Технички барања за изведба на нов мост на река Брегалница на регионален пат Р1309, делница: Кочани-Зрновци на км

Similar documents
consultancy final presentation conceptual presentation of proposals projects Feasibility Cost Study for converting space

2.3 ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА. Службен весник на Република Македонија бр. 53 од 11 април 2013 година

Март Opinion research & Communications

Структурно програмирање

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

Биланс на приходи и расходи

Биланс на приходи и расходи

306-5D/15 ELABORAT ZA POSTAVUVAWE NA URBANA OPREMA - LETNIKOVEC PRILAGODEN NA POTREBITE NA LICATA SO INVALIDNOST I UREDUVAWE NA PROSTOROT OKOLU NEGO

К А Т А Л О Г. mon. monteco СТАНБЕНО ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТ Г.П РАСАДНИК. company

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

Преземање сертификат користејќи Mozilla Firefox

University St.Kliment Ohridski - Bitola Scientific Tobacco Institute- Priep ABSTRACT

Упатство за инсталација на Gemalto.NET токен во Mozilla Firefox

Значајни подрачја за раститенија, птици и пеперутки во Македонија. Славчо Христовски

Динамичка анализа на конструкцијата на водозафатната кула на ХС Лисиче

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ПРИРАЧНИК ЗА РАБОТА СО МОДУЛОТ ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ПРЕКУ ПОРТАЛОТ НА ФЗОМ

Технички факултет Битола/Обука за енергетски контролори

Ф а б р и ч е н п л и н с к и у р е д

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

Добивка за сите партнери на BG!

Siemens собни термостати. За максимален комфорт и енергетска ефикасност. siemens.com/seeteam

ВРВЕН КВАЛИТЕТ Сите наши возила се увезени директно од Германија, со детална и комплетна документација и 100% гаранција на поминати километри.

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

ISUZU D-MAX SINGLE (2 ВРАТИ + ПИКАП ПРОСТОР ЗА ТОВАРАЊЕ) OПРЕМЕНОСТ МЕНУВАЧ ЦЕНА СО ДДВ

Биоелектрохемија: од биогоривни ќелии до електрохемија на мембрански процеси. Валентин Мирчески

Познавање на методите и технологиите на градба

УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СИСТЕМОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО БАНКАРСТВО КОРПОРАТИВНО

Технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци

Петти состанок на Локалната советодавна група Записник од состанокот

Заштита на личните податоци во Република Македонија. Охрид, 27 мај 2014 година

Обука за електронски систем на учење МИКРОУЧЕЊЕ. Материјал за учесници

Construction. Многу квалитетна маса за анкерирање. Опис на Производот 1 1/8 ETAG ETAG TR 23

ДОКУМЕНТ ЗА ДИСКУСИЈА ЗА 3Д ПЕЧАТЕЊЕТО И ОГНЕНОТО ОРУЖЈЕ

КОНЦЕПТ: ОДРЖЛИВ ЛОГИСТИЧКИ МОДЕЛ НА СИСТЕМ ЗА СОБИРАЊЕ НА КОМУНАЛЕН ОТПАД ВО ОПШТИНА БИТОЛА 2

Развој на производот. Планирање на проектот. Развој на спецификации. Развој на концепти. Развој на производот. Генерирај производ. Оцени го производот

Construction. Многу квалитетна, 2-компонентна епоксидна маса за анкерирање. Опис на Производот 1 1/7 EN

Технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на личните податоци

Воведување на метрологија во системот на работа на ФАКОМ

Вовед во мрежата nbn. Што е тоа австралиска nbn мрежа? Што ќе се случи? Како да се префрлите на мрежата nbn. Што друго ќе биде засегнато?

Започнете овде Водич за брз почеток

КЛИНИЧКА ФАРМАЦИЈА И ФАРМАКОТЕРАПИЈА ПРАКТИКУМ

MORPHOLOGICAL CHARACTERISTICS OF SOME MAIZE HYBRIDS FROM FAO300 AND FAO700 GROWN IN SHTIP REGION

Предуслови. Чекор 1. Централен регистар на Р.М. Упатство за пристап до системот за Е-Поднесување на годишни сметки 1

Line Interactive UPS уреди за непрекинато напојување

ПРИРАЧНИК ЗА ПРОЕКТЕН МЕНАЏМЕНТ

Штип. Кристина Анчевска

УПАТСТВО. Како да започнам со користење на сертификат издаден на Gemalto IDPrime PKI токен во Mozilla Firefox?

МОДЕЛИ И ТЕХНИКИ НА ГРУПНО ОДЛУЧУВАЊЕ И НИВНАТА ПРИМЕНА ВО ДЕЛОВНИТЕ СУБЈЕКТИ ОД ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН

УРБАНИСТИЧКО ПЛАНИРАЊЕ 2. Подвижни тротоари на Париската изложба во 1900 година

С О Д Р Ж И Н А. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

ABOUT THE ISLANDS IN THE REPUBLIC OF MACEDONIA

Односот помеѓу интерната и екстерната ревизија. Презентира: Верица Костова

APARATI ZA PONI[TUVAWE NA HARTIJA

СЛУЖБЕН ГЛАСНИК НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

08 NOV 2018 REPUBLIKA MAKEDONIJA EFFECTIVE DATE STAPUVA VO SILA NA REPUBLIC OF MACEDONIA AMD AIP 61

ПРОМЕНИ ВО РАКОВОДЕЊЕТО НА ОРГАНИЗАЦИЈА ЧИЈА ОСНОВНА ДЕЈНОСТ Е ИНЖЕНЕРИНГ

ПРОЦЕС НА ПРОМЕНИ ВО МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈАТА И СТРУКТУРАТА

ПОЛИТИКА ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ВРЕМЕНСКИ ПЕЧАТ (TS) НА МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ TSA

УПАТСТВО. Kористење безбедно средство за електронско потпишување на Gemalto (PKI Smart Card и PKI Token)

Преглед на државите во Западна Африка

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Централна кооперативна банка АД Скопје

Algorithms and Data Structures. 7. Број на ЕКТС кредити

ПРИМЕНА НА ГИС ПРИ АНАЛИЗА, ПЛАНИРАЊЕ, ПРОЕКТИРАЊЕ, КОНСТРУКЦИЈА И УПРАВУВАЊЕ СО ЕЛЕКТРО-ЕНЕРГЕТСКИ МРЕЖИ

Структурирани бази на наставни материјали и дигитална трансформација. студија на случај Република Македонија

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ToR 02/2016 ПРАВНИ ЕКСПЕРТИ ЗА ПОДГОТОВКА НА ПРИРАЧНИК ЗА СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕ-ПРАВНИ АСПЕКТИ

Асоцијација на претставниците на странски производители на иновативни лекови

ШЕСТ ГОДИНИ ПОДОЦНА: РАСПУКА ЛИ ЅИДОТ ОД ТИШИНА? Анализа на имплементацијата на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА НАСТАВНИЦИ ВО СИТЕ НАСТАВНО НАУЧНИ ЗВАЊА И АСИСТЕНТИ - ДОКТОРАНТИ (АСИСТЕНТИ ДОКТОРАНДИ) НА УНИВЕРЗИТЕТОТ МАЈКА ТЕРЕЗА ВО СКОПЈЕ

С О Д Р Ж И Н А. Број 184 год. LXVII 29 декември 2011, четврток Цената на овој број е 190 денари.

