PRES KLIPING 2 ( godina)

Similar documents
Март Opinion research & Communications

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

Структурно програмирање

Заштита на личните податоци во Република Македонија. Охрид, 27 мај 2014 година

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

За обуката ВОВЕД ВО НОВИОТ ПРЕДМЕТ

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

Биланс на приходи и расходи

Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2010 година

Биланс на приходи и расходи

С О Д Р Ж И Н А. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

A mysterious meeting. (Таинствена средба) Macedonian. List of characters. (Личности) Khalid, the birthday boy

University St.Kliment Ohridski - Bitola Scientific Tobacco Institute- Priep ABSTRACT

2.3 ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА. Службен весник на Република Македонија бр. 53 од 11 април 2013 година

Преглед на државите во Западна Африка

THE ASSEMBLY SPONTANEOUS ASSOCIATIONS

Вовед во мрежата nbn. Што е тоа австралиска nbn мрежа? Што ќе се случи? Како да се префрлите на мрежата nbn. Што друго ќе биде засегнато?

на јавната свест за Архуска конвенција и еколошкото законодавство на Европската Унија

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола

ПЕТТИ СОСТАНОК НА ЕКСПЕРТСКАТА ГРУПА НА ENTERPRISE EUROPE NETWORK ЗА СЕДМАТА РАМКОВНА ПРОГРАМА

Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2011 година

СВЕТСКАТА ЕКОНОМСКА КРИЗА И НЕЈЗИНОТО ВЛИЈАНИЕ НА ПАЗАРОТ НА КАПИТАЛ СОГЛЕДАНО ПРЕКУ ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ФОНДОВИ. К. Мишева

Односот помеѓу интерната и екстерната ревизија. Презентира: Верица Костова

Општествена интеграција на жртвите на трговија со луѓе: Проценка на институционалните капацитети на Македонија за заштита на жртвите на трговија со

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Универзитет Свети Климент Охридски Битола. Економски Факултет Прилеп

Leila, the sick girl. Sick girl s friend. (Наставникот) Class teacher. Girl with bike rider (Девојчето со велосипедистот) (Велосипедистот)

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

Значајни подрачја за раститенија, птици и пеперутки во Македонија. Славчо Христовски

БЕЗБЕДНОСТА ВО СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА ПРЕДИЗВИЦИ ЗА ЈАВНОЗДРАВСТВЕН ОДГОВОР

Обука за електронски систем на учење МИКРОУЧЕЊЕ. Материјал за учесници

Универзитет Св. Климент Охридски- Битола. Факултет за информатички и. комуникациски технологии - Битола. Студиска програма:

Опасни врски. Ризиците од јавно приватни партнерства во централна и источна Европа

Разбирање на проширувањето

Системот на јавните набавки во Република Македонија

Бесплатно издание Интервју Јан Стола

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

Втора Регионална конференција за јавна внатрешна финансиска контрола за земји кандидати и потенцијални кандидати. Дневен ред

КОНКУРС. За запишување студенти на факултетите на Универзитетот на Југоисточна Европа во академската 2012/2013 година

Домашните наспроти странските директни инвестиции во Република Македонија: политики за поддршка и нивните ефекти

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВЕШТАЧЕЊЕ

КОНТРОЛНА ЛИСТА ЗА ИЗРАБОТКА НА ЗАКОНИ И ЗА РЕГУЛАТОРНО УПРАВУВАЊЕ ВО ЦЕНТРАЛНА И ИСТОЧНА ЕВРОПА. СИГМА ДОКУМЕНТ Бр. 15, 1997

УРБАНИСТИЧКО ПЛАНИРАЊЕ 2. Подвижни тротоари на Париската изложба во 1900 година

СОДРЖИНА АНАЛИЗА НА ЈАВНИОТ ДОЛГ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. АВТОР: Бојана М. Христовска, Аналитика тинк тенк Тамара М. Спасова, Аналитика тинк тенк

УЛОГАТА НА Е-МАРКЕТИНГОТ ВО УСЛОВИ НА ПРОМЕНЕТА ДЕМОГРАФСКА СТРУКТУРА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ, СО ОСВРТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

