ФОЛКЛОРИСТИЧКИТЕ ПОГЛЕДИ НА КОСТАНТИН МИЛАДНИНОВ

Similar documents
Март Opinion research & Communications

ИНСТИТУТ ЗА ФОЛКЛОР МАРКО ЦЕПЕНКОВ INSTITUTE OF FOLKLORE "MARKO CEPENKOV" МАКЕДОНСКИ ФОЛКЛОР MACEDONIAN FOLKLORE

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

University St.Kliment Ohridski - Bitola Scientific Tobacco Institute- Priep ABSTRACT

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

A mysterious meeting. (Таинствена средба) Macedonian. List of characters. (Личности) Khalid, the birthday boy

Структурно програмирање

Биланс на приходи и расходи

Биланс на приходи и расходи

Значајни подрачја за раститенија, птици и пеперутки во Македонија. Славчо Христовски

Петти состанок на Локалната советодавна група Записник од состанокот

РАЦИНОВИОТ ДУХ ВО СТИХОВИТЕ НА БЛАЖЕ КОНЕСКИ. Клучни зборови: Конески, Рацин, поезија, експликации, импликации.

Смислата на учењето на класичните јазици денес

ФАКУЛТЕТ ЗА ОБРАЗОВНИ НАУКИ НАУЧНО - СТРУЧНА ТРИБИНА

С О Д Р Ж И Н А. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

Leila, the sick girl. Sick girl s friend. (Наставникот) Class teacher. Girl with bike rider (Девојчето со велосипедистот) (Велосипедистот)

НОВИТЕ МЕДИУМИ КАКО ПРЕДИЗВИК ЗА ТЕАТАРОТ Ана Стојаноска Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје, Македонија

Преглед на државите во Западна Африка

Оригинален научен труд UDC :297.05(=163.3)

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола Факултет за туризам и угостителство Охрид. Дипломиран организатор по туризам и угостителство

Ме боли (за) Струга. Диспозиција на културата во просторот и времето. Струга, реалност, илузија или визија.

ИДЕНТИТЕТ СО ЦЕНА: ПОТРОШУВАЧКАТА И ПОЛИТИЧКАТА ЕКОНОМИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ КАКО ИНТЕРКУЛТУРЕН КОД ВО СОВРЕМЕНИОТ МАКЕДОНСКИ РОМАН

КОЛЕКЦИЈА РАЗНОЛИКОСТ

ДА ГИ ОТВОРИМЕ УЧЕБНИЦИТЕ: ОТВОРЕН ПРИСТАП ДО УЧЕБНИЦИТЕ ЗА ОСНОВНО И СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ

Коисмение.Штозначиме.

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ - ШТИП ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ МБА Менаџмент Штип. Иван Стефанов

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

КОЛЕКТИВНИОТ ИДЕНТИТЕТ И НАЦИОНАЛИЗМОТ

Жените и културното гето: балкански перспективи

Лексичките иновации во прозата на Малески и нивниот статус во стандардниот македонски јазик

ЗАКОНСКОТО НАСЛЕДУВАЊЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО ОСВРТ ВО НЕКОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ

Task Force Education And Youth

Интермедијалноста во македонскиот театар

Jasminka NOVAKOVA STOJANOVSKA 1

доц. д-р Оливер АНДОНОВ, Факултет за безбедност, криминологија и финансиска контрола, МИТ Универзитет-Скопје

THE CONCEPT OF NARRATIVE IDENTITY IN PAUL RICOEUR AND ITS APPLICABILITY ON MARCEL PROUST`S WORK

YEARS. Правата на едните и другите деца. by Васка Бајрамовска Мустафа OF THE CONVENTION ON THE RIGHTS OF THE CHILD

ПОВРЗАНОСТА НА НАРУШУВАЊЕТО ВО ОДНЕСУВАЊЕТО НА ДЕЦАТА И УСЛОВИТЕ ЗА ЖИВОТ ВО СЕМЕЈСТВОТО

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ФАКУЛТЕТ ЗА ОБРАЗОВНИ НАУКИ Дидактика

