КОРИСНИЧКО УПАТСТВО ЗА ИНТЕРНЕТ БАНКАТА ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ

Similar documents
Сектор за информатичка технологија

УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СИСТЕМОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО БАНКАРСТВО КОРПОРАТИВНО

Упатство за користење на Електронско банкарство на Еуростандард Банка. (правни лица)

УПАТСТВО. Како да започнам со користење на сертификат издаден на Gemalto IDPrime PKI токен во Mozilla Firefox?

Преземање сертификат користејќи Mozilla Firefox

Упатство за инсталација на Gemalto.NET токен во Mozilla Firefox

УПАТСТВО. Kористење безбедно средство за електронско потпишување на Gemalto (PKI Smart Card и PKI Token)

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ПРИРАЧНИК ЗА РАБОТА СО МОДУЛОТ ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ПРЕКУ ПОРТАЛОТ НА ФЗОМ

Преземање сертификат користејќи Internet Explorer

Структурно програмирање

УПАТСТВО. Како да започнам со користење на сертификат издаден на Gemalto Java PKI токен?

Предуслови. Чекор 1. Централен регистар на Р.М. Упатство за пристап до системот за Е-Поднесување на годишни сметки 1

Биланс на приходи и расходи

Март Opinion research & Communications

Биланс на приходи и расходи

Вовед во мрежата nbn. Што е тоа австралиска nbn мрежа? Што ќе се случи? Како да се префрлите на мрежата nbn. Што друго ќе биде засегнато?

УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

Централна кооперативна банка АД Скопје

СТАРИ ПРОМОТИВНИ ПОНУДИ ЗА ПОСТПЕЈД ТАРИФНИ МОДЕЛИ ЗА УСЛУГИ НА ФИКСНА ЛОКАЦИЈА И КОМБИНИРАНИ ПАКЕТИ УСЛУГИ

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

Siemens собни термостати. За максимален комфорт и енергетска ефикасност. siemens.com/seeteam

Содржина. Вовед. Заклучок

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

СТАРИ ПРОМОТИВНИ ПОНУДИ ЗА ПОСТПЕЈД ТАРИФНИ МОДЕЛИ ЗА УСЛУГИ НА ФИКСНА ЛОКАЦИЈА И КОМБИНИРАНИ ПАКЕТИ УСЛУГИ

ЦИВИКА МОБИЛИТАС МАЛИ АКЦИСКИ ГРАНТОВИ

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

Оптимизирајте ги вашите понуди и направете истите да се претставуваат подобро на Амазон.

ISUZU D-MAX SINGLE (2 ВРАТИ + ПИКАП ПРОСТОР ЗА ТОВАРАЊЕ) OПРЕМЕНОСТ МЕНУВАЧ ЦЕНА СО ДДВ

Перење пари преку интернеттехники на перење пари и индикатори за препознавање на сомнителни активности

ИНТЕРНЕТ ТЕХНОЛОГИИ ПРЕНОС НА ПОДАТОЦИ

ПОЛИТИКА ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ВРЕМЕНСКИ ПЕЧАТ (TS) НА МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ TSA

ПРИРАЧНИК ЗА ОСНОВНА ОБУКА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ИНФОРМАТИЧКА ТЕХНОЛОГИЈА ЗА ЛИЦА СО ОШТЕТЕН ВИД

Технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на личните податоци

Политика за приватност (анг. Privacy policy)

ISA SERVER - ПОЛИТИКИ ЗА РЕГУЛИРАЊЕ НА ИНТЕРНЕТ СООБРАЌАЈ ВО МРЕЖИ Јасминка Сукаровска Костадиновска, Доц Др.Сашо Гелев

ПРИЛОГ 2.А: РЕГИОНАЛНИ И ОСНОВНИ ЗОНИ НА МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ АД ПРИЛОГ 2.А.2: РЕГИОНАЛНИ ЗОНИ И ПОДРЕДЕНИ ОСНОВНИ ЗОНИ НА МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ АД...

A mysterious meeting. (Таинствена средба) Macedonian. List of characters. (Личности) Khalid, the birthday boy

на јавната свест за Архуска конвенција и еколошкото законодавство на Европската Унија

Безбедност на платниот систем со посебен осврт на платниот систем во Република Македонија

ПОИМ ЗА КОМПЈУТЕРСКИ МРЕЖИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА КОМПЈУТЕРСКИТЕ МРЕЖИ

Упатство за корисникот

Упатство за користење на програмот InfoSystem

Упатство за корисникот

Упатство за корисникот

Технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци

Дизајнирање на архитектура на микросервиси: развој на бот базиран микросервис за управување со анкети

APARATI ZA PONI[TUVAWE NA HARTIJA

Биоелектрохемија: од биогоривни ќелии до електрохемија на мембрански процеси. Валентин Мирчески

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Универзитет Св. Климент Охридски Битола. Економски факултет - Прилеп

С О Д Р Ж И Н А. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

Функционалност и употреба на вметнување на зависности (Dependency Injection) во Java

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА НАСТАВНИЦИ ВО СИТЕ НАСТАВНО НАУЧНИ ЗВАЊА И АСИСТЕНТИ - ДОКТОРАНТИ (АСИСТЕНТИ ДОКТОРАНДИ) НА УНИВЕРЗИТЕТОТ МАЈКА ТЕРЕЗА ВО СКОПЈЕ

ВРВЕН КВАЛИТЕТ Сите наши возила се увезени директно од Германија, со детална и комплетна документација и 100% гаранција на поминати километри.

