COUR EUROPÉENNE DES DROITS DE L HOMME EUROPEAN COURT OF HUMAN RIGHTS ЕВРОПСКИ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ПЕТТИ ОДДЕЛ

Similar documents
Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

С О Д Р Ж И Н А. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

Март Opinion research & Communications

Биланс на приходи и расходи

А Н А Л И З А АКЦИСКА МРЕЖА ЗА ДОБРО ВЛАДЕЕЊЕ. Скопје, февруари 2015 година

З А К О Н ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР. Редакциски пречистен текст * I. ОПШТИ ОДРЕДБИ. 1. Предмет на законот

ЗАКОН ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

Биланс на приходи и расходи

Европски суд за човекови права. Прашања и Одговори

АНАЛИЗА НА НЕЗАВИСНОСТА НА СУДСКИ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - СТРЕМЕЖ И ПРЕДИЗВИЦИ -

ШЕСТ ГОДИНИ ПОДОЦНА: РАСПУКА ЛИ ЅИДОТ ОД ТИШИНА? Анализа на имплементацијата на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер

ПРАВА НА ИМАТЕЛИТЕ НА АКЦИИ СО ПОСЕБНО ВНИМАНИЕ НА ПРАВАТА ШТО ГИ НУДАТ ПРИОРИТЕТНИТЕ АКЦИИ И НИВНА ЗАШТИТА

ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ И МЕДИУМИТЕ. Прирачник

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВЕШТАЧЕЊЕ

СУДОВИТЕ: ЧУВАРИ НА ЈАВНИОТ ИНТЕРЕС ИЛИ НА ПОЕДИНЕЧНИ ИНТЕРЕСИ. ДОКУМЕНТ ЗА ЈАВНА политика

Прашања за II (втор) колоквиум по Граѓанско процесно право

НЕЗАВИСНОСТ НА СУДСТВОТО

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

НОВ ЗКП ПРАВИЧЕН БАЛАНС МЕЃУ ЕФЕКТИВНОСТА НА КРИВИЧНИОТ ПРОГОН И ЕФЕКТИВНАТА ОДБРАНА. Клучни зборови: судење, притвор, докази, вештачење, откривање

Управни спорови - предности и недостатоци. и нивно влијание врз прекршочната постапка

БРОШУРА ЗА МЕХАНИЗМИ ЗА ЗАШТИТА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

ПодоБруВање На ЗАШТИТАТА НА ПРАВАТА НА БЕГАЛЦИТЕ И БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ. Во републик а МакедоНија

Прирачник за адвокатски вештини за одбрана во кривичната постапка

Publikationen zur rechtlichen Zusammenarbeit

Заштита на личните податоци во Република Македонија. Охрид, 27 мај 2014 година

СЛУЖБЕН ГЛАСНИК НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

Гледиштата изразени во овој извештај се на авторот и не нужно ги одразуваат гледиштата на Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за демократија

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

AmCham Macedonia Водич за заштита на трговски марки: Како да ги заштитите вашите права во Република Македонија

ПОСТАПКАТА ЗА ПРИВАТИЗАЦИЈА СПОРЕД 3АКОНОТ ЗА ПРИВАТИЗАЦИЈА И ЗАКУП НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ВО ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ

Централна кооперативна банка АД Скопје

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

ЈАВНОСТ ВО КРИВИЧНАТА ПОСТАПКА

С О Д Р Ж И Н А Стр.

Прирачник за европското законодавство за заштита на податоците

ПРАВОТО НА ПРИВАТНОСТ НИЗ ПРАКТИКАТА НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

ПРИРАЧНИК И МАТЕРИЈАЛИ ЗА ОБУКА ЗА ЕВРОПА. Слобода на изразување, закон за медиуми и клевета. Media Legal Defence Initiative

АНАЛИЗА НА ПРЕКРШОЧНИТЕ ОДРЕДБИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ОДНОС НА ВИСОЧИНАТА НА ГЛОБАТА

ЗАКОНСКОТО НАСЛЕДУВАЊЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО ОСВРТ ВО НЕКОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ

Публикација: Анализа за процена на националните програми и мерки за вработување на лицата со попреченост

ПРАВОTO ДА СЕ НАПУШТИ ДРЖАВАТА

ФАЗИ ВО РЕОРГАНИЗАЦИЈАТА НА СТЕЧАЈНИОТ ДОЛЖНИК ВО ПРАВОТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

СОГЛЕДУВАЊА ЗА ПОЗИТИВНИТЕ И ЗА НЕГАТИВНИТЕ ВЛИЈАНИЈА ВО ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ПРЕКРШОЦИ ПРЕКУ РАБОТАТА НА СЕКТОРОТ ЗА ПРЕКРШОЦИ.

