Петти состанок на Локалната советодавна група Записник од состанокот

Similar documents
Март Opinion research & Communications

Структурно програмирање

Концептуален документ за Национални работни групи за РЈА

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

ПЕТТИ СОСТАНОК НА ЕКСПЕРТСКАТА ГРУПА НА ENTERPRISE EUROPE NETWORK ЗА СЕДМАТА РАМКОВНА ПРОГРАМА

Втора Регионална конференција за јавна внатрешна финансиска контрола за земји кандидати и потенцијални кандидати. Дневен ред

A mysterious meeting. (Таинствена средба) Macedonian. List of characters. (Личности) Khalid, the birthday boy

Биланс на приходи и расходи

Обука за електронски систем на учење МИКРОУЧЕЊЕ. Материјал за учесници

Записник од 14-тиот состанок на Групата на засегнати страни за прекуграничниот регион Преспа

Биланс на приходи и расходи

Семејството и заедницата

на јавната свест за Архуска конвенција и еколошкото законодавство на Европската Унија

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ПРИРАЧНИК ЗА РАБОТА СО МОДУЛОТ ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ПРЕКУ ПОРТАЛОТ НА ФЗОМ

Чекорите до Национален младински совет MЛАДИНСКО ОРГАНИЗИРАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

Значајни подрачја за раститенија, птици и пеперутки во Македонија. Славчо Христовски

БОНА МЕНТЕ: Поддршка на Комисиите за односи меѓу заедниците АНАЛИЗА НА ПОЛИТИКИ

ПРИРАЧНИК ЗА ПРОЕКТЕН МЕНАЏМЕНТ

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

Вовед во мрежата nbn. Што е тоа австралиска nbn мрежа? Што ќе се случи? Како да се префрлите на мрежата nbn. Што друго ќе биде засегнато?

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ToR 02/2016 ПРАВНИ ЕКСПЕРТИ ЗА ПОДГОТОВКА НА ПРИРАЧНИК ЗА СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕ-ПРАВНИ АСПЕКТИ

Општествена интеграција на жртвите на трговија со луѓе: Проценка на институционалните капацитети на Македонија за заштита на жртвите на трговија со

СОДРЖИНА ДНЕВЕН РЕД... 3 ВОВЕД... 4 ИСТОРИЈАТ... 4 НАРАТИВЕН ИЗВЕШТАЈ ОД 8та ГОДИШНА СРЕДБА... 6 АНЕКС 1 - Листа на учесници АНЕКС 2 - Презентација TA

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

Европски стандарди за квалитет на превенцијата на дроги: кус водич

Д Е К Л А Р А Ц И Ј А за Вклученост на Заедницата

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

Западен Балкан - Препорака за учество на јавноста

МОДЕЛИ И ТЕХНИКИ НА ГРУПНО ОДЛУЧУВАЊЕ И НИВНАТА ПРИМЕНА ВО ДЕЛОВНИТЕ СУБЈЕКТИ ОД ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН

MANAGEMENT & LEADERSHIP SCHOOL FOR ENGINEERS МЕНАЏЕРСКА И ЛИДЕРСКА ШКОЛА ЗА ИНЖЕНЕРИ

КЛУЧНИ ДВИГАТЕЛИ ВО ПОТРЕБИТЕ ЗА ОПТИМАЛНИ ОДРЕДБИ ЗА ПОСЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ: АНГЛИСКА СТУДИЈА

Проект. "Национален рурален парламент како глас на руралното. население" ПРОГРАМА ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ ПОВИК И УПАТСТВО ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

Преземање сертификат користејќи Mozilla Firefox

СОЗДАВАЊЕ ИНОВАТИВНИ УЧИЛИШТА: ПОДГОТВУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ ЗА 21-ОТ ВЕК

200 Филозофски факултет, Институт за дефектологија

ЦИВИКА МОБИЛИТАС МАЛИ АКЦИСКИ ГРАНТОВИ

University St.Kliment Ohridski - Bitola Scientific Tobacco Institute- Priep ABSTRACT

За обуката ВОВЕД ВО НОВИОТ ПРЕДМЕТ

СЕКСУАЛНОТО И РЕПРОДУКТИВНОТО ЗДРАВЈЕ И ЛИЦАТА СО ТЕЛЕСНА ПОПРЕЧЕНОСТ (ИЗВЕШТАЈ ОД ПРОЦЕНКА ЗА ПОТРЕБИ ОД УСЛУГИ)

Издавач: Национален младински совет на Македонија. За издавачот: Дамјан Николовски, Претседател

Обука за менаџирање на стрес на работно место

ПРИРАЧНИК ЗА СТРАТЕШКО ПЛАНИРАЊЕ

Универзитет Гоце Делчев - Штип. Факултет за информатика. Катедра за софтверско инженерство ЗОРАН МИЛЕВСКИ ЕДУКАТИВНО ПОДАТОЧНО РУДАРЕЊЕ СО MOODLE 2.

