ЕТИКАТА ВО НОВИНАРСТВОТО. прирачник за

Similar documents
Март Opinion research & Communications

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

Биланс на приходи и расходи

Биланс на приходи и расходи

Структурно програмирање

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

УНИВЕРЗИТЕТ "ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ"-ШТИП

ПРИРАЧНИК ЗА ЈАВНИОТ ИНТЕРЕС ВО НОВИНАРСТВОТО

\ МАЈХОШЕВ Андон УДК: : (497.7) СЛОБОДА НА МЕДИУМИТЕ

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ToR 02/2016 ПРАВНИ ЕКСПЕРТИ ЗА ПОДГОТОВКА НА ПРИРАЧНИК ЗА СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕ-ПРАВНИ АСПЕКТИ

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

СЛОБОДА НА ИЗРАЗУВАЊЕ

ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ И МЕДИУМИТЕ. Прирачник

на јавната свест за Архуска конвенција и еколошкото законодавство на Европската Унија

Преземање сертификат користејќи Mozilla Firefox

УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ ЈУСТИНИЈАН ПРВИ СКОПЈЕ. Издавач: Правен факултет ЈУСТИНИЈАН ПРВИ СКОПЈЕ

ПРИРАЧНИК И МАТЕРИЈАЛИ ЗА ОБУКА ЗА ЕВРОПА. Слобода на изразување, закон за медиуми и клевета. Media Legal Defence Initiative

ГРАЃАНИТЕ И НОВИНАРИТЕ ЗА ПРОФЕСИОНАЛНОСТА ВО МЕДИУМИТЕ

НЕЗАВИСНОСТ НА СУДСТВОТО

Заштита на личните податоци во Република Македонија. Охрид, 27 мај 2014 година

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ - ШТИП ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ МБА Менаџмент Штип. Иван Стефанов

З А К О Н ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР. Редакциски пречистен текст * I. ОПШТИ ОДРЕДБИ. 1. Предмет на законот

2.3 ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА. Службен весник на Република Македонија бр. 53 од 11 април 2013 година

ЗАКОН ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

ПРЕПОРАКИТЕ НА ПРИБЕ И ДОПОЛНИТЕЛНИ ПРАШАЊА РЕФОРМА НА МЕДИУМСКИОТ СЕКТОР РЕФОРМА НА МЕДИУМСКИОТ СЕКТОР ПРЕПОРАКИТЕ НА ПРИБЕ И ДОПОЛНИТЕЛНИ ПРАШАЊА

алката што недостасува за активно граѓанство 2/МЕДИУМСКАТА ПИСМЕНОСТ ВО МАКЕДОНИЈА

ТОЛКОВНИК НА ПОИМИ, ТЕРМИНИ И ИМИЊА ОД ОБЛАСТА НА ТУРИЗМОТ (АНГЛИСКО-РУСКО-МАКЕДОНСКИ)

политичка мисла political thought Медиуми и слобода на изразувањето Media and freedom of expression Година 10, број 38, јуни Скопје 2012

СУДОВИТЕ: ЧУВАРИ НА ЈАВНИОТ ИНТЕРЕС ИЛИ НА ПОЕДИНЕЧНИ ИНТЕРЕСИ. ДОКУМЕНТ ЗА ЈАВНА политика

СЛОБОДА НА ИЗРАЗУВАЊЕ

ПРИРАЧНИК ЗА КЛЕВЕТА И НАВРЕДА

ПРЕПОРАКИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА СОСТОЈБАТА

ПОВРЗАНОСТА НА НАРУШУВАЊЕТО ВО ОДНЕСУВАЊЕТО НА ДЕЦАТА И УСЛОВИТЕ ЗА ЖИВОТ ВО СЕМЕЈСТВОТО

А Н А Л И З А АКЦИСКА МРЕЖА ЗА ДОБРО ВЛАДЕЕЊЕ. Скопје, февруари 2015 година

СЛОБОДА НА ИЗРАЗУВАЊЕ И ГОВОР НА ОМРАЗА

ШЕСТ ГОДИНИ ПОДОЦНА: РАСПУКА ЛИ ЅИДОТ ОД ТИШИНА? Анализа на имплементацијата на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер

Петти состанок на Локалната советодавна група Записник од состанокот

ПРАВДА ЗА ДЕЦАта. Прирачник

ЦИВИКА МОБИЛИТАС МАЛИ АКЦИСКИ ГРАНТОВИ

Регионални упатства за идентификација на жртвите на трговијата со луѓе. Правилник(прирачник) за Југоисточна и Источна Европа

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола Факултет за туризам и угостителство Охрид. Дипломиран организатор по туризам и угостителство

СОЦИЈАЛИЗАТОРСКА ФУНКЦИЈА НА СЕМЕЈСТВОТО- ПРАВНИ АСПЕКТИ

Коисмение.Штозначиме.

Семејно насилство. Автор: м-р Јасмин Калач, Ноември, 2016 год. Абстракт

За обуката ВОВЕД ВО НОВИОТ ПРЕДМЕТ

YEARS. Правата на детето претставуваат основа на слободата, правдата и мирот во светот. Од Претседателот д-р Ѓорге Иванов

Односот помеѓу интерната и екстерната ревизија. Презентира: Верица Костова

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство

МЕЃУНАРОДНИ И РЕГИОНАЛНИ ПРАВНИ ИНСТРУМЕНТИ ПРОТИВ ЗЛОУПОТРЕБАТА НА СЛУЖБЕНАТА ПОЛОЖБА (КОРУПЦИЈАТА)

Повик за поддршка на локални граѓански организации

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ПРИРАЧНИК ЗА РАБОТА СО МОДУЛОТ ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ПРЕКУ ПОРТАЛОТ НА ФЗОМ

МАСС-МЕДИУМИТЕ И ПОТРЕБАТА ОД РЕФОРМА НА КАЗНЕНИТЕ ОДРЕДБИ ЗА КАЗНЕНИ ДЕЛА СТОРЕНИ ПРЕКУ МАС-МЕДИУМИТЕ

документ за јавни политики

КАМПАЊИ ОД ЈАВЕН ИНТЕРЕС НА МАКЕДОНСКИ НАЧИН:

ПАРЛАМЕНТАРНА КОНТРОЛА НАД РАБОТАТА НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ И РАЗУЗНАВАЧКИ СЛУЖБИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Д Е К Л А Р А Ц И Ј А за Вклученост на Заедницата

YEARS. 25 години од донесување на "Конвенцијата за правата на детето" Д-р Срѓан Керим OF THE CONVENTION ON THE RIGHTS OF THE CHILD

Семејството и заедницата

БОНА МЕНТЕ: Поддршка на Комисиите за односи меѓу заедниците АНАЛИЗА НА ПОЛИТИКИ

Чекорите до Национален младински совет MЛАДИНСКО ОРГАНИЗИРАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА

СЕКСУАЛНОТО И РЕПРОДУКТИВНОТО ЗДРАВЈЕ И ЛИЦАТА СО ТЕЛЕСНА ПОПРЕЧЕНОСТ (ИЗВЕШТАЈ ОД ПРОЦЕНКА ЗА ПОТРЕБИ ОД УСЛУГИ)

A mysterious meeting. (Таинствена средба) Macedonian. List of characters. (Личности) Khalid, the birthday boy

Компоненти на пристојната работа како содржина на работниот однос

а) Сексуално и репродуктивно здравје - Пристап до информации - Лица со оштетен вид и слух - Македонија - Истражувања

ТВ МЕДИУМИТЕ- ФОРМАЛНАТА И НЕФОРМАЛНАТА ЕДУКАЦИЈА

С О Д Р Ж И Н А. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

ИСТРАЖУВАЊЕ НА ОПСЕГОТ НА РОДОВО-БАЗИРАНОТО НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИТЕ И ДЕВОЈКИТЕ НА ЈАВНИТЕ МЕСТА ВО СКОПЈЕ

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ НА МЗМП ЗА ПРАКТИКИТЕ НА ЗАДРЖУВАЊЕ СТРАНЦИ ВО МАКЕДОНИЈА ОД ИМИГРАЦИСКИ ПРИЧИНИ 2017

Оваа книга нема амбиција да го исцрпи бунарот на бедата на македонскиот јавен дискурс, ниту, пак, има амбиција сите поместени примери да ЦРНА

АНАЛИЗА НА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА ПРАВОТО НА КУЛТУРА НА ПОМАЛИТЕ ЕТНИЧКИ ЗАЕДНИЦИ

ВОДИЧ ЗА НОВИНАРИ ЗА ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

ПРЕДИЗВИЦИ ВО РАТИФИКАЦИЈА НА КОНВЕНЦИЈAТА НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И БОРБА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНAТA И ДОМАШНОТО НАСИЛСТВО

Оваа анализа е објавена во рамките на проектот Македонија во дигиталната ера меѓу правата и одговорностите при комуницирањето на интернет

Прирачник за стратешко планирање на комуникациите. Отворена општина задоволни граѓани

Together Combining diversity and freedom in 21 st. Извештај на Групата на еминентни личности при Советот на Европа

