ЉУБОВТА ЗА АНА ЕКСКЛУЗИВНО ИЗДАНИЕ

Similar documents
A mysterious meeting. (Таинствена средба) Macedonian. List of characters. (Личности) Khalid, the birthday boy

Март Opinion research & Communications

Leila, the sick girl. Sick girl s friend. (Наставникот) Class teacher. Girl with bike rider (Девојчето со велосипедистот) (Велосипедистот)

ИЗДАВАЧКА КУЌА ХАРТ БУКС ПАБЛИШЕР

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

Пред улица Јамајка Саманта Јанг

Структурно програмирање

Бенјамин Штајн ПЛАТНО

Редни броеви (или песни со посвета)

А што по бакнежот? Лорен Лејн. ИЗДАВАЧКА КУЌА САКАМ КНИГИ

ДРУГИ ЉУБОВНИ ПРИКАЗНИ

Миљенко Јерговиќ МАМА ЛЕОНЕ

Збогум, најмила. Кристин Хана. Ова издание е финансирано и поддржано од Министерство за култура на Република Македонија

Темјанушки во март Сара Џио

Снежана Букал. Тајната на детето Иво

За обуката ВОВЕД ВО НОВИОТ ПРЕДМЕТ

Преземање сертификат користејќи Mozilla Firefox

ИЗДАВАЧКА КУЌА САКАМ КНИГИ.

ОЛИВЕР СЕРАФИМОВСКИ ГО ВДИШУВАШ МОЈОТ ЗБОР

Ова издание е финансирано и поддржано од Министерство за култура на Република Македонија

ВиГ ЗЕНИЦА Видое Смилевски-Бато 85/1-14 Скопје Upotreba čoveka Белград, Нолит, 1980

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

ГОСПОДИН НЕОДОЛИВ. Сузан Елизабет Филипс. ИЗДАВАЧКА КУЌА САКАМ КНИГИ

Copyright за македонското издание Издавачка куќа Сакам книги, 2011 Сите права обезбедени и задржани во договор со DARLEY ANDERSON BOOKS

Kратки и горко-слатки, инспиративни и мотивациони приказни за најважните работи во животот

Песната на речните птици Лиса Вингејт

Margina #19-20 [1995] okno.mk 1

На раб на лудило Б. А. Парис

ОТВОРЕН РАЗГОВОР ЗА ГРИЖИТЕ. Христијанска Црква Оаза во Република Македонија

Учењата на Исус Христос во

Зима со мирис на капини Сара Џио

Смислата на учењето на класичните јазици денес

Сите права обезбедени и задржани во договор со Susan Elizabeth Phillips c/o The Axelrod Agency

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ПРИРАЧНИК ЗА РАБОТА СО МОДУЛОТ ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ПРЕКУ ПОРТАЛОТ НА ФЗОМ

Станислав Игнаци Виткевич НЕНАСИТНОСТ

Copyright of the translation S. Fischer Foundation by order of TRADUKI

Вовед во мрежата nbn. Што е тоа австралиска nbn мрежа? Што ќе се случи? Како да се префрлите на мрежата nbn. Што друго ќе биде засегнато?

Жан Калвин ( )

УПАТСТВО. Како да започнам со користење на сертификат издаден на Gemalto IDPrime PKI токен во Mozilla Firefox?

ПРАВИЛНИК ЗА СОДРЖИНАТА И ФОРМАТА НА ДИПЛОМАТА И ДОДАТОКОТ НА ДИПЛОМАТА И ДРУГИ ИСПРАВИ ИЗДАДЕНИ ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ

тим: Секулоска Вероника, Наумоска Ана, Балоска Ивана, Ристеска Георгина

Првиот последен бакнеж Али Харис

Биланс на приходи и расходи

Биланс на приходи и расходи

Издавачка куќа Готен Пролет 25, Скопје

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

Коисмение.Штозначиме.

Маргарет Атвуд ПРИКАЗНАТА НА РОБИНКАТА

Упатство за инсталација на Gemalto.NET токен во Mozilla Firefox

ПОВРЗАНОСТА НА НАРУШУВАЊЕТО ВО ОДНЕСУВАЊЕТО НА ДЕЦАТА И УСЛОВИТЕ ЗА ЖИВОТ ВО СЕМЕЈСТВОТО

Најдобриот настан што може да се раскаже

YEARS. Правата на едните и другите деца. by Васка Бајрамовска Мустафа OF THE CONVENTION ON THE RIGHTS OF THE CHILD

К А Т А Л О Г. mon. monteco СТАНБЕНО ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТ Г.П РАСАДНИК. company

Нина Шуловиќ-Цветковска Дориан Јовановиќ

Петти состанок на Локалната советодавна група Записник од состанокот

Сакај го своето срце. Брз водич што ќе ве поддржи додека закрепнувате од срцева болест. Во болница. План за закрепнување. Заминување од болница

КОНКУРС. За запишување студенти на факултетите на Универзитетот на Југоисточна Европа во академската 2012/2013 година

Сите сме. деца на овој свет: Како со учениците да се разговара за бегалската криза

КОЛЕКЦИЈА РАЗНОЛИКОСТ

на јавната свест за Архуска конвенција и еколошкото законодавство на Европската Унија

СЕЕМО / SEEMO. SafetyNet прирачник. S E E M O SafetyNet прирачник Насоки за новинарите. Насоки за новинарите во непредвидени/вонредни состојби

Ајде да одиме на работа. Текст: Илустрации: Брунел Марјан. Ауде. Манчек

Сопственик на свињарска фарма од Централната Долина

Ме боли (за) Струга. Диспозиција на културата во просторот и времето. Струга, реалност, илузија или визија.