СЛУЖБЕН ГЛАСНИК НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

ПРЕДЛОГ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОН ЗА ОСНОВАЊЕ НА АГЕНЦИЈА ЗА ПРОМОЦИЈА И ПОДДРШКА НА ТУРИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН

consultancy final presentation conceptual presentation of proposals projects Feasibility Cost Study for converting space

Чекорите до Национален младински совет MЛАДИНСКО ОРГАНИЗИРАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА

ПАРЛАМЕНТАРНА КОНТРОЛА НАД РАБОТАТА НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ И РАЗУЗНАВАЧКИ СЛУЖБИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Прирачник за управување со општинскиот имот

Clip media group - Newsletter vol.vii - December

Мобилност МК Mobility MK

Петти состанок на Локалната советодавна група Записник од состанокот

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПОВРЕДИ НА РАБОТА И ПРОФЕСИОНАЛНИ БОЛЕСТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

МЕТОД ЗА АНАЛИЗА НА МЕЃУНАРОДНАТА ТРГОВСКА СОСТОЈБА

ДОКУМЕНТ ЗА ДИСКУСИЈА ЗА 3Д ПЕЧАТЕЊЕТО И ОГНЕНОТО ОРУЖЈЕ

KEY WORDS: knowledge, know-how, investment, entrepreneurship, productivity

УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ ЈУСТИНИЈАН ПРВИ СКОПЈЕ. Издавач: Правен факултет ЈУСТИНИЈАН ПРВИ СКОПЈЕ

Siemens собни термостати. За максимален комфорт и енергетска ефикасност. siemens.com/seeteam

ПРИРАЧНИК ЗА ПРОЕКТЕН МЕНАЏМЕНТ

Гледиштата изразени во овој извештај се на авторот и не нужно ги одразуваат гледиштата на Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за демократија

Основи и развој на. Основи и развој на е-влада

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ToR 02/2016 ПРАВНИ ЕКСПЕРТИ ЗА ПОДГОТОВКА НА ПРИРАЧНИК ЗА СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕ-ПРАВНИ АСПЕКТИ

МОДЕЛИ И ТЕХНИКИ НА ГРУПНО ОДЛУЧУВАЊЕ И НИВНАТА ПРИМЕНА ВО ДЕЛОВНИТЕ СУБЈЕКТИ ОД ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН

(ПРВА ГОДИНА) Д-р Радмил Поленаковиќ Д-р Драган Шутевски

СТАРИ ПРОМОТИВНИ ПОНУДИ ЗА ПОСТПЕЈД ТАРИФНИ МОДЕЛИ ЗА УСЛУГИ НА ФИКСНА ЛОКАЦИЈА И КОМБИНИРАНИ ПАКЕТИ УСЛУГИ

Интерна ревизија на побарувањата од купувачите кај деловните субјекти во Република Македонија

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола Факултет за туризам и угостителство Охрид. Дипломиран организатор по туризам и угостителство

ПР објави во медиуми

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство

ПРИРАЧНИК ЗА СТРАТЕШКО ПЛАНИРАЊЕ

Публикација: Анализа за процена на националните програми и мерки за вработување на лицата со попреченост

ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА четврто истражување

64 Izvještaj Pokazatelji fiskalne decentralizacije za Jugoistočnu Europu: 2011

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ПРИРАЧНИК ЗА РАБОТА СО МОДУЛОТ ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ПРЕКУ ПОРТАЛОТ НА ФЗОМ

МАГИСТЕРСКИ ТРУД АНАЛИЗА НА ПЕРФОРМАНСИТЕ НА КОНЦЕПТОТ Е-ВЛАДА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА на

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ. втор циклус на студии МАГИСТЕРСКИ ТРУД

6. Компаративна анализа со претходни истражувања Финални заклучоци и препораки...53

Западен Балкан - Препорака за учество на јавноста

ПОВРЗАНОСТА НА НАРУШУВАЊЕТО ВО ОДНЕСУВАЊЕТО НА ДЕЦАТА И УСЛОВИТЕ ЗА ЖИВОТ ВО СЕМЕЈСТВОТО

INTERNATIONAL TOURNAMENT "MACEDONIAN PEARL" (FS)

Родово буџетирање.