AGIA TRIADA - GREECE

Археологија: теории, методи и практики. ISBN: Табернакул страници

Структурирани бази на наставни материјали и дигитална трансформација. студија на случај Република Македонија

ГОДИШЕН ЗБОРНИК 2017 YEARBOOK

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА НАСТАВНИЦИ ВО СИТЕ НАСТАВНО НАУЧНИ ЗВАЊА И АСИСТЕНТИ - ДОКТОРАНТИ (АСИСТЕНТИ ДОКТОРАНДИ) НА УНИВЕРЗИТЕТОТ МАЈКА ТЕРЕЗА ВО СКОПЈЕ

ПРОЕКТОТ МАКЕДОНСКО СЕЛО : ПРИЛОГ КОН ЕДНА ИЗМИСЛЕНА ТРАДИЦИЈА ВО СКОПЈЕ

на јавната свест за Архуска конвенција и еколошкото законодавство на Европската Унија

ИЗРАБОТУВАЧОТ НА НАРОДНИ МУЗИЧКИ ИНСТРУМЕНТИ ДРАГИ КОСТОВСКИ ОД ШТИП

МОДЕЛИ И ТЕХНИКИ НА ГРУПНО ОДЛУЧУВАЊЕ И НИВНАТА ПРИМЕНА ВО ДЕЛОВНИТЕ СУБЈЕКТИ ОД ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН

ОДМЕРУВАЊЕ НА КАЗНАТА ВО ГЕРМАНСКОТО ПРАВО

ПОГУБНОСТА НА ИДЕНТИТЕТОТ ВО ЕСЕИТЕ

THE ASSEMBLY SPONTANEOUS ASSOCIATIONS

Отворена Порта Женско лоби и акција против насилството и трговијата со луѓе. ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ Прирачник за превентивни лекции

ЗА ТРАДИЦИЈАТА И МЕНТАЛИТЕТОТ ВО ДРАМАТА БЕГАЛКА ОД ВАСИЛ ИЉОСКИ FOR THE TRADITION AND MENTALITY IN THE DRAMA RUNAWAY BRIDGE BY VASIL ILJOSKI

Универзитет Св. Климент Охридски- Битола. Факултет за информатички и. комуникациски технологии - Битола. Студиска програма:

МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК КАКО НАУКА ВО СВЕТСКИТЕ УНИВЕРЗИТЕТИ

Ф а б р и ч е н п л и н с к и у р е д

МОДЕЛ НА ПРЕВОД СКОНЦЕНТРИРАН НА ПРЕВЕДУВАЧОТ

Copyright of the translation S. Fischer Foundation by order of TRADUKI

За обуката ВОВЕД ВО НОВИОТ ПРЕДМЕТ

Оваа книга нема амбиција да го исцрпи бунарот на бедата на македонскиот јавен дискурс, ниту, пак, има амбиција сите поместени примери да ЦРНА

ABOUT THE ISLANDS IN THE REPUBLIC OF MACEDONIA

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

Упатство за инсталација на Gemalto.NET токен во Mozilla Firefox

Преземање сертификат користејќи Mozilla Firefox

Нина Шуловиќ-Цветковска Дориан Јовановиќ

Маркетинг комуникациите и односите со потрошувачите фактор за градење имиџ на компанијата

ПАРЛАМЕНТАРНА КОНТРОЛА НАД РАБОТАТА НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ И РАЗУЗНАВАЧКИ СЛУЖБИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ВОДИЧ ЗА КОРПОРАТИВНА ФИЛАНТРОПИЈА

ЛИТЕРАТУРНИТЕ ЈАЗИЦИ ВО СОВРЕМЕН КОНТЕКСТ

Сопственик на свињарска фарма од Централната Долина

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

Вовед во мрежата nbn. Што е тоа австралиска nbn мрежа? Што ќе се случи? Како да се префрлите на мрежата nbn. Што друго ќе биде засегнато?