ПРОМЕНИ ВО РАКОВОДЕЊЕТО НА ОРГАНИЗАЦИЈА ЧИЈА ОСНОВНА ДЕЈНОСТ Е ИНЖЕНЕРИНГ

Коисмение.Штозначиме.

Алгпритам Центар Едукативен Центар

Jasminka NOVAKOVA STOJANOVSKA 1

Проектот е поддржан од страна на Министерството за надворешни работи на Франција и Регионот Нормандија.

Универзитет Св. Климент Охридски- Битола. Факултет за информатички и. комуникациски технологии - Битола. Студиска програма:

Записник од завршна конференција Мрежа 23 9 јули 2015 година, Скопје

НАЦИОНАЛЕН ТРИПАРТИТЕН СОЦИЈАЛЕН ДИЈАЛОГ. Водич на МОТ за подобро управување

за спроведување обука за полициски интегритет Прирачник DCAF DCAF a centre for security, development and the rule of law

УПАТСТВО. Како да започнам со користење на сертификат издаден на Gemalto IDPrime PKI токен во Mozilla Firefox?

AGIA TRIADA - GREECE

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

Мобилност МК Mobility MK

Структурирани бази на наставни материјали и дигитална трансформација. студија на случај Република Македонија

ПОВРЗАНОСТА НА НАРУШУВАЊЕТО ВО ОДНЕСУВАЊЕТО НА ДЕЦАТА И УСЛОВИТЕ ЗА ЖИВОТ ВО СЕМЕЈСТВОТО

ДОКУМЕНТ ЗА ПОЛИТИКИ ПОГОЛЕМА ПАРТИЦИПАЦИЈА, ПОМАЛА МОЖНОСТ ЗА КОРУПЦИЈА

РЕФОРМАТА НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Проект за професионален и кариерен развој на наставниците

ПР објави во медиуми

6. Компаративна анализа со претходни истражувања Финални заклучоци и препораки...53

алката што недостасува за активно граѓанство 2/МЕДИУМСКАТА ПИСМЕНОСТ ВО МАКЕДОНИЈА

ПОСТФЕСТУМ АНАЛИЗА НА ИНСТИТУТОТ ЗА ДЕМОКРАТИЈА СОЦИЕТАС ЦИВИЛИС НА ВЛАДИНИОТ ПЛАН 3-6-9

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ. МБА Менаџмент. Штип. Слаџана Стефанова

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство

Односот помеѓу интерната и екстерната ревизија. Презентира: Верица Костова

а) Сексуално и репродуктивно здравје - Пристап до информации - Лица со оштетен вид и слух - Македонија - Истражувања

ПРЕПОРАКИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА СОСТОЈБАТА

Заштита на личните податоци во Република Македонија. Охрид, 27 мај 2014 година

ПАРЛАМЕНТАРНА КОНТРОЛА НАД РАБОТАТА НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ И РАЗУЗНАВАЧКИ СЛУЖБИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

- МАГИСТЕРСКИ ТРУД -

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ МБА Менаџмент Штип. Весна Денчова

Vol. 1. Образовна извидничка младинска програма РАЗВИГОРЕЦ ПРИРАЧНИК ЗА ВОДАЧ НА ЈАТО

МРЕЖА 23+ ПОВИК ЗА ГРАНТОВИ НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ. Проектот го финансира Европската Унија

Основи и развој на. Основи и развој на е-влада

ВОВЕД ВО ИНФОРМАТИВЕН ДОКУМЕНТ НА МКД СЕРТИФИКАТ

МАГИСТЕРСКИ ТРУД. Значењето на е-crm за остварување на конкурентска предност на компаниите

КАРАКТЕРИСТИКИ НА НАСТАВНИТЕ ПРОГРАМИ ПО МАТЕМАТИКА ЗА ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ ( , , )

ПРВО ПОЛУГОДИЕ Тема 1: 8.1 Сили и движење Единица : Што прават силите. Во парови

Дизајнирање на архитектура на микросервиси: развој на бот базиран микросервис за управување со анкети

Leila, the sick girl. Sick girl s friend. (Наставникот) Class teacher. Girl with bike rider (Девојчето со велосипедистот) (Велосипедистот)

