III НАТАМОШЕН РАЗВОЈ НА ИНСТИТУТОТ ЗА ДЕФЕКТОЛОГИЈА И КОНТИНУИТЕТОТ НА СТРУЧНО-НАУЧНАТА ДЕЈНОСТ

Similar documents
Универзитет Св. Климент Охридски - Битола Факултет за туризам и угостителство Охрид. Дипломиран организатор по туризам и угостителство

views - opinions - dilemmas pogledi - mislewa - dilemi Ljupcho AJDINSKI Љупчо АЈДИНСКИ

РЕФЕРАТ ЗА ИЗБОР НА НАСТАВНИЦИ ВО НАСЛОВНО ЗВАЊЕ ЗА НАСТАВНИОТ ПРЕДМЕТ ВОВЕД ВО ФИЛОЗОФИЈА НА БИЗНИС АКАДЕМИЈА СМИЛЕВСКИ БАС, СКОПЈЕ

И З В Е Ш Т А Ј. 1. Образовен развој. Највисок успех, Култура и јазици, Оцена А, Скопје, Гимназиско образование за култура и јазици, 1989

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА НАСТАВНИЦИ ВО СИТЕ НАСТАВНО НАУЧНИ ЗВАЊА И АСИСТЕНТИ - ДОКТОРАНТИ (АСИСТЕНТИ ДОКТОРАНДИ) НА УНИВЕРЗИТЕТОТ МАЈКА ТЕРЕЗА ВО СКОПЈЕ

С О Д Р Ж И Н А. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

UNIVERZITETSKI BILTEN

Slobodanka LAZOVA-ZDRAVKOVSKA

UNIVERZITETSKI BILTEN

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

Вид на квалификација Финансиско-сметководствено-банкарска насока Степен Дипломиран економист

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

Март Opinion research & Communications

ЈОВЕ КЕКЕНОВСКИ - биографија

UNIVERZITETSKI BILTEN

УНИВЕРЗИТЕТСКИ БИЛТЕН

РЕФЕРАТ ЗА ИЗБОР НА НАСТАВНИЦИ ВО ЛЕКТОРСКО ЗВАЊЕ ЗА НАСТАВНАТА ОБЛАСТ АНГЛИСКИ ЈАЗИК НА БИЗНИС АКАДЕМИЈА СМИЛЕВСКИ БАС, СКОПЈЕ

UNIVERZITETSKI BILTEN

UNIVERZITETSKI BILTEN

КЛИНИЧКА ФАРМАЦИЈА И ФАРМАКОТЕРАПИЈА ПРАКТИКУМ

C U R R I C U L U M V I T A E

Advanced databases. Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство ФИНКИ. 7. Број на ЕКТС кредити. Бази на податоци

Заштита на личните податоци во Република Македонија. Охрид, 27 мај 2014 година

Биланс на приходи и расходи

АНЕКС Б И Л Т Е Н. Бр. 427

C U R R I C U L U M V I T A E. Лични податoци Сашко Граматниковски Телефон

ПРЕДМЕТНИ ПРОГРАМИ ОД СТУДИСКАТА ПРОГРАМА ПО СПЕЦИЈАЛНА ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА

ПЕТТИ СОСТАНОК НА ЕКСПЕРТСКАТА ГРУПА НА ENTERPRISE EUROPE NETWORK ЗА СЕДМАТА РАМКОВНА ПРОГРАМА

UNIVERZITETSKI BILTEN

Биланс на приходи и расходи

C U R R I C U L U M V I T A E

ПРАВИЛНИК ЗА СОДРЖИНАТА И ФОРМАТА НА ДИПЛОМАТА И ДОДАТОКОТ НА ДИПЛОМАТА И ДРУГИ ИСПРАВИ ИЗДАДЕНИ ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ

ЕВРОПСКИ УНИВЕРЗИТЕТ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИКА ПРОГРАМА ТРЕТА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ИНФОРМАТИЧКИ ТЕХНОЛОГИИ ЗА МЛАДИ ИСТРАЖУВАЧИ

Средно образование природно математичка гимназија Никола Карев Скопје, Р.Македонија

БИЛТЕН, I/46 28 мај 2014

Algorithms and Data Structures. 7. Број на ЕКТС кредити

Р Е Ф Е Р А Т И З В Е Ш Т А Ј

Обука за електронски систем на учење МИКРОУЧЕЊЕ. Материјал за учесници

Втора Регионална конференција за јавна внатрешна финансиска контрола за земји кандидати и потенцијални кандидати. Дневен ред

200 Филозофски факултет, Институт за дефектологија

КОНКУРС. За запишување студенти на факултетите на Универзитетот на Југоисточна Европа во академската 2012/2013 година

Структурно програмирање

Универзитетот Св. Климент Охридски во Битола; има чест на Наставничкиот совет на БАС да му го поднесе следниов ИЗВЕШТАЈ

УНИВЕРЗИТЕТСКИ БИЛТЕН

Г О Д И Ш Е Н И З В Е Ш Т А Ј за работата на универзитетот гоце делчев - Штип

УНИВЕРЗИТЕТСКИ БИЛТЕН

University St.Kliment Ohridski - Bitola Scientific Tobacco Institute- Priep ABSTRACT

Република Македонија. Универзитет Св. Кирил и Методиј Скопје. Архитектонски факултет ИЗВЕШТАЈ ЗА САМОЕВАЛУАЦИЈА НА АРХИТЕКТОНСКИОТ

UNIVERZITETSKI BILTEN

УПАТСТВО ЗА ПРОЦЕНКА НА ПОВРЗАНОСТА НА СОСТОЈБАТА НА ИНВАЛИДИТЕТ И ЖИВОТНАТА И РАБОТНАТА СРЕДИНА НА ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2015

UNIVERZITETSKI BILTEN

Значајни подрачја за раститенија, птици и пеперутки во Македонија. Славчо Христовски

UNIVERZITETSKI BILTEN

ПРЕДМЕТНИ ПРОГРАМИ ОД СТУДИСКАТА ПРОГРАМА ПО СОЦИЈАЛНА РАБОТА И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ

Мобилност МК Mobility MK

спорт и здравје, при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Скопје; III. Проф. д-р Таип Јакупи, професор на Бизнис академија Смилевски БАС, Скопје.

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола

UNIVERZITETSKI BILTEN

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

УНИВЕРЗИТЕТСКИ БИЛТЕН

УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ - БИТОЛА Б И Л Т Е Н. Бр. 379

За обуката ВОВЕД ВО НОВИОТ ПРЕДМЕТ

СTЕФАНОВСКА ВЕСНА. tel.: лок. 106

Р Е Ф Е Р А Т ЗА ИЗБОР НА АСИСТЕНТ-ДОКТОРАНД ЗА НАУЧНА ОБЛАСТ МАТЕМАТИКА НА ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИКА ПРИ УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО ШТИП

ЕВРОДИЈАЛОГ 19 EURODIALOGUE 19

1. Наслов на наставниот предмет Имплементација на системи со отворен код. Implementation of open source systems. 7. Број на ЕКТС кредити

ДЕЛОВНО ПРАВО BUSINESS LAW Edition for the theory and practice of Law

ПРАВИЛНИК ЗА УСЛОВИТЕ, КРИТЕРИУМИТЕ И ПРАВИЛАТА ЗА ЗАПИШУВАЊЕ И СТУДИРАЊЕ НА ТРЕТ ЦИКЛУС СТУДИИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ - БИТОЛА

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ToR 02/2016 ПРАВНИ ЕКСПЕРТИ ЗА ПОДГОТОВКА НА ПРИРАЧНИК ЗА СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕ-ПРАВНИ АСПЕКТИ

УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ - БИТОЛА Б И Л Т Е Н

Проект за професионален и кариерен развој на наставниците

Fourth international scientific and applicative conference KNOWLEDGE FOR HEALTH (second call)

МАРКЕТИНГ - ИНОВАТИВНОСT-ИНВЕНТИВНОСТ-КРЕАТИВНОСТ-

ФАРМАЦЕВТСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА. Доц. Д-р. Бистра Ангеловска

Економски факултет. Втор циклус студии ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ И МЕЃУНАРОДНИ ФИНАНСИИ ПРОЕКТ ЕКОНОМСКИ ФАКУЛTЕТ - СКОПЈЕ. Предлог

ПРЕГЛЕД НА ПАТУВАЊА ВО 2017 ГОДИНА

REVIEW OF SPECIAL EDUCATION PROGRAMS IN JORDAN: CURRENT PRACTICES, CHALLENGES, AND PROSPECTS

Мобилност МК Mobility MK V O L U M E 3, I S S U E 4

MANAGEMENT & LEADERSHIP SCHOOL FOR ENGINEERS МЕНАЏЕРСКА И ЛИДЕРСКА ШКОЛА ЗА ИНЖЕНЕРИ

УНИВЕРЗИТЕТ,,ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ФАКУЛТЕТ ЗА ОБРАЗОВНИ НАУКИ. ВОСПИТАНИЕ списание за образовна теорија и практика

КАРАКТЕРИСТИКИ НА НАСТАВНИТЕ ПРОГРАМИ ПО МАТЕМАТИКА ЗА ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ ( , , )

1. ВОВЕД 2. ОРГАНИЗАЦИСКИ МЕНАЏМЕНТ И ИЗВЕДУВАЊЕ

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ

UNIVERZITETSKI BILTEN

ОСНОВИ НА ИСТРАЖУВАЊАТА ВО ФУНДАМЕНТАЛНА КИНЕЗИОЛОГИЈА

Петти состанок на Локалната советодавна група Записник од состанокот

univerzitetski vesnik

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

Безбедност и здравје на работа

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА СПРОВЕДЕНИ АКТИВНОСТИ И ПРОЕКТИ ВО 2015 ГОДИНА НА ЗДРУЖЕНИЕТО ЗА ЗАШТИТА НА ПРАВАТА НА ДЕТЕТО

