ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

Similar documents
ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

С О Д Р Ж И Н А. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

Март Opinion research & Communications

СЛУЖБЕН ГЛАСНИК НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

Биланс на приходи и расходи

Биланс на приходи и расходи

З А К О Н ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР. Редакциски пречистен текст * I. ОПШТИ ОДРЕДБИ. 1. Предмет на законот

С О Д Р Ж И Н А Стр.

ЗАКОН ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

С О Д Р Ж И Н А. Број 184 год. LXVII 29 декември 2011, четврток Цената на овој број е 190 денари.

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

С О Д Р Ж И Н А. Број 69 Год. LXIV Среда, 4 јуни 2008 Цена на овој број е 280 денари.

consultancy final presentation conceptual presentation of proposals projects Feasibility Cost Study for converting space

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

С О Д Р Ж И Н А. Број 121 Год. LXV Понеделник, 5 октомври 2009 Цена на овој број е 280 денари. Стр. Стр.

Заштита на личните податоци во Република Македонија. Охрид, 27 мај 2014 година

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВЕШТАЧЕЊЕ

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Број 9 21 јануари 2016, четврток година LXXII

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Број јануари 2015, среда година LXXI

С О Д Р Ж И Н А. Број 105 Год. LXVI Четврток, 5 август 2010 Цена на овој број е 220 денари. Стр.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК Четврток, 6 декември 2001 Скопје

Преземање сертификат користејќи Mozilla Firefox

Број јули 2016, четврток година LXXII

ПРАВИЛНИК ЗА СОДРЖИНАТА И ФОРМАТА НА ДИПЛОМАТА И ДОДАТОКОТ НА ДИПЛОМАТА И ДРУГИ ИСПРАВИ ИЗДАДЕНИ ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ

2.3 ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА. Службен весник на Република Македонија бр. 53 од 11 април 2013 година

С Т А Т У Т. На Сојуз на дефектолози на Република Македонија I.О П Ш Т И О Д Р Е Д Б И. Член 1

Број ноември 2015, среда година LXXI

Права и обврски на пациентите

Асоцијација на претставниците на странски производители на иновативни лекови

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПОВРЕДИ НА РАБОТА И ПРОФЕСИОНАЛНИ БОЛЕСТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

С О Д Р Ж И Н А. Број 14 год. LXVII 7 февруари 2011, понеделник Цената на овој број е 190 денари. Стр.

Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2010 година

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ПРИРАЧНИК ЗА РАБОТА СО МОДУЛОТ ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ПРЕКУ ПОРТАЛОТ НА ФЗОМ

Број јули 2014, среда година LXX

ПРИРАЧНИК ВОДИЧ НИЗ НАДЛЕЖНОСТИТЕ ЗА НОВОИЗБРАНИТЕ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ И ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТИТЕ НА ОПШТИНИТЕ. Трето, изменето, дополнето и проширено издание

Системот на јавните набавки во Република Македонија

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА НАСТАВНИЦИ ВО СИТЕ НАСТАВНО НАУЧНИ ЗВАЊА И АСИСТЕНТИ - ДОКТОРАНТИ (АСИСТЕНТИ ДОКТОРАНДИ) НА УНИВЕРЗИТЕТОТ МАЈКА ТЕРЕЗА ВО СКОПЈЕ

ШЕСТ ГОДИНИ ПОДОЦНА: РАСПУКА ЛИ ЅИДОТ ОД ТИШИНА? Анализа на имплементацијата на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер

АНАЛИЗА НА ПРЕКРШОЧНИТЕ ОДРЕДБИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ОДНОС НА ВИСОЧИНАТА НА ГЛОБАТА

С О Д Р Ж И Н А. Број 124 Год. LXIV Петок, 3 октомври 2008 Цена на овој број е 90 денари.

С О Д Р Ж И Н А Стр.