Придржување кон препораките за ординираниот лек

Даночен семинар 2011 kpmg.com.mk

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА на

Преземање сертификат користејќи Internet Explorer

THE ASSEMBLY SPONTANEOUS ASSOCIATIONS

Упатство за инсталација на Gemalto.NET токен во Mozilla Firefox

Извештај за работењето на Одборот за ревизија на Охридска Банка во 2012 година колективно и од аспект на поединечните членови

Стратешки план за година на Новинари за човекови права

Task Force Education And Youth

2.3 ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА. Службен весник на Република Македонија бр. 53 од 11 април 2013 година

УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СИСТЕМОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО БАНКАРСТВО КОРПОРАТИВНО

GENERAL PROVISIONS Submission by post: On-line submission:

Апстракт Вовед Цели и методологија на изработка на магистерскиот труд Cloud технологии и нивната примена во бизнисите...

ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ И РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Сопственик на свињарска фарма од Централната Долина

Мобилност МК Mobility MK V O L U M E 3, I S S U E 4

Transcription:

Technical Assistance for Civil Society Organisations Macedonian Office This project is funded by the European Union. Петти состанок на Локалната советодавна група Записник од состанокот Датум: 26ти Октомври 2010 Време: 14:00-16:30 Место: хотел Бест Вестерн Скопје Присутни: Членови на ЛСГ: Петре Мркев, Владимир Мисев, Гунер Небиу, Ахмет Јашаровски, Зоран Илиески, Фани Каранфилова Пановска, Ирена Иванова Претседавач: Методија Саздов, Пале Вестеергарт (на првата точка од расправата), Присутни членови на TAКСО национална канцеларија: Сунчица Саздовска, Мирјана Пехчевска Поп-Илиев, Валентина Атанасовска Присутни членови на TAКСО регионална канцеларија: Пале Вестергарт Отсутни: Членови на ЛСГ: Ели Чакар, Зоран Милков, Лулзим Хазири Листа на документи дистрибуирани за состанокот: 1. Среднорочен извештај за проектот (целосен текст и резиме) 2. Истражување за брендот на проектот (целосен текст и резиме) 3. Преглед на заклучоци од редовни состаноци на ЛСГ и последователни чекори 4. Извештај за учество на состаноците на ЛСГ Работна програма и расправа 14:00-15:00 Осврт на работењето на ЛСГ Дискусија 15:00 15:45 Среднорочен извештај за проектот Презентација и дискусија 15:45 16:15 Наоди од истражување за брендот на проектот Презентација и дискусија 16:15 16:30 Заклучоци и следни чекори 1. Г-динот Методија Саздов - им посака добредојде на сите присутни, ја претстави програмата за работа и го покани г-динот Пале Вестергарт да даде вовед и да го презмеме фацилитирањето на првата точка. Г-динот Пале Вестергарт им се обрати на присутните, се заблагодари за поканата да учествува на состанокот и во својот вовед истакна дека македонската ЛСГ е меѓу првите која е воспоставена и која имала најмногу состаноци што укажува на посветеноста и интересот на нејзините членови за овој проект за што им се заблагодари на членовите на ЛАГ за поддршката која му ја даваат на ТАКСО на волонтерска основа. Тој ги потсети членовите на ЛСГ за описот на надлежности и проектните задачи на ТАКСО, оценката за потреби на ГО и рамката која го одредува делувањето на ТАКСО. Тој посочи дека фокусот на дискусиите на ЛСГ треба да биде кон планирани активности до крајот на ТАКСО 1, а тоа е до 16.08.2011. Идеите кои