МАГИСТЕРСКИ ТРУД. Значењето на е-crm за остварување на конкурентска предност на компаниите

МАГИСТЕРСКИ ТРУД НА ТЕМА:

Доцент д-р Јанка Димитрова Универзитет Гоце Делчев, Економски факултет Штип

ТОЛКОВНИК НА ПОИМИ, ТЕРМИНИ И ИМИЊА ОД ОБЛАСТА НА ТУРИЗМОТ (АНГЛИСКО-РУСКО-МАКЕДОНСКИ)

Финансиски остварлив план за еднаков пристап до Програмите за рано детство во Република Македонија. фер игра

ПРАВА НА ИМАТЕЛИТЕ НА АКЦИИ СО ПОСЕБНО ВНИМАНИЕ НА ПРАВАТА ШТО ГИ НУДАТ ПРИОРИТЕТНИТЕ АКЦИИ И НИВНА ЗАШТИТА

ШТО ЕВРОПЈАНИТЕ МИСЛАТ ЗА ПОВРЗАНИТЕ ВОЗИЛА

ПРОЦЕС НА ПРОМЕНИ ВО МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈАТА И СТРУКТУРАТА

УПАТСТВО. Kористење безбедно средство за електронско потпишување на Gemalto (PKI Smart Card и PKI Token)

Структурирани бази на наставни материјали и дигитална трансформација. студија на случај Република Македонија

INTELLECTUAL PROPERTY

КОРУПЦИЈАТА ВО ПОРАНЕШНА ЈУГОСЛОВЕНСКА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА:

ИДЕНТИТЕТ СО ЦЕНА: ПОТРОШУВАЧКАТА И ПОЛИТИЧКАТА ЕКОНОМИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

ИФЦ прирачник за управување со семеен бизнис

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ. МБА Менаџмент. Штип. Слаџана Стефанова

Transcription:

Vest br.1 ИЗБРАНИ ЧЕТВОРИЦА ЛОБИСТИ ЗА СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ Економските промотори со статус како амбасадори Medium/obajaveno Dnevnik Во Агенцијата за странски инвестиции, каде што ќе бидат вработени овие луѓе, засега не го соопштуваат професионалното искуство на избраните кандидати Владата избра четворица од кандидатите за отворените пет места во Агенцијата за странски инвестиции, кои ќе работат како промотори на инвестициските можности на земјава. Петтиот, најверојатно, ќе биде избран од вработените во Агенцијата за странски инвестиции. Имињата се непознати за пошироката и за стручната јавност. Тоа се Димче Николов, Билјана Костовска, Ферки Демировски и Кирил Несторовски. По обуката што ќе ја поминат до Нова година, од 1 јануари 2008 година со петтиот кандидат ќе бидат распоредени во Италија, Франција, Германија, Турција и Грција со Кипар. Во Агенцијата за странски инвестиции, каде што ќе бидат вработени, засега не ги соопштуваат професионалното искуство на избраните кандидати и нивните биографии. - Тие ќе бидат сместени во македонските амбасади во избраните земји и ќе имаат дипломатски статус. Веќе потпишавме меморандум за разбирање со Министерството за надворешни работи за заедничките надлежности затоа што тие ќе работат во амбасадите, но ќе даваат отчет пред Агенцијата. Основна задача на избраните кандидати ќе биде да ги промовираат инвестициските потенцијали на Македонија и да привлечат странски компании во земјава - објаснува директорот на Мак-инвест Виктор Мизо. Тој најавува втор конкурс за нови осуммина промотори, кои ќе заминат на другите дестинации за каде што Владата смета дека ќе најде заинтересирани инвеститори, како Велика Британија, САД, Чешка со Словачка, Словенија и Хрватска, скандинавските и земјите од Бенелукс. - Проектот за ангажирање промотори го презедовме како успешен пример од Ирска, Чешка и Кореја, земји што доживеаја економски бум токму со привлекување странски инвестиции. При изборот на кандидатите значајно беше нивното познавање на јазикот на земјата каде што ќе работат, покрај англискиот - додава Мизо. Овој проект е сличен на тој на претходната влада, со кој пред три години реши да праќа економски промотори во странство. Тој проект со признание од надлежните беше оценет како неуспешен, а како причина се посочуваше недостигот од пари за да се поддржи нивната активност. Во Владата велат дека не може однапред да се каже колку пари ќе чини ангажманот на промоторите, но тие ќе располагаат со ист буџет како амбасадорите. Vest br.2 РУДАРСКАТА АСОЦИЈАЦИЈА РЕАГИРА Законски измени - лоши сигнали за инвеститорите