Врз основа на член 68 став 2 од Уставот на Република

А Н А Л И З А АКЦИСКА МРЕЖА ЗА ДОБРО ВЛАДЕЕЊЕ. Скопје, февруари 2015 година

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

ЦИВИКА МОБИЛИТАС МАЛИ АКЦИСКИ ГРАНТОВИ

Значајни подрачја за раститенија, птици и пеперутки во Македонија. Славчо Христовски

ЗАКОНСКОТО НАСЛЕДУВАЊЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО ОСВРТ ВО НЕКОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ

Структурно програмирање

ФАЗИ ВО РЕОРГАНИЗАЦИЈАТА НА СТЕЧАЈНИОТ ДОЛЖНИК ВО ПРАВОТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ПРЕДЛОГ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОН ЗА ОСНОВАЊЕ НА АГЕНЦИЈА ЗА ПРОМОЦИЈА И ПОДДРШКА НА ТУРИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН

СТОМАТОЛОШКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ИНСТИТУТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ НАРЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА В.Д. ДИРЕКТОР: Асс. Д-р Шабан МЕМЕТИ ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПОВРЕДИ НА РАБОТА

GENERAL PROVISIONS Submission by post: On-line submission:

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

University St.Kliment Ohridski - Bitola Scientific Tobacco Institute- Priep ABSTRACT

ЈУ Старски дом Сју Рајдер -Битола; - ЈУ Старски дом Киро Крстевски Платник -Прилеп;

АНАЛИЗА НА НЕЗАВИСНОСТА НА СУДСКИ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - СТРЕМЕЖ И ПРЕДИЗВИЦИ -

Годишен извештај за работењето на Дирекцијата за заштита на личните податоци

ПРАВА НА ИМАТЕЛИТЕ НА АКЦИИ СО ПОСЕБНО ВНИМАНИЕ НА ПРАВАТА ШТО ГИ НУДАТ ПРИОРИТЕТНИТЕ АКЦИИ И НИВНА ЗАШТИТА

ЈП СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РМ УСТАВ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО АМАНДМАНИТЕ НА УСТАВОТ I-XXX

Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2011 година

Leila, the sick girl. Sick girl s friend. (Наставникот) Class teacher. Girl with bike rider (Девојчето со велосипедистот) (Велосипедистот)

СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Службен весник на Република Македонија" излегува по потреба. Рок за рекламации 15 дена.

ФАРМАЦЕВТСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА. Доц. Д-р. Бистра Ангеловска

Скопје, август 2017 година

Петти состанок на Локалната советодавна група Записник од состанокот

Siemens собни термостати. За максимален комфорт и енергетска ефикасност. siemens.com/seeteam

УПАТСТВО. Како да започнам со користење на сертификат издаден на Gemalto IDPrime PKI токен во Mozilla Firefox?

ISUZU D-MAX SINGLE (2 ВРАТИ + ПИКАП ПРОСТОР ЗА ТОВАРАЊЕ) OПРЕМЕНОСТ МЕНУВАЧ ЦЕНА СО ДДВ

Вовед во мрежата nbn. Што е тоа австралиска nbn мрежа? Што ќе се случи? Како да се префрлите на мрежата nbn. Што друго ќе биде засегнато?

ПодоБруВање На ЗАШТИТАТА НА ПРАВАТА НА БЕГАЛЦИТЕ И БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ. Во републик а МакедоНија

С О Д Р Ж И Н А. Број 99 Год. LXI Среда, 16 ноември 2005 Цена на овој број е 300 денари 1334.

Даночен семинар 2011 kpmg.com.mk

Упатство за инсталација на Gemalto.NET токен во Mozilla Firefox

ПАРЛАМЕНТАРНА КОНТРОЛА НАД РАБОТАТА НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ И РАЗУЗНАВАЧКИ СЛУЖБИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Здружение на преведувачи на РМ ПРЕПОРАКИ ЗА ТАРИФИРАЊЕ

Централна кооперативна банка АД Скопје

ПРАВНАТА ЗАШТИТА НА ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

Предуслови. Чекор 1. Централен регистар на Р.М. Упатство за пристап до системот за Е-Поднесување на годишни сметки 1

Здружение Регионален центар за лица со интелектуална попреченост ПОРАКА НАША. Пречистен текст СТАТУТ

Односот помеѓу интерната и екстерната ревизија. Презентира: Верица Костова

СОГЛЕДУВАЊА ЗА ПОЗИТИВНИТЕ И ЗА НЕГАТИВНИТЕ ВЛИЈАНИЈА ВО ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ПРЕКРШОЦИ ПРЕКУ РАБОТАТА НА СЕКТОРОТ ЗА ПРЕКРШОЦИ.

