М-р Елена Мујоска 1. год. 17, бр. 1-2, (2010) 237

Similar documents
Позначајни концепциски разлики во реформата на истрагата во Хрватска и во Македонија

Март Opinion research & Communications

03. Plea Bargaining 01 MK [REV2] :05 Page 1

03. Investigation 01 MK [rev 2]:Layout :04 Page 1

ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СОСТОЈБИ И ПЕРСПЕКТИВИ

НОВ ЗКП ПРАВИЧЕН БАЛАНС МЕЃУ ЕФЕКТИВНОСТА НА КРИВИЧНИОТ ПРОГОН И ЕФЕКТИВНАТА ОДБРАНА. Клучни зборови: судење, притвор, докази, вештачење, откривање

УЛОГАТА НА ПОЛИЦИЈАТА ПРИ ПРЕЗЕМАЊЕ НА ДЕЈСТВИЈА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ДОКАЗИ ВО КАЗНЕНА ПОСТАПКА

ЈАВНОСТ ВО КРИВИЧНАТА ПОСТАПКА

УЛОГА НА ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ И ПРАВОСУДНАТА ПОЛИЦИЈА ВО СОГЛАСНОСТ СО ПРЕДЛОЗИТЕ ВО НОВИОТ ЗКП (ПРЕДНОСТИ, НЕГАТИВНОСТИ И МОЖНИ РЕШЕНИЈА)

Прирачник за адвокатски вештини за одбрана во кривичната постапка

КЛИНИЧКА ФАРМАЦИЈА И ФАРМАКОТЕРАПИЈА ПРАКТИКУМ

МАСС-МЕДИУМИТЕ И ПОТРЕБАТА ОД РЕФОРМА НА КАЗНЕНИТЕ ОДРЕДБИ ЗА КАЗНЕНИ ДЕЛА СТОРЕНИ ПРЕКУ МАС-МЕДИУМИТЕ

Гледиштата изразени во овој извештај се на авторот и не нужно ги одразуваат гледиштата на Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за демократија

ДЕЛОВНО ПРАВО BUSINESS LAW Edition for the theory and practice of Law

БИОГРАФСКИ ПОДАТОЦИ. I. Образование: Дипломирала на Правниот факултет во Скопје на

ЕВРОПСКИТЕ СТАНДАРДИ ЗА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА И НИВНАТА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА ВО ПРАВНИОТ СИСТЕМ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

Заштита на личните податоци во Република Македонија. Охрид, 27 мај 2014 година

ОДМЕРУВАЊЕ НА КАЗНАТА ВО ГЕРМАНСКОТО ПРАВО

Управни спорови - предности и недостатоци. и нивно влијание врз прекршочната постапка

КОН ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПОЛИЦИЈА. 1. Воведни забелешки- ги земаме ли правата и полицијата сериозно?

Прашања за II (втор) колоквиум по Граѓанско процесно право

ПРЕКРШОЦИТЕ ВО МАКЕДОНСКИОТ ПРАВЕН СИСТЕМ. Доц. д-р Искра Аќимовска-Малеtиќ * Местото на прекршоците во системот на правото

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

ТОЛКОВНИК НА ПОИМИ, ТЕРМИНИ И ИМИЊА ОД ОБЛАСТА НА ТУРИЗМОТ (АНГЛИСКО-РУСКО-МАКЕДОНСКИ)

НЕЗАВИСНОСТ НА СУДСТВОТО

Структурно програмирање

март - јуни 2006 година

С О Д Р Ж И Н А. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

ЗА НЕКОИ (КОНТРОВЕРЗНИ) РЕШЕНИЈА ОД ЗАКОНОТ ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ВИДОТ И ОДМЕРУВАЊЕ НА ВИСИНАТА НА КАЗНАТА

СУДОВИТЕ: ЧУВАРИ НА ЈАВНИОТ ИНТЕРЕС ИЛИ НА ПОЕДИНЕЧНИ ИНТЕРЕСИ. ДОКУМЕНТ ЗА ЈАВНА политика

Правното уредување на семејното насилство во Р. Македонија

Значајни подрачја за раститенија, птици и пеперутки во Македонија. Славчо Христовски