ВОВЕД ВО ИНФОРМАТИВЕН ДОКУМЕНТ НА МКД СЕРТИФИКАТ

A mysterious meeting. (Таинствена средба) Macedonian. List of characters. (Личности) Khalid, the birthday boy

ПРАВИЛНИК ЗА РИДСКИ ПАТЕКИ ВО АВТОМОБИЛИЗАМ АВТО СПОРТ 2017

МАТЕМАТИКАТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Започнете овде Водич за брз почеток

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ НА МЗМП ЗА ПРАКТИКИТЕ НА ЗАДРЖУВАЊЕ СТРАНЦИ ВО МАКЕДОНИЈА ОД ИМИГРАЦИСКИ ПРИЧИНИ 2017

КАРАКТЕРИСТИКИ НА НАСТАВНИТЕ ПРОГРАМИ ПО МАТЕМАТИКА ЗА ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ ( , , )

ЕНТЕРИЕР PETAR NAMICEV EKATERINA NAMICHEVA

АНАЛИЗА НА МАТЕРИЈАЛИТЕ ЗА ПАКУВАЊЕ И СОСТОЈБАТА ЗА РЕЦИКЛИРАЊЕ НА МАТЕРИЈАЛИ ОД ПАКУВАЊЕ ВО Р.М. И НИВНА КЛАСИФИКАЦИЈА

ЗАКОН ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

Коисмение.Штозначиме.

ИЗРАБОТУВАЧОТ НА НАРОДНИ МУЗИЧКИ ИНСТРУМЕНТИ ДРАГИ КОСТОВСКИ ОД ШТИП

Advanced databases. Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство ФИНКИ. 7. Број на ЕКТС кредити. Бази на податоци

СТУДИЈА ЗА АНАЛИЗА НА БЕЗБЕДНОСТА НА РАНЛИВИТЕ КАТЕГОРИИ НА УЧЕСНИЦИ ВО ПАТНИОТ СООБРАЌАЈ ВО Р.МАКЕДОНИЈА

ЦИВИКА МОБИЛИТАС МАЛИ АКЦИСКИ ГРАНТОВИ

ПАРЛАМЕНТАРНА КОНТРОЛА НАД РАБОТАТА НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ И РАЗУЗНАВАЧКИ СЛУЖБИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА ОБУКИ НА КОНТРОЛОРИ И ОБРАБОТУВАЧИ ЗА 2016 ГОДИНА. Бр / година

Број јануари 2015, среда година LXXI

ПРАВИЛНИК ЗА СОДРЖИНАТА И ФОРМАТА НА ДИПЛОМАТА И ДОДАТОКОТ НА ДИПЛОМАТА И ДРУГИ ИСПРАВИ ИЗДАДЕНИ ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ

social and adult aspects Abstract

Придржување кон препораките за ординираниот лек

Дизајнирање на архитектура на микросервиси: развој на бот базиран микросервис за управување со анкети

ИНФОРМАТИЧКИ СИСТЕМИ ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО И ТУРИЗМОТ - ПРАКТИКУМ

Техно-економска анализа за електрично снабдување на изолирани енергетски потрошувачи со користење на програмски пакет HOMER

ОБУКА ЗА ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛОРИ

ПОВРЗАНОСТА НА НАРУШУВАЊЕТО ВО ОДНЕСУВАЊЕТО НА ДЕЦАТА И УСЛОВИТЕ ЗА ЖИВОТ ВО СЕМЕЈСТВОТО

ВОДЕЊЕ НА ДИСТРИБУТИВНА МРЕЖА ВО УСЛОВИ НА ДЕФЕКТ

БОН - ТОН во безбедност и здравје при работа

Планирање на Конструирањето

Transcription:

Технички барања за изведба на нов мост на река Брегалница на регионален пат Р1309, делница: Кочани-Зрновци на км.4+336.00 1

Содржина Технички извештај 1. Општи податоци 1.1 Проект и изведба 1.2 Идејни решенија 1.3 Конструктивно решение елементи на конструкцијата 1.3.1 Долен строј 1.3.2 Горен строј 1.3.3 Фундирање 1.4 Проектни решенија за трасата на патот 1.4.1 Поставеност на трасата хоризонтално решение 1.4.2 Надолжен профил 1.4.3 Попречни профили 1.4.4 Конструктивно решение за коловозната конструкција 1.4.5 Приказ на технологија на изработка и квалитет на материјалите применети при изработка на патот 1.5 Останати работи 1.5.1 Одводнување 1.5.2 Ограден систем 1.5.3 Хидроизолација 1.5.4 Дилатациони спојници 1.5.5 Лежишта Технички опис нов мост 1. Припремни работи 1.1. Претходни испитувања на материјалите 1.2. Организација на градилиште 2. Обележување на објектот и геодетски мерења 3. Земјани работи 3.1. Ископ на темели и формирање на градежна јама 3.2. Насипување околу темелите 3.3 Насипување помеѓу крилни ѕидови и крајни столбови со оформување на косини за конуси 4. Бетонски и армирано-бетонски работи 4.1. Општи услови за изведба на бетонски и армирано - бетонски работи 2

4.1.1. Изработка на кофражот оплатирање 4.1.2. Бетонирање 4.1.3. Армирачки работи 4.1.4. Заскелување 4.2. Посебни услови за изведување бетонски и армирано - бетонски работи 4.2.1. Армирано-бетонски темели под крајни столбови, крилни ѕидови и средни столбови 4.2.2. Крајни столбови со крилни ѕидови 4.2.3 Среден столб 4.2.4 Изведување на преднапрегнати главни носачи 4.2.4.1. Вовед 4.2.4.2. Монтажа и демонтажа на оплатата 4.2.4.3. Изработка и монтажа на проектираната арматура 4.2.4.4. Монтажа на заштитни совитливи цевки 4.2.4.5. Бетонирање на монтажни преднапрегнати главни носачи 4.2.4.6. Преднапрегање на главните носачи 4.2.4.7. Заштита на каблите и котвите (смеса за инектирање) 4.2.4.8. Монтирање на главните носачи 4.2.5. Изведување на коловозната плоча 4.2.5.1. Општо 4.2.5.2. Оплатирање 4.2.5.3. Армирање 4.2.5.4. Бетонирање 4.2.6. Изведување на армирано-бетонски попречни носачи 5. Останати работи 5.1.Лежишта 4.2.6.1. Општо 4.2.6.2. Заскелување 4.2.6.3. Оплатирање 4.2.6.4. Армирање 4.2.6.5. Бетонирање 5.2. Дилатациони спојници 5.3. Заштита на бетонски површини 5.3.1. Хидроизолација врз коловозна плоча 5.3.2. Заштита на бетонски површини во контакт со почва 5.3.3. Заштита на бетонски површини во контакт со атмосферата 5.4.Коловоз од асфалт-бетон 3

5.5.Ограден систем 6. Критериум за оценка на квалитетот на изведбата 7. Тековно одржување на објектот и пробно товарење 8. Хидро технички мерки 9. Геотехнички подлоги 9.1.Теренски истражувања 10. Геодетски подлоги 4

Технички извештај Изведба на нов мост на река Брегалница на Регионален пат 1 Општи податоци 1.1 Проект и изведба Потребата за реконструкција и з в е д б а н а н о в мост на река Брегалница на регионалниот пат Р1309: делница Кочани - Зрновце на км 4+336.00, произлегува од фактот што интензивните врнежи во периодот од 01.02.2015-05.02.2015 предизвикаа видливи оштетувања на постоечкиот мост. Постоечкиот мост е со четири распони од по 20m. Во попречен пресек, изведени се два главни носачи врз кои е избетонирана армирано бетонска плоча. Помеѓу двата главни носачи се изведени крајни и средни попречни носачи, кои заедно со предходните позиции оформуваат гредна скара, која налегнува на долната конструкција. Двата крајни столбови се изведени како армирано бетонски ѕидови - платна со константен попречен пресек. Трите средни столбови се изведени како единечни столба со кружен попречен пресек од 60cm. Темелењето на крајните столбови и крилни ѕидови е на темелна плоча, а на средните столбови е на лентовидни темели на две кампади. Од извршениот увид на лице место, како и од геодетско снимање на новонастаната ситуација, евидентирани се вертикални деформации на нивелетата на мостот односно поместувања на средните столбови во x, y и z правец. Најголемо поместување има во вертикален z правец - до 40cm. Исто така евидентирани се и големи пукнатини на средните столбови, со претпоставка дека и фундаментите ги претрпеле истите поместувања и оштетувања. Поради сите овие причини изготвено е Стручно мислење за состојбата на мост на река Брегалница на регионалниот пат Р1309: делница Кочани - Зрновце на км 4+336.00, чиј што заклучок проектантот предлага одстранување на постоечката мостовска конструкција и изведба на нов современ мост. 1.2 Анализа на решенија Анализирани се неколку варијантни решенија на локацијата на постоечкиот мост, и одлучено е за најповолното решение од конструктивен и техно-економски аспект. Сите варијантни решенија се анализирани како полумонтажна армирано бетонска конструкција со монолитен долен строј, монтажни главни преднапрегнати носачи и монолитна арм. бетонска коловозна плоча и попречни носачи. Статичкиот систем преставува систем од прости греди со подвижни лежишта. Усвоената варијанта е со четири распони од 24,5m за двата средни и 23,75m за двата крајни распони, повторно со среден столб во минор коритото, но проширени се средните распони за 4.5m во однос на постоечките. Поради зголемување на средните распони дојде и до поместување на едниот краен столб за 16.3m во однос на постоечкиот столб во насока кон Кочани, од причина да се добие симетрија на новопроектираната мостовска конструкција. 5