ЈАВНОСТ ВО КРИВИЧНАТА ПОСТАПКА

Прирачник за адвокатски вештини за одбрана во кривичната постапка

Правното уредување на семејното насилство во Р. Македонија

ЈП СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РМ УСТАВ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО АМАНДМАНИТЕ НА УСТАВОТ I-XXX

Публикација: Анализа за процена на националните програми и мерки за вработување на лицата со попреченост

П Р О С П Е К Т. Друштво за проектирање, производство и монтажа на челични конструкции и опрема, увоз-извоз ФАКОМ АД - Скопје (ФАКОМ АД - Скопје)

Западен Балкан - Препорака за учество на јавноста

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА на

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО ВО ПЕЧАТЕНИТЕ МЕДИУМИ: СОСТОЈБA И ПРЕПОРАКИ

Забелешки за работата на судството и медиумите според домашни и странски организации од политиката и граѓанството

ПРВ ДЕЛ ПОДГОТОВКА ЗА ЧАС. Пакет за активирање на училиштата #ДЕЦАТАГИ ПРЕЗЕМААТУЧИЛИШТАТА СВЕТСКИ ДЕН НА ДЕТЕТО

Европски суд за човекови права. Прашања и Одговори

THE ASSEMBLY SPONTANEOUS ASSOCIATIONS

Обука за електронски систем на учење МИКРОУЧЕЊЕ. Материјал за учесници

ПРИСТАП ДО ПРОГРАМИТЕ НА РАДИОДИФУЗЕРИТЕ ЗА ЛИЦАТА СО ОШТЕТЕН ВИД И СЛУХ

Општествена интеграција на жртвите на трговија со луѓе: Проценка на институционалните капацитети на Македонија за заштита на жртвите на трговија со

Гледиштата изразени во овој извештај се на авторот и не нужно ги одразуваат гледиштата на Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за демократија

МАГИСТЕРСКИ ТРУД. Универзитет Св. Климент Охридски Битола. Економски факултет - Прилеп

Сопственик на свињарска фарма од Централната Долина

ДА ГИ ОТВОРИМЕ УЧЕБНИЦИТЕ: ОТВОРЕН ПРИСТАП ДО УЧЕБНИЦИТЕ ЗА ОСНОВНО И СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ

Прирачник за европското законодавство за заштита на податоците

Записник од завршна конференција Мрежа 23 9 јули 2015 година, Скопје

Концептуален документ за Национални работни групи за РЈА

Transcription:

ЕТИКАТА ВО НОВИНАРСТВОТО прирачник за

Прирачник за етиката во новинарството Издавач: Здружение на новинарите на Македонија Градски ѕид блок 13, 1000 Скопје, Македонија www.znm.org.mk Автори: Тамара Чаусидис и Зоран Бојаровски Лектор: Ванѓа Димитрова Дизајн и печат: Аркус дизајн Автор на фотографии: Љубинка Брашнарска Тираж: 300 CIP - Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека Св. Климент Охридски, Скопје 316.77:174.4(497.7) ЧАУСИДИС, Тамара Прирачник за етиката во новинарството / автори Тамара Чаусидис и Зоран Бојаровски. - Скопје : Здружение на новинарите на Македонија, 2012. - 29 стр. ; 23 см Фусноти кон текстот. - Библиографија: ISBN 978-9989-2225-2-8 1. Бојаровски, Зоран [автор] а) Новинарска етика - Македонија COBISS.MK-ID 91282186 Содржина: Увод...4 Саморегулација...7 Што е Советот на честа на Здружението на новинарите на Македонија?... 11 Кодекс на новинарите на Македонија - упатства и препораки... 13 Најчести непочитувања на кодексот...25 Принципи на новинарството...29 Прилог кон Кодексот на новинарите на Македонија...32 Новинарите против корупцијата...33 За говорот на омразата...35 Известување за различностите...37 Упатства за известување и информирање за малолетници...38 Оваа публикација е подготвена со техничка поддршка на УНЕСКО во рамките на Заедничката програма на Обединетите нации Подобрување на меѓуетничкиот дијалог и соработка помеѓу заедниците. Програмата се спроведува од УНДП, УНИЦЕФ и УНЕСКО, со финансиска поддршка од Владата на Шпанија преку Фондот за остварување на милениумските развојни цели (МДГ-Ф). Мислењата и ставовите изразени во оваа публикација се мислења на авторите и нужно не ги одразуваат официјалните позиции на Обединетите нации, УНЕСКО или МДГ-Ф. United Nations Educational, Scientific and Cultural Organization Venice Office Regional Bureau for Science and Culture in Europe 3 Упатства за известување за самоубиство...39 Заклучни зборови...40 Библиографија и корисни линкови...41

УВОД Во општествена заедница каква што е Република Македонија, мултиетничка и мултикултурна, секоја нејзина структура треба да рефлектира соодветно чувство и одговорност за функционирањето на таа заедница. Таков треба да биде и придонесот на медиумите. Според анализите на повеќе стручни, еснафски и меѓународни организации, медиумите во Македонија во последните години се соочуваат со длабока професионална и етичка криза. Последното истражување на Македонскиот центар за меѓународна соработка во однос на довербата на граѓаните кон одредени институции и дејности во Македонија, покажува дека бројот на граѓаните што не им веруваат на медиумите ги достигна неверојатните 70 проценти 1. Пред нешто повеќе од десет години, непосредно пред историската 2001 година, македонското новинарство можеше да биде гордо, бидејќи резултатот беше сосема спротивен. Тогаш близу 60 проценти од населението веруваше во медиумите, а новите медиуми ја најавуваа македонската новинарска пролет. Во меѓувреме, различните влијанија врз медиумите доведоа до состојба во која професионалните стандарди и етичкото новинарство станаа концепти на кои речиси никој повеќе не се повикува. Резултат на тоа се и заклучоците од споменатото истражување на МЦМС. Оваа состојба не е само илустрација на капацитетите на новинарството во Република Македонија, туку негативно се рефлектира и врз улогата што медиумите ја имаат во промовирањето на социјалната кохезија и дијалогот меѓу различните заедници. Во мултиетничките и мултиконфесионалните општества, медиумите имаат важна улога кога станува збор за отсликувањето и градењето на културната разноличност во општеството. Новинарскиот пристап со кој медиумите ги претставуваат одделните општествени групи, начинот на кој се фокусираат или ги опишуваат негативните појави и процеси, може отворено или суптилно да поттикнува стереотипи, етноцентризам, ксенофобија и говор на омраза. Последното истражување за новинарскиот дискурс во известувањето од спортските натпревари на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и Катедрата на УНЕСКО за медиуми, дијалог и заемно разбирање, укажа дека 1 Довербата во Македонија, МЦМС, 2011 4 5 и реториката, односно јазикот, говорот на медиумите, можат да ги создаваат, репродуцираат или засилуваат начините на новинарско известување што водат кон етноцентристички, стереотипизирачки, ксенофобичен или дискриминаторски ефект кон колективот на другиот во земјата 2. Овие сознанија од оваа анализа, како и од повеќе други укажувања за етноцентристичкото медиумско известување, ги отвора прашањата за ситуацијата во која се најдоа медиумите. Но, од друга страна, овие сознанија уште еднаш ги поставија во фокусот на вниманието улогата, посебноста и одговорноста на новинарската професија во општествена заедница каква што е Република Македонија. Во тој фокус се изоструваат и дилемите дали новинарството и неговите припадници, новинарите, треба да имаат посебно чувство и место во мултиетнички заедници, посебно во оние како нашата, во којашто тие односи се постојано на работ на толеранцијата. Медиумите имаат клучна улога и одговорност во промовирањето на добрите односи меѓу луѓето и во градењето демократско општество. Нивна задача е објективно и вистинито да ги претстават различните заедници во општеството и да го поттикнуваат почитувањето на разликите без оглед дали се тие поврзани со етничката припадност, религиозната определба, сексуалната ориентација или со друг вид разлики меѓу поединците. Во таква констелација на очигледно недоволно созреана демократска атмосфера во која или не се препознава улогата на медиумите, или тие се ставаат во функција на политичките агенди, се отсликуваат и лошите медиумски практики кои ги засилуваат меѓуетничките тензии. Тогаш страдаат професионалните стандарди. Ситуацијата во која се поврзани медиумите и општествениот амбиент на изразени меѓуетнички тензии налага поттикнување новинарската заедница да размислува и отворено да дебатира за влијанието што го имаат медиумите за потребата од сензибилизираност за реалноста на мултиетничката заедница. Она што може да се направи во овој контекст е да се укаже на насоките нагласени во Кодексот на Здружението на новинарите, како и во многубројните документи од тој тип на меѓународните организации и асоцијации. На секоја државна заедница, која се повикува на демократијата, потребно и е независно новинарство, бидејќи на политичката партиципација и е неопходна објективна и сеопфатна информација. Бројни се примерите во кои корумпираните елити кои владеат во многу земји, поради егоистични причини, се борат против таквиот развој. Затоа, етиката на новинарството е од централно значење. 2 Квалитативна анализа на медиумското известување за меѓуетничките и меѓурелигиските прашања во Република Македонија, Висока школа за новинарство и односи со јавноста, 2012

