ФОСИЛНИТЕ ГОРИВА КАКО ИЗВОР НА ЕНЕРГИЈА (РЕЗЕРВИ И РЕСУРСИ)

Similar documents
Март Opinion research & Communications

University St.Kliment Ohridski - Bitola Scientific Tobacco Institute- Priep ABSTRACT

Значајни подрачја за раститенија, птици и пеперутки во Македонија. Славчо Христовски

Преглед на државите во Западна Африка

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

11. ЕНЕРГИЈАТА И ОПШТЕСТВОТО

МЕТОД ЗА АНАЛИЗА НА МЕЃУНАРОДНАТА ТРГОВСКА СОСТОЈБА

Структурно програмирање

Универзитет Св. Климент Охридски- Битола. Факултет за информатички и. комуникациски технологии - Битола. Студиска програма:

МОДЕЛИРАЊЕ И ОЦЕНКА НА ЕКОНОМСКАТА ЕФИКАСНОСТ ОД КОРИСТЕЊЕТО НА СОЛАРНАТА ЕНЕРГИЈА

Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2010 година

Ф а б р и ч е н п л и н с к и у р е д

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола Факултет за туризам и угостителство Охрид. Дипломиран организатор по туризам и угостителство

Биланс на приходи и расходи

ABOUT THE ISLANDS IN THE REPUBLIC OF MACEDONIA

ЕВРОПСКАТА ПОЛИТИКА КОН КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ КАКО КАТАЛИЗАТОР НА НУКЛЕАРНАТА ЕНЕРГЕТИКА

ЗБОРНИК НА ТРУДОВИ ПОДЕКС ПОВЕКС 14 ТЕХНОЛОГИЈА НА ПОДЗЕМНА И ПОВРШИНСКА ЕКСПЛОАТАЦИЈА НА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ VII СТРУЧНО СОВЕТУВАЊЕ СО ЗРГИМ

Биланс на приходи и расходи

1. Русија во постсоветскиот геополитички простор

Вовед во мрежата nbn. Што е тоа австралиска nbn мрежа? Што ќе се случи? Како да се префрлите на мрежата nbn. Што друго ќе биде засегнато?

consultancy final presentation conceptual presentation of proposals projects Feasibility Cost Study for converting space

THE IMPACT OF CLIMATIC FACTORS ON THE PERCENTAGE OF THE YOUNG IN THE POPULATION OF BROWN HARE (Lepus europaeus P.) IN VOJVODINA

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

Преземање сертификат користејќи Mozilla Firefox

ЕНЕРГЕТСКАТА ПОЛИТИКА НА МАКЕДОНИЈА ВО КОНТЕКСТ НА ИНТЕГРАЦИЈАТА ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА. Искра Стојковска Фронт 21/42

С О Д Р Ж И Н А. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

Структурирани бази на наставни материјали и дигитална трансформација. студија на случај Република Македонија

Петти состанок на Локалната советодавна група Записник од состанокот

СТРУКТУРНИ ПРОМЕНИ И ТРАНСФОРМАЦИИ НА СТОПАНСКИОТ СИСТЕМ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Oдржливост на дефицитот на тековната сметка и можноста за. криза на билансот на плаќање во РМ

УНИВЕРЗИТЕТ СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ во СКОПЈЕ Економски факултет - Скопје САШО ЌОСЕВ АГРАРНА ПОЛИТИКА

Статистички извештај за поштенските активности во Република Македонија во 2011 година

Биоелектрохемија: од биогоривни ќелии до електрохемија на мембрански процеси. Валентин Мирчески

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

МОДЕЛИ И ТЕХНИКИ НА ГРУПНО ОДЛУЧУВАЊЕ И НИВНАТА ПРИМЕНА ВО ДЕЛОВНИТЕ СУБЈЕКТИ ОД ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН

Универзитет Свети Климент Охридски Битола. Економски Факултет Прилеп

НОВИТЕ МЕДИУМИ КАКО ПРЕДИЗВИК ЗА ТЕАТАРОТ Ана Стојаноска Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје, Македонија

МАТЕМАТИКАТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

на јавната свест за Архуска конвенција и еколошкото законодавство на Европската Унија

МОДЕЛИРАЊЕ И ЕВАЛУАЦИЈА НА ПЕРФОРМАНСИТЕ НА СИСТЕМИТЕ НА БИЗНИС ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ВО КОМПАНИИТЕ

ПОВРЗАНОСТА НА НАРУШУВАЊЕТО ВО ОДНЕСУВАЊЕТО НА ДЕЦАТА И УСЛОВИТЕ ЗА ЖИВОТ ВО СЕМЕЈСТВОТО

A mysterious meeting. (Таинствена средба) Macedonian. List of characters. (Личности) Khalid, the birthday boy

доц. д-р Оливер АНДОНОВ, Факултет за безбедност, криминологија и финансиска контрола, МИТ Универзитет-Скопје

Апстракт Вовед Цели и методологија на изработка на магистерскиот труд Cloud технологии и нивната примена во бизнисите...

Стојанче Спасов ВЕБ СЕРВИС ЗА ПОВЕЌЕЗНАЧНА ТРАНСЛИТЕРАЦИЈА НА ЦЕЛИ РЕЧЕНИЦИ ОД ЛАТИНИЦА ВО КИРИЛИЦА

Финансиски остварлив план за еднаков пристап до Програмите за рано детство во Република Македонија. фер игра

Енергетската потрошувачка во Република Македонија и нејзиниот ефект врз билансот на плаќања Скопје, 23 ноември 2006

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПОВРЕДИ НА РАБОТА И ПРОФЕСИОНАЛНИ БОЛЕСТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Трајче Стафилов, Биљана Балабанова, Роберт Шајн ГЕОХЕМИСКИ АТЛАС НА РЕГИОНОТ НА СЛИВОТ НА РЕКАТА БРЕГАЛНИЦА

Елена К. Ангелевска-Скепароска МАРКЕТИНГ ИСТРАЖУВАЊЕ НА ТУРИСТИЧКИОТ ПРОИЗВОД-ОСНОВА ЗА МАКСИМИЗИРАЊЕ НА ФИНАНСИСКИТЕ ЕФЕКТИ.

АНАЛИЗА НА ЕФЕКТИТЕ ОД ЕКОНОМСКАТА КРИЗА ВО ГРЦИЈА ВРЗ МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

ОДРЖЛИВОСТ НА ПЕНЗИСКИОТ ФОНД ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ОСОБЕНОСТИ НА АКТИВНОТО И НЕАКТИВНОТО ПОМЛАДО НАСЕЛЕНИЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПОСТОЈНИ СОСТОЈБИ И ПРЕДИЗВИЦИ

Односот помеѓу интерната и екстерната ревизија. Презентира: Верица Костова

ДОКУМЕНТ ЗА ДИСКУСИЈА ЗА 3Д ПЕЧАТЕЊЕТО И ОГНЕНОТО ОРУЖЈЕ

ВРЕДНУВАЊЕ НА ЗАЛИХИТЕ СО ОСВРТ НА МСС 2 VAULATION OF INVENTORIES WITH REFERENCE TO IAS 2

Дизајнирање на архитектура на микросервиси: развој на бот базиран микросервис за управување со анкети

ПЕТТИ СОСТАНОК НА ЕКСПЕРТСКАТА ГРУПА НА ENTERPRISE EUROPE NETWORK ЗА СЕДМАТА РАМКОВНА ПРОГРАМА

ISUZU D-MAX SINGLE (2 ВРАТИ + ПИКАП ПРОСТОР ЗА ТОВАРАЊЕ) OПРЕМЕНОСТ МЕНУВАЧ ЦЕНА СО ДДВ

ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА четврто истражување

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ПРИРАЧНИК ЗА РАБОТА СО МОДУЛОТ ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ПРЕКУ ПОРТАЛОТ НА ФЗОМ

УЛОГАТА НА Е-МАРКЕТИНГОТ ВО УСЛОВИ НА ПРОМЕНЕТА ДЕМОГРАФСКА СТРУКТУРА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ, СО ОСВРТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

MORPHOLOGICAL CHARACTERISTICS OF SOME MAIZE HYBRIDS FROM FAO300 AND FAO700 GROWN IN SHTIP REGION

Основи и развој на. Основи и развој на е-влада

КЛУЧНИ ДВИГАТЕЛИ ВО ПОТРЕБИТЕ ЗА ОПТИМАЛНИ ОДРЕДБИ ЗА ПОСЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ: АНГЛИСКА СТУДИЈА

Коисмение.Штозначиме.