Слика 1. Подолжен пресек на новопроектираниот мост, со одбележани оски низ столбови на постоечкиот мост 6

1.3 Конструктивно решение елементи на конструкцијата Имајќи ги во предвид карактеристиките на трасата и нивелетата, избран е конструктивен систем - полумонтажна армирано бетонска конструкција со монолитен долен строј, монтажни главни преднапрегнати носачи и монолитна арм. бетонска плоча и попречни носачи над столбовите, решение кое потполно одговара и се вклопува во целокупниот амбиент. Ширината на коловозот на мостот изнесува 5.90m, а ограничен е со ивичњаци, тротоари и ивични греди на двете страни со ширина 2*1.0=2.0m. На таков начин, вкупната ширина на мостот изнесува В=5.90+2.00=7.90 m. Должината на мостот e решена со четири распони L=23.75+24.5+24.5+23.75 = 96.5m. 1.3.1 Горен строј Конструкцијата на горниот строј е проектирана како гредна скара составена од пет монтажни главни носачи поставени на меѓусебно растојание од 158cm и монолитно изведени армирано бетонска коловозна плоча и попречни носачи. Пресекот на главниот преднапрегнат носач е усвоен после изработка на повеќе варијантни решенија и од условот за задоволување на напонскодеформациски услови. Главниот носач е со T пресек и висина од 130cm. Вертикалното ребро е со дебелина од 40cm. Горната фланша е со ширина од 156cm и со променлива дебелина на краевите од 15cm до 30cm на спојот со реброто. Горната фланша е со попречен пад од 2.5%. Должината на еден главен носач заедно со заштитата на котвите изнесува L= 24,10m. Главните носачи се преднапрегнати со по четири кабли 7Т15 од системот FREYSSINET со котви 7C15 и заштитна цевка 60/66mm. Тежината на еден кабел изнесува 7,64 kg/m, со квалитет на 02/ k =1670/1860 МPa. Незатегнатата арматура со која се армираат носачите е ребраста RA 400/500-2. На краевите на носачите проектирани се два крајни попречни носачи со ширина 30cm, кои на долната ивица се 25cm над належните греди со цел да се овозможи оскултација и замена на лежиштата во текот на експлоатација на објектот. Се до монолитизација на коловозната плоча и попречните носачи, главните носачи работат како прости греди кои се оптоварени од свежа бетонска маса од коловозната плоча и попречните носачи. После монолитизирање на коловозна плоча и попречните носачи, горниот строј преставува гредна скара од главни преднапрегнати носачи и коловозна плоча. Главните носачи, коловозната плоча за монолитизација која е дел и од главниот носач, и попречните носачи се предвидени да се изработат од бетон со квалитет МБ 40, М -100. 7

Коловозната плоча е со дебелина од 15cm. Од двете страни завршува со парапетна греда на која од надворешната страна се монтираат фасадни елементи. Веднаш до парапетната греда се изведува тротоарска конструкција која е одделена од коловозната плоча со издигнат рабник. Тротоарската конструкција се изведува со отвори во попречен пресек кои би можеле да послужат за водење на инсталации. Главните носачи налегнуваат врз крајните и средните столбови преку неопренски еластомерни лежишта (NB 200x400x63mm). 1.3.2 Долен строј Долниот строј претставува дисконтинуална рамовска конструкција составена од 4 полиња, со распон L= 23.75+24.5+24.5+23.75 = 96.5m Објектот се состои од два крајни столбови (S1 и S5) и три средни столбови (S2, S3 и S4). Крајните столбови се проектирани како монолитни армирано бетонски ѕидови со константен пресек од 100cm, кои завршуваат на горниот дел со належна греда, а врз која налегнуваат главните носачи преку неопренски еластомерни лежишта. Врската на крајните столбови со темелите и крилните ѕидови е монолитна. Крилните ѕидови се изведени како армирано бетонски ѕидови со променлив пресек по висина. Дебелината на ѕидовите на горниот крај изнесува 50cm и со наклон од 1:10 се зголемува се до контактот со темелот. Променливата висина на ѕидот е од страна на насипот, додека од надворешната страна ѕидот е вертикален. Средните столбови S2,S3,S4 се проектирани како правоаголни арм. бет. платна со димензии во основа 100/500cm со константен попречен пресек и полукружно заоблување на краевите. Столбовите во долниот дел се вклештени со темелот, а во горниот дел проектирана е належна греда со висина од 120cm и променлива ширина со конзолни делови. Слика 2.Попречен пресек на новопроектираниот мост 8

1.3.3 Фундирање Изборот на фундирањето е направен според предходно изготвениот геомеханички елаборат. Од добиените параметри на литолошките слоеви, усвоен е длабок тип на фундирање со примена на колови. Коловите се лебдечки тип бидејќи со истрагите не е откриен добро носив слој или карпеста основа. Со оглед на тоа, главната носивост е обезбедена преку триењето по обемот на самиот кол. Коловите се до дијаметар Ф=800mm и должина L= 15m, под сите столбни места. Под крајните столбни места, фундирањето е извршено врз група од осум колови, врзани со надколова плоча со дебелина 120cm и димензии во основа 560/960cm. Под средните столбни места фундирањето е извршено врз група од осум колови, врзани со надколова плоча со дебелина 130cm и правоаголна основа со димензии 500/920cm, и заоблување на краевите. Диспозицијата на коловите во групата на колови е со меѓуоскино растојание од 240cm и 300cm, со цел да се избегне суперпонирање и меѓусебно влијание од соседни колови. 1.4 Проектни решенија за трасата на патот 1.4.1 Поставеност на трасата хоризонтално решение Хоризонталното решение на реконструкцијата на мостот, произлегува од постоечкиот пат како и од местото на лоцирање на новопроектираниот мост. Истиот е лоциран на место на стариот постоечки мост со мали промени во диспозицијата. Хоризонталното решение е водено со една централно поставена оска - Оска Зрновци во должина од L=522.04м. При проектирањето, водено е сметка да бидат задоволени следните барања: проектни параметри, функционалност, економичност, безбедност. На соодветни правци, вметнати се и две чисти кружни кривини со радиус R=120 m и R=320 m, согласно потребите за вклопување со постоечкиот коловоз. 1.4.2 Надолжен профил Од изработеното хоризонтално решение, изработено е и вертикално решение. При вертикално поставување на нивелетата на патот водено е сметка почетокот и крајот на дадената локација, висински да се вклопи со постоечката состојба. Поради поголемата висина на новопроектираниот, направена е и корекција на нивелетата со потребната висина за уклопување со истиот. Минималниот надолжен наклон изнесува imin = 0.30% додека максималниот наклон изнесува imax. = 5.79 %. 9