Но она што никогаш и во ниту една ситуација не смее да се заборави е дека новинарите имаат одговорност пред јавноста. Искуството учи дека моќните мораат да бидат контролирани. Последица од ова е дека политиката станува или недоверлива кон новинарството или се обидува да ги корумпира и новинарите. Тоа е реалноста. Но и во таква реалност, сепак, демократијата може да живее. Мора да се постигне еден степен на организирана недоверба. Токму деликатноста и суптилноста се украси на новинарската професија. Тие, заедно со чувството за одговорност кон заедницата кое бара постојано да се апдејтува и да сообразува со пулсирањето на спецификите на таа заедница, ја прават убавината на професијата која, со сите искушенија и товари врз нејзиниот грб, е се уште една од најпосакуваните. Со оглед на тоа што една од главните цели на Здружението на новинарите на Македонија е да ги штити и промовира професионалните стандарди за новинарство и слободата на изразувањето, а со цел да обезбеди средства за справување со гореспоменатите предизвици, ЗНМ се обрати кај Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО) за поддршка во рамките на Заедничката програма на Обединетите нации за подобрување на меѓуетничкиот дијалог и соработка. Главната цел на проектот е да се подигне нивото на новинарската професионалност и да се зголеми нивото на соработка помеѓу новинари од различни заднини. Секундарните цели на проектот се да им понуди бесплатна правна помош на сите членови на ЗНМ, како и да се подигне свесноста на новинарите и пошироката јавност за активностите на ЗНМ и Советот на честа. Еден дел од овој проект е и овој Прирачник за етиката во новинарството, којшто ќе служи за потребите на Советот на честа, како и за сите новинари кои внимаваат секогаш да се придржуваат до добрите практики на новинарството кои се врамени во Кодексот на новинарите на Македонија. Овој прирачник, во исто време, е практичен водич низ препорачаните упатства за професионално новинарство во мултиетничка средина, што може да биде драгоцена придобивка и за студентите по новинарство, сопствениците на медиумите и за пошироката јавност, која преку овој прирачник ќе биде во можност да ја препознава добрата журналистика. САМОРЕГУЛАЦИЈА Денес никој нема дилеми дека новинарството и новинарите се чувари на вредностите на едно демократско општество, но што да се прави кога она што се продава како новинарски производ е далеку под сите професионални стандарди? Како да се справиме со игнорирањето на правилата на сопствениот занает од страна на новинарите, уредниците или сопствениците на медиумите? Како да се бориме против корупцијата во сопствените редови? Со други зборови, кој е задолжен да ги чува и контролира чуварите? Прашањето за етиката во новинарството е старо речиси колку и самото новинарство. Уште во 17 век во Германија се дебатира за начините како да се разликува вистината од лагата во тогашните публикации. Денес, дебатата околу доброто и професионално новинарство наспроти пропагандата и злоупотребата на моќта на медиумите во светлината на менувањето на медиумската индустрија, станува се пожестока паралелно со потребата да се најдат одговори на предизвиците на новинарството како јавно добро. Се проценува дека во светот постојат повеќе од 400 кодекси на новинарите кои во многу земји ги дефинираат основните стандарди на однесување. Тие се воедно гаранти за доброто и професионално новинарство и нивното почитување е добар начин да се направи разлика помеѓу оние кои се и оние кои не се новинари. Со запазувањето, почитувањето и промовирањето на кодексот се подобрува кредибилитетот на медиумите во јавноста и тие се доживуваат не само како слободни, туку и како одговорни. Иако самите кодекси варираат од земја до земја, во нив се препознатливи универзални елементи за сите новинари независно од културните, јазичните, националните разлики, а тоа се: почитувањето на вистината и точноста, независноста и чесноста и минимизирање на штетата. Праксата покажува дека одговорното и етичко новинарство никогаш не е резултат на законски решенија и државни прописи, туку на доброволно почитување на кодексот кој е создаден од самата медиумска заедница. Квалитетот на медиумите не може да биде предуслов за нивната слобода, само целосно слободни медиуми можат да бидат целосно одговорни. Проверката и оценката на работата на медиумите врз основа на кодексот и професионалните вредности претставува медиумска саморегулација. Иако сите саморегулаторни тела имаат иста цел да го подобрат новинарството и работата 6 7

на медиумите, начините на кои тоа се прави се разликуваат (совети на честа, совети за печат, омбудсмани во рамките на медиумите или на национално ниво). Целта на саморегулацијата не е да биде цензура или да наметне автоцензура, туку да ги поставува и да ги брани принципите на етичкото, точното, објективното новинарство кое ги почитува човековите права, при што целосно се запазува слободата на уредувачката политика што и како ќе биде презентирано од страна на медиумот. Медиумската саморегулација, со други зборови, претставува механизам кој ја прави рамнотежата помеѓу слободата на медиумите и тенденцијата таа да биде злоупотребена. Во таа смисла, треба да се нагласи дека новинарите треба да имаат секогаш предвид дека механизмите за саморегулација ги утврдиле сите ситуации кои треба да овозможат остварување на принципите на слободата на изразувањето, но, во исто време, никогаш не смее да се заборави дека колку што се поголеми правата, толку е голема и одговорноста на новинарите да не ги злоупотребуваат тие права. На еден семинар на Советот на Европа во 1998 година во Стразбур, покрај законодавството и регуларниот медиумски пазар, саморегулацијата е ставена во редот на најважните инструменти на медиумската индустрија. Укажано е дека саморегулацијата во голема мерка помага во креирањето на стандардите и дека еден таков етички надзор дејствува превентивно и проактивно. Оценето е дека саморегулацијата не само што е неопходна од аспект на медиумите, туку дека е прифатлива и за медиумската публика и за најшироката јавност која реагира на новинарските и медиумските нерегуларности. Собирот во Стразбур донесе заклучок дека медиумската саморегулација е специфична потврда за демократичноста на медиумските системи и им препорача на земјите кои немаат саморегулаторни тела без одлагање да ги основаат. Искуството на Македонија Во рамките на Здружението на новинарите на Македонија отсекогаш постоело тело за саморегулација. Пред 90-тите беше именувано како Суд на честа, а потоа Совет на честа. Неговата основна задача е да се грижи и да ги промовира етичките принципи, критериуми и стандарди на професионалното и одговорно новинарство набележани во Кодексот на новинарите на Македонија кој беше усвоен во 2001 година. Советот на честа се состои од 7 членови кои се избираат од страна на членовите на ЗНМ на Изборно собрание. Искуствата на другите Холандија: Постојниот Совет за медиуми во Холандија е основан во 1960 година, но влече корени уште од 1948 година кога бил формиран Дисциплинскиот совет на Новинарската федерација. Во 1960 година еден инцидент кога е прекршено ембарго за објавување на една вест, резултираше со формирање на Советот за медиуми. Владата не била подготвена овој случај да му го препушти на Дисциплинскиот совет, зашто тој бил надлежен само за членовите на Федерацијата. До тогаш било вообичаено новинарите да го откажат членството во Федерацијата пред да дојде поплаката против нив до Дисциплинскиот совет. Ставот што го зазеде холандската Влада ја наведе Федерацијата на новинарите на Холандија Дисциплинскиот совет да го претвори во Совет за медиуми. Новиот Совет има овластувања да процесира жалби против новинарите без разлика на тоа дали припаѓаат на некоја организација или не, но го загуби овластувањето да санкционира. Во Статутот на Советот е содржана спецификација на она што се подразбира под професијата новинар: Секој оној на кој новинарството му е примарна професија или како вработен или како фриленсер, како и сите оние што го надгледуваат уредувањето или уредуваат содржини во медиумите.... Германија: Советот за медиуми на Германија е основан во 1956 година. Го сочинуваат 4 таканаречени спонзорски организации: Германската асоцијација на новинските издавачи, Германската асоцијација на издавачите на списанија и двата новинарски синдиката. Членови на Советот се новинари и издавачи, иако, понекогаш, издавачките организации делегираат и адвокати. Државата нема место во Советот, ниту пак на кој било начин е вклучена во неговата работа. Сепак, една третина од буџетот за работата на Советот доаѓа од државата како поддршка на заложбите за успешна работа на саморегулаторното тело. Останатиот дел од буџетот го обезбедуваат две новинарски организации. 8 9