ПРВО ПОЛУГОДИЕ Тема 1: 8.1 Сили и движење Единица : Што прават силите. Во парови

ГОДИШЕН ЗБОРНИК 2011 YEARBOOK

ПРИКАЗНАТА ЗА СИЛЈАН ШТРКОТ КАКО МАКЕДОНСКИ САМОИДЕНТИФИКАЦИСКИ НАРАТИВ

Centropa наставен час- Истражувачки проект. Centropa Филм : Годините си го Прават Своето. Наставник: Драган Ѓоргиевски

- МАГИСТЕРСКИ ТРУД -

БЛАЖЕ КОНЕСКИ И НЕГОВИОТ ОДНОС КОН ТУРЦИЗМИТЕ ВО СОВРЕМЕНИОТ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

ТОЛКОВНИК НА ПОИМИ, ТЕРМИНИ И ИМИЊА ОД ОБЛАСТА НА ТУРИЗМОТ (АНГЛИСКО-РУСКО-МАКЕДОНСКИ)

Автор: м-р Маја Котевска Октомври, 2015 година

Грчкиот терор врз македонското население на Грција. Macedonia and the Ugly Human Rights Record of Greece

СОЦИЈАЛИЗАТОРСКА ФУНКЦИЈА НА СЕМЕЈСТВОТО- ПРАВНИ АСПЕКТИ

а) Сексуално и репродуктивно здравје - Пристап до информации - Лица со оштетен вид и слух - Македонија - Истражувања

МЕЃУНАРОДНО СПИСАНИЕ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ, ИСТРАЖУВАЊЕ И ОБУКА INTERNATIONAL JOURNAL FOR EDUCATION, RESEARCH AND TRAINING (IJERT)

MACEDONIA. Македонија на прославата на 150-от роденден на Канада. July 06, Volume 33, Issue 8(392) Free

UNIVERZITET "GOCE DEL^EV" - [TIP

Бесплатно издание Интервју Јан Стола

ЗОШТО НИ Е ВАЖНО И ЗНАЧАЈНО ИЗГОТВУВАЊЕТО НА ПРОЕКТИ ЗА НАУЧНО-ИСТРАЖУВАЧКА РАБОТА?

Развојот и примената на UBUNTU оперативниот систем

ИФЦ прирачник за управување со семеен бизнис

C U R R I C U L U M V I T A E. Лични податoци Сашко Граматниковски Телефон

МОБИНГ ПСИХИЧКО ВОЗНЕМИРУВАЊЕ НА РАБОТНО МЕСТО

КЛУЧНИ ДВИГАТЕЛИ ВО ПОТРЕБИТЕ ЗА ОПТИМАЛНИ ОДРЕДБИ ЗА ПОСЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ: АНГЛИСКА СТУДИЈА

(ПРВА ГОДИНА) Д-р Радмил Поленаковиќ Д-р Драган Шутевски

КАРАКТЕРИСТИКИ НА НАСТАВНИТЕ ПРОГРАМИ ПО МАТЕМАТИКА ЗА ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ ( , , )

Родољуб Анастасов Rodoljub Anastasov

Б. КОНЕСКИ КОДИФИКАТОР НА МАКЕДОНСКИОТ СТАНДАРДЕН ЈАЗИК

ГИ РАЗБИРАМЕ ЛИ МЕТАПОРАКИТЕ? Клучни зборови: порака, метапорака, комуникација, учесници во комуникацијата, значење.