СЛОБОДА НА ИЗРАЗУВАЊЕ

consultancy final presentation conceptual presentation of proposals projects Feasibility Cost Study for converting space

ЦИВИКА МОБИЛИТАС МАЛИ АКЦИСКИ ГРАНТОВИ

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ ЈУСТИНИЈАН ПРВИ СКОПЈЕ. Издавач: Правен факултет ЈУСТИНИЈАН ПРВИ СКОПЈЕ

Оваа книга нема амбиција да го исцрпи бунарот на бедата на македонскиот јавен дискурс, ниту, пак, има амбиција сите поместени примери да ЦРНА

ПРИРАЧНИК ЗА КЛЕВЕТА И НАВРЕДА

СЛОБОДА НА ИЗРАЗУВАЊЕ

Средно образование природно математичка гимназија Никола Карев Скопје, Р.Македонија

Утврдување на способноста на економските оператори

ПРАВНО ЗНАЧЕЊЕ И ЗАШТИТА НА ВЛАДЕНИЕТО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ЕВРОПСКИТЕ СТАНДАРДИ ЗА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА И НИВНАТА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА ВО ПРАВНИОТ СИСТЕМ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ПРЕДИЗВИЦИ ВО РАТИФИКАЦИЈА НА КОНВЕНЦИЈAТА НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И БОРБА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНAТA И ДОМАШНОТО НАСИЛСТВО

УЛОГАТА НА ПОЛИЦИЈАТА ПРИ ПРЕЗЕМАЊЕ НА ДЕЈСТВИЈА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ДОКАЗИ ВО КАЗНЕНА ПОСТАПКА

Системот на јавните набавки во Република Македонија

03. Plea Bargaining 01 MK [REV2] :05 Page 1

Садирет Речи. Односи меѓу родители и деца во правниот систем на Република. Македонија

СЛУЖБЕН ВЕСНИК Четврток, 6 декември 2001 Скопје

Број јули 2016, четврток година LXXII

ЈП СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РМ УСТАВ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО АМАНДМАНИТЕ НА УСТАВОТ I-XXX

ПРВ ОДДЕЛ. СЛУЧАЈ ЃОРЃЕВИЌ против ХРВАТСКА. (Жалба бр /10) ПРЕСУДА СТРАЗБУР. 24 јули 2012 КОНЕЧНА 24/10/2012

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ПРИРАЧНИК ЗА РАБОТА СО МОДУЛОТ ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ПРЕКУ ПОРТАЛОТ НА ФЗОМ

С О Д Р Ж И Н А. Број 184 год. LXVII 29 декември 2011, четврток Цената на овој број е 190 денари.

Преземање сертификат користејќи Mozilla Firefox

ЗА НЕКОИ (КОНТРОВЕРЗНИ) РЕШЕНИЈА ОД ЗАКОНОТ ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ВИДОТ И ОДМЕРУВАЊЕ НА ВИСИНАТА НА КАЗНАТА

ЕВРОПСКИ ПРИНЦИПИ ЗА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП Правен факултет Кочани Правосудна насока. Наталија Иванова ОБВРСКИТЕ НА КУПУВАЧОТ ВО ДОМАШНОТО И ВО МЕЃУНАРОДНОТО ПРАВО

Од одбраната на обвинетиот ЉУБЕ БОШКОВСКИ од Скопје

КОН ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПОЛИЦИЈА. 1. Воведни забелешки- ги земаме ли правата и полицијата сериозно?

Како. Колку. да ги остварам и заштитам моите права? ќе ме чини тоа?