Medium/obajaveno Ve~er Македонија праќа лош сигнал до инвеститорите кои сакаат да вложат во геолошки истражувања во земјава поради пребрзото менување на законските и подзаконски акти за минерални суровини, реагира Македонската асоцијација на рударството( МАР). Од Асоцијацијата оценуваат дека е пребрзо да се направат измени и дополнувања на Законот за минерални суровини, бидејќи регулативата била донесена во март, годинава. - Законот се уште не е заживеан во практиката за да можат да се оценат неговите недостатоци - велат од МАР. Од Асоцијацијата сметаат дека со предложените законски измени што се однесуваат на истражните работи, кои ќе се доделуваат по пат на концесија, ќе настанат проблеми. - Македонија не располага со целосни податоци за резултатите од досега направените геолошки истражувања што треба да бидат основа за распишување на тендери за доделување на концесиите. Од друга страна, ќе се појави нов проблем со доделување концесии за експлоатација на веќе истражените полиња. Нејасно е и како ќе се регулира доистражувањето на лежиштата што се експлоатираат, како и за зоните што се наоѓаат во граничниот појас на концесискиот простор за експлоатација - оценуваат од МАР. Оттаму бараат средба со вицепремиерот Зоран Ставрески за да му ги презентираат своите ставови во врска со предложените измени во Законот за минерални суровини. Vest br.3 Ако се либерализира поштенскиот пазар ќе има отпуштања Data 21.11.2007 Medium/obajaveno Televizija KANAL5 Повеќе од 200 вработени во Македонска пошта ќе останат без работа ако се отвори поштенскиот пазар во земјава, алармираат од пошти, пренесе Канал 5. Бараат да се пролонгира процесот на либерализација, предвиден со новиот закон. Првенствено на удар ќе бидат вработените во поштите од руралните места. Поради ова Синдикатот веќе бара да се најдат нови форми на работење за овие мали пошти. Моментно на терен се вршат испитувања кои рурални пошти во услови на либерализиран пазар ќе работат профитабилно, а за кои ќе се бараат мерки да не се затворат. Со ист проблем се соочуваат и поштите во регионов. Државната пошта во Австрија ќе отпушти околу 600 вработени, приближно толку ќе си одат и од Српските пошти. Да се избегнат лошите последици, регионалните пошти ќе бараат, УниПост - европската поштенска организација да ја одложи либерализацијата на пазарот, што треба да стартува за четири години. Во Македонија ќе почне најверојатно во 2012 година. Законот за поштенски услуги со кој се предвидува либерализиран пазар во земјава, но и укинување на монополот на државната пошта е во собраниска процедура. Треба да се донесе најкасно годинава.

