агенција за електронски комуникации

Инвестиции во секторот отпад Прирачник за комуналните претпријатија за управување со отпадот во Југоисточна Европа

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство

КОНЦЕПТ: ОДРЖЛИВ ЛОГИСТИЧКИ МОДЕЛ НА СИСТЕМ ЗА СОБИРАЊЕ НА КОМУНАЛЕН ОТПАД ВО ОПШТИНА БИТОЛА 2

СТРАТЕШКИ ПЛАН ГОДИНА

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ToR 02/2016 ПРАВНИ ЕКСПЕРТИ ЗА ПОДГОТОВКА НА ПРИРАЧНИК ЗА СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕ-ПРАВНИ АСПЕКТИ

ЦИВИКА МОБИЛИТАС МАЛИ АКЦИСКИ ГРАНТОВИ

СОВРЕМЕНИ СТРАТЕГИИ ЗА УПРАВУВАЊЕ НА ИНТЕЛИГЕНТНИ ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКИ МРЕЖИ

Број јануари 2015, среда година LXXI

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

УПАТСТВО ЗА ПРОЦЕНКА НА ПОВРЗАНОСТА НА СОСТОЈБАТА НА ИНВАЛИДИТЕТ И ЖИВОТНАТА И РАБОТНАТА СРЕДИНА НА ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

Transcription:

Содржина Содржина... 1 Користени кратенки... 3 Предговор од Министерот за транспорт и врски... 5 0. Вовед... 6 0.1. Што е стратегија?... 6 0.2 Што е ново во Министерството за транспорт и врски во Република Македонија?... 6 1. Општи податоци за транспортниот сектор... 7 1.1 Важноста на активностите од транспортниот сектор за економијата... 7 1.2.1 Инфраструктура на патниот транспорт... 8 1.2.2 Железница... 8 1.2.3 Постојна воздухопловна инфраструктура... 9 1.2.3.1 Средства за воздухопловна навигација... 9 1.2.3.2 Аеродромска инфраструктура... 9 Воздухопловни пристаништа... 9 1.2.4 Воден сообраќај... 9 1.2.5 Гранични премини... 11 1.2.6 Превоз на стока и патници - специфични прашања... 12 2. Визија, мисија и вредности на Министерството за транспорт и врски... 13 2.1. Визија... 13 2.2. Мисија... 13 2.3. Суштински вредности... 13 3. Цел 1: Стратегија за промовирање на економскиот развој... 14 3.1. Поврзаност...14 3.1.1. Главна регионална транспортна мрежа... 14 3.1.1.2. Оските на ЈИЕ кои минуваат низ Република Македонија... 14 3.1.1.3. Железница... 14 3.1.1.4. Воздушен транспорт... 15 во функција на стратешките правци за развој на транспортот во Република Македонија15 3.1.2. Национална транспортна мрежа... 16 3.1.2.1 Постоечка национална патна инфраструктура... 16 3.1.2.2 Постојна национална железничка инфраструктура... 17 3.1.3. Подобрување на поврзаноста... 17 3.1.3.1 Централна регионална меѓудржавна мрежа... 17 3.1.3.2 Национална и локална патна мрежа... 17 3.1.3.3 Железница... 17 3.1.1.4 Воздушен транспорт... 17 3.2. Стратегија за поврзаност, акционен план... 18 4. Цел 2: Безбедност во транспортниот систем... 21 4.1. Безбедност на патиштата... 21 4.1.1 Безбедност на возилата... 21 4.1.2. Однесување на патиштата... 22 4.1.3. Стандарди за безбедност во патната инфраструктура... 22 4.1.4. Upravuvawe со bezbednosta na патиштата... 22 4.2. Железница... 23 4.2.1 Безбедност на возниот парк... 23 4.2.2 Однесување на корисниците на железничката мрежа... 23 4.2.4 Безбедност на железничката инфраструктура... 23 4.2.5 Управување со безбедноста na железницата... 24 4.3. Безбедност и сигурност во воздушниот транспорт... 24 4.4. Стратегија за безбедност на транспортниот сектор, акционен план... 24 5. Цел 3: Пристапност и мобилност... 27 5.1 Ефикасен и достапен јавен транспортен систем... 27 5.2. Пристапност до јавните објекти и служби... 27 5.3. Стари и лица со посебни потреби... 27 5.4. Разумен индивидуален транспорт... 27 5.5. Пристап до пристаништата во регионот... 28 5.6. Стратегија за пристапност и мобилност, акционен план... 28 6. Цел 4: Одржлива заштита на животната средина... 30 6.1. Заштита на водните ресурси... 30 1

6.2. Заштита на биодиверзитетот... 30 6.3. Подобрување на квалитетот на воздух... 30 6.4. Подобрување на користење на земјиштето... 31 6.5. Намалување на негативните климатски влијанија... 31 6.6. Намалување на негативните влијанија vrz активностите на населението... 31 6.7. Грижа за здравјето на луѓето... 31 6.8. Заштита на постоечките материјални добра... 32 6.9. Заштита на културното наследство... 32 6.10. Заштита на природните вредности - пејсажи... 32 7. Цел 5: Урбан транспорт... 34 7.1. Основни насоки за развој на урбаниот транспорт согласно најдобрите меѓународни искуства... 34 7.2. Подобрување и охрабрување за подготовка на нова сообраќајна политика во поголемите урбани агломерации во земјата... 34 7.3. Акционен План за Стратегија за урбан транспортен систем... 34 8. Цел 6: Интермодалност и мултимодалност во транспортните системи... 36 8.1. Товарен транспорт, технологија и транспортни единици... 36 8.2. Транспорт на патници... 36 8.3. Мултимодални јазли терминали за размена на товар... 37 8.4. Политика во модалната распределба... 37 8.5. Акционен План за Стратегија за мултимодален транспорт, акционен план... 38 9. Цел 7: Финансирање и инвестиции во транспортната мрежа... 39 9.1. Патен сектор... 39 9.1.1. Јавни приходи... 39 9.1.2. Распределба на јавните приходи... 40 9.1.2.1. Одредување на принципите за ново инвестирање... 40 9.1.2.2. Нови патни стратешки инвестициони приоритети... 41 9.2. Железница... 41 9.2.1. Јавни приходи... 41 9.2.1.1. Распределба на приходи... 42 9.2.2. Одредување на приоритетите и стратешките инвестиции... 42 9.2.3 Принципи за инвестирање... 42 9.3. Воздушен транспорт... 43 9.4. Акционен План за Стратегија за финансирање и инвестиции во транспортната мрежа, акционен план... 43 10. Цел 8: Специфични цели за Република Македонија... 45 10.1.Патен сектор... 45 10.1.1 Prеструктуирање на Фондот за магистрални и регионални патишта и Македонија пат според најдобрите меѓународни искуства... 45 10.1.3 Издавање визи и дозволи за возачи на камиони... 46 10.2. Железница... 46 10.2.1 Prеструктуирање на постојните Јавни претпријатија според најдобрите меѓународни искуства... 46 10.1.1.1 Оперативно и инфраструктурно управување на железницата... 46 10.3. Воздушен транспорт... 46 10.3. Воздушен транспорт... 46 10.3.1 Постоен статус на администрацијата во воздухопловството и активности кон pеструктуирање... 46 10.4 Акционен План за Стратегија за специфичните цели во Македонија, акционен план... 48 11. Цел 9: Имплементација, раководење и набљудување на Националната транспортна стратегија... 50 11.1 Активности за имплементација... 50 11.2 Раководење и набљудување... 50 11.3 Раководење, набљудување и проценка... 51 11.4. Ризици и претпоставки:... 61 11.5. Редовна ревизија на стратегијата:... 61 12. Анекси... 61 13. Мапи... 61 14. Референци... 62 2