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ - ШТИП ФАКУЛТЕТ ЗА ОБРАЗОВНИ НАУКИ. Студиска програма: Училишна педагогија. Ирена Манева

Transcription:

ФОЛКЛОРИСТИЧКИТЕ ПОГЛЕДИ НА КОСТАНТИН МИЛАДНИНОВ претходно соопштение УДК 398(=163.3) УДК 398-05 Катерина Петровска-Кузманова Институт за фолклор Марко Цепенков, Скопје, Македонија Keywords: folkloristics, Romanticism, folk, folklore poetry, tradition, collecting activity. Summary: The collecting activity and consciousness about the national language are the foundations on which the platform for development of the nationally cultural renascence is being built, not only in Macedonia, but all over Europe. This line is also followed by the work of Konstantin Miladinov in regard to collecting and publishing folklore materials. Undoubtedly, turning the public s attention towards the national creatings had a significant influence in the process of creation of national consciousness. The subject of research of this paper is his contribution to the development of the folkloristics in Macedonia, reflected and realized in the Collection, through the classification of the collected poems and the foreword he wrote for this occasion. Крајот на осумнаесеттиот и почетокот на деветнаесеттиот век се одбележани со зголемениот интерес за народната култура од страна на интелектуалците ширум Европа. Токму заради ширината на движењето се чини разумно да се зборува дека во тоа време доаѓа до откривање на народната култура, термин што го употребува Хердер спротивставувајќи го на учена култура. Новото кај: Хердер, браќата Грим и нивните следбеници, е пред сè истакнувањето на народот, а потоа и верувањето дека навиките и обичаите, празнувањата, баладите поговорките и така натаму се дел од една целина и дека го изразуваат духот на една нација. Постојат голем број причини за интересот за народот токму во тој миг на европската историја: естетски, интелектуални и политички. Тоа е периодот кога романтичарите се свртуваат кон сопственото минато, како кон идеално засолноште со универзална вредност. Во народната поезија тие ја гледаат ризницата на човеш-твото. Свртувањето кон сопственото минато и народното творештво, заедно со откривањето на народната култура има за цел да ја поттикне националната свест. Затоа можеме да кажеме дека од интелектуалците, кои твореле во времето на просветителството, не сме ги наследиле само текстовите и празнувањата, туку и идеите, кои се плодоносни во одреден степен за развојот на фолклористиката. 99

Во овој контекст може да се каже дека собирачката дејност на народното поетско творештво претставува мошне значајна појава за националниот развој во повеќето културни средини, а во тој контекст и на нашата. Во деветнаесеттиот век со оваа дејност се зафаќаат голем број македонски преродбеници, предводени од Д. Миладинов, кој бил нивен учител и насочувач во нивата понатамошна просветителска и собирачка работа. Самото тоа ни покажува дека тој со своите ставови кон фолклорот и собирачката дејност извршил силно влијание врз своите следбеници: П. Зоографски, Р. Жинзифов, Г. Прличев, К. Шапкарев и К. Миладинов. Еден од најзначајните фолклористичките ставови што ги пренесува Д. Миладинов на своите следбеници е инсистирањето на доследност при чинот на собирањето и запишувањето на песните. Ова е особено значајно ако се земе во контекст на времето во кое се случувало ѝ тоа е време кога не само во јужнословенскиот, туку и во другите фолклори се создаваат прочуените мистификации, кои ги доведуваат во заблуда и некои учени фолклористи. Константин Миладинов, по школувањето во Македонија, го продолжил своето образовение во Москва. Таму се сретнал со низа истакнати професори како што се: О. Боѓански, С. Соловјов, Н. Попов и Ф. Буслаев. Константин секако од нив освен што се здобил со потребните стручни и пред сè теоретски знаења од подрачјето на филологијата и фолклористиката, дошол во допир и со идеите на романтизмот, кои оставиле трага во неговата собирачка и творечка работа. Треба да се истакне дака сознанијата со кои се здобил во Москва многу му помогнале при работата на Зборникот и особено при неговата редакција и калсификација на собраните материјали. Со идеите на романтизмот К. Миладинов се сретнал преку својот професор Буслаев, кој бил ученик на браќата Грим. Еден од основните негови постулати бил дека традицијата е старина достојна за почит и возвишено наследство од предците. Тој широко ја проучувал руската народна литература и уметност, при што сметал дека народот и само народот, ги поседува моралните основи на националноста, кои се одразени во јазикот и во митологијата, кои ги сметал за тесно поврзани со поезијата, правото, обичаите и сите морални идеи што ги поседува народот од првобитните времиња. Во контекст на работата на спомнатите руски фолклористи од чија школа можеме да кажеме излегува Константин Миладинов, можеме да се согласиме со Х. Поленаковиќ кога вели дека работата на Константин врз редактирањето и систематизирањето на Зборникот не била само техничка (Поленаковиќ, 1980: 188,). Несомнено е дека тој освен избор на песните вршел и некои интервенции на материјалите според примерот на другите собирачи на народни умотворби. За начинот на кој им приоѓал на собраните материјали ни кажуваат неговите редакторски белешки, кои, според предметот, можеме да ги поделиме на јазични и на описни. На 100