Радиусот на минималната вертикална кривина изнесува Рмин. = 400 m, додека максималниот радиус изнесува Рмакс. = 450 m. 1.4.3 Попречни профили Попречниот наклон генерално изнесува 2.5 (едностран) истиот варира во делови на кои е извршено витоперење со цел попречно да вклопи со постоечкиот наклон на Регионалниот пат. Графички се дадени сите потребни податоци за изведување на работите. Напречните профили се дадени по соодветната оска. 1.4.4 Конструктивно решение за коловозната конструкција На основа на релевантните параметри, сообраќајното оптоварување, климатските, топографските и геотехничките карактеристики на теренот, препораките на Инвеститорот дефинирана е коловозната конструкција. Усвоена е следната коловозна конструкција: Асфалтбетон АБ 16с d = 6.0 cm Битуменизиран носив слој БНС 22сА d = 7.0 cm Тампонски слој d = 30.0 cm 1.4.5 Приказ на технологија на изработка и квалитет на материјалите применати при изработката на патот Од страна на Јавно претпријатие за Државни патишта постои изработена техничка документација Технички услови за изградба на државни патишта во Р. Македонија, по која се изведуваат работите. Во продолжение ќе биде даден методолошкиот пристап за изработување. Изработувањето на реконструкцијата мостот на регионалниот пат започнува со геодетско снимање и обележување на коловозот. Потоа се започнува рушење на постоечката коловозна конструкција до кота на новопроектиран тампон во делови каде истото е потребно, како и расчистување на трасата во делот на партерот. За делови каде што се врши уклопување предвидено е засекување на асфалтната конструкција, гребење и орапавување на истата во одредена должина (потребна за нивелетско уклопување), изработка на насип (каде што се подига нивелетата) па изработка на тампонсиот материјал со дебелина д=30 cm, па следуваат битуменизиран асфалтен слој БНС 22сА со d=7cm и на крај доаѓа АБ 16с d=6cm, притоа пред вградување на секој асфалтен слој се прска со битуменска емулзија. 10

Во продолжение се дадени параметрите кои ќе треба да ги задоволат материјалите кои ќе се вградуваат и контролираат. - Тампонскиот слој (предвиден на деловите со нова коловозна конструкција) треба да биде изработен од дробен каменит материјал кој треба да ги задоволи критериумите пропишани со МКС У.Е9. 020 и со лабораториски CBR>80%; - Битуменизираниот носив слој од типот БНС 22сА треба да бидат изработени согласно критериумите пропишани со МКС У.Е9. 021; - Слојот од Асфалт Бетон, кој е предвиден во склоп на коловозната конструкција ќе биде од типот АБ 16с. Критериумите за камената ситнеж се дефинирани со МКС У.Е4.014/90, карактеристиките на полимер- битуменот SBS во количина 4-6% треба да ги задоволат МКС ЕN 14023:2006 - Генерално, начинот и постапката на изработување на долниот и горниот строј, треба да биде во согласност со: Технички услови за изградба на државни патишта во Р. Македонија таканаречена Книга 2, издадена од страна на Јавното претпријатие за државни патишта. 1.5 Останати работи 1.5.1 Одводнување Системот за одводнување и канализирање на атмосферската вода треба да овозможи прифаќање на целокупната вода од површината на објектот и нејзино непречено одводнување надвор од конструкцијата на горниот строј. За таа цел усвоени се по два сливника во секое поле од конструкцијата на пониската страна, на меѓусебно растојание од 12-12,50m. Потоа со хоризонтални и вертикални цевки се испушта во реципиенти. 1.5.2 Ограден систем Усвоен тип на ограда е - комбинирана пешачко - одбојна ограда, од условот да одговара на својата намена и да се вклопи во архитектурата на мостовската к-ција. Постовена е од двете страни на објектот по целата должина, се до крајот на крилните ѕидови. На местото на дилатирање на објектот и оградата е дилатирана. 11

1.5.3 Хидроизолација Хидроизолацијата е составен дел на објектот, наменета е за заштита на бетонот и арматурата од влијание на хемиско и физичко дејство на водата и солта. Предвидена е заштита за сите бетонски површини под земја и бетонски површини изложени на атмоферски влијанија и ходроизолација на коловозна плоча. 1.5.4 Дилатациони спојници За непречено дилатирање на конструкцијата т.е над крајните столбови Ѕ1 и Ѕ5, предвидени се дилатациони спојници. Според условите и должината на објектот, усвоени се дилатациони спојници тип Т-100. Доколку изведувачот предложи друг тип на дилатациони спојници, истите треба пред изведба да бидат одобрени од Надзорот и Проектантот. Дилатациони спојници треба да биде со соодветна документација од производителот и упатство за монтажа. Изведувачот се задолжува строго да се придржува според упатството за материјалот и според технологијата на изведување на дилатационите фуги добиени од производителот. Изведувањето на дилатационите фуги да се врши на средна температура која се јавува во реонот во кои се гради конструкцијата. 1.5.5 Лежишта За пренесување на вертикалните и хоризонталните реакции од носивата конструкција, како и за поврзување на носивата к-ција и долниот строј, се поставуваат лежишта, кои мора да овозможат вертикални деформации на главните носачи и дилатирање на носивата к-ција. Лежиштата се неопренски и нивните карактеристики треба да ги задоволуваат DIN- прописите Во зависност од максималната и минималната реакција, и 12

поместувањето кое делува на едно лежиште, усвоени се еластомерни лежишта со димензии 200x400x63mm, над средните и крајните столбови. Технички опис АБ Мост 1 Припремни работи Под припремни работи се подразбираат сите активности неопходни за отпочнување на градба на овој објект, но во случајов и одстранување на веќе постоечкиот мост. Одстранувањето на постојана деформирана мостовска конструкција, крајни и средни столбови на суво и во вода од предметна локација делумно со минирање, и делумно со механичко кршење. Изведувачот да достави со понудата предлог методологија за уривање на мостот по извршен увид на објектот и земајќи ја во предвид механизацијата и опрема која ја има на располагање. Предвидено е дел од материјалот кој нема арматурни прачки да се искористи за заштита од ерозија во реката, како би се намалила вкупната инвестициона вредност на објектот. Пред почеток на изведбата Изведувачот треба да предложи техничко решение за времено одвивање на сообраќај (трактори и лесни возила) преку река. Препорака од Проектантот и од инвеститорот е да се провери можноста за изведба на насип низ ќе се постават бетонски цевки (пр.со дијаметар од 1500 mm) со што би се обезбедил времен премин преку реката за лесни возила. Предложеното техничко решение треба да биде одобрено од Надзорот и инвеститорот пред изведба. Пред почеток на изведбата Изведувачот треба да предложи сообраќајно техничко решение за времено одвивање на сообраќај по алтернатини патишта. Предложеното сообраќајно техничко решение преку алтернативни патишта треба да биде одобрено од Надзорот, инвеститорот и надлежните институции. 1.1 Претходни испитувања на материјалите Пред отпочнување на изведбените работи потребно е да се посвети внимание на претходни истраги на материјалите за изведба, предвидени со овој проект. За изведба на земјени работи потребно е да се имаат во предвид геотехничките истраги извршени за овој објект, геотехничкиот елаборат за предметната локација, локациите за депонии од каде што можат да се добијат попрецизни податоци за постоечките и применетите материјали. За изведба на бетонските работи потребно е во рамките на Проектот за бетон да се дадат податоци за сите негови составни компоненти, како и да се дадат параметри за контрола на цементот, водата, агрегатот и додатоците. За изведба на армирачките работи потребно е да се обезбедат атести за арматурата. За изведба на останатите работи (хидроизолации, облагање и сл) Изведувачот потребно е да располага со атести за материјалите применети за 13