КОНТРОЛНА ЛИСТА ЗА ИЗРАБОТКА НА ЗАКОНИ И ЗА РЕГУЛАТОРНО УПРАВУВАЊЕ ВО ЦЕНТРАЛНА И ИСТОЧНА ЕВРОПА. СИГМА ДОКУМЕНТ Бр. 15, 1997

Облигациони односи настанати со причинување штета во македонското право

Универзитет Гоце Делчев Штип Правен факултет - Кочани

Структурно програмирање

Автори: Јасмина Димишковска Рајковска; Маја Варошлија; Сунчица Димитријоска; Анета Трајковска.

Број јануари 2015, среда година LXXI

на јавната свест за Архуска конвенција и еколошкото законодавство на Европската Унија

Правното уредување на семејното насилство во Р. Македонија

Петти состанок на Локалната советодавна група Записник од состанокот

Годишен извештај на Комисијата за заштита од дискриминација за 2015 година

ПРАВНАТА ЗАШТИТА НА ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

Содржина. Вовед. Заклучок

ПРАВИЛНИК ЗА СОДРЖИНАТА И ФОРМАТА НА ДИПЛОМАТА И ДОДАТОКОТ НА ДИПЛОМАТА И ДРУГИ ИСПРАВИ ИЗДАДЕНИ ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ

Записник од завршна конференција Мрежа 23 9 јули 2015 година, Скопје

ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ДОКАЗИ ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА ОД МЕЃУНАРОДНИ И ДОМАШНИ ИНТЕРНЕТ СЕРВИС ПРОВАЈДЕРИ КРАТОК ВОДИЧ ЗА ОБВИНИТЕЛИ

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА НАСТАВНИЦИ ВО СИТЕ НАСТАВНО НАУЧНИ ЗВАЊА И АСИСТЕНТИ - ДОКТОРАНТИ (АСИСТЕНТИ ДОКТОРАНДИ) НА УНИВЕРЗИТЕТОТ МАЈКА ТЕРЕЗА ВО СКОПЈЕ

ДА ГИ ОТВОРИМЕ УЧЕБНИЦИТЕ: ОТВОРЕН ПРИСТАП ДО УЧЕБНИЦИТЕ ЗА ОСНОВНО И СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ

РПП на ОНЕ.ВИП РЕФЕРЕНТНА ПОНУДА ЗА ПРИСТАП НА ЈАВНА ЕЛЕКТРОНСКА КОМУНИКАЦИСКА МРЕЖА НА ОНЕ.ВИП

С О Д Р Ж И Н А. Број 69 Год. LXIV Среда, 4 јуни 2008 Цена на овој број е 280 денари.

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ НА МЗМП ЗА ПРАКТИКИТЕ НА ЗАДРЖУВАЊЕ СТРАНЦИ ВО МАКЕДОНИЈА ОД ИМИГРАЦИСКИ ПРИЧИНИ 2017

НАРОДНА БАНКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Време за патување, кое може да биде за бизнис и за задо волство.

УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СИСТЕМОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО БАНКАРСТВО КОРПОРАТИВНО

ПРАВНИОТ ОДНОС МЕЃУ ГРАЃАНИНОТ И ДРЖАВАТА ВО ДЕМОКРАТСКО-ПРАВНАТА ДРЖАВА

Број ноември 2015, среда година LXXI

Transcription:

CONSEIL DE L EUROPE COUNCIL OF EUROPE COUR EUROPÉENNE DES DROITS DE L HOMME EUROPEAN COURT OF HUMAN RIGHTS ЕВРОПСКИ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ПЕТТИ ОДДЕЛ ГРОЗДАНОВСКИ против РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (Апликација бр. 21510/03) ПРЕСУДА СТРАЗБУР 31 мај 2007 Оваа пресуда ќе стане правосилна согласно условите утврдени во член 44 став 2 од Конвенцијата. Пресудатат може да биде предмет на издавачка редакција Напомена: Македонскиот превод на текстот на одлуката на Европскиот суд за човекови права е исклучиво информативен и од него не произлегуваат никакви права и/или обврски. Единствено официјалниот текст на одлуката на Европскиот суд за човекови права на англиски и/или француски јазик, објавена од страна на Судот е автентичен и се смета за оригинал. Не е дозволено објавување на овој превод на било каков начин без претходна дозвола од страна на Министерството за правда на Република Македонија, освен во случај доколку се користи за информирање.