Мобилност МК Mobility MK

на јавната свест за Архуска конвенција и еколошкото законодавство на Европската Унија

И З В Е Ш Т А Ј 1. БИОГРАФСКИ ПОДАТОЦИ

Број 204, февруари 2018

НАСТАВНИК ПО МУЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ - ПОДГОТОВКА ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ИЗБОРНИТЕ ПРЕДМЕТИ ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА

ПРИРОДНО МАТЕМАТИЧКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ

ФАКУЛТЕТ ЗА ОБРАЗОВНИ НАУКИ НАУЧНО - СТРУЧНА ТРИБИНА

НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШНА ПРОГРАМА

Марија Баток, студент на специјалистички студии втор циклус

Transcription:

III НАТАМОШЕН РАЗВОЈ НА ИНСТИТУТОТ ЗА ДЕФЕКТОЛОГИЈА И КОНТИНУИТЕТОТ НА СТРУЧНО-НАУЧНАТА ДЕЈНОСТ 99

100 Празна стр. 100

ЗА ДА НАПРАВИ ГОЛЕМИ ДЕЛА, ЧОВЕК ТРЕБА ДА ЖИВЕЕ КАКО ДА НЕ ЌЕ МОРА НИКОГАШ ДА УМРЕ ДИЗРАЕЛИ 101

102 Празна стр. 102

По плодната работа во изминатите четири учебни години и разрешувањето на концепциските, организационите и наставно-програмските прашања, како и стабилизирањето на Институтот за дефектологија во својата работа и сè поголемото запознавање и прифаќање на новините од светот во оваа област, а особено со проучувањето на меѓународните документи за правата на лицата со инвалидност, Институтот за дефектологија започна во својата работа сè повеќе да се свртува кон новините и научно-истражувачката работа во областа на заштитата и рехабилитацијата на лицата со пречки во развојот. Притоа битно е да се одбележи дека Институтот за дефектологија организираше голем број собири, кои секогаш беа подготвувани со актуелна тематика, а на нив настапуваа голем број стручни лица со свои научни трудови од земјата и од странство. Вработените од Институтот почесто почнаа да учествуваат со свои трудови на домашни и меѓународни стручни собири и истражувачки проекти како и да објавуваат свои трудови во домашни и странски списанија. По одржувањето на Симпозиумот за рана детекција, дијагностика, третман и предучилишно воспитание, што се одржа во Струга во ноември 1996 година, Деканот на Филозофскиот факултет упати писмо со благодарност до г-ѓа Марион и г-н Роберт Непелс од Хаг, Холандија, за напорите што ги направија за испраќањето два стручњака од Холандија за рана интервенција на слепи деца од раѓање до 6-тата година од животот, за да учествуваат во работата на Симпозиумот зашто кај нас немаше такво искуство од оваа област. Молбата да ни помогнат и да организираат престој на една наша група студенти во Холандија за да посетат институции со искуство за работа со деца со оштетен слух и деца со психичка попреченост, напоменувајќи дека Факултетот веќе има воспоставено контакти со установата за лица со оштетен слух Effatha, беше прифатена со големо разбирање и залагање на овој брачен пар, личности - хуманисти и почитувачи на Македонија. Посетата беше договорена и се изведе. (Г-н Роберт Непелс пред тоа бил експерт на Светската здравствена организација во Македонија). (83) Како резултат на помошта од брачниот пар Непелс, од 4 до 13 ноември 1997 година се организира и изведе стручно-научен престој во Холандија со група студенти: Соња Андонова, Елена Христова, Оља Јордановска и Весна Костиќ, предводени од Раководителот на Институтот за дефектологија проф. д-р Љупчо Ајдински заедно со своите асистенти м-р Зора Јачова, м-р Горан Ајдински и Душка Наумовска како преведувач. Групата престојуваше во установата за лица со оштетен слух Effatha и установата за лица со психичка попреченост Graenbueg-Nordoop во близина на Хаг. Во установата Effatha, г-н Хари Бравер, координатор во одделот за едукација и надворешна соработка, ја запозна групата со системот на 103

образование на глувите во Холандија, методологијата во работата на установата Effatha и со некои прашања од законодавната регулатива за правата на овие лица. Студентите и наставниците се запознаа со функционирањето на билингвалниот систем на образование, што значи употреба на знаковната и оралната метода, како методи на комуникација во процесот на реализацијата на наставните содржини. Во установата Graenburg-Nordoop имаше 440 корисници со просечна возраст од 25 до 30 години и групата се запозна со згрижувањето, обезбедувањето современ третман на лицата со тешка и длабока психичка попреченост. Од нив 38 беа со повеќе од 50 години, а 5 постари од 80 години. На локацијата од Graenburg, дел од корисниците живееја во заедници во кои имаше по 6 одделенија за 12 лица во една куќа. По пат на извршени реформи и промени во установата, управата и другиот персонал настојувале, низ организацијата, создадените услови и работата со лицата, да им овозможат понормален живот сличен на семејните услови. За таа цел постоеја три вида активности: во домашна заедница, работен или дневен центар за разни активности и центар за рекреативни активности. (84) Прва генерација апсолвенти што ги одбранија своите дипломски работи Есента 1997 година започнаа да се бранат и дипломски работи на Институтот за дефектологија. Првата дипломска работа беше одбранета на 03.11.1997 година со оцена 10 од студентката Зорица Трајкова пред Комисијата: проф. д-р Љупчо Ајдински - ментор, доц. д-р Ристо Петров претседател и асс. м-р Горан Ајдински - член. По неа, во наредните месеци своите дипломски работи ги бранеа и студентите: Стојанка Коцева, Анета Нацевска, Роберта Матевска, Снежана Трпевска, Јулија Михова, Петре Николов, Соња Андоновска, Билјана Дучевска, Верица Марковиќ, Јелена Костова, Билјана Бадева, Билјана Петковска, Тања Мишевска, Елена Банова, Елена Христова и др. Во наредната 1998 година, сите студенти од четврта година што апсолвираа во претходната година, дипломираа и за нивна и наша среќа веднаш најдоа вработување, што во тоа време ретко се случуваше со другите струки. Тоа едновремено ја потврди и потребата од такви стручњаци и оправданоста од отворањето на дефектолошките студии во Македонија. Организирање и почеток со работа на постдипломските студии на Институтот На 17.11.1997 на состанокот на колегиумот на Институтот за дефектологија, се донесе заклучок да се формира комисија во состав: асс. м-р Зора Јачова, асс. м-р Горан Ајдински и асс. Владимир Трајковски, со задача да изготват предлог-елаборат за постдипломски студии. Откако бе- 104

ше изготвен и усвоен, Институтот за дефектологија на седницата одржана на 08.12.1997 година предложи Елаборатот да се достави до Наставнонаучниот совет на Филозофскиот факултет, кој пак на својата седница одржана на 24.12.1997 година го усвои и донесе Одлука за започнување на постдипломските студии. Во февруари 1998 година Ректорската управа на Универзитетот Св. Кирил и Методиј го озваничи отворањето на постдипломските студии по дефектологија и истите во согласност со Министерството за образование и наука, по завршената конкурсна постапка за прием на студенти-постдипломци, студиите започнаа во октомври 1998 година. (85) Се создадоа услови за организирање постдипломски студии за научно истражување и стекнување научно звање магистер и доктор на науки од подрачјето на дефектологијата. На овој начин се прекина дотогашната практика дефектолозите од Република Македонија да се запишуваат на постдипломски студии во Белград, Загреб, Софија или во Благоевград. Отворањето на постдипломски студии го иницираа самите студенти кои ги завршуваа Студиите по дефектологија во Скопје и голем број изразија желба за натамошно стручно усовршување. Институтот за дефектологија располага со соодветен наставнички кадар. Во исто време е воспоставена соработка и се ангажирани наставници од други институти на Филозофскиот факултет и другите сродни факултети на Универзитетот во Скопје, како и од дефектолошките факултети од Белград и од Софија, за покривање на предмети и/или наставни содржини додека Институтот не обезбеди свој наставен кадар. Кандидатите кои завршуваат постдипломски студии се здобиваат со звање магистер по дефектолошки студии од одредено научно подрачје. Во текот на студиите постдипломците учат научни методологии од повеќе научни области каде треба да ја докажат научната активност со што се оспособуваат за натамошна научна работа. Целта на постдипломските студии е создавање кадар подготвен да ја иницира, унапредува и да ги следи современите тенденции на дефектолошката теорија и практика. Тие се насочени кон едукација на кадри за научно истражувачка работа на: Институтот за дефектологија. Републичките институции од областа на образованието, социјалната заштита, здравствената заштита. Институциите во кои се реализира дефектолошката практика со лица со пречки во развојот. Редовните предучилишни установи, основни и средни училишта. Министерствата за социјална заштита, образование, здравство и др. Наставата, испитите и другите активности на постдипломските студии по дефектологија се одвиваат во три семестри, додека четвртиот е наменет за изработка на магистерскиот труд. Кредитите еднакво се распре- 105