Преземање сертификат користејќи Internet Explorer

Dear Parents/Guardians,

Во овој број ќе читате: Детска недела. Меѓународен ден на Старите лица. Ден на гладта. Проекти. Инфо. Млади писатели. Дали знаеш? Бонка.

СОДРЖИНА. 41.Кратка Биографија за Авторот

а) Сексуално и репродуктивно здравје - Пристап до информации - Лица со оштетен вид и слух - Македонија - Истражувања

Преглед на државите во Западна Африка

СПУГД. Еден од тројца млади секојдневно се среќаваат со говор на омраза

ИДЕНТИТЕТ СО ЦЕНА: ПОТРОШУВАЧКАТА И ПОЛИТИЧКАТА ЕКОНОМИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

Развојот и примената на UBUNTU оперативниот систем

ВОДИЧ ЗА НОВИНАРИ ЗА ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

ВРВЕН КВАЛИТЕТ Сите наши возила се увезени директно од Германија, со детална и комплетна документација и 100% гаранција на поминати километри.

ПОГУБНОСТА НА ИДЕНТИТЕТОТ ВО ЕСЕИТЕ

ЖИВОТОТ Е ДОБАР АКО НЕ СЕ ОТКАЖУВАШ

ABOUT THE ISLANDS IN THE REPUBLIC OF MACEDONIA

Health South Eastern Sydney Local Health District

УПАТСТВО. Kористење безбедно средство за електронско потпишување на Gemalto (PKI Smart Card и PKI Token)

THE CONCEPT OF NARRATIVE IDENTITY IN PAUL RICOEUR AND ITS APPLICABILITY ON MARCEL PROUST`S WORK

КЛУЧНИ ДВИГАТЕЛИ ВО ПОТРЕБИТЕ ЗА ОПТИМАЛНИ ОДРЕДБИ ЗА ПОСЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ: АНГЛИСКА СТУДИЈА

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

Хомеопатски информатор

ДА ГИ ОТВОРИМЕ УЧЕБНИЦИТЕ: ОТВОРЕН ПРИСТАП ДО УЧЕБНИЦИТЕ ЗА ОСНОВНО И СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ

Таков сум - каков што сум: Не безгрешен, туку грешен, Гладен, страден, безутешен. Таков сум - како што сум, Немирен и смирен, недопирен,


Vol. 1. Образовна извидничка младинска програма РАЗВИГОРЕЦ ПРИРАЧНИК ЗА ВОДАЧ НА ЈАТО

Прирачник за адвокатски вештини за одбрана во кривичната постапка

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

ISUZU D-MAX SINGLE (2 ВРАТИ + ПИКАП ПРОСТОР ЗА ТОВАРАЊЕ) OПРЕМЕНОСТ МЕНУВАЧ ЦЕНА СО ДДВ

Цркви ширум светот. Аламова Христијанска Нација ОГНЕНИ КОЧИИ. од Тони Аламо. минатото во војни, за трки бидеме спасени. Всушност,

THE ASSEMBLY SPONTANEOUS ASSOCIATIONS

Манго за дедо. Текст: Каролин Худикор Илустратор: Исмер Сенкилус. Манго за дедо

Zaedni~koto u~ewe e zabavno! Kako malite deca go u~at angliskiot jazik kako drug jazik

Семејството и заедницата

Зависност на децата од Интернет. Наташа Стојковиќ, Александра Стојанова, Душан Биков и Габриела Шутева 1

Водич на мислителot за ЛОГИЧКИ ГРЕШКИ

consultancy final presentation conceptual presentation of proposals projects Feasibility Cost Study for converting space

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП. Факултет за образовни науки. Втор циклус студии Социјална педагогија

Transcription:

ЉУБОВТА ЗА АНА ЕКСКЛУЗИВНО ИЗДАНИЕ 2

Иле Милевски ИЛЕ МИЛЕВСКИ ЉУБОВТА ЗА АНА 3

ЉУБОВТА ЗА АНА Издавач Иле Милевски *** Иле Милевски ЉУБОВТА ЗА АНА *** Лектура и Коректура Даниела Милевска Јакимова *** Корица и Графичка Подготовка Иле Милевски *** Печати: Графостил - Скопје *** Тираж 500 примероци *** 4