ЛСГ ги има за втората фаза на ТАКСО беа презентирани на конференцијата во Задар, а дискусиите на таа тема од сите земји се сумирани во заеднички документ кој ќе биде основа за подготовка на описот на надлежности кој понатаму ќе биде консултиран со локалните советодавни групи и другите актери (програмски комитет и др.). Г-динот Вестергарт напомена дека една група каде членуваат различни чинители како што се ГО, Владата и ЕУ Делегација може да се смета за специјална група при што тежнеењето е да се работи со консензус, но за него нормално е да се има и различни идеи и размислувања и некогаш да биде тешко да се добие заедничка одлука што исто така му припаѓа на еден демократски процес. Г-динот Вестергарт даде појаснување и за базата на податоци каде резултатот од првичните активности бил дека во повеќето земји нема локални организации кои се на располагање и кои се подготвени и имаат капацитет да преземат одговорности да влезат во процесот на подготовка на базите на податоци. Затоа проектниот тим решил да го напушти тој модел на децентрализирани бази и да се пристапи кон креирање на централизиран модел на база на податоци. Тој вети дека за развојот на таа активност дополнително ќе бидат информирани членовите на ЛСГ. Потоа Г-динот Вестергарт предложи да ја фацилитира првата точка на расправа и за таа цел тој ги покани членовите на ЛСГ да го дадат своето мислење во однос на работата на ЛСГ, изнесувајќи од што се задоволни, што може да се подобри, да дадат препораки во таа насока, како и да наведат области во кои сметаат дека ним или на ЛСГ им е потребна поддршка. Г-динот Петре Мркев посочи дека од моментот од кога тој е инволвиран во ЛСГ, е задоволен со селекцијата на членовите и смета дека нејзиниот состав е соодветен опфаќајќи различните групи и организации. Според него оваа група на ЛСГ често продуцира отворени дискусии кои потекнуваат од различните ставови на членовите, но важно е дека заклучоците се одобрени од сите членови на ЛСГ. Тој изрази жалење за своето отсуство на работилницата во Охрид каде од своите колеги разбрал дека имало вистински работен состанок кој бил многу конструктивен. Тој предложи такви работилници на секои 6 месеци бидејќи на тој начин навистина може да се навлезе длабоко во прашањата и проблемите со кои се соочува проектот во процесот на спроведувањето и членовите на ЛСГ ќе може целосно да се фокусираат на прашањата, повеќе да придонесат со нивното искуство и знаење и да дадат најсоодветни предлози. Во однос на идната работа на ЛСГ, тој напомена дека постојат различни мислења и многу е важно да се види дали самите членови на ЛСГ ќе се пронајдат себе си како членови на ЛСГ до крајот на проектот, како и во следната фаза. Г-ѓата Гунер Небиу изрази задоволство дека е присутна како член во ЛСГ, иако се приклучила покасно, но се обидува да биде редовна и активно да учествува. Смета дека оваа група е важна бидејќи низ целиот овој процес на учество во неа и самата доаѓа до одредени нови сознанија и размена на искуства со другите членови. Иако има и различни гледишта, за неа е добро што истите се разговараат во групата. На ТАКСО проектот гледа како проект со свои вредности кој има за цел да ги гради капацитетите на ГО. Таа смета дека е потребно проектот повеќе да се афирмира со цел можностите кои ги нуди да бидат искористени од поголем број на ГО. Состанокот во Охрид бил важен за неа бидејќи заеднички се дошло до заклучоци при што членовите заедно го поминале тој процес. Таа ја гледа својата улога во ЛСГ меѓу другото и да ги пренесе ставовите на ГО од мрежата која ја застапува кои се на различен степен на развој, како и нивните искуства, а тоа може да биде корисно со цел ТАКСО проектот да се фокусира на тие прашања кои се важни за ГО. Таа го истакна и родовиот аспект кој за неа е многу важен и на што ТАКСО проектот треба да посвети повеќе внимание.