делени по семестри. За да пристапи кон изработка на магистерски труд, кандидатот треба да освои 90 кредити. Магистерскиот труд се вреднува со дополнителни 30 кредити или вкупно, со завршување на постдипломските студии кандидатот освојува 120 кредити. Студентот е должен да изготви две семинарски работи и истражувачки проект по предметот Планирање на научното истражување. Со нив освојува по 5 кредити или вкупно 15 кредити. Со одбрана на магистерскиот труд, кандидатите се стекнуваат со научен степен магистер по дефектолошки науки. Во дипломата ке биде назначена групата предмети што ја избрал кандидатот. Студиите се прилагодени кон Европскиот кредит трансфер-систем (ЕКТС) за да се подобри меѓународната мобилност на студентите, признавање на одржаната настава и собраните бодови во која било земја на Европа. Кредитирањето е во согласност со ЕКТС системот на бодирање. Согласно ЕКТС организирани се три групи кредити: две кредитни групи според предметите и третата група според воннаставната научна активност. Студиите се конципирани така што им овозможуваат на студентите активно учество во процесот на научно-истражувачката работа. Тоа е овозможено преку голем број изборни предмети и можност за вклучување во научно-истражувачки проекти во рамките на Институтот за дефектологија. Изборните предмети се однесуваат на научните и стручните содржини со кои се операционализираат специфични подрачја од одредени научни области. (86) Првата генерација студенти на постдипломски студии, како што веќе спомнавме, беше запишана во учебната 1998/1999 година и оттогаш, во секоја втора година, перманентно се запишува нова генерација. Досега имаат магистрирано 6 постдипломци и 7 доктори по дефектолошки науки. Повеќето од овие завршени магистри и доктори денес се наоѓаат на работа во Институтот за дефектологија, како наставен кадар и успешно ја изведуваат теоретската и практичната настава. * * * На Институтот за дефектологија започна забележителна активност од страна на наставниците во однос на стручното усовршување и учество на домашни и меѓународни стручни собири. Институтот, на својата седница од 26.12.1997 година донесе одлука на јануарските дефектолошки денови во Херцег Нови, во организација на Сојузот на дефектолозите на СР Југославија, да учествуваат раководителот на Институтот за дефектологија, проф. д-р Љупчо Ајдински со темата Концепција и организација на оспособувањето на дефектолошките кадри во Република Македонија, доц. д-р Ристо Петров со темата Оспособувањето на првите дефектолошки кадри во Република Македонија и асистентите Даниела Димитрова и Наташа Чичевска како учесници на собирот. 106

Раководителот на Институтот за дефектологија, проф. д-р Љупчо Ајдински и доц. д-р Ристо Петров, на 29 и 30 ноември 1997 година, учествуваа со свои трудови од областа на социјалната заштита на менталната ретардација на Регионалната конференција во Благоевград, Бугарија, на тема Невладините организации - партнери во социјалната политика. Организатори на конференцијата беа Друштвото за помош на ментално ретардирани лица, Центарот за дневен престој на ментално ретардирани лица и Медико-педагошкиот факултет од Благоевград и Проектот на ЕЦ Никва, по програмата ФАРЕ, кој во соработка со невладините организации се изведуваше во овој дел на Бугарија, за подобрување на заштитата и рехабилитацијата на ментално ретардираните лица. * * * Во овој развоен период на Институтот за дефектологија се чувствуваше потребата од ангажирање дефектолошки наставен кадар од дефектолошките факултети од Белград и од Софија. Беше поканет, д-р Александар Ќордиќ, редовен професор на Дефектолошкиот факултет во Белград, пред студентите на Институтот за дефектологија на 27.11.1997 година да одржи предавања за одредени програмски содржини. Следниот месец на 11 и 12 декември 1997 година, беше поканет и академик проф. д-р Слободан Јакулиќ, декан на Дефектолошкиот факултет од Белград, да одржи предавања пред студентите од III и IV година на Институтот за дефектологија. Академикот Јакулиќ едновремено направи посета и разговори со деканот на Филозофскиот факултет, со ректорот и проректорите на Универзитетот Св. Кирил и Методиј. Во разговорите со деканот е покрената иницијатива за потпишување Спогодба за соработка на двата факултета во наредниот период која набргу и се реализира. Во февруари 1998 година во Белград беше потпишан протокол меѓу Дефектолошкиот факултет од Белград и Филозофскиот факултет од Скопје за соработка во наставната и научно-истражувачката работа од областа на дефектологијата. (87) Соработката овозможи и понатаму да се ангажираат потребните наставни дефектолошки кадри од Дефектолошкиот факултет во Белград. Заради укажаната потреба за изведување настава по стручни дефектолошки предмети со какви не располагаше Институтот, на 04.04.1998 година деканот на Факултетот со писмо се обрати до Дефектолошкиот факултет во Белград да им овозможи на професорите д-р Љубомир Савиќ, д-р Станика Дикиќ, д-р Властимир Миладиновиќ и д-р Живко Соколовски да одржат настава по одделени програмски содржини во летниот семестар на студентите од III и IV година на Институтот за дефектологија. 107

Воспоставување и излегување на стручно-научно списание Во 1997 година, особено по нагласената потреба од објавување голем број стручно-научни трудови од успешно реализираниот Симпозиум во Струга (1996 година), за раната детекција, дијагностиката, раниот третман и предучилишното воспитание на децата со пречки во развојот, Сојузот на дефектолозите на Македонија со Институтот за дефектологија покренаа иницијатива за излегување на стручно-научно списание Дефектолошка теорија и практика во кое членовите на стручниот тим од Институтот активно учествуваат со свои трудови. Од почетокот на излегувањето на списанието во 1997 година, негови издавачи се Филозофскиот факултет и Сојузот на дефектолозите на Македонија. Списанието има издавачки совет со кој раководи проф. д-р Трајан Гоцевски, редакциски одбор со главен и одговорен уредник проф. д-р Љупчо Ајдински и уредник г. Величко Андреевски во првите четири години од излегувањето на списанието, а во последните четири години е проф. д-р Владимир Трајковски. Појавата на списанието Дефектолошка теорија и практика, претставува логичен епилог на развојниот контекст на стручно-научната мисла во повеќето сфери на науката (медицината, дефектологијата, педагогијата, психологијата, социјалната политика, правото и др.) кај нас и во светот и современиот тренд во развојот на практиката на заштитата и рехабилитацијата на хендикепираните лица во Република Македонија. По исцрпните стручни размислувања и дилеми на Редакцискиот одбор на списанието, беше заземен став, тоа да ги содржи рубриките: Дефектолошка стручно-научна проблематика, Медицински третман, Психолошко-педагошки преглед, Погледи - мислења дилеми, Социјално-андрагошки аспекти, Од практиката за практиката, Нормативно-правна регулатива, Од историјата на третманот на хендикепираните лица, Прикази - полемики - рецензии, Вести информации, Искуства и новини од светот, Библиографија. Во периодот од 1997 до 2000 година во списанието Дефектолошка теорија и практика беа објавени вкупно 12 броја, од кои 6 како посебни и 6 како двоброја. Во сите рубрики во овие броеви објавени се вкупно 272 стручни и други прилози. Во четиригодишното излегување на списанието, свои трудови објавиле 268 автори од кои 105 самостојно и 51 со 112 коавтори. Од овој број околу 30% се од странство. Од 2000 до 2004 година, списанието не излегуваше, заради немање финансиски средства. Министерството за наука кое дотогаш го помагаше излегувањето на списанието, ги редуцира финансиските средства, сè до нивното трајно прекинување. Заради развиената стручно-научна дејност во областа на дефектологијата и обемната стручно-аналитичко-истражувачка активност на вра- 108

ботените во Институтот за дефектологија и со големо разбирање на Деканот на Филозофскиот факултет проф. д-р Трајан Гоцевски факултетот да финансира дел од трошоците за печатење на списанието, истото повторно почна да излегува од 2004 година. Оттогаш наваму списанието се печати на македонски и англиски јазик и сè повеќе добива меѓународен карактер. За овие четири години (2004-2007), списанието Дефектолошка теорија и практика беше објавено во купно 8 двоброја. Во одделни рубрики во овие броеви се објавени 128 стручни и други прилози. Во четиригодишното излегување на списанието, свои трудови објавиле 136 автори од кои 88 самостојно и 34 со 39 коавтори. Од овој број околу 25% се од странство. (88) На 19.02.1998 година до Министерството за образование и физичка култура е доставено писмо со преглед на посебните основни училишта и посебните одделенија при редовните основни училишта во Македонија, со молба истите да бидат претплатени на списанието Дефектолошка теорија и практика. Слично писмо, со список на детските градинки во Македонија, доставено е и до Министерството за труд и социјална политика за претплата на детските градинки на списанието. Првите години ваквата претплата функционираше, но потоа престана. (89) * * * Во почетокот на 1998 година се актуeлизира прашањето за постојани наставни бази за изведување практични вежби за студентите од III и IV година. Институтот даде предлози кои посебни установи може да бидат ангажирани како наставни бази и Деканатот упати предлог до Министерството со молба истите да бидат прифатени. Согласувајќи се со предлогот на Факултетот, Министерството во текот на февруари истата година на сите посебни училишта и установи што беа определени како наставни бази, им достави примерок од своето решение за реализирање на педагошкометодската практика на студентите од Институтот за дефектологија. (90) Во 1998 година се појавија корисни иницијативи од невладини организации за помош на родителите со деца со пречки во развојот. Една од таквите иницијативи беше на Друштвото за помош на ментално ретардирани лица, организирајќи Клуб на родители. Институтот за дефектологија, со желба да ги поддржи таквите иницијативи и стручно да им помогне, на својата седница од 16.02.1998 година реши, доц. д-р Ристо Петров со студентите од IV година да учествува во работата на Клубот кој работеше секој понеделник од 17:00 до 20:00 часот во Домот на социјално-хуманитарната организација Даре Џамбаз во Скопје. Работата на студентите со децата и нивните родители со голем интерес беше прифатена, што можеше да се забележи од зголемениот број родители и деца. (91) 109

