ПЕТТИ СОСТАНОК НА ЕКСПЕРТСКАТА ГРУПА НА ENTERPRISE EUROPE NETWORK ЗА СЕДМАТА РАМКОВНА ПРОГРАМА

Similar documents
Универзитет Св. Климент Охридски - Битола

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

Март Opinion research & Communications

ВОДИЧ ВО СЕДМАТА РАМКОВНА ПРОГРАМА (ФП7) - СО ФОКУС НА МАЛИТЕ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

Концептуален документ за Национални работни групи за РЈА

Петти состанок на Локалната советодавна група Записник од состанокот

Проектот е поддржан од страна на Министерството за надворешни работи на Франција и Регионот Нормандија.

eтвининг Заедница на училишта во ЕВРОПА

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ToR 02/2016 ПРАВНИ ЕКСПЕРТИ ЗА ПОДГОТОВКА НА ПРИРАЧНИК ЗА СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕ-ПРАВНИ АСПЕКТИ

Значајни подрачја за раститенија, птици и пеперутки во Македонија. Славчо Христовски

Заштита на личните податоци во Република Македонија. Охрид, 27 мај 2014 година

Универзитет Св. Климент Охридски- Битола. Факултет за информатички и. комуникациски технологии - Битола. Студиска програма:

Записник од 14-тиот состанок на Групата на засегнати страни за прекуграничниот регион Преспа

Мобилност МК Mobility MK V O L U M E 3, I S S U E 4

ПР објави во медиуми

на јавната свест за Архуска конвенција и еколошкото законодавство на Европската Унија

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола Факултет за туризам и угостителство Охрид. Дипломиран организатор по туризам и угостителство

Втора Регионална конференција за јавна внатрешна финансиска контрола за земји кандидати и потенцијални кандидати. Дневен ред

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА на

Структурно програмирање

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство

Чекорите до Национален младински совет MЛАДИНСКО ОРГАНИЗИРАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Коисмение.Штозначиме.

Мобилност МК Mobility MK

University St.Kliment Ohridski - Bitola Scientific Tobacco Institute- Priep ABSTRACT

Обука за електронски систем на учење МИКРОУЧЕЊЕ. Материјал за учесници

СОЗДАВАЊЕ ИНОВАТИВНИ УЧИЛИШТА: ПОДГОТВУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ ЗА 21-ОТ ВЕК

Родово буџетирање.

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2015

Структурирани бази на наставни материјали и дигитална трансформација. студија на случај Република Македонија

Разбирање на проширувањето

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

MANAGEMENT & LEADERSHIP SCHOOL FOR ENGINEERS МЕНАЏЕРСКА И ЛИДЕРСКА ШКОЛА ЗА ИНЖЕНЕРИ

Биланс на приходи и расходи

Мобилност МК Mobility MK

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

И З В Е Ш Т А Ј. 1. Образовен развој. Највисок успех, Култура и јазици, Оцена А, Скопје, Гимназиско образование за култура и јазици, 1989

Д Е К Л А Р А Ц И Ј А за Вклученост на Заедницата

We re. вработување. и кариера. Понуда за соработка

РЕФОРМАТА НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

МЕТОД ЗА АНАЛИЗА НА МЕЃУНАРОДНАТА ТРГОВСКА СОСТОЈБА

Биланс на приходи и расходи

Вовед во мрежата nbn. Што е тоа австралиска nbn мрежа? Што ќе се случи? Како да се префрлите на мрежата nbn. Што друго ќе биде засегнато?