Апстракт Вовед Цели и методологија на изработка на магистерскиот труд Cloud технологии и нивната примена во бизнисите...

Упатство за корисникот S312. This is the Internet version of the User guide. Print only for private use.

Прирачникот е издаден од Здружение на граѓани Отворете ги прозорците. Печатењето на овој прирачник е поддржано од Фондација е Македонија

ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ДОКАЗИ ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА ОД МЕЃУНАРОДНИ И ДОМАШНИ ИНТЕРНЕТ СЕРВИС ПРОВАЈДЕРИ КРАТОК ВОДИЧ ЗА ОБВИНИТЕЛИ

ЗАХТЕВ ЗА ПРЕВОЂЕЊЕ У РЕГИСТАР ПРИВРЕДНИХ СУБЈЕКТА

ПРИРАЧНИК ЗА УПОТРЕБА

Универзитет Св. Климент Охридски Битола Факултет за Информатички и Комуникациски Технологии. студиска програма

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

Развојот и примената на UBUNTU оперативниот систем

Line Interactive UPS уреди за непрекинато напојување

Упатство за корисникот

ПЕТТО СОВЕТУВАЊЕ. Охрид, 7 9 октомври 2007 SCADA - КОМПОНЕНТА НА ДИСПЕЧЕРСКИ ТРЕНИНГ СИМУЛАТОР

Преглед на државите во Западна Африка

ГОДИШЕН ЗБОРНИК YEARBOOK

GENERAL PROVISIONS Submission by post: On-line submission:

Дизајн и имплементација на модул за извештаи и администрација на СМС систем за паркирање

Петти состанок на Локалната советодавна група Записник од состанокот

Упатство за употреба. Porto S (E570)

consultancy final presentation conceptual presentation of proposals projects Feasibility Cost Study for converting space

Агробизнис Финансиски прирачник

АНАЛИЗА НА ПРЕКРШОЧНИТЕ ОДРЕДБИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ОДНОС НА ВИСОЧИНАТА НА ГЛОБАТА

АНАЛИЗА НА ПЕРФОРМАНСИ НА КВАЛИТЕТ НА СЕРВИС ЗА VOIP И IPTV ВО IPV4 И IPV6 КОМПЈУТЕРСКИТЕ МРЕЖИ

софтвер модифициран согласно потребите на помалите финансиски друштва. базиран на врвниот : Bank3000

Универзитет Гоце Делчев - Штип. Факултет за информатика. Катедра за софтверско инженерство ЗОРАН МИЛЕВСКИ ЕДУКАТИВНО ПОДАТОЧНО РУДАРЕЊЕ СО MOODLE 2.

Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2011 година

Организатор: Институт за дигитална форензика Универзитет Евро-Балкан - Скопје. Уредник: Проф.д-р Сашо Гелев

DDoS напади и DDoS напади врз DNS

Организатори на програмата

08 NOV 2018 REPUBLIKA MAKEDONIJA EFFECTIVE DATE STAPUVA VO SILA NA REPUBLIC OF MACEDONIA AMD AIP 61

Започнете овде. Упатство за брзо инсталирање DCP-J4110DW DCP-J4110DW ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ВНИМАНИЕ ВАЖНО НАПОМЕНА ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Обука за електронски систем на учење МИКРОУЧЕЊЕ. Материјал за учесници

Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2010 година

Асоцијација на претставниците на странски производители на иновативни лекови

WorkForce Enterprise. Водич за администратори NPD MK

Имплементација и користење на JDF

Финансиската анализа како методолошки инструмент за оценка на финансиската стабилност и успешност на компаниите

ОРГАНИ И ИНСТИТУЦИИ НАДЛЕЖНИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ПЕРЕЊЕ ПАРИ

ДА ГИ ОТВОРИМЕ УЧЕБНИЦИТЕ: ОТВОРЕН ПРИСТАП ДО УЧЕБНИЦИТЕ ЗА ОСНОВНО И СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ

Упатство за корисникот

ПРИРАЧНИК ЗА ПРОЕКТЕН МЕНАЏМЕНТ

ВОДИЧ ЗА НОВИНАРИ ЗА ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

Издавач: Центар за управување со промени, Центар за одржлив развој АЛКА

ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ЗДРАВСТВЕН ИНФОРМАЦИСКИ СИСТЕМ И ЗДРАВСТВЕНА ЕЛЕКТРОНСКА КАРТИЧКА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ

РАЗВОЈ НА АНДРОИД АПЛИКАЦИЈА

Transcription:

КОРИСНИЧКО УПАТСТВО ЗА ИНТЕРНЕТ БАНКАТА ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ Јули, 2015 година