Наставно-научниот совет на Филозофскиот факултет во Скопје, на својата IV седница, одржана на 25.02.1998 година, донесе одлука со која д-р Драгослав Копачев доцент по предметот Невропсихологија со психомоторна реедукација, се ангажира да изведува настава со нецелосно работо време по истиот предмет за студиите во учебната 1997/1998 година. (53) Според постојните законски прописи од областа на образованието, сите стекнати дипломи за завршено образование во странство, за да добијат правосилност, треба да се нострифицираат. Во текот на 1998 година Наставно-научниот совет, по барање на Министерството за образование од 25.02.1998 година донесе одлука за нострификација на дипломата на Тања Стериовска за завршен Дефектолошки факултет во Белград, по позитивниот извештај од комисијата во состав: проф. д-р Љупчо Ајдински, доц. д-р Ристо Петров и доц. д-р Драгослав Копачев. (92) По барање на Министерството за образование и наука, на седницата на Наставно-научниот совет од 03.07.1998 година беа формирани комисии за нострификација на дипломите на м-р Горан Ајдински за стекнат научен степен доктор по дефектолошки науки на Дефектолошкиот факултет во Белград, и на Милена Илиќ за завршен Дефектолошки факултет, исто така во Белград. Комисијата во состав проф. д-р Љупчо Ајдински, доц. д-р Ристо Петров и доц. д-р Драгослав Копачев позитивно ги реши овие предмети и достави извештај до деканатот за усвојување. (93) Заради успешно изведување на едномесечната практика на студентите од III и IV година од Институтот за дефектологија, факултетот во март 1998 година ги извести посебните училишта и установи во Скопје и Битола одредени за наставни бази да им овозможат на студентите изведување на практичната настава од 1 до 18 април и од 4 до 22 мај 1998 год. (94) Заради поттикнување на студентите за подобро совладување на наставното градиво, а со тоа и постигнување подобар успех во учењето, Институтот за дефектологија, на 11.05.1998 година донесе одлука за воспоставување парична награда за студент-првенец на генерацијата. (95) На истата седница се одлучи студентот-првенец во учебната 1993/1994-1996/1997 година да биде Роберта Матевска со просечен успех 9.30 и парично наградена со 15.000 денари. Само за оваа учебна година, од првата генерација студенти во паричен износ од 10.000 денари, да се награди и првиот студент кој дипломирал на Институтот за дефектологија, Зорица Трајковска. (96) На оваа седница се прифати предлогот на Раководителот на Институтот, проф. д-р Љупчо Ајдински, тој, секоја година да ја обезбедува паричната награда од свои финансиски средства. На состанокот се заклучи да му се предложи на деканатот, првата награда да биде свечено доделена на денот на доделување дипломи на завршени студенти од Факултетот во учебната 1996/1997 година. 110

111

112

COREL СТР. 113 (КОЛОР) Од првата награда до денес се доделени 10 награди за студентпрвенец и тоа: 1. Роберта Матевска, од 1993/1994 до 1996/1997 год. со просечен успех 9,50. 2. Весна Костиќ, од 1994/1995 до 1997/1998 год. со просечен успех 9,13. 3. Венеса Андова, од 1995/1996 до 1998/1999 год. со просечен успех 9,54. 4. Ирена Стефановиќ, од 1996/1997 до 1999/2000 год. со просечен успех 9,22. 5. Ефтимија Карбева, од 1997/1998 до 2000/2001 год. со просечен успех 8,80. 6. Јадранка Илиевска, од 1998/1999 до 2001/2002 год. со просечен успех 9,27. 7. Василка Галевска, од 1999/2000 до 2002/2003 год. со просечен успех 9,83. 8. Ана Каровска, од 2000/2001 до 2003/2004 год. со просечен успех 9,36. 9. Радмила Стојковска, од 2001/2002 до 2004/2005 год. со просечен успех 9,25. 10. Александра Каровска, од 2002/2003 до 2005/2006 год. со просечен успех 9,77. Доделување на наградата на Ванеса Андова за првенец на генерацијата 1995/1996-1998/1999 113

* * * Наставно-научниот совет на 03.06.1998 година формира испитни комисии за полагање приемен испит по стручните предмети за учебната 1997/1998-1998/1999 година. Од Институтот за дефектологија, за стручниот предмет Биологија, комисијата ја сочинуваа проф. д-р Љупчо Ајдински, проф. д-р Јорданка Димовска (од Природно-математичкиот факултет) и доц. д-р Ристо Петров. (97) Наставно-научниот совет на Филозофскиот факултет на својата X седница, одржана на 24.02.1999 година, донесе одлука д-р Драгослав Копачев, доцент по предметот Невропсихологија со психомоторна реедукација, да се ангажира да изведува настава по истиот предмет со половина работно време за студентите на Институтот во учебната 1998/1999 година. (53) Од голем број невладини организации се организираа стручни семинари од областа на третманот и рехабилитацијата на децата со пречки во развојот. Во текот на јуни 1998 година, во Скопје се одржа Workshop од областа на музико-терапијата, со кој раководеше познатиот светски стручњак од оваа област Џозеф Џејкоб Морено. Институт за дефектологија покажа интерес за овој семинар и ги испрати да учествуваат на оваа работилница д-р Ристо Петров и асс. Наташа Чичевска-Јованова. (98) Наставно-научниот совет на својата V седница на 26.05.1999 година, донесе одлука д-р Ристо Петров, доцент, да се избере за Раководител на Советот на постдипломски студии на Институтот за дефектологија со времетраење од 2 години. (99) По докторирањето на уште еден член од стручниот тим на Институтот за дефектологија, се стекнаа услови за распишување конкурс за избор на лице со наставничко звање. Наставно-научниот совет на Филозофскиот факултет, на својата X седница одржана на 24.11.1999 година, врз основа на распишаниот конкурс и позитивната рецензија, донесе одлука д- р Горан Ајдински да биде избран во звањето доцент по предметите Структурална дефектологија и Дефектолошка дијагностика на Институтот за дефектологија. (30) Одржани првите студентски дефектолошки денови Во пресрет на златниот јубилеј 50 години од постењето на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, во свечената сала на Филозофскиот факултет во Скопје на 22.05.1999 година беа одржани првите студентски дефектолошки денови. Манифестацијата требаше да биде со меѓународно учество, но заради војната во СРЈ, многу од поканетите студенти од другите земји го откажаа своето учество од безбедносни причини. 114

Студенските дефектолошки денови ги поздрави продеканот на Филозофскиот факултет проф. д-р Благородна Лакинска, а свечено ги отвори Раководителот на Институтот за дефектологија проф. д-р Љупчо Ајдински. На манифестцијата учествуваа 22 студенти од Институтот за дефектологија и 3 дипломирани дефектолози во тековната учебна година. Се работеше во две сесии со теми што ги опфаќаа потесните подрачја на дефектологијата. Со првата сесија раководеше комисија во состав: проф. д-р Анастас Лаковски, доц. д-р Драгослав Копачев, доц. д-р Горан Ајдински и асс. д-р Владимир Трајковски, каде беа обработени теми од дефектолкошката дијагностика и медицинските аспекти на определени хендикепи. Втората комисија во состав: проф. д-р Љупчо Ајдински, доц. д-р Ристо Петров, д-р Горица Левенска и помл. асс Даниела Димитрова-Радојичиќ, имаше можност да ги слушне студентите што ги обработија темите во врска со едукацијата и професионалната ориентација на лицата со пречки во развојот. Првите студентски дефектолошки денови во целост ги оправдаа очекувањата на организаторите и на стручниот колегиум од Институтот за дефектологија и манифестацијата едногласно ја оценија како успешна. Заради значењето на првиот настап на студентите, ќе ги наведеме нивните излагања: Епидемиолошка карта на предучилишна возраст во Битола во 1998 година, С. Видиновска. Етиологија на церебралната парализа, Ј. Богоева. Тикот во развојната возраст како растројство во психомоториката, М. Стојменовска. Придонес на наследниот фактор во пројавеноста на оштетувањето на слухот, В. Трајковска. Рана детекција, дијагностика и третман на децата со пречки во развојот во Штип, Ј. Ристова. Влијанието на социо-економскиот статус врз успехот на учениците со лесна ментална ретардација во ПОУ Иднина - Скопје, Шемшедини Малиќ. Влијанието на социо-економскиот статус врз успехот на учениците со УМР, Г. Симоновски. Проценка на координацијата меѓу движењата на рацете и нозете во ритам кај лесно ментално ретардирани лица, И. Трифунова и В. Боризовски. Развоен хиперкинетички синдром, А. Жезовска. Дете со аутизам, С. Дечкова. Диспраксии, С. Шекероска. Професионално оспособување на лица со оштетен слух во Центарот за образование и рехабилитација Партение Зографски, Скопје, Д. Маневски. 115