Околу 95 отсто од новинските издавачки куќи во Германија го имаат потпишано документот со кој се обврзуваат дека ќе ги објават укорите што ги донесува Советот за медиуми. До крајот на 2008 година Советот одлучуваше за 700-800 жалби годишно, а од 2009 година, откако жалбите можат да се доставуваат и преку Интернет, бројот на жалби порасна на 1.300 годишно. Србија: Формирањето на Советот за медиуми во Србија во 2009 година е поздравен од медиумската јавност во оваа земја како надеж дека конечно ќе се разбере дека во трката за тираж, гледаност и профит постојат правила кои мора да се почитуваат. Советот во Србија има 11 членови кои ги избираат основачите како свои непосредни претставници, а во Советот се избираат и репрезенти на пошироката јавност. Според Статутот на Советот, двете новинарски организации НУНС и УНС именуваат по двајца претставници, тројца именува Асоцијацијата на медиумите и еден Здружението на локалните медиуми. Останатите тројца членови, претставниците на јавноста, се избираат со консензус на јавен оглас. Клучна улога на Советот е решавањето на претставките на граѓаните во однос на објавените информации во медиумите со изрекување јавни опомени. Предвидени се и ситуации Советот да посредува меѓу оштетените поединци и редакциите за да се избегнат судските разрешници на споровите. Босна и Херцеговина: Советот за печат на Босна и Херцеговина има значајна улога во јакнењето на граѓанското општество по пат на нудење опции за заштита на човековите права преку поднесување приговори за неточните, непрофесионални и нецелосни содржини во печатот и онлајн медиумите. Во согласност со принципите на медиумската саморегулација, Советот не може да казнува парично, да суспендира или да затвори медиумски куќи. Потенцијалните спорови меѓу јавноста и медиумите ги решава исклучително со новинарски средства како што се: правото на одговор, објавување исправки, извинување и демант. За сите останати посериозни случаи на кршење на медиумските и човековите права, релевантни се законите за заштита од клевета. Предностите на Советот за печат се брзината и ефикасноста, како и давањето бесплатна услуга на поднесителите на приговорите. Советот за печат во Босна и Херцеговина во својот состав има претставници на медиумите, новинари, но и граѓани. 10 11 ШТО Е СОВЕТОТ НА ЧЕСТА НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА НОВИНАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА? Советот на честа е единственото саморегулаторно тело на новинарите во Македонија. Неговата основна задача е да се грижи и да ги промовира етичките принципи, критериуми и стандарди на професионалното и одговорно новинарство набележани во Кодексот на новинарите на Македонија. Во чиј интерес работи Советот? Доброто или етичкото новинарство е во интерес на јавноста. Тоа нуди информации кои се точни, проверени, балансирани. Таквото новинарство е глас на јавноста. Таквото новинарство не е и не смее да биде партизирано и мора да прави разлика меѓу фактите, коментарот и мислењето - со што практично ќе се разликува од пропагандното новинарство, платеничкото новинарство или од таблоидите - кои задоволуваат некакви други цели или интереси и кои не го почитуваат Кодексот. Со запазувањето, почитувањето и промовирањето на Кодексот се подобрува кредибилитетот на медиумите во јавноста и тие се доживуваат не само како слободни, туку и како одговорни. Во исто време, почитувањето на Кодексот го штити и самиот новинар, бидејќи му дава право да не прифати нешто што не е во согласност со професионалните стандарди и воедно го иззема од судот на другите, оставајќи го на судот на колегите. Кој може да му се обрати на Советот? Секој човек или организација кои се засегнати од појавата на непрофесионално и неетичко новинарство кое не е во согласност со Кодексот, може да се обрати и да поднесе претставка до Советот. Со поднесување претставка за непрофесионални или неточни содржини, граѓаните заедно со новинарите учествуваат во напорите за точна, навремена и професионална информација со што се заштитува слободата на медиумите, слободата на говорот и правото на јавноста на вистина. Што треба да содржи една претставка? Секоја претставка упатена до Советот треба да ги содржи следниве информации: - Каде и кога е објавена содржината на која се жалите (датум и весник во кој е објавена, односно датум и време на објавување доколку се работи за телевизија или радио). Доколку сте во можност пратете и копија на текстот, односно видео или аудиозапис на спорниот прилог; - што во текстот/прилогот сметате дека не е во согласност со професионалните стандарди барајќи демант, дополнување на информацијата, исправка или извинување; - вашата контакт адреса и телефон заради комуникација во процесот на разгледување на претставката.

Како се носат одлуки? Советот по добиената претставка ја контактира редакцијата, односно новинарот за кого станува збор, барајќи од него коментар и објаснување и обидувајќи се случајот да го реши со посредување и објавување на вашата реакција, демант, исправка или со извинување. Доколку не се постигне договор, Советот заседава и го разгледува посочениот прилог, вашата претставка, како и објаснувањето на новинарот и ќе донесе оценка темелена врз стандардите на Кодексот на новинарите на Република Македонија. Постапката се поведува во рок од најмногу 10 дена од денот на пријавата. Советот на честа одлучува полноважно со просто мнозинство, доколку на седницата присуствуваат најмалку 4 членови - советници. Седницата на Советот на честа не е јавна. Кој ги носи одлуките? Советот на честа се состои од 7 членови кои се избираат од страна на членовите на ЗНМ на Изборно собрание. Каде да се испрати претставка? Претставките треба да бидат адресирани до: ЗНМ - ЗА СОВЕТОТ НА ЧЕСТА Градски ѕид блок 13, 1000 Скопје Република Македонија тел: (02) 3298-139 факс: (02) 3116-447 или по е-пошта на една од следниве адреси: sovetnacest@znm.org.mk contact@znm.org.mk Формуларот за претставки е достапен во електронска форма на веб страната на ЗНМ: www.znm.org.mk КОДЕКС НА НОВИНАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА - УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ Слободата на медиумите е една од најважните гаранции за слободата на говорот и таа е обврзувачки елемент за секое општество кое прокламира почитување на цивилните права и слободи. Слободата на медиумите подразбира право на слободна дебата и слободна критика на партиско-политичките, цивилните и приватно-корпорациските чинители. Новинарите се оние кои придонесуваат во реализацијата на правото да се искаже и мислење кое не е во согласност со мнозинството. Како и секој друг граѓанин, новинарот има право на сопствени политички и други ставови, но во спроведувањето на својата професионална задача тој мора да остане објективен. За да ги остварува своите задачи според високите професионални стандарди, новинарите треба да ги почитуваат принципите утвредни во Кодексот на новинарите на Македонија. Во оваа глава на Прирачникот за етиката во новинарството го пренесуваме Кодексот на новинарите со коментари и упатства: Со вистинито информирање новинарите ги бранат ПРИНЦИПИ НА ОДНЕСУВАЊЕ: демократијата и јавниот Слободата на медиумите е неприкосновено право. интерес. Тоа понекогаш е во спротивност со различните групни Основна задача на новинарите е да ја почитуваат вистината и правото на јавноста или индивидуални интереси, да биде информирана во согласност со член 16 од Уставот на Република Македонија. вклучително со интересите Новинарите имаат улога да пренесуваат информации, идеи и мислења и право да на властите, на рекламерите, коментираат. а понекогаш и со оние на сопствениците на медиумите. Почитувајќи ги етичките вредности и професионалните стандарди во пренесувањето на информациите, новинарите ќе бидат чесни, објективни (...) и точни. Право и должност на новинарите е да настојуваат да ја спречат цензурата и искривувањето на вестите. Следејќи ја својата улога во градењето на демократијата и на цивилното општество, новинарите ќе ги бранат човековите права, достоинството и слободата, ќе го почитуваат плурализмот на идеите и ставовите, ќе придонесуваат за јакнење на правната држава и во контролата на власта и на другите субјекти од јавниот живот. 12 13

Новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информирање што се од јавен интерес. Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. До колку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно. Проверката на податоците и точноста се морални императиви на новинарството, затоа новинарот е должен да ја провери информацијата од што е можно повеќе извори, а најмалку два меѓусебно неповрзани извора. 1. Новинарот мора да ја брани слободата на говорот, да ја задржи независноста на своите ставови и да се спротивстави на секој обид за искривување или цензурирање на информациите. Изборот на фактите мора да обезбеди објективна информација и согледување на сите значајни аспекти на темата за која се говори. Потребата од брзина никогаш не смее да ги загрози точноста, кредибилитетот и професионалноста на прилогот. Секогаш треба да се стреми да се задржи оригиналниот контекст на сите цитати или извадоци. Новинарското известување не смее да ја смени смислата на реченицата, изјавата или цитатот. Новинарот треба да обезбеди втора страна, односно да им даде можност на сите засегнати од новинарскиот производ да го кажат својот став. Ова особено во случаи кога новинарот изнесува сомневања или обвинувања или кога некој е предмет на напад и критика. Доколку новинарот процени дека непотврдената информација е од јавен интерес, должен е да ја објави, но со јасна назнака дека станува збор за непотврдена информација. Новинарот може да објави нешто за коешто нема баш докази, ама за кое има доволно индикатори дека е вистина, односно нешто за што постои основано сомневање. Основано сомневање подразбира презентирање на аргументи кои се разумни и кои се индикатор дека нешто е вистина, без да имаме конкретен доказ за вистинитоста. Објавување на информации кои имаат статус на доверливи е можно тогаш кога ќе се утврди дека правото на јавноста да биде информирана е поголемо отколку правото на почитување на причините за доверливост на информациите. Новинарот не смее да прикрива информации ниту тогаш кога тие имаат (негативно) влијание на медиумот во кој новинарот работи или на сопственикот на тој медиум. 14 15 Премолчување и необјавување на податоци кои можат да влијаат на ставот на јавноста е исто што и нивно намерно искривување или свесно манипулирање со јавноста. Насловот или најавата на прилогот мора да одговара на неговата содржина. 2. Ако новинарот е спречен да дојде до бараната информација, тој има право за тоа да ја информира јавноста. Новинарот треба да ја извести јавноста дека е загрозено правото на јавноста да биде информирана. И тогаш кога власта не е должна да одговори, новинарот може и треба да ја информира јавноста дека не добил одговор на прашања за кои проценува дека се од јавен интерес и кога за тоа може да изложи релевантни аргументи. Дебатите, критиките и објавувањето на вестите не смее да биде попречено од страни кои не се подготвени да дадат информации, коментари или да учествуваат во дебати. Затвореноста на институциите, организациите или функционерите не може да биде метод со кој ќе се избегнат темите и прашањата од интерес за јавноста. 3. Новинарот ќе настојува да биде обезбедено објавување на исправка, деманти и одговор во случај кога ќе биде утврдена неточност на информацијата. Моралната одговорност за неточноста на информацијата паѓа на новинарот и затоа е важно тој самиот да влијае и да обезбеди објавување на демант, исправка или одговор во медиумот во кој информацијата е објавена, а чијшто автор е тој. На тој начин новинарот го штити и сопствениот интегритет, но и интегритетот на медиумот во кој работи. Сите грешки мора да се потврдат и коригираат. Признавањето на грешката е доблест, а нејзино прикривање неспоиво со професионалното достоинство. Пожелно е новинарот или медиумот да се извини за грешката.