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ за преземени активности на Секторот за меѓународна полициска соработка во текот на 2013 година

Мобилност МК Mobility MK

A mysterious meeting. (Таинствена средба) Macedonian. List of characters. (Личности) Khalid, the birthday boy

Анализа на секторски политики Политика за конкурентност и иновации ИПА 2 МЕХАНИЗАМ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ (IPA2CSO)

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

Западен Балкан - Препорака за учество на јавноста

ПРОМЕНИ ВО РАКОВОДЕЊЕТО НА ОРГАНИЗАЦИЈА ЧИЈА ОСНОВНА ДЕЈНОСТ Е ИНЖЕНЕРИНГ

Проект за професионален и кариерен развој на наставниците

Стратешки план за година на Новинари за човекови права

Општествена интеграција на жртвите на трговија со луѓе: Проценка на институционалните капацитети на Македонија за заштита на жртвите на трговија со

Издавач: Национален младински совет на Македонија. За издавачот: Дамјан Николовски, Претседател

Мобилност МК Mobility MK

ПРИРАЧНИК ЗА ПРОЕКТЕН МЕНАЏМЕНТ

Даночен семинар 2011 kpmg.com.mk

INTELLECTUAL PROPERTY

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА НАСТАВНИЦИ ВО СИТЕ НАСТАВНО НАУЧНИ ЗВАЊА И АСИСТЕНТИ - ДОКТОРАНТИ (АСИСТЕНТИ ДОКТОРАНДИ) НА УНИВЕРЗИТЕТОТ МАЈКА ТЕРЕЗА ВО СКОПЈЕ

Анализа на пазарот, прелиминарни пазарни консултации и претходно учество на кандидатите/понудувачите

2.3 ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА. Службен весник на Република Македонија бр. 53 од 11 април 2013 година

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ МБА Менаџмент Штип. Весна Денчова

БОНА МЕНТЕ: Поддршка на Комисиите за односи меѓу заедниците АНАЛИЗА НА ПОЛИТИКИ

компоненти цели Како до зголемена ефикасност и ефективност? акредитацја документ за јавна политика еваулација

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ Јавна администрација Штип. Виолета Ничева Тиквешанска

univerzitetski vesnik

Проект. "Национален рурален парламент како глас на руралното. население" ПРОГРАМА ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ ПОВИК И УПАТСТВО ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

За обуката ВОВЕД ВО НОВИОТ ПРЕДМЕТ

алката што недостасува за активно граѓанство 2/МЕДИУМСКАТА ПИСМЕНОСТ ВО МАКЕДОНИЈА

ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ И РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ЗЕЛС ZELS ОДРЖАНА ТРЕТА СЕДНИЦА НА ГЕНЕРАЛНОТО СОБРАНИЕ НА ЗЕЛС THE THIRD SESSION OF THE GENERAL ASSEMBLY OF ZELS WAS HELD

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ за 2016 година

Семејството и заедницата

Програма за работа на здружението Регионален центар за одржлив развој за 2016 година

МАГИСТЕРСКИ ТРУД. Значењето на е-crm за остварување на конкурентска предност на компаниите

Доживотно учење во областа на одржливите технологии

МАГИСТЕРСКИ ТРУД НА ТЕМА:

С О Д Р Ж И Н А. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

БалканМед Програма за интерергионална соработка

C U R R I C U L U M V I T A E. Лични податoци Сашко Граматниковски Телефон

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ. за работата во 2015 година

АНЕКС Б И Л Т Е Н. Бр. 427

КЛУЧНИ ДВИГАТЕЛИ ВО ПОТРЕБИТЕ ЗА ОПТИМАЛНИ ОДРЕДБИ ЗА ПОСЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ: АНГЛИСКА СТУДИЈА

Бесплатно издание Интервју Јан Стола

бр.02 декември АКТИВНОСТИ НА ЗДРУЖЕНИЈА ЧЛЕНКИ НА МРР НА РМ 2. ELARD 3. АКТИВНОСТИ НА МРР НА РМ ВО ЈАВНИ ДОБРА

СОВРШЕНИОТ УМЕТНИК Дискурзивно едукативна програма во рамки на наградата ДЕНЕС

Здружение за акција против насилство и трговија со луѓе ОТВОРЕНА ПОРТА / ЛА СТРАДА МАКЕДОНИЈА

Clip media group - Newsletter vol.vii - December

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

Univerzitetski vesnik

БИЗНИС ИНФО СРЕДНО СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА ЗА ПРОСПЕРИТЕТ ВО ЕВРОПА БИЗНИС ИНФО

од имплементирани проекти од програмите АДИ вингинг АРДО ДА ВИНЧИ ЛАДИ ВО СТУДИСКИ ПОСЕТИ Tвингинг