Карактеристики на епилептичните напади како симптом и како придружна појава кај менталната ретардација, Н. Денчевска. Проценка на зрелоста на ракописот кај децата со церебрална парализа и ментална ретардација при ПОУ Иднина - Скопје, А. Далипи. Воспитание на детето со оштетен слух во семејството, Ж. Дојчинова. Проблеми во речникот кај децата со оштетен слух од предучилишна возраст, С. Новачев. Подготвеност на детската средина за прифаќање деца со пречки во развојот како услов за успешна интеграција, А. Јаневска и А. Омерагиќ. Проценка на употребната доминантна латерализација на горните екстремитети кај децата во редовните основни училишта, Г. Стамаџиева и А. Дончевска. (100) Од соработката меѓу студентите и професорите на Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј со дефектолошките факултети од други универзитетски центри и честите среќавања и разговори што се водеа меѓу нив, се наметна потребата од меѓусебно среќавање на организирани стручни собири. Така, во организација на Институтот за дефектологија, а под покровителство на деканот на Филозофскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј од 5 до 9 јуни 2000 година во Охрид се одржа Студентски дефектолошки семинар со меѓународно учество на тема Третманот на ментално ретардираните деца, децата со церебрална парализа и децата со аутизам и нивната интеграција во општествената средина, со воведен реферат од Раководителот на Институтот за дефектологија. Во работата на семинарот зедоа учество 60 претставници (студенти, асистенти и професори) од 7 држави и тоа: Босна и Херцеговина, Бугарија, Македонија, Хрватска, Руската Федерација, Словенија и СР Југославија. Се работеше 4 дена во три сесии за: ментална ретардација, церебрална парализа и аутизам. Беа поднесени 42 излагања со широк регистар на проблеми што го окупираат човештвото како своевидни феномени, како постојани предизвици и мистерии придружени на човековото битисување. Со размена на искуства студентите од разни универзитети дадоа сопствен придонес за побрзо вклучување на лицата со инвалидност во процесите на социјализацијата и ја отворија можноста за унапредување на дефектолошката практика во своите земји, за свое лично оспособување за извршување на задачите во рехабилитацијата. (101) 116 * * *

На Филозофскиот факултет во Скопје во големиот амфитеатар, на 03.12.1999 година, Институтот за дефектологија традиционално го одбележа Меѓународниот ден на хендикепираните 3 декември. За значењето на овој ден, за активностите реализирани во текот на годината и за потребата од информирање на јавноста за проблемите што ги мачат лицата со пречки во развојот, зборуваше асистентот Зоран Киткањ. На прославата, покрај вработените од Филозофскиот факултет, присуствуваа гости од ресорните министерства за здравство, образование, труд и социјална политика, претставник на Амбасадата на Република Кина, Тајван, претставници на Педагошкиот завод на Македонија, Заводот за унапредување на социјалните дејности, претставници од инвалидските организации, како и претставници од посебните училишта и установи за рехабилитација од Скопје и од внатрешноста. На прославата група студенти ги презентираа предлог-мерките од Националната стратегија за спроведување на стандардните правила за изедначување на можностите на хендикепираните лица, изготвени од страна на вработените при Институтот за дефектологија. Од учениците на Центарот за образование и рехабилитација Св. Наум Охридски од Скопје, беше приредена културно-забавна програма. Наставно-научниот совет на Филозофскиот факултет во Скопје, на својата III седница, одржана на 01.03.2000 година, донесе одлука д-р Драгослав Копачев, досегашен наставник со нецелосно работно време во звање доцент по предметот Невропсихологија со психомоторна реедукација, се избра за наставник на неопределено работно време, во исто звање и по истиот предмет. (53) * * * Настојувањата на Институтот за стручно-научно проучување, разгледување и решавање на проблемите на лицата со пречки во развојот добиваа сè посериозен карактер. Заради тоа, по иницијатива на Раководителот на Институтот за дефектологија, проф. д-р Љупчо Ајдински и д-р Владимир Трајковски на 22.05.2000 год. во Скопје се одржа основачко собрание за формирање Македонско научно здружение за аутизам. Во здружението се вклучија вработените и надворешно ангажираните наставници. Членовите се здружија заради остварување поширок заеднички интерес, а посебните цели и задачи беа: примарна превенција на лицата со аутизам; истражување на механизмите врзани со аутизмот; истражување на ефектите од рехабилитацијата на лицата со аутизам; третирање на лицата со аутизам; соработка со родителите на децата со аутизам и 117

координација на владините и невладините организации што се занимаваат со аутизам. Здружението непосредно по формирањето започна со првите истражувачки активности, како што беше проектот Имуногенетски анализи на лицата со аутизам во Република Македонија. По успешното завршување на овој проект, научно се истражуваа и други проблеми од областа на аутизмот. (102) * * * Проблемите на лицата со инвалидност беа на разгледување и решавање пред инвалидските организации во одделни земји, но и на нивни меѓународни средби. Во таа смисла балканските национални организации за лица со оштетен вид се договорија за Балканска конференција за оспособување на децата со оштетен вид, што се одржа од 26 до 30 октомври 2000 година во Варна, Бугарија, во организација на бугарската асоцијација за лица со оштетен вид. На таа конференција беа поканети Институтот за дефектологија и Заводот за рехабилитација. Од Институтот учествуваше Љупчо Ајдински и Елизабет Солтирова, а од Заводот за рехабилитација на децата со оштетен вид, директорот Симеон Созовски. На Конференцијата учествуваа околу 50 учесници од Балканските земји: Албанија, Бугарија, Грција, Хрватска, Македонија, Романија, Турција и СР Југославија. Конференцијата работеше пленарно и по групи. На пленарната седница настапија и македонските учесници со свои реферати. Љупчо Ајдински настапи со темата Првите почетоци на раната интервенција кај децата со оштетен вид од раѓање до 7-та година од животот во РМ. Всушност се презентираа резултатите од направената евалуација на холандско-македонскиот проект што се изведуваше од 1998 до 2000 година. Елизабет Солтирова настапи со темата Организација на образованието и рехабилитацијата на лицата со оштетен вид во Република Македонија. Презентацијата за раната интервенција кај децата со оштетен вид, предизвика интерес и по барање на учесничка од Република Турција беше организирана групна дискусија бидејќи се оцени дека е тоа значајно како пионерски труд презентиран пред балканските земји. Се разговараше за организацијата на работата на раната интервенција кај децата со оштетен вид, активностите на дефектолозите во извршувањето на програмските задачи во врска со сензорниот, моторниот, когнитивниот и социјално-емоционалниот развој. (103) Институтот за дефектологија честопати организираше заеднички стручни собири со невладини и други организации, по разни проблеми од областа на заштитата и рехабилитацијата на лицата со пречки во развојот. Во заедничка организација со германското друштво за техничка соработка - проектот Унапредување на згрижувањето и третманот на децата со пречки во развојот на 19 септември 2002 година се одржа тркалезна маса 118

на тема Интеграција на лицата со пречки во развојот во пошироката општествена заедница - германски и македонски искуства. Од германска страна излагаше г-ѓа Ина Штајн, застапник на хендикепираните лица во Баварската државна влада на тема Интеграција наместо изолација, а од Институтот за дефектологија настапи Љупчо Ајдински со Интеграција на лицата со пречки во развојот во пошироката општествена заедница (Искуства од Македонија). (104) Институтот за дефектологија, редовно ги следеше активностите и стручните собири, но и земаше активно учество со свои настапи. На советувањето што се одржа во Струга од 12 до 14 декември 2002 година, во организација на Сојузот на дефектолозите на Македонија на тема Досегашните искуства од интеграцијата, инклузијата и деинституцијализацијата на децата со хендикеп и улогата на дефектологот во редовните училишта, учествуваа и претставници од Институтот. На советувањето беа изложени предавања и презентации на професорите од Институтот за дефектологија за најновите теоретски сознанија и искуства од оваа тематика: Д-р Љупчо Ајдински: Искуствата од интеграцијата на лицата со пречки во развојот во Република Македонија. Д-р Зора Јачова: Концептот на инклузивното образование. Д-р Ристо Петров: Деинституционализацијата на лицата сместени во јавни институции во Република Македонија (Проект на УНИ- ЦЕФ) (105). Националното координативно тело за еднакви права на лицата со инвалидност, формирано од Владата на РМ, според донесената Национална стратегија за правата на лицата со инвалидност, честопати организираше стручни собири на кои разгледуваше актуелни прашања од областа на заштитата, образованието и рехабилитацијата на лицата со инвалидност. На 9 јуни 2004 година, во организација на ова тело, во Клубот на пратениците, се одржа тркалезна маса на тема Примена на терминологијата за лицата со инвалидност во РМ. Во расправата учествуваа и претставници на Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет со свои излагања (професорите Љупчо Ајдински, Ристо Петров, Драгослав Копачев Зора Јачова и Горан Ајдински). По долга конструктивна и стручна расправа, во која учествуваа над триесетина дискунтанти, едногласно беше усвоен заклучок за изедначување на досегашните различно употребувани термини: За возрасни лица да се применува терминот лица со инвалидност, а за децата да се применува терминот деца со развојни проблеми и посебни образовни потреби. (106) Исто така и на тркалезната маса, што се одржа во јуни 2004 година во Клубот на пратениците на тема Воспитание и образование - право и обврска за лицата со инвалидност во Република Македонија, организирана 119