Г-дин Ахмет Јашаревски смета дека ЛСГ уште на почетокот на проектот укажува на недостатоците кои се јавиле. Тој смета дека посебно треба да се истакне работилницата во Охрид на која од негова перспектива се решиле голем број на прашања кои претходно предизвикувале недоразбирање. Тој е задоволен од процесот затоа што работењето во мрежа од неговото искуство е тешка работа и често има недоразбирања во таквите структури и во таа смисла е задоволен од она што е постигнато, посебно во Охрид. Тој предлага да не се враќа работата наназад и се надева дека во иднина ако сите се држат и го почитуваат договореното, работата ќе биде поефективна. За него процесот на селекција на учесниците на обуки сега е многу потранспарентен и додека порано огласите биле само на веб страната, сега ги има и на е мејл и во весник. Тој мисли дека во таа насока членовите на ЛСГ треба да бидат информирани постојано што се случува со активностите на ТАКСО. Добро е за втората фаза да се дадат насоки од страна на членовите на ЛСГ што е тоа што треба да се промени. Г-динот Зоран Илиески истакна дека неговото вклучување во ЛСГ претставувало голем предизвик за него затоа што тој претставува мрежа од 29 ГО кои се бават со лобирање за младите и со тоа сакал да го даде својот придонес на поглобално ниво. Тој се чувствувал разочаран од причина што се случило обратно од она што очекувал од ТАКСО проектот. Тој смета дека одредени активности се несоодветни, за компонентата за градење капацитет немало доволно интерес од страна на ГО, немало квалитетни обучувачи, а во последните листи на ГО кои се вклучени во обуките, тој смета дека има организации кои не очекувал да бидат таму. Тој смета дека е пропуст за ГО бидејќи ТАКСО била добра можност за нив, но проектот на ја одиграл улогата која што требало да ја има. На прашањето од тим лидерот што конкретно треба да биде подобрено, г-динот Илиески смета дека сега не може многу да се направи, и дека сега не е местото за ваков тип на дискусија. Тој смета дека може да се закаже друга средба на ЛСГ каде тој ќе го даде својот предлог и механизми за делување. Но битните слабости на проектот во Македонија кои треба да се подобрат се: транспарентност, инклузивност и отчетност. Г-ѓа Фани Каранфилова Пановска истакна дека според неа ЛСГ е успешна структура која го претставува ГО од една страна, и овозможува дијалог меѓу граѓанското општество, владата и ЕУ. Сепак после повеќе од една година од функционирање на проектот таа смета дека ТАКСО не е препознаен како извор за градење капацитет од страна на повеќето ГО во земјата. Според неа учесниците од регионалните обуки кои требало да обучуваат на национално ниво, не ги задоволувале потребите за испорака на обуки. Таа смета дека ЛСГ требало да биде вклучена во процесот на евалуација и селекција на учесниците, но тоа не било дозволено со објаснение дека конечната одлука за регионалните обуки ја има регионалната канцеларија. Второ разочарување за неа било тоа што таа побарала да има консултативни дебати за новиот закон за ГО, наместо промотивни настани. Според неа ова е само еден пример кој доколку се генерализира води до заклучокот дека проектот не е отворен за консултации и предлози. Таа исто така смета дека ЛСГ не била доволно вклучена и во креирањето на планот за работа на проектот. Тоа за неа го наметнува прашањето која е полезноста од нејзиното членување во ЛСГ. Според неа доколку ЛСГ се смета за ресурсна група, тогаш треба да се креираат механизми препораките, коментарите и експертизата на групата да бидат земени во предвид. За неа тоа е една од областите во која е потребно подобрување. Г-динот Владимир Мисев истакна дека тој за разлика од останатите членови не претставува коалиција или мрежа и доаѓа од организација која не е конвенционална и која не работи непосредно на терен туку работи главно со институциите. Тој смета дека со оглед на тоа што се приклучил подоцна и бил помалку присутен, немал доволно време да оформи целосно мислење за успехот на ТАКСО проектот, ЛСГ и