Користени кратенки ANSP АЦВ АДС ADR ATP Биогориво BCEOM Влада GPS GSM Dial-a-Ride EASA ЕИБ ECAC ЕК EУ EUROCONTROL EУ TEN-T ИЕТ ICAO ИМ ЈАА ЈИЕ ЈПАУ ЈПИ ЈПП КЗ КЗР Локални патишта Магистрални патишта МБОР МЖ MM ММТТ МП МТВ МФ МФИ Национални (регионални) Давател на услуги на воздухопловна навигација Агенција за цивилно воздухопловство Активно дневно светло Европска спогодба за меѓународен превоз на опасни материи во патниот сообраќај Превоз на расиплива стока Алтернатива на конвенционалните минерални горива нафтата и дизел горивото која е помал загадувач со што се заштитува квалитетот на воздух и емисиите на јаглерод Société Française d'ingénierie, консултантска компанија Влада на Република Македонија Глобален систем за позиционирање Глобален систем за мобилни комуникации Paratransit е алтернативен начин за флексибилен патнички транспорт кој не ги следи фиксните линии и распореди Европска агенција за воздухопловна безбедност Европска инвестициона банка Европската конференција за цивилно воздухопловство Европска Комисија Европска унија Европска организација за безбедност на воздушната пловидба EУ Транс-европска мрежа-транспорт Интермодална единица за товар Меѓународната организација за цивилно воздухопловство Интермодален Здружени воздухопловни власти Југоисточна Европа Јавно претпријатие за аеродромски услуги Јавни проекти за инвестирање Јавно приватно партнерство Копнена земја Копнена земја во развој Сите патишта во Република Македонија со кои управуваат локалните самоуправи Главната патна мрежа во Република Македонија заедно со автопатите Меѓународна банка за обнова и развој Македонски железници, јавно железничко претпријатие Мултимодален Мултимодален товарен транспорт Македонија пат", јавно претпријатие за одржување на патишта Министерство за транспорт и врски Министерство за финансии Меѓународни финансиски институции Патишта кои ги поврзуваат регионите во Република Македонија 3

патишта НМТ НПР НТС ПГДС РМ REBIS CAPEX СБ (WB) СИТ SEETO SEE-FABA Агенција за Државни Патишта CCTV UNECE Немоторизиран транспорт Национален план за развој Национална транспортна стратегија Просечен годишен дневен сообраќај Република Македонија Регионална балканска инфраструктурна студија - транспорт Капитални расходи. Средства кои ги користи компанијата со цел набавка или надградба на физички средства, како што се имот, индустриски објекти или опрема. Светска Банка Систем на информативна технологија Транспортна обсерваторија на југоисточна Европа Иницијатива за формирање на функционални блокови на авиосообраќај во Југоисточна Европа Фонд за магистрални и регионални патишта на Република Македонија Видео систем за надгледување Економска комисија на Обединетите Нации за Европа 4

Предговор од Министерот за транспорт и врски Со изготвувањето на Националната транспортна стратегија на Република Македонија, Министерството за транспорт и врски се обврзува за периодот од 2007 до 2017 година да ги имплементира неопходните реформи во транспортниот сектор во согласност со обврските од Националната програма за усвојување на правото на европската унија од 2006 година 1. Започнавме да внесуваме нова клима во работењето на државниот сектор, која подразбира целосна транспарентност во работењето и одговорност за резултатите. Реформите претставуваат долг и сложен процес на промена на состојбите. Во Програмата се содржани реформските активности и задачи што ги поставивме пред себе во овој период во согласност со стремежите на Република Македонија да стане дел од европското семејство. Со задоволсвтво потврдувам дека Националната транспортна стратегија е усвоена од сите институции кои беа инволвирани во нејзината изработка. Главните цели на националната транспортна стратегија ќе бидат да: го промовира економскиот раст со градење, подобрување, управување и одржување на транспортните служби, инфраструктура и мрежи за добивање на максимална ефикасност; ја промовира интегрираната и интерконектирана транспортна мрежа која воспоставува ефективни услуги за корисниците, како и активностите и областите во Република Македонија на кои им служи; го промовира социјалниот фактор со поврзување на далечните и неразвиени заедници и зголемување на пристапноста на транспортната мрежа; ја промовира заштита на животната средина и подобрување на здравството со градење и инвестирање во јавниот транспорт и другите видови ефикасен и постојан транспорт кој ја намалува емисијата и потрошувачката на ресурси и енергија; ја подобри безбедноста на патувањето со намалување на несреќите и подобрување на личната безбедност на пешаците, велосипедистите, возачите, патниците, и ја подобри интеграцијата со олеснување на планирањето и издавањето билети за патувањето и овозможување на редовна конекција помеѓу различните форми на транспорт. МИНИСТЕР Миле Јанакиески 1 3.21.1 Транс - европски транспортни мрежи, 2. Краткорочни приоритети, 2.2 Стратешки документи, Март 2006 година 5