ПРЕГЛЕД ОБРАЧУНА ПДВ ЗА ПОРЕСКИ ПЕРИОД ОД ДО 20. ГОДИНЕ

Статистички истражувања во износ од денари. Член 2

ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ДОКАЗИ ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА ОД МЕЃУНАРОДНИ И ДОМАШНИ ИНТЕРНЕТ СЕРВИС ПРОВАЈДЕРИ КРАТОК ВОДИЧ ЗА ОБВИНИТЕЛИ

И з в е ш т а ј за состојбите во капитално финансираното пензиско осигурување во 2013 година

РПП на ОНЕ.ВИП РЕФЕРЕНТНА ПОНУДА ЗА ПРИСТАП НА ЈАВНА ЕЛЕКТРОНСКА КОМУНИКАЦИСКА МРЕЖА НА ОНЕ.ВИП

С О Д Р Ж И Н А. Број 39 Год. LXIV Понеделник, 24 март 2008 Цена на овој број е 250 денари.

МОБИНГ ПСИХИЧКО ВОЗНЕМИРУВАЊЕ НА РАБОТНО МЕСТО

Обука за електронски систем на учење МИКРОУЧЕЊЕ. Материјал за учесници

ПОСТАПКАТА ЗА ПРИВАТИЗАЦИЈА СПОРЕД 3АКОНОТ ЗА ПРИВАТИЗАЦИЈА И ЗАКУП НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ВО ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ

ДА ГИ ОТВОРИМЕ УЧЕБНИЦИТЕ: ОТВОРЕН ПРИСТАП ДО УЧЕБНИЦИТЕ ЗА ОСНОВНО И СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ

Годишен извештај на Комисијата за заштита од дискриминација за 2015 година

СОДРЖИНА АНАЛИЗА НА ЈАВНИОТ ДОЛГ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. АВТОР: Бојана М. Христовска, Аналитика тинк тенк Тамара М. Спасова, Аналитика тинк тенк

Барањето од став 1 на овој член увозникот го поднесува до Царинарницата според местото на преработувачкиот

Transcription:

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА Врз основа на член 54 став 1 точка 14, а во врска со член 54 став 1 точка 8 и член 63-а, 63-б и 63-в од Законот за здравственото осигурување ( Службен весник на Република Македонија бр.25/2000, 96/2000, 50/2001, 11/2002, 31/2003, 84/2005, 37/2006, 18/2007, 36/2007, 82/2008, 98/2008, 6/2009, 67/2009 и 50/2010), Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, на седницата одржана на ден година, донесе ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ И МЕТОДОЛОГИЈАТА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА РЕФЕРЕНТНИ ЦЕНИ НА ЛЕКОВИ ( НЕОФИЦИЈАЛЕН ПРЕЧИСТЕН ТЕКСТ*) * Пречистен текст на Правилникот за утврдување на критериуми и постапка за одредување на референтни цени на лекови (Службен весник на РМ бр.158/2009) и Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за утврдување на критериуми и постапка за одредување на референтни цени на лекови (Службен весник на РМ бр.138/2010) Член 1 Со овој правилник се начинот и методологијата за утврдувањe на референтни цени на лекови кои се на Листата на лекови кои паѓаат на товар на Фондот за здравствено осигурување на Македонија (во понатамошниот текст лекови ). Член 2 Референтна цена на лекот е максималниот износ кој Фондот го обезбедува за одреден лек. Референтната цена на лекот се утврдува на ниво на големопродажна ценa co вклучен ДДВ. Составен дел на големопродажната цена е маржата за промет на големо соглсно Законот за лековите и медицинските помагала. Член 3 Референтната цена на лекот се одредува со споредбена анализа на големопродажните цени на лековите во Република Македонија и во референтните земји утврдени со член 63-в од Законот за здравствено осигурување. Референтни земји во смисол на став 1 од овој член се Република Словенија, Република Хрватска, Република Бугарија и Република Србија. Член 4 Основни критериуми за утврдување на референтни цени на лекови се следните: - Pеферентната цена (cпоредбената големопродажна цена на лекот со вклучен ДДB) во референтните земји, - Просечна cпоредбената цена на лекот, - Нивото на cпоредбената цена согласно коефициентот на паритет на куповна сила. 1