Содржина 1. ОПШТИ НАПОМЕНИ... 4 1.1 Потребна конфигурација... 4 1.2 Користење на Интернет банката на Комерцијална банка АД Скопје на оперативните системи Windows Vista и Windows 7... 4 За сите останати зони, особено Internet зоната и Restricted sites, пожелно е од сигурносни причини заштитниот режим (protected mode) на работа да остане вклучен... 6 1.3 Минимална резолуција... 6 1.4 Корисници кои користат кодови за еднократна употреба... 6 1.5 Корисници кои работат со дигитални сертификати... 6 2. АВТЕНТИКАЦИЈА... 8 3. ИЗМЕНА НА ЛОЗИНКА... 9 4. ПРОФИЛ... 10 5. ПРЕГЛЕДИ... 10 5.1 Преглед на трансакциска сметка... 10 5.2 Преглед на кредитни картички... 11 6. ТРАНСАКЦИИ... 12 6.1 Плаќање на јавни услуги... 12 6.1.1 Внесување на јавни услуги... 13 6.1.1.1 Пополнување на налог за Македонски Телеком АД - Скопје... 13 6.1.1.2 Пополнување на налог за Т - Mobile... 13 6.1.1.3 Пополнување на налог за ONE... 14 6.1.1.4 Пополнување на налог за VIP телефонија... 14 6.1.1.5 Пополнување на налог за Водовод и канализација Скопје... 15 6.1.1.6 Пополнување на налог за ЕВН Подружница Скопје... 15 6.1.1.7 Пополнување на налог за Топлификација Скопје... 16 6.1.1.8 Пополнување на налог за фактура за OnNet... 16 6.1.1.9 Пополнување на налог за фактура за CableTel... 17 6.1.2.0 Пополнување на налог за фактура за Neotel... 17 6.1.2.1 Пополнување на налог за ЈКП Илинден... 18 6.1.2.2 Пополнување на налог за сефови... 18 6.2. Преглед на внесени налози... 19 6.2 Трансфери... 20 6.2.1 Внесување на трансфери... 21 6.2.1.1 Пополнување на ПП30... 23 6.2.1.2 Пополнување на ПП50... 25 2

6.2.1.3 Денарски/Девизни влогови... 26 6.2.1.4 Купување на девизи... 27 6.2.1.5 Продажба на девизи... 29 6.2.1.6 Трансфер од денарска/девизна книшка по видување на денарска/девизна сметка... 31 6.2.1.7 Лични шаблони на корисникот... 32 6.2.1.8 Испраќање на налогот за проверка и реализација... 32 6.3 Потврда за плаќање... 33 7. ПОМОШ... 34 7.1 Помош за технички проблеми... 34 7.2 Помош за технолошки проблеми и рекламации... 35 3

1. ОПШТИ НАПОМЕНИ 1.1 Потребна конфигурација Минимална потребна конфигурација потребна за работа со Интернет Банката: Windows Vista, Windows 7 1 GHz или побрз, 32 битен (x86) или 64 битен процесор (x64) 1GB RAM 200 MB слободен простор на hard disk Internet Explorer 11, Mozilla Firefox, Google Chrome Интернет пристап За користење дигитален сертификат потребна е и USB-порта 1.2 Користење на Интернет банката на Комерцијална банка АД Скопје на оперативните системи Windows Vista и Windows 7 СТРОГО СЕ ПРЕПОРАЧУВА, компјутерските системи од кои ќе се пристапува на Интернет банката да бидат дополнително заштитени со софтвер за заштита од вируси, упади и крадење податоци преку комуникациските линии (antivirus, antispyware, personal firewall и слични програми). Препораки за прилагодување на Internet Explorer: Од менито на Internet Explorer се избира опцијата Tools Internet Options табот General Browsing history Settings. Во прозорчето се избира опцијата Every time I visit the page. Препораки за дополнителни прилагодување на Internet Explorer, на оперативен систем Windows Vista, Windows 7: Од менито на Internet Explorer се избира опцијата Tools Internet Options табот Security Trusted sites. Со кликање на копчето Sites се отвора прозорче Trusted sites. Во полето Add this Web site to the zone се внесува https://www.banka.com.mk. Со кликање на копчето Add се додава во Web sites. Опцијата Require server verification (https:) for all sites in this zone треба да биде избрана. Опцијата Enable Protected Mode задолжително треба да биде деселектирана а нивото на сигурност за оваа зона треба да биде подесено на Low. 4

5

За сите останати зони, особено Internet зоната и Restricted sites, пожелно е од сигурносни причини заштитниот режим (protected mode) на работа да остане вклучен. 1.3 Минимална резолуција Минимална резолуција која е потребна за работа со Интернет Банка: 1024 x 768 dpi 1.4 Корисници кои користат кодови за еднократна употреба Корисниците на Интернет банка своите налози за плаќање можат да ги потврдуваат со кодови за еднократна употреба. Листата со 40 кодови се добива на шалтер во затворен и заштитен плик и е со важност од 12 месеци. Со еден случајно побаран код корисникот може истовремено да потврди еден или повеќе налози за плаќање. 1.5 Корисници кои работат со дигитални сертификати Корисниците кои поседуваат дигитален сертификат (Digital Certificate) потврдувањето на трансакциите го вршат со дигитален сертификат кој се чува на USB 6