Либерализацијата во поштенскиот бизнис се воведува за да се овозможи еднаков третман на сите компании кои даваат поштенски услуги. Vest br.4 Зошто компаниите како ОХИС и ЕМО не се атрактивни за странските инвеститори!? Data 21.11.2007 Medium/obajaveno Televizija KANAL5 Нерасчистени имотно прави односи, стари процени за вредноста на имотот, нефункционални делови и без имотни листови. Ова, како што објави Канал 5 се главните причини зошто компаниите како ЕМО и ОХИС не се атрактивни за странските инвеститори. Во обид инвеститорите да добијат веродостојни информации што купуваат Министерството за економија подготвува Акционен план за комплетната состојба на Охис, ЕМО Т. К Прилеп, Еурокомпозит и Алумина. Стари дури десет години се процените за вредноста на имотите. Новите, може да бидат драстично различни. Експерти за Канал 5 велат дека некоја од овие компании може да чини двојно помалку пари. Обврска со Акциониот план велат од Економија ќе биде и да се провери и веродостојноста на хипотеките, да се решат и имотно правните односи, да се обезбедат имотни листови за голем број објекти кои немаат и можност да се продадат нефункционалните делови од компаниите. Со ваквите информации на странските инвеститори ќе им се понуди информативен пакет се со цел овие компании да станат атрактивни за продажба. Досега ЕМО и Охис имаа три неуспешни тендери, а Алумина по петти пат се нуди на продажба. Vest br.5 Виенски институт: Расте економијата во регионот Data 21.11.2007 Medium/obajaveno Televizija A1 Силни структурни реформи во здравството, образованието и пензискиот систем да спроведат земјите што сакаат да и се приклучат на ЕУ, препорачуваат експертите од Виенскиот економски институт во најновиот извештај. Економски раст Извор: Виенски институт 2007 2008

За разлика од годинашниот посилен економски раст, за догодина се прогнозира поблаго придвижување на економиите. За Македонија се предвидува раст од 5%. Ваквите оптимистички бројки, според стручњаците, не се резултат само на актуелната економска политика во Македонија, туку дека влијание има и трендот на пораст на сите економии на балканот. Според Виенскиот институт - невработеноста во земјава и догодина нема да се намали. Македонија е рангира како земја со најголема стапка на невработеност. Црна Гора 6% 5% Хрватска 6% 5% Србија 6% 5% Босна и Херцеговина 5% 5% Албанија 4,6% 5% Македонија 4,5% 5% Нема назнаки дека има некое подобрување кога станува збор било за вработеноста, било за невработеноста и тоа е и понатаму најголем проблем во Македонија, изјави Владимир Глигоров, Виенски економски институт. Поради глобалниот тренд на поскапување, економистите од Виена прогнозираа посилен инфлаторен притисок за целиот регион во 2008-ма, посериозно зголемување на инфлацијата предвидуваат во Бугарија, Словенија, Русија, Унгарија. Невработеност Извор: Виенски институт 2007 2008 Македонија 35% 35% Црна Гора 30% 30% Босна и Херцеговина 29% 29% Србија 22% 23% Албанија 13,5% 13% Хрватска 10,8% 10,3% Vest br.6 Законот ќе испие милиони евра од реклами Medium/obajaveno [pic Збунети и исплашени се производителите и увозниците на алкохол, маркетинг-компаниите и организаторите на музичките настани од забраната за рекламирање на сите алкохолни пијалаци, вклучувајќи ги и пивото и виното, што ја предвидува владината стратегија за намалување на штетните последици од злоупотребата на алкохолот. Планот, што завчера го промовира Министерството за здравство, предвидува забраната за рекламирање да се воведе најдоцна до 2012 година. Ограничувањето се однесува на маркетингот во весници, на радио и на телевизија. Алкохол нема да смеат да рекламираат ниту организаторите на фестивали, избори за убавина и на други манифестации. Сега државата забранува да се рекламираат жестоки пијалаци во медиумите, додека компаниите може да го презентираат алкохолот во кафулињата, во рестораните и на другите места каде што се продаваат овие пијалаци. Пивото и виното сега се сметаат за храна и не постои никаква забрана за нивно маркетиншко презентирање. - Ракија, вино, пиво, виски и сите други алкохолни пијалаци нема да смеат да се рекламираат.