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

АНАЛИЗА НА КАЗНЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ КАКО ПРАВНИ ЛИЦА 2

АНАЛИЗА НА НЕЗАВИСНОСТА НА СУДСКИ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - СТРЕМЕЖ И ПРЕДИЗВИЦИ -

УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ ЈУСТИНИЈАН ПРВИ СКОПЈЕ. Издавач: Правен факултет ЈУСТИНИЈАН ПРВИ СКОПЈЕ

Биланс на приходи и расходи

Автори: Јасмина Димишковска Рајковска; Маја Варошлија; Сунчица Димитријоска; Анета Трајковска.

Гледиштата изразени во овој извештај се на авторот и не нужно ги одразуваат гледиштата на Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за демократија

University St.Kliment Ohridski - Bitola Scientific Tobacco Institute- Priep ABSTRACT

Прирачник за европското законодавство за заштита на податоците

Биланс на приходи и расходи

Публикација: Анализа за процена на националните програми и мерки за вработување на лицата со попреченост

Социо политички и правни аспекти на аболицијата во меѓународната заедница

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

АНАЛИЗА НА ПРЕКРШОЧНИТЕ ОДРЕДБИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ОДНОС НА ВИСОЧИНАТА НА ГЛОБАТА

ШЕСТ ГОДИНИ ПОДОЦНА: РАСПУКА ЛИ ЅИДОТ ОД ТИШИНА? Анализа на имплементацијата на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер

Европски суд за човекови права. Прашања и Одговори

КАКО ДО ПОДОБРА ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА која ќе ги заштити граѓанските организации од арбитрарни инспекции и контроли во областа на даночното работење?

СЛОБОДА НА ИЗРАЗУВАЊЕ

Николче Илиоски 153-II/Б

Од одбраната на обвинетиот ЉУБЕ БОШКОВСКИ од Скопје

Publikationen zur rechtlichen Zusammenarbeit

Преглед на државите во Западна Африка

ПРАВОТО НА ПРИВАТНОСТ НИЗ ПРАКТИКАТА НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

ЗАКОНСКОТО НАСЛЕДУВАЊЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО ОСВРТ ВО НЕКОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ

Универзитет Гоце Делчев Штип Правен факултет. Магистерски труд на тема: Одговорноста на гарантот според Македонското право и судска практика

2.3 ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА. Службен весник на Република Македонија бр. 53 од 11 април 2013 година

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

Прелиминарен извештај за состојбите поврзани со примената на законските рамки поврзани со прислушување

Обука за електронски систем на учење МИКРОУЧЕЊЕ. Материјал за учесници

Универзитет Гоце Делчев Штип Правен факултет - Кочани

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ПРИРАЧНИК ЗА РАБОТА СО МОДУЛОТ ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ПРЕКУ ПОРТАЛОТ НА ФЗОМ

УНИВЕРЗИТЕТ,,СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ БИТОЛА ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ КИЧЕВО ДИСПЕРЗИРАНИ СТУДИИ БИТОЛА

МЕЃУНАРОДНИ И РЕГИОНАЛНИ ПРАВНИ ИНСТРУМЕНТИ ПРОТИВ ЗЛОУПОТРЕБАТА НА СЛУЖБЕНАТА ПОЛОЖБА (КОРУПЦИЈАТА)

ПРЕДИЗВИЦИ ВО РАТИФИКАЦИЈА НА КОНВЕНЦИЈAТА НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И БОРБА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНAТA И ДОМАШНОТО НАСИЛСТВО

* Има познавање на напредните техники и методи на истражување во областа на меѓународното право.