0. Вовед 0.1. Што е стратегија? Стратегија е глобален план за развој на една институција, во овој случај развоен план на Министерството за транспорт и врски на Република Македонија. Стратегијата поедноставно може да се дефинира како план или насочување на активности кој ги идентификува критичните правци и ја насочува распределбата на средства во целата организација. Стратегијата најчесто претставува изјава за тоа што може да се стори за да се обезбеди просперитет според визијата, вредностите и мисијата на институцијата. Покрај оваа стратегија, секоја раководна единица (Сектор) во Министерството може да има свој стратешки план. 0.2 Што е ново во Министерството за транспорт и врски во Република Македонија? Во Ноември 2006 година, Министерството започна тимски да работи на проект финансиран од Европската Агенција за Реконструкција за изработка на првата национална стратегија за патниот транспорт во Република Македонија. Со формирање на ад хок работна група, Министерството за транспорт и врски ги соедини не само својот кадар, туку и претставниците од Министерството за финансии, Министерството за надвoрешни работи, Секретаријатот за европски прашања, Министерството за внатрешни работи, Министерството за животна средина и просторно планирање, Македонски железници, Агенцијата за Државни Патишта Државен завод за статистика и други институции, за да учествуваат во подготовка и ажурирањето на стратегијата. Тимот кој работи на проектот за воздушен сообраќај исто така беше вклучен во подготовка на стратегија во делот за воздушен транспорт. Во текот на проектот беа обработени визијата, мисијата и вредностите според кои Министерството за транспорт и врски ќе работи во иднина. Визијата дефинира каде Министерството за транспорт и врски сака да биде во иднина, го рефлектира оптимистичкиот поглед на иднината на институцијата. Изјавата за мисија го дефинира постојниот правец и во основа ја објаснува целта на оваа институција. Главните дефинирани вредности ќе бидат грижа на Министерството за транспорт и врски во текот на работниот процес, рефлектирајќи ги културата и приоритетите на неговата организација. Предложената стратегија во предвид ги зема најдобрите применети меѓународни искуства и ги прилагодува кон државните услови и потреби. 6

1. Општи податоци за транспортниот сектор 2 Oпшти податоци за Република Македонија Република Македонија е мала континентална држава лоцирана на јужниот централен дел од Балканскиот полуостров: Нејзината површина изнесува 25.713 km² и се граничи со две земји од Европската Унија: Република Грција на југ со граница долга 246 km и Република Бугарија на исток со граница долга 148 km. На север граничи со Република Србија и Република Косово со граница долга 221 km и на запад со Република Албанија со граница од 151 km. Највисока точка е врвот на планината Кораб со 2.764 m надморска височина. Република Македонија поседува три поголеми природни езера: Охридско, Преспанско и Дојранско. Охридското езеро е најдлабоко на Балканот со длабочина од 285 m. Најголемата река Вардар ја дели државата со својот тек во правец Север-Југ. Македонските културни знаменитости и богатства имаат значајно место во светското наследство. Градот Охрид е најважно државно туристичко место, кој е популарен поради својата природна и културна единственост со што го доби статусот Град на UNESCO. Република Македонија поседува разни природни рударски ресурси како: цинк, олово, манган, никел, хром, бакар, железна руда и волфрам. Исто така голем е бројот и на минерални и термални извори. Државата произведува одлично овошје и зеленчук. Вината се со добар квалитет и се повеќе се произведуваат за извоз. Република Македонија е лоцирана на територија со голема сеизмичка активност. Градот Скопје претрпе катастрофален земјотрес во 1963 година. 1.1 Важноста на активностите од транспортниот сектор за економијата Транспортниот сектор игра важна улога во националната економија на Република Македонија. Во 2005 година Република Македонија имала 175.557 регистрирани трговски друштва. Според класификацијата на секторските активности, бројот на регистрираните фирми во сферата на сообраќај, складирање и врски изнесуваше 16.781 или 9,6% од сите регистрирани стопански субјекти. Делот кој сообраќајот, складирањето и врските го имаат во БДП во минатиот петтогодишен период од 2004 заклучно со 2008 изнесува од 7.8% до 8.6%. Ова ја рефлектира важноста на транспортот за Република Македонија. 3 Понатаму, во истиот петогодишен период инвестициите во основни средства за делот на сообраќајот, складирањето и врските е во дијапазонот од 14.3% до 12.4% од вкупните инвестиции во Република Македонија 4. Делот со кој сообраќајот, складирањето и врските учествуваат во БДП изнесува 8.4% во 2008 година. Во 2008 година инвестициите во основни средства изнесуваат вкупно 86403 милиони денари во кои сообраќајот, складирањето и врските учествуваат со 12.4%. Инвестициите во основни средства - машини и опрема изнесуваат 37805 милиони денари; во моторни возила, мотори и друга транспортна опрема изнесуваат 9953 милиони денари, или 11,5% од вкупните инвестиции во основни средства за 2008 година. Статистиката која се однесува на бројот на вработени по сектори за 2008 година, покажува дека 37 726 лица работат во областа на сообраќајот, складирањето и врски, или 6,2 % од вкупната бројка на вработени. Во приватниот сектор се вработени 27 503 лица, додека во другите форми на сопственост вработени се 10.223 лица. Министерството за транспорт и врски има регистрирано 2020 стопански субјекти во Република Македонија кои работат на полето на меѓународен патен превоз. Бројот на издадени годишни ЕКМТ (ECMT) дозволи во 2009 година изнесува 886. 1.2 Општи податоци за транспортната инфраструктура Министерство за транспорт и врски е институција надлежна за транспортната политика во земјата. Неколку други тела и јавни институции покрај Министерството се одговорни за различни области од транспортниот сектор. Агенцијата за Државни Патишта (АДП) е орган 3 Извор: Државен завод за статистика 4 Извор: Државен завод за статистика 7