Ова е тенденција која ја следат сите европски држави, а скандинавските земји веќе ја применуваат целосната забрана - вели Павлина Василова, раководителка на националното координативно тело за намалување на штетите од алкохолот. Познавачите на маркетинг-бизнисот сметаат дека компаниите што произведуваат и увезуваат алкохол ќе бидат најмалку погодени од оваа мерка. Штетите од ваков потег, според нив, најмногу ќе ги почувствуваат медиумите и маркетинг-агенциите, бизниси во кои од рекламирањето се вртат десетина милиони евра годишно. Увозниците на алкохол ја поддржуваат стратегијата, но и тие имаат сериозни забелешки за рестрикциите во рекламирањето. - За постигнување на целта, а тоа е неизложување на младите на промоција на алкохол, непотребно е да се забранува рекламирање на места и во термини кои се соодветни за возрасните - вели Радмила Павлевска од Гемак, фирма-увозник на алкохолни пијалаци. И организаторите на музичките настани се затекнати од идејата за целосна забрана за рекламирање на алкохолот. - Тешко дека еден музички настан како Оф-фест би опстојал доколку се забрани рекламирање на пивото. Секаде во светот пивниците се главни спонзори на ваквите случувања - велат од организацијата на оваа позната манифестација. Vest broj 7 КОМУНАЛНА ХИГИЕНА ЌЕ КУПУВА НОВИ СПЕЦИЈАЛНИ ВОЗИЛА Ѓубреџиите ќе се подноват со 500 илјади евра 22.11.2007 Ve~er Советот на Град Скопје одобри јавното претпријатие да се задолжи со кредит во висина од 32 милиони денари со кој можат да се набават пет камиони за собирање смет По неколку години чекање "Комунална хигиена" дочека да го обнови возниот парк. Советот на Град Скопје кој е основач на јавното претпријатие му одобри задолжување со кредит во висина од 32 милиони денари, односно 500 илјади евра. Ќе се купуваат пет специјални камиони за собирање смет. Во моментов, привршуваат административните процедури за распишување тендер за избор на фирма која ќе ја изврши набавката. - Купувањето на специјални комунални возила беше неопходно, со оглед на нивната просечна старост од околу 20 години. Тие многу брзо се амортизираат, бидејќи се користат во три смени и практично не се гасат. Доколку тоа се спореди со европските стандарди кои налагаат обнова на возилата на седум до десет години, тогаш знаеме до каде сме стигнале-информираат одговорните од "Комунална хигиена". Застарената механизација е еден од најгорливите проблеми на скопските комуналн претприкатие и главна причина поради која секогаш недостасуваат возила за извршување на секојдневните задачи. Честопати се расипани и се трошат големи пари за нивно одржување, велат комуналците. За празнење на околу илјада контејнери и чистење на пет милиони квадрати улици, претпријатието располага со 15 специјални возила и околу 100 оперативци. Одговорните велат

дека обновата на возниот парк е еден од приоритетите и затоа Управниот одбор одлучил да побара дозвола за да се задолжи со кредит. Со новите возила, сметаат тие, услугите значително ќе се подобрат. Vest br.8 Македонска фирма ќе го решава проблемот со дивоградбите во Албанија Medium/obajaveno Utrinski vesnik ГИСДАТА од Скопје, заедно со хрватски и албански партнери, го доби тендерот за решавање на еден од најгорливите проблеми во Албанија Фирмата ГИСДАТА од Скопје ќе го решава проблемот со нелегалните градби во Албанија. На тендерот распишан од страна на албанската Агенција за легализација, урбанизација и интеграција на нелегалните градби, македонската фирма, заедно со ГИСДАТА од Загреб и ЦЦС од Тирана, понудија најприфатливо софтверско и техничко решение, кое во период од неколку месеци треба да го реши проблемот на повеќе стотици илјади дивоградби. За почеток, проектот ќе се имплементира во Тирана и во Драч, каде што се нелегални околу 80 отсто од имотите или градбите, а потоа ќе ги опфати и другите поголеми градови. Софтверското решение на ГИСДАТА ќе овозможи формирање централизирана географска база на податоци за територијата на Албанија, што ќе биде основа врз која ќе се обработуваат околу 400.000 барања за легализација. Базата на податоци ќе се базира на најсовремени геоинформациски технологии, со софтверско решение врз основа на ГИС-технологијата на ЕСРИ, светски лидер во производство на ГИСсофтвер. Сопствениците своите нелегализирани објекти ќе може да ги пријавуваат по пат на директна комуникација со надлежните институции, но и преку Интернет. Регистрацијата ќе се врши користејќи дигитализирани податоци од аерофотоснимки со голема прецизност. За разлика од Албанија, во Македонија досега немало ваков сличен тендер. Иако нашава држава е во далеку подобра состојба со нелегалните градби, сепак, бројот на бесправните градби и кај нас не е за занемарување. Доказ дека проблемот го достигнал својот врв и во Македонија се подготовките што се прават околу изготвување закон за легализација на дивоградбите. Инаку, легализацијата на бесправната градба сега е во надлежност на општините кои минатата година стартуваа со изработка на сопствени бази на податоци. Но, за жал, се' досега не е покажан директен интерес за воведување ваков софтвер со кој ќе се креира моќна ГИС-база на податоци во Македонија. Можеби токму Албанија може да биде добар пример за тоа како технологијата во една соседна земја со македонска експертиза може да се примени и кај нас. Фирмата ГИСДАТА ДООЕЛ Скопје е дел од меѓународната групација ГИСДАТА со седиште во Загреб, која има претставништва во Хрватска, Словенија, Србија, Босна, Македонија и во Унгарија. ГИСДАТА е единствена фирма во Македонија која се занимава со развој на ГИС (геоинформациски системи). Нејзините услуги досега ги користеле повеќе државни институции. Vest br.9 Граѓаните бараат од Владата и од Градот да се договорат за судбината на ЈСП Скопје Medium/obajaveno Utrinski vesnik