Генерално треба да се избегнува повлекување на еднаш објавениот материјал на Интернет, а доколку тој се измени или тргне тоа мора да биде јасно назначено. Оние кои биле предмет на напад или критика мора да имаат можност да одговорат пред прилогот да биде објавен, а доколку тоа не е случај и одговорот дојде по објавувањето, тој треба да биде во разумна должина, во релација со темата и во пристојна форма. Одговорот може да се одбие, доколку страната за која станува збор, ја отфрлила претходно дадената можност за презентирање на свои забелешки за истото прашање, без објективни причини. Одговорите не треба да бидат проследени со полемичен редакциски коментар. Вредносен суд и мислење на новинарот не можат да бидат предмет на демант, но новинарската коректност подразбира овозможување на правото на луѓето да дадат одговор во случај кога мислат дека новинарот згрешил. 4. Новинарот ќе го назначи изворот на информациите, но ако изворот бара да остане анонимен, новинарот ќе го заштити. Изворот на информацијата, по правило треба да се идентификува освен кога тоа може да влијае на неговата безбедност или безбедноста на трета страна. Погрешно лоцирање на изворот или измислување на изворот за да се презентираат неточни, нецелосни и недоволно проверени информации се смета за грубо кршење на новинарските стандарди. Новинарот секогаш треба да биде критичен кон изворот и да ги провери доставените информации. Особено внимание треба да се обрне во ситуации кога се користат анонимни извори или кога на новинарот му се нудат ексклузивни информации. Тогаш треба особено строго да се проверат мотивите на доставувачот на информацијата. Доколку новинарот се согласил на анонимност на изворот, тој мора да обезбеди редакцијата тоа и да го почитува, но пожелно е најмалку еден уредник да го знае вистинскиот идентитет на анонимниот извор. Исклучок од правилото за почитување на анонимноста на изворот се ситуации кога новинарот доаѓа до информации за планирано злосторство кога е должен да ги информира надлежните. Важно е новинарот, но и медиумот, со цел да го заштитат својот кредибилитет, да сторат се да ја проверат информацијата и од други независни извори и да го користат анонимниот извор само тогаш кога нема друг начин да се дојде до информација која е од јавен интерес. 5. Новинарот ќе ги почитува законите во државата, но нема да објави или скрие ништо што е спротивно со јавниот интерес. Јавниот интерес вклучува информации кои можат да придонесат за откривање на: криминално дело, злоупотреба на положба од страна на носител на јавна функција, загрозување на демократијата, корумпираност, случаи на неправда, кршење на човекови права, дискриминација, загрозување на здравјето и безбедноста на луѓето, немарност и/или неспособност на јавните функционери. Јавниот интерес, исто така, вклучува информации кои им помагаат на луѓето да донесат одлуки од јавен карактер и го спречуваат заведувањето и манипулацијата со населението со изјави или постапки на поединци или организации. Слободата на говорот е, исто така, јавен интерес. Право и обврска на новинарот е да објавува информации за она што се случува во општеството, да ги лоцира и да ги открие прашањата кои би требало да бидат подложени на критика. Новинарите и медиумите не смеат да попуштат пред каков и да е притисок, од каде и да доаѓа, а чија цел е да се попречат отворени дебати, слободниот проток на информации и слободниот пристап до изворите. 6. Новинарот не смее да го користи медиумот за објавување или прикривање информации за стекнување лична корист. Митото, корупцијата и изнудувањето се неспоиви со новинарската професија. Не смее да се дозволи рекламирањето и другите комерцијални мотиви да влијаат врз слободата на информирањето. Треба да постои разграничување меѓу рекламирањето и новинарскиот текст со илустрација. За елиминирање на корупцијата во својата професија, новинарите на Македонија усвоија Декларација за антикоруптивно однесување како прилог на Кодексот. Новинарите никогаш не треба да информираат за теми и прашања за кои имаат сопствен финансиски интерес и да не ја користат сопствената позиција за стекнување привилегии кои не и се достапни на јавноста. 16 17

Секој вид комерцијално огласување, како и политичката пропаганда кои не се назначени се сметаат за грубо кршење на професионалните стандарди. Под прикриено рекламирање се подразбираат сите пропагандни содржини кои по својата форма и начинот на подготовка личат на автентичен новинарски текст, така што читателот/гледачот не може да ја разликува неговата пропагандна функција од новинарската содржина. Како пример ги посочуваме многуте прилози и текстови за успешните приватни универзитети, новите производи или услуги на одредени компании. Доколку се известува за личности или компании кои имаат сопственички удел во медиумот, тој податок треба да биде наведен од страна на новинарот, односно уредникот, исто како што треба јасно да биде наведено доколку сопственикот на медиумот има удел во компанијата или организацијата за која се известува. Новинарите треба да бидат исклучително внимателни кога изготвуваат информации за одредени претпријатија, производи или услужни дејности и кога користат соопштенија за јавност и други материјали од ПР службите на овие извори или од маркетиншките агенции кои се грижат за овие претпријатија и не смеат да заборават дека основна цел на таквите материјали е да обезбедат бесплатен позитивен публицитет, а не точна, непристрасна и објективна информација. Прилогот треба да биде објавен како резултат на размислувањата и залагањата на редакцијата, а не како возвратна услуга за реклами. Новинарот има право да прими бесплатна книга, билет за спортски, културен или друг настан, но не смее своето известување да го условува со добивање бесплатен билет или книга. 7. Новинарот ќе ја почитува приватноста на личноста, освен кога тоа е во спротивност со јавниот интерес. Новинарот е должен да ја почитува личната болка и жалост. Јавноста има право да знае за работата на институциите и за луѓето кои се избрани да служат на јавниот интерес, но исто така, луѓето имаат право на приватност, а оние кои се обвинети за криминал имаат право на фер судење. Информации за приватниот живот на одредена личност можат да бидат објавени само доколку однесувањето на таа личност во приватниот живот има влијание на јавниот интерес. Во такви ситуации треба да се провери дали објавувањето на информацијата би можело да загрози некоја друга личност. Правото на јавноста да биде информирана не може да биде оправдување на потребата од сензација. 18 19 Новинарот не смее заради атрактивноста на текстот/прилогот да поттикнува неосновани стравови или надежи кај соговорниците, или да манипулира со нивните емоции. Кога известуваат за настани кои предизвикале лични трагедии, болка и шок - новинарите, фоторепортерите и снимателите треба да покажат сочувство, дискреција и обѕир. Информациите за сексуалната определба, здравствената состојба, национална или етничка припадност не смеат да бидат објавени без дозвола, освен доколку постои недвосмислен јавен интерес тоа да биде направено. Треба да се избегнува поттикнување на интересот кај јавноста за графички описи и детали за извршени злосторства или трагедии. Сите податоци говорат дека објавувањето на специфични детали за извршено самоубиство ја зголемува можноста од примена на истиот метод. Фотографии или снимки на починатиот треба да бидат избегнати, како и евентуално оставени писма и пораки. Извештаите треба да водат сметка за семејството на жртвата, да не се зголемува нивната болка, но и да не придонесе кон нивно жигосување. Никогаш не треба да се злоупотребуваат емоциите или чувствата на луѓето, нивното незнаење или неспособност за расудување. 8. Начинот на информирање во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки мора да биде ослободен од сензационализми. Во судските постапки треба да се почитува принципот на пресумпција на невиност, да се известува за сите инволвирани страни во спорот и да не се сугерира пресуда. Кога се известува за несреќи, криминал, или акција на полицијата, медиумите генерално треба да се воздржат од објавување имиња, фотографии или други податоци кои би овозможиле идентификување на жртвите и извршителите. Децата и младите луѓе уживаат посебна заштита. Правото на јавноста да знае мора секогаш да се процени во однос на правото на личноста да ја зачува својата приватност. Жртви на злосторства или несреќи имаат право на посебна заштита на нивните имиња. Воопшто не е потребно да се идентификува жртвата за да ја разберат читателите подобро незгодата или криминалот. Исклучоци се можни само доколку лицето е славно или ако настанот го следат посебни околности. Во случај на луѓе кои индиректно се под влијание на некоја несреќа или кои немаат ништо заедничко со