одговорен за планирање, изградба, одржување и финансирање. Нивниот буџет за инвестиции во текот на изминатите години значително се зголеми. Голем дел од буџетот се заеми, додека делот од буџетот за одржување на патиштата останува константен и се трансферира на јавното претпријатие Македонија пат, претпријатие одговорно за одржување на главната патна мрежа и функционира како директен изведувач на работите на Агенцијата за Државни Патишта (АДП). Во тек е процесот на преструктуирање на патниот сектор. Законот за Јавни Патишта е донесен на 11.07.2008 година, Сл. Весник бр. 84/08 Се работи на преструктуирање на Јавното Претпријатие Македонија пат.од страна на консултантска куќа (BCEOM) е изработен акционен план за преструктуирање на ЈП Македонија пат. Донесен е закон за трансформација на ЈП Македонија пат (Сл.Весник на РМ 53/09). Донесен е Закон за концесии и други форми на јавно-приватно партнерство кое овозможува давање под концесии на дел од јавните патишта во Република Македонија. Во овој период консултантска куќа (Louis Berger) врши проценка на атрактивноста на одредени патни правци за приватни концесионери. Се работи и на воведување на нов автоматизиран начин на собирање патарина на постоечките патни правци. Железничката мрежа како дел од железничката инфраструктура, како и организацијата и извршувањето на железничкиот сообраќај се под надлежност на ЈП Македонски Железници Инфраструктура - Скопје. Компанијата е во големи долгови и овој негативен тренд ќе продолжи доколку не се направат поголеми реформи во структурата и управувањето. Во моментот оперативните загуби се покриваат од државен буџет на сметка на капиталните трошоци. 1.2.1 Инфраструктура на патниот транспорт Патната транспортна инфраструктура на Република Македонија е карактеристична по релативно високата густина, со исклучок на магистралната автопатна мрежа. Во моментот, вкупната должина на патната мрежа во државата изнесува 14159 km од кои 236,5 km се автопатишта, 911 km се магистрални патишта, 3771,5 km се регионални, а 9240 km се локални патишта од кои поголемиот дел се во незадоволителна состојба. Како во другите земји така и во Република Македонија патниот транспорт има најголем удел во вкупниот транспортот на стока и патници. Во структурата на превозот на стока која се транспортира по патиштата низ Република Македонија, националниот превоз доминира над меѓународниот и транзитниот превоз. Исто така, патниот превоз на патници доминира над железничкиот презвоз на патници. Главни оски на државната патна мрежа претставуваат двата Пан-Европски коридори број X и VIII. Според постоечкото законодавство, Агенцијата за државни патишта е орган одговорен за изградба и одржување на магистралните и регионални патиштата во Република Македонија. Инвестициите главно се финансираат од буџетот на Република Македонија, поголем дел се странски заеми и грантови, а мал дел доаѓаат од регистрација на возила и наплата на патарина. Новите проекти и одржувањето на патната мрежа се спроведуваат според годишните планови за Јавните Инвестициони Проекти (ЈИП). Новиот инвестиционен развој е предмет на тендерската постапка, додека одржувањето на магистралните и регионалните патишта е во надлежност на ЈП Македонија пат. Одржувањето на локалните општински патишта е во надлежност на општините. Зимското одржување учествува со 35%, периодичното одржување (вклучувајќи ги и мостовите) со 28%, додека редовното одржување учествува со близу 20% од вкупниот годишен буџет наменет за одржување. За управување со патиштата, услугата за собирање на патарината и останати работи, планирани се 17% од буџетот наменет за патишта. 1.2.2 Железница Железничката инфраструктура на Република Македонија е воспоставена во 1873 година, кога била изградена трасата Скопје - Солун. Денес, вкупната железничка мрежа е со должина од 925 km едноколосечна пруга (линија) со нормална (стандардна) широчина на колосек од 1435 мм.. Владата на Република Македонија согласно Законот за трансформација на ЈП Македонски железници Ц.О. Скопје изврши трансформација и формира две нови претпријатија: Јавно Претпријатие Македонски Железници Инфраструктура Скопје и Македонски Железници 8

Транспорт А.Д. Скопје. Во моментов тие се единствените претпријатија кои овозможуваат железнички услуги од јавен интерес и тоа ЈП МЖ Инфраструктура Скопје врши управување, изградба, реконструкција, ремонт, одржување, заштита на железничката инфраструктура, организирање и регулирање на железничкиот сообраќај и раководење со системите за регулирање и безбедност, додека Друштвото МЖ Транспорт АД Скопје врши дејност на превоз на патници и стока за јавни или сопствени потреби во внатрешниот и меѓународниот сообраќај. 1.2.3 Постојна воздухопловна инфраструктура 1.2.3.1 Средства за воздухопловна навигација Средствата за воздухопловна навигација во РМ се главно фокусирани на помош за приод и за полетување на воздухопловите. Поголемиот дел од сегашните навигациони средства се во непосредна близина на аеродромите во Скопје и Охрид или во околината (fig m 01). Меѓутоа, ова не значи дека овие средства не можат да се користат и како навигациски средства при крстарење. Навигацискиот систем во РМ го сочинуваат следните навигациски средства: NDB (3), VOR-DME (3) и NDB-DME (1). 1.2.3.2 Аеродромска инфраструктура Воздухопловни пристаништа Македонскиот аеродромски систем го сочинуваат два меѓународни аеродроми Александар Велики - Скопје и Св. Апостол Павле - Охрид, 5 спортски аеродроми и најмалку 15 полетнослетни патеки за стопанската авијација. 1.2.4 Воден сообраќај Република Македонија е континентална земја без излез на море. Пристапот до соседните пристаништа е реализиран преку патните и железничките врски. Патнички воден транспорт постои само на Охридското езеро со бродови од мал капацитет - 25 до 150 седишта. Во моментот посебни станици за снабдување со гориво за пловните објекти нема. Постојат регистрирани моторни чамци со капацитет од 8-10 седишта (такси превоз) и рибарски бродчиња. Република Македонија не е член на меѓународните тела кои се надлежни за прашањата од областа на водениот сообраќај. Во иднинна планирано е отварање на редовна линија помеѓу Охрид и Подградец (Република Албанија). Водениот сообраќај на Охридското езеро има голем потенцијал и постојат добри предуслови за негов развој. Развојот би бил и во функција на приближување кон целите на изградба на одржлив транспортен систем во регионот, се разбира доколку се успее во процесот на привлекување на поголем број на патници. Како императив на развојот на пловниот транспорт се наметнуваат: Изработка на физибилити студија за одржлив развој на водениот сообраќај (езерски) со потребна анализа на тип на мотори на пловилата кои се користат во водениот сообраќај потребната инфраструктура за одвивањето на истата. Тековната состојба на водениот сообраќај во Република Македонија е таква што истиот е анализиран и така воспоставен да во поголемиот дел се однесува на водениот сообраќај на Охридското езеро. Ова е од причина што воспоставеноста и функционирањето на овој тип на сообраќај во езерото е на соодветно ниво, додека пак во другите езера постои само незначителна пловидба. Проценката на тековната ситуација покажува дека : Во Република Македонија се регистрирани 3 пловни објекти со 150 патнички места, 8 пловни објекти со капацитет над 30 патнички места, 6 пловни објекти до 30 патнички места, 2200 моторни чамци од кои 200 се за извршување стопанска дејност, превоз на патници, стока и за риболов. Овие пловни објекти вршат пловидба по водите на Охридското езеро, додека бројот на чамци во Дојранското и Преспанското езеро е незначителен. Во Охридското езеро регистрирани се 3 пловни објекти со по 150 патнички места, 5 пловни објекти со по 30 патнички места или 8 пловни објекти од категорија на брод. 9