нејзината улога. Она што можел да го види од деловникот за работа на ЛСГ, е дека групата има доста широк делокруг. Тој предложи да се преиспитаат очекувањата на секој од членовите на ЛСГ во однос на нивната инволвираниот во ТАКСО. Во однос на селекцијата на учесници на обуките тој потсети дека имал забелешка да се категоризираат организациите во три категории за кои ќе се определат соодветни критериуми. Како завршил тој процес не е во тек главно заради неговото отсуство. Тој исто така истакна дека ако главен продукт на ТАКСО се обуките тогаш според параметрите, број на обуки и обучени овој проект може да се смета за успешен. А по прашањето дали тие ГО кои се обучени се подготвени понатаму да спроведуваат други обуки, е прашање на кое му е потребно подетално испитување. Г-ѓа Ирена Иванова истакна дека е задоволна од присуството и од фрекфенцијата на состаноците кои ги има оваа ЛСГ во нашата земја, што може да се види од документот за присуство на ЛСГ кој е подготвен од ТАКСО канцеларијата. Се согласува со коментарот од колегите дека ова е многу битна група каде заедно членуваат трите битни страни и нејзино очекување е дека во иднина со созревањето на ЛСГ, нема да има потреба од учество на ЕУ Делегацијата и таа ќе може да се повлече, а ќе биде додаден третиот сегмент од општеството, а тоа е бизнис заедницата. Таа им се заблагодари посебно на претставниците на ГО во ЛСГ кои несебично го даваат својот придонес во ЛСГ на волонтерска основа, и патуваат од различни делови од земјата за состаноците на ЛСГ. Таа се повика на неколку точки од деловникот за работа на ЛСГ за кои се сложува со одредени колеги од ЛСГ дека не се запазени досега. Таа се надева дека за преостанатиот период од една година ќе се потрудиме сите да најдеме начин да го споиме заедничкиот труд на ЛСГ и да се започне со процесот на институционализација на оваа група како таква. Таа напомена дека во неколку наврати имало шанса да се дискутира за улогата на ЛСГ и во втората фаза и токму поради тоа смета дека не треба да се изгуби моментот кога ЛСГ има доволно ентузијазам и капацитет. Затоа таа смета дека ЛСГ треба да се вклучи во што е можно во повеќе процеси поврзани со самиот проект, а со тоа и да се оправда заложбата на ЛСГ што се докажува со нивното често присуство на состаноците. Таа смета дека треба да се стандардизира изборот на краткорочни експерти и во таа насока ЛСГ треба да се вклучи во процесот на евалуација. За подобро менаџирање на процесот на селекција на обучувачи и обучени, таа предлага да се направи еден повик од сега за сите преостанати обуки до крајот на проектот. Така би се направила листа на обучувачи кои би можеле да се вклучат во обуките и во нивната селекција би требало да биде вклучена ЛСГ за да се даде поголема сопственост на ГО но и учество на владин претставник во процесот на евалуација. Од друга страна ТАКСО како спроведувач ќе го има финалниот збор. Во таа насока би се подобрил дијалогот и би се надминале недоразбирањата во ЛСГ. При изборот на обучувачи со додавање на процедура каде тие при аплицирањето ќе ја предложат и агендата за обуките, членовите на ЛСГ посебно од ГО, ќе можат исто така да влијаат со своето искуство и на содржината на обуките. Г-ѓа Иванова смета дека за регионалните обуки интересот бил голем, но потоа со тек на време интересот се намалувал, па за таа цел за да се надмине ова, таа предлага заеднички оглас за сите преостанати обуки до мај 2011. Таа преложи да се најде начин да се мотивираат ГО, не само послабите туку и појаките ГО, затоа што и за нив има планирани обуки според критериумите усогласени со ЛСГ. Пример со последната обука каде имаше само 15 заинтересирани е доказ дека треба да се превеземе нешто во врска со обуките, а од друга страна е добро да се направи база на податоци на обучувачи. Поврзано со базата на податоци за ГО во самиот проект цени дека со последното решение за креирање на регионална централизирана база наместо децентрализирани решенија за секоја земја се сложува дека така ќе биде функционално. Исто така таа додаде дека ТАКСО треба да ги земе во предвид иницијативните кои доаѓаат од ГО. Примерот кој беше спомнат со дебатите поврзани со новиот закон за ГО, за неа е типичен премер за тоа. Таа смета

дека ваков тип на иницирани идеи кои доаѓаат од граѓанскиот сектор треба да се подржат. Г-динот Методија Саздов истакна дека дел од неговите коментари се преклопуваат со останатите членови. Имал големи очекувања и смета дека ТАКСО треба да ги прилагоди активностите во секоја од земјите каде се спроведува. Тој лично имал забелешки за дел од учесниците на обуките, додека нема забелешки за изборот на тренерите. Тој смета дека од полето на животна средина треба да бидат вклучени поголем број на ГО. Тој се интересираше дали има евалуацијата на обучувачите и смета дека ЛСГ треба да биде информирана како тие се оценети. Тој смета дека ЛСГ нема да има никакво влијае на ТАКСО 2 доколку во првата фаза не се постави како клучен лобист за ГО. Предноста на постоење на ЛСГ тој ја гледа во тоа што и по завршување на ТАКСО, членовите на ЛСГ остануваат во земјата и затоа за нив е важно тие да ги исполнат очекувањата. Тој смета дека со една сесија од бура на идеи (браинсторминг) може да се решат и очекувањата на ЛСГ и на ТАКСО на обострано задоволство. Во однос на базата на податоци тој истакна дека му е драго за последното решение за централизиран систем на база на податоци за кое смета дека е најсоодветно. Г-ѓа Саздовска објасни дека нејзиното гледање на работата на ЛСГ е од поинаква перспектива односно од позиција на проектниот тим кој е задолжен да го спроведува проектот во Македонија притоа водејќи се од описот на надлежности и техничкиот предлог кои се основната рамка за проектот. Сепак без оглед на тоа што рамката е зададена тимот на ТАКСО на ЛСГ не гледа само како на една компонента во проектот туку како на партнер и поддршка за прилагодување на проектот на потребите на локалните ГО и контрола дали активностите се движат во вистинска насока. Токму затоа според не воспоставувањето на самата група е една од првите задачи со која тимот се зафатил, при што Македонската ЛСГ е воспоставена меѓу првите во проектот со својот прв состанок во Декември 2009. Таа исто така смета дека ЛСГ има многу добра репрезентативност и застапеност на ГО од повеќе мрежи и различни сектори. Сепак таа истакна дека секогаш треба да се внимава дека ЛСГ не е претставник на целото граѓанско општество. Таа смета дека е важно да се нагласи дека ЛСГ е многу активна (со 4 редовни средби, една работилница и 3 консултативни состаноци). Таа посочи дека е задоволна од посетеноста, динамиката и ангажманот на челновите на ЛСГ наведувајќи повеќе примери за тоа (претседавање на состаноците, промоција на проектот во своите мрежи, претставување на групата на настани и конференции). Таа им се заблагодари на членовите на ЛСГ за својата посветеност, ангажираност и придонесот. Од друга страна таа смета дека исто така и ТАКСО тимот оставил доволно простор и можности да се влијае на проектот и активностите од страна на ЛСГ почнувајќи од дефинирање на темите за почетната конференција, детализирање на тренинг програмата и критериумите за селекција, до давање насоки за втората фаза на ТАКСО. Таа потсети и дека во материјалите е преглед на заклучоци од ЛСГ и последователни чекори преземени од проектната канцеларија. Доколку се направи анализа на тој документ според Г-ѓа Саздовска може да се извлече заклучок дека во најголема мера проектот бил флексибилен. Во однос на коментарите за активностите со оглед на големиот акцент во дискусиите на обуките таа изнесе дека од сите обуки постојат извештаи каде е вклучена и евалуацијата на обучувачите. Според неа потребно е да се направи анализа и сумарен извештај за обуките за да може да се дискутира интересот, задоволството и за евентуална потреба од промена на пристапот во однос на обуките. Првиот нејзин впечаток после 7 спроведени обуки е дека за некои теми има повеќе, а за некои помалку интерес меѓу ГО. Во однос на учесниците на обуките таа истакна дека нивниот избор се прави врз основа на критериуми кои се препорачани од ЛСГ.