КЛИНИЧКА ФАРМАЦИЈА И ФАРМАКОТЕРАПИЈА ПРАКТИКУМ

Универзитет Гоце Делчев - Штип. Факултет за информатика. Катедра за софтверско инженерство ЗОРАН МИЛЕВСКИ ЕДУКАТИВНО ПОДАТОЧНО РУДАРЕЊЕ СО MOODLE 2.

KEY WORDS: knowledge, know-how, investment, entrepreneurship, productivity

Методи на финансиска анализа

Функционалност и употреба на вметнување на зависности (Dependency Injection) во Java

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ. МБА Менаџмент. Ивана Трендафилова

МАГИСТЕРСКИ ТРУД. Значењето на е-crm за остварување на конкурентска предност на компаниите

УПАТСТВО. Како да започнам со користење на сертификат издаден на Gemalto IDPrime PKI токен во Mozilla Firefox?

К А Т А Л О Г. mon. monteco СТАНБЕНО ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТ Г.П РАСАДНИК. company

СОЗДАВАЊЕ ИНОВАТИВНИ УЧИЛИШТА: ПОДГОТВУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ ЗА 21-ОТ ВЕК

Прирачник за управување со општинскиот имот

ИСТРАЖУВАЊЕ НА ТУРИСТИЧКИОТ ПАЗАР

IMIGRIMI ILEGAL NË REPUBLIKËN E MAQEDONISË ИЛЕГАЛНА ИМИГРАЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ILLEGAL IMMIGRATION IN REPUBLIC OF MACEDONIA

Обука за електронски систем на учење МИКРОУЧЕЊЕ. Материјал за учесници

Маркетинг комуникациите и односите со потрошувачите фактор за градење имиџ на компанијата

Чекорите до Национален младински совет MЛАДИНСКО ОРГАНИЗИРАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА

- МАГИСТЕРСКИ ТРУД -

Стратегија за промоција на извозот и препораки зa реорганизирање на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот -Инвест Македонија

2015 YEARBOOK VOLUME 9 GOCE DELCEV UNIVERSITY STIP FACULTY OF ECONOMICS

Jasminka NOVAKOVA STOJANOVSKA 1

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ. Штип. Јасминка Стојанова

Асоцијација на претставниците на странски производители на иновативни лекови

СОВРЕМЕНИ СТРАТЕГИИ ЗА УПРАВУВАЊЕ НА ИНТЕЛИГЕНТНИ ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКИ МРЕЖИ

НЕРАМНОМЕРНАТА РАСПРЕДЕЛБА НА ДОХОДОТ ВО ЕРА НА ГЛОБАЛИЗАЦИЈА

ИНСТИТУТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ НАРЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА В.Д. ДИРЕКТОР: Асс. Д-р Шабан МЕМЕТИ ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПОВРЕДИ НА РАБОТА

INTELLECTUAL PROPERTY

СТРАНСКИТЕ ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ АКЦЕЛЕРАТОР НА СТОПАНСКИОТ РАЗВОЈ

ВИДОВИ ПЕДАГОШКИ ИСТРАЖУВАЊА. Клучни зборови: истражување, проучување, видови истражувања

Siemens собни термостати. За максимален комфорт и енергетска ефикасност. siemens.com/seeteam

Бесплатно издание Интервју Јан Стола

Светска Банка Партнерство со Република Македонија Слика на програмата на земјата. Април 2014 година

Transcription:

ФОСИЛНИТЕ ГОРИВА КАКО ИЗВОР НА ЕНЕРГИЈА (РЕЗЕРВИ И РЕСУРСИ) Орце Спасовски, Даниел Спасовски Универзитет Гоце Делчев Штип Факултет за Природни и технички науки, Институт за Геологија Апстракт Во рамките на овој труд ќе биде прикажано значењето на фосилните горива како еден од основните енергетски суровини без кои не може да се замисли денешниот економски и општествен развиток. Исто така ќе се направи обид да се прикажат постојните резерви на овие суровини како и перспективноста на основа постојните резерви и можноста за откривање на нови резерви на енергетските суровини. Зголемувањето на потрошувачката на енергентите и намалувањето на природните резерви побудува зголемување на истражувачка активност за овие енергенти. Геолошките резерви и квалитет на фосилните горива претставуваат најзначаен дел од енергетскиот потенцијал на секоја земја, се необновлив извор на енергија и нивното искористување мора да биде планско и рационално. Клучни зборови: фосилни горива, резерви, јаглен, нафта, природен гас, битуминозни шкрилци, извоз, увоз, производство. ВОВЕД Фосилните горива се основа на една држава, врз основа на кои се надградува вкупното живеење и развојот во било која земја. Фосилните горива се сврстени во необновливите извори на енергија и затоа истите треба рационално да се користат, со оглед на нивното силно влијание во секојдневието. Нивната употреба како што гледаме секојдневно расте, од друга страна, нивните резерви се намалуваат, па затоа нивната цена е во перманентен пораст. Без овие суровини во суштина денес животот не може да се замисли, пример што би значело во функционирањето на животот да снема нафта, односно нејзините деривати и тоа десетина дена. Тоа би значело тотален колапс во сите сфери од живеењето и потоа многу тешко враќање. Ништо помалку потреси нема да се случат и со снемувањето на јагленот, па и природниот гас. Подолго време се работи на алтернативни горива т.е. да се изнајдат нови енергетски потенцијали што би ги замениле претходните горива. За оваа цел на светско ниво, се издвојуваат огромни финансиски средства, работат бројни институти и стручни тимови, меѓутоа се уште немаат замена за познатите енергетски ресурси. Во основа мора уште поинтензивно да се продолжи со истражувањето во ова поле како навреме би се спречил енергетскиот колапс. Со зголемување на потрошувачката на енергентите и со намалувањето на природните резерви на овие суровини нивната цена перманентно расте, а со тоа расте и цената на сите останати производи.

Намалувањето на резервите на овие природни енергенти побудува зголемување на истражувачка активност за овие енергенти, од друга страна поволните наоѓалишта од овие енергенти се одамна искористени, сега мора да се трага по наоѓалишта кои не се поволни за експлоатација, со што цената во истражувањето и експолатацијата постојано расте РЕЗЕРВИ И РЕСУРСИ НА ФОСИЛНИ ГОРИВА Утврдените геолошки резерви и квалитет на фосилните горива претставуваат најзначаен дел од енергетскиот потенцијал на секоја земја. Фосилните горива, од геолошки аспект, се необновлив извор на енергија и затоа треба да се сметаат како суровини од посебно стратешко значење. Нивното искористување мора да биде планско и рационално; треба да се користат исклучиво во услови на оптимален технолошки и индустриски развој, за да се избегне нерационалното користење и неповратен губиток. Со цел да се обезбеди потребната количина на фосилни горива, како што се јаглен, нафта, природен гас, нафтени шкрилци и битуминозни карпи, се спроведуваат перманентни геолошки, геофизички и геохемиски истражувања на постојните и новите енергетски извори. Од особено значење се различните програми за истражување од меѓународен карактер кои се одвиваат преку UNESCO (IGP проекти) и други организации, како и примена на современи методи на истражување. На овој начин се постигнува поголема ефикасност во откривањето на новите појави и наоѓалишта на фосилни горива, како во рамките на поединечните седиментни басени, така и во новите истражни простори. Усовршувањето на технологијата на дупчење, преработката на јаглен, нафтените шкрилци и нафтените песоци во течни горива е од особена важност за продолжување на векот на траење на нафтата и гасот. Познато е дека од еден тон на сурова нафта се добиваат хемиски суровини кои се еквивалентни на производите кои се добиваат со конверзија на 15 тона кафеав јаглен. Ова е само еден пример кој укажува на значењето на добивањето на синтетичка нафта со конверзија на јагленот и нафтените шкрилци. Кога се зборува за нафтените шкрилци во нафтените песоци како значајни енергетски суровини за добивање на синтетичка нафта, мора да се нагласи дека економичноста на нивната конверзија зависи од можноста за освојување на технологијата од трета генерација, за да се овозможат оптимални услови за експлоатација, преработка и заштита на животната средина. Може да се констатира дека истражувањата на фосилните горива по својот обем, максимумот го достигнаа во последните 30 години. Познавајќи ги закономерностите на геолошката градба на земјата тешко е да се очекуваат нови спектакуларни откритија на наоѓалишта на фосилни горива, што во секој случај треба да се има во предвид во