Вкупниот број на чамци изнесува 2157 од кои 170 се за стопанска дејност, 80 се користат за риболов а останатите 1907 чамци се користат за превоз на патници и за рекреативни цели и се со носивост од 8 до 10 патници. Покрај овие бродови со голем капацитет, позначајна улога во превозот на патници имаат и бродовите со капацитет од 30 до 80 места. На Охридското езеро има регистрирано 5 вакви бродови. Пристаништа што се користат за вршење на јавен превоз на патници во езерската пловидба постојат во Охридското езеро, но нивната состојба е крајно незадоволителна. Помеѓу пристаништата на Охридското езеро, посебно место заземаат пристаништата во Охрид и Св. Наум. Овие пристаништа се изградени во 1937 година, на носечки дрвени носачи со камено полнење, при што горниот дел е од обработен камен. Изложени се на јужни и северни бранови кои предизвикуваат подложување и затрупување со наноси. Пловните патишта претставуваат појаси, доволно длабоки, широки и безбедни, така што пловидбата се одвива во сите координатни и интеркоординатни курсеви. Најдолги маршрути на Охридското езеро се:струга - Св.Наум со должина од 30 км, Охрид СВ.Наум со должина од 22 км и Охрид Струга со должина од 12 км. Други помали маршрути се Охрид Горица, Охрид Метропол, Охрид Десарет, Охрид- Ливадиште и Охрид - Радожда. Посебни станици за снабдување со гориво за пловните објекти нема. На Охридското езеро се вршат два вида превоз на патници: Линиски и вонлиниски превоз по пат на спогодба помеѓу бродарот и корисниците на превозот. Линискиот превоз се врши на релација и според утврден ред на пловидба, а вонлинискиот најчесто се користи за ноќни крстарања, за превоз со чамец на група на патници кои имаат иста крајна цел. Езерскиот сообраќај има важна улога и значаен потенцијал кој може многу да придонесе за севкупниот планиран развој на Охридскиот регион. Планираните насоки на развој во сите области (туризам, производство и услуги итн.) покажуваат дека езерскиот сообраќај мора да биде соодветно планиран, како и да бидат создадени соодветни услови за негов успешен развој. Водениот сообраќај на Охридското езеро има голем потенцијал и постојат добри предуслови за негов развој. Неговиот развој би бил и во функција на приближување кон целите на изградба на одржлив транспортен систем во регионот, се разбира доколку успее да привлече поголем број на патувања. На следната слика се дадени предлог-линиите на езерски линиски превоз, како и постојните (црни квадрати) и ново предложените пристаништа (виолетови кругови) кои во иднина треба да се изградат. 10

За да се остварат целите на водениот сообраќај се препорачуваат следните мерки: Да се реконструираат постојните и да се изградат новите пристаништа како и да се изградат марини што се неопходни за одвивање на пловидба. Да се воведе линија на јавен линиски превоз со пловила, кои ќе работат со однапред утврден возен ред (стојалишта пристаништа, време и цена на билет) на гореспоменатите пловни правци. Да се воведе и меѓународна езерска линија до Поградец,Р.Албанија на која ќе се работи со однапред утврден возен ред. При анализата и планирањето требат да се земаат во предвид и стратегиите за одржлив развој. Но проблемите со податоците сеуште егзистираат. Да се направи дополнителна анализа на тип на мотори на пловилата кои се користат во водениот сообраќај, додека пак за да се планира понатамошен развој треба да се направи анализа на типот на пловила, понатаму на пристаништата, структурата, употребените материјали, видиковци, како и потребата од пловила. Физибилити студија која ќе покаже колкав е капацитетот на езерото во однос на бројот на пловила, со цел да не се повторуваат грешките од минатото и од истите да се извлекуваат поуки. Наутички туризам. Наутичкиот туризам има зад себе релативно краток период на развој, кој пак го карактеризира голема експанзија и динамика. Овој тип на туризам стану туристичка гранка за многу кратко време. Наутичкиот туризам е дел на меѓународната туристичка дејност која во светот бележи најголем и најбрз прогрес користејќи ги глобалните трендови, пренасочувајќи ги националните стопанства од секундарни во терцијални дејности. Кај нас овој облик на наутички туризам не е валоризиран во однос на другите области на туристичка дејност, иако македонија во своите природни потенцијали ги исполнува сите предуслови за развој на истиот. Наутичкиот туризам е гранка на туризмот која својата дејност ја темели на изнајмување на пловила и инфраструктура на езерските добра (наутички центри, марини, пристаништа, наутички клубови и др.) а како главна активност е крстарење, а потоа и други облици за рекреација. 1.2.5 Гранични премини Бројот на службени гранични премини во Република Македонија кон соседните земји е 5 : 15 (петнаесет) патни гранични премини, од кои: 3 (три) со Република Бугарија, 2 (два) со Република Србија, 2 (два) со Република Косово 3 (три) со Република Грција и 4 (четири) со Република Албанија. 4 (четири*) железнички гранични премини, од кои: 1 (еден) со Република Србија, 1 (еден) со Република Косово 2 (два*) со Република Грција. 2 (два) гранични премини на aеродромите во Репубика Македонија и тоа: 1(еден) на аеродромот Александар Велики - Скопје и 1 (еден) на аеродромот Св.Апостол Павле - Охрид. Развојот на граничните премини главно зависи од успешната имплементација и модернизацијата на царинското законодавство, подобрување на оперативноста на граничните премини и интензивирање на борбата против шверцот, корупцијата и трговијата со луѓе, почитувајки ги основните принципи на проодни но сигурни граници. Другите прашања во поголема мера се поврзани со интеракцијата помеѓу јавниот и приватниот сектор и зајакнувањето на регионалната соработка. Согласно Националната стратегија за интегрирано гранично управување, извршена е категоризација на граничните премини респектирајќи ги нивните оперативни капацитети (сегашни и перспективни). За подобрување на пропусната моќ на премините, со целосен 5 Национална стратегија за интегрирано управување на гранични премини. 11

респект кон претходно споменатиот концепт на проодни но сигурни граници и Шенгенската најдобра пракса, во Република Македонија се имплементира концептот на Single Windows и One-Stop-Shop. Со примена на овие концепти, во голема мерка ќе се намали времето на чекање на премините како и нивната проодност, што ќе продуцира големи позитивни економски ефекти. Некои од прашањата кои во блиска иднина ќе бидат поставени меѓу другите ќе бидат и: Усогласувањето на царинските постапки со соседните држави Усогласувањето на категоризацијата на премините со соседите. 1.2.6 Превоз на стока и патници - специфични прашања Граничните премини претставуваат сериозна пречка на патниот и железничкиот транспорт. На граничните премини железничките компании ги менуваат локомотивите и персоналот. Освен намалувањето на влијанието на граничните премини, неопходна е промоција на хармонизиран транспорт и транзитни документи, возачки дозволи, дозволи за товарни и патнички возила како и зелени картони. Особено би било од корист кога би се издавале документи кои би важеле секаде во регионот на Југоисточна Европа. Ист би требало да биде приодот кога се во прашање рестрикциите за товарни возила и постапките за спроведување на законот. Преоптоварувањето на возилата станува сериозен проблем кој значително ја оштетува патната инфраструктура, и неопходно е стриктно зајакнување на законските мерки и нивно спроведување. Истото се однесува и на зајакнувањето и спроведувањето на законските мерки во поглед на оскиното оптоварување на возилата. Мултимодалниот транспорт е концепт кој поставува правнa рамкa и одговорност за транспорт на стока на неколку начини со еден оператор. Целосната законска рамка со која се лиценцираат мултимодалните транспортни оператори, ќе биде предизвик за во блиска иднина. 12