овој објект. Изведба на нов мост на река Брегалница на Регионален пат Посебно Изведувачот треба да ја има во предвид договорната документација со Инвеститорот (таканаречена тендерска документација) во која што многу попрецизно се дефинирани односите помеѓу Изведувачот и Инвеститорот во поглед на примената на соодветни материјали за градење. 1.2 Организација на градилиште Организацијата на градилиштето треба да обезбеди потребен простор, на местото на градење, за остварување на технолошките процеси предвидени за изведба на овој објект. Исто така според локалитетот на градилиштето потребно е да се обезбедат и пристапни патишта, кои ќе служат за непречено одвивање на севкупните градежни работи. 2 Обележување на објектот и геодетски мерења Во проектот се презентирани доволен број податоци за обележување на објектот. Во тек на градбата хоризонталната и вертикалната положба на пооделните конструктивни елементи се контролира со геодетски инструменти. Не се дозволени поголеми отстапувања од 10mm. 3 Земјани работи Под земјани работи во рамките на овој проект се предвидени: ископ на колови, ископ за изведба на надколови плочи со формирање на градежна јама, насипување околу темелите како и насип меѓу крилни ѕидови односно насип за конуси на објектот. При изведба на работите, Изведувачот треба да го има во предвид и Елаборатот за геотехнички истраги за предметниот објект, односно карактеристиките на вградените материјали од предвиденото позајмиште. 3.1 Ископ на темели и формирање на градежна јама Формирањето на градежна јама подразбира активности за непречено изведување на ископот на земјен материјал за изведба на темелите. Најнапред се пристапува кон извршување на широк откоп за оформување на градежните јами за пооделните темели (надколови плочи). Главна средина за фундирање на коловите конструкција е зоната од добро гранулирани песоци. -Услови за ископ од мостовската Ископот на материјалите може целосно да биде изведен машински, при што според постојната категоризација ГН 200, сите материјали можат да се 14

класифицираат како III категорија. Наклоните на косините на градежните јами изнесуваат 1:1. Се препорачува постапка за технички прием на градежната јама од овластени стручни лица на Инвеститорот. При приемот на градежната јама стручните лица би требало со соодветна постапка да ги проверат претпоставките од Геотехничкиот Елаборат. 3.2 Насипување околу темелите Насипувањето околу темелите се врши во рамките на основата на оформената градежна јама до кота на околниот терен. Насипувањето се извршува во слоеви од по 30cm со дисперзен материјал одобрен од Надзорниот орган за кој е потребна минимална енергија на збивање. Збиеноста се контролира со теренска метода според пропишани технички услови од страна на Инвеститорот. Насипувањето околу темелите може да отпочне по комплетно завршување на изведување на столбовите. 3.3 Насипување помеѓу крилни ѕидови и крајни столбови со оформување на косини за конуси Насипот меѓу крилните ѕидови се извршува со материјал со карактеристики прецизно дефинирани од Проектантот, односно според дефинирани позајмишта посебно за секој објект. Во статичката пресметка земени се следните карактеристики за насипот: -сува волумена тежина d = 24.0 KN/m 3 -агол на внатрешно триење = 35 Предвидено е насипот да се изведува со крупнозрн чакалест материјал врз подлога од слој од водонепропусен материјал со истата пропишана збиеност од МВ100. Вградувањето на материјалот да се изведува во слоеви со дебелина од 30-40cm, во зависност од расположивата механизација на Изведувачот, при што максималната големина на зрната се ограничува на 1/2 од висината на слојот. Материјалот при збивањето треба да има оптималната. влажност блиска до Контролата на постигнатата збиеност да се врши со соодветни испитувања за секој слој, при што бараната збиеност за секој слој да изнесува: - за завршен слој со висина од 2m под нивелетата 100% во однос на модифициран Прокторов опит; - за слоевите од дното на темелот до 2m под нивелетата 95% во однос на модифициран Прокторов опит. Насипот ќе биде изработен во два слоја од чакалест материјал со 15

максимално зрно од 70mm со процент на ситни честички под 0.02mm не поголем од 3%, додека калифорнискиот индекс на носивост да изнесува ц.б.р.>8. Бараната збиеност да изнесува 100% од максималната волуменска тежина во сува состојба добиена по модифициран Прокторов опит, додека бараниот модул на стисливост со кружна плоча Ф300mm да е поголем од 80 MPa. 4 Бетонски и армирано-бетонски работи Под овој вид работи се подразбираат работите за оплатирање, бетонирање, армирање и заскелување на конструктивните елементи. Покрај препораките во воведниот дел општо за бетонските работи опишани се и проектанските мислења како критериуми за изведба пооделно за секој конструктивен елемент. Се подразбира дека Изведувачот практично конкурира со сопствената технологија за квалитетна изведба на овој вид работи. Начинот на контрола ја пропишува Инвеститорот, а во склад со Проектот за бетон, односно во рамките за контрола на квалитетот на објектите по трасата. За успешно извршување на бетонските работи, согласно со ПБАБ 87, Изведувачот е должен да изработи Проект за бетон, во кој што се дефинирани: производството, транспортот, вградувањето и негата на проектираните бетони како и начинот на контрола на свежиот односно стврднатиот бетон и составните делови. Бетоните кои се проектирани за конструктивните елементи на објектот се со следниве карактеристики: МБ 40, М-100 за сите конструктивни елементи од горниот строј (главни монтажни носачи, попречни носачи, коловозна плоча), односно МБ 30, М-100 за сите конструктивни елементи од долниот строј (средни и крајни столбови заедно со темелите, крилните ѕидови). Сите подбетони во конструкцијата се предвидени да се изработат од МБ 20. 4.1 Општи услови за изведба на бетонски и армиранобетонски работи Општите услови за бетонски работи се однесуваат за сите конструктивни елементи и потребно е да бидат земени во предвид во Проектот за бетон. Покрај изнесените технички услови за изведување и критериумите за оцена на квалитетот на материјалите Изведувачот е должен да се придржува и кон важечката техничка и законска регулатива за бетонски и армирано-бетонски работи. Во рамките на овој проект под општи услови ќе бидат набележани и одредени препораки како потсетник за Изведувачот. 4.1.1 Изработка на кофражот - оплатирање Конструирањето на оплатата мора да е во склад со плановите за оплата на пооделни конструктивни елементи. Димензиите на оплатата како и средствата за потпирање и 16

поврзување на оплатата мора да се во склад со МКС.У.Ц9.400. Проектираната оплата и употребата на средства за заштита на истата треба да обезбедат идеално мазна површина без флеки. Изведувачот ја проектира оплатата како во склад со сето горе наведено, така и во склад со усвоената технологија на градба презентирана низ Проект за бетон. При тоа во приодот на оплата секако треба да се имаат во предвид барањата искажани преку презентираните нацрти и овој технички опис, за секој конструктивен елемент пооделно. 4.1.2 Бетонирање а) Претходни испитувања на составните материјали Пред отпочнувањето на работата пожелно е Изведувачот да располага со доволен број на разновидни претходни истраги како на материјалите за бетон (агрегат, цемент, вода и додатоците) така и на свежиот, односно стврднатиот бетон, согласно со важечките прописи и стандарди. Со други зборови Изведувачот треба да има искуство со веќе оформена фабрика за бетон, со перманентни годишни испитувања, трајни снабдувачи со цемент и агрегат и оформено долгогодишно производство. Претходните истраги гарантираат дека барањата за бетоните од овој проект, односно Проект за бетон изработен од Изведувачот, ќе бидат успешно реализирани. б) Производство, транспорт и вградување на бетонот Производството, транспортот и вградувањето на бетоните по пооделни позиции треба да се разработи врз база на претходни истраги, а во склад со барањата на овој проект, и презентира во Проект за бетон. Производството на бетоните мора да е во склад со ПБАБ-87 и проследено со оформен начин на контрола. Транспортот на бетоните мора да се извршува со соодветни современи и пред сé исправни транспортни средства и да е проследено со оформен начин на контрола. Вградување на бетоните во конструкциите подразбира уфрлање на свежа бетонска маса, како и збивање на истата. Уфрлањето на бетонот во конструкциите мора да се остварува низ посебни помошни средства олуци, доколку не се користи пумпа за бетон. Нанесувањето да се врши со слоеви максимум 30-50cm. Со збивањето мора да се обезбеди исфрлање на воздухот од бетонската маса од една страна, како и тоа хомогена бетонска маса да го исполни кофражот во целост, а посебно заштитниот слој околу арматурата. Вградувањето и збивањето треба да се во склад со конструкциите што се изведуваат, а исто така и со конзистенцијата на свежата бетонска маса, што секако упатува уште еднаш на корелација меѓу овој проект и Проектот за бетон. в) Нега на вградените бетони На вградениот бетон мора да му се овозможат услови процесот со хидратација нормално да тече како би се запазиле бараните карактеристики на проектираните бетони. 17