СОДРЖИНА ДНЕВЕН РЕД... 3 ВОВЕД... 4 ИСТОРИЈАТ... 4 НАРАТИВЕН ИЗВЕШТАЈ ОД 8та ГОДИШНА СРЕДБА... 6 АНЕКС 1 - Листа на учесници АНЕКС 2 - Презентација TA

ИПА Програма за Прекугранична соработка помеѓу РМакедонија и РГрција

МРЕЖА 23+ ПОВИК ЗА ГРАНТОВИ НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ. Проектот го финансира Европската Унија

Карактеристики на побарувачка на работна сила мали и микро претпријатија Фокус на општини со значителен број на невработено ромско население


Повик за поддршка на локални граѓански организации

Регионални упатства за идентификација на жртвите на трговијата со луѓе. Правилник(прирачник) за Југоисточна и Источна Европа

Transcription:

ПЕТТИ СОСТАНОК НА ЕКСПЕРТСКАТА ГРУПА НА ENTERPRISE EUROPE NETWORK ЗА СЕДМАТА РАМКОВНА ПРОГРАМА

Во организација на Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија, дел од Enterprise Europe Network, од 10-11.10.2012 година се oдржа петтиот состанок на Експертската група на Enterprise Europe Network за Седмата рамковна програма. Се состанаа експерти од повеќе земји, и тоа: Австрија, Германија, Англија, Шпанија, Франција, Полска, Холандија, Турција, Словенија, Норвешка, Хрватска и Романија. Настанот го отвори и свое обраќање имаше ректорот на УКИМ, проф. д-р Велимир Стојковски, претседател на Конзорциумот на Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија. рамките на Enterprise Europe Network, како и размена на искуства и добри практики во работењето и давањето на услугите, пред сé, кон малите и средните претпријатија. Исто така, се разменија и проектни идеи од секоја земја за составување на проектни конзорциуми и за поголемо учество во повиците на програмата. Од состанокот се очекува да произлезат меѓународни научно истражувачки партнерства во кои ќе учествуваат повеќе од 25 земји од Европската унија и Југоисточна Европа. Како домаќин на оваа манифестација, УКИМ очекува значителен број на идни проектни партнерства од ЕУ програмите за Република Македонија. Имајќи го во предвид значењето на состанокот и можностите да се презентираат македонските искуства и Целта на овој настан беше продолжување и зајакнување на соработката на FP7 експертите во пракси во водењето на програмата, како и да се претстават македонските мали и средни претпријатија и организации за нивно поактивно

вклучување во програмата, состанокот претставуваше огромна можност за сите учесници. На самиот состанок се претставува уште едно поле кое може да биде од интерес на групата од аспект на вмрежување со цел планирање и формирање на соодветни конзорциуми кои би конкурирале на отворени повици за европските фондови. организираше и Викинг настан на кој членовите на групата разменија проектни идеи и профили за кои е потребно да се идентификуваат соодветни претпријатија од своите земји. Помеѓу состаноците групата преку емаил континуирано разменуваше информации и донесуваше одлуки по одредени прашања. Следниот чекор на групата е воспоставување на официјална платформа на EEN за FP7/Horizon 2020 за сите активности поврзани со овие програми како тренинг и обуки со посебен акцент на малите и средни претпријатија. Оваа група, полека, но сигурно, се наметнува да биде гласот на малите и средни претпријатија во Брисел. Во иднина, групата ќе ја зајакне соработката со националните контакт точки за FP7/Horizon 2020 на локално ниво. Трансферот на технологии Enterprise Europe Network е најголемата мрежа на контактни центри кои обезбедуваат информации и советувања на компаниите за прашања од Европската унија. Основана во 2008 година, од страна на Европската комисија, мрежата се состои од околу 600 локални партнерски организации (универзитети, стопански комори, агенции, фондации, здруженија), во речиси 50 земји, промовирајќи конкурентност и иновации. Главната мисија на Enterprise Europe Network е да им помогне на малите и средните претпријатија да развијат активности на соработка од областа на бизнисот, технологијата и науката. Координатор на конзорциумот Европски информативен и иновативен центар во Македонија е Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.

ЕКСПЕРТСКА ГРУПА ЗА СЕДМАТА РАМКОВНА ПРОГРАМА (FP7) Експертската група за Седмата рамковна програма е резултат на иницијатива на лица од неколку EEN канцеларии кои активно работат во рамките на оваа програма покрената во 2010 година. Како идеја, таа е прифатена од Извршната агенција за конкурентност и иновации и со тек на време поголем број на ЕЕN членки земаат активно учество во работата на групата. Во текот на своето двегодишно постоење експертската група за Седмата рамковна програма се покажа како многу успешна иницијатива. Основните цели на групата се: размена на идеи и добри практики и учење еден од друг, развој на нови пристапи за советодавни и мотивациони услуги, особено за МСП, тренинг (методи, алатки, техничка експертиза за 7 РП како администрирање / финансии итн), спојување на идеи за истражување и развој на клиентите, разменување на идеи за нацрт работни програми и нацрт планови за имплементирање, откривање на интересени проекти/ координатори и оценувачи во различни земји, пронаоѓање на партнери за заеднички И&Р настани, придонес кон активностите на ЕЕН и Европската комисија како што се обуки за почетници, децентрализирани тренинг курсеви, МСП недела. Во крајна линија, работната група треба да овозможи можности за вмрежување на членовите на ЕЕН кои ја работат истата работа низ цела Европа и да им помогне да бидат поуспешни и попрофесионални во испорачувањето на своите услуги на МСП. За успешно реализирање на своите активности членовите на групата се состануваат два пати годишно на различни локации. Првиот состанок вообичаено се одржа во Валенсија, Шпанија, додека последниот на 10-11 октомври, 2012 година се одржа во Скопје, Македонија. На самите состаноци се организира и Викинг

настан на кој членовите на групата разменуваат проектни идеи и профили цел да се позиционира како лидер во знаење за H2020 во рамките на ЕЕN. за кои е потребно да идентификуваат соодветни претпријатија во своите земји. Помеѓу состаноците групата преку е-маил континуирано разменува информации и донесува одлука по одредени прашања. Во иднина експертската група ќе се фокусира на Хоризонт 2020 програмата и нивната улога во истата. Низ своите активности групата има за

ИДНИНАТА НА ЕКСПЕРТСКАТА ГРУПА ЗА СЕДМАТА РАМКОВНА ПРОГРАМА НА ENTERPRISE EUROPE NETWORK (brainstorming, Wiking day, networking), но дека секогаш може да има Учесниците во групата го започнаа официјалниот дел со преглед на досегашните успешни активности на групата, а подоцна акцентот беше ставен на предлози и насоки за развој на групата во иднина. Тие ги утврдија и активностите и ги поставија целите за во иднина на кои треба напорно да работат во периодот што доаѓа за успешно делување на групата. Учесниците потенцираа дека активностите кои се воспоставени како добра практика треба да продолжат подобрување во организацијата и влијанието на групата, како подобро следење на резултатите од заедничките соработки и вклучување на повеќе мали и средни претпријатија во научноистражувачките проекти на европско ниво. Главниот фокус на оваа неформална група за Седмата рамковна програма во иднина е да се избори за статусот на формална група во рамки на EEN. Идејата на една ваква група е да има пристап до навремени информации од прва рака за новиот начин на финансирање во рамки на Европската Комисија Horizon 2020. Оваа група е спремна да биде носителот на тренинзи и менторирање на активности поврзани со H2020. Заради можноста на влијание на оваа група, членовите го поставија фокусот да оваа неформална групаза Седмата рамковна програма во иднина да прерасне во формална група во рамки на EEN. Придобивките од една ваква

група се многубројни, од пристап до навремени информации од прва рака за новиот начин на финансирање во рамки на Европската комисија, до вклучување на сé повеќе мали и средни претпријатија во европски програми како што е COSME програмата.

МОЖНОСТИТЕ, УСЛОВИТЕ И ПРЕДИЗВИЦИТЕ СО КОИ СЕ СООЧУВА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НА ПОЛЕТО НА ИСТРАЖУВАЊЕТО И РАЗВОЈОТ Во рамките на состанокот на Експертската група за Седмата рамковна програма (анг. 7th Framework Program FP7), централно место зазедоа и неколкуте презентации во врска со можностите, условите и предизвиците со кои се соочува Република Македонија на полето на истражувањето и развојот. Притоа, посебен акцент беше ставен на искуствата што ги имаат малите и средни претпријатија во Македонија од учеството во ваквите проекти, од една страна, како и на искуствата што академската средина во Македонија ги има од инволвираноста во FP7 проектите, од друга страна. Во рамките на првата презентација, која ја одржа г-ѓа Виолета Атанасовска, национален координатор за FP7, беа изложени условите, можностите и предизвиците што ги има Република Македонија на полето на истражувањето и развојот. Притоа, во првиот дел г-ѓа Атанасовска ги изложи моменталните законски мерки преку кои е предвидена поддршка на истражувањето и развојот во државата, по што даде акцент на стратегиски важните документи кои би требало да се дефинираат во иднина, со цел Македонија успешно да се подготви за новите предизвици кои ќе произлезат во рамките на новата Програма Horizon 2020. Давајќи преглед на бројот на проекти во кој тековно учествува Македонија во рамките на програмите: FP7, COST, EURECA, IAEA и NATO-SP, г-ѓа Атанасовска изложи дека моментално Македонија е вклучена во 86 проекти финансирани од FP7, при што стапката на успех за македонските апликации во рамките на оваа програма е 15%. Како заклучок, г-ѓа Атанасовска истакна дека пред Република Македонија стојат низа предизвици и можности со цел да се подобрат условите за истражување и развој.

Притоа, меѓу предизвиците како најглавни ги истакна: зголемување на фондовите за истражување и иновации; зајакнување на капацитетите за истражување и иновации; подобрување на соработката помеѓу академската средина и индустријата; зголемување на размената и мобилноста на истражувања кои вклучуваат мали и средни претпријатија; зајакнување на административните капацитети; и сл. Од друга страна, како можности преку кои може да се придонесе кон подобрување на климата за истражување и развој г-ѓа Атанасовска ги наведе следните: постоење на критична маса од високото образование и истражувачките институти за учество во проекти, како и одреден број на мали и средни претпријатија; зголемување на свеста и интересот за учество во проекти во рамките на целокупната заедница; развивање на добри мрежи и партнери за соработка и слично. Преку втората презентација, одржана од проф. Илија Насов, беа изложени искуствата, можностите и предизвиците од учеството во FP7 проекти за малите и средни претпријатија во Република Македонија, отсликани преку искуствата од учеството во овој тип на проекти на Центарот за истражување и развој за плазма и соларни технологии - ПЛАЗМА, кој своите истражувања ги преточува во реалност преку компанијата Камел Солар. Проф. Насов, директор на Плазма, истакна дека искуствата од учеството на Плазма во меѓународните проекти, меѓу кои и неколкуте FP7 проекти, е многу позитивно, не само од аспект на зголемени можности за истражување и развој, туку и од аспект што на тој начин му се отвара можност на едно претпријатие да ги прошири своите хоризонти со партнери низ многу европски земји. Во случајот, соработката низ меѓународните проекти, Плазма ја поврзала со врвни истражувачки цетри од низа земји во Европа, како што се: Украина, Словенија, Хрватска, Австрија, Германија, Шпанија, Италија, Романија, Белгија, Ирска, Обединетото кралство, и други. Проф. Насов исто така додаде дека освен работата на истражување и развој, она што оваа компанија ја води напред е и мотото овие истражувања и патенти да се применат во реалноста. Укажувајќи на тоа дека моментално Плазма учествува во пет FP7 проекти,

проф. Насов посочи дека за една компанија да стигне до еден таков успех, не треба само напорно да се работи туку и да се запазат неколку клучни точки со чија помош компанијата ќе стигне од идеја до учество во проект. Тие клучни точки се: постојан стремеж на компанијата кон тоа да биде лидер во областа која ја покрива; да се имаат значајни достигнувања во минатото; да се следат најновите вести во бизнисот што е од интерес, а кои се во врска со моменталните потреби и правилата на Европската Унија; компанијата да се бави со истражувања кои ќе водат до иновации; да се проверува конкурентноста на потенцијалните идеи; да се направат предлог проекти во врска со конкурентните идеи; да се најдат соработници, т.е да се оформи конзорциум со цел остварување на идеите зацртани во предлог проектите и сл. Во рамките на презентацијата на проф. Лилјана Гавриловска, таа ги пренесе искуствата што академската средина во Македонија ги има од учеството во FP7 проектите, отсликано преку нејзиното активно учество во неколкуте FP7 проекти преку истражувачката група WINGroup (Wireless Networks Group - WiNGroup). WINGroup е истражувачка група која работи во рамките на Центарот за безжични и мобилни комуникации, кој е дел од Институтот за телекомуникации при Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје (УКИМ). Проф. Гавриловска истакна дека искуствата на истражувачката група WINGroup, а со тоа и на ФЕИТ и УКИМ, од учеството во низата FP7 проекти се многу позитивни. Притоа, проф. Гавриловска потенцираше дека тој значаен успех секако се должи на правилна работна стратегија, која меѓу другото, опфаќа: имање на конкурентни истражувачки идеи; соработка со академски институции од регионот и пошироко, правилен приказ на тие идеи при обмислувањето на предлог проект; напорна работа со цел да се оствари замисленото. Проф. Гавриловска истакна дека искуството што се стекнува при работа на FP проектите не е само значајно од аспект на зголемување на истражувачките капацитети на ниво на држава (обучен кадар, најмодерен хардвер и софтвер за соодветната област), туку и од аспект

што преку ваквите проекти се остварува многу значајна и цврста соработка со еминентни eвропски институции, како од академската средина, така и од индустријата. Во текот на својата работа, Истражувачката група WINGroup преку вклученоста во еден FP4, еден FP5, два FP6 и пет FP7 проекти, се издвојува како истражувачка група со најголем број на интернационални проекти во рамките на УКИМ, при што остварила цврста соработка со над петнаесет еминентни универзитети во Европа, како и со повеќе од десет компании чии имиња се водечки во областа на телекомуникациите на ниво на Европа. Меѓу низата земји од кои потекнуваат овие познати истражувачки центри и компании со кои соработува Истражувачката група WINGroup, се вбројуваат: Германија, Обединетото кралство, Шведска, Финска, Шпанија, Грција, Франција, Словенија, Италија, Данска, Белгија, Ирска и др. Резултатите од истражувањата се публикувани во над 85 меѓународни конференции и списанија, а за низа од нив се добиени и меѓународно признати награди. Со ова WINGroup не само што се издвојува како водечка истражувачка група на полето на безжичните комуникации во Македонија, туку претставува и респектабилна истражувачка група на полето на безжичните комуникации на ниво на Европа. На состанокот свое излагање имаше и г-ѓа Тања Фридрикс од Генералниот директорат за истражување на Европската комисија која даде осврт на состојбата на земјите од Западен Балкан во истражување и развојот. Таа посочи дека се потребни реформи во земјите и зајакнување на капацитетите за истражување и развој на национално ниво, како и зголемување на соработката со партнерите од ЕУ и другите меѓународни партнери за да се зголеми учеството во научноистражувачките проекти. Исто така, од особено значење, според неа се градењето на човечките ресурси, добар административен капацитет и соработка со националните контакт точки, за подготовка за новиот инструмент Хоризонт2020 од 2014 година.

ЕВРОПСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР ВО МАКЕДОНИЈА УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ во СКОПЈЕ Бул. Крсте Мисирков бб тел. 02 3293 204, факс 02 3293 202 e-mail: eiicm@ukim.edu.mk www. een. mk