Член 5 Основа за утврдување на споредбената големопродажна цена на лекот од алинеја 1 од член 4 е големопродажната цена на лек со идентичен АТЦ код според класификацијата на СЗО и идентична или сродна фармацевтска дозажна форма, идентична јачина и идентично или најблиско пакување во референтните земји. Извори на податоци за големопродажните цени на лековите во референтните земји се последните објавени цени до денот на пресметката на официјалната веб-страна на надлежните органи во: Република Словенија (www.zzzs.si Baza zdravil), Република Хрватска (www.hzzo-net.hr - Lista lijekova), Република Бугарија (www.mh.government.bg - Регистри) и Република Србија (www.rzzo.sr.gov.yu - Листа лекова). Член 6 Споредбената големопродажна цена на лековите се утврдува поединечно за секоја фармацевтска дозажна форма и јачина. Ако во референтните земји постои лек со иста јачина од различни производители со различни цени, во предвид се зема најниската цена на лекот, која се применува при утврдувањето на споредбената цена за сите лекови од таа генерика. Ако во референтните земји за лек со идентичен АТЦ код има иста или сродна дозажна форма (пр. таблети-дражеи-капсули) со иста јачина и начин на апликација, во тој случај во предвид се зема најниската цена на лекот, при што лековите со продолжено или контролирано терапевтско дејство не можат да се изедначат со лековите со директно терапевтско дејство. При преземање на споредбената цена на лековите од референтните земји се зема цената на лек чие пакување содржи еднаков број на единици со споредуваниот лек. Во случаите на различен број единици во пакувањето на лекот во референтната земја, се зема најблиското пакување. Споредбената цена во тој случај се пресметува за единица на споредуваниот лек, а потоа се пресметува за вкупниот број единици во пакувањето на лекот. Член 7 Споредбената големопродажна цена на лекот од референтните земји се изразува во денарска противвредност по средниот курс на Народна банка на Република Македонија на денот на пресметката на референтната цена. Член 8 Просечна споредбена цена на лекот е цената пресметана така што збирот на двете (2) најниски споредбени цени на лекот во референтните земји, се подели со два. Во случаите кога има само една споредбена цена на лекот, истата се зема како просечна. Член 9 Нивото на cпоредбената цена е односот на pеферентната цена на лекот во Република Македонија и просечната cпоредбена цена на лекот во референтните земји, изразен во проценти. Нивото на cпоредбената цена се усогласува со коефициентот на паритет на куповна сила. 2

Коефициент на паритетот на куповна сила е однос изразен во проценти на БДП по глава на жител во Република Македонија и просекот од вредностите на бруто домашниот производ по глава на жител во референтните земји, според методологијата на паритет на куповната сила утврдена од Меѓународниот монетарен фонд од Вашингтон за последната година за која Меѓународниот монетарен фонд има објавено конечни податоци. Член 10 Референтни цени на лековите се усогласуваат со коефициентот на паритет на куповна сила на следниов начин: За лекови кои немаат генеричка паралела по АТЦ класификацијата и кои до денот на пресметката имаат ниво на цени поголемо од просечната споредбена цена (над 100%), тогаш просечната споредбена цена се множи со 1. За лекови со генеричка паралела кои до денот на пресметката имаат нивото на цени поголемо од 79,23%, тогаш просечната споредбена цена се множи со коефициентот на паритет на куповна сила кој во овој случај изнесува 0,7923. Овој коефициент се применува при утврдувањето на референтни цени за сите лекови од таа генерика. Референтни цени на лековите од став 2 и 3 на овој член, кои до денот на пресметката имаат ниво под нивото од став 2 и 3 на овој член и кои имаат ниво на цени поголемо од 51,46 %, не се менуваат. За лековите кои до денот на пресметката имаат ниво на цена под 51,46% и на кои постоечката референтна цена е пониска од најниската единствена цена, референтната цена се зголемува до нивото на најниската единствена цена максимално до коефициентот на паритет на куповна сила кој во овој случај изнесува 0,5146. За лекови за кои не може да се утврди споредбена цена преку ниту еден од изворите на податоци наведени во член 5 став 2 на овој правилник, како референтна цена се утврдува најниската одобрена единствена големопродажна цена на лекот, односно се превзема референтната цена од терапевтски еквивалентен лек. Член 10-а Кога пресметаната референтна цена на лекот е повисока од најниската одобрена единствена големопродажна цена, како референтна се зема единствената цена. Член 10-б За лекови со иста генерика и иста или споредлива фармацевтска дозажна форма, може да се врши усогласување на референтната цена во однос на фармацевтската јачина според пониско пресметана референтната цена. Член 11 Референтните цени на лековите за кои по прв пат се одредува референтна цена се усогласуваат на следниов начин: Цената за лек кој нема генеричка паралела по АТЦ класификација не смее да биде повисока од 100% од просечната споредбена цена од член 8 на овој правилник. 3

