Бумеранг бр. 36 Октомври 2013 ООУ. Мирче Ацев Во овој број ќе читате: Детска недела Меѓународен ден на Старите лица Ден на гладта Проекти Инфо Млади писатели Дали знаеш? Бонка Лавиринт Вицотека
Во нашето училиште и оваа учебна година свечено и низ безброј активности ја одбележивме Детската недела. Учениците од прво одделение дадоа Свечена заклетва за членство во Детската Организација. Овој свечен чин беше одбележан со прекрасна приредба. По повод Детската недела беше организиран литературен и ликовен конкурс под мото Сите сме едно, растеме заедно. Вредните ученици кои земаа учество на конкурсот уште еднаш ја потврдија својата креативност, способност, умешност и талент, освојувајќи безброј награди, дипломи. По повод Детската недела беа организирани и попсети во Матичната служба на Општина Ѓорче Петров и Општината Ѓорче Петров. Посетите ги реализираа учениците од четврто одделение. Во Општината Ѓорче Петров учениците се пофалија со своите творби и дела кои ги напишаа и изработија токму по пово0д Детската недела. Во Општината срдечно не примија и не почастија за нашата вредна работа.
Професор по биологија му објаснува на пријател : - Иако може да донесат птичји грип, ластовичките се всушност многу корисни птици. Ги јадат мувите. Пријателот бледо го гледа и му враќа: - Глупости!!! Во зима нема ниту една мува, а кога ќе долетаат ластовичките - муви насекаде! Учителката му вика на Трпе: - Кажи на англиски: "Мачката падна во вода и се удави". Трпе: - Mjau bum in the water glugluglu no more mjau mjau". Учителката му вели на малиот Трпе утре да дојде со дедо му. - Зошто учителке баш со дедо ми? По повод одбележувањето на меѓународниот ден на старите лица учениците од четврто г одделение заедно со одделенскиот раководител Маријана А. Маневска беа во посета на Дом за стари лица Ѓорче Петров. Учениците барем за миг успеаја да ги насмеат и развеселат старите лица. Ги расположија со својата детска игра и песна. Ги разнежнија и допреа длабоко до нивните срца. Си бил малиот Трпе и наставничката го прашува пред целиот клас: - Трпе, што работи твојот татко? - Мојот татко работи во стриптиз клуб за чичковци, па понекогаш е и приморен да се проституира со истите, но сепак... тоа е тоа и мора да заработи некој денар... Шокирана од оваа вест, наставничката му вели да остане после часот да поразговараат. - Трпе, навистина ли татко ти го работи ова? - Зачудено прашува наставничката. На тоа Трпе одговара: - Не наставничке, само срам ми беше пред цел клас да кажам дека игра фудбал за репрезентација Проектот на Валдата на Република Македонија Македонија без отпад во нашето училиште се одбележа низ неколку акции. Една од нив беше и одржувањето на моднаа ревија на костими самостојно изработени од децата од рециклирани отпадоци. Одговорен наставник: Маријана А. Маневска
Во еден пролетен ден него го сретнав Се вљубив на прв поглед И помислив ќе се онесвестам Ёмојот симпатија Мики се вика Негово хоби е стално да слика Цик-цак штрак так.. Блиц ќе светне како зрак Вреден е тој, сака да се дружи На секого рака да пружи На неговото лице насмевка блика Топол поглед има... Тој е мојата слика... До пред некое време Во споменарот букви сеев, Приказни и спомени напишав Дури и сама се смеев... Марија Стаменковиќ V а одд Еден Боби ништо не ми значеше се додека не го видов како на мојот роденден зрачеше Ех, не го ни приметував но кога јас го видов вчера, беше фраер по моја мера Боби се деси нешто лудо баш беше ќудо, се вљубив јас во тебе и збумета сум сега мислам дека не е детска шега. Марија Тодоровска V а одд секогаш од радост блика за него јас имам прекрасна слика Кога првпат јас го видов него Срцето силно ми чукаше Дека е најубав ми кажуваше Какви очи, каква коца и глас има Цел ден би го слушслс И во лето и во зима Но тој не ме познава мене Залудна е мојата желба Дека на концерт негов ќе одам Но голема е и мојата верба Елена Спасиќ V а одд Тој е песна во мене што се пее тој е сонце што силно ме грее Без него многу ми е мачно а ако те изгубам ќе биде навистина страшно Кога ќе го видам кога ќе го слушнам неговиот глас навистина не ми текнува да влезам на час Симпатијо моја сакан мој те сакам ти велам со тебе сум подготвена се да делам. Марија Игњатовиќ Vа одд.
Жолтиот лист раскажува Драги деца!јас сум жолтиот лист. Дозволете ми да ви кажам што ми се слиќи мене. Иако сум тажен ќе ви ја раскажам мојата весела приказна. Кога стигна пролетта мене ме роди мојата мајкајаболкницата. Тогаш бев убав, млад и зелен. Бев полн со здравје. Се греев на сонцето, а ветрот ме милуваше секој ден. Кога ќе заврнеше,се радував на капките дожд што ме освежуваа, а во исто време и ме ладеа од топлото сонце. Ги ранев и со многу љубов ги гледавкако растат јаболката. Тоа време набрзо помина. Дојдоапрвите студени утра. Веќе не бев радосен. Мојата облека се преслече во друга боја. Пожолтев. Сега повеќе ветрот не ми е пријател. Некои од моите браќа тој ги собори на земјата. Други пак ги однесе реката. Ветрот си игра со нас, но јас не се предавам. Се уште сум тука, на гранките. Едно утро ме посетија ветрот и студот. Ми рекоа дека е време да си одам. Не можеа да издржам и се најдов на земјата.. Драги деца! Зошто сум тажен сега кога сум долу на земјата? Копнеам по убавите денови на пролетта и летото. Нојас сепак сум среќен, бидејќи очекувам некое дете да ме земе и да станам дел од неговиот есенски споменар. Мила Јошеска IV а