пронаоѓањето на алтернативен извор на енергија. Современите технологии во светот се насочени кон новите извори на енергија, кои би ги замениле класичните фосилни и цврсти горива. Додека не се изврши нивна замена со нови извори на енергија, неизвесен е опстанокот на индустрискиот, технолошкиот, економскиот и цивилизацискиот развој на човештвото во 21 век без јаглен, нафта и природен гас. Учеството на суровата нафта и природниот гас во потрошувачката на примарната енергија во светот веќе неколку години стагнира (нафтата е со околу 40%, а природниот гас со околу 23%). Во 1989 година, во енергетскиот биланс нафтата учествувала со околу 38%, природниот гас со околу 20% и јагленот со околу 30%; тој однос во 1993 година се изменил во корист на нафтата (со околу 46%) и гасот (со околу 23%). Производството на нафта во светот во 1994 година, изнесувала е околу 3x10 9 t, а на гасот во 1992 година околу 2.158x10 9 Nm 3. Во литературата се сретнуваат различни податоци за резервите и ресурсите на фосилните горива, зависно од степенот на истраженост. Фосилните енергетски извори (нафта, јаглен и природниот гас) покриваат преку 90% од потрошувачката на примарната енергија, овој тренд значајно нема да се промени и во наредните 20 години. Се очекува зголемен пораст на производството и потрошувачката на нафтата (околу 3.5 х 10 9 тони годишно). Јагленот и нуклеарните суровини во почетокот на 21 век се очекува во најголем дел да ги задоволат потребите за енергија, особено доколку се усовршат процесите на согорување на ниско калоричните јаглени и реакторите со современа конструкција. Нафтата и гасот остануваат како основни енергетски суровини за моторите до 2020 година. Според сегашната потрошувачка и откриените резерви векот на траење на нафтата е за околу 50 години. Производството и потрошувачката на природниот гас ќе имаат тренд на постојано зголемување, со оглед на потенцијалните ресурси, геолошките резерви, начинот на експлоатацијата и транспортот, како и минималното загадување на животната средина. Јагленот спаѓа во најзначајните фосилни горива и се одликува со различен степен на карбонификација (антрацит, камен и кафеав јаглен). Закономерноста на нивното временско и просторно појавување во светот во најголем дел е познато, што е посебно значајно за програмирање на идните геолошки истражувања. Резултатите од досегашните истражувања овозможуваат во основа да се дефинираат идните перспективни региони со помали или поголеми наоѓалишта на јаглен. На слика 1 приложени податоци за потрошувачката на јаглен во периодот 1973 2004 година.