2. Визија, мисија и вредности на Министерството за транспорт и врски 2.1. Визија Нашата визија е: Да имаме модерен, добро одржуван и интегриран транспортен систем прилагоден според потребите на државата, кој би бил поддршка на одржливиот развој и раст на државната економија и кој би овозможил непречена регионална и меѓународната трговска размена. Да понудиме модерен, безбеден, сигурен интегриран транспортен систем со прифатливи цени кој ќе им овозможи мобилност на граѓаните, особено на младите, на старите и на лицата со посебни потреби. Да се грижиме за благосостојбата на идните генерации во однос на финансиските потешкотии, да ја заштитиме и унапредиме животната средина и културното наследство на државата. 2.2. Мисија Нашата мисија е: исполнување на мандатот како јавна администрација со одлични резултати според донесената регулатива; достигнување на водечко место кaко сервис на граѓаните; воспоставување на потребните институции за овозможување на ефикасен транспорт за патници и стока; овозможување и одржување на транспортната инфраструктура и зафати на принцип на јавни приватни партнерства; овозможување на високо квалитетен и безбеден транспортен сервис за јавноста. Белата книга на Европската комисија 2.3. Суштински вредности Нашите вредности се: Почит кон луѓето Ја цениме сечија лична суштинска вредност и уникатност. Го прифаќаме сечиј придонес и ги цениме неговите/нејзините мислења. Нашата работна средина е отворена, чесна и нуди поддршка и исполнување. Нашата администрација е изградена на доверба. Одговорност за превземените дејствија и резултати Ги исполнуваме ветувањата. Секое лице има моќ да ја направи организацијата успешна и е целосно одговорно за своите дејствија. Го предизвикуваме status quo, промовираме континуирано подобрување и го наградуваме успехот. Се водиме од примери и не избегнуваме тешки одлуки. Инвестираме во нашите луѓе и активности за иден пораст и корисност. Работиме безбедно, ги почитуваме законите и сме добри соседи. Ги прифаќаме нашите обврски кон корисниците и вработените, денес и утре. Однос помеѓу себе: Нашиот успех е изграден на квалитетен однос помеѓу вработените; Ние комуницираме отворено и со доверба и го цениме довереното време; Ние го охрабруваме конструктивниот пристап; Ние сме посветени помеѓу себе со позитивен пристап; Ние им помагаме на луѓето и сочуствуваме кон нивните проблеми; Ние ги третираме останатите на начин на кој би сакале тие да не третираат. 13

3. Цел 1: Стратегија за промовирање на економскиот развој 6 На почетокот на 1960 тите години Претседателот на САД - Џ.Ф.Кенеди ја изјави познатата реченица: Нашето богатство не ја создаде нашата инфраструктура туку инфраструктурата го создаде нашето богатство. Интегрираниот транспортен систем има клучна улога во подобрувањето на економскиот пораст и одржувањето на конкурентноста со овозможување на пристап до брзи, ефикасни и сигурни транспортни услуги, како и овозможување на индивидуална мобилност преку понудените транспортни услуги. Оперирањето, управувањето, одржувањето и новата изградба на транспортната мрежа, директно придонесуваат за развој на економијата, поврзувањето на луѓето со нивните работни места и други нивни активности, го промовираат вработувањето на луѓето како клучен социјален елемент кој овозможува економски пораст на државата. Транспортот исто така придонесува кон ослободување на економските и регенеративни потенцијали во одделни делови од државата. Со развојот на транспортната мрежа го промовираме социјалното вклучување со поврзувањето на оддалечените и неразвиени заедници со што се зголемува пристапноста до транспортната мрежа. Очекуваното директно влијание од инвестициите во транспортот е: намалување на генералните транспортни трошоци, времето на транспорт воопшто што на краток рок ќе влијаe позитивно на развој на БДП. 3.1. Поврзаност 3.1.1. Главна регионална транспортна мрежа Република Македонија го промовира концептот на добрососедска политика на ЕУ во областа на транспортот за подобри врски на ЕУ со соседните земји и региони. Главни транснационални оски се оние кои најмногу придонесуваат кон промоцијата на меѓународната размена и сообраќај, како и оние кои овозможуваат регионална соработка и интеграција. Документот на Високата Група ги дефинира главните Транс - Национални оски за членките на ЕУ, каде оските на Југо Источна Европа (ЈИЕ) ја поврзуваат Европа низ Балканот и Турција кон Кавказ и Каспиското езеро, како и кон Египет и Црвеното море. Предвидени се приклучоци кон земјите од Балканот, кон Русија, Иран, Ирак и Персискиот залив како и поврзувања од Египет кон југ, односно кон земјите од Африка. Оските на ЈИЕ кои поминуваат низ Македонија, целосно ги покриваат постојните траси на Пан - Европските Коридори - 10 и 8. (сл.01), (fig m 02). Политичката посветеност кон развојот на регионалната транспортна мрежа е потврдена со резолуцијата прифатена на Вториот Годишен Министерски Состанок одржан во Брисел на 01 Декември 2006 година. 3.1.1.2. Оските на ЈИЕ кои минуваат низ Република Македонија Постојниот Коридор 10 е со вкупна должина од 172 км и минува низ земјата во правец Север - Југ. Околу 71% од трасата е според меѓународните стандарди за автопатишта, додека останатата делница, која изнесува 29% од вкупната должина, е во фаза на реализација односно е подготвена за тендерска постапка. Постојниот Коридор 8, кој е со вкупна должина од 304 км, минува низ државата во правец Исток-Запад, и не се наоѓа во напредна фаза во споредба со Коридор 10. Само 36.3 % од вкупната должина се изградени според според меѓународните стандарди за автопатишта. (fig m 01). 3.1.1.3. Железница Главната линија на Коридор 10 од Табановци до Гевгелија преку Скопје и Велес е со единечен колосек, истата е електрифицирана (25Kv, 50Hz) и со релеен сигнален систем кој овозможува и добар комуникациски систем. Последното реновирање на поголемиот дел од делницата е направено пред 30 години. 6 Подетален опис на Цел 1 се наоѓа во Анекс 02: Промовирање на економскиот развој. 14