Во предметот на Гроздановски против Република Македонија, Европскиот суд за човекови права (Петти оддел), заседавајќи во совет составен од: Г-дин P.Lorenzen, претседател, Г-дин K. Jungwiert, Г-дин V. Butkevych, Г-ѓа M. ЦАЦА НИКОЛОВСКА, Г-дин J. Borrrego Borrego Г-ѓа R. Jaeger, Г-дин M. Villiger, судии, и г-ѓа C.Westerdiek, секретар на одделот, Одлучувајќи на затворена седница на 9 мај 2007, Ја донесе следната пресуда, која што е усвоена истиот ден. ПОСТАПКА 1. Постапката е иницирана со жалба (бр.21510/03) против Република Македонија поднесена до Судот согласно член 34 од Конвенцијата за заштита на човековите слободи и права ( Конвенцијата ) од страна на македонскиот државјанин г-дин Никола Гроздановски ( жалителот ), на 21 мај 2003 година. 2. Жалителот беше застапуван од страна на г-дин П. Стојановски, адвокат од Охрид. Македонската Влада ( Владата ) беше застапувана од страна на нејзиниот Агент, г-ѓа Радица Лазареска - Геровска. 3..Жалителот тврдеше дека немал фер постапка пред Врховниот суд.

4. На 7 Јуни 2006 година, Судот одлучи да ги проследи до Владата на Република Македонија наводите на жалителот за наводната нефер постапка, особено за наводната повреда на принципот за еднаквост на оружјата. Согласно одредбите на член 29 став 3 од Конвенцијата, Судот реши истовремено да одлучува за допуштеноста и основаноста на жалбата. ФАКТИ ОКОЛНОСТИ НА ПРЕДМЕТОТ 5. Жалител бил роден 1934 година и живее во Охрид. 6. На 30 Декември 1993 жалителот склучил договор за одобрување на кредит ( договор ) со Мак БС а.д. ( претпријатието ), согласно кој тој земал кредит во износ од 40.000 ДМ (германски марки), под следниве услови: Да го отплати кредитот во рок од 3 месеци со 8% месечна каматна стапка. Жалителот го земал кредитот во корист на Г-дин К.С. кој бил неподобен да аплицира заради лошата финансиска состојба. 7. Истиот ден, тогашниот Основен суд Охрид запишал во јавните книги забелешка дека, врз куќата и на парче земјиште сопственост на жалителот е ставена хипотека во корист на претпријатието. 8. Главницата на кредитот со камата бил отплатен од страна на г-дин К.С. во рамките на тримесечниот рок онака како што било договорено. Наспроти тој факт, претпријатието продолжило да пресметува 8% камата, иако важноста на договорот не била продолжена. Заклучно со 10 Мај 1996 година износот бил исплаќан од страна на г-дин К.С., а за сметка на жалителот. По истекот на тој датум, жалителот продолжил да плаќа 8% камата се до 26 Октомври 1996 година кога кредитот бил целосно отплатен. 9. На 29 Мај 1997 година Основниот суд Охрид, откако примил известие од претпријатието дека кредитот е целосно исплатен, ја избришал

забелешката од јавната книга. 10. На непознат датум во 1997 година, г-дин К.С. поднел тужба против претпријатието и жалителот тврдејќи дека постои разлика помеѓу исплатената камата и домашната законска каматна стапка, по истекот на тримесечниот период. Согласно вештачењето во предметот, г-дин К.С. и жалителот надплатиле износ од 85.831 ДМ. На 28 Октомври 1997 година г-дин К.С. ја повлекол тужбата во однос на жалителот. На 6 Февруари 1998 година Основниот суд Охрид со решение го отфрлил барањето на жалителот да се вмеша во постапката како тужител и одлучил неговата тужба да биде заведена како засебен предмет. На 16 Септември 1998 судското решение станало правосилно и тужбата на жалителот е заведена како засебен предмет. 11. Барањето на г-дин К.С. било одбиено на 10 Февруари, односно 17 Октомври 2000 од страна на Основниот суд и Апелациониот суд, последователно. Судовите сметале дека претпријатието немало пасивна легитимација во постапката, со оглед на тоа дека тоа го склучило договорот за кредит со жалителот, а не со г-дин К.С. Судот утврдил дека барањето на г-дин К.С. е неосновано бидејќи тој не бил странка на договорот, иако преку жалителот тој бил склучен во негова корист. 12. Се чини дека барањето на жалителот било отфрлено со решение на судечкиот совет на 16 февруари 2000 година. На 1 јуни 2000 година Апелациониот суд Битола ја усвоил жалбата на жалителот и го вратил предметот на повторно одлучување. 13. На 3 Април 2001 година Основниот суд Охрид ја одбил тужбата на жалителот за неосновано збогатување. Тој нашол дека претпријатието законски пресметувало 8% камата со оглед на тоа што кредитот не бил вратен навреме, заради што жалителот бил во обврска да плаќа камата утврдена во договорот. Тој заклучил дека, заради тоа договорот имплицитно бил продолжен без натамошни анекси од странките. Судот понатаму го констатирал повлекувањето на тужбата на жалителот во