1973 2004 Без - енергетска употреба 1% Други сектори 36,3% Без - енергетска употреба 4,3% Други сектори 17,85% Транспорт 0.7% Индустрија 57,4% Транспорт 5,3% Индутрија 77,2% Слика 1. Светска потрошувачка на јаглен во периодот 1973 и 2004 година Од приложената слика се гледа дека во периодот од 1973 година најголема потрошувачка на јаглен има во индустријата околу 57,4%, потоа во другите сектори (земјоделскиот, станбениот, комерцијалниот и јавен сервис и без спецификација) со околу 36,3%. Во периодот до 2004 година постојно се намалува потрошувачката на јагленот во другите сектори и во 2004 година изнесува 17,85%, додека во истиот период потрошувачката на јагленот се зголемува и во 2004 година изнесува 77,2%. Најголеми резерви на јаглен се наоѓаат во САД (околу 35%), Кина (околу 13%) и Австралија (околу 10%), Јужна Африка, Индија, Германија и Полска (со околу 27%). Најголеми извозници на камен јаглен се Австралија (со околу 37%), САД со извоз од околу 19%, Африка со 15% и Канада со 9%. Во извозот на камениот јаглен значајна улога имаат Полска, Кина, Колумбија и Индонезија. Во табела 1 се дадени податоци за производството на јаглени во периодот 2003 210 година. Од приложената табела 1 се гледа дека во последните осум години не постои значителна разлика во производството на јаглен кај трите водечки земји (Кина, САД и Индија). Имено, во Кина и Индија во последните две години имаме зголемено производство на јаглен, додека во САД имаме незначително намалување на производството. Производство на јаглени во текот на 2007 и 20010 година хистограмски е прикажано на сликите 2 и 3.

Табела 1. Производство на јаглен во периодот 2003 2010 година (милиони тони). Земји 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 Кина 1.834 2.122 2.349 2.528 2.691 2.802 2.973 3.240 САД 972.3 1.008 1.026 1.054 1.040 1.063 975.2 984.6 Индија 375.4 407.7 428.4 449.2 478.4 515.9 556.0 569.9 ЕУ 637.2 627.6 607.4 595.1 592.3 563.6 538.4 535.7 Австралија 350.4 364.3 375.4 382.2 392.7 399.2 413.2 423.9 Русија 276.7 281.7 298.3 309.9 313.5 328.6 301.3 316.9 Индонезија 114.3 132.4 152.7 193.8 216.9 240.2 256.2 305.9 Јужна Африка 237.9 243.4 244.4 244.8 247.7 252.6 250.6 253.8 Германија 204.9 207.8 202.8 197.1 201.9 192.4 183.7 182.3 Полска 163.8 162.4 159.5 156.1 145.9 144.0 135.2 133.2 Казакстан 84.9 86.9 86.6 96.2 97.8 111.1 100.9 110.8 Светот 5,301 5,716 6,035 6,342 6,573 6,795 6,880 7,273 Производство на јаглен во 2007 год. 3% 4% 3% 2% 2% 6% 5% 9% 8% 16% 42% Кина САД Индија ЕУ Австралија Русија Слика 2. Светско производство на јаглен во 2007 година 4% Производство на јаглен во 2010 год. 4% 4% 3% 2% 1% Кина 6% 46% САД Индија 8% 14% ЕУ 8% Австралија Русија Слика 3. Светско производство на јаглен во 2010 година

Во табела 2 се дадени податоци за извозот на јагленот во периодот од 2003 до 2009 година, додека на слика 4 хистограмски е прикажан извозот на јагленот во текот на 2009 година. Табела 2. Извоз на јаглен во периодот 2003-2009 (мил. тони) ЗЕМЈА Години Учество 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 Австралија 238,1 247,6 255 255 268,7 278 288,5 26,50% Индонезија 107,8 131,4 142,2 192,2 221,9 228,2 261,4 24,00% Кина 103,4 95,5 93,1 85,6 75,4 68,8 38,4 3,50% Јужна Африка 78,7 74,9 78,8 75,8 72,6 68,2 73,8 6,80% Колумбија 50,4 56,4 59,2 68,3 74,5 74,7 75,7 6,90% Русија 41 55,7 98,6 103,4 112,2 115,4 130,9 12,00% САД 43 48 51,7 51,2 60,6 83,5 60,4 5,50% Канада 27,7 28,8 31,2 31,2 33,4 36,5 31,9 2,90% Од приложената табела 2 се гледа дека во извозот на јаглен со повеќе од 50 % учествуваат Австралија и Индонезија. 8% 8% Најголеми извозители на јаглен во мил.тони во 2009 год. 14% 4% 6% 3% 27% 30% Австралија Индонезија Кина Јужна Африка Колумбија Русија Слика 4. Извоз на јаглен во текот на 2009 година. Потребите и потрошувачката на нафтата и гасот во светот постојано брзо расте во однос на производството и утврдените геолошки резерви. Тоа доведува до одредена диспропорција во енергетскиот потенцијал на одредени земји, посебно земјите кои ги увезуваат овие енергетски суровини. Иако нафтата е најзначаен енергетски извор човештвото мора да се соочи со проблемот дека таа е необновлива минерална суровина и затоа треба рационално да се користи. Исто така потребно е да се пронајдат и други нови видови на енергија со што би се продолжил векот на траењето на нафтата. Од таа причина во последно време технолошките постапки за добивање на синтетичка нафта од јагленот,