Г-динот Пале Вестергарт сумираше дека целта на оваа сесија било на секој од учесниците да се даде можност да го даде своето мислење за тоа што може да се подобри во иднина, затоа што на некој начин секогаш е подобро да се дискутира за одредени работи за кои се има различно мислење. Тој заклучи дека има одредени препораки за подобрување посебно во однос на тренинг програмата, за тоа како да се пристапи со цел да се доближи до ГО, во однос на изборот на експерти и учесници. Можеби треба да се дискутира и дали Оценката за потребите на ГО е се уште валидна или треба да се дополни, и затоа тој мисли дека предизвик би било за ЛСГ како да се организираат сите предлози кои доаѓаат од членовите на ЛСГ, од една страна времето кое преостана до крајот на проектот, и од друга страна знаењето, искуството и времето на ЛСГ кое би требало да се земе во предвид. За него битно е да се најде заедничко разбирање за прашањата кои биле покренати на состанокот. Потоа г-динот Вестергаард остави простор за прашања. Тој упати прашање до г-ѓа Каранфилова, имајќи ја во предвид нејзината дискусија, како таа смета дека работите можат да се подобрат. Таа смета дека доколку се воспостават механизми, за важните прашања како што се изборот на луѓе кои ќе испорачуваат обуки, потоа прашањата како се дизајнираат активностите за следниот период, инпутот на ЛСГ да биде обавезен и да се прифати тогаш тоа ќе биде добро. Таа смета дека досега недостасувала транспарентност и простор за членовите на ЛСГ да бидат инволвирани. За неа претставува проблем што најголемиот дел од учесниците кои биле избрани за обуки таа не ги знае па поради тоа таа не го знае и нивото, содржината и квалитетот на обуките кои се спроведуваат. Исто така според неа не се искористени можностите на ЛСГ како трилатерално тело каде ГО може да разговара со Владата и со ЕУ. Г-динот Саздов праша дали постојат извештаи од обуките кои биле спроведени и дали има прашалници за евалуација на обучувачите и се интересираше за посетеноста на веб страната. Г-ѓа Саздовска информираше дека за секоја обука се прави оценка на обучувачите и дека од секоја обука се подготвува извештај. Таа смета дека за да бидат дискутирани искуствата од обуките потребно е да се сумираат податоците и извештаите од обуките кои се досега спроведени и кон тоа прашање да се пристапи подготвено и со структурирана дискусија што предлага да биде направено на следниот состанок на ЛСГ. Г-ѓа Каранфилова даде забелешката дека огласите за обуките не биле доволно транспаренти со оглед на тоа што биле објавени само на веб страната. Г-ѓа Саздовска објасни дека освен на веб страната огласот за обука бил пратен по е маил на сите адреси на ГО од ТАКСО мејлинг листата (над 600) и бил објавен во два македонски дневни весници и еден албански на 1ви септември 2010. Г-дин Илиевски истакна дека треба да се внимава на транспарентност на сите процеси, да се внимава на отчетноста кон ЛСГ и кон ГО, на инклузивноста на ЛСГ доколку од неа се бара нешто. За него составот на учесници на последната обука не бил во ред и во такви ситуации тој смета дека обуките треба да се одложуваат. Г-дин Мркев истакна дека треба да бидат дефинирани минимум стандарди за двете страни и за обучувачите и за учесниците. Доколку тие не се задоволени на било која страна потребно е да се одложи спроведувањето на активноста, подобро да се поместат одредени обуки за да се задоволат професионалните стандарди. Г-ѓа Иванова смета дека доколку има евентуален проблем со обуките треба да се реагира побрзо. Г-динот Вестергаард заклучи дека во записникот препораките ќе бидат забележеани, но ќе биде потребен и состанок каде генералните препораки треба поконкретно да бидат дискутирани и да се каже попрецизно што треба да се направи. 2. Г-ѓа Саздовска го презентираше накусо среднорочниот извештај. Според неа извештајниот период Март-Август 2010 е период во кој проектот ТАКСО заживеал меѓу