токен (Хардверски Сигурносен Модул - ХСМ). Дигиталниот сертификат се добива во просториите на Банката, по пропишана процедура во Регистрационата канцеларија формирана за таа намена. Пред да почнете да го користите USB токенот задолжително треба да го инсталирате драјверот соодветен на вашиот оперативен систем. Истиот ќе го најдете на инсталациското CD. Инсталацијата на драјверот се изведува со корисничка сметка (user account) кој е член на Local Administrators групата. По успешната инсталација користењето на Интернет банката и секојдневното прегледување на Интернет страниците пожелно да го изведувате со непривилегирана корисничка сметка. 7

2. АВТЕНТИКАЦИЈА Со пристап до Интернет банката (https://www.banka.com.mk) се отвора страна за најава. На страната се наоѓаат две полиња за внес на корисничко име и лозинка. Откако точно ќе се пополнат полињата со корисничко име и лозинка, се притиска на копчето Пријава (Log in). За поништување на внесените податоци се притиска на копчето Поништи (Reset). 8

3. ИЗМЕНА НА ЛОЗИНКА При првото најавување на Интернет, по успешното внесување на корисничкото име и лозинката, корисникот може да го избере линкот промена на корисничка лозинка по што се отвора страната за промена на лозинката. Во полето Стара лозинка се внесува лозинката со која е направена последната најава. Во полето Нова лозинка се внесува лозинка по избор на корисникот. Во полето Потврдете ја новата лозинка уште еднаш се внесува новата лозинка. Лозинката мора да биде со минимум 8 карактери. На копчето Запиши, доколку промената е успешна се врши автоматска одјава. При следното најавување се внесува новата (променетата) лозинка. 9

4. ПРОФИЛ По успешното најавување се отвора страна на која се прикажани сите опции за работа и соодветните сметки за кои е направена претплата. Во зависност од привилегиите кои ги има корисникот, овозможено е копчето Преглед, односно Трансакции. Првото најавување доколку се изведува на компјутер со инсталиран оперативен систем кој и припаѓа на фамилијата Windows NT, задолжително мора да биде изведено со Корисник (user account) кој е член на групата Local Administrators за да се овозможи инсталацијата на ActiveX контролата. Инсталацијата се врши со десен клик на жолтата (или сина зависно од верзијата на Интернет прегледувачот) порака под адресниот бар и бирање на опцијата Install ActiveX control. По успешно изведената инсталација на ActiveX контролата одјавете го привилегираниот корисник (Administrator) и најавете се со своето корисничко име. Со притискање на соодветното копче Преглед се отвора страна за преглед состојбата и прометот на соодветните сметки. 5. ПРЕГЛЕДИ 5.1 Преглед на трансакциска сметка Со кликање на копчето Преглед се отвора страна за преглед на состојбата, прометот на соодветните сметки и пребарување низ промет. 10

Во делот пребарување низ промет можете да пребарувате налози користејќи ги соодветните филтри: во одреден период (најмногу до 5 години), цел на дознака, сметка и назив на налогодавач односно примач. 5.2 Преглед на кредитни картички Со притискање на копчето Преглед се отвора страна за состојба и извод, лимити за картички за физички лица. Во делот лимити за картички за физички лица се одбира физичкото лице. Откако ќе се одбере физичко лице се прикажуваат сите картички на тоа лице. Со избор на картичката се прикажуваат Дневни и Периодични лимити. Со притискање на копчето Промени можете да ги менувате лимитите на вашите картички според вашите потреби (ова е овозможено на оние претплатници кои имаат листа на кодови или сертификат за плаќање). Откако ќе внесете лимит, притиснете на копчето Потврди и ќе ви се појави прозорче да внесете код (или пин на токенот). Со ова вашиот лимит ќе биде успешно променет. 11

6. ТРАНСАКЦИИ По кликањето на копчето Трансакции се отвора страна на која се наоѓа преглед на налози. Прегледот е поделен на два дела Плаќање на јавни услуги и Трансфери. 6.1 Плаќање на јавни услуги Прегледот на јавни услуги содржи сметки кои претходно се внесени и платени. Од оваа страничка корисникот може да види што внесувал претходно, кои сметки ги платил или да одбере сметки кои ќе ги потврди за плаќање. Налозите во прегледот може да се подредуваат по датум на внесување, износ, претплатнички број, број на налог и статус со кликање на соодветниот наслов во горниот дел од прегледот. Прегледот може да се отпечати со кликање врз сликичката. Со избор на тип на услуга и на копчето Внеси се отвора соодветна фактура за внесување на податоци. 12

6.1.1 Внесување на јавни услуги Секој тип на јавна услуга има соодветен интерфејс за внесување на потребните податоци. Називите на полињата кои треба да се внесат соодветствуваат со податоците кои треба да се внесат од соодветната фактура (сметка) за јавна услуга. 6.1.1.1 Пополнување на налог за Македонски Телеком АД - Скопје Се пополнуваат полињата Повик на број одобрување, Конто број, За месец, Износ од фактурата како што е прикажано на сликата подолу. Во претплатник се внесува име и презиме на претплатникот. 6.1.1.2 Пополнување на налог за Т - Mobile Полињата Сериски број на фактура, Код на претплатник, За месец, Износ се пополнуваат како што е прикажано на сликата. Во Претплатник се внесува име и презиме на претплатникот. 13