јазичен план тој дорасветлува некои појави што се среќаваат во одредени стихови, како што е на пример елизијата на вокалите или појава на одредени архаични форми. Описите се однесуваат на објаснувањето на места и објаснувањето на одредени зборови. Овие редакторски белешки ни кажуваат за неговото познавање на повеќе области, истовремено неговите толкувања и дополнувања претствуваат драгоцен придонес за читателите на Зборникот. Несомнено значаен фолклористички влог на Константин Миладинов во Зборникот претствува калсификацијата на песните. Таа и покрај одделните недоследности е спроведена во соодветство со автентичниот повод за настанување на песните со нивна поопшта мотивска карактеризација. Поделбата на песните во групи колку и да потсетува на циклусната распределба кај Караџиќ, не е без извесни посебни одбележја. Интересно е дека тој при класификација воопшто не ја споменува поделбата на песните на машки епски и женски лирски, која е распространета во тоа време во светот на фолклористиката. При класификацијата на песните наместо терминот митолошки песни, распространет во други зборници, тој го користи терминот самовилски песни, со цел приближување до една поприродна определба т.е. онаа природна калсификација за која се застапуваат некои фолклористи. Овие два сегмента го претствуваат особениот фолклористички придонес на Константин кон желбата што попрецизно да го реши проблемот на фолклорната класификација. Самиот Константин во Предговорот го вели следново: Песниве се разделени на самовиски, црковни, јуначки, овчарски жаљовни, смешни љубовни, свадбени, лазарски и жетварски. На јуначките потходат самовислките, црковните и овчарските, на љубовните сите други. (До самовилските се кладени песни под име други стари, во кои повеќе се претставјат да говорат дрвата птиците и др. животни.). Тоа разделение во строг смисол не е довардено. (Миладиновци, 1983:10). Во однос на класификацијата што ја прави Константин Миладинов во Зборникот некои истражувачи, меѓу кои и Поленаковиќ, сметаат дека групирањето на песните е направено според практиката на романтичарите. Дека романтичарите извршиле силно влијание врз него се гледа освен во неговата наобразба и во некои ставови што ги искажува во предговорот и во другите сегменти од неговото дејствување. Така, некои од романтичарските ставови наоѓаме и во некои негови дописи, пред сè, со Раковски, во кои тој ја искажува концепцијата за народната песна како израз на народната самобитност. Во писмото вели дека Песните се драгоценија калд од народните чувства и вјираженија. Оваа определба во поразвиен вид ќе ја сретнеме и во предговорот на Зборникот Народните песни се показалка на степенот од умственото развитие од народот и огледало на неговиот живот. Народот в песни изливат чувствата си в них увековечвит животот му и давнешните му подвиги, в 101