Вкупната должина на Коридор 8 е околу 308 км на територијата на Република Македонија од кои 152km (49%%) се изградени и оперативни. За изградба остануваат oколу 89км или 29% кон Република Бугарија и 70 км или 22% кон Република Албанија. 3.1.1.4. Воздушен транспорт Во функција на стратешките правци за развој на транспортот во Република Македонија Аеродромот Св. Апостол Павле - Охрид е во близина на југозападниот раб од Коридорот исток-запад (E-850 и E-871), во близина на границата со Албанија (fig.m 02): Овој аеродром би имал добар пристап до Јадранското Море преку Албанија до Црна Гора и Хрватска. Аеродромот Александар Велики - Скопје е во близина на крстосницата на Коридорот северјуг (E-65 и E-75) и Коридорот исток-запад (E-850 и E-871) (fig.m 02): Според тоа, тој има доста добра локација за да стане значаен логистички и транспортен јазол, не само за државата, туку и за целиот балкански регион. Освен тоа, аеродромот има доста добар пристап до патот E-65 кој преку Косово, би можел да стане најдобрата врска на РМ со јадранските туристички дестинации, како Дубровник и Црна Гора. fig.m 02: Мапа - Аеродромот во Скопје и околните врски помеѓу Скопје и Охрид Долната табела го покажува растојанието од аеродромот во Скопје до главните логистички и индустриски дестинации во регионот. Дестинација Растојание (km) Белград 420 Софија 250 Тирана 230 Солун 230 Атина 700 Загреб 815 Приштина 90 Сараево 450 Извор: http://www.airports.com.mk/cargo_cargocentre.htm 15

3.1.2. Национална транспортна мрежа - За процесите на интеграција помеѓу различните региони во Република Македонија потребно е заедничко интерактивно и синхронизирано функционирање на инфраструктурата, производството и јавните служби во време и место според принципите на одржлив развој и зачувување на животната средина. - Систематскиот развој на градовите во Република Македонија се стреми кон намалување на релативната концентрација на население и активности во централниот дел од државата, т.е. имплементирање на квалитативни промени во социолошката и економска структура со поинтензивно користење на средствата за изградба, земјиштето и придобивките кои произлегуваат од самата местоположба, како и експертските, научните и развојните потенцијали кои ги поседуваат градовите. Дел од стратегијата е посветен на имплементирање на програмите за подобрување на квалитетот на живот во населените места, како и стимулирање на развојот на помалите градови. (fig m 04, fig m 03, fig m 05). 3.1.2.1 Постоечка национална патна инфраструктура Националната патна мрежа се карактеризира со релативно голема густина, со исклучок на автопатите. Патната мрежа во државата е со должина од 13.898 км. Патната мрежа претставува добра почетна основа за понатамошен развој на државата. Табела 02 Тип на патишта Вкупна должина (км) Автопат 236 Магистрални патишта Регионални патишта Локални патишта 911 3772 9240 ВКУПНО 14159 Табела 02, Национална патна мрежа Државен завод за статистика, 2008. Проценка за општата физичка состојба на патиштата е претставена во следната табела: Tабела 03 Добро Просечно Лошо Автопат (M 2x2) 60% 30% 10% Магистрален (M 60% 30% 10% 1x2) Регионален 1 (R1) 45% 27% 28% Регионален 2 (R2) 20% 30% 50% Шљунак (R2) 50% 50% Tабела 03, EBRD, Студија за институционално и патно планирање, BCEOM, 2005. Општата физичка состојба на главната патна мрежа (магистрални и поважни регионални патишта) е пониска во споредба со Европските стандарди, како и во споредба со стандардите од некои соседни земји. Вo основа, постојната патна конструкција е цврста и со добар квалитет. Магистралните патишта, особено автопатиштата, кои треба да издржат поголем број возила се во подобра состојба отколку оние кои се од второстепено значење. Како најлоши можат да се проценат условите во кои се наоѓаат регионалните патишта со помал интензитет на сообраќај, (поголем број од нив како слепи правци) каде многу од нив немаат ниту геометриски, ниту конструктивни, ниту сообраќајни карактеристики, со што не ја оправдуваат класификацијата како регионални патни правци.(fig m 01). 16

3.1.2.2 Постојна национална железничка инфраструктура Железницата во Република Македонија е со должина од 925 км. Покрај некомплетната изграденост на основна инфраструктурна мрежа: неизградениот дел од Коридорот 8 и неелектрифицираниот дел од Коридорот 8 кој е во функција, како и кракот 10д од Коридорот 10, има неколку фактори кои ја објаснуваат релативно малата улога на железницата во транспортниот систем на државата. Главните прашања сe поврзани со географските специфичности на државата, односно кратката раздалеченост помеѓу градските центри во државата особено помеѓу Скопје - Велес, Скопје - Куманово и Скопје -Тетово во моментот се ограничувачки фактор заради ниското ниво на техничко технолошкото развој. Овој недостаток со соодветни вложување во инфраструктурата а особено во транспортот може да прерасне во голема предност со исклучително голем бенифит за државата (пракса во сите европски држави со добро организиран железнички приградскиот патнички сообраќај) 3.1.3. Подобрување на поврзаноста 3.1.3.1 Централна регионална меѓудржавна мрежа Примарниот стратешки развој треба да се насочи кон промоција на пазарно-ориентирани транспортни услуги, примена на мерки кои ќе овозможат технички и финансиски одржлива инфраструктура и хармонизација со транспортната политика на ЕУ. Обезбедување на техничка и правна кохерентност на централната регионална меѓудржавна мрежа; Намалување на трошоците и времето потребни за царински и гранични постапки за сообраќајот во регионот и примена на хоризонталните мерки на Високата Група ; Намалување на тесните грла; Одредување на стандарди за одржување; Овозможување на стабилно и континуирано финансирање за одржување; Примена на стандарди за безбедност на патиштата според најдобрите меѓународни искуства; Промоција на сообраќај на подолги релации од и до други земји; Воведување на сателитски радио навигациони системи; Воведување на системи за управување во транспортот, овозможувајќи интероперабилност и стандардизирани телеметрички апликации за товарни услуги по должина на централните транспортни оски. 3.1.3.2 Национална и локална патна мрежа Главен акцент, на национално ниво, ќе биде ставен на соодветно одржување на патиштата, фокусирајќи се на одржување на континуиран проток на сообраќај помеѓу градовите во земјата: Одржување на патиштата кои сеуште се во добра состојба; Давање приоритети на магистралните патишта и на регионалните прегрупирани патишта со повисока категорија; Овозможување оптимална безбедност на патиштата; Овозможување на соодветно поврзување со оддалечените места во земјата. 3.1.3.3 Железница Обновување на координацијата и интероперабилноста помеѓу железничките мрежи во ЈИЕ; Намалување на оперативните и административни одложувања на граничните премини со царинските и имиграциони процедури за патниците; Воведување на мултимодален концепт за развој на неговиот потенцијал и намалување на негативното влијание од недовршениот Коридор 8. Резултатите кои се очекува да се добијат се: Намалување на времето за транзит; Подобрување на конекциите особено оние за извоз на стока; Зголемување на придобивките за животната средина со употреба на железничкиот транспорт; Подобрување на фреквентноста според потребите на корисниците, квалитетот, пристапноста и исплатливоста на системот. 3.1.1.4 Воздушен транспорт 17