6.1.1.3 Пополнување на налог за ONE Полињата Фактура број, Корисник, Вкупно за наплата се пополнуваат од фактурата како на сликата. Во полето За месец се пополнува месецот за кој се однесува уплатата. 6.1.1.4 Пополнување на налог за VIP телефонија Полињата на налогот за VIP телефонија се пополнуваат соодветно на полињата од сметката. Во полето Износ се пополнува вкупниот износ за наплата, во полето Повикување на број одобрување се внесува бројот на фактура и во полето ПБЗ се пополнува датумот за кој се врши уплатата. 14

6.1.1.5 Пополнување на налог за Водовод и канализација Скопје Полињата на налогот за Водовод и канализација Скопје се пополнуваат соодветно на полињата од сметката. 6.1.1.6 Пополнување на налог за ЕВН Подружница Скопје Пополнувањето на полињата Повик на број, Потрошувач, Износ е во соодветните полиња како на сликата. Во полето За период се внесува месецот и годината за која се однесува сметката. 15

6.1.1.7 Пополнување на налог за Топлификација Скопје Полињата на налогот за Топлификација се пополнуваат соодветно на полињата од сметката. 6.1.1.8 Пополнување на налог за фактура за OnNet Полињата на налогот за OnNet Скопје се пополнуваат соодветно на полињата од сметката. 16

6.1.1.9 Пополнување на налог за фактура за CableTel Полињата на налогот за CableTel Скопје се пополнуваат соодветно на полињата од сметката. 6.1.2.0 Пополнување на налог за фактура за Neotel Полињата на налогот за Neotel се пополнуваат соодветно на полињата од сметката. 17

6.1.2.1 Пополнување на налог за ЈКП Илинден Полињата на налогот за ЈКП Илинден се пополнуваат соодветно на полињата од сметката. 6.1.2.2 Пополнување на налог за сефови Во полето Број на сеф се внесува бројот на сефот за кој треба да се изврши уплатата и соодветно на тоа се пополнуваат полињата Важи до и Вкупно за наплата. По внесувањето на бројот на сефот и локацијата, доколку истите се точно пополнети, во полето Важи до автоматски ќе се прикаже датумот до кога корисникот има платено за сефот, а во полето Вкупно за наплата се прикажува износот кој треба да се плати за внесениот број на сеф. 18

6.2. Преглед на внесени налози Откако е пополнет налогот со притискање на копчето Внеси налогот најпрво се праќа на проверка. На копчето <<Назад се откажува внесувањето на тековниот налог и се отвора Прегледот за јавни услуги, каде се излистани сите дотогаш внесени налози групирани по тековна сметка и нивните статуси. Во колоната Статус на налог е прикажан статусот на налогот: - Се проверува.. по внесувањето на налогот банката ја проверува коректноста на налогот (за да го видите конечниот статус кликнете на копчето Освежи) - Коректно внесен банката потврдила дека налогот е коректно внесен. - Погрешен банката утврдила дека налогот е погрешно внесен. - Сторниран корисникот ја повлекол реализацијата на налогот - Испратен на реализација корисникот го потвдрил плаќањето - Примен плаќањето е реализирано и транакцијата може да се види на прометот на тековната сметка - Одбиен не е возможно реализирање на налогот Налогот може да се потврди за плаќање или да се сторнира со штиклирање и кликање на соодветното копче Сторнирај или Плати. Налогот може да се потврди за плаќање само ако е Коретно внесен. Сторнирање и потвдување за плаќање се прави за селектираните налози со кликање на соодветното копче. Селектирањето можете да го изведете со штиклирање на сите налози, група на налози групирани по сметка на налогодавач или произволно да штиклирате само дел од налозите. Со кликање на малите сликички десно од налозите се добива страна со детален опис на налогот (како што е внесен) и доколку е погрешно внесен има соодветна порака за грешка. Пораки за грешки можат да бидат: - Тековната сметка нема доволно средства - Тековната сметка е блокирана 19

- Тековната сметка е ликвидирана - Тековната сметка не постои - Грешка во податоците (модуларна контрола) - Полето е празно - Содржи карактери од забранетото множество - Износот треба да е позитивен и поголем од 0 - Износот треба да е во формат.00 или.50 - Невалиден податок, не одговара модуларната контрола Во прегледот на налогот се наоѓаат и копчињата Корекција, Потврди и Назад. Со кликање на копчето Корекција се овозможува корекција на налогот. Со кликање на копчето Потврди се потврдува корекција, а со кликање на копчето Назад се враќа во Прегледот. 6.2 Трансфери Прегледот на трансфери ги содржи налозите кои претходно се внесени и платени. Од оваа страница корисникот може да види налози кои ги внесувал претходно, кои налози ги платил или да одбере налози кои ќе ги потврди за плаќање. Налозите во прегледот може да се подредуваат по назив на примач, ПБО, износ, датум на внесување, број на налог, датум на валута и статус на налог со кликање на соодветниот наслов во горниот дел од прегледот. Прегледот може да се отпечати со кликање врз сликичката. Со избор на тип на налог и на копчето Внеси се отвора соодветна форма за внесување на податоци. Корекција на внесен налог може да се направи со избор на сликата редица. во соодветната 20