Иле Милевски Ile Milevski Qubovta za Ana Skopje, 2010 5

ЉУБОВТА ЗА АНА Дигиталната верзија на оваа книга е објавена според условите на лиценцата на Криејтив Kомонс Наведи извор - Некомерцијално 3.0 Unported Можете: да споделите да умножувате, дистрибуирате, јавно да го прикажувате или јавно дигитално да го прикажувате делото. Преработка да го адаптирате делото. Под следните услови: Наведи извор - Морате да го наведете изворот на ист начин како што тоа го направил авторот или давателот на лиценцата (но не на начин кој би сугерирал дека тие ве поддржуваат вас или вашето дело). Некомерцијално. Не смеете да го користите ова дело за комерцијални цели. Во случај на понатамошно користење или дистрибуција морате на другите јасно да им ги дадете до знаење условите под кои е лиценциранo ова дело. Најдобар начин за да го направите тоа е да поставите врска до оваа веб-страница: http://creativecommons.org/licenses/by-nc/3.0/deed.mk Секој од горенаведените услови може да биде поништен ако добиете дозвола од носителот на авторските права. Ништо во оваа лиценца не ги нарушува или ограничува моралните права на авторот. 6

Иле Милевски Ovaa kniga ja posvetuvam na mojata draga sestra Daniela 7

8 ЉУБОВТА ЗА АНА

Иле Милевски ПРЕДГОВОР Дали некогаш сте сакале некого? Дали сте го сакале толку силно што вашето срце ќе експлодирало од љубов? Дали сега сте заедно со личноста што најмногу сте ја посакувале и најмногу сте ја сакале во текот на вашиот живот? Некогаш, без разлика на тоа колку многу сакаме, работите не излегуваат како што ние сакаме. Зошто? Дали Вие знаете: Што е љубовта? Или само ја поистоветувате со заљубувањето? Хмм, пеперутки во стомакот, пресекување на нозете, вртоглавица, срцето ќе излезе низ градите... чувства, чувства, чувства... Каде можат да те доведат тие чувства? Дали не треба никогаш да се откажеме од љубовта кон сакана личност? Што ќе ни донесе тоа доколку таа љубов е платонска, патолошка и невозвратена? Што ќе направите доколку сте станале зависник од љубовта, а опседнат од саканата личност? Ова се само дел од прашањата коишто не измачуваат сите нас, мали и големи, млади и стари, без разлика на која возраст и припагате, секој од нас секојдневно се соочува со љубовните проблеми коишто го мачат и измачуваат. Некои од нас успеале да ги решат овие проблеми, успеале да бидат среќни и да уживаат во животот исполнет со љубов. Но што правиме со останатите коишто тапкаат во место само затоа што 9

ЉУБОВТА ЗА АНА никој не ги научил што е љубовта и како да ја внесат љубовта во нивните срца? За љубовта е пишувано и пишувано. Но, сепак, не се знае ништо за неа. Секој различно ја доживува. Секој различно ја разбира. Секој на свој начин. Постојат многу различни дефиниции за љубовта; секоја од нив многу блиску ја објаснува, но сепак, е многу, многу далеку од вистината. За некој љубовта претставува заљубување, романтика, желби и мистерија; за друг, болка, патење, агонија и екстаза; за трет, секс, страст, еротичност и сензуалност. Но, не е само тоа. Љубовта е пријателство, давање и земање љубов, комуникација, поседување, афера, ризик, опасност, моќ, уништување, слобода, боженственост и универзалност. Ах, кога би бил во можност никогаш повторно да се заљубам и да сакам, би бил најсреќниот човек на светот. Но, драги мои, вистината е: кој вистински сака никогаш не престанува да сака. Не постои лек. Можеби некој би требало да го измисли за да се откажеме од љубовта. Едноставно, одиш во најблиската аптека и си купуваш апче за откажување од љубовта. Но таков лек против љубовта, сега за сега, нема. Бидејќи, сè е љубов. Иле Милевски 10

Иле Милевски РЕЦЕНЗИЈА Љубов - нештото без кое не би постоела денешницата, не би постоело минатото, најверојатно и утрешнината... не би постоеле ние, светот... и сè останато зошто впрочем...,,сѐ Е ЉУБОВ! Но каква??? Ќе започнам класично со реченицата. Во овој роман e опишана љубовта, нејзините почетоци (заљубувањето), нејзиното уживање, нејзината плиткост и длабочина... и нејзиниот крај... за жал... зошто сè има почеток и крај... Опишана е љубовта низ очите и душата на младиот јунак, неговите мечти, скриени желби, потреби, надежи, опсесии. Доловен е секој сегмент од неговото секојдневно расположение јасно покажувајќи ги и недостатоците на она што значи човек, млад човек (да се сака и да се биде). Само по себе се провлекува прашањето дo каде сме спремни да одиме, до каде е спремен да оди младиот човек покорувајќи им се на моќните чувства кои од ден на ден растат сè до оној степен на големина и силина кога не знаеш што понатаму, а не знаеш ниту да ги измериш или пак сузбиеш. Јасно е опишан студентскиот живот онаков каков што е во реалноста, без нагли отстапувања јасно обидувајќи се да не се сокријат пропустите на денешниов систем и општество. Се споменува и за разликите во социјалните статуси, иако тоа премногу не се нагласува затоа што во љубовта тоа не е секогаш важно (само во случај да размислуваш премногу оптимистички ) но... Копнежот на младиот јунак почнува токму со реченицата,,се викаше Ана. Колку убаво име., па се надоврзува со нејзиниот опис низ 11