однос на г-дин К.С. 14. На 25 Септември 2001 година Апелациониот суд Битола ја усвоил жалбата на жалителоти го вратил предметот на повторно одлучување. Тој сметал дека понискиот суд не утврдил правилно во какво својство претпријатието го склучило договорот: како претпријатие или како штедилница. Врз основа на писмото на Народна банка на Република Македонија од 4 мај 1999 година, тој сметал дека претпријатието не било регистрирано како штедилница во времето кога бил склучен договорот, заради што тоа не било овластено да дава кредити во девизи. Тој сметал дека начинот на регистрирање на претпријатието било одлучувачко за правниот статус на договорот, имено дали тој бил ништовен и необврзувачки или пак дали договорот бил јасно склучен. Во вториот случај претпријатието можело да наплатува само законска камата, а не и каматани стапки предвидени со договорот. 15. На 24 Септември 2001 година Основниот суд Охрид ја усвоил тужбата на жалителот. Судот нашол дека, во времето на склучувањето на договорот, претпријатието не било усогласено со Законот за банки и штедилници и дека заради тоа не било овластено да дава кредити во девизи, туку само во денарска валута. Понатаму тој утврдил дека претпријатието било регистрирано како штедилница на 1 март 1994 година, по склучувањето на договорот. Заради тоа тој го прогласил договорот за ништовен и необврзувачки. Бидејќи договорот ги исполнувал законските услови за друг договор-за заем, судот одлучил да смета дека тој бил склучен како таков. Бидејќи претпријатието не било овластено да влегува во договорни аранжмани за девизи и да наплатува договорна камата, судот му наложил на жалителот да му врати износ од 85.831 ДМ, како разлика помеѓу исплатената камата и домашната законска стапка, заедно со камата. 16. На 17 Февруари 2002 година претпријатието поднело жалба, која ја дополнило со поднесоци од 26 Февруари и 19 Март 2002 година. 17. На 14 март 2002 година апликантот дал одговор на жалбата на

претпријатието. 18. На 25 Април 2002 година Апелациониот суд Битола не ја усвоил жалбата на претпријатието и ја потврдил одлуката на првостепениот суд. Тој сметал дека понискиот суд уредно ги утврдил фактите на предметот и правилно го применил материјалниот закон. Тој нагласил дека, во моментот на склучувањето на договорот, претпријатието не било регистрирано согласно Законот за банки и штедилници, и дека како такво тоа не било овластено да дава кредити во девизи. Тој исто така нашол дека понискиот суд правилно го прогласил договорот за ништовен и необврзувачки. 19. На 15 мај 2002 година Основниот суд Охрид го допуштил предлогот за извршување и му наложил на претпријатието да го исплати долгуваниот износ. Парите дополнително му биле префрлени на жалителот. 20. На 22 мај 2002 година претпријатието поднело Ревизија пред Врховниот суд на Република Македонија. 21. На 9 Јули 2002 Јавниот обвинител поднел барање за заштита на законитоста пред Врховниот суд на Република Македонија. 22. На 27 Февруари 2003 година Врховниот суд со единствено решение ја усвоил ревизијата и барањето за заштита на законитоста. Ги укинал одлуките на пониските судови и го одбил тужбеното барање на жалителот. Тој нашол дека пониските судови правилно ја утврдиле фактичката состојба, но неправилно го примениле законот. Тој нашол дека во времето кога договорот бил склучен, претпријатието било регистрирано како штедилница овластена да дава кредити и да собира штедни влогови од физички лица. Тој помеѓу другото утврдил дека:...во согласност со Законот за банки и штедилници од 1993 година кој бил на сила во тоа време, (претпријатието) било овластено да прибира штедни влогови во домашна валута од физички лица и да дава кредити на физички лица и трговци поединци. Може да се заклучи дека (