Јавниот превоз им треба на скопјани, но тој мора да се осовремени Скопјани се едногласни дека јавниот градски превоз е во многу лоша состојба и дека е крајно време Владата и Градот да преземат конкретни мерки за неговото осовременување. Автобусите на ЈСП Скопје се неопходни, но факт е дека се и несигурни. За виновникот за лошите состојби во јавниот градски превоз граѓаните имаат поделени мислења. Велат дека најголема вина имаат оние што го воделе претпријатието додека проблемите со години се натрупувале, а не се решавале. Се менувале влади и градски гарнитури, а никој ништо не преземал. Други, пак, мислат дека највиновен е градоначалникот Трифун Костовски, кој во својот мандат не направи ништо за градот, па ниту за јавниот градски превоз. Трамвајот што го најавува за нив е само трамвај наречен желба. Некои граѓани вината ја лоцираат во Владата, која навистина е незаинтересирана да го пополни малиот градски буџет, бидејќи ваков каков што е со него ништо не може да се направи. Овие скопјани велат дека Владата троши пари за различни кампањи, за кои граѓаните не знаат каде завршуваат. Професорот на Правен факултет во Скопје Љубомир Јакимовски смета дека Трифун Костовски не треба да си оди од градоначалничката фотелја за да го спаси ЈСП, бидејќи кој и да е градоначалник нема да ги поправи состојбите. Со градска каса која има толку мал буџет, никој и не би можел што било да направи. Тој додава дека секаде во светот практика е да се субвенционира јавниот превоз. За тоа не требаат подалечни примери, туку може да се искористат искуствата на бившите југословенски републики. За состојбите во јавниот градски сообраќај е виновна Владата и таа треба да се заинтересира и да му помогне на градоначалникот Костовски за да може тој да функционира. Не може негови пари да троши за да го реши проблемот со превозот ако нема пари во градската каса. Ако Владата не го стори тоа, народот ќе плаќа скапи билети, вели Драган Намчев, пензионер. Градскиот превоз е катастрофа, а за тоа е виновно ЈСП, бидејќи нема направено никакви реформи. Од друга страна, Владата не дава пари за субвенции, но се поставува прашање за што друго троши пари? Ништо друго не ми паѓа напамет, туку дека како и секогаш, во политиката секој си го гледа својот интерес, а Градот тапка во место, изјавува Благоја Варгевски, градежен инженер. Студентката Евгенија Стојанова вели дека го користи секојдневно јавниот градски превоз, но воопшто не е пријатно кога патува со автобусите на ЈСП. Таа смета дека за ваквите состојби е виновен токму градоначалникот, независно од тоа што тој го изјавува. Vest br.10 Улици и Комунална наплатувале од Градот без отчет за сработеното Medium/obajaveno Utrinski vesnik Ревизорот му препорача на Градот да си ги уреди правата Градот Скопје нема писмени договори за соработка со своите јавни претпријатија и за нивните услуги им плаќа паушали, увидел Државниот завод за ревизија при чешлањето на финансиските извештаи на Градот Скопје за 2006 година. Според ревизорите, јавните претпријатија Улици и патишта и Комунална хигиена, без донесени програми и без интерни акти со кои им се утврдуваат обврските и правата, работеле во рамките на своите надлежности и за тоа секој месец до Градот испраќале фактура со иста вредност, без разлика на сработеното. Така, Улици и патишта за одржување на светлосната сигнализација, без разлика на обемот на работа, месечно наплатувало по 382.000 денари, а од август минатата година, по нов ценовник, по 676.000 денари секој месец. За зимско одржување на улиците во март лани, претпријатието побарало 6,1 милиони денари, а истиот месец наплатило и 4 милиони за летно одржување. Истото тоа се случило во декември 2005 година, кога до Градот стасале фактури и за летно и за зимско одржување, во висина од 15 милиони денари. Комунална хигиена, пак, за подигнување згазени или пцовисани животни секој месец зема по 177.000 денари, без разлика колку ќе сработи. За расчистување диви депонии јавното претпријатие секој месец фактурира до Градот износи од 616.000 денари, иако претходно нема добиено налог за извршување на конкретната дејност. Поради тоа, ревизорите препорачуваат Градот итно да си ги