Упатство за инсталација на Gemalto.NET токен во Mozilla Firefox

БИЛТЕН, I/46 28 мај 2014

ПРАВДА ЗА ДЕЦАта. Прирачник

КЛУЧНИ ДВИГАТЕЛИ ВО ПОТРЕБИТЕ ЗА ОПТИМАЛНИ ОДРЕДБИ ЗА ПОСЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ: АНГЛИСКА СТУДИЈА

МОДЕЛИ И ТЕХНИКИ НА ГРУПНО ОДЛУЧУВАЊЕ И НИВНАТА ПРИМЕНА ВО ДЕЛОВНИТЕ СУБЈЕКТИ ОД ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН

МАКЕДОНСКА РЕВИЈА ЗА КАЗНЕНО ПРАВO И КРИМИНОЛОГИЈА. ISSN (год. 20, бр. 1, 2013 )

ПРАВОTO ДА СЕ НАПУШТИ ДРЖАВАТА

ПАРЛАМЕНТАРНА КОНТРОЛА НАД РАБОТАТА НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ И РАЗУЗНАВАЧКИ СЛУЖБИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Преземање сертификат користејќи Mozilla Firefox

Универзитет Св. Климент Охридски- Битола. Факултет за информатички и. комуникациски технологии - Битола. Студиска програма:

КОНТРОЛНА ЛИСТА ЗА ИЗРАБОТКА НА ЗАКОНИ И ЗА РЕГУЛАТОРНО УПРАВУВАЊЕ ВО ЦЕНТРАЛНА И ИСТОЧНА ЕВРОПА. СИГМА ДОКУМЕНТ Бр. 15, 1997

СОГЛЕДУВАЊА ЗА ПОЗИТИВНИТЕ И ЗА НЕГАТИВНИТЕ ВЛИЈАНИЈА ВО ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ПРЕКРШОЦИ ПРЕКУ РАБОТАТА НА СЕКТОРОТ ЗА ПРЕКРШОЦИ.

Односот помеѓу интерната и екстерната ревизија. Презентира: Верица Костова

Приватноста versus Безбедноста во размената на податоци во кривичните предмети во ЕУ

Годишен извештај за работењето на Дирекцијата за заштита на личните податоци

ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ И МЕДИУМИТЕ. Прирачник

УПАТСТВО. Kористење безбедно средство за електронско потпишување на Gemalto (PKI Smart Card и PKI Token)

СЛОБОДА НА ИЗРАЗУВАЊЕ

ВЛИЈАНИЕТО НА ОБЈЕКТИВНАТА ОДГОВОРНОСТ ВРЗ УТВРДУВАЊЕТО НА НЕПРЕСМЕТЛИВОСТА ВО КАЗНЕНОТО ПРАВО

ПРАВНИОТ ОДНОС МЕЃУ ГРАЃАНИНОТ И ДРЖАВАТА ВО ДЕМОКРАТСКО-ПРАВНАТА ДРЖАВА

Р Е Ф Е Р А Т ЗА ИЗБОР НА НАСТАВНИК ВО СИТЕ ЗВАЊА ЗА НАСТАВНО-НАУЧНАТА ОБЛАСТ ГРАЃАНСКО ПРАВО НА ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ ПРИ УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО ШТИП

ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ДОКАЗИ ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА ОД МЕЃУНАРОДНИ И ДОМАШНИ ИНТЕРНЕТ СЕРВИС ПРОВАЈДЕРИ КРАТОК ВОДИЧ ЗА ОБВИНИТЕЛИ

Компоненти на пристојната работа како содржина на работниот однос

Издавач: Заедница на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија - ЗЕЛС

БРОШУРА ЗА МЕХАНИЗМИ ЗА ЗАШТИТА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ НА МЗМП ЗА ПРАКТИКИТЕ НА ЗАДРЖУВАЊЕ СТРАНЦИ ВО МАКЕДОНИЈА ОД ИМИГРАЦИСКИ ПРИЧИНИ 2017

Р Е Ф Е Р А Т И З В Е Ш Т А Ј

ПРИРАЧНИК ЗА КЛЕВЕТА И НАВРЕДА

ISUZU D-MAX SINGLE (2 ВРАТИ + ПИКАП ПРОСТОР ЗА ТОВАРАЊЕ) OПРЕМЕНОСТ МЕНУВАЧ ЦЕНА СО ДДВ

ПРАВА НА ИМАТЕЛИТЕ НА АКЦИИ СО ПОСЕБНО ВНИМАНИЕ НА ПРАВАТА ШТО ГИ НУДАТ ПРИОРИТЕТНИТЕ АКЦИИ И НИВНА ЗАШТИТА

на јавната свест за Архуска конвенција и еколошкото законодавство на Европската Унија

