ПРВ ДЕЛ ПОДГОТОВКА ЗА ЧАС Пакет за активирање на училиштата #ДЕЦАТАГИ ПРЕЗЕМААТУЧИЛИШТАТА СВЕТСКИ ДЕН НА ДЕТЕТО 20 НОЕМВРИ 2017
#децата ги преземаат училиштата Настава и училишни активности за правата на децата Еве некои образовни активности за основните права на децата со кои училиштата ќе прв дел подготовка за час го направат денот #ДецатаГиПреземаатУчилиштата забавен, со сериозна порака. 1. Вовед (2 минути): Кој ден е денеска? (20-ти ноември) Зошто е посебен? Има ли некој роденден денес? Зошто уште денеска е посебен ден? Денес е Светскиот ден на децата! Но, што значи тоа? Ајде да дознаеме... 2. Активност - Што им треба на децата? (10-20 мин.): Што им треба на децата за да пораснат и да се развијат во најдобрата личност што може да станат? Децата ги изразуваат своите идеи како љубов, сигурност, образование, пријатели, храна, и сл. Можни методи: а. Децата цртаат контура на дете, поединечно или во групи, и ги пишуваат или ги цртаат потребите внатре или покрај фигурата. б. Децата меѓусебно си цртаат на големи листови хартија или надвор со креда на земјата (покажете разбирање за децата со физичка попреченост или за оние кои не сакаат да го прават ова). в. Децата прават колажи со деца и со нивните потреби, сечејќи слики од стари списанија/весници/реклами. г. Донесете кукла или марионета која ќе претставува дете и извлечете идеи од децата за нејзините потреби преку раскажување, и прашување. 3. Активност - Која е разликата меѓу човековите потреби и човековите права? (10 мин.): a. Посочивте многу работи кои им се потребни на децата за да пораснат најдобо што можат. Некои од овие човекови потреби се... [прочитајте наглас неколку примери]. Потребите се многу важни, но што е со човековите права? Дали некој слушнал за човековите права? Што се тие? Која е разликата меѓу човековите потреби и човековите права? Поттикнете коментари и идеи, а потоа сумирајте преку демонстрација во која доброволец држи чаша вода. б. Жеден/дна сум. Ми треба чаша вода! [Доброволецот ви ја дава водата]. Благодарам, многу си добар/бра. Навистина сум благодарен/на. Сега замислете дека е утре. Уште сум жеден/дна. Уште ми треба чаша вода! [Шепнете му на доброволецот да не ви даде вода]. [Кон класот] Кој има моќ овде? Што мислите, како се чувствувам? Како се чувствува тој/таа? Дали ова е фер? Поттикнете коментари, потоа резимирајте: тој/таа ја има сета моќ. Јас немам моќ. Се чувствувам зависен/а / небезбеден/а / непочитуван/а / како да немам достоинство. Еден ден ми дава вода, а другиот ја чува за себе или ја дава на друг што е поубав или вика погласно. в. Ајде сега пак да го направиме истото. Жеден/дна сум. Имам право на чаша вода. Што е различно? Поттикнете коментари, па резимирајте: кај правата, владата ветила дека ќе ги исполни. Таков е законот. Владата мора да ми даде вода и ако не ја добијам, може да побарам и да замолам да ми се даде, така што и јас и владата имаме моќ. Ни треба помош да ги разбереме своите улоги. Се чувствувам подостоинствено и попочитувано. Така е пофер. Човековите права се основните човекови потреби претворени во закон. Значи, правата се посилни од потребите.
Тие се поодржливи, пофер и со повеќе достоинство. Сите човечки суштества имаат човекови права, едноставно затоа што се луѓе. Не е важно колку години имаш, каква боја си, кој е твојот пол, националност, религија или нешто друго. Сите ние сме луѓе и сите имаме човекови права. Треба да ги разбереме нашите права и да ги почитуваме правата на другите. Децата (секој помал од 18 години) се во посебен период на развој, па затоа имаат одредени посебни човекови права, наречени детски права. W RLD CHILDREN'S 20 ноември DAY 2017 4. Активност Среќен роденден на Конвенцијата за правата на детето (5 мин.): Има еден многу посебен меѓународен закон наречен Конвенција на Обединетите нации за правата на детето, која ги содржи сите човекови права, особено за децата. Речиси сите земји во светот се согласија за неа и знаете што? Денеска е роденден на Конвенцијата! Таа беше договорена, или родена, на 20 ноември 1989 година. Токму затоа, денес е Светскиот ден на децата. Колку години има Конвенцијата денес?... Можни методи: а. Испејте и Среќен роденден на Конвенцијата. б. Донесете роденденска торта со 28 свеќички. в. Креирајте роденденски картички, пораки на социјалните медиуми или прославете поинаку, како што е културно соодветно. 5. Активност - Запознавање со Конвенцијата за правата на детето (15-30 мин.): Запознајте ги децата со содржината на Конвенцијата. Можни методи: a. Спојување на потребите со правата : Испечатете и исечете картички со резимирани членови од Конвенцијата (видете на страница XXX). [Алтернативно, картички на англиски јазик може да се купат од УНИЦЕФ Брит.] Распостелете ги на подот со лицето нагоре и децата нека ги спојат правата со потребите посочени во претходната активност Што им треба на децата?. Остануваат ли потреби без соодветно право? (на пр., нема право да се биде сакан и право на пријатели, бидејќи овие работи не може да се наметнат со закон, иако во Конвенцијата се зборува за важноста на среќа, љубов и разбирање во нејзината Преамбула. За повеќе детали, погледнете ја брошурата на УНИЦЕФ Брит. за митови и заблуди околу правата). б. Сите права за сите деца: Секое дете избира по една картичка за правата на децата и објаснува во групи зошто овој член е важен за нив и/или за децата во други земји. Ова може да се прошири во дискусија за тоа како сите деца во светот ги имаат истите права, но некои деца имаат повеќе тешкотии од другите во пристапот и уживањето на тие права, со примери од вашата и од друга земја. Како можеме да им помогнеме на сите деца да ги уживаат своите права? в. Истражување на врските меѓу правата: Секое дете избира по една картичка со правата на децата и се движи низ училницата за да најде други деца со слични права, со цел членовите да се групираат заедно на различни начини (ова може да се направи и со топка или јаже за да се покаже поврзаноста). Кои се врските меѓу нив? Чие право е најважно? [Сите права се неделиви и меѓусебно поврзани. Ниедно право не е поважно од другото. Исполнувањето на едно право (на пр., на образование) помага да се исполнат другите (на пр., на добро здравје), а кршењето на едно право (на пр., дискриминација) негативно ги
#децата ги преземаат училиштата засега сите други.] Четири члена, познати како општите принципи, треба да се запомнат заедно со другите членови. Што мислите, кои се тие членови и зошто? (Членовите 2, 3.1, 6 и 12). г. Меморија: Испечатете втора низа картички со правата на детето и во мали групи, играјте меморија. На пр., изберете 5-10 члена, ставете по два примерока од картичките свртени надолу и размешајте ги. Децата наоѓаат две картички со ист член, превртувајќи ги и обидувајќи се да запомнат каде се. д. Лажни и вистински права: Замешајте лажни права со вистинските (на пр., право: да се има смартфон, убави чевли, миленичиња, смешен наставник, омилена храна, велосипед, добри оценки, сонце, да се гледа телевизија, да не се средува собата, да се кара). Децата ги наоѓаат лажните права и објаснуваат зошто се лажни, или случајно избираат картичка и кажуваат дали правото е вистинско или лажно, или пак наставникот го чита правото наглас, а децата стануваат, седнуваат или се движат наоколу според тоа што мислат. Во зависност од возраста, некои од лажните примери може да бидат намерно двосмислени за да се поттикнат децата подлабоко да размислат за толкувањето на правата од Конвенцијата. ѓ. Емотикони за правата на детето: Децата креираат емотикони со кои ги претставуваат различните права. е. Проширување или проектна активност: За домашно, децата истражуваат едно од правата на детето и како тоа се почитува или не, во нивната земја и во други земји. Поттикнете ги да дадат позитивни и негативни примери во двата контекста. Децата го илустрираат и го презентираат своето право пред класот, поединечно или во групи. 6. Кампања - Преземете акција за правата на детето, локално или глобално (15-30 мин. или повеќе): На Светскиот ден на детето, децата од целиот свет се здружуваат за спасување детски животи, борба за своите права, и за исполнување на својот потенцијал. #СветскиотДеннаДетето не е само хаштаг: тоа е повик за акција од децата и за децата - барање подобра иднина за секое дете. Па, што можеме да направиме за да помогнеме? Децата посочуваат активности што сакаат да ги направат во локален, национален и/или меѓународен контекст за промовирање на детските права. Можни методи: а. Дознајте повеќе и учествувајте во кампањата на УНИЦЕФ за застапување на правата на детето, која се води во вашата земја. б. Децата избираат одредено право и во групи истражуваат начини за негово практично промовирање. в. Децата мапираат кои права се спроведуваат или не во училиштето или во локалната заедница, и наоѓаат начини за прославување на успешните и за решавање на неуспешните.
W RLD CHILDREN'S 20 ноември DAY 2017 7. Линкови: Дознајте повеќе за правата на децата и УНИЦЕФ преку оваа бесплатна, 75-минутна онлајн видео-обука: Child Rights and Why They Matter (Детските права и зошто се важни) (вклучува демонстрација на активноста чаша вода ) UNICEF and the Convention on the Rights of the Child Myths and misconceptions about the Convention on the Rights of the Child Митови и заблуди околу Конвенцијата за правата на детето (УНИЦЕФ Британија) Подготовка за час Human Rights and the Global Goals (Целите за одржлив развој) (изработена од Амнести интернешнл и УНИЦЕФ како дел од Најголемиот час на светот) Образовни материјали за правата на детето на француски: www.myunicef.fr, вклучувајќи постери, работна тетратка, резимиран документ и други идеи за проширени училишни активности и воннаставни активности Образовни материјали за правата на детето на холандски: вклучувајќи дигитален час, видео за детските права и неколку песнички за правата (песна 1, песна 2, песна 3). Образовни материјали за правата на детето на дански: вклучувајќи линкови со правата на детето од други земји, како Мадагаскар (ресурс 1, ресурс 2, видео) и Мјанмар (ресурс 1, ресурс 2, ресурс 3, видео)
#децата ги преземаат училиштата