12 ЉУБОВТА ЗА АНА неговите очи, кој опис само ни ја навестува љубовната приказна и дејството како такво. А дејството... него го има од почетокот, па сè до самиот крај што само по себе кажува дека ова е книга - роман кој мами за читање во еден здив. Лесно е читлива и изобилува со многу метафори, а внесувањето во главниот лик ја прави поинтересна. Впрочем, тоа е и целата игра. Внесувајќи се во главниот лик, соживувајќи се со Иан ја гледате љубовта за Ана. Онаа чиста љубов, полна со предизвици и... Неговите мисли јасно се насочени кон неа, неговите слатки копнежи сè тоа е Ана. Како што се вртат страниците, копнежите и посакувањата добиваат на интензитет иако во дадени моменти не изгледа така. Иан сам во големиот град... Луѓе со различни навики од неговите, луѓе со различни очекувања од неговите... Разлики, промени, статуси... Љубов за време од 6 години, љубов под која нештата се менуваат, љубов помалку брутална, но сепак чиста... Во почетокот на книгата се вели дека Иан бил заљубен во Ана, но јас велам дека Иан ја сакал Ана уште тогаш, ја сака и ќе ја сака... сè додека не реши поинаку (секако ако метафората се разбере во вистинската смисла). Не, нема да се осмелам да Ви ја прераскажам или раскажам,,љубовта за Ана,, нема ни да се обидам да го сторам тоа затоа што со само вака нафрлени зборови ќе ве убедам во она што јас го видов во неа. А видов многу. Видов многу љубов (нечиста или чиста, одберете вие како ќе ја гледате), видов многу растежи и падови, видов многу збогувања, откажувања, копнежи, мечти, соништа, реалност, секојдневие, пријателства, видов и враќање и останување... видов многу... Најмногу видов љубов во малку поинаква смисла на зборот, љубов која нè повредува, љубов која со терет ја носиме на својот грб патолошки зависна љубов.

Иле Милевски Да тоа е она кое му се случува на Иан, тоа е она кое ќе го однесе од крајност во друга крајност, тоа е она кое ќе ја расипе љубовната приказна која можеше да заврши и поинаку... Зошто целта на љубовта e да те понесе до онаму до каде што не си спремен да одиш, целта ѝ е да ја уживаш. А патолошката љубов не можеш да ја уживаш, таа ти е терет под кој твоите плеќи секогаш попуштаат и ти само се веднеш надолу, надолу се додека не легнеш еден ден на земја... Можеби причината за опсесијата лежи во него, во самиот поглед на неговиот живот, во сфаќањето на патешествието наречено човеков век, можеби... А можеби и времето, разликите, големиот град ја потхрануваат неговата престрашеност од одбивање, па поради тоа чистата и исконска љубов преминува секакви граници и станува своевидна завист, која расипува сè. Во случајов остава траги и на двајцата. Длабоки траги кои не ќе можат да се сокријат никогаш повеќе, затоа што кога еднаш веќе ќе се најдеш во игра наречена опсесија, наречена завист, наречена невозвратеност ти никогаш повеќе не ќе можеш да излезеш од неа ако не се познаваш доволно самиот себеси... Затоа Иан пишувајќи ги писмата сфаќа колку длабоко влегол во играта... и посакува да излезе... но како, кога, може ли??? Тоа се само прашањата кои ќе си ги поставувате додека ја читате. И кон самиот крај ако се прашувате,,дали некој ќе му помогне на Иан? само ќе ви речам, внимателно читајте го крајот и обидете се да не го поминете ова... никогаш не ја газете тенката црвена линија пoмеѓу љубовта и тоа нешто што стои на спротивната страна од неа... Маја Гоческа 13

