СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Платформа Холандија Информации за стопанската соработка меѓу Република Македонија и Холандија Септември 2009 год.
Основни економски податоци Кралството Холандија е формирано во 1815 година. Во 1830 се одвои како посебно кралство. Холандија остана неутрална во Првата Светска војна, но доживеа окупација од Германија во Втората Светска војна. Како модерна индустријализирана нација, Холандија е голем извозник на земјоделски производи. Таа е земја основач на НАТО и ЕУ и активно учествуваше во воведувањето на еврото во 1999 година. Холандија има перспективна и отворена економија, која во голема мера зависи од надворешната трговија. За Холандската економија важи дека има стабилни индустриски релации, умерена невработеност и инфлација, константен позитивен буџет и значајна улога како поврзувач на Европскиот транспорт. Индустриската активност е голема во полето на преработката на храна, хемикалии, рафиниран петролеј и електро машинската индустрија. Високо механизираниот земјоделски сектор вработува не повеќе од 4% од вкупната работна сила, но обезбедува висок суфицит во прехрамбената индустрија и во извозот. Холандија со другите 11 ЕУ партнери, почна да ја користи валутата евро на 1 јануари 2002 година. Холандија е една од водечките нации за привлекување на странски директни инвестиции. Економскиот пораст стагнираше во периодот од 2001-2004 година како резултат на глобалната економска стагнација, но за четирите години пред тоа, годишниот пораст во просек беше околу 4% над просекот на ЕУ. Географски показатели Површина: вкупно: 41,543 км2 (земја: 33,893 км2 ; вода: 7,650) Главен град: Амстердам Локација: Западна Европа, граничи со Северното море, меѓу Белгија и Германија Граници: тотал: 1.027 км (гранични земји: Белгија 450 км, Германија 577 км) Население: 16,715,999 (јули 2009) Религии: Римо Католици 30%, Холандски реформирани 11%, Калвинисти 6%, Муслимани 5.8%, други 2.2%, атеисти 42% (2006) 2
Природни ресурси: природен гас, петролеј, сол, обработлива земја Јазици: Холандски (официјален), Фрисиански Валута: Евро Аеродроми: вкупно 27 (асвалтирани 20) (2004) Економски показатели БДП куповна моќ: 672 милијарди $ (2008) БДП стапка на пораст: 2% (2008) БДП по жител: 40.400 $ (2008) БДП по сектори: земјоделие 1,7%; индустрија 25,5%; услуги 72,9% (2008) Стапка на инфлација: 2,5% (2008) Работна сила: 7.715 милиони (2008) Работна сила по сектори: индустрија 18%, земјоделие 2%, услуги 80% (2005) Невработеност: 4% (2008) Буџет: приходи: 405,9 милијарди $; расходи: 397,3 милијарди $ (2008) Јавен долг: 58,2% од БДП (2008) Индустрии: агро индустрија, метални и инжињерски производи, електрични машини и опрема, хемикалии, петролеј, градежништво, микроелектроника, рибарство Индустриска стапка на пораст: 2,9% (2008) Земјоделски производи: пченка, компири, шеќерна трска, овошје, зеленчук, живина Извоз: 533,2 милијарди $ (2008) Извозни производи: машини и опрема, хемикалии, горива и прехрамбени производи Извозни партнери: Германија 25,2%, Белгија 14,6%, Велика Британија 8,9%, Франција 8,4%, Италија 4,6% (2008) Увоз: 475,9 милијарди $ (2008) Увозни производи: машини и транспортна опрема, горива, хемикалии, прехрана, облека 3
Увозни партнери: Германија 17%, Белгија 9%, САД 7,6%, Кина 10,3%, Велика Британија 5,8%, Русија 5,2%, Франција 4,5% (2008) Надворешно трговска размена меѓу Република Македонија и Холандија СТОКОВНА РАЗМЕНА (2000/2008) во илјади САД$ 2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 Извоз 36.006 45.278 44.657 46.788 47.285 47.310 55.392 71.757 70.610 Увоз 45.212 45.750 51.441 49.133 56.890 57.127 59.769 73.920 93.718 Вкупно 81.219 91.029 96.098 95.922 104.176 104.438 115.162 145.678 164.328 Трг. -9.206-472 -6.784-2.345-9.605-9.817-4.377-2.163-23.108 салдо - Споредувајќи го периодот од 2000 до 2008 година, во надворешно-трговската размена меѓу Република Македонија и Холандија, можеме да забележиме дека не е забележан трговски суфицит на македонска страна, туку постои трговски дефицит кој варира од година во година со своето намалување и зголемување. Најголемиот дефицит е забележан во 2008 година во износ од 23 милиони САД$. - Во поглед на вкупната надворешно-трговска размена меѓу двете земји, може да се забележи дека најголема вредност има во 2008 година, 164 мил САД$ додека најмала вредност во 2000 година, 81 мил.сад$. - Најголем извоз е забележан во 2007 година со вредност од 71,7 милиони САД$, а најмал во 2000 година со вредност од 36 милиони САД$. - Најголем увоз е забележан повторно во 2008 година со вредност од 98,7 милиони САД$, додека најмалата вредност од 45 милиони САД$ се однесува на 2000 година. - Во поглед на застапеноста на производите во размената, во 2008 година најмногу во извозот се застапени: живи растенија (3,1 милиони САД$) и топло валани производи од железо (1,4 милиони САД$). - Во поглед на застапеноста на производите во увозот, во 2008 година најмногу се застапени: друмски влекачи за 4
