Виолета Николовска ЈАЗИЧНА АРХЕОЛОГИЈА

Similar documents
Март Opinion research & Communications

A mysterious meeting. (Таинствена средба) Macedonian. List of characters. (Личности) Khalid, the birthday boy

ЛИТЕРАТУРНИТЕ ЈАЗИЦИ ВО СОВРЕМЕН КОНТЕКСТ

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

ГРЕШКИ ВО СИНТАКСИЧКАТА ПРОДУКЦИЈА ПРИ УСВОЈУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ КАКО ВТОР/СТРАНСКИ ЈАЗИК. Марија Паунова (Скопје)

Б. КОНЕСКИ КОДИФИКАТОР НА МАКЕДОНСКИОТ СТАНДАРДЕН ЈАЗИК

Лексичките иновации во прозата на Малески и нивниот статус во стандардниот македонски јазик

Примената на јазичните теории од Прашката школа во македонската лингвистика

ПОВРЗАНОСТА НА НАРУШУВАЊЕТО ВО ОДНЕСУВАЊЕТО НА ДЕЦАТА И УСЛОВИТЕ ЗА ЖИВОТ ВО СЕМЕЈСТВОТО

ГИ РАЗБИРАМЕ ЛИ МЕТАПОРАКИТЕ? Клучни зборови: порака, метапорака, комуникација, учесници во комуникацијата, значење.

Leila, the sick girl. Sick girl s friend. (Наставникот) Class teacher. Girl with bike rider (Девојчето со велосипедистот) (Велосипедистот)

Структурно програмирање

За Некои турски јазични елементи и НивНата фонетска адаптација во МакедоНСкиот јазик

Петти состанок на Локалната советодавна група Записник од состанокот

МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК КАКО НАУКА ВО СВЕТСКИТЕ УНИВЕРЗИТЕТИ

Биланс на приходи и расходи

Коисмение.Штозначиме.

Ме боли (за) Струга. Диспозиција на културата во просторот и времето. Струга, реалност, илузија или визија.

Биланс на приходи и расходи

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

БЛАЖЕ КОНЕСКИ И НЕГОВИОТ ОДНОС КОН ТУРЦИЗМИТЕ ВО СОВРЕМЕНИОТ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

на јавната свест за Архуска конвенција и еколошкото законодавство на Европската Унија

Археологија: теории, методи и практики. ISBN: Табернакул страници

КОЛЕКЦИЈА РАЗНОЛИКОСТ

ПОЛИФУНКЦИОНАЛНOСТА НА ДА НЕ-ПРАШАЊАТА

Вовед во мрежата nbn. Што е тоа австралиска nbn мрежа? Што ќе се случи? Како да се префрлите на мрежата nbn. Што друго ќе биде засегнато?

ФАКУЛТЕТ ЗА ОБРАЗОВНИ НАУКИ НАУЧНО - СТРУЧНА ТРИБИНА

THE CONCEPT OF NARRATIVE IDENTITY IN PAUL RICOEUR AND ITS APPLICABILITY ON MARCEL PROUST`S WORK

МОДЕЛ НА ПРЕВОД СКОНЦЕНТРИРАН НА ПРЕВЕДУВАЧОТ

МОДЕЛИ И ТЕХНИКИ НА ГРУПНО ОДЛУЧУВАЊЕ И НИВНАТА ПРИМЕНА ВО ДЕЛОВНИТЕ СУБЈЕКТИ ОД ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН

НОВИТЕ МЕДИУМИ КАКО ПРЕДИЗВИК ЗА ТЕАТАРОТ Ана Стојаноска Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје, Македонија

Биоелектрохемија: од биогоривни ќелии до електрохемија на мембрански процеси. Валентин Мирчески

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ПРИРАЧНИК ЗА РАБОТА СО МОДУЛОТ ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ПРЕКУ ПОРТАЛОТ НА ФЗОМ

КУЛТУРАТА, ДРУГОСТА И ЛИТЕРАТУРАТА. Ранко Младеноски Филолошки факултет при Универзитетот Гоце Делчев, Штип, Македонија

Смислата на учењето на класичните јазици денес

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола Факултет за туризам и угостителство Охрид. Дипломиран организатор по туризам и угостителство

Сопственик на свињарска фарма од Централната Долина

а) Сексуално и репродуктивно здравје - Пристап до информации - Лица со оштетен вид и слух - Македонија - Истражувања

РАЗЛИЧНАТА УПОТРЕБЛИВОСТ НА ГЛОБАЛНИТЕ

TEORITË PËR IDENTITETIN NË GLOBALIZIM ТЕОРИИ ЗА ИДЕНТИТЕТОТ ВО ГЛОБАЛИЗАЦИЈАТА THEORIES OF IDENTITY IN GLOBALIZATION

КЛУЧНИ ДВИГАТЕЛИ ВО ПОТРЕБИТЕ ЗА ОПТИМАЛНИ ОДРЕДБИ ЗА ПОСЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ: АНГЛИСКА СТУДИЈА

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ - ШТИП ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ МБА Менаџмент Штип. Иван Стефанов

Жените и културното гето: балкански перспективи

Редни броеви (или песни со посвета)

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ - ШТИП ФАКУЛТЕТ ЗА ОБРАЗОВНИ НАУКИ. Студиска програма: Училишна педагогија. Ирена Манева

Siemens собни термостати. За максимален комфорт и енергетска ефикасност. siemens.com/seeteam

ДА ГИ ОТВОРИМЕ УЧЕБНИЦИТЕ: ОТВОРЕН ПРИСТАП ДО УЧЕБНИЦИТЕ ЗА ОСНОВНО И СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ

ИДЕНТИТЕТ СО ЦЕНА: ПОТРОШУВАЧКАТА И ПОЛИТИЧКАТА ЕКОНОМИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

1. НЕЛИНЕАРНА ДИНАМИКА НА ЉУБОВТА

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП. Факултет за образовни науки. Втор циклус студии Социјална педагогија

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

За обуката ВОВЕД ВО НОВИОТ ПРЕДМЕТ

ТОЛКОВНИК НА ПОИМИ, ТЕРМИНИ И ИМИЊА ОД ОБЛАСТА НА ТУРИЗМОТ (АНГЛИСКО-РУСКО-МАКЕДОНСКИ)

МАТЕМАТИКАТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

УПАТСТВО. Kористење безбедно средство за електронско потпишување на