14 ЉУБОВТА ЗА АНА

Иле Милевски ОД САМИОТ ПОЧЕТОК Прекрасен сончев ден. Го отворив прозорот за да влезе малку свеж воздух. Се слуша детскиот џагор од надвор. Погледот е прекрасен. Спроти мојата мала психолошка ординација, сместена на вториот кат од старава зграда, се наоѓа детската градинка. На игралиштето има многу деца коишто трчаат и се бркаат, викаат и се смеат на цел глас. Мали палавковци. Сонцето силно печеше. Светлина ја исполни собата. Седнав на старата и удобна фотелја. Пред мене, на катедрата, лежеше една доста стара, психолошка книга со излитени корици и исшкртани страници. На катедрата има огромен труп од книги, отворени испишани тетратки, кутиичка со пенкала, вклучена ламба од минатата ноќ. Тука се и остатоците од вчерашната пица која беше доста вкусна вечера, но денес и прави друштво на книгите. Има уште две столчиња пред мојата катедра и еден кревет покриен од едно излитено и старо парталаво ќебенце. Оваа мала собичка долго време претставуваше мој дом. Некој чукна на вратата.,,да! Вратата се отвори и се појави еден младич.,,добар ден, рече тој.,,добар ден. Повелете, влезете.,,вие сте толку почитуваниот психолог, Наумовски? запраша тој.,,да, јас сум, му одговорив.,,повелете, седнете. Младичот се претстави:,,здраво. Јас сум Иан, и седна. 15

16 ЉУБОВТА ЗА АНА Иан беше висок, слаб младич со смеѓа коса и очи. Имаше симпатично детско лице кое може лесно да измами. Често му се случува да му речат дека е барем две-три ако не и повеќе години помлад. Погледот му е доста мил и смирен; кога не би го знаеле би рекле дека делува незаинтересирано, ладно, остро и по малку дигнато, но доколку го познавате, тогаш студенилото од неговото лице ќе изчезне и ќе ја замени прекрасната и широка насмевка. Токму кога ќе ја покажеше својата насмевка, изгледаше повеќе од привлечно и атрактивно. Откако се запознавме го замолив да ја раскаже својата животна приказна што го наведe да дојде кај мене. 01.10.2000 Тоа утро Иан стана многу рано, околу 6 часот. Вообичаено, знаеше да си поспие до десет, но тоа утро не беше како останатите. Се поздрави со родителите, неговиот татко, секако, не заборави да го потсети:,,зеде ли се што ти треба?,,да, тато. Не мора по десетти пат да ми кажуваш да земам сè. Зедов. Ја зеде торбица којашто ја беше подготвил претходната вечер и заедно со неговата постара сестра Џозефина отидоа на автобуската станица. Џозефина беше околу четири години постара од својот брат Иан. За разлика од Иан, Џозефина имаше црна кратка коса и црни очи, беше нискичка со прекрасен црн тен, секогаш со насмевка на лицето, ведра и пријателски расположена личност. Вообичаено беше многу зборлеста и зборуваше со повишен, пискав глас. Тоа утро не зборуваше многу, само одвреме-навреме се прозеваше. Купија карти и се качија во автобусот кој патуваше за Скопје. Патуваа околу два часа за кое време Иан успеа малку да поспие

Иле Милевски додека Џозефина го прелистуваше дневниот весник. Спаднаа кај студенската населба,,стив Наумов. Џозефина ги поднесе потребните документите на Иан и успеа да го смести во една соба во населбата, во бараките наречени,,катанга. Џозефина беше апсолвентка по Англиски јазик на Филолошкиот Факултет така што имаше солидни познавања за студенскиот живот којшто со задоволство му ги покажа на својот помал брат. Се сместија и Иан отиде на Филозофскиот Факултет. Иан се запиша на групата по социологија во државната квота што значеше дека државата ќе го стипендира неговото образование. Таква привилегија имаа само малкумина студенти кои имаа подобри оценки и резултати. На факултетот влезе во предавалната заедно со околу 50 студенти. Беше не многу голема, а и не многу мала, скоро целата десна страна беше исполнета со прозорци така што во целата просторија влегуваше дневна светлина. Иан седна во првата клупа веднаш до прозорецот. За момент ја виде прекрасната зелена трева и неколкуте зелени дрвја коишто допираа дури до прозорецот. Влезе еден од професорите.,,тоа е шефот на катедрата, рече студентот којшто седеше заедно со Иан во првата клупа. Се запознавме. Се викаше Маки.,,Од каде доаѓаш? го запрашав.,,од Виница. A ти од каде си?,,од Пробиштип, му одговорив. Маки беше низок, со црна кратка коса, тркалезна глава и малку румени обравчиња. Од неговото лице можеше да се прочита дека е исполнет со позитивна енергија, а неговата насмевка не го криеше тоа. Професорот седна, се претстави и почна да ни ги претставува студиите по социологија. Нè запозна со предметите коишто ќе ги изучуваме и со 17