Кај лек со генеричка паралела нивото на цената не смее да биде повисоко од 79,23% во однос на просечната споредбена цена. Член 12 - избришан Член 13 За меѓусебно заменливи лекови до трето ниво по АТЦ класификацијата, односно за лекови со еднаков учинок и безбедност (терапевтски еквивалентни лекови), може да се утврдуваат фармаколошкотерапевтски групи на лекови. Фармаколошко-терапевтска група на лекови е група на терапевтски-еквивалентни лекови, за кои се утврдува единствена референтна цена, усогласена по основ на број на единици во пакување, дефинирана дневна доза и јачина на лекот. Референтната цена за фармаколошко-терапевтска група се одредува на ниво на една цена на лековите од групата со цел обезбедување на лек на товар на Фондот, без доплата од осигурениците. Член 14 - избришан Член 15 За утврдување на предлог референтните цени на лековите директорот на Фондот формира постојана Комисија за утврдување на предлог референтни цени. Комисијата се состои од 7 (седум) членови од кои едниот е претседател. Членови на комисијата може да бидат лица вработени во Фондот за здравствено осигурување на Македонија, како и надворешни лица економисти, фармацевти, лекари или правници, од кои еден задолжително е лице вработено во Министерството за здравство. Комисијата е самостојна во својата работа и работи врз основа на овој правилник и другите позитивни законски прописи. Член 16 Комисијата за утврдување на предлог референтни цени доставува до Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија писмен предлог за референтни цени, со дадено образложение и записници од работата на комисијата дадени во прилог. Предлог референтни цени се искажуваат за секој лек поединечно по единица фармацевтска дозажна форма и јачина и по пакување. Предлог референтите цени по пакување се заокружуваат на цел број. Управниот одбор на Фондот донесува одлука за утврдување на предлог референтните цени на лековите. Член 17 Одлуката за утврдување на предлог референтните цени на лековите се објавува на веб-страната на Фондот. Носителот на решението за ставање на лекот во промет може да даде забелешки на одлуката од став 1 на овој член. 4

Рокот за поднесување забелешки на Одлуката од став 1 од овој член изнесува 15 дена од објавувањето. По доставените забелешки од став 2 на овој член, одлучува Управниот одбор на Фондот и донесува Одлука со која се утврдуваат референтните цени на лековите. Одлуката од став 4 на овој член се објавува во Службен весник на Република Македонија, по добивање на согласност од страна на министерот за здравство. Член 18 Референтните цени се усогласуваат најмалку еднаш годишно. За ден на пресметката на референтната цена во смисла на член 7 од овој правилник се определува 10 јануари секоја година, освен за 2010 година за која се земаат податоците за цени на лекови од референтните земји со пресек на датум 15.09.2009 година. Утврдените референтни цени согласно одредбите на овој правилник се задолжителни како за Фондот така и за здравствените установи. Член 19 Овој правилник влегува во сила со денот на објавувањето во Службен весник на Република Македонија, а ќе се објави по добивањето на согласност од министерот за здравство. Со денот на влегувањето во сила на овој правилник, престанува да важи Правилникот за утврдување на критериуми и постапка за одредување на референтни цени на лекови бр.02-18878/13 од 30.11.2007 година ( Службен весник на Република Македонија бр.8/2008). 5