од Националното координативното тело за еднакви права на лицата со инвалидност, учествуваа и наставници од Институтот за дефектологија (д-р Љупчо Ајдински, д-р Ристо Петров, д-р Горан Ајдински, д-р Зора Јачова) со свои излагања, а воведното излагање беше презентирано од проф. д-р Љупчо Ајдински. Во работата на тркалезната маса учествуваа голем број познати експерти и други стручни компетентни лица, кои со излагања и дискусии придонесоа да се актуелизираат повеќе прашања од оваа област. Притоа, посебен акцент беше даден на почитувањето и имплементацијата на меѓународните декларации и резолуции за правата на лицата со инвалидност, на националното законодавство и неговата практична реализација. (107) На Филозофскиот факултет на 16 март 2007 година, во организација на Македонското научно здружение за аутизам, Европската асоцијација на обезбедувачи на услуги за лица со пречки во развојот и Филозофскиот факултет, беше одржан Вториот форум на сервисните служби. Беа поканети директорите на установите за лица со пречки во развојот во РМ и дел од невладиниот сектор. Целта на овој форум беше обединување на секторот кој се занимава со давање услуги на лицата со пречки во развојот, споделување информации и модели на добра практика, како и спроведување на искуства од Европската унија. Форумот го отвори и со него раководеше претседателот на Македонското научно здружение за аутизам, доц. д-р Владимир Трајковски. Официјално добредојде на присутните им посакаа Деканот на Филозофскиот факултет проф. д-р Трајан Гоцевски и господинот Лук Зелдерло генерален секретар на EASPD. Како предавачи учествуваа господинот Лук Зелдерло, госпоѓата Дијана Киријаческу (Handicap International-South East Europe), Љупчо Ајдински почесен претседател на МНЗА, господинот Владо Крстевски и госпоѓата Лидија Крстевска, од асоцијациите: Републички центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост Порака и Отворете ги прозорците. (108) * * * Наставно-научниот совет на Филозофскиот факултет на својата X седница одржана на 04.04.2001 година, врз основа на распишаниот конкурс и позитивната рецензија, го избра д-р Ристо Петров, во звање вонреден професор по предметите: Методика на воспитно-образовна работа за лица со тешка и комбинирана хендикепираност, Професионална ориентација и оспособување на хендикепираните лица, Домска воспитно-образовна работа со хендикепираните ученици и Заштита и рехабилитација на лицата со пречки во развојот. (45) Наставно-научниот совет на Филозофскиот факултет, на својата II седница одржана на 05.12.2001 година, донесе одлука со која за Раководи- 120

тел на постдипломските студии на Институтот за дефектологија го избра проф. д-р Ристо Петров. (109) Наставно-научниот совет на Филозофскиот факултет во Скопје, на својата I седница, го избра д-р Драгослав Копачев, доцент по предметот Невропсихологија со психомоторна реедукација на Институтот за дефектологија на Филозофскиот факултет, во звањето вонреден професор по предметите: Невропсихологија со психомоторна реедукација, Медицински основи на хендикепираноста и Младинска психопатологија, за време од пет години од денот на изборот. (53) Наставно-научниот совет на Филозофскиот факултет во Скопје на својата VII седница, одржана на 20.06.2002 година донесе одлука за избор на Даниела Димитрова во звањето асистент на Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет во Скопје по предметите: Методика на раниот третман и предучилишното воспитание на деца со пречки во развојот и Методика на одделенската настава со слепи и слабовидни ученици. М-р Даниела Димитрова-Радојичиќ, на 01.04.2005 година е реизбрана во истото звање и по истите предмети. (43) Согласно извештајот на Рецензентската комисија, Наставно-научниот совет на Филозофскиот факултет во Скопје на својата XI седница одржана на 25.11.2003 год., донесе одлука за избор на м-р Наташа Чичевска-Јованова за асистент на Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет по предметите Методика на одделенската настава со лесно ментално-ретардирани ученици и Методика на раниот третман и предучилишното воспитание на хендикепираните деца. (50) Наставно-научниот совет на Филозофскиот факултет на својата XVII седница, одржана на 03.12.2003 година, врз основа на распишаниот конкурс и позитивната рецензија, донесе одлука д-р Горан Ајдински да биде избран во звањето вонреден професор на Институтот за дефектологија по предметите: Општа дефектологија, Структурална дефектологија и Дефектолошка дијагностика. (30) Наставно-научниот совет, прифаќајќи ја рецензијата, по распишаниот конкурс, на 28.10.2004 година, донесе одлука за избор на Зоран Киткањ во звање асистент по предметите Општа дефектологија и Структурална дефектологија на Институтот за дефектологија. На 03.06.2007 година, Зоран Киткањ е реизбран во истото звање и по истите предмети. (83) Наставно-научниот совет на својата XXVIII седница, одржана на 29.06.2005 година, донесе одлука, проф. д-р Горан Ајдински да се избере за Раководител, а доц. д-р Зора Јачова за Заменик раководител на постдипломските студии на Институтот за дефектологија. (110) Наставно-научниот совет на Филозофскиот факултет на својата V седница одржана на 22.02.2006 година, врз основа на позитивната рецензија по распишаниот конкурс, донесе Одлука, д-р Ристо Петров да се избере за редовен професор на Институтот за дефектологија по предметите 121

Образование и рехабилитација (професионална ориентација и оспособување на лица со пречки во развојот), Методика на работата со лица со тешки и комбинирани пречки во развојот и Заштита и рехабилитација на лица со пречки во развојот. (45) Наставно-научниот совет на својата XIII седница одржана на 06.06.2007 година, врз основа на позитивна рецензија, донесе одлука за избор на д-р Даниела Димитрова-Радојичиќ во звањето доцент по предметите Методика на раниот третман и Методика на одделенската настава со слепи и слабовидни ученици на Институтот за дефектологија при филозофскиот факултет во Скопје. (43) Наставно-научниот совет на својата XXI седница одржана на 18.06.2008 година, врз основа на позитивна рецензија, донесе одлука за избор на д-р Наташа Чичевска Јованова во звањето доцент по предметите Методика на раниот третман, Методика на одделенска настава со лесно ментално ретардирани ученици и Методика на одделенска настава со телесно инвалидизирани ученици на Институтот за дефектологија при филозофскиот факултет во Скопје. (50) Организирање и учество на стручни собири Институтот за дефектологија на Филозофскиот факултет во Скопје, во своето досегашно работење, беше организатор и учествуваше на повеќе стручно-научни манифестации со национално и меѓународно учество: Семинар: Основите на реедукација на психомоториката во развојниот период, Филозофски факултет, Скопје, 1995. Советување: Новини, искуства и тенденции во нормализацијата и интеграцијата на хендикепираните деца, Струга, 1995. Семинар: Аутизмот и другите детски психози, Струга, 1995. Прв симпозиум на тема: Раната детекција, дијагностика, третман и предучилишно воспитание на децата со пречки во развојот (со меѓународно учество), Струга, 1996. Први Студентски дефектолошки денови, Филозофски факултет, Скопје, 1999. Стручен собир на тема: 50 години заштита, рехабилитација, воспитание и образование на лицата со пречки во развојот во Република Македонија, 1949-1999, во Скопје, 1999. Студентски дефектолошки семинар (со меѓународно учество): Децата со аутизам и нивниот третман, Скопје, 2000. Учество на семинар: Зголемување на свесноста и фамилијарната поддршка за церебрална парализа, Скопје, 2000. Учество на Европска конференција: Видот и стратегии во новиот век, Краков, Полска, 2000. 122

Учество на Првата балканска конференција: Заштита и рехабилитација на слепи лица, во Варна, Бугарија, 2000. Тркалезна маса на тема: Интеграција на лицата со пречки во развојот во пошироката општествена заедница - германски и македонски искуства, во заедничка организација со ГТЗ - Проект: Унапредување на згрижувањето и третманот на деца со пречки во развојот и Институтот за дефектологија, Скопје, 2002. Учество на семинар: Досегашното искуство од интеграцијата, инклузијата и деинституционализацијата на децата со хендикеп и улогата на дефектологот во редовните училишта, Струга, 2002. Учество на семинар: Рано откривање, евиденција и пријавување на деца родени со фактор на ризик и деца со пречки во развојот, Скопје, 2002. Учество на Меѓународна конференција за едукација на дефектолошкиот кадар, Китен, Бугарија, 2002. Учество на семинар за реедукација, Скопје, 2002. Учество на Третата европска работилница за обука на едукаторите на лицата со визуелно оштетување, Варшава, Полска, 2002. Учество на Втората балканска конференција: Професионална рехабилитација на лицата со оштетен вид, Атина, Грција, 2002. Учество на семинар: Современи аспекти во процената на визуелните способности на децата со оштетен вид, Скопје, 2003. Научна конференција: Десет години студии по дефектологија во Република Македонија, Охрид, 2003. Советување: Новини во воспитанието, образованието и рехабилитацијата на лицата со пречки во развојот, Охрид, 2003. Учество на EASPD-конференција: Живеење како и другите лица или толеранција и прифаќање, Грац, Австрија, 2003. Излагање: Заштита и рехабилитација на децата со умерена и тешка ментална ретардација и децата со аутизам во Република Македонија, Шумен, 2003. Излагање на Денови на дефектолозите на Србија и Црна Гора, Врњачка Бања, 2003. Воведно излагање на Секцијата за деинституционализација на Меѓународната конференција по повод 10-те години на Институтот за дефектологија, Охрид, 2003. Учество на семинар: Практична примена на Минхенската функционална развојна дијагностика (МФРД) кај деца до 3-годишна возраст, Скопје, 2003. Учество на Семинар за окупациона терапија, Скопје, 2004. Учество на Меѓународна конференција за едукацијата на децата со посебни потреби: Effekts of the developmental-compensatory progra- 123

124 mme in practice to children with severe mental retardation, Лил, Франција, 2004. Излагање на Денови на дефектолозите на Србија и Црна Гора, Врњачка Бања, 2004. Учество на EASPD-конференција: Тренинг и вработување на лица со ментална ретардација во проширената Европска унија, Будимпешта, Унгарија, 2004. Учество на Конференцијата на Европската комисија за инвалидните лица: Еднакви можности за инвалидните лица: соработка и партнерство, Софија, Бугарија, 2004. Семинар: До каде сме со аутизмот, Скопје, 2004. Учество на Семинар за организација на заштитата и образованието на децата со аутизам, Струга, 1995. Учество на советувањето До каде сме со аутизмот во Македонија, Скопје, 2005. Учество на советувањето Биолошки основи на аутизмот, ПДД и АДХД, Белград, Србија и Црна Гора, 2005. Излагање: Специјална едукација и рехабилитација - чекори и исчекори, Белград, Србија и Црна Гора, 2005. Излагање на Денови на дефектолозите на Србија и Црна Гора, Херцег Нови, 2005. Предавање на семинарот До каде сме со аутизмот во Македонија, Скопје, 2005. Предавање на семинар во организација на секцијата на специјалисти по училишна медицина: Едукација на децата со посебни потреби, Дојран, 2005. Презентација на научен труд на Денови на дефектолозите на Србија и Црна Гора, со меѓународно учество, Врњачка Бања, 2006. Презентација на тема: Деинституционализација деце са тешком менталном ретардацијом у Р. Македонији на семинарот на тема Живеење со поддршка во заедница како алтернатива на институционализацијата, Белград, 2006. Излагање на тема Професионалниот развој на учителскиот кадар во функција на инклузивното образование на семинар во организација на Педагошкиот факултет во Скопје, Скопје, 2006. Учество на EASPD-конференцијата Заедно против злоупотребата, Брисел, Белгија, 2006. Учество на EASPD-конференцијата Стареењето и инвалидноста, Грац, Австрија, 2006. Учество на Седмиот балкански состанок по хумана генетика, Скопје, 2006. Учество на семинарот Норми и стандарди во работа со комбинирано попречени лица, Ветерник, Србија, 2006.