дефинира, согласно со законите, односите со своите јавни претпријатија. Вчера, во Улици и патишта, поради отсуство на директорот, немаше кој да одговори на забелешките на ревизорот, а во Комунална хигиена велат дека паушално се наплатува, бидејќи услугата се дава пред наплатувањето, по што се вршат административните работи и се издава налог. Од Градот Скопје, исто така, никој не одговори зошто досега не е најден начин односите да се уредат така како што налагаат законите. Vest br.11 Земјава тоне во сообраќаен хаос Medium/obajaveno [pic Брзото возење, погрешното паркирање, лошо поставената сообраќајна сигнализација, непочитувањето на знаците и правилата на движење во сообраќајот, непромисленото преминување на улиците од пешаците, се само дел од проблемите што ги предизвикуваат сообраќајните прекршоци во земјава. Ова го заклучија сообраќајните експерти на вчерашната конференција посветена на проблемите во безбедноста на патиштата, а посебно во главниот град. Експертите прогнозираат дека без скоро донесување национална програма за безбедност во сообраќајот, проблемите само ќе се зголемуваат, а ќе се зголемува и бројот на жртви по улиците и по патиштата. - Постојано сме сведоци на сообраќајни несреќи и на жртви и токму поради тоа сите нас треба да не засега оваа програма. Една од целите е да се покрене иницијатива за вклучување на сите еминентни стручњаци во подготвување квалитетна програма - изјави Никола Ангеловски, претседател на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата. Во Скопје, како главен град, се случува најголемиот хаос, тврдат експертите. Според нив, причина за тоа не е само сообраќајната некултура на граѓаните, туку и старите автобуси. - Од вкупно 300 автобуси на ЈСП кои секојдневно се експлоатираат, се случува дневно по скопските улици или пак надвор од градот да се расипат 40 до 50 од нив, што дополнително го отежнува сообраќајот тврди директорот на ЈСП, Орце Ѓоргиевски. Тој за овој проблем ги обвини скопските власти и Владата, кои не придонесувале да се подобрат условите во единствениот градски превоз во Скопје. Според Ѓоргиевски, граѓаните низ градот се превезуваат со автобуси стари повеќе од 16 години, за разлика од европските градови каде што просечната старост на автобусите е околу седум години. Небезбедноста во сообраќајот ја покажуваа и анализите на Министерството за внатрешни работи. Оттаму велат дека земјава со популација од два милиони, на годишно ниво во просек има околу осум жртви на 100.000 жители.