Сторнирањето можете да го изведете така што ги штиклирате налозите кои сакате да ги поништите и кликнувате на копчето Сторнирај. Налозите кои се испратени на реализација не можат да бидат сторнирани. Еднаш сторнираните налози не можат да бидат активирани и тие остануваат за секогаш во состојбата сторниран. Потврдување за плаќање на внесените сметки се извршува со штиклирање на соодветните сметки и на кочето Плати. Оваа услуга освен за тековните сметки е овозможена и за девизните сметки. 6.2.1 Внесување на трансфери Во горниот дел на прегледот за Трансфери се наоѓа менито за избор на тип на трансфер. Зависно од тоа дали се работи за трансфер од тековната или пак од девизната сметка, се прикажуваат различни опции во менито за избор на тип на трансфер. - Трансфери од тековната сметка За извршување на трансфери од тековната сметка се прикажува менито во кое е овозможено е да се внесат налозите ПП30 и ПП50, да се орочи денарски влог и да се изврши купување на девизи. По одбирање на било која од услугите за извршување на трансфер се кликнува на копчето Внеси и соодветно на одбраната опција се отвора страна на која може да се изврши посакуваниот трансфер. 21

ПП30 се користи во случај кога треба да се изврши пренос кон сметка во Банката или во друга банка. ПП50 се користи кога се врши пренос кон сметка на буџетски корисник. При пополнување на ПП50 се избира уплатна сметка или сметка на буџетски корисник. Опцијата Денарски влогови се користи за трансакција, односно уплата на депозит на својата денарската книшка од постоечката трансакциска сметка. Со опцијата Купување на девизи овозможено е купување на девизи по утврдениот курс за менувачко работење на Комерцијална банка. Со ова се извршува трансфер од трансакциската сметка на клиентот на својата девизна сметка, за износот што ќе се внесе кој е пресметан во денарска противвредност. - Трансфери од девизна сметка За извршување на трансфери од девизната сметка се прикажува менито во кое е овозможено да се орочат девизни влогови и да се изврши продажба на девизи. По одбирање на било која од услугите за извршување на трансфер се кликнува на копчето Внеси и соодветно на одбраната опција се отвора страна на која може да се изврши посакуваниот трансфер. Опцијата Девизни влогови се користи за трансакција, односно уплата на депозит на својата девизна книшка од постоечката девизна сметка. 22

Со опцијата Продажба на девизи овозможено е продажба на девизи по утврдениот курс за менувачко работење на Комерцијална банка. Со ова се извршува трансфер од девизната сметка на клиентот на својата тековна сметка, за износот што ќе се внесе кој е пресметан во денарска противвредност. 6.2.1.1 Пополнување на ПП30 Во полето датум на валута може да се внесе датум на реализација на налогот и може да се постави нанапред од денешниот датум. Податоците за налогодавач се пополнуваат веднаш со избор на тековна сметка. Изборот на тековна сметка се прави од паѓачкото мени. Со пополнување на сметка примач се пополнуваат полињата Назив на примач и Банка на примач. Пополнувањето на податоците може да се олесни со избор на соодветен шаблон. Со избор на шаблон се пополнува соодветно десната страна за примачот и повикување на број задолжување и одобрување. Можат да се изберат шаблони за: - Пренос на друга тековна сметка во Банка со избирање на овој шаблон се пополнува десната страна за Примач, Повикување на број задолжување, шифра. Во Повик на број одобрување треба да се дополни тековната сметка на која се прави трансферот. 23

- Пренос на кредитна партија во Банка Пополнува повик на број задолжување, Налогодавач, Примач, Шифра. Во повик на број одобрување треба да се дополни кредитната партија на која се префрлаат средствата. 24

Преноси на банкарска картичка: Во Повик на број одобрување треба да се дополнат останатите 6 цифри од бројот на сметката. - Пренос на денарска банкарска картичка во Банката - Пренос на Standard банкарска картичка во Банката - Пренос на Revolving банкарска картичка во Банката 6.2.1.2 Пополнување на ПП50 ПП50 се користи кога се врши пренос кон сметка на буџетски корисник. При пополнување на ПП50 се избира уплатна сметка или сметка на буџетски корисник. 25

6.2.1.3 Денарски/Девизни влогови Опцијата Денарски влогови се користи за трансакција, односно уплата на депозит на својата денарската книшка од постоечката трансакциска сметка. Во полето за тековна сметка се наоѓа трансакциската сметка на клиентот и заедно со сметката во ова поле се прикажува и моменталната состојба на таа сметка. 26