приколки (11,8 милиони САД$), ткаенини (10 милиони САД$), компир (1.7 милиони САД$), оптички инструменти (2,4 милиони сад долари) и др. СПОРЕДБЕН ИЗВЕШТАЈ НА ПРЕТХОДНАТА СО ТЕКОВНАТА ГОДИНА (за периодот 01-6 месец 2008-2009) Име на земја Вкупна размена Извоз Увоз 2008 2009 Индекс 2008 2009 Индекс 2008 2009 Холандија 81.766.561 53.661.191 0,01 34.008.032 25.318.012 0,01 47.758.529 28.343.179 0,01 Инде кс Производи по земји - извоз (за периодот од 01.2009 до 6.2009 за Холандија) Земја Име на производот Вредност во САД$ Холандија Мешавини од овошни сокови или од сокови од зеленчук 816.222,00 Холандија Други живи растенија 1.028.621,00 Холандија Елеци и појаси за спасување 356.399,00 Холандија Друг лиен прибор 788.187,00 Холандија Други конструкции и делови од железо и челик 257.017,00 Холандија Изменувачи на топлина 339.870,00 Холандија Машки јакни и блејзери 1.040.577,00 Холандија Машки панталони, работни комбинезони, шорцеви и слично 1.026.659,00 Холандија Машки кошули од памук 3.671.215,00 Холандија Женски јакни 2.121.726,00 Холандија Женски фустани 775.744,00 Холандија Женски здолништа и здолништа-панталони 867.111,00 Холандија Женски панталони, работни комбинезони и слично 1.277.808,00 Холандија Женски блузи, кошули и кошули-блузи 3.215.395,00 Холандија Женски блузи, кошули, кошули-блузи, плетени или хеклани 142.352,00 Холандија Облека и прибор за бебиња, неплетени, нехеклани 250.396,00 Холандија Друга машка облека, освен плетена или хеклана 519.648,00 Холандија Друга женска облека, освен плетена или хеклана 304.143,00 Холандија Тотал 20.594.493,00 Производи по земји - увоз (за периодот од 01.2009 до 6.2009 за <Холандија) Земја Име на производот Вредност во САД$ 5
Холандија Семе од зеленчук 1.995.955,00 Холандија Други живи растенија 550.399,00 Холандија Други лекови за малопродажба 465.664,00 Холандија Нови надворешни гуми за патнички автомобили 321.356,00 Холандија Други ткаенини со 85% памук или повеќе со маса до 200г/м2 со предива во различни бои 1.684.439,00 Холандија Други ткаенини од памук до 85% памук,маса поголема од 200г/м2 боени 1.198.198,00 Холандија Рентген апарати за медицинска, забарска, хируршка намена 252.211,00 Холандија Други моторни возила за превоз на лица 362.379,00 Холандија Возила, дигалки 289.809,00 Холандија Друмски влекачи за полуприколки 836.136,00 Холандија Други инструменти и апарати за медицина, хирургија и ветерина 212.254,00 Холандија Копчиња, копци и нивни делови 225.217,00 Холандија Патент затворачи 114.696,00 Холандија Тотал 20.511.236,00 Холандската програма за економска соработка со пазарите во развој (ПСОМ) Холандската програма за економска соработка со пазарите во развој (Programme for Cooperation with Emerging Markets PSOM), се имплементира преку холандската Агенција EVD - Senter (www.evd.nl/pso) преку распишување на тендери двапати годишно (јануари и јуни). Република Македонија е вклучена во Холандската програма за економска соработка со пазарите во развој, со цел поддршка на Кралството Холандија на транзицијата на нашата економија кон пазарна ориентираност. Поддршката воедно се однесува и на холандските фирми со цел да се ориентираат кон партнерство во Македонија и на тој начин да влијаат на транзиционите пазарни процеси. Програмата е инструмент со кој се овозможува трансфер на холандската експертиза, технологија, стоки и услуги. Преку PSOM-Програмата може да се финансираат проекти од сите области на приватниот сектор, до 50% од нивната вредност, со посебен акцент на поддршка на развојот на малите и средни претпријатија. Големите фирми исто така ќе можат да учествуваат, но само преку демонстрирање дека нивниот проект би имал значајни позитивни ефекти врз холандските мали и средни претпријатија или во земјите-учеснички во оваа програма. 6
Согласно процедурите на PSOM-Програмата на тендерот за добивање проект со неповратни средства, можат да конкурираат само холандски фирми, кои како свој партнер во реализацијата на проектот посочуваат фирма од Македонија со која претходно оствариле контакт или договор за заедничко учество на тендерот. Стопанската комора на Македонија во 2004, 2005 и 2006 година ја промовираше Програмата и има регистрано/листата на фирми заинтересирани за партнерство со Холандија. Овој интерес беше промовиран преку Амбасадата на Република Македонија во Кралството Холандија, како и преку коморскиот систем на Холандија. За жал, бевме известени од Трговско индустриската комора на Ден Хаг и Мастрихт дека холандските фирми не пројавија интерес. Според оценката, незаинтересованост се должи пред се заради недоволната информираност за Република Македонија како деловната дестинација. Трговско индустриската комора на Ден Хаг предложи, да пред нивниот Извознички клуб се презентира деловната инвестициона клима ккао и стопанскиот потенцијал. Сооглед на повеќегодишната партнерската соработка со Трговско индустријската комора на Мастрихт (комора која функционира во рамките на Еуро Регионот Холандија-Белгија- Германија), можно е истата презентација да се реализира и во Мастрихт. Во прилог листата на фирми од Република Македонија заинтересирани за PSOM партнерството. 7