ЕВРОПСКИ ПРИНЦИПИ ЗА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА

Transcription:

ПРИКАЗ НА КНИГАТА КОМПАРАТИВНО КАЗНЕНО ПРОЦЕСНО ПРАВО ОД ПРОФ. Д-Р ГОРДАНА ЛАЖЕТИЌ БУЖАРОВСКА, ПРОФ. Д-Р ГОРДАН КАЛАЈЏИЕВ, АС. М-Р БОБАН МИСОСКИ И АС. М-Р ДИВНА ИЛИЌ М-р Елена Мујоска 1 Книгата Компаративно казнено процесно право од авторите д-р Гордана Лажетиќ-Бужаровска, вонреден професор; д-р Гордан Калајџиев, вонреден професор; м-р Бобан Мисоски, асистент и м-р Дивна Илиќ, асистент на Правниот факултет Јустинијан Први Скопје, излезе од печат во февруари 2011 година, во издание на Агенцијата Академик Скопје. Монографијата се појавува во период кога македонското казнено процесно законодавство доживува значајни реформи и претставува прв труд од ваков вид на територијата на Република Македонија, но и во регионот пошироко. Компаративното казнено право денес е во голем подем и претставува ефективен начин за учење на другите правни култури, но и надградување на домашниот казненоправен систем. При создавањето на оваа значајна студија, авторите се водат од две основни цели и тоа: доближување на основните карактеристики на компаративните казненоправни системи на правната јавност, како и подобро разбирање и осознавање на новите процесни институти. Студијата првенствено е наменета за студентите за совладување на испитот по предметот Компаративно казнено процесно право, но од големо значење е и за практичарите во процесот на подготовка за примена на новиот Закон за кривична постапка кој треба да почне да се применува од ноември 2012 година. Трудот Компаративно казнено процесно право опфаќа 313 страници текст, што е систематизиран во предговор, единаесет поглавја и библиографија, а во самиот текст во фусноти е наведена и поширока литература со која се користеле авторите или со која упатува на интересни содржини за читателот на трудот. Од друга страна пак, самата материја според својот предмет може да се подели во три дела, односно воведни разгледувања, конкретни разработки на казнено процесните системи во повеќе држави и осврт врз неколку интересни и актуелни прашања од уредувањето на некои стадиуми на кривичната постапка. Во првата глава насловена како Меѓународните стандарди за човековите права рамка за компаративното казнено процесно право авторите најпрво се осврнуваат на улогата на компаративното правно истражување, 1 Приказот го изработи Елена Мујоска, магистер по правни науки, од областа на казненото право на Правниот факултет Јустинијан Први - Скопје, институт за казнено право и криминологија. год. 17, бр. 1-2, (2010) 237