Учество на научниот симпозиум Спроведување на Болоњскиот процес на филозофските факултети од земјите на Југоисточна Европа, Скопје, 2006. Учество на Семинар за модернизација на образованието и обуката за наставници: Болоњски процес, Охрид, 2006. Учество на Балканска конференција за лица со оштетен вид, Белград, Србија, 2006. Тркалезна маса на тема Состојба, проблеми и развој во образованието и вработувањето на лица со ивалидност, во организација на Националното тело за еднакви права на лицата со инвалидност во соработка со Институтот за дефектологија, 2007. Учество на НВО-платформата за сервисни служби во Македонија, Скопје, 2007. Излагање: Улогата на корисниците во службите за поддршка за живот во заедница, Загреб, Хрватска, 2007 Учество на советувањето за Достапност на социјалните услуги за лица со инвалидност во Југоисточна Европа, Скопје, 2007. Учество на EASPD-семинарот Преку граници - култури пристапи, Софија, Бугарија, 2007. Учество на семинарот Европски денови на аутизмот, Брисел, Белгија, 2007. Учество на Првиот меѓународен конгрес за Down-ов синдром и прв ЕДСА-конгрес во Хрватска: Луѓето со Down-ов синдром пријателски во Пула, Хрватска, Пула, 2007. Учество на советувањето за креативната настава и учење Стандарди за оценување и нивни импликации во иницијалната подготовка на наставниците во Р. Македонија, Скопје, 2007. Учество на Првиот семинар за примена на современи методи во наставата - Креативна настава и учење, Скопје, 2007. Учество на Вториот семинар за примена на современи методи во наставата - Креативна настава и учење, Скопје, 2007. Предавање: Статусот на вработените лица со ментална ретардација во заштитните друштва во Република Македонија, согласно постоечката легислатива, Денови на дефектолозите на Србија, Врњачка Бања, 2007. Учество на Меѓународната конференција на тема Улогата на корисниците во службите за поддршка на животот во заедница, Загреб, 2007. Учество на Меѓународната конференција на тема Нови тенденции во специјалната едукација и рехабилитација, во организација на Факултетот за специјална едукација и рехабилитација од Белград, Златибор, 2007. 125

Излагање: Семејството на дете со посебни образовни потреби, како важен фактор во тимот за реализација на инклузијата во редовниот образовен систем, Меѓународна конференција, Р. Бугарија, Софија, 2007. Излагање за деинституционализацијата на децата од установите во Република Македонија на Меѓународниот симпозиум Различни според способностите, еднакви во правата, Загреб, 2007. Учество на советувањето Креативната настава и учењето со излагањето Стандардите за оценување и нивните импликации во иницијалната подготовка на наставниците во РМ, 2007. Излагање: Животот во други семејства - нов квалитет на живот на деца со тешка попреченост во интелектуалниот развој, Денови на дефектолозите на Србија, Врњачка Бања, 2008. Учество на Првиот научно-стручен дефектолошки конгрес, СЦГ Белград, 1998. Учество на Дефектолошки денови на дефектолозите од Југославија, Херцег Нови, 1998. Наведените излагања, презентации и учества на значајни стручни собири во државата и во странство, ги афирмираа наставниците од Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет, како стручњаци со солиден квалитет, а во исто време, оваа практика ќе им послужи како пример на идните генерации, за таков ангажман. 126 Вклучување во домашни и меѓународни проекти Институтот за дефектологија континуирано е вклучен во повеќе домашни и меѓународни проекти: 1. ТЕМПУС - Здружен европски проект (Македонија, Холандија и Германија): Фокусирање на инклузивното образование врз развојот на наставната програма заедно со социјалната работа - Во фокус (In Fokus). Една од главните цели во првата фаза (2002-2005) на овој проект, беше промена на наставната програма и одредени програмски содржини на Институтот за дефектологија во функција на подобра едукација и рехабилитација на лицата со пречки во развојот. Проектот е организиран од ТЕМПУС-програмата при Европската комисија. Целите на проектот беа: иновации во наставната програма на Институтот за дефектологија кои се однесуваат на методот за инклузивно образование на Институтот за дефектологија при Универзитетот Св. Кирил и Методиј - Скопје;

основање мултидисциплинарен центар за интервенција во раното детство во Скопје; новини во наставната програма на Институтот за дефектологија: метод на учење за да се научи, теорија/практика на интеракцијата, мултидисциплинарен метод рефлексија, портфолио, нова технологија, видеоинтеракција. Партнери во проектот беа: Од Македонија: Универзитетот Св. Кирил и Методиј - Филозофски факултет; Институтот за рехабилитација на деца со оштетен вид Димитар Влахов ; Посебното основно училиште Д-р Златан Сремец ; Алгоритам Центар; Редовното основно училиште Кочо Рацин ; Развојниот центар при Здрвствениот дом - Скопје-примариус. Од Германија: Ministerium fur, Bildung,Wissenschaft und Weiterbildung Rheiland- Pfalz, Referat Sonderschulen-Mr. Hans Schilichting; Landesschule fur Gehorlose und Schwerhorige Neuwied-Mr. Hans Rolman; WilhelmHubert Cuppers-Schule-Mr. Alfons Zimmer; Bezirksverband Pfalz-Mr. Joachim Stockle; University of Koblenz-Landau. Од Холандија: De Driestroom-De Beukenborgh-Drs. Peit Geerts; De mhemse Buitenschool-Drs. Jeanne van Gils; Human Interaction-Mr. Remie Amstelveen; Scholengemeenschap Mareindael-Mr. Jan van de Velde. Експерска група за мониторинг Prof. Dr. Jan de-moor - The Netherlands; Prof. Dr. Walter Dreher-Dean of the Fakultat Geistigbehinderten Padagogik, University of Cologne, Germany; Dr. Ludmila Kuznetsova-Dean of the Faculty Special Psychology- Mosckow, RF; Prof. Dr. Nikola Cuomo-University of Bologna, Italy. 127

Менаџмент на проектот: главен координатор на проектот и координатор за Холандија - Дрс. Линус Корнелисен, раководител на Одделот за образование ПАБО, Арнхем, Холандија; координатор за Македонија - проф. д-р Горан Ајдински, раководител на Институтот за дефектологија, Филозофски факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Република Македонија; координатор за Германија - проф. д-р Петер Јан, Platzinstitut fur Horsprachobehinderte, Франкентал, Германија; асистент на проектот - Билјана Пајковска - Скопје. Во рамките на спроведувањето на Проектот ТЕМПУС се организираа взаемни посети при што се организираа предавања од професори, студенти и практичари од специјализираните институции. Од Македонија професори од Институтот за дефектологија и од други институти на Филозофскиот факултет, како и студенти и практичари од специјализираните институции, во Холандија и Германија посетија универзитетски центри, факултети и специјални установи каде имаа студиски престои и одржаа предавања, и тоа: д-р Трајан Гоцевски, д-р Виолета Арнаудова, д-р Наташа Ангелова, д-р Ристо Петров, д-р Горан Ајдински, д-р Драгослав Копачев, д-р Зора Јачова, м-р Даниела Димитрова- Радојичиќ, м-р Наташа Чичевска-Јованова и м-р Зоран Киткањ. Исто така, група професори (д-р Љупчо Ајдински и д-р Драгослав Копачев) и дефектолози-практичари (Весна Костиќ и Петар Алексиќ) од специјализираните институции од Македонија, преку Проектот на Темпус Во фокус, од 15 до 22 март 2004 година реализираа студентска посета на специјални училишта и установи во Германија. Со помош на координаторот на Проектот за Германија д-р Петер Јан и домаќините Томас Филип и Алфонс Цимер од градовите Бад Хројзнах и Tрир, беа посетени установите: Специјалното училиште за деца со лесна психичка попреченост Don Bosco ; Специјалното училиште за ученици со тешкотии во учењето; Редовното основно училиште со вклучени ученици со посебни образовни потреби во редовните одделенија и Заштитната работилница BUC. Посетените установи ни оставија впечаток со организацијата, програмите и методите за работа, како и применетите новини во работата. (113 ) Од Холандија, престојуваа и имаа предавања професорите: д-р Пејт Герт, д-р Јан ван Гилс, м-р Реми Амстелвон, м-р Јан ван де Велде, а исто така престојуваа и група студенти од неколку универзитети и при тоа, покрај Институтот за дефектологија, посетија и неколку специјални институции. 128