нјих находит душевна храна и развлечение; затоа в желба и в радос, на свадба и хоро, на жетва и грозјебрање, на везење и пердење, по поле по гори, штедро излеват песните, како од богат извор: затоа можит да се речит, че народот е секогашен велик певец (Миладиновци, 1983: 10). Во аналогијата на народната песна, како вонреден показател на народниот живот и на народот, како вонреден творечки создател, забележлив е призвукот на владеечката, во тоа време, романтичарска теорија во фолклористиката, која пак е показалка и за беспрекорната информираност на нашиот фолклорист со дотогашните достигања на фолклористичката наука. Она огледало е сосема во духот на Јаков Грим, а гласовите на народите во песните нивни се среќава и кај Хердер. Или како што ќе забележи Гете: Хајдегер нè научил песните да ги гледаме како заедничко богатство на целото човештво, а не како приватна сопственост на одредени образовани индивидуи. Заедништвото на песната и народот уште понагласено е наглесена во есејот за песната на Ниберлунзите, каде што Јакоб Грим истакнува дека авторот на песната е непознат, како што вообичаено се случува и мора да биде со сите народни песни, зашто тие му припаѓаат на целиот народ. Тие сметаат дека авторството е заедничко, а народот ја создава творбата, или како што се вели во познатиот епиграм секој еп мора да се опее самиот себе. Тие песни не се создаваат, тие растат како дрвјата, па оттука браќата Грим ја означуваат народната поезија со терминот природна поезија. Тезата браќата Грим која се однесува на фолклорот како колективното творештво, е значајна затоа што вниманието го задржува на разликата меѓу двете култури народната и уметничката. Но, овде треба да се забележи дека пренесувањето на усната традиција не го спречува развојот и влијанието на индивидуалниот талент на пејачот или на раскажувачот. Третата теза се однесува на чистотата на народната душа. За собирачите во деветнаесеттиот век народот се селаните, кои живеат во единство со природата, кои помалку биле под влијание на учената култура и повеќе од другите ги сочувале своите обичаи. Но, во оваа теза се занемарува знаечењето на културните и на општетсвените промени, се потценува интеракцијата на селото и на градот. Но, Константин Миладинов не запаѓа во замките на заблудите, кои се карактеристични за романтичарите и за пионерите на фолклористиката во однос на староста на: песните, приказните, обичаите и верувањата, што ги откриле. Во предговорот тој вели: Меѓу песните в некои живо се одражават глобока старина со верованија кои се односет дури и на предхристијански времина, а во други тие се смешни со понови идеи, и така една част од песните принадлежат на стари, другата на нови времина; а во други се огледват старина под ново облекло. (Миладиновци, 1983: 10). За разлика од романтичарите, кои сметале дека претхристијанските традиции со векови се пренесувале 102

непроменети, сосема точно забележува дека народните традиции се менувале со текот на времето. Во овој контекст, од денешна гледна точка може да се каже дека Константин Миладинов има правилен став кон воведувањето на варијанти во Зборникот, според примерот и на други собирачи на народни песни, пред него. Од неколку песни сме избрали похарната. Еднакви песни се кладени едни пати две или три, кога обете или трите по подрачието или содржанието им се љубопитни. (Миладиновци, 1983, 10) Во предговорот на Константин е забележан и начинот на из-ведба на песните, односно нивната функција во фолклорот: В Струга на најголемите празници в секоја махала се чиинит хоро, а во голе-мите, како Велигден, Ѓурѓовден и др. сите моми се берат на некоја градина надвор од варошот и чинат далго хоро кое водит некоја танчерка со некоја песна. Половина од хорото ја помогвит во пеењето, а другата половина преземит секој стих дури да се свршит песната. Тога хоровотката или танчерката устапвит место на другата мома која је до неа и која зафашчат да водит хорото, а таја се фашчат на крајот...танците ошче се чинат под звукот на гајдата или други свирби, на кои малу по малу фати да отстапит место пеењето. Такви народни хора се чинеле и во други градишта како во Охрид и Битоља и др. каде влезе порано употреблението од свирбата. (Миладиновци, 1983:9) Во овој контекст, тој зборува за тоа како се унапредувала и се ширела народната песна, па така Константин укажува дека тоа одело преку народното оро кое било...училиште к де се усовршенствува народната ни поезија (Миладиновци, 1983: 9). Но, исто така, нему, како природно неделиви од песните, му се наметнуваат и другите фолклорни жанрови, па најверојатно затоа кон песните се прикладени обичаи свадбени и годинешни, секакви верованија, игри, пословици, преданија, гатанки и сопствени народни имина (Миладиновци, 1983:7). Тој, исто така, бил свесен дека со текстовите на песните треба да се објават и нотни записи. Несомнено е дека тој и поседувал такви записи, за што ни кажува самиот во предговорот на Зборникот : Огромноста на книгава не позволи да се печатат (...) песните со ноти (Миладиновци, 1983: 7). Во сите овие белези ја согледуваме добрата информираност на Константин Миладионов за собирачката дејност и фолклорот. Но, исто така, треба да се каже дека тој мошне добро го чувствувал пулсот на времето и ја познавал народната душа и бит. Тој грижливо настојува да ја одбележи естстската доблест и стројност на лирските записи во Зборникот што се провлекува низ сиот кус вовед. Тој едноставно е маѓепсан од неисцрпната фолклорна ризница која нанижала бисер до бисер од песни. (Тушевски, 2009: 221). Сето ова на Педговорот на Миладинов му дава исклучителна вредност во развојот на нашата фолклористика, па затоа велиме дека од интелектуалците, кои твореле во времето на просветителството, не сме ги нас- 103