претпријатието)не било овластено да прибира или дава кредити во девизи на физички лица. Како и да е, тој закон не предвидува ништовност на таквите договори ниту пак забранува извршување на таквите дејности. Таквите дејности на штедилниците се регулирани со казнени одредби. Неспорно е дека договорот склучен помеѓу странките (претпријатието и жалителот) доброволно бил извршен од страна на жалителот..... 23. Судот го отфрлил образложението на понискиот суд дека договорот бил ништовен и необврзувачки, бидејќи претпријатието било регистрирано и овластено да влегува во такви договори без оглед на тоа дали се однесувал на девизна валута. Тој утврдил дека тој факт би можел единствено да влијае на извршувањето на договорот. Тој понатаму заклучил дека жалителот не би можел да бара поврат на парите веќе платени на претпријатието согласно договорот, бидејќи тоа како финансиска институција била основана согласно на закон, чие дејствување е врз основа на овластување на Народна банка на Република Македонија. Дотолку повеќе што опсегот на дејствување на претпријатието било регулирано со закон кој што неможел да биде непознаница за жалителот. 24. Решението му било доставено на жалителот на 24 Април 2003 година. 25. На 5 мај 2003 година Основниот суд Охрид го усвоило предлогот на претпријатието за извршување на одлуката на Врховниот суд. Парите кои што веќе му биле префрлени на жалителот, одтогаш му се симнуваат од неговата месечна пензија. РЕЛЕВАНТНО ДОМАШНО ЗАКОНОДАВСТВО 26. Членот 374 од Законот за парнична постапка ( Законот ) пропишува дека ревизијата треба да биде поднесена до првостепениот суд во доволен број на примероци за судот, спротивната странка и јавниот обвинител. 27. Членот 376 од Законот пропишува, помеѓу другото дека судијата кој

председава со советот на првостепениот суд, ќе достави примерок од навремената, целосна и допуштена ревизија до спротивната странка и до јавниот обвинител кој пак е овластен да поднесе барање за заштита на законитоста. Согласно ставот 3 на овој член, спротивната странка може, во рок од 30 дена од приемот на ревизијата, да поднесе одговор до судот. Согласно ставот 4, по приемот на одговорот или по истекот на рокот за одговор, судијата преседател на советот ќе ја достави ревизијата со одговорот како и комплетното предметно досие до Врховниот суд на Република Македонија преку второстепениот суд. 28. Членот 381 став 1 од Законот пропишува дека Врховниот суд ќе ја усвои ревизијата и ќе ја преиначи првостепенатат одлука доколку најде дека материјалното право е погрешно применето. 29. Членот 392 од Законот пропишува дека Врховниот суд ќе донесе единствена одлука доколку против иста пресуда се поднесени и Ревизија и Барање за заштита на законитоста. 30. Членот 394 од Законот пропишува дека, доколку поинаку не е уредено, гореспоментите одредби ќе се применуватт и на барањето за заштита на законитоста поднесено од јавниот обвинител. ПРАВО 1. НАВОДНИ ПОВРЕДИ ПО ЧЛЕН 6 СТАВ 1 ОД КОНВЕНЦИЈАТА 31. Жалителот се жалеше според членот 6 од Конвенцијата, дека пред Врховниот суд му било оневозможено фер судење. Особено, тој спореше дека принципот еднаквост на оруижјата е повреден и дека нему не му било дадено можност да ја коментира ревизијата на претпријатието и барањето за заштита на законитоста од јавниот обвинител. Понатаму тој се жалеше дека Врховниот суд неправилно го применил домашното право. Членот 6 од Конвенцијата, во делот кој е релевантен, гласи: 1 Во определувањето на...било каква кривична пријава против