криминалот за кој се известува, објавување на нивните имиња и фотографии е фундаментално погрешно и неприфатливо. Објавувањето на имиња и/или фотографии на осомничени, обвинети за убиство, сепак, е оправдано ако е тоа во интерес на решавање на злосторството или ако кривичното дело е извршено во јавноста (на пример, кога полицијата објавува име на сериозен криминалец кој е во бегство). Во случаи на официјални лица или политичари дозволено е објавување на имиња доколку кривичното дело е поврзано со функцијата. Истото се однесува на познатите личности доколку делото за кое се осомничени е во спротивност со јавниот имиџ што го имаат (на пример, кога прочуен борец за правата на децата е педофил и сл.). Имињата и фотографиите на исчезнати лица можат да бидат публикувани, но само во договор со семејството и надлежните органи. Особено треба да се внимава на пресумпција на невиност при известување за настани поврзани со криминал или при известување од судење. Со други зборови, обвинетиот не смее да се прогласи за виновен пред тоа да го направи судот. Новинарите имаат обврска да го заштитат приватниот живот на обвинетиот, неговиот интегритет и достоинство и да не ги базираат извештаите врз основа на претпоставки за вина или невиност. Етички коректно е да се објави судската пресуда за постапки за кои претходно е информирано. 9. Н овинарското известување не смее да биде начин за општествено казнување на осомничените и нивно ставање на столбот на срамот. Новинарот не смее да интервјуира или фотографира деца под 16 години без согласност од родителите или старателите, освен ако тоа не е во согласност со правата на детето. Истото се однесува и за лица со посебни потреби, кои не се во состојба свесно да расудуваат. 20 21 Третирањето на децата во медиумите, освен во новинарскиот Кодекс, е регулирано и со Конвенцијата на ОН за правата на детето, како и со општоприфатените стандарди кои наложуваат дека е строго забрането манипулирање со детските емоции, инсистирање на повторно преживување на траумата и објавување идентитетот на детето. Објавувањето или недоволната заштита на идентитетот на малолетниците (интервју со роднините, снимки од куќата или непосредното окружување ), информирањето за детали од злосторството, особено доколку станува збор за такви деликатни случаи како што е сексуално и семејно насилство, секогаш ја изложува жртвата на уште поголема траума и ја зголемува трагедијата. Одговорноста за таквото повторно трауматизирање е директно кај новинарот и медиумот кој го прави тоа. Информациите добиени од лекари, социјални работници, воспитувачи, наставници или роднини кои директно или индиректно упатуваат на идентитетот на малолетникот, не смеат да бидат објавени. 10. Новинарот нема свесно да создава ниту да преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација врз која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка...). Обврска на новинарите и медиумите е да ги заштитат поединците и групите од неправда и дискриминација извршени од страна на јавни органи и институции, од приватни претпријатија или од кој било друг. Етичкиот и професионалниот Кодекс на новинарите им налага посебна одговорност за јавно искажаниот збор. Нивните ставови се важни фактори во обликувањето на јавното мислење поради што говорот на омразата е неспоив со новинарската етика. Медиумот и новинарот не треба да објавуваат материјал (информација, слика, мислење, коментар) кој има за цел да шири непријателство или омраза, или ако постои голема веројатност дека објавениот материјал ќе предизвика непријателство или омраза спрема некого поради неговата раса, етничка припадност, пол, вера, политичка припадност, сексуална ориентација, физички недостаток итн. 11. Новинарот ќе се придржува и на општоприфатените општествени стандарди на пристојност и почитување на етничките, културните и религиозните различности во Македонија (...). Наведување на етничка, национална, политичка, родова или сексуална припадност е дозволено само ако тоа е важно за целосното разбирање на приказната. Новинарот мора да биде свесен за етничките, културните, религиозните, сексуалните чувствителни теми и да ги третира во согласност со тоа. Новинарот мора да биде свесен за последиците и ефектите од неговите зборови, мора да внимава на нивниот

избор и не смее да навредува или да исмејува. Професионалниот новинар никогаш нема да зборува за личности врз основа на стереотипи и предрасуди за расата, полот, возраста, религијата, етничката припадност, сексуалната ориентација, телесниот недостаток, физичкиот изглед или социјалниот статус. Јазикот на новинарите секогаш треба да биде одмерен и неутрален, наспроти оној што нуди готови заклучоци и судови и е, или се граничи со говорот на омраза. Секогаш треба да се избегнуваат фрази кои во себе носат шовинистички, сексистички или какви било други дискриминаторски конотации. Новинарот е одговорен и за искажаното од страна на соговорниците, бидејќи преку него тие ставови добиваат јавност, затоа е должен да ги парафразира или да се огради од навредлив јазик, промовирање на стереотипи или дискриминација. Кога се информира за етнички групи, новинарот не смее да заборави дека тие се составени од поединци со различни ставови и искуство и не смее да ги генерализира. 12. Плагијаторството е неприфатливо. Цитатите не смеат да се користат без да се нагласи изворот или авторот. Н икогаш не треба да се презентира од само една гледна точка или аспект кога се третираат теми кои ги засегаат културните, етничките, политичките, сексуалните и други различности. Непочитување на авторски права се смета за грубо кршење на етичките правила. Доколку информацијата е преземена или парафразирана од друг медиум, авторско дело или истражување, изворот мора да биде наведен, во спротивно станува збор за плагијатор, а не за новинар. Доколку на текстот или прилогот работат повеќе новинари или соработници тоа треба да биде наведено. Обврска на новинарот е при известувањето директните мислења да ги објави во цитати. Директните наводи/цитатите мораат да бидат точни, а евентуалните промени да бидат ограничени на фактички грешки. Новинарите немаат обврска за авторизација, но доколку се согласат, интервјуираниот нема право да ги менува новинарските прашања, смислата и контекстот на своите одговори. Фотографиите мораат да бидат потпишани со име и презиме на авторот и не смеат да се отстапуваат на трети лица без одобрение на авторот. 13. Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот. Новинарите имаат право на свое мислење, став и вредносен суд, но не смеат сопственото мислење да го камуфлираат како факти. Мора да биде јасно разграничено што се факти и информации, а што коментар, претпоставка или став на авторот за да се одбегне дезинформирање и манипулирање со публиката. 14. Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите, треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти. Критичко следење на политичките процеси и употребата на политичката и економската моќ се главни обврски на медиумите. Пропагандата за одредена политичка партија или опција е неспоива со новинарската професија. Соопштенијата на политичките партии или други групи и организации мораат да бидат јасно означени, а нивната редакциска обработка не смее да ги менува фактите, контекстот и смислата. Партиска или идеолошка заднина на информацијата не смее да влијае на одлуката за нејзино објавување. 15. Новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката. Неспоиво со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста. Новинарот мора да ги има на ум моралните стандарди на публиката на која и се обраќа. Новинарот не треба да користи непримерни, вознемирувачки или порнографски содржини во својата работа. Овој принцип, секако, не би требало да го детерминира или ограничи на каков било начин правото на авторот да го избере својот сопствен стил на изразување, се додека тој не е навредлив и непримерен за публиката.. 22 23

16. Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различноста на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги. Во својата работа новинарите треба да настојуваат да одржат баланс помеѓу чесна конкурентност и професионална солидарност. Ниту новинари, ниту уредници не би смееле да си дозволат да се пресметуваат со свои колеги преку сопствените медиуми. Таквото однесување не само што го намалува нивниот интегритет и достоинство, туку ја урива репутацијата на новинарската професија воопшто и ја намалува довербата на јавноста во медиумите. Во решавањето на споровите со своите колеги, новинарите треба да му се обратат на Здружението на новинарите. Новинарот е особено должен да ги брани колегите кои страдаат поради своите професионални активности. 17. Новинарот има право да одбие работна задача доколку е во спротивност со принципите на овој Кодекс. Новинарот може да се спротивстави на работодавачот и да не изврши задача која од него бара да ги погази професионалните стандарди и за тоа да ги информира Здружението на новинарите, Синдикатот, сите релевантни медиумски организации, но и јавноста. НАЈЧЕСТИ НЕПОЧИТУВАЊА НА КОДЕКСОТ Советот на честа на ЗНМ, сите негови состави досега, во досегашната пракса разгледувале и се произнесувале по многу претставки за работата на новинарите во Република Македонија. Одлуките на Советот на честа на ЗНМ денес претставуваат референтна база на случаи кои можат да послужат како добри показатели за најчестите непочитувања на Кодексот на новинарите. Во оваа глава ги издвојуваме најкарактеристичните одлуки од досегашната работа на Советот со наведени членови од Кодексот и примерите за нивно непочитување. 1. Објавување на непроверени, неточни информации, имиња, податоци, возраст, како и тенденциозно информирање Пример: Во еден текст се обвинува фирма дека добила наместен тендер, при што се цитираат изјави на претставници на фирмите кои не го добиле тендерот. Два дена подоцна, во истиот весник е објавен демант на информацијата и се покажува дека посочената фирма воопшто и не учествувала на тендерот, ниту пак го добила. Но и покрај демантот, други медиуми ја прифаќаат неточната информација како факт врз кој градат понатамошни приказни. Во информацијата за проблем во едно училиште, името на директорката во секој медиум беше различно наведено: Виолета, Весна, Драгица... Информирајќи за трагичен настан на кој сведок е едно дете, возраста на детето и 3 дена по настанот во различни медиуми различно се наведува, некаде 4, а некаде 10 години. Во информација за уапсено лице се наведува дека уапсениот е вработен во времето кога одредена партија е на власт што е тенденциозно насочување на негативното внимание како своевидна политичка пресметка. 2. Непочитување на приватноста и болката (информации за здравствена состојба, се задира во приватност на обични луѓе, се објавуваат графички фотографии на жртви на несреќи, се објавуваат имиња на самоубијци, па дури и претпоставки за мотивите на таквиот чин) Пример: При една тешка сообраќајна несреќа во која загинаа мајка и ќерка, државјани на Република Србија, јавноста имаше можност да види снимки на изгорени човечки тела кои со лопати биле тргани од патот. Снимки на телата на 24 25

удавените туристи од Бугарија, кои загинаа при потонувањето на бродот Илинден во Охрид, беа именувани како ексклузивни и телевизиите се натпреваруваа колку подетални глетки на загинатите ќе покажат. Кога 19-годишната кумановка Д.С. решила да си го одземе животот, цела Македонија преку телевизиите, а утредента и во весниците, имаше можност да го дознае нејзиното полно име и презиме, да ја види нејзината слика, па дури и да чуе за можните мотиви поради кои девојчето прерано замина. КАКО ДА СЕ ИЗБЕГНАТ ГРЕШКИ Додека си на терен /известуваш/ ја создаваш сторијата: ffпрашај го изворот, луѓето со кои зборуваш и имаш намера да ги цитираш, парафразираш, точно да ти го кажат името, функцијата и сите податоци кои се релевантни за сторијата. Утврди ги имињата и податоците и за луѓето кои се споменуваат во приказната. ffснимај или запишувај додека интервјуираш. ffпоткрепи ги сите тврдења со релевантни извори. Не прифаќај да бидеш само пренесувач на изјави и држач на микрофон. ffзачувај ги сите линкови и се што ти помага во истражувањето. 3. При информирање за злоупотреба на малолетници - објавување на имиња или непроверени информации за дете, но и за осомничениот сторител, иако делото не е потврдено. Фотографии, снимки и имиња на децата жртви. Пример: Една телевизија со национална концесија, известувајќи за нов случај на насилство и негрижа врз дете во струшкото село Лабуништа, не му одолеа на сензационалистичкиот порив - да ја интервјуира мајката на жртвата, да ја сними куќата каде што жртвата се наоѓа, надворешноста и внатрешноста на домот, но и самото девојче снимено од зад грб, со што практично за сите кои живеат во тоа место го откри нејзиниот идентитет. Исто така, многу често, медиумите влегуваат во неверојатно детално опишување на настанот што го карактеризираат како злоупотреба на дете, при што, името на човекот за кој постои сомневање дека е извршител, веднаш, без дилема, се објавува, а новинарот влегува во улога на судија, иследник, не ретко и психијатар, па ги анализира мотивите, а ги открива и намерите. Извадок од еден таков прилог: Вчера околу 16 часот во кочанското село Мородвис, 37-годишниот (наведено полно име и презиме ) нападнал две малолетни девојчиња и ги лишил од слобода со намера да изврши противполов блуд. 11- годишната И... и нејзината 10-годишна другарка Д... си играле во една од собите во недовршената 26 27 семејна куќа на Ивана, кога В... влегол преку прозорецот и со јаже ги врзал за стол во кујната, нанесувајќи им лесни повреди на рацете (...). 4. Непочитување на правилото за пресумпција на невиност. Често полициските обвинувања или соопштенија се единствен извор на податоци, а зборот осомничен не се нагласува, па се стекнува впечаток дека лицето за кое се информира е виновно. На тој начин медиумите пресудуваат и пред да заврши судската постапка Пример: Речиси сите медиуми ја објавуваат информацијата дека битолската полиција го уапсила 32-годишниот (полно име и презиме) поради продажба на дрога. При тоа, многу медиуми некритички ја пренесуваат информацијата добиена од полицијата и објавуваат дека е уапсен главниот наркодилер, со што фактот дека станува збор само за осомничен е заборавен. Често за медиумите полициското обвинување не е сосема доволно, па заедно со полниот идентитет на личноста додаваат квалификации како крал на подземјето, монструозен педофил, локален манијак и слично. Вакви примери има многу. 5. Навредувачки говор и стереотипи за малцински или за чувствителни групи Примери на наслови или најави во македонските медиуми: Македонците не сакаат наркомани, пијаници и педери!, Вехабии тепаа полицајци и педери!, Педери си посвоиле момче!, Се молат Ромите да не прават цигански работи!. КАКО ДА СЕ ИЗБЕГНАТ ГРЕШКИ Пред да ја предадеш сторијата/ извештајот провери ги: ffимињата ffфункциите ffброевите ffлокациите, топонимите ffточноста и потеклото на изјавите ffдефинициите ffграматичките и правописните грешки Не ретко во известувањата за извршени криминални дела се наведува националноста на извршителот што ги јакне стереотипите и предрасудите за таа заедница. Па така, во прилог на една телевизија во кој се пренесува веста за апсењето на лицата осомничени за напад на тројца ракометари во Унгарија, сосема непотребно беше наведен пода-

токот дека осомничените напаѓачи се од ромска националност. Исто така, во текст со наслов Деца просјаци вратени во Албанија, еден весник го наведува податокот за националната припадност на децата, како и констатацијата дека најчесто такви деца, не само што просат, туку се и потенцијални извршители на криминални дела. 6. Говор на омраза и нетолеранција кон припадниците на другите етнички заедници, кон политичките противници и оние што мислат поинаку Пример: Под превезот на научен и историски пристап, медиумите го пренесуваат говорот за Гегите (Албанците) како криминогена нација која била доселена за да врши терор и насилство врз словенскиот елемент за да не може да крене бунтови и востанија. Во контактни емисии на гледачите и на слушателите им се дава простор да соопштуваат радикални ставови за припадниците на другите заедници, за политичките противници или за оние што мислат поинаку. Поделбите и етикетирањата на патриоти и предавници со списоци за отстрел со изрази од типот: секој Македонец би се засрамил од тој чин, тврдењето своите капацитети и ги стави на располагање на грчката амбасадорка, се примери на нетолеранција, поттикнувачки и говор на омраза кој е непримерен за професионалното новинарство. ПРИНЦИПИ НА НОВИНАРСТВОТО Светската библиографија на печатени и електронски наслови со препораки за добро новинарство е исклучително богата и разновидна. Како дел од концептот за овој прирачник, неговите автори се одлучија да ги пренесат Принципите на новинарството 3 утврдени од страна на Истражувачкиот центар за добро новинарство Пју од Вашингтон, САД. 1. Првата обврска на новинарите е вистината Во основата на демократските заедници е нејзините граѓани да имаат пристап до веродостојни и точни факти ставени во разумен и разбирлив контекст. Новинарството е еден од инструментите кои го овозможуваат тоа. Новинарите не се во потрага по вистината во апсолутна и филозофска смисла, туку во потрага по вистината во практична смисла. Таа новинарска вистина е процес кој започнува една од постапките на професијата која подразбира прибирање и верификација на фактите. Новинарите треба да се колку што е можно потранспарентни во однос на тоа кои извори и методи ги користат. Тоа ќе и овозможи на публиката да формира сопствена проценка на информацијата. Дури и во светот на мноштво од мислења, точноста е темелот врз кој потоа се гради целата новинарска приказна - контекстот, толкувањето, коментарите, критиката, анализата и дебатите. 2. На прво место се граѓаните Додека медиумските компании се одговорни пред основачите или акционерите, па дури и во одредена смисла и кон комерцијалните партнери (рекламерите), новинарите се единствено лојални кон граѓаните и кон поширокиот јавен интерес. Оваа посветеност кон граѓаните е основа и за кредибилитетот на медиумот. Оваа обврска кон граѓаните претпоставува дека новинарите се репрезентативен примерок на сите структури на заедницата. Игнорирањето на одредени групи граѓани е првиот чекор кон нивно исклучување од заедницата. Искуствата на модерната медиумска идустрија потврдуваат дека градењето на довербата врз основа на лојалноста кон граѓаните, се рефлектира и во финансиските придобивки за медиумската компанија. Во таа смисла, сопствениците или акционерите во медиумите треба да ја негуваат лојалноста на новинарите кон граѓаните. 28 29 3 Pew Research Centre for Excellence in Journalism, Washington, USA (journalism.org)