ЉУБОВТА ЗА АНА професорите кои ќе ни предаваат. Ни подели по една книга, прирачник во која имаше основни податоци за студиите по социологија. Часот беше краток околу триесетина минути. По завршувањето Маки ме праша:,,каде си сместен?,,во Стив, му одговорив.,,еј, супер! И јас сум таму.,,па тогаш да тргнеме заедно, му предложив. За петнаесет минути стигнавме во Стив. Влеговме заедно во студентската менза. Уште на влезот нè пресретна еден чуден мирис. Зедовме по еден послужавник и одбравме нешто од понудените јадења иaкo немаше баш некој голем избор. Имаше грав, мусака, плескавици и виршли. Јас зедов една чинија мусака и јогурт, а Маки две плескавици и салата. Плативме со бонови, тоа се студентски пари. Тетката на касата ни украде 3 бона. Но, не е важно. Немавме намера да се расправаме со постара жена, со тегли наочари која неможе да живее ако не украде при сметањето по некој бон. По ручекот, тој отиде во неговата, а јас во мојата соба. Бев сместен во дваесет и втора барака, соба број четири. Имав двајца цимери: едниот го викаа Фашист, а другиот не е важен. Двајцата беа кратко ошишани, беа лустер, и на прв поглед помислив дека ќе ми биде тешко да живеам со нив бидејќи не ги познавав, а изгледаа доста сериозно. Си помислив, можеби навистина се лоши, разбојници, измамници. Но, подоцна кога поразговаравме малку, сите тие мисли исчезнаа и моите цимери ми изгледаа доста пријателски расположени. Фашист го водеше разговорот и раскажуваше дека имал мотор и се фалеше колку добро знаел да вози.,,го возев на едно тркало, со брзина од околу 100км на час. Сите ме гледаа и ми се восхитуваа.,,нели ти беше страв? го прашав. 18

Иле Милевски,,Ма неее, воопшто не е страшно, само седнуваш и шибаш. Во тој момент имаш некое скриено чувство на задоволство и исполнетост.,,но, тоа е лудо,! Со толкава брзина... Ууу, јас никогаш не би можел да го направам тоа! Со кола - да но, со мотор - никогаш! После напорниот ден во новата средина си легнав да спијам. Заспав веднаш бидејќи бев мртов уморен. 19

ЉУБОВТА ЗА АНА СТУДЕНТСКИ ЖИВОТ Се разбудив околу 9 часот. Ме разбуди звукот на шумот на еднa полупразнa ќесa којашто беше клукана од врабец. Ќесата беше заврзана на решетката од прозорецот. Во ќесата имаше малку леб којшто го бевме оставиле надвор претходната вечер. Во собата немавме фрижидер па затоа лебот, теглите со ајвар, пинџур, мармалад како и сите останати продукти ги остававме на решетката од прозорот. Не само ние, така правеа сите студенти сместени во бараките. Истргајќи се во креветот го отворив прозорот којшто се наоѓаше веднаш над мојава глава. Врапчето, секако, избега, но затоа пак влезе свеж воздух. Собата беше мала, имаше еден железен шкаф поделен на три прегради за тројцата цимери, маса која се наоѓаше веднаш десно од мене до прозорецот, три кревети и две столчиња. Голем луксуз. На подот можеби имаше стогодишен тепих којшто беше изгорен и измачкан на многу места. Не, не заборавив ништо. Тоа беше сè во оваа мала собичка. Двајцата цимери спиеја, јас станав и отидов во тоалетот кој се наоѓаше на почетокот од бараката, но само што ја отворив вратата имаше што да видам. Насекаде имаше срчи од шишиња. Си помислив колку ли само цврсто сум спиел и не сум слушнал тресок од празните шишиња алкохол којшто традиционално се кршаат по испивањето. Се прашував што се славело минатата вечер, можеби роденден?! Не ми требаше долго време да го дознаам одговорот. 20

Иле Милевски Комшијата од тројка ми рече:,,здраво спанко, знаеш ли само каква забава преспа вчера?,,забава? Каква забава?,,вчера го прославувавме првиот ден од студиите, но не очајувај. Во студентскиот дом се праваат забави секој втор ден.,,супер! Наредната сигурно нема да ја пропуштам. Кога се вратив во собата цимерите се беа разбудиле. Решивме да појадуваме, а потоа отидовме на гости на кафе кај една пријателка на мојот цимер Фашистот. Фашистот беше голем фраер, имаше кожена јакна, залепени кожени фармерки, му недостасуваше уште неговиот мотор.,,влеговме во харемот. 1 Нè пречекаа две убави девојчиња. Откако се запознавме дознавме дека девојчињата беа бруцошки исто како и ние. Една девојка недостасуваше, ни кажаа дека била многу нежна и не можела да се навикне на и онака прекрасните услови во студентскиот, си заминала дома. Една од девојчињата излезе од прозорот. Да, да од прозорот! Се изненадивме малку со цимерот. Бараката не е висока па така девојченцето излезе низ прозорот бидејќи така побрзо можела да отиде во продавница за да купи грицки и некое шише пиво. Малава остана сама со нас. Нè покани дали сакаме кафе. Откако одговоривме потврдно, таа се фати за работа во подготвувањето на кафето. Во меѓувреме дојдоа уште две девојченца, тоа беа комшивките. Во студентскиот или си на гости или си дома и имаш гости, трето нема. Кафето беше готово, а и пивото пристигна со девојката од прозорецот. Откако се запознавме со девојчињата за тоа 1 најголемата женска барака во студентскиот дом 21