нив...секој има право на фер...судење...од страна на...трибунал... А. Допуштеност 32. Судот смета дека жалбата не е очигледно неоснована во смисла на членот 35 став 3 од Конвенцијата. Понатаму тој наоѓа дека дека таа не е недопуштена по било кој друг основ. Заради тоа таа мора да биде прогласена за допуштена. Б. Основаност 1. Наводна повреда на еднаквост на оружјата 1. Поднесоци на странките 33. Владата се произнесе дека постапките биле фер бидејќи на странките им биле дадени еднакви можности да ги претстават своите предмети; дека домашните судови ги прифатиле како докази нивните аргументи; и дека сите поднесоци доставувани до судовите биле доставувани на одговор до спротивната страна. Тие понатаму наведоа дека наспроти комплексноста на предметот, домашните судови постапувале со должното внимание и без неоправдани одолговлекувања. 34. Владата исто така сметаше дека Врховниот суд ги ревидирал одлуките на пониските судови во склад со неговата надлежност и ја донел својата одлука откако ги испитал изведените докази. Тие спореа дека со жалбата жалителот всушност бара од Судот да ја одлучи работата правилно за домашните судови. Тие изјавија дека Врховниот суд не би го разгледувал предметот доколку формалните претпоставки утврдени во член 376 од Законот (види Домашно релевантно законодавство) не биле исполнети. Соодветно на тоа, тие негираа било каква можност Врховниот суд да одлучувал по ревизијата без притоа истата да била доставена до жалителот. Како и да е заради честиот пренос на предметното досие помеѓу судовите, тие не можеа да достават копија од доставницата како доказ дека ревизијата на

претпријатието била доставена до жалителот. 35. Жалителот спореше дека нему му било овозможено фер судење пред Врховниот суд. Тој наведе дека Владата не успеала да достави било каков доказ дека ревизијата на претпријатието била доставена до него. Тој изјави дека правилата на постапување пред Врховниот суд биле нарушени бидејќи нему не му била дадена можност да ја коментира ревизијата на претпријатието. Немањето на доставницата во предметното досие ги поткрепувало неговите аргументи. Оценка на судот 36. Судот најнапред постетува дека во граѓанските постапки, принципот на еднаквост на оружјата значи дека на секоја од странките мора да и биде дадена разумна можност да го претстави својот случај - вклучувајќи ги и доказите- под исти услови кои што не го/ја ставаат него/нејзе во суштинска понеповолна положба vis-a vis неговиот/нејзиниот противник (види Dambo Beheer B.V.v. Netherlands пресуда од 27 Октомври 1993, Серија А бр. 274, пар.19 и 33; Stran Greek Refineries and Stratis Andreadis v. Greece, пресуда од 9 Декември 1994 Серја А.бр.301-Б, пар.81, 46). Концептот на фер судење, од кој што еднаквоста на оружјата е само еден аспект, имплицира на правото на странките да бидат запознаени со доказите, како и да имаат можност да ги коментираат сите изведени докази или доставени поднесоци (види Niderost-Huber v. Switzerland, пресуда од 18.Февруари 1997, Извештаи за пресуди и одлуки 1197-1, пар. 108, 24; Steck- Risch and others v. Liechtenstein, бр. 63151/00 став 55 од 19 мај; М.С. v. Finland br. 46601/99 став 32 од 22 март 2005). 37. Во конкретниов случај, Судот забележува дека Врховниот Суд има целосна јурисдикција да одлучува по предметот на жалителот, бидејќи тој ја испитувал основаноста на ревизијата на претпријатието и барањето за заштита на законитоста од јавниот обвинител. Тој имал, соодветно на тоа, можност за укинување на одлуката и враќање на пониските судови за повторно одлучување или пак да ја укине одлуката и мериторно да одлучи самиот. Втората опција била искористена во