Зголемување на капацитетот на aеродромот Александар Велики - Скопје и aеродромот Св. Апостол Павле Охрид; Имплементација на 3, 4 и 5 слобода; Промовирање на аеродромите за привлекување на нискотарифни превозници; Промовирање на конекции со главните хабови во Европа; Систем за јавен транспорт (автобуси) за поврзување на аеродромите со поголемите градови кои гравитираат кон нив; Промовирање на користењето на хеликоптери од аеродромите до хотелите, одморалиштате и болниците; 3.2. Стратегија за поврзаност, акционен план Област Цел/Активност Приоритет Временска рамка Патно поврзување Статус на реализација во 2009 Комплетиран Коридор 10 Во тек Комплетиран Коридор 8 Дологорочно 10 години Во тек Овозможување на ефикасно поврзување на државната патна мрежа со коридорите и Краткорочни Во тек елиминирање на тесните грла Имплементирање на системот за управување на Среднорочни 7 години Во тек сообраќајот Реконструкција на Во тек Краткорочни Коридор 10 Изградба на Коридор 8 Долгорочно 10 години Во тек Подобрување на системот за управување на Среднорочни 7 години Во тек сообраќајот Поврзување на железницата Реконструкција на Коридор 10д Среднорочни 7 години Планирана Интензивирање во тековното и инвестиционо одржување на коридор 10, 10 д и коридор 8 Долгорочно 10 години Во тек 18

Зголемување на капацитетот на двата аеродроми Краткорочен Планирано Имплементација на 3- та, 4-та и 5-та слобода Краткорочни Во тек Промовирање на аеродромите за привлекување на нискотарифни превозници Краткорочни Во тек Поврзување на воздушниот транспорт Промовирање на конекции со главните хабови во Европа Систем за јавен транспорт (автобуси) за поврзување на аеродромите со поголемите градови кои гравитираат кон нив Краткорочни Долгорочен 8 години Планирано Планирано Поврзување на внатрешниот воден сообраќај Поврзување на цевководите Мултимодално поврзување Поврзување на граничните премини Промовирање на Долгорочен 8 години Планирано користењето на хеликоптери од аеродромите до хотелите, одморалиштата и болниците Реконструкција на пристаништа краткорочни Во тек Воведување јавен линиски превоз со пловила Обезбедување на снабдувањето со нафта и гас Поставување на стратешките национални мултимодални јазли Воспоставување рамковна политика на Подобрување на прометот на патници и стока, олеснување на граничните процедури, подобрување на ефикасноста со пограничното управување Стандардизирање на царинските и гранични процедури, примена на интернационални конвенции и стандарди Воспоставено Воспоставено Среднорочни Краткорочни 7 години реализирано Во анализа Во анализа Краткорочни Во тек Краткорочни Во тек 19

Примена на контролни и безбедносни мерки Краткорочни Во тек Приоритети: Краткорочни 0- Среднорочни 5-7 години Долгорочни 8-10 години 20

4. Цел 2: Безбедност во транспортниот систем 7 4.1. Безбедност на патиштата Владата на Република Македонија ќе продолжи да работи на подобрување на безбедносната состојба на сите видови на транспорт. Безбедносните стандарди ќе бидат ориентирани кoн најдобрите искуства на ЕУ и определбите од Европската повелба за безбедност на патиштата; Грижата околу безбедноста и личната сигурност во однос на транспортот ќе биде насочена кон подобрување на квалитетот на живеење на луѓето; Владата ќе го поздрави учеството на учесниците во сообраќајот и учеството на оние кои се засегнати од транспортот во проектирањето на нови безбедносни регулативи и мониторинг. Секоја несреќа, а особено оние со сериозни повреди и смртни случаи, се соодветна лична трагедија и имаат големо влијание врз продуктивноста на луѓето во целина и соодветни импликации во здравствениот сектор. Според податоците од 2007 година, во Rепублика Македонија секој ден се случувале 51,5 сообраќајни незгоди, од кои 11,4 незгоди со повредени лица. Во просек бројот на загинати лица дневно изнесува 0,39, бројот на сериозно повредени 3,0, а бројот на лица со лесни повреди 8,3. Податоците од 2008 година покажуваат дека бројот на сообраќајни несреќи значително се зголемил и тоа за 9,1 % во однос на 2007 година или од 4037 сообраќајни несреќи во 2007 година, се зголемил на 4403 несреќи во 2008 година со околу 11084 учесници во истите. Бројот на повреди во 2008 година бил околу 6724, со 162 загинати лица. (Табела 05) Проценетата штета врз државната економија во 2005 година изнесувала 1,5 милиони евра, не земајќи ги во предвид трошоците за заздравување, траен инвалидитет или смрт. Мерките за безбедност на патиштата вклучуваат: Подобрена исправност на возилата и безбедносната опрема; Подобрување на возачките вештини и одговорно однесување; Построга примена на законите; Подобрување на безбедноста во патната инфраструктура и Имплементиран менаџмент за безбедноста на патиштата. Владата на Република Македонија се обврзува со имплементирани административни и финансиски мерки да го намали бројот на смртнте случаи за 50% во период од 10 години. Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ја изработи Националната стратегија за подобрување на безбедноста во патниот сообраќај 2009-2014 и истата беше усвоена од страна на Собранието на Република Македонија на 11.11.2008 година. Истата е во согласност со Националната транспортна стратегија и има амбициозна цел: намалување за 50% на бројот на жртвите во сообраќајот и ниту едно дете жртва на сообраќајот до крајот на 2014 година. Формирано е и координативно тело за безбедност на сообраќајот на патиштата во Република Македонија, со кое претседава Заменикот на Претседателот на Владата на Република Македонија. Координативното тело е задолжено за следење на имплементацијата на Националната стратегија за подобрување на безбедноста во патниот сообраќај 2009-2014 година. 4.1.1 Безбедност на возилата Секое возило во патниот сообраќај треба да биде регистрирано и да ги исполнува пропишаните услови во однос на техничката исправност, опрема и делови; 7 Подетален опис на Цел 2 се наоѓа во Анекс 03:Безбедност во транспортниот систем. 21