3. Верификацијата на фактите е во срцето на новинарството Новинарите се потпираат на една од најсуштествените постапки во нивната работа - верификација, односно проверка на информациите. Кога се појави концептот за објективност во професијата, тоа не подразбираше дека новинарите се лишени од предрасуди. Но, објективноста и избалансираноста се неопходни за да не се доведе во прашање точноста на информацијата заради културните и личните предрасуди на новинарите. Методологијата е објективна, а не новинарот. Потрагата по колку што е можно повеќе очевидци, колку што е можно посоодветни извори, отворање можности за мислења на повеќе страни, се постапки кои ги демонстрираат стандардите на објективното новинарство. Овие инструменти на верификација и проверка, го издвојуваат новинарството од другите начини на комуникација, како што се пропагандата, фикцијата или забавата. 4. Независност од оние за кои се известува Независноста е суштински предуслов на новинарството, основа за новинарската веродостојност. Независноста на духот и на мислата, заедно со новинарската позиција на неутралност, се принципите во фокусот на новинарството. Застапувајќи ја независноста и неутралноста, новинарите не треба да ја преминат линијата која ќе ги одведе во ароганција, елитизам, изолација и нихилизам. 5. Независноста како огледало пред центрите на моќ Новинарството има капацитети и потенцијали да биде куче чувар пред оние кои поседуваат моќ и оние чие дејствување во најголема мерка влијае на граѓаните. Новинарите имаат обврска да ја негуваат оваа позиција и да не ја злоупотребуваат за лични или за нелегални комерцијални цели на медиумската компанија. 6. Новинарството обезбедува простор за јавна критика и компромиси Новинарските гласила се платформа за јавна дебата и оваа одговорна улога е во основата на граѓанските привилегии. Јавната дебата е неопходност за заедницата, особено кога таа е заснована врз факти, е не врз предрасуди и претпоставки. Дебатата треба подеднакво да обезбеди простор за различни гледишта и интереси, како и да ги стави тие гледишта и интереси во контекст, а не да ги нагласи конфликтите на дебатата. Точноста и вистинитоста бараат од оние што го формираат јавното мислење секогаш да го имаат предвид заедничкиот интерес. 7. Она што е важно да биде интересно и релевантно Новинарскиот израз има цел. Тоа е повеќе од собирање и каталогизирање на информациите. Заради сопствениот опстанок, новинарството мора да балансира меѓу она што публиката знае дека го сака и она што истата таа публика не може да го предвиди, а е битно за неа. Ефектот на една новинарска сторија е предодреден од вниманието што публиката и го посветува и од степенот на просветувањето од неа. Во таа смисла новинарите мора постојано да се прашуваат која информација има поголема вредност и кој е најдобриот начин таа да биде пласирана. Новинарството кое се раководи од јавниот интерес секогаш е придобивка за доброто на заедницата, додека пак новинарството во чиј интерес се тривијалните и безначајни информации станува еден од генераторите на тривијалните општества. 8. Вестите треба да бидат комплетни и пропорционални Настојувањето вестите да бидат пропорционални во однос на нивното значење е, исто така, во основата на трагањето по вистината. Новинарството е како картографијата: тоа создава мапи кои на граѓаните им помагаат успешно да се снаоѓаат во општествените системи. Дувањето на настаните заради сензационализам, потценувањето на другите извори, стереотипизирањето и несоодветниот негативен став, не создаваат веродостојни мапи. Мапите треба да ги вклучат вестите за сите во заедницата, а не само за оние кои се демографски, или од некои други причини, доминантни. За да се постигне тоа, неопходна е и афирмацијата на различноста во редакциите. 9. Новинарите мора постојано да ги вежбаат нивната лична совест и чувството за добро и лошо Секој новинар мора да поседува лична етика и одговорност - сопствен морален компас. Секој новинар мора да биде подготвен, ако тоа го бараат новинарскиот ферплеј и точност, да им дава шанса на разликите. Медиумите треба да ги негуваат независноста на мислењето и слободата на изразувањето на тоа мислење и да ги охрабруваат новинарите да го прават тоа. За да се разбере едно изразито мултикултурно општество какво што е нашето, стимулирањето на различноста е неопходност. 30 31

НОВИНАРИТЕ ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА Тргнувајќи од Кодексот на новинарите на Македонија и водејќи се од основните принципи за објективно, непристрасно и вистинито известување, како и од Уставот на Македонија и начелото дека новинарите треба да бидат коректив на власта, право и обврска на новинарот е да се бори против злоупотреба и корупција во својата работа и пошироко во општеството. ПРИЛОГ КОН КОДЕКСОТ НА НОВИНАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА Секој подарок или услуга што може да влијаат врз објективното информирање се смета за корупција. Секое искористување на новинарската професија, функцијата, јавното овластување и службената должност и положба, за создавање каква било корист за себе или за друг субјект, се смета за корупција во новинарството. Како можни извори на корупција се сметаат: носители на јавни функции, избрани и именувани функционери, стопанственици, политички партии, образовни, здравствени, верски, спортски и културни организации, владини и невладини организации, медиумски куќи и поединци. За директна корупција се смета давање, примање и изнудување незаконска материјална или друга добивка за остварување корист за новинарот или за медиумот. За индиректна (скриена) корупција се сметаат: организирање патувања, семинари, советувања. Протежирање на одредени новинари и редакции како придружба на официјални делегации, како и давање услуги и средства под повластени услови со цел придобивање на новинарите за премолчување на релевантни факти за јавноста, како и за позитивни и афирмативни текстови. Изнудување материјална и нематеријална добивка од страна на новинарот со уцена да објави или не одредена информација која може да му наштети на одреден субјект, исто така, се смета за корупција. За елиминирање на корупцијата во својата професија, новинарите на Македонија се залагаат за следниве принципи: Новинарскиот еснаф се спротивставува на обидите за поткуп и корупција на своите колеги и јавно ќе ги посочи таквите случаи, доколку ги има. Се бори за искоренување на корупцијата во сопствените редови. Ја смета за неспоива работата на новинарот со каков било политички ангажман. Се залага за спречување на дискриминацијата на државните органи кон медиумите. 32 33

Се залага за транспарентност на сопственоста и финансиското работење на медиумите. Инсистира на доследна примена на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер. Соработува со релевантни организации и институции, медиуми, невладиниот и приватниот сектор, домашни и странски независни експерти и меѓународната заедница. Имајќи го предвид социјалниот статус на новинарите во Македонија и аналогно на тоа лесната можност за подложност на мито и корупција, секој новинар треба да се запраша што се бара од него за возврат кога ќе му се понуди подарок, патување или друг вид погодност и услуга. Еснафот ќе се огради од новинарот кај кого ќе биде докажано коруптивно однесување и јавно ќе го осуди. Секој новинар и медиум што се придржуваат кон овие одредби ја уживаат поддршката на професионалната организација. ЗА ГОВОРОТ НА ОМРАЗАТА Етичкиот и професионалниот Кодекс на новинарите им налага посебна одговорност за јавно искажаниот збор. Нивните ставови се важни фактори во обликувањето на јавното мислење, поради што говорот на омразата е неспоив со новинарската етика. Новинарот нема... да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација врз која било основа (Член 10 од Кодексот на однесување). Тоа значи дека медиумот и новинарот не треба да објавуваат материјал (информација, слика, мислење, коментар) кој има за цел да шири непријателство или омраза, или ако постои голема веројатност дека објавениот материјал ќе предизвика непријателство или омраза спрема некого поради неговата раса, етничка припадност, пол, вера, политичка припадност, сексуална ориентација, физички недостаток итн. Меѓутоа, постојат доста дилеми околу дефинирањето на поимот говор на омраза што доведува до тоа тој или да не биде препознаен или пак да се девалвира со што јавноста нема да го препознае како опасен. Постои тенденција секоја појава на навредлив говор или јавно манифестирање на некултура и нетолерантност кон поинаквото, најчесто, политичко мислење, да се нарекува говор на омраза со што терминот девалвира и ја губи смислата. Од друга страна, сосема јасни изрази на говор на омраза се дефинираат само како силен емотивен изблик на патриотизам или манифестација на развиеното национално чувство, што повторно резултира со девалвирање и обесмислување на оваа опасна појава во јавниот дискурс. Но најчесто оние што го користат говорот на омразата се обидуваат да го прикажат како слобода на изразувањето. Затоа за секој новинар е важно да знае дека слободата на говорот оди само до таму додека не ги загрозува слободата, правата или физичката безбедност на другите луѓе, општествени групи или поединци. Иако не постои една единствена дефиниција за тоа што е говор на омраза, сосема е можно да се дефинираат некои основни негови претпоставки. Генерално се смета дека говор на омраза е секој говор што има за цел да навреди, понижи, исплаши или да поттикне на насилство или штетна акција против одредена личност или група врз основа на нивната политичка, расна, социјална, полова, сексуална или некоја друга различност. 34 35