Негата се пропишува со Проект за бетон при што треба да се имаат во предвид сите фактори што доведуваат до пребрзо сушење на бетонот. Се препорачува што покасно вадење на оплатата во склад со конструкциите што се изведуваат. Негата како битен фактор за квалитет не смее да се занемари. Во зависност од проектираниот бетон и временските услови се пропишува и времето на негување кое што треба да трае минимум 7-14 дена. г) Припрема на подлогата Припремање на подлогата е предвидено при прекини на бетонирање кај работни спојници. При тоа предвидено е отстранување на сите неврзани делови од цементното млеко и агрегатот со штемање. Пред нанесување на второлиениот бетон потребно е подлогата да се навлажни, но не и да биде мокра. Обработената подлога треба да има рамни рабови, а на површината испакнати делови од врзаниот агрегат. Пред бетонирањето се препорачува подлогата да се испрска со цементен раствор 1.5:1. д) Завршна обработка Бетонските површини што не се оплатирани завршно се обработуваат така да се добие идеално мазна, а по потреба и водонепропусна површина. 4.1.3 Армирачки работи За армирање на бетонските елементи и конструкции се употребува жица со дијаметар Ф<12мм или прачки со Ф>12мм од гладок челик ГА 240/360 - глатка арматура и од ребраст челик РА 400/500-2 - ребраста арматура, како и високовреден челик за преднапрегање со квалитет 02/ к=1670/1860 МPa. Пред почнувањето на армирачките работи потребно е да се извршат испитувања на арматурата по дијаметри и контролираат најважните каракеристики: јакост при кинење, граница на развлекување, издолжување при кинење и контракција. Задолжително треба да се изврши контрола на квалитетот на заварувањето на наддадената арматура. Арматурата која се употребува во елементите од објектот треба да ги задоволува условите за квалитет дефинирани во ПБАБ-87 и важечките стандарди: МКС Ц.К6.020/87, МКС Ц.К6.120/86, МКС У.М1.091/80, МКС У.М1.092/87, МКС Ц.А4.035/66. За елементите и конструкциите кои во експлоатацијата ќе бидат изложени на динамички товари, употребената арматура треба да биде изработена од челик кој го задоволува условот за динамичка јакост, т.е. да поседува потребна јакост на замор. Арматурата која ќе се употребува за изработка на елементите од конструкцијата треба да биде беспрекорно чиста и прецизно изработена според арматурните планови. Пред приготвувањето на арматурата потребно е да се контролираат должините внесени во арматурните планови. Монтажата на испорачаната арматурата треба да биде прецизно извршена водејќи сметка за меѓусебните растојанија на одделните арматурни прачки како и за заштитните растојанија. За таа цел треба да бидат употребени цементни држачи и подметки - дистанцери. За преднапрегнатите елементи во објектот треба да се употреби арматура во вид на кабли која ги задоволува условите од важечкиот Правилник 18

за техничките нормативи за челични жици, прачки, јажиња и кабли за преднапрегнати конструкции од 1988, како и Евронормите 138-79. Арматурата за преднапрегање во вид на кабли, треба да биде испитана и за неа да се определат најважните механички карактеристики: јакост на кинење и условна граница на развлекување (1670/1860 ). Силата при кинење на едно јаже не треба да биде пониска од 190 KN. Релаксација на челикот да не биде повисока од 2.0% по 1000 часови. Затегнување на арматурата не смее да се врши ако не се располага со резултатите од испитувањата на арматурата и со експериментално регистриран дијаграм за челикот. Испитувањата треба да се вршат во согласност со важечките стандарди: МКС Ц.К6.033/82, МКС Ц.К6.034/82, МКС Ц.К6.035/82,МКС Ц.К6.036/82, МКС Ц.К6.037/82. Пред отпочнување со затегнувањето на каблите потребно е да се изврши испитување на опремата за преднапрегање, т.е. да се изврши баждарење на хидрауличките комплети. 4.1.4 Заскелување Челичната цевна скела претставува привремена конструкција за превземање на товари од оплатата и свежо вградениот бетон, како и за привремено фиксирање на долгите арматурни прачки. Заскелувањето се изведува врз база на проектна документација со внимателно конструирање и димензионирање. Поединечните цевки може да понесат главно центрични притисоци, додека при екцентричен притисок носивоста им се намалува. На располагање на Изведувачот најчесто му се: тешка цевна скела 48,3mm Ѕ=4.05mm (МКС С.В. 5222 и DIN 2441) и лесна цевна скела 48,3mm Ѕ =3.50mm (МКС С.В. 5222 и DIN 2440). Потребно е посебно внимание при изведувањето на меѓусебните споеви, затоа што со невнимателно ракување може да се загрози носивоста, а со тоа и безбедноста. Не би требало да се во употреба цевни скели, спојки и навртки зафатени од корозија. Пред изведба се препорачува проверка на декларираните карактеристики за материјалите што се во употреба. 4.2 Посебни услови за изведување бетонски и армирано- бетонски работи 4.2.1 Армирано-бетонски темели под крајни столбови, крилни ѕидови и средни столбови Со овој проект предвидена е а.б. темелна конструкција составена од а.б колови групирани по осум кола и поврзани на горниот крај во надколова плоча, под крајните и средните столбови. 19

За изведба на коловите најпрво геодетски се позиционираат на точната локација за нивна изведба. Околниот терен се чисти од било каков материјал кој би пречел за нивна изведба. Исто така потребно е да се обезбеди непречен пристап на механизацијата до самите позиции за изведба на коловите, како за ископ така и за бетонирање. Ископот на коловите се врши машински до предвидената кота и со предвидениот дијаметар на коловите, согласно проектната документација. Доколку изведбата на коловите е во некохерентен хетероген дисперзен материјал, односно материјал склон на обрушување, како и во присуство на високо ниво на подземна вода, ископот потребно е да се заштитува со помош на обложни колони (кои се отстрануваат во тек на бетонирање) или со примена на исплака. Арматурата потребна за армирање на коловите се припрема надвор од локацијата или на самата локација, согласно предвидениот арматурен план. Така подготвените арматурни кошеви со помош на механизација се спуштаат во претходно ископаните позиции за изведба на коловите. Поставувањето на арматурниот кош потребно е да се направи внимателно така што ќе се обезбеди негова оддалеченост од површината на ископот, истот може да се постигне со заварување на дистанцери на самиот арматурен кош. Со тоа се обезбедува простор за навлегување на бетонската маса помеѓу ископот и арматурниот кош, како би се обезбедил заштитниот слој на арматруара. Како завршна фаза од изведбата на коловите е нивно бетонирање со предвидената марка бетон. За време на бетонирањето потребно е да се врши контрола на бетонот според пропишаните регулативи, и според тоа квалитетот на бетонот треба да ги задоволи сите потребни критериуми спрема постојните стандарди. Бетонирањето се врши непрекинато по целата должина на колот. Изведувањето на бетонирањето е со помош на цевка која се спушта до самото дно на ископаниот кол и истата се подига како што се напредува со бетонирањето. Излезот на цевката за бетонирање цело време при бетонирањето потребно е да се задржи во бетонската маса, 0,50-1,00 m. Со ваков начин на бетонирање се избегнува можноста за појава на сегрегација на бетонската маса. При самото напредување со бетонирање се извлекуваат и обложните колони, внимавајќи да не се појави обрушување на почвен материјал во самата бетонска маса, со што би се нарушил интегритетот на бетонирањето. Откако ќе се заврши изведбата на колот, главата на колот се приготвува за врзување со горната конструкција. Поради специфичноста на теренските услови за фундирање, Проектантот препорачува да се изведе пробен кол, како би се потврдила проектираната геометрија и носивоста на коловите. Во однос на надколовата плоча, најнапред се извршува бетонирање подложен слој за израмнување на подлогата под надколовата плоча. Со технолошкиот проект треба да се предвиди начинот за спречување на губење на водата од свежата бетонска маса, како и мешањето на земјаниот материјал со бетонот. 20