нафтените шкрилци, нафтените песоци и тешката нафта добиваат се поголемо значење. Најголемо производство на нафта во последните години остваруваат земјите од Средниот Исток (околу 30%), потоа САД (околу 20%), Русија без Литванија и Естонија; околу 10%), Африка (околу 10%), Азија (околу 10%) и Западна Европа (околу 9%). Во периодот од 1987 до 2005 година имаме постојан пораст на потрошувачката на нафтата и таа се движи од околу 3 милијарди годишно (1987) до 4,3 милијарди годишно (2005). Интензивни истражувања на нафта денес се одвиваат во морските појаси на Мексичкиот, Маракаибскиот, Персискиот, Гвинејскиот и Суетскиот залив, Северното и Средоземното море, југоисточна Азија, Австралија и Далекиот Исток. Наоѓалиштата на нафта и гас имаат крајно нерамномерен распоред кое нешто може да се согледа од следните примери. На територијата на нафтено гасната провинција Волга - Урал 70% од резервите на нафтата се поврзани за 37 полиња, 17% се наоѓаат во 97 наоѓалишта, додека 13% во 438 мали полиња. На просторот на Западно Сибирската нафтено гасна провинција се откриени околу 170 наоѓалишта на нафта и гас. На просторите на поранешниот СССР 50% од утврдените резерви се наоѓаат во 29 наоѓалишта. Во САД 60% од утврдените резерви на нафта се наоѓаат во 259 наоѓалишта што сочинуваат 2% од вкупно откриените наоѓалишта. Ако ја разгледуваме Јужна Америка 57% од резервите на нафта се наоѓаат во Венецуела, која зазема само околу 5% од вкупната територија на континентот. На Блискиот и Средниот Исток утврдено е околу 68% од светските резерви на нафта (без поранешниот СССР), од кои околу 27% се на Кувајт, односно на простор од 0,4% во однос на територијата на Блискиот и Средениот Исток. Само едно наоѓалиште во Кувајт (Бурган) содржи околу 11.500 милиони тони нафта. Слика 5. Резерви на нафта

Табела 3. Неоткриената нафта и природен гас Регион Нафта (милијарда барели) Процент од вкупното количество во светот Природен гас (еквивалентен на милијарда барели на нафта) Природен гас Процент од вкупното количество во светот СССР 116 17,9 269 1661 34,5 Среден Исток и Сверна Африка 230 35,4 228 1370 29,3 Азија-Пацифик 30 4,6 63 379 8,1 Европа 22 3,4 52 312 6,7 Сверна Америка 70 10,9 26 155 3,3 Централна и Јужна Америка Сахара-Африка и Антартик 105 16,2 81 487 10,4 72 11,0 39 235 5,0 Јужна Азија 4 0,6 20 120 2,6 Вкупно 649 778 4669 Проценетите количества на неоткриена нафта (од страната на USGS) се за околу 10 пати поголеми од сегашните резерви. Тоа ни овозможува постоење на резерви на нафта за уште 40 години со константна стапка на потрошувачка. Природниот гас бил запоставен иако неговото производство одело паралелно со експлоатацијата на нафтата. Од таа причина се смета дека големи количини на природен гас останале неискористени. Во последните години производството и потрошувачката на гасот значајно се зголемува а со тоа се зголемува и неговото значење како енергетска суровина. Потенцијалните ресурси на природниот гас, неговите геолошки резерви начинот на експлоатацијата и транспортот со минимално загадување на животната средина ова фосилно гориво го прави многу значајно во енергетскиот биланс на многу земји. Најголеми резерви на природен гас се наоѓаат на просторите на поранешниот СССР, САД, Иран, Алжир, Холандија, Саудиска Арабија и Кувајт. Треба да се истакне дека наоѓалиштата на гас во светот се порамномерно распоредени во однос на нафтата. Најголеми резерви на природен гас се наоѓаат во земјите на ОПЕК (60%), ОЕЦД (23%), Европа (9%) и ЕУ (8%). Сличен е распоредот со ресурсите на природниот гас (ОПЕК 60%, ОЕЦД 31% и останатите 9%). Споредбата помеѓу јаглеродот од резервите на фосилните горива и историските емисии на јаглеродот од фосилните горива како и акумулативните емисии на јаглерод според SRES и TAR до 2100 година, се дадени на слика 6.