Во полето книшка се наоѓаат типовите на книшки кои клиентот ги има отворено зависно од тоа на колку време ги има орочено средствата. Доколку клиентот има повеќе денарски книшки, соодветно на тоа од паѓачкото мени ќе ја одбере книшката на која што сака да ги вложи средствата. Во полето депозит се внесува износот кој треба да се вложи. Опцијата Девизни влогови се користи за трансакција, односно уплата на депозит на својата девизна книшка од постоечката девизна сметка. Во полето за девизна сметка се наоѓа девизната сметка на клиентот и заедно со сметката во ова поле се прикажува и моменталната состојба на таа сметка. Во случај на девизната сметка да има средства од повеќе валути, сите тие валути, односно средствата во тие валути ќе бидат забележани како одделни ставки во полето за избор на девизна сметка. Зависно од тоа во која валута ќе се одбере да се направи влогот, таа валута автоматски ќе се пополни во полето Валута. Во полето книшка се наоѓаат типовите на книшки кои клиентот ги има отворено зависно од тоа на колку време ги има орочено средствата. Доколку клиентот има повеќе девизни книшки, соодветно на тоа од паѓачкото мени ќе ја одбере книшката на која што сака да ги вложи девизите. Во полето депозит се внесува износот кој треба да се вложи. 6.2.1.4 Купување на девизи Со опцијата Купување на девизи овозможено е купување на девизи по утврдениот курс за менувачко работење на Комерцијална банка. Со ова се извршува трансфер од 27

трансакциската сметка на клиентот на својата девизна сметка, за износот што ќе се внесе во одбраната валута, кој е пресметан во денарска противвредност. Во полето за тековна сметка се наоѓа трансакциската сметка на клиентот и заедно со сметката во ова поле се прикажува и моменталната состојба на таа сметка. Во полето за девизна сметка се наоѓа девизната трансакциска сметка на клиентот, сметката на којашто ќе се слеат купените девизи. Во полето девизен износ се внесува износот кој треба да се купи во една од понудените валути што ќе се одбере од паѓачкото мени. По внесување на износот и одбирање на валутата, автоматски се пополнуваат полињата курс и денарска противвредност. Во полето курс ќе се пополни курсот по кој ќе бидат купени девизите, а во полето денарска противвредост ќе се пополни износот кој ќе се одбие од тековната сметка, односно износот што треба да се плати во денарска противвредност. Откако ќе се внесат овие податоци, во прегледот на трансфери се прикажува нова ставка со опис на трансакција во следниот формат : Купување на девизи - xxx (девизен износ) xxx (валута) по курс xx.xxx (курс). 28

Доколку статусот на внесениот налог е коректно внесен, и плаќањето успешно се изврши, купените девизи ќе биде префрлени на девизната сметка на клиентот, а со тоа и одбиени од транскациската сметка на клиентот во денарска противвредост. 6.2.1.5 Продажба на девизи Со опцијата Продажба на девизи овозможено е продажба на девизи по утврдениот курс за менувачко работење на Комерцијална банка. Со ова се овозможува продажба на девизите со кои располага клиентот на својата девизната сметка. Во полето за девизна сметка се наоѓа девизната трансакциска сметка на клиентот и заедно со сметката во ова поле се прикажува и моменталната состојба на таа сметка, односно сите девизи со кои располага клиентот распределени по валути. Доколку 29

клиентот има девизи со различен тип на валута како што е прикажано на сликата, има можност да одбере кои девизи сака да ги продаде. Во полето за тековна сметка се наоѓа трансакциската сметка на клиентот, сметката на којашто ќе се слеат продадените девизи во денарска противвредност. Во полето девизен износ се внесува износот кој треба да се продаде во една од одбраните валути што ќе се одбере од паѓачкото мени на девизната сметка, секако доколку се работи за повеќе различни валути. Полето за валута автоматски ќе се пополни со валутата која ќе се одбере од паѓачкото мени на девизната сметка. По внесување на износот, автоматски се пополнуваат полињата курс и денарска противвредност. Во полето курс ќе се пополни курсот по кој ќе бидат продадени девизите, а во полето денарска противвредост ќе се пополни износот кој ќе се одбие од девизната сметка во денарска противвредност, односно износот што треба да се слее на тековната сметка. Откако ќе се внесат овие податоци, во прегледот на трансфери се прикажува нова ставка со опис на трансакција во следниот формат : Продажба на девизи - xxx (девизен износ) xxx (валута) по курс xx.xxx (курс). Прегледот на трансфери на девизната сметка е поделен по типот на валута, односно доколку на сметката има повеќе различни валути, на прегледот ќе се прикажат сите трансакции поделени по валута. Доколку статусот на внесениот налог е коректно внесен, и плаќањето успешно се изврши, продадените девизи ќе биде префрлени на транскациската сметка на клиентот во денарска противвредост, а со тоа и одбиени од девизната сметка на клиентот. 30

6.2.1.6 Трансфер од денарска/девизна книшка по видување на денарска/девизна сметка Со опцијата Трансфер од денарска книшка по видување овозможено е префрлување на денари од денарска книшка по видување на денарска трансакциска сметка. Во полето книшка ја одбирате книшката од која сакате да префрлите сретства. Во полето трансакциска сметка ја одбирате вашата трансакциска сметка. Полето износ го внесувате износот што сакате да го префрлите. Со опцијата Трансфер од девизна книшка по видување овозможено е префрлување на девизи од девизна книшка по видување на девизна сметка. Во полето книшка се наоѓа книшката на клиентот и заедно со бројот на книшка во ова поле се прикажува и моменталната состојба на таа книшка, односно сите девизи со кои располага клиентот распределени по валути. Во полето трансакциска сметка ја одбирате вашата девизна сметка. Полето за валута автоматски ќе се пополни со валутата која ќе 31