Слика. Графички приказ на изведба на бушени колови заштитувани со челични колони Арматурата за темелите се поставува врз дистанцерите предвидени за оваа позиција. Со оглед на висината на надколовата плоча, предвидени се дистанцери за арматурата од горна зона. Исто така и арматурата за крајните и средните столбови се поставува во проектираната положба според приложените арматурни детаљи. За монтирање на арматурата проектирана без анкери потребно е да се предвиди скела со можност за фиксирање на арматурата во проектираната положба. Меѓусебното поврзување на арматурните прачки, како и фиксирањето за кофражот треба да овозможи непомерливост на арматурата при вибрирањето на бетонската маса. Монтираната арматура според арматурните детаљи ја контролира лице овластено од Инвеститорот. Предвидена е изведба на темелната конструкција без работни спојници. Оплатата треба да ја обезбеди формата на проектираниот бетонски волумен во текот на изведување. Избраната оплата треба да гарантира мазни бетонски површини погодни подоцна за нанесување на хидроизолација. Не се дозволува истечување на цементното млеко на меѓусебните врски. Со нивелирање потребно е да се обезбеди хоризонтирање на неоплатираната површина. И покрај добриот пристап до градежната јама, сепак се препорачува вградување на бетонот со помошна пумпа за бетон во слоеви од 30-50cm пред сé заради релативно големата висина на бетонскиот пресек. Нанесувањето по широчина и должина треба прецизно да е обработено во Проектот за бетон. Во него, потребно е да се дадат и параметри за оцена на свежата бетонска маса посебно значајни за оваа позиција (конзистенција по метод на Сламп, почеток и крај на врзување и друго). Збивањето на свежата бетонска маса потребно е да се обработи во Проект за бетон каде што во склад со предвидената технологија на вградување потребно е да се пропишат средствата за збивање односно времето на збивање на пооделните слоеви, при што треба да се има во предвид и почетокот и крајот на врзување на свежата бетонска маса. 21

Неоплатираната површина се обработува на два начина. Делот на пресекот вон арматурата потребно е со пердашење и глачање да се приготви за поставување на хидроизолацијата. Делот од пресекот меѓу арматурата потребно е 8-12 часа по бетонирањето да се очисти од цементно млеко и сите неврзани делови. Потребна скела се планира за работни платоформи и оплатирање на крајните столбови, односно за задржување на правецот на монтираната арматура за столбот. Скелата во прва фаза се монтира вон габаритот на темелот, а за втора фаза може да налегнува на веќе изведениот темел. 4.2.2 Крајни столбови со крилни ѕидови Со овој проект предвидени се крајни столбови и крилни ѕидови во вид на армирано бетонски ѕидови. Крилните ѕидови се нормално поставени во однос на крајниот столб. Бетонирањето на телото на столбот и крилните ѕидови предвидено е да се изведува во повеќе фази по можност со што помал број на работни спојници. Најнапред се бетонира делот од столбот и крилниот ѕид во една фаза до нивото од каде што почнува конзолниот дел на крилото. Втората фаза се однесува на оформување на крајни столбови до ниво на скриена належна греда непосредно под лежиштата за главните носачи и крила до ниво на проширување на круната. Во третата фаза се бетонира скриената належна греда, при што треба да се имаат во предвид и належните површини за поставување на лежиштата. Во последната фаза се бетонира парапетот на крајниот столб, како и круната на крилните ѕидови. Се препорачува вградување на бетонот со помош на пумпа за бетон во слоеви од 30-60cm. Вградувањето и збивањето потребно е точно да се опишат во Проектот за бетон, водејќи сметка за почетокот и крајот на врзување на бетонот каде што во склад со предвидената технологија на вградување потребно е да се пропише времето на збивање на пооделните слоеви. Кај работните спојници потребно е 8-12 часа по бетонирањето да се очисти цементното млеко како и сите неврзани делови. Бетонската површина под лежиштата завршно се обработува со пердашење и глачање до црн сјај. Во Проект за бетон потребно е да се даде можност на оцена на свежата бетонска маса (конзистенција, почеток и крај на врзување и др.) Дел од главната арматура за крајните столбови со дел од разделната арматура е веќе вградена во текот на изведбата на темелната плоча и фиксирана на проектирана положба со потребна скела. Останатата арматура се монтира во склад со предвидената технологија на оплатирање односно според предвидените фази на бетонирање, така да се овозможи непречено вградување на бетонската маса. Заштитните слоеви се оформени со дистанцери предвидени за оваа позиција. Арматурата за належната греда и парапетите треба да се монтира по завршеното бетонирање на телото на столбот и третманот на работната спојница. Се предвидува заедничко оплатирање на крајните столбови и крилни ѕидови. Оплатирањето може да се изведе класично, но и со степенасто померлива оплата. Со оглед на висината на столбовите можни се и двата начина на оплатирање. Предвидениот начин на оплатирање треба да е во склад со поставената скела за фиксирање на монтираната арматура, како и со 22

предвидениот начин на бетонирање по фази. Избраната оплата треба да гарантира мазни бетонски површини погодни за нанесување на предвидената хидроизолација, односно да не го нарушуваат визуелниот ефект на видливата страна. Контактот оплата - готов бетон потребно е да се обезбеди со профилирани гумени заптивки. Потребно е да се предвиди потребна скела за работни платформи односно евентуално потпирање на проектираната оплата, особено за конзолниот дел на крилните ѕидови. 4.2.3 Средни столбови Средните столбови S2,S3 и S4 се проектирани како армирано-бетонски платна со димензии 100/500cm и се поставени во однос на осовината на патот под агол од 90 степени. На горниот крај на средните столбови проектирана е належна греда. Останатите работи за средните столбови подлежат под истиот опис на работите како кај крајните столбови. 4.2.4 Изведување на преднапрегнати главни носачи 4.2.4.1. Вовед Главните носачи од конструкцијата, како дел од полумонтажна гредна скара, проектирани се како монтажни преднапрегнати носачи спрегнати со армирано-бетонската коловозна плоча. Со проектот се предвидени по 5 (пет) главни носачи во попречен пресек за конструкцијата во едно поле. Заради поедноставна монтажа, носачите ќе се лијат во ниво на речното корито,од двете страни. За подигање на носачите, оставени отвори од челични цевки Ф100mm, како и отвор во горната фланша од 30/15cm. Низ овие отвори се протнуваат челичните јажиња кои служат за подигање на носачите. При дигањето на носачите и вадењето од оплатата (челичните калапи), задолжително треба да се почитуваат сигурносните стандарди за подигнување и депонирање. За дигање на носачите смеат да се употребуваат само атестирани челични јажиња. На работниците, кои непосредно ќе учествуваат при дигањето, треба да им се обрне внимание на правилниот начин на прицврстување на товарот и на можните последици од неправилниот начин на работа. 4.2.4.2. Монтажа и демонтажа на оплатата Пред монтажата, потребно е оплатата да се исчисти со стругање до сјај. Потоа површината се брише со памучни крпи пред нанесување на оплатното средство. Оплатното средство се нанесува рамномерно без истекување по површината на оплатата. Процесот на монтажа треба да овозможи непречено монтирање на проектираната арматура, кабли и котви, на предходно поставени дистанцери, според предвидените заштитни слоеви. Оплатата бочно се затвора по прием на вградената арматура од овластено стручно лице од страна на Инвеститорот. 23