ЉУБОВТА ЗА АНА од каде се и што студираат, Фашистот почна да раскажува како имало поплава во неговото село:,,абе вода, абе се однесе! Тоа стоката се ни ја подави. Гледаш прасето как иде накај тебе пливајќи грбно. Едно мало девојче не знаеше да плива. Јас скокнах по него и одвај можех да го задржам реката да не го однесе. Откако го фанах, качих го на едно дрво и трчаах така една по една и ловех ги кокошките и нив да ги спасам. Бех како Супермен. Девојчињата го следеа од збор до збор. Дури почнаа да му поставуваат прашања. Очигледно му поверуваа. На што јас не можев да се воздржам, а да не се насмеам. Не можам да си поверувам. Малечки, а да знаеш само колку добро умеат да пиат. Во харемот се одржуваат седенки колку сакаш, а девојчињата се научени на пиење, така што и некој голем пијаница би загубил облог доколку сака да се обклади дека може да напие некоја од нив. Ги прашаме дали ќе сакаат да ни се придружат вечерва на диско? На што тие со задоволство се согласиа. На враќање се сретнав со мојот колега Маки.,,Здраво Иан! Како си?,,еј, здраво! Добро сум?,,играш ли кошарка?,,да.,,ние ќе играме кошарка, па ако сакаш дојди со нас?,,ајде одиме. Игравме двојки, јас и Маки против моите цимери. Ги победивме 2:1. Маки иако беше понизок за една глава од мене, добро се држеше, дури беше попрецизен од мене во скок шут, додека јас бев главен во бананите. Имав неодбранлив шут кога шутирав корок. 22

Иле Милевски Вечерта отидовме во диското во студенскиот. Една малечка просторија која слободно може да се нарече,,штала, но, се разбира, без домашни животни, но затоа има колку сакаш од дивите животни, а посебно групата од Бермудскиот триаголник. Тоа се студентите од Берово, Делчево и Пехчево, кои се мнозинство тука, а воедно, ако може да се рече, највеселите и најдруштвените вечни студенти. Се забавувавме заедно со девојките коишто ги запознавме кај пријателката на Фашистот. Девојките не беа опуштени, но по неколку пива се создаде прекрасна атмосфера. Сите игравме и се пуштивме на ритамот на музиката. А музика има за сите вкусови почнувајќи од поп хитчиња, па се до српскиот турбо фолк и секако бугарските певалки. Беше прекрасно. Насекаде девојчиња, помали, поголеми, помлади, постари, плави, црни, смеги... какви сакаш. Си поминавме незаборавно. Откако заврши диското се упативме во нашата баракичка. Студентите кои беа сместени во оваа барака се нарекуваа,,китови. А тој збор излезе токму од нашата соба, соба на китовите. Еее, таму забавата продолжи до раните утрински часови. Комшиите имаа тапан, хармоника и гитара. Ечат македонски патриотски песни. Еден од комшиите го викаа Жирафа, почна да ги ваде сите врати од бараката и почна да ги фрла надвор една по една. Беше до толку пијан. Но тоа не го спречи утредента да ги намести на своите места. 23

ЉУБОВТА ЗА АНА ЧУДНА СРЕДБА Помина една седмица како сум во Скопје, никогаш толку долго не сум отсуствувал од дома. Времето ми поминуваше доста брзо. Секогаш е исполнето со некоја нова случка. Ми беше интересно. Станав порано и отидов на факултет. Знаев дека малку доцнам. Секогаш доаѓав десет минути пред да почнат предавањата, а овој пат задоцнив пет минути. Тоа не претставуваше проблем бидејќи предавањето сè уште не беше почнато. Но, затоа пак, моето место во првата клупа до прозорецот беше зафатено. Тоа не ми се допадна. Разгледав наоколу и видов дека има едно слободно место во средната редица во првата клупа. Седнав таму. До мене немаше никој, но на клупата имаше тетратка. Дојде професорот. Студентите коишто беа пред предавалната влегоа внатре. Меѓу нив влезе и една девојка облечена во бело и седна до мене. Почувствував топлина, срцето почна посилно да ми чука. Ја погледнав и токму кога го спуштав мојот поглед девојчето во бело ме праша:,,во оваа група си? На социологија?,,да, ѝ одговорив.,,ааа, сигурно не доаѓаш редовно на предавањата. Не сум те забележала, рече таа. Додека ја изговараше оваа забелешка го тргна погледот од мене. Не очекуваше одговор. Го кажа своето мислење без да сака да го слушне мојот одговор. Реков сосема тивко изненаден од нејзината реакција:,,не. Јас редовно доаѓам. 24