конкретниот случај. 38. Тој понатаму забележува дека претпријатието, кое било спротивна странка во предметната постапка, поднело ревизија против одлуката на Апелациониот суд. Јавниот обвинител исто така поднел Барање за заштита на законитоста. Согласно член 376 од Законот, тие требале да бидат доставени до жалителот (види став 27 погоре). Во отсуство на било каков доказ за доставата, Судот не е во можност да го прифати аргументот на Владата дека ревизијата и барањето биле некогаш доставени до жалителот. Дотолку повеќе што ревизијата на претпријатието и барањето на јавниот обвинител довеле до одлуката на Врховниот суд што е за жалителот значајна неповолна положба. Судот смета дека процедуралните пропусти го оневозможиле жалителот од ефикасно учествување во постапката пред Врховниот суд. 39. Намерата на членот 6 став 1, меѓудругото е, да ги обезбеди интересите на странките и другите за правилно спроведување на правдата (види меѓу другото Acquaviva.v. France пресуда од 21 Ноември 1995, Серија А бр. 333-А, пар.17 и 66). Во конкретниот случај, почитувањето на правото на апликантот на фер судење, загарантирано со членот 6 став 1 од Конвенцијата, бара на жалителот да му биде дадена можност да биде запознаен за, и да ја коментира Ревизијата на претпријатието и барањето на јавниот обвинител. 40. Последователно на тоа, постои повреда на Членот 6 став 1 од Конвенцијата. 2. Преостанатиот дел од жалбата согласно член 6 од Конвенцијата 41. Имајќи ги предвид неговите заклучоци дека имало загрозување на правата на жалителот за фер судење од причините наведени понапред и сметајќи дека тој има само лимитирани можности да се справува со погрешно утврдени факти или право наводно сторени од страна на домашните судови, Судот не смета дека е неопходно да ја испитува

одделно жалбата на жалителот дека фер постапувањето исто така било нарушено за сметка на наводните неправилности во примената на материјалното право (види меѓудругото, Komanicky v. Slovakia бр. 32106/96 став 56 од 4 Јуни 2002). III. ПРИМЕНА НА ЧЛЕН 41 ОД КОНВЕНЦИЈАТА 42. Членот 41 од Конвенцијата наведува: Доколку Sudot најде deka била сторена povreda na Konvencjata ili na nejzinite protokli, i ako домашното pravo na zaсегнатата Visoka Dogovorna strana ovozmo`uva samo delumno репарација, Sudot dokolku e potrebno ќе i dосуди na o{tetenata strana, pravi~еn надомест А. Штети 43. Во формуларот на апликацијата, жалителот бараше 3.000.000 Евра без притоа да специфицира дали се однесува на материјална односно нематеријална штета. Во својот одговор на Владините обсервации, жалителот наведе дека претрпел нарушување на неговата здравствена состојба. Тој тврдеше дека на тужената држава би требало да и се наложи да плати повисок износ од оној иницијално побаран. Како и да е тој не го специфицираше своето барање. 44. Владата го коментираше барањето на жалителот за правичен надомест онака како што беше поднесено во формуларот на апликацијата. 45. Бидејќи Судот неможе да шпекулира за исходот на судењето доколку тоа било во склад со член 6 став 1, досудувањето на правичен надомест може да го базира само на фактот дека жалителот ги немал придобивките од гаранциите на овој член. Судот прифаќа дека недостатокот на таквите гаранции му причиниле на жалителот нематеријална штета (види М/ С. в. Финска, цитирана понапред став 41; Kuopila v. Finland n.27752/95 став 42, од 27 Март 2000). Судот вршејќи проценка на правична основа, му досудува на жалителот 1.500,- Евра по однос на нематеријална штета.

Б. Трошоци 46. Жалителот не бараше надомест на неговите трошоци. Соодветно, Судот не му досуди износ по тој основ. ОД ОВИЕ ПРИЧИНИ, СУДОТ ЕДНОГЛАСНО 1. Ја прогласи жалбата за допуштена; 2. Смета дека имало повреда на принципот за еднаквост на оружјата согласно член 6 став 1од Конвенцијата; 3. Смета дека нема потреба да го истражува остатокот од жалбените наводи по член 6 став 1 од Конвенцијата. 4. Смета дека а) тужената држава, треба да му исплати на жалителот во рок од 3 месеци од денот на конечноста на пресудата, согласно член 44 став 2 од Конвенцијата, 1.500,- Евра (илјада и петстотини Евра) по основ на нематеријална штета како и било какви издатоци кои би можеле да бидат наплатени на горните суми; б) по протекот на горе наведените три месеци сẻ до исплатата, ќе се засметува камата на горенаведените износи, по стапка еднаква на најниската стапка за позајмени средства на Европската централна банка, за периодот до плаќањето плус 3 %. 5. Го отфрли остатокот од жалбеното барање за правичен надомест. Изготвено на англиски и објавено на 31 Мај 2007, согласно член 77 став 2 и 3 од Деловникот за работа на Судот и писмено известе Claudia WESTERDIEK Секретар Peer LORENZEN Претседател