Контролата на монтираната оплата се врши по пресеци во хоризонтала и вертикала на секои 2,0m. Правецот на оплатата се обезбедува преку идеалноста на изработеното дно на калапот на платото за оплатирање и бетонирање. Манипулацијата со оплатата подлежи на придржување кон одредени сигурносни стандарди кои што задолжително треба да се почитуваат. 4.2.4.3. Изработка и монтажа на проектираната арматура Арматурата се изработува и монтира според приложените нацрти. Со меѓусебно врзување на подолжнита арматура и узенгиите потребно е да се обезбеди непомерливост на арматурните прачки во текот на вградувањето и збивањето на свежата бетонска маса. Заштитните слоеви се обезбедуваат со дистанцери. 4.2.4.4. Монтажа на заштитни совитливи цевки Заштитните совитливи цевки (метални или полиетиленски) се поставуваат врз регали од арматурни прачки според приложените нацрти. Истите се со дебелина од 0.20mm и имаат задача да извршат заштита на каблите за преднапрегање во тек на експлоатација. Дозволеното отстапување на резултантата на каблите во однос на проектираната положба може да изнесува најмногу 2%, а отстапувањето на поединечните цевки во однос на висината најмногу 2 cm, но не и на скратување на заштитниот слој. За цевките е битно да се неоштетени (без евентуални дупнатини) и со тоа да не предизвикуваат корозија на челикот за преднапрегање. Заптивањето на заштитните цевки потребно е да обезбеди водонепропусност во секоја фаза на изведбата. Доброто заптивање и правилната геометриска положба посебно е важно да се обезбедат во текот на бетонирањето, кое обично е следено со снажно вибрирање. Заштитата на челикот за преднапрегање, цевките ја вршат откако истите ќе бидат исполнети со ијнекционата смеса под притисок. За таа цел од внатрешноста на цевките мора да биде истиснат сиот воздух, со цел да се спречи создавање на т.н. воздушни меури кои ќе спречат целосно опфаќање на просторот околу кабелот со ијнекциона заштитна смеса. За таа цел Изведувачот е должен да располага со специјална опрема за вакуумско истиснување на воздухот од внатрешноста на заштитната цевка или пак на Инвеститорот да му предложи друг соодветен и ефикасен начин за изведба на оваа операција. Доколку Изведувачот не располага со вкупната должина на заштитната цевка колку што е и должината на кабелот, односно ако заштитната цевка е составена од повеќе елементи, тогаш особено внимание да се посвети на врската на овие елементи, односно на квалитетната изолација на овие споеви. 24

4.2.4.5. Бетонирање на монтажни преднапрегнати главни носачи Под бетонирање на монтажни носачи се подразбира севкупност на технолошки процеси однсно производство, транспорт и вградување со збивање на свежата бетонска маса заедно со завршната обработка на неоплатираните површини. Целокуниот технолошки процес треба да гарантира остварување на техничките услови за готови бетони предвидени со свој проект, а се разбира и остварување на останатите технички услови со законската регулатива. Во Проект за бетон потребно е да се даде можност за оцена на свежата бетонска маса пред вградување (на пример конзистенција со пропишана метода Сламп ), како и почетокот и крајот на врзување на бетонот во склад со предвиденото вградување на свежата бетонска маса во слоеви по хоризонтала и вертикала. Се препорачува користење на пумпа за бетон со можност цевка да се вовлекува меѓу узенгиите. Со овој проект се препорачува исклучително користење на оплатни вибратори за збивање на свежата бетонска маса. Демонтирањето на оплатата е потребно да се пропише со Проект за бетон, а се препорачува мин. 48h од крајот на бетонирањето. Во текот на бетонирањето потребно е непрестано да се контролира проодноста низ совитливите цевки. За таа цел треба да послужи опрема што го имитира кабелот. Доколку се констатираат извесни делумни или потполни зачепувања уште пред завршениот процес на врзување на бетонот потребно е со посебна опрема да се обезбеди проодноста низ совитливите цевки. Бетонот за изработка на носачите покрај усвоената јакост на притисок изработена со марка МБ-40, треба да ги поседува и следите посебни својства: водонепропустливост Б-6, постојаност на мраз М-100, собирање ѕ(%о)=0.34, течење т=2.1 и модул на еластичност Еb = 3,50 х 10 4 Мра. Ваквиот бетон ќе биде пумпан со конзистенција по Сламп метода од 8-10cm. При производство на бетонските мешавини ќе се употребува фракциски поделен агрегат. Цементот кој ќе се употребува ќе биде ПЦ 400. За подобрување на конзистенцијата на свежата бетонска мешавина и за забрзување на почетните јакосни карактеристики во бетонската мешавина што ќе се вградува во мокриот спој, ќе се употребуваат соодветни адитиви. При бетонирање во услови на температури пониски од +5 0 С, ќе се користи додаток против мрзнење на водата во бетонот. При изработка на монтажните елементи, според усвоена програма за контролни испитувања, потребно е да бидат изработени контролни тела - коцки. По извршената комплетна изработка, секој елемент треба да биде обележан со мрсна боја и со регистрирана дата на изработка. По завршувањето на збивањето на бетонот во носачот, се започнува со негово негување на тој начин што се врши покривање на горната површина на бетонот со ПВЦ фолија или со јутени вреќи или ќебиња кои постојано ќе се квасат со вода. По период од 12 до 16 часа, се врши демонтирање на оплатата и носачот се заштитува (по пат на прекривање) од директни влијанија на сонце 25

и ветер. Бетонските површини на носачот не се поливаат со вода се до моментот на негово оладување до нормална температура. По оладувањето на носачот, но не подоцна од 24 часа по бетонирањето, се започнува непрекината нега на бетонот во период од 7 дена, на тој начин што неговите површини се прекриени со влажни јутени вреќи или ќебиња. 4.2.4.6. Преднапрегање на главните носачи Преднапрегањето на главните носачи се изведува во склад со предвиденото во статичката пресметка. Со овој проект предвидени се по 4 кабли од типот 7Т15 (седум јажиња Ф15.2mm) од системот за преднапрегање FREYSSINET, кои ќе се преднапрегаат истовремено од двете страни на главниот носач. Предвидено е да се користи високовреден челик за преднапрегање со квалитет 02/ к=1670/1860 MPa. Тежината на кабелот изнесува 7.64 kg/m ; заштитна цевка Ф60/66mm; тип на котва: 7C15; тип на преса: C350F, со почетна сила на преднапрегање Np= 1330 kn во еден кабел. 4.2.4.6.1. Спецификација на технолошките процеси во изведувањето 4.2.4.6.1.1. Вовлекување на каблите Вовлекувањето на каблите може да отпочне по проверка на проодноста на просторот предвиден за нивно сместување. Со оглед на тежината на каблите и нивната должина, очигледна е потребата од добро осмислен пристап, почнувајќи од формирање на каблите па се до нивното вовлекување во главните носачи. Формираните кабли потребно е да се нарачаат од производителот со нешто поголема должина од потребната. На местото на градење формираниот кабел се складира онака како што е транспортиран, односно исправен. Пред вовлекување треба да се провери паралелноста на јажињата, а формираните кабли местимично да се поврзат. Изведувачот за вовлекување на каблите потребно е да располага со дигалка или кран со минимална носивост од 500 kg. Во текот на целиот процес јажињата треба да останат беспрекорно чисти што подразбира формирање на јармови на тркала или слични помошни средства за придржување на кабелот додека трае неговото вовлекување. 4.2.4.6.1.2. Затегнување на каблите Пред да се започне со преднапрегање на каблите, Изведувачот потребно е да располага со податоци од тековните испитувања на пробни тела за бетони, а пред се со јакоста на притисок. Најнапред потребно е да се провери поместливоста на каблите. Потоа секое јаже се сече со соодветна опрема на должина потребна за зафаќање со пресата. За тип на преса C350F и котва 7C15, оваа должина изнесува 125cm. На веќе припремените јажиња, се навлекува котвата со клиновите. Потоа се пристапува кон поставување на пресата така што јажињата се вовлекуваат во соодветни канали на пресата. Пресата се потпира на подложната плоча. За сето време пресата се придржува со помошно средство - дигалка. 26