Елена Мујоска односно можноста на државите во транзиција да го следат развојот на казненото право и казнената процедура на поразвиените држави со побогати правни традиции, како и значењето на компаративното и на меѓународното право за развојот на домашните кривични постапки. Секое казнено процесно законодавство денес, мора да ги гарантира човековите права и слободи, успешно да го заштитува општеството од најопасните напади и да овозможи комуникација во меѓународните односи. Понатаму, авторите истакнуваат можна поделба на четири системи на кривичната постапка и тоа: според времето на донесување на изворите на процесните правила; според околноста дали постои или не постои системски извор на правилата на кривичната постапка; според природата на изворот на процесните правила и според структурата на постапката каде што се разликуваат акузаторниот и инквизиторниот пристап за постигнување на целите на рационалното утврдување на фактите. Во оваа глава, авторите се осврнуваат и на потребата за европеизација или американизација на казнената постапка, односно на неопходноста од усогласување на казнените постапки со регионалните и со меѓународните норми за човекови права. На крај од првата глава авторите ги прикажуваат трите применети доктрини за фер судење, односно процедуралната правичност во англиското обичајно право, американската доктрина за правична постапка и процедуралната правичност во Европа. Втората глава носи наслов Кривичната постапка во САД каде што авторите прават приказ на кривично-правниот систем во САД, започнувајќи со изворите на правото, односно Уставот на САД и Законите групирани според формата и според областа. Понатаму, следува приказ на организацијата на судовите и улогата на Поротата во САД. Авторите особено внимание посветуваат на полициското постапување при апсење, претрес и одземање предмети, исклучувањето на доказите и испитувањето, како и на соодветната кривична судска постапка. Имено, судската постапка, како што е истакнато во оваа студија, се карактеризира со судење во разумен рок, јавно судење и поротно судење, но и специфичните права на обвинетиот и тоа процедуралните гаранции меѓу кои и забраната за двојно судење и казнување и заштитата од самообвинување, како и изјавата за вина. Кривичната постапка во САД се заокружува со текот на судењето и дејствата се преземаат по завршување на судењето и тоа казнувањето и правото на обвинетот да ја обжали пресудата. Предмет на третата глава е Кривичната постапка во Англија. На самиот почеток авторите накратко се осврнуваат на изворите на кривичното процесно право и укажуваат на субјектите на англискиот систем на казнената правда и тоа судовите (магистратските судови, крунските судови, Апелациониот суд и Домот на лордови како судска инстанција), обвинителството и бранителите. Понатаму, авторите ги прикажуваат начелата и текот на кривичната постапка, која започнува со полициска истрага во моментот на откривање дека е сторено некое кривично дело. За да се обезбеди присуство на обвинетиот во текот на кривичната постапка во оваа држава, познати се неколку мерки. Следува обвинувањето и конечно, постапка пред суд по донесувањето одлука за поднесување обвинение од страна на обвинителот. Авторите, приказот за кривичната постапка во Англија го завршуваат со предвидените санкции и правни лекови во казненоправниот систем на Англија. 238 МРКК

Приказ на книгата Компаративно казнено процесно право... Четвртата глава се однесува на Кривичната постапка во Германија и слично, како и во претходните глави, авторите најпрво ги определуваат изворите на германското кривично процесно право и основните начела. Полицијата, државното (јавно) обвинителство, судовите, обвинетиот, бранителот и жртвата на кривичното дело ги претставуваат субјектите во германската кривична постапка. По определувањето на мерките за обезбедување присуство на обвинетиот, авторите прават темелен приказ на текот на кривичната постапка во Германија која започнува со претходна постапка (вклучувајќи ги и функционалните надлежности на полицијата и на јавното обвинителство во претходната постапка и селективната улога на јавниот обвинител). По завршување на истрагата, предметот влегува во меѓуфаза на обвинувања, по што следи главната расправа и постапката по правни лекови. Француското кривично процесно законодавство е предмет на петтата глава насловена Кривичната постапка во Франција во која авторите во целост го определуваат регулирањето на преткривичната постапка, главниот претрес и постапката по редовните и вонредните правни лекови. Најпрво ги определуваат основните начела, за подоцна да преминат на субјектите вклучувајќи ги и обвинителството, судксата полиција и бранителите. Во однос на докажувањето авторите истакнуваат дека во кривичната постапка во Франција начинот на прибирање на доказите е уреден во строго определена форма и со постоење на определени доказни средства и тоа: искази на осомничениот односно обвинетиот, сведоците или вештаците, со увид на местото каде што е сторено кривичното дело и преку материјалните докази. Покрај мерките за обезбедување присуство на лица, постојат и мерки за обезбедување предмети и секако, посебните истражни мерки. Во кривичната постапка на Франција може да се диференцираат неколку фази. Првата фаза е фазата за истрага, која тематски може да се подели на два дела, и тоа на: претходна постапка, или полициска истрага и судска истрага; втората фаза е фазата за контрола на обвинението и третата фаза е фазата на главниот претрес, односно фазата на судењето. Како посебна фаза во ЗКП на Франција се предвидува постапката по правните лекови. Шестата глава е насловена како Кривичната постапка во Италија која авторите ја започнуваат со истакнување на изворите и начелата на кривичната постапка. Од субјектите ги издвојуваат судот и јавното обвинителство, правосудната полиција, обвинетиот, бранителот и другите приватни субјекти и оштетениот. Третата глава од ЗКП на Италија се однесува на докажувањето и на доказните средства каде што прво се разработени општите начела, потоа доказните средства и на крајот, средствата за пронаоѓање докази, додека четвртата глава се однесува на мерките на внимателност при што одредбите се групирани во две групи: првата се однесува на личните мерки на претпазливост, а втората се однесува на стварните мерки на претпазливост. Текот на кривичната постапка, авторите го започнуваат со претходна постапка, односно со истрага и претходно рочиште, потоа следуваат посебните постапки и судењето, а на крај следува постапката по редовните и вонредните правни лекови. Кривичната постапка во Хрватска е предмет на обработка на седмата глава. Специфичноста што ја нагласуваат авторите во оваа глава се однесува на фактот што кривичната постапка на Хрватска на некој начин е традиционален модел за казнената постапка во Македонија. Авторите ја нагласуваат брзината со год. 17, бр. 1-2, (2010) 239