Слика 6. Јаглеродот во резервите на нафта, гас и јаглен е спореден со емисиите на јаглеродот од фосилните горива во текот на историјата во период од 1860-1998 година како и со акумулативните емисии на јаглерод според SRES и TAR до 2100 година. Податоците за моменталните резерви и ресурси се прикажани во колоните. Неконвенционалната нафта и гас ги вклучуваат кантранските песоци, нафтените шкрилци, другите тешки нафти, метанот во јагленовите слоеви, гасовите во изданите итн. Заклучок Јагленот спаѓа во најзначајните фосилни горива и се одликува со различен степен на карбонификација (антрацит, камен и кафеав јаглен). Резултатите од досегашните истражувања овозможуваат во основа да се дефинираат идните перспективни региони со помали или поголеми наоѓалишта на јаглен. Најголеми резерви на јаглен се наоѓаат во САД (околу 35%), Кина (околу 13%) и Австралија (околу 10%), Јужна Африка, Индија, Германија и Полска (со околу 27%). Најголеми извозници на камен јаглен се Австралија (со околу 37%), САД со извоз од околу 19%, Африка со 15% и Канада со 9%. Економски значајни акумулации на нафта и гас се наоѓаат во сите континенти но со променливи количини. Од познатите околу 160 нафтено гасни басени само 35% имаат економско значење. Вкупната површина на нафтено гасните басени изнесува приближно 78 милиони km 2 од кои 51 милион km 2 се наоѓаат на континентите, а околу 27 милиони km 2 во океаните. Досегашните резерви на нафта и гас во најголем дел се наоѓаат на платформите (околу 70%). Најновите истражувања укажуваат дека наоѓалиштата на нафта и гас од економско значење можат да се најдат на длабочина поголема од 4 km иако големите и гигантски наоѓалишта се на длабочина од 3,5 km.

Во зависност од финансиските фактори и подобрувањата како во експлоатационата ефикасност така и во употребата, сите компоненти на фосилните горива освен јагленот можат да бидат ограничени до 2050- тата година. Резервите на јаглен веројатно ќе постојат уште неколку века, како што е случајот и со нуклеарните горива за фисионите реактори. Нажалост најчистите и највредните антрацитски јагленови наоѓалишта се намалуваат многу побрзо, за разлика од битуминозните наоѓалишта. ЛИТЕРАТУРА Aksin, V., 1967: Geologija nafte. NIP Dnevnik, Novi Sad, 800 s. Aksin, V., 1995: Stanje I perspektivi istrazivanja nafte I gasa u svetu I Srbija. Zbornik radova. T., YUNG 4P, 95, 1-10. Ерцеговац, М., 2002: Геологија нафте. Рударско геолошки факултет Универзитета у Београду. Београд, стр. 463 Hobson, G. D., (Ed.), 1980: Developments in Petroleum Geology, I. 335p; II 345 p., Science Publishers Ltd. London. Modelevski, M. S., Gurevic, G. S., Hartukov, E. M., 1983: Resursi nefta i gasa i perspektivi ih osvoenija. Nedra, 224 s, Moskva. World Energy Council, 1998: Survey of Energy Resources. 18 th Edition, WEC, 1998.