ледиле само текстовите и празнувањата, туку и идеите, кои се плодоносни во одреден степен за развојот на фолклористиката, зашто делото на Миладиновци овозможуваше значајна преспектива за посигурниот тек на народоносното самоосознавање кај нас (Саздов: 1980, 1-20). Гладајќи го во контекстот на времето кога е создаван и печататен Зборникот на Миладиновци, можеме да кажеме дека станува збор за ретко и мошне значајно дело, кое имало вонердно збележлива преродбенска функција кај Македонците во годините што следувале по неговото печатење, но исто така е неоспорен и фактот дека тој доаѓа како природна последица на засилениот интерес за народот и неговата уметност како во Македонија, така и ширум Евро-па. Секако можеме да кажеме дека кај нас, како и кај повеќето словен-ски средини, допирот со народот истовремено претставува она што од денешна перспектива можеме да го наречеме афирмирање на сопстве-ната националност, а со самото тоа, се помага во откривањето на новите ризници на животот и на уметноста. Во тој однос може да се каже: филологијата ако не се потпирала на политичкото и на општест-веното тло, не би ни ги дала оние богати плодови што ги дала повикувајќи се на националните барања. Во оваа смисла Брек вели: кој не ги сака своите предци, не ги сака ни своите потомци. А токму фолклорот, проучувањето на неговите различни појави, истражува-њето и преиспитувањето на неговвите вредности, го означувал мостот меѓу минатото и иднината. Всушност, со своето дело, Константин Миладинов му припаѓа на едно движење, чија цел е да се открие и да се зачува она што е најдлабоко, што секој народ го носи во себе за национално освестување. На таа линија се движи и неговата работа во однос на собирањето и публикувањето на фолклорниот материјал. Во овој контекст може да се каже дека собирачката дејност на народното поетско творештво претставува мошне значајна појава за националниот развој во повеќето културни средини, а во тој контекст и на нашата. Литература: Миладиновци Димитрија и Констатин. 1983. Зборник на народни песни (редакција Поленаковиќ Х. и Димитровски Т.). Македонска книга: Скопје. Пенушлиски Кирил. 1988. Зборникот на браќата Миладиновци. Одбрани фолклористички трудови. Македонска книга: Скопје. стр.141 189. Полeнаковиќ Харалампие. 1969. Страници од македонската книжевност. Македонска книга: Скопје. Саздов Томе.1980. Студии за македонската народна книжевност. Студентски збор: Скопје. Тушевски Ванчо. 2009. Истражувања на македонскиот фолклор. Менора: Скопје. 104