Елена Мујоска која се развивала хрватската казнена постапка преку прифаќање на новите европски тенденции, а хрватската правна мисла се вбројува меѓу највлијателните во регионот, па и во Европа. Втора значајна причина поради којашто законодавството во Република Македонија редовно го следи развојот на хрватското казнено право, лежи во фактот што поради јазикот во академските и правните структури во Македонија преку Хрватска практично се реципираа и современите европски движења и достигања. Очигледно, правецот на развојот на двете држави е сличен. Најновите измени и во двете држави се обидуваат да ги следат современите реформски движења во Европа, така што се напушта комбинираната казнена постапка со силни инквизиторни елементи за сметка на една модерна акузаторна постапка. По направениот темелен приказ на процесното законодавство на Хрватска, авторите осмата глава ја насловуваат Кривичната постапка во Србија која ја започнуваат со прикажување на изворите на казненото право каде што како основен се јавува Законот за кривична постапка. Покрај овај извор постојат и споредни и тоа: Уставот и законите што се однесуваат на кривично-процесните субјекти и законите што регулираат друга материја важна за кривичното правосудство. Начелата на казненото процесно законодавство, според теоретичарите во Србија, се делат во неколку групи, но авторите се определуваат за две групи и тоа: начела што се поврзани со кривичното гонење и начела што се однесуваат на текот на постапката. По прегледот на субјектите на постапката авторите ги прикажуваат доказните дејствија, каде што ЗКП ги разработува: претресот на дом и на лице, привременото одземање предмети, постапувањето со сомнителните предмети, сослушувањето на обвинетиот, испитувањето на сведоците, увидот и вештачењето. Покрај посебните доказни дејствија постојат и мерки за обезбедување присуство на обвинетиот и непречено водење на кривичната постапка вклучувајќи ја забраната за напуштање на домот или престојувалиштето и притворот. Текот на кривичната постапка започнува со преткривична и претходна постапка, спогодба за признавање на винаглавен претрес, донесување на пресудата и постапката по редовните и вонредните правни лекови. Кривичната постапка на Босна и Херцеговина е тема на обработка на деветтата глава, што претставува уште една поранешна југословенска република каде сè уште е во тек реформата на казненото процесно законодавство. Во воведниот дел на оваа глава авторите прават приказ на изворите и начелата на казненото процесно право и преглед на субјектите на кривичната постапка во БиХ. Во доказните дејствија што се користат за докажување факти во кривичната постапка, а кои ги познава процесното право на БиХ, се вбројуваат: претрес на стан, на просторија и лица, привремено одземање предмети и имот, испитување на осомничениот, односно на обвинетиот, сослушување сведоци, увид и реконструкција, вештачење и посебни истражни дејства. И во оваа држава текот на кривичната постапка започнува со истрага, обвинение и контрола на обвинение, главен претрес и пресуда и секако, постапка по правни лекови односно постапка по жалба како единствен правен лек во БиХ. Компаративен преглед на уредувањето на истрагата е насловот на десеттата глава од оваа студија. Авторите најпрво даваат општи забелешки дека речиси и не постои систем, кој покрај карактеристиките на моделот кому му припаѓа, не ги содржи и обележјата на некој друг модел како резултат на 240 МРКК