Иле Милевски Тоа го реков повеќе на себе си бидејќи таа веќе го беше насочила вниманието на предавањето на професорот. Хмм, ми беше малку чудно. Јас од почетокот на семестарот доаѓав редовно на предавањата, не бев пропуштил ниту едно. Јас бев меѓу најредовените студенти. Нејзината забелешка беше апсолутно погрешна. Сето тоа не ми изгледаше толку чудно колку што оваа девојка кажа нејзин коментар за мене и не очекуваше никаков одговор. Тоа можела да си го замисли. На пример: Овој студент е нередовен на предавањата. Но не и да ја каже нејзината мисла, а да не очекува одговор од мене. Нејзината постапка, нејзината оценка за мене, без да го ислуша мојот одговор, никако не ја оправдував. Таа прва средба сосема доволно кажуваше за неа. Беше самоуверена, самостојна, но и арогантна и по малку дигната. Се викаше Ана. Колку убаво име. Ана имаше прекрасна црна коса која завршуваше до нејзините раменици, имаше црни и големи широко-отворени очи; цртите на лицето и беа просечни, но затоа пак имаше сензуални и заведувачко привлечни усни. Премногу личеше на големата филмска актерка Мег Рајан, а дури и нејзиното движење беше идентично. Единствено се разликуваше по црната коса и црните очи. Со посебен интерес го следеше предавањето. Не обрнуваше внимание на студентите околу неа. Во нејзината тетратка водеше забелешки за предавањето. Запишуваше со молив; скоро никој не пишуваше со молив, сите користеа пенкало. Забележав дека пишува читко и уредно и поседува добар ракопис. Се познаваше дека е,,бубалица. 2 За разлика од неа, јас не носев тетратка. Јас многу ретко користам тетратка на предавањата, мразам да пишувам, едноставно ме мрзи да пишувам, а кога го правам тоа, пишувам брзо и се разбира со расшкртан ракопис. Воопшто не ми се допаѓаше да пишувам со молив. Ух, тоа шкрипење 2 така ги нарекуваме студентите кои премногу учат 25

26 ЉУБОВТА ЗА АНА на јагленот од моливот на листот хартија ме иритира. Никогаш не би сакал да пишувам со молив, само со пенкало, со мастило кое со задоволство ќе се излева на листот хартија. Значи, не запишував. Внимателно го слушав предавањето и размислував за она што го говореше професорот. Овојпат говореше за најчестите причини поради кои студентите се запишуваат на факултет, како и зошто сме се запишале токму на групата по социологија. Кога размислив подлабоко сфатив дека се запишав пoради тоа што социологијата, едноставно, ми лежеше на душа. Се сеќавам дека во средно добивав чиста петка иако понекогаш ниту ја читав лекцијата, а кога ќе бев испрашан таа едноставно излегуваше од мене. Како тоа? Јас умеев да филозофирам, едно исто нешто знам да го кажам на десетина различни начини така што кога ќе ми поставеа какво и да било прашање јас едноставно имав одговор. Прашањата по социологија ми беа толку лесни што кога ќе ми поставеа некое од нив јас раскажував, раскажував и раскажував се додека професорката не ме запре, со коментар,,ах, пак се извлече. Не можам да си го објаснам тоа, не читав а знаев. Чудно но вистинито. Повеќето од прашањата беа едноставни така што не мораа да се учат, а јас од општа култура ги одговарав. Не се трудев многу да учам верувајќи во мене дека знам. Се запишав на социологија од љубов, односно, јас сакав да ја изучувам социологијата затоа што едноставно добро ми одеше. За разлика од мене останатите студенти имаа различни одговори. Некој се запишал бидејќи сакал да биде професор, сакал да предава и да ги учи децата; друг, за пари,,,слушнав дека добро се заработува ; трет, бидејќи бил одбиен на Правниот или Економскиот Факултет; четврт, бидејќи не можел да најде работа, затоа морал нешто да прави па сосема случајно ја избрал социологијата; петти, затоа што нема многу конкуренција и може на полесен начин да се запишат. Ми беше малку чудно, па каде е љубовта, како сите овие студенти ќе

Иле Милевски студираат без да го сакаат она што утре ќе треба да го работат. Но, не се разочарав затоа што имаше и такви на кои им се допаднал предметот на изучувањето на социологијата и посебно ги привлекувал. Носев весник, но овој пат не го ни отворив. Почесто купував весник кога одев на факултет. Тоа ми беше еден вид на традиција, и во средно. Кога ми стануваше здодевно на предавањата, што се случуваше доста често, ќе го отворев весникот и ќе прочитав некоја новост, а потоа пак ќе почнев да го следам предавањето. Кога заврши предавањето ја прашав Ана:,,Интересно?,,Да, доста интересно. 27

ЉУБОВТА ЗА АНА Целиот роман Љубовта за Ана можете да го набавите во: сите киосци/трафики во следниве градови: Скопје, Охрид, Струмица, Битола, Прилеп, Штип, Велес, Куманово, Кочани, Кавадарци, Кратово, Пробиштип и во поголемите книжарниците во центарот на Скопје: Матица, ИЛИ ИЛИ, Култура, Три и др. Од 11.Октомври.2010 год. За дополнителни информации и контакт на следниот е-маил: milevski21@gmail.com 28