Од Германија, престојуваа и имаа предавања професорите: м-р Ханс Шилихтинг, м-р Ханс Ролман, м-р Алфонс Цимер и м-р Јоаким Штокл. Исто така, Македонија ја посетија и одржаа предавања и професорите од групата за мониторинг: проф. д-р Јан де Мор, проф. д-р Валтер Дреер, д-р Људмила Кузњецова и проф. Никола Куомо. 2. Проект за студиска размена меѓу Факултетот за психологија на Универзиетот La Sapienza во Рим и Филозофскиот факултет - Институт за дефектологија во Скопје, 2006. Во текот на тригодишниот проект (2005-2007) се направија размени на наставници и студенти од двата универзитета на кои професорите држеа предавања. Во рамките на оваа меѓусебна научно-стручна соработка група наставници од Институтот за дефектологија: д-р Љупчо Ајдински, м-р Наташа Чичевска-Јованова, м-р Даниела Димитрова-Радојичиќ и м-р Зоран Киткањ, од 11 до 18 декември 2005 година престојуваа на Факултетот за специјална психологија во Рим. За време на престојот се запознаа со организацијата, наставниот план и програмите, изведувањето на теоретската и практичната настава на Факултетот за специјална психологија, како и со организациската структура на Универзитетот. Домаќините овозможија и посета на неколку институции за третман на деца и младинци попречени во развојот: институција за згрижување и работна терапија на лица со тешка попреченост, стан во станбена зграда каде се сместени 6 лица со Down-синдром и едно редовно основно училиште во кое има вклучено деца со лесна попреченост во развојот. Во текот на престојот, наставниците од Институтот за дефектологија, пред наставниците и студентите од III и IV година на споменатиот факултет одржаа предавања: Д-р Љупчо Ајдински: Законските права на инвалидните лица во РМ и Спроведување на интеграцијата на лицата со инвалидност во РМ, а во дискусијата се опфати и прашањето за примената на терминологијата за лицата со инвалидност во светот и кај нас. М-р Наташа Чичевска-Јованова: Ставовите на воспитно-образовниот кадар кон инклузијата на учениците со пречки во развојот. М-р Даниела Димитрова-Радојичиќ: Ставовите на студентите кон примената на видеоинтеракцијата во наставата како нов методски пристап. М-р Зоран Киткањ: Ученици со социјално-воспитни проблеми и нарушено поведение и инклузивно образование. (112) 129

3. Едукативни и социјални активности со деца од Специјалниот завод во Демир Капија насочени кон деинституционализација - истражувачко-апликативен проект (2001-2005), финансиран од Канцеларијата на УНИЦЕФ во земјава, а реализиран во партнерство со Министерството за труд и социјална политика со координатор на проектот проф. д-р Ристо Петров. 4. Серумски имуноглобулини и специфични алергени од храна кај лица со аутизам во РМ, проект, (2000-2003) во соработка со Институтот за имунобиологија и хумана генетика при Медицинскиот факултет во Скопје, финансиски поткрепен од Министерството за образование и наука на РМ. Координатор на проектот, проф. д-р Љупчо Ајдински. 5. ХЛА-ДНК испитувања кај фамилии со аутизам во РМ, проект (2001-2004) во соработка со Институтот за имунобиологија и хумана генетика при Медицинскиот факултет во Скопје, финансиски поткрепен од Министерството за образование и наука на РМ. Координатор на проектот, проф. д-р Драгослав Копачев. 6. Проект за рано откривање и рана интервенција кај децата со оштетен вид од раѓање до 7-та година од животот, (1998-2000), во кој Институтот за дефектологија беше партнер со две специјализирани установи за деца со оштетен вид ( Бартимеус од Холандија и Заводот за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид Димитар Влахов од Македонија). Со Проектот раководеше проф. д-р Љупчо Ајдински. 7. Институтот за дефектологија на Филозофскиот факултет во Скопје, заедно со институтите и факултетите за специјална едукација од Бугарија, Велика Британија, Шведска и Грција, учествуваше како партнер во Проектот за соработка и размена на искуствата во високото образование на полето на специјалното образование. 8. Проект: Интеграција на децата со посебни образовни потреби во предучилишното образование, 1996. 9. Психосоцијални и траума стрес-програми на Светската здравствена организација за ментално здравје, Скопје, 1997. 10. Рано откривање и развојна стратегија за психосоцијалната интервенција кај училишните деца со ризик, Скопје, 1999-2000. 11. Инклузија на децата со посебни образовни потреби во редовните училишта, 1999-2004. 12. Образование на децата со оштетен слух, 2001. 13. Степенот на информираноста на учениците од редовните училишта за децата со посебни потреби, 2001-2002. 14. Големи и мали, Институт отворено општество. 15. Модернизација во образованието, Светска банка. 130

16. По порачка на УНИЦЕФ - Канцеларија во Скопје, во 1997 беше изготвен проект Инциденција и преваленција на аутизмот во Република Македонија. 17. Меѓународен проект: Толеранција и прифаќање, со други осум европски земји во организација на ЕАСПД. 18. Европски проект: Европа како место за живеење, со други европски асоцијации, слично на македонското научно здружение за аутизам, во организација на ЕАСПД. 19. Проект за деинституционализација на деца со тешка ментална ретардација, 2001. 20. Проект: Состојбата на децата сместени во јавни установи во Република Македонија, 2002. 21. Проект: Општество за сите - работно место за сите, 2006. 22. Проект: Модернизација во образованието - работа в училница со ученици со посебни образовни потреби, 2005-2006. 23. Проект: Во фокус со ТЕМПУС-програмата: Унапредување на згрижувањето и третманот на децата со пречки во развојот, ГТЗ во координација со Министерството за труд и социјална политика. 24. Проект: Толеранција и прифаќање со ЕАСПД. 25. Проект: Art-терапија - Скопје; предавачи - The Department of Sociale Work of the Lutheran University of AP plied Sciences in Nuermberg, 2007. За унапредување на организацијата и наставната работа на Институтот за дефектологија, стручниот тим сметаше дека ќе биде корисно да се воспостават почести контакти со сродни студии во странство. Во таа смисла се воспостави стручна соработка со дефектолошките и другите сродни факултети од Белград, Загреб, Љубљана, Софија, Благоевград, Москва, Шумен, Тузла и Рим. Изведени се и стручни екскурзии и посети со студенти и наставници на неколку универзитетски центри и специјални институции надвор од земјата, на кои покрај измената на искуствата, се одржуваа и предавања од наставници и студенти. Институтот за дефектологија има воспоставено соработка со инвалидските организации, со специјалните установи и училишта и со специјалните одделенија при редовните училишта, потоа со редовните детски градинки, основните и средните училишта, како и со надлежните државни органи од областа на здравството, образованието и социјалната заштита. Имаше добра соработка со медиумите и бројни настапи на телевизијата, радиото и печатот. По основањето и почнувањето со работа на Институтот по дефектологија, се обрна внимание на создавањето библиотечен фонд, без кој ниту едни студии успешно не би ја изведувале наставата, а особено испитите. Од тие причини се направија напори да се собере литература врз донаторска основа, но и со купување литература, заради што од деканатот беа обезбедувани финансиски средства. 131

COREL СТР. 132 (КОЛОР) Библиотеката започна со работа веднаш со основањето на Студиите по дефектологија во 1993 година. Својата дејност библиотеката ја обавуваше во рамките на Институтот за педагогија, но со посебен библотекар - Катерина Пејкова, која едновремено, со својата способност, познавањето на англискиот јазик и работата со компјутер, успешно ја обавуваше и секретарската функција на Институтот. Со осамостојувањето на Студиите по дефектологија во Институт за дефектологија започна и библотеката самостојно да се развива и унапредува. Катерина Пејкова Институтот за дефектологија располага со специјализирана библиотека, која има релативно богат фонд на стручна и научна литература од повеќе говорни подрачја и има околу 1.500 референцијални единици од домашни и странски автори. Библиотечниот фонд се збогатува со нови книги и списанија преку набавка и подароци. Последните години факултетот му одобри на Институтот финансиски средства за набавка на стручна литература, но редовно добива книги и на подарок. Само во 2006 година, проф. д-р Љупчо Ајдински му донираше на Институтот вкупно 267 книги од кои на македонски јазик 55, на српско-хрватски - кирилица 32, на латиница 65, на англиски 59, на бугарски 40 и на руски јазик 23 книги. Покрај книгите, подари и 523 броја од дефектолошки списанија ( Дефектолошка теорија и практика, Београдска дефектолошка школа, Дефектологија - Загреб, Дефектологија - Москва, Специјална педагогија - Софија, Дефектологица - Словеница, Дефектологица Косово, Образовни рефлексии - Македонија, Специјална школа -Белград, Преглед - Загреб, Порака - Скопје, Социјална мисао за слепе - Загреб, Родители и деца - Скопје, Ревија за глуви Белград, Наш зборник - Љубљана, Наша нада - Белград, Наш пријатељ -Белград, British Journal of Special Education - London, Link: Autizam -Europe, ICVI_EUROPE (113). 132

Во збогатувањето COREL на библиотечниот СТР. 133 (КОЛОР) фонд се учествува и со средства од проектите на кои работат членовите на Институтот за дефектологија. Со библиотеката, по заминувањето на Пејкова за Раководител на службата за студентски прашања на факултетот, денес раководи Панде Кочоска, а истовремено ја врши и секретарската функција на Институтот. Панде Кочоска Во просториите на библиотеката на Институтот за дефектологија е сместена и компјутерската опрема што им овозможува на студентите користење на интернет, електронска пошта, пишување семинарски и дипломски работи и сл. Библиотеката располагa со доволен број компјутери, печатари, скенери и видеобим. Компјутерите се поврзани во локална мрежа и на Интернет. 133