Приказ на книгата Компаративно казнено процесно право... досегашната интернационализација и конституционализација. Една од областите која во понаредно време е обележана со воедначување е и истрагата. Судската истрага што ја води истражниот судија авторите ја нарекуваат исклучок- задржана е само во неколку држави, и тоа само за определени кривични дела. Генералната тенденција на меѓународното ниво е реформирање на овој тип истрага преку прифаќање на моделот обвинителската истрага како што ќе покаже и компаративниов преглед. Јавниот обвинител ги презема правото и должноста да прибира докази за подготовка на обвинението, а судијата има улога на гарант за правата и слободите на осомничениот во текот на истрагата, но не и на активен истражител. Иако овој правец на развој е општ, авторите тврдат дека нијансите се очигледни кога државите коишто отстапија од своите традиционални решенија прифаќајќи ги новите, на различен начин ги уредуваат отворените прашања што со себе ги носи новиот концепт на истрагата. Последната, единаесетта глава носи наслов Plea Bargaining- Спогодба за признавање на вина. Според авторите концептот за мешање на традиционалните институти од англосаксонската правна традиција во државите од евроконтиненталниот правен поредок е тренд што е сеприсутен во понаредниве декади на европска почва. Па така, поттикнати од ефикасноста на системот на казнената правда на САД, а соочени со притисокот на бројот и обемот на предметите, како и со критиките за неажурност и бавност на судскиот систем во евроконтиненталните држави со комбиниран систем на казнена постапка, сè почесто овие држави посегаат кон имплементација на овие институти во своите домашни законодавства. Во оваа насока е и Советот на Европа, којшто ја стимулира ова практика донесувајќи неколку свои препораки кои се во насока на прифаќање на институтите што во практиката на анголосаксонскиот систем на казнената правда се докажани, пред сè, со својата ефикасност. Притоа, од страна на Советот на Европа воочени се неколку начини за забрзување на казнената правда и тоа: трансакција, медијација, казнен налог и спогодување за вината на обвинетиот. На овој начин авторите ја заокружуваат оваа студија, сакајќи преку компаративна призма да се сфатат основните карактеристики на новиот концепт на Законот за кривична постапка на Република Македонија. Монографијата Компаративно казнено процесно право на авторите проф. д-р Гордана Лажетиќ Бужаровска, проф. д-р Гордан Калајџиев, ас. м-р Бобан Мисоски и ас. м-р Дивна Илиќ претставува исклучително научно дело. Оваа значајна студија, имајќи ја предвид актуелноста што ја има предметот на обработка, претставува значаен придонес на казненопрвната литература, секако и корисно четиво за практичарите и за правниците од научните кругови. Од друга страна пак, со богатата понудена релевантна библиографија од угледни и истакнати автори на ова поле, правните извори, законските прописи и меѓународните правни акти, оваа студија која е напишана со јасен и сеопфатен стил, претставува вистинска можност за совладување на соодветниот испитен материјал на студентите на Правниот факултет Јустинијан Први во Скопје, како и за сите останати млади истражувачи кои се засегнати на некој начин од оваа проблематика. Со овој труд е поставена базата за натамошен развој на компаративното казнено процесно право кај нас. Оваа студија, прва од ваков вид во нашата држава, се појавува во период кога реформата во македонското казнено процесно законодавство е во тек и служи првенствено за потемелно и поцелесообразно год. 17, бр. 1-2, (2010) 241

Елена Мујоска разбирање на новите процесни институти, особено со донесувањето на новиот Закон за кривична постапка и неговото донаредно применување од страна на секој правник, од научните и од практичните кругови.