граѓанските организации во вистинска смисла. Индикатор за тоа е големиот интерес кој го покажуваат ГО, а е изразен преку големиот број на учесници на настаните кои ги организира проектот чиј број често надминува над 100 учесници на настан, високата посетеност на македонската веб страна која во периодот јуни-август е со 1500 посетители веднаш зад Србија, Босна и Херцеговина, а пред доста поголеми земји каде има и повеќе ГО. Таа истакна дека се организирани повеќе настани и конференции на различни теми, а она што посебно треба според неа да се нагласи е компонентата за градење на капацитети каде е подготвена националната тренинг програма чие спроведување е започнато во Јуни. Г-ѓа Саздовска објасни дека до Август 2010 проектот опфатил 307 различни организации од кои 65% не се од Скопје. Немаше дискусија по оваа точка. 3. Г-ѓа Саздовска го презентираше краткиот осврт од истражувањето за брендот на проектот. Таа објасни дека ова истражување е нарачано од регионалната канцеларија и дека е спроведено во две земји Македонија и Босна и Херцеговина, а дека целта на истражувањето била да се види пред се како е воспоставен ТАКСО брендот меѓу корисниците. Потоа појасни дека истото е составено од квантитативно и квалитативно истражување и ги презентираше клучните препораки од агенцијата која го направила истражувањето. Таа исто така истакна дека проектниот тим на консултативен состанок веќе ги дискутирал препораките од двете земји и дека се договорени и веќе се преземаат чекори да се адресираат овие препораки, а нови идеи и предлози од членовите на ЛСГ исто така се добредојдени. Г-дин Мисев смета треба да се земе предвид методологијата која е користена за истражувањето и да се процени колку може заклучоците и препораките да се сметаат за релевантни. Односно дали 260 организации се репрезентативен примерок на граѓанското општество во земјата и дали 24 длабински интервјуа се доволни, што е прашање на методолошка дебата. Според него доколку се интервјуирани само организации кои биле вклучени во проектот тогаш и одговорите се предвидливи и во таа смисла требало да се интервенира во прашалникот за анкетата. Г-ѓа Иванова забележа дека членовите на ЛСГ треба внимателно да го погледнат целиот извештај од истражувањето затоа што тој е добар ресурс кои укажува што може да се подобрува и има повеќе работи кои се можност за учење за сите. Таа имаше забелешка за постоење на шпекулативна изјава во заклучоците на извештајот каде се наведува дека одредени членови на ЛСГ имале намери да учествуваат на тендерот за овој проект. Г-дин Саздов имаше коментар на несоодветен/комплициран превод и формулација на одредени делови на самото истражување на македонски. Заклучоци 1. Да се закаже друга средба каде членовите на ЛСГ ќе дадат свои конкретни предлози и механизми за подобрување. 2. Претседавач за следниот состанок да биде г-дин Методија Саздов со цел да се задржи континуитетот. 3. Датумот за следниот состанок на ЛСГ да се утврди дополнително, но начелно би бил во Ноември 2010. 4. Дневниот ред за следниот состанок да произлезе од препораките кои ги имаа членовите на овој состанок и да биде дополнително усогласен со претседавачот и понатаму преку е маил и со другите членови на ЛСГ. Записникот го подготви

Мирјана Пехчевска Поп-Илиев