се одбере од паѓачкото мени на книшката. Во полето износ го внесувате износот што сакате да го префрлите. 6.2.1.7 Лични шаблони на корисникот Покрај готовите шаблони кои можат да се одберат, на корисникот му е овозможено да си креира и негови лични шаблони. Независно дали се работи за ПП30 или пак ПП50, корисникот по внесувањето на податоците може да го сними пополнетиот налог и со тоа му е овозможено секој нареден пат да го вчитува сочуваниот шаблон за истата намена. Откако ќе се пополни налогот со податоци, треба во полето Назив на шаблон да се внесе називот на шаблонот и потоа да се сними на копчето Сними. Секој нареден пат кога корисникот ќе сака да го употреби веќе креираниот личен шаблон, по одбирањето на ПП30 или пак ПП50, ќе треба да кликне и на копчето Вчитај, по што празниот ПП30 или ПП50 ќе биде пополнет со податоците од веќе креираниот личен шаблон на корисникот. 6.2.1.8 Испраќање на налогот за проверка и реализација Откако е пополнет налогот со притискање на копчето Внеси налогот најпрво се праќа на проверка. На копчето Поништи се празнат сите претходно пополнети полиња. На копчето <<Назад се отвора Прегледот за Преноси, каде се излистани сите дотогаш внесени налози групирани по тековна сметка. Во колоната статус е прикажан статусот на налогот: - Се проверува.. по внесувањето на налогот банката ја проверува коректноста на налогот (за да го видите конечниот статус кликнете на копчето Освежи) - Коректно внесен банката потврдила дека налогот е коректно внесен. - Погрешен банката утврдила дека налогот е погрешно внесен. 32

- Сторниран корисникот ја повлекол реализацијата на налогот - Испратен на реализација корисникот го потвдрил плаќањето - Примен плаќањето е реализирано и транакцијата може да се види на прометот на тековната сметка - Одбиен не е возможно реализирање на налогот Налогот може да се потврди за плаќање или да се сторнира со штиклирање и кликање на соодветното копче Сторнирај или Плати. Налогот може да се потврди за плаќање само ако е коретно внесен. Сторнирање и потвдување за плаќање може да се направи и за група на налози и со кликање на соодветното копче. Може да се штиклираат сите налози, група на налози групирани по сметка на налогодавач или произволно штиклирани налози. Со кликање на малите сликички десно до налозите се добива страна со детален опис на налогот (како што е внесен) и доколку е погрешно внесен има соодветна порака за грешка. Пораки за грешки можат да бидат: - Тековната сметка нема доволно средства - Тековната сметка е блокирана - Тековната сметка е ликвидирана - Тековната сметка не постои - Грешка во податоците (модуларна контрола) - Полето е празно - Содржи карактери од забранетото множество - Износот треба да е позитивен и поголем од 0 - Износот треба да е во формат.00 или.50 - Невалиден податок, не одговара модуларната контрола Во прегледот на налогот се наоѓаат и копчињата Корекција, Потврди и Назад. Со кликање на копчето Корекција се овозможува корекција на налогот. Со кликање на копчето Потврди се потврдува корекција, а со кликање на копчето Назад се враќа во Прегледот. 6.3 Потврда за плаќање Потврдувањето за плаќање може да се направи одеднаш за повеќе сметки, со штиклирање на веќе внесените налози и на копчето Плати. Корисниците кои имаат претплата со еднократни кодови при потпишување им се отвора прозорец во кој треба да го внесат кодот кој е побаран. 33

Корисниците кои поседуваат дигитален сертификат прозорец во кој се внесува PIN. при потпишувањето се отвора Доколку пет пати последователно внесете погрешен код за еднократна употеба или PIN за вашиот сертификат, вашата корисничка сметка ќе биде блокирана за понатамошно извршување на плаќања преку Интернет банката за физички лица. Деблокирањето се врши исклучиво со лично доаѓање во Банката со валидни документи за лична идентификација по процедура пропишана од страна на Банката. 7. ПОМОШ 7.1 Пом ош за технички проблеми Помош за технички проблеми, прашања и поддршка во врска со Интернет банката може да се добие на телефонот на HelpDesk 3296-800 (08:00-19:00), или на e-mail адресата: support@kb.com.mk. 34

7.2 Пом ош за технолош ки проблем и и реклам ации Рекламациите во однос на електронските налози доставени до Банката и реализирани преку Интернет банката ќе се решаваат на ист начин како и рекламациите на останатите налози. Корисникот ќе ја достави рекламацијата во Службата за тековни сметки, во Секторот за работа со население, односно во соодветната служба во која се води сметката на корисникот. Доколку корисникот има потреба, налогот може да се сними во електронска форма, или да биде репродуциран на хартија со назнака препис, од која надлежните органи може да направат проверка на оригиналноста на податоците и потписите. 35