ПЕТТИ ИЗВЕШТАЈ ОД МОНИТОРИНГ НА КВАЛИТЕТ НА ДЕБАТА ВО СОБРАНИЕ

Similar documents
Март Opinion research & Communications

THE ASSEMBLY SPONTANEOUS ASSOCIATIONS

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

Биланс на приходи и расходи

ЗА ИЗБОРНИТЕ МОДЕЛИ. Автор: М-р Илија Јованов Септември, 2015 година. 1. Наместо вовед

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

Биланс на приходи и расходи

С О Д Р Ж И Н А. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

КРЕДИБИЛИТЕТОТ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ВО МАКЕДОНИЈА Е ДОВЕДЕН ВО ПРАШАЊЕ

Петти состанок на Локалната советодавна група Записник од состанокот

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

на јавната свест за Архуска конвенција и еколошкото законодавство на Европската Унија

Структурно програмирање

ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2008 ФИНАЛЕН ИЗВЕШТАЈ

ПОЛИТИЧКИОТ ПЛУРАЛИЗАМ ВО МЕДИУМИТЕ

СОВРЕМЕНИ МОДЕЛИ НА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ВЛАСТА: ДИЛЕМИ И ПРЕДИЗВИЦИ

Значајни подрачја за раститенија, птици и пеперутки во Македонија. Славчо Христовски

Годишен извештај 2016

University St.Kliment Ohridski - Bitola Scientific Tobacco Institute- Priep ABSTRACT

ПОСТФЕСТУМ АНАЛИЗА НА ИНСТИТУТОТ ЗА ДЕМОКРАТИЈА СОЦИЕТАС ЦИВИЛИС НА ВЛАДИНИОТ ПЛАН 3-6-9

Отчетност на институциите во Македонија помеѓу заложбите и резултатите!

ЗАПИСНИК ОД КОНСТИТУТИВНА СОБРАНИСКА СЕДНИЦА НА СТОМАТОЛОШКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ОДРЖАНА НА ГОДИНА

Трет круг на евалуација

доц. д-р Оливер АНДОНОВ, Факултет за безбедност, криминологија и финансиска контрола, МИТ Универзитет-Скопје

Заштита на личните податоци во Република Македонија. Охрид, 27 мај 2014 година

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА НАСТАВНИЦИ ВО СИТЕ НАСТАВНО НАУЧНИ ЗВАЊА И АСИСТЕНТИ - ДОКТОРАНТИ (АСИСТЕНТИ ДОКТОРАНДИ) НА УНИВЕРЗИТЕТОТ МАЈКА ТЕРЕЗА ВО СКОПЈЕ

ПОСЕБЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА ЧЕТИРИЕСЕТ И ДЕВЕТТАТА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА РМ ОДРЖАНА НА 24 ДЕКЕМВРИ 2012 ГОДИНА - СЛУЧУВАЊА ПРЕД И ВО СОБРАНИЕТО -

Siemens собни термостати. За максимален комфорт и енергетска ефикасност. siemens.com/seeteam

ПОЛИТИЧКИОТ ПЛУРАЛИЗАМ ВО МЕДИУМИТЕ

ЗДРАВЈЕТО НА РОМИТЕ И НИВНИОТ ПРИСТАП ДО ЗДРАВСТВЕНАТА ЗАШТИТА ОД РОДОВ АСПЕКТ

Гледиштата изразени во овој извештај се на авторот и не нужно ги одразуваат гледиштата на Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за демократија

Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2010 година

ЖЕНИТЕ ВО ПОЛИТИКАТА: ПАТОТ ДО ПОЛИТИЧКИТЕ ФУНКЦИИ И ВЛИЈАНИЕТО НА ЛОКАЛНО НИВО ВО МАКЕДОНИЈА

ПАРЛАМЕНТАРНА КОНТРОЛА НАД РАБОТАТА НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ И РАЗУЗНАВАЧКИ СЛУЖБИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Обука за електронски систем на учење МИКРОУЧЕЊЕ. Материјал за учесници

КОРУПЦИЈАТА ВО ПОРАНЕШНА ЈУГОСЛОВЕНСКА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА:

БЕСКРУ- ПУЛОЗ- НА БОР- БА ЗА ВЛАСТ

ЕВРО-АТЛАНТСКИТЕ ПЕРСПЕКТИВИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА: ПРОБЛЕМИ, ПРЕДИЗВИЦИ И ПОЛИТИЧКА РЕАЛНОСТ ПО НЕУСПЕХОТ НА САМИТОТ НА НАТО ВО БУКУРЕШТ 2008

Четири Години од Добивањето на Кандидатскиот Статус:

ИЗВЕШТАЈ Парламентарни избори 2006

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

ЗА СОСТОЈБАТА СО ФИЛАНТРОПИЈАТА

политичка мисла political thought 20 Години од донесувањето на Уставот на Република Македонија

БОНА МЕНТЕ: Поддршка на Комисиите за односи меѓу заедниците АНАЛИЗА НА ПОЛИТИКИ

ОСОБЕНОСТИ НА АКТИВНОТО И НЕАКТИВНОТО ПОМЛАДО НАСЕЛЕНИЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПОСТОЈНИ СОСТОЈБИ И ПРЕДИЗВИЦИ

Чекорите до Национален младински совет MЛАДИНСКО ОРГАНИЗИРАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА

КОНТРОЛНА ЛИСТА ЗА ИЗРАБОТКА НА ЗАКОНИ И ЗА РЕГУЛАТОРНО УПРАВУВАЊЕ ВО ЦЕНТРАЛНА И ИСТОЧНА ЕВРОПА. СИГМА ДОКУМЕНТ Бр. 15, 1997

политичка мисла political thought Локалната самоуправа и учеството на граѓаните Local Self-Government and Citizen Participation

Гледиштата изразени во овој извештај се на авторот и не нужно ги одразуваат гледиштата на Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за демократија

6. Компаративна анализа со претходни истражувања Финални заклучоци и препораки...53

ПЕТТИ СОСТАНОК НА ЕКСПЕРТСКАТА ГРУПА НА ENTERPRISE EUROPE NETWORK ЗА СЕДМАТА РАМКОВНА ПРОГРАМА

ПРЕПОРАКИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА СОСТОЈБАТА

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПОВРЕДИ НА РАБОТА И ПРОФЕСИОНАЛНИ БОЛЕСТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Втора Регионална конференција за јавна внатрешна финансиска контрола за земји кандидати и потенцијални кандидати. Дневен ред

СЕКСУАЛНОТО И РЕПРОДУКТИВНОТО ЗДРАВЈЕ И ЛИЦАТА СО ТЕЛЕСНА ПОПРЕЧЕНОСТ (ИЗВЕШТАЈ ОД ПРОЦЕНКА ЗА ПОТРЕБИ ОД УСЛУГИ)

ПОРАНЕШНА ЈУГОСЛОВЕНСКА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА: ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 14 И 28 АПРИЛ ОБСЕ/ОДИХР Набљудувачка мисија на изборите Краен извештај

ПРИСТАП ДО ПРОГРАМИТЕ НА РАДИОДИФУЗЕРИТЕ ЗА ЛИЦАТА СО ОШТЕТЕН ВИД И СЛУХ

Публикација: Анализа за процена на националните програми и мерки за вработување на лицата со попреченост

A mysterious meeting. (Таинствена средба) Macedonian. List of characters. (Личности) Khalid, the birthday boy

Национална и универзитетска библиотека Св. Климент Охридски, Скопје

ДОКУМЕНТ ЗА ПОЛИТИКИ ПОГОЛЕМА ПАРТИЦИПАЦИЈА, ПОМАЛА МОЖНОСТ ЗА КОРУПЦИЈА

Средно образование природно математичка гимназија Никола Карев Скопје, Р.Македонија

Демократски сојуз. ПРОЕКТ РЕФОРМА НА ИЗБОРНИОТ МОДЕЛ -Една изборна единица како најдемократско решение- Скопје, март 2015 година

Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2011 година

ДОКУМЕНТ ЗА ПОЛИТИКИ

ФОНДАЦИЈА ИНСТИТУТ ОТВОРЕНО ОПШТЕСТВО - МАКЕДОНИЈА МАКЕДОНСКИ ЦЕНТАР ЗА ЕВРОПСКО ОБРАЗОВАНИЕ ВЛАДА ДООЕЛ

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола Факултет за туризам и угостителство Охрид. Дипломиран организатор по туризам и угостителство

Универзитет Св. Климент Охридски- Битола. Факултет за информатички и. комуникациски технологии - Битола. Студиска програма:

Закон за прекинување на бременост од 2013 година: Јасна слика за укинувањето на демократијата во Македонија 1

СЛОБОДА НА ИЗРАЗУВАЊЕ

а) Сексуално и репродуктивно здравје - Пристап до информации - Лица со оштетен вид и слух - Македонија - Истражувања

МАКЕДОНСКИОТ ПАТ КОН ОДРЖЛИВОСТА: НОВ БЕЗБЕДНОСЕН ПРИОД ЗА НАТО И ЗА ЕУ

СЛУЖБЕН ГЛАСНИК НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

ТВ МЕДИУМИТЕ- ФОРМАЛНАТА И НЕФОРМАЛНАТА ЕДУКАЦИЈА

ЗАВИСНОСТА МЕЃУ КВАЛИТЕТОТ НА ЖИВОТОТ, МОЖНОСТИТЕ ЗА ПРАВЕЊЕ ИЗБОР И ОЧЕКУВАЊАТА ЗА ИДНИНАТА КАЈ ВОЗРАСНИТЕ ЛИЦА СО ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ

ПРИСТАП ДО ПРОГРАМИТ Е НА РАДИОДИФУЗЕРИТЕ ЗА ЛИЦАТА СО ОШТЕТЕН ВИ Д И СЛУХ ПОТРЕБИ И ПОНУДА

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ НА МЗМП ЗА ПРАКТИКИТЕ НА ЗАДРЖУВАЊЕ СТРАНЦИ ВО МАКЕДОНИЈА ОД ИМИГРАЦИСКИ ПРИЧИНИ 2017

МАКЕДОНИЈА ЗАВРШЕН ИЗВЕШТАЈ МЕХАНИЗМОТ ЗА НЕЗАВИСНО ИЗВЕСТУВАЊЕ (МНИ):

ЈП СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РМ УСТАВ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО АМАНДМАНИТЕ НА УСТАВОТ I-XXX

MANAGEMENT & LEADERSHIP SCHOOL FOR ENGINEERS МЕНАЏЕРСКА И ЛИДЕРСКА ШКОЛА ЗА ИНЖЕНЕРИ

POLICY REPORT. Компаративна анализа на регионалните практики за парламентарен финансиски надзор над разузнавачките служби.

МЕНТОРКА: Taња Томиќ

Мобилност МК Mobility MK

УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ ЈУСТИНИЈАН ПРВИ СКОПЈЕ. Издавач: Правен факултет ЈУСТИНИЈАН ПРВИ СКОПЈЕ

Оваа книга нема амбиција да го исцрпи бунарот на бедата на македонскиот јавен дискурс, ниту, пак, има амбиција сите поместени примери да ЦРНА

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО ВО ПЕЧАТЕНИТЕ МЕДИУМИ: СОСТОЈБA И ПРЕПОРАКИ

Упатство за инсталација на Gemalto.NET токен во Mozilla Firefox

НАЦИОНАЛЕН ТРИПАРТИТЕН СОЦИЈАЛЕН ДИЈАЛОГ. Водич на МОТ за подобро управување

МРЕЖА 23+ ПОВИК ЗА ГРАНТОВИ НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ. Проектот го финансира Европската Унија

Забелешки за работата на судството и медиумите според домашни и странски организации од политиката и граѓанството

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

ЕВРОПСКИ ПРИНЦИПИ ЗА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА

ПРИРАЧНИК И МАТЕРИЈАЛИ ЗА ОБУКА ЗА ЕВРОПА. Слобода на изразување, закон за медиуми и клевета. Media Legal Defence Initiative

Концептуален документ за Национални работни групи за РЈА

ПРАВА НА ИМАТЕЛИТЕ НА АКЦИИ СО ПОСЕБНО ВНИМАНИЕ НА ПРАВАТА ШТО ГИ НУДАТ ПРИОРИТЕТНИТЕ АКЦИИ И НИВНА ЗАШТИТА

П Р О С П Е К Т. Друштво за проектирање, производство и монтажа на челични конструкции и опрема, увоз-извоз ФАКОМ АД - Скопје (ФАКОМ АД - Скопје)

Годишен извештај ПАРИТЕ ПОЛИТИКАТА ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ТРАНСПАРЕНТНОСТ ВО ФИНАНСИРАЊЕТО НА ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ

ДА ГИ ОТВОРИМЕ УЧЕБНИЦИТЕ: ОТВОРЕН ПРИСТАП ДО УЧЕБНИЦИТЕ ЗА ОСНОВНО И СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ

Преглед на државите во Западна Африка

Transcription:

ПЕТТИ ИЗВЕШТАЈ ОД МОНИТОРИНГ НА КВАЛИТЕТ НА ДЕБАТА ВО СОБРАНИЕ ДЕКЕМВРИ 2014

ПЕТТИ ИЗВЕШТАЈ ОД МОНИТОРИНГОТ НА КВАЛИТЕТОТ НА ДЕБАТАТА ВО СОБРАНИЕТО (ДЕКЕМВРИ) Институтот за демократија Социетас Цивилис Скопје (ИДСЦС) и Институтот за Источна и Централна Европа и Балканот (ИЕКОБ) почнувајќи од јуни 2014 до март 2015 година го следат нивото на квалитет на дебататa во Собранието. Мониторингот се одвива во рамките на проектот Собранието под лупа, засилување на политичката дебата и делиберативниот дискурс финансиски поддржан од Европската Унија. Во текот на периодот на мониторинг ќе бидат изготвени десет месечни извештаи за квалитетот на дебатата во Собранието. Пред вас е петтиот таков извештај кој се однесува на собраниската дебата во месец декември 2014. Со примена на Индексот за квалитет на дебата 1 според неколку параметри се оценува секој поединечен говор на учесниците на пленарните седници и седниците на осум собраниски комисии одбрани според нивното значење за политичката дебата и политичката култура во државата. Целта на мониторингот е на емпириски начин да се дојде до сознание колку се аргументирани расправите во законодавниот дом и колку се земаат предвид различните ставови и колку истите придонесуваат кон содржнината на законите. Истовремено, во рамки на проектот, се одвива и мониторинг на неколку национални медиуми 2 со цел да се види во која мера јавноста е запознаена со суштината на собраниските расправи и со содржината на аргументите изнесени на седниците од страна на пратениците. По секој мониториран месец јавноста е информирана преку извештаи за клучните наоди од мониторингот на дебатата во Собранието и на медиумското известување од работата на парламентот. А. РЕЗИМЕ Пратениците во декември ја зголемија интеракцијата, но повторно не успеаја да се разубедат во исправноста на своите аргументи и секој остана во својот ров. 1 Индексот за квалитет на дебата (Discourse Quality Index) е создаден од група водечки светски теоретичари на делиберативната (дебатна) демократија. Индексот претставува методологија која овозможува емпириско истражување на квалитетот на дебатите чија форма и содржина се исклучително важни за демократијата во едно општество. Индексот последните десетина години е употребен за истражувања на дебатата во Европскиот парламент и во парламентите на Германија, Швајцарија и американскиот Конгрес. 2 Мониторингот на медиумите ги опфаќа националните телевизии Сител, Телма, Алсат-М и МРТ2 на албански јазик и весниците Дневник, Слободен печат, Утрински весник, Вечер, Коха и Лајм.

Клучните наоди на Петтиот извештај од мониторингот (набљудувачки период 1-31 декември, вкупно 11 собраниски седници) се дека дискусијата околу законските предлози останува слаба, со нешто поголема интеракција меѓу пратениците споредено со претходните мониторирани периоди (19 јуни 1 август, 25 август - 30 септември и ноември). Зголемената интеракција се согледува во зголемување на репликите и контрарепликите особено на неколку теми: пратеничките прашања и измените на законите за високо образование, за просторно и урбанистичко планирање и за административни службеници. Учесниците на мониторираните седници повторно не покажаа интерес и подготвеност за менување на ставовите поради поквалитетни аргументи изнесени во расправата имајќи предвид дека ниту еден пратеник не укажал на промена на својата позиција. Во најголем дел говорниците не се ни осврнале на аргументите на своите претходници. Пратениците најмалку досега од почетокот на набљудувањето се повикуваа дека нивните аргументи се во прилог на општото добро, а истовремено најмногу досега се повикувале на апстрактни принципи. Опозицијата во декември го зголеми уделот во дискусиите во однос на претходниот месец и достигна 21%. Тоа е еднакво на опозициското учество во дискусиите во октомври, а тоа воедно е највисоко ниво забележано на мониторираните седници досега. Пратениците во поголем дел од дискусиите при образложувањето на своите позиции користеа два и повеќе аргументи. Притоа, споредено со претходните месеци се зголеми процентот на дискусии со еден аргумент, а се намали бројот на дискусии во кои не се изнесени аргументи. Најголемиот дел од точките од дневниот ред поминаа со мала и еднострана или без никаква дискусија. Со ова јавноста повторно остана посиромашна за квалитетна дебата за дел од законските решенија. Така е испуштена можноста преку дискусија да се тестира валидноста и издржаноста на изнесените аргументи на пратениците како и можноста тие да бидат оспорени или надополнети, што би придонело за носење на поквалитетни закони во прилог на општото добро и јавниот интерес. Б. МЕТОДОЛОГИЈА НА ИСТРАЖУВАЊЕТО Индексот за квалитет на дебата овозможува секој поединечен говор изнесен на седниците да се кодира според неколку главни карактеристики:

- степен на аргументираност на говорот 3 ; - степен на почит на говорникот кон другите пратеници и нивните аргументи; - отвореност за прифаќање на туѓите аргументи и менување на сопствените ставови под сила на квалитетни аргументи изнесени во расправата; - дали пратениците образложуваат во име на чии интереси ги застапуваа своите ставови; - дали пратениците можат непречено да ги изнесат своите ставови и - во која мера е застапен недоличен говор. Со мониторингот се опфатени расправите во следните работни тела во Собранието: - Пленарни седници; - Комисија за уставни прашања; - Комисија за финансии и буџет; - Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците; - Комисија за избор и именувања; - Комисија за локална самоуправа; - Комисија за европски прашања; - Анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот; - Законодавно правна комисија. В. ПОЛИТИЧКИ КОНТЕКСТ Согласно Уставот, Собранието ја има законодавната власт и е составено од 123 пратеници. Пратениците се избираат на непосредни избори, по пат на пропорционални изборни листи за мандат од четири години. На последните парламентарни избори, одржани во април 2014 година, партијата Внатрешна македонска револуционерна организација Демократска партија за македонско национално единство (ВМРО-ДПМНЕ) освои 61 пратеник, а нивниот коалиционен партнер со кој ја формираат Владата, Демократската унија за интеграција (ДУИ), освои 19 пратеници. По еден пратеник во Собранието освоија партиите на Граѓанска опција за Македонија (ГРОМ) и Национална демократска преродба (НДП). Пратеникот кој мандатот го доби од НДП и покрај одлуката на партијата да го бојкотира Собранието се приклучи кон пратеничката група на ДУИ. Со тоа сега пратеничката група на ДУИ брои 20 пратеници. Од почетокот на мониторингот до објавувањето на овој извештај, пратениците од најголемата опозициска коалиција предводена од Социјалдемократскиот сојуз за Македонија (СДСМ), која на изборите освои 34 мандати, ја бојкотираат работата на Собранието 4. Во месец декември во Собранието опозициски дејствуваа тројцата пратеници од опозициската коалиција на СДСМ кои 3 Под степен на аргументираност се земаат предвид бројот на аргументи со кои пратеникот ги образложува своите позиции во говорот без притоа да се навлегува во вистинитоста или валидноста на аргументите. Притоа не се земаат предвид аргументи кои јасно и недвосмислено се надвор од темата на дебата. 4 Опозициските пратеници Роза Топузовска Каревска од Либерално демократската партија, Солза Грчева и Љубица Буралиева од СДСМ одлучија да ги прифатат пратеничките мандати освоени на изборите и покрај одлуката на опозициската коалиција за бојкот на работата на Собранието.

одлучија да ги прифатат мандатите и седум пратеници на Демократската партија на Албанците (ДПА). Мнозинството во Собранието во декември ја продолжи процедурата за одземање на мандатите на 31 опозициски пратеник кои го бојкотираат парламентот. Постапката не е завршена со оглед на тоа што гласањето за одземање на мандатите за отсутните опозициски пратеници закажано за седницата на 26 декември беше одложено поради тоа што владејачките партии не обезбедија дво-третинско мнозинство односно 82 пратеници кои се потребни за гласање на ваква одлука. Г. НАОДИ ОД МОНИТОРИНГОТ Овој извештај ја опфаќа дебатата во Собранието во периодот од 1 до 31 декември. Анализирани се вкупно 396 говори на учесници во дебатите на вкупно 11 седници од кои 7 се пленарни и 4 се седници на работни тела. Од седниците на работните тела следени се две седници на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и по една на Законодавно-правна комисија и Комисија за избори и именувања. Од вкупниот број на мониторирани говори, 288 се на пратеници во Собранието, а 108 на надворешни учесници како министри, претставници на министерства, други државни и јавни институции, граѓански организации и експерти. На 11 седници учесниците на расправите се произнеле околу вкупно 81 точка од дневниот ред. Овој извештај се однесува само на говорите на пратениците. Учесници во парламентарни дискусии 77% 65% 71% 62% 73% 23% 35% 29% 38% 27% 19 јуни/1 август 25 август/ 30 септември пратеници октомври ноември декември надворешни учесници Во однос на демографските карактеристики на говорниците пратеници, според: Пол: 50% се мажи, а 50% жени. Етничка припадност: 89% се етнички Македонци, 8% етнички Албанци, 3% се други. Образование: 67% се со високо образование, 22% магистри 11% доктори по науки. Во октомври најактивни беа пратениците од петтата изборна единица, а најмалку дискусии имаа пратениците од првата изборна единица.

мажи жени македонци албанци други високо магистер доктор власт опозиција ИЕ 1 ИЕ 2 ИЕ 3 ИЕ 4 ИЕ 5 ИЕ 6 Структура на говорници (%) 50 50 89 8 3 67 22 11 79 21 26 7 18 23 17 6 пол етинчка образование група Изборна единица Во декември опозициските пратеници го зголемија учеството во дискусиите на 21% што е повеќе во однос на ноември. Овој процент на учество е идентичен како и во октомври и воедно е највисокиот достигнат удел на опозицијата во дискусиите од почетокот на мониторингот. Говорници според политичка припадност (%) 88 80 79 88 79 12 20 21 12 21 19 јули - 1 август 25 август - 30 септември октомври ноември декември власт опозиција На мониторираните седници кои се одржаа во декември на пратениците мажи и жени отпаѓаат еднаков процент на дискусии - 50%. Меѓутоа, ако се земе предвид дека пратениците жени се 35% од вкупниот број на пратеници во актуелниот состав на Собранието произлегува дека жените почесто земале збор отколку мажите. Говорници според пол 57% 43% 50% 56% 50% 44% 52% 48% 50% 50% 19 јуни - 1 август 25 август - 30 септември октомври ноември декември мажи жени

Просечно времетраење на дискусии според пол (изразено во минути) 4 4 мажи жени Според уделот, ако вкупното време на дискусиите се подели на вкупниот број на прифатени мандати од страна на пратениците произлегува дека во просек секој пратеник од мнозинството говорел по 11, а секој од опозицијата по 18 минути. Ако вкупното време се подели само на пратениците кои земале збор на мониторираните седници произлегува дека секој говор на изнесен од опозициски и од пратениците од мнозинството траел во просек по 4 минути. Просек на времетраење на дискусии (изразено во минути) просек на времетраење на говор по говорник просек на времетраење на говор по прифатени мандати 4 11 18 опозиција власт I. ТИП НА ГОВОРИ И ИНТЕРАКЦИЈА Мониторингот во декември покрај редовните пленарни седници и седници на работните тела опфати една пленарна седница посветена на пратенички прашања и една комисиска седница на која се одржа јавни расправи на која поголемиот дел од учесниците не беа пратеници во Собранието, туку надворешни членови меѓу кои експерти и претставници на судската и на извршната власт. Мониторингот во декември покажа зголемување на интеракцијата меѓу пратениците набљудувано преку бројот на репликите и контрарепликите меѓу учесниците во расправите споредено со претходниот месец. Притоа, како реплики и контрареплики се забележани и прашањата и одговорите меѓу пратениците и министрите на пленарната седница посветена на пратенички прашања. Од набљудуваните седници на поединечни говори отпаѓаат 65%, на реплики 17%, а на контрареплики 18% од дискусиите. Тоа покажува дека пратениците за 10%

почесто одговарале на говорите на учесниците во дебатите споредено со ноември, а контрарепликите се зголемиле за 6%. Ако се гледа целиот период од почетокот на мониторингот ова е највисок процент на контрареплики, а процентот на репликите бил повисок само во октомври. Во декември пратениците покрај седницата посветена на пратенички прашања, најмногу развија дискусија околу измените на Законот за високо образование, Предлог- законот за просторно и урбанистичко планирање и измените на Законот за административни службеници. Тип на дискусија 84% 73% 65% 82% 65% 7% 15% 23% 17% 9% 12% 12% 7% 12% 18% 19 јуни - 1 август 25 август - 30 септември октомври ноември декември говор реплика контрареплика Во декември на набљудуваните седници пратениците мажи дадоа 55% од индивидуалните говори, 52% од репликите и 28% од контрарепликите. Пратениците жени пак дадоа 45% од индивидуалните говори, 48% од репликите и 72% од контрарепликите. Удел во дискусии според пол на пратеници 72% 55% 52% 45% 48% 28% говор реплика контрареплика мажи жени II. СТЕПЕН НА АРГУМЕНТИРАНОСТ НА ГОВОРОТ Од мониторираните говори на пратениците според Индексот за квалитет на дебата, во 63% постои образложување на позициите со два или повеќе од два аргументи. Во 29% од говорите

пратениците ги образложувале своите позиции со еден аргумент. Во 6% аргументацијата била слаба односно образложението кое го дал говорникот не било доволно за да се смета за еден целосен аргумент. Во 2% не e изнесен никаков аргумент во дискусијата. Земено севкупно, во декември степенот на аргументираност со најмалку два аргументи е нешто повисок отколку во октомври и ноември, но понизок отколку во првите два периоди од мониторингот (19 јуни 1 август и 25 август 30 септември). Дискусиите во кои пратениците во своите излагања употребиле еден аргумент во декември достигнаа 29% што е највисоко од почетокот на мониторингот. За сметка на тоа процентот на дискусии без аргументи опаднал на 2% што е најниско досега. Дали и колку аргументи се користат во говор? 72% 69% 60% 58% 63% 29% 15% 16% 19% 23% 15% 9% 4% 7% 8% 12% 6% 7% 6% 2% 19 јуни - 1 август 25 август - 30 септември октомври ноември декември два и повеќе аргументи еден аргумент слабо нема III. СИЛА НА ПОДОБАР АРГУМЕНТ На мониторираните седници во декември како и претходните три периоди, ниту еден говорник не укажал дека ја менува својата позиција поради подобри аргументи изнесени во расправата, или од други причини. Ваква промена на позицијата е забележана само во првиот мониториран период (19 јуни 1 август). Споредено со ноември, за 16% се намалени дискусиите во кои пратениците воопшто не се осврнуваат на аргументи изнесени од другите учесници. Меѓутоа, овој процент сѐ уште е на високи 83% што е повеќе отколку во првите три мониторирани периоди 19 јуни 1 август, 25 август - 30 септември и октомври. Во декември впечатливо е што на мониторираните седници во 14% од дискусиите говорниците не ја промениле својата позиција, а воедно и не ја признале вредноста на аргументите изнесени од другите говорници. Само во 3% говорниците не ја промениле позиција, но ја признале вредноста на туѓите аргументи.

Сила на подобар аргумент (%) 75 61 80 99 83 1 1 13 20 0 0 12 20 0 0 5 15 0 0 0 0 0 3 1 14 не се осврнува на туѓи аргументи промена поради аргументи промена, не поради аргументи нема промена, признава аргументи нема промена, не признава аргументи 19 јуни - 1 август 25 август - 30 септември октомври ноември декември IV. ПОЧИТ КОН УЧЕСНИЦИ Пратениците во декември во рамки на своите говори, во најголем дел односно во 62% од дискусиите не искажале никаков однос кон другите учесници на седниците. Тоа е за 8% повеќе од ноември и продолжување на трендот на постојано зголемување на овој процент од почетокот на мониторингот во јуни. Исто така и во декември продолжи вториот тренд односно намалувањето на дискусиите во кои говорниците искажуваат почитување кон други учесници во дебатите. Така овој процент во декември изнесува 28% што е најниско досега од почетокот на мониторингот. Не е забележан случај да се искаже целосно непочитување кон други учесници. Во декември во 9% од дискусиите е забележано делумно почитување што значи дека говорникот во поголем дел од својот говор бил неутрален, или изразувал почитување, но во помал дел искажал непочитување кон други учесници. Однос кон учесници (%) 54 62 33 2 8 2 1 1 0 0 1 2 0 1 0 2 3 1 0 9 90 84 63 45 28 3 3 1 0 0 не искажале никаков однос кон присутните непочитување делумно непочитување делумно почитување почитување експлицитно почитување 19 јуни - 1 август 25 август - 30 септември октомври ноември декември V. ПОЧИТ КОН АРГУМЕНТИ

Пратениците на мониторираните седници во декември најмногу досега споредено со претходните мониторирани периоди беа расположени да искажат почитување кон аргументите на другите говорници. Тоа се случило во 8% од нивните обраќања за разлика од 17% во ноември, 61% во периодот од 25 август 30 септември и 74% од 19 јуни 1 август. За сметка на тоа повторно порасна процентот на дискусии во кои говорниците не искажаа никаков однос кон аргументите на другите говорници и достигна 85%, што е најмногу досега. Во 8% од дискусиите говорниците искажале делумно почитување. Тоа значи дека пратениците во излагањата кон аргументите на другите во најголем дел биле неутрални или искажал почит, а во помал дел искажале непочитување кон изнесените аргументи на своите колеги. Однос кон аргументи (%) 80 85 68 30 20 74 61 2 2 5 1 3 2 0 3 6 15 17 2 0 0 1 0 6 8 3 3 4 2 0 не искажале однос кон аргументи на други говорници непочитување делумно непочитување делумно почитување почитување експлицитно почитување 19 јуни - 1 август 25 август - 30 септември октомври ноември декември VI. ОПФАТ НА ОБРАЗЛОЖЕНИЕ И ПРЕКИНИ Во парламентарните расправи во декември во 34% од говорите, учесниците се повикувале на тоа дека нивните позиции и ставови се во насока на општото добро и интересите на сите граѓани. Тоа е намалување за 11% на ваквото упатување од страна на говорниците со оглед на тоа што во ноември пратениците на општото добро се повикувале во 45% од дискусиите. Во првите два мониторирани периоди (19 јуни 1 август и 25 август 30 септември) пратениците се повикуваа на општото добро во дури 88% од дискусиите. Во декември говорниците во 23% од дискусиите се повикале на апстрактни принципи како социјална правда, мир, еднаквост, квалитет на живеење и слично што е највисок процент досега од почетокот на мониторингот. На придобивки или последици за сопствената група (етничка, политичка, верска, професионална) говорниците се повикале во 29% од дискусиите што е намалување од 10% споредено со ноември но сепак значително повеќе отколку во октомври и во периодите 19 јуни 1 август и 25 август 30 септември. Во 11% од дискусиите говорниците биле неутрални односно не се повикале на ништо при изнесувањето на аргументите.

Во чие име пратениците ги изнесуваат своите ставови? (%) 88 87 76 39 29 4 7 13 4 6 11 5 5 2 1 0 2 3 45 34 1 1 7 9 23 неутрално сопствена група други групи општо добро апстрактни принципи 19 јуни - 1 август 25 август - 30 септември октомври ноември декември VII. НЕДОЛИЧЕН ГОВОР Во поглед на недоличниот говор, учесниците, во мониторираните собраниски дебати во овој период, генерално се воздржуваа од негово користење. Во декември на мониторитраните седници не е забележано говорник да користел недоличен говор, ниту пак е забележан случај на ограничување на пратениците при нивните излагања од говорниците. Д. ЗАКЛУЧОЦИ: Учесниците на мониторираните седници повторно не покажаа интерес и подготвеност за менување на ставовите поради поквалитетни аргументи изнесени во расправата имајќи предвид дека ниту еден пратеник не укажал на промена на својата позиција. Истовремено, останува висок процентот на дискусии во кои говорниците воопшто не се осврнуваат на аргументите изнесени од други говорници. Во случаите кога говорниците се осврнале на аргументите на колегите, најчесто не ја признале нивната вредност. Пратеничките прашања и измените на законите за високо образование, за просторно и урбанистичко планирање и за административни службеници поттикнаа дебата меѓу пратениците која се отслика со зголемениот број на реплики меѓу учесниците на седниците споредено со претходните мониториран периоди (ноември, периодите 25 август - 30 септември и 19 јуни 1 август). Повеќе реплики имало само во октомври додека во декември пратениците имале најмногу контрареплики досега. Опозициските пратеници беа поактивни споредено со минатиот месец (ноември) и повторно го достигнаа највисокото ниво на учество досега од 21% кое беше забележано и во октомври. Според полот на говорниците пратеници и кај мажите и жените отпаѓаат по 50% од вкупниот број на дискусиите. Од нив мажите имале повеќе индивидуални говори и реплики, а кај жените отпаѓа најголемиот дел од контрарепликите.

Дискусијата околу поголемиот дел од законските предлози останува генерално слаба и не овозможува преку јавна дебата да се тестира валидноста и издржаноста на подготвените и изнесените аргументи на пратениците. Со тоа се пропушта можноста аргументите да бидат оспорени или надополнети, а со тоа јавноста е осиромашена за различни гледишта кои би придонеле за изработка на поквалитетни одлуки во прилог на општото добро и јавниот интерес. Поголем дел од анализираните говори во мониторираниот период, се поткрепени со два и повеќе аргументи. Во декември се зголемил процентот на говори поткрепени со еден аргумент, а се намалил процентот на говори во кои пратениците не изнеле никакви аргументи. Намален е процентот на дискусии во кои говорниците се повикувале на тоа дека нивните аргументи одат во прилог на придобивки или последици за општото добро. За сметка на тоа, зголемен процентот на дискусии во кои говорниците се повикувале на апстрактни принципи, а исто така и на дискусии во кои говорниците останале неутрални. Во декември на мониторираните седници не е забележано користење на недоличен говор, ниту прекини или укажување од страна на некој пратеник дека е ограничен во можноста да го изнесе своето мислење. ***** Проектот Собранието под лупа, засилување на политичката дебата и делиберативниот дискурс е финансиран од страна на Европската Унија. Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на Институт за демократија Социетас Цивилис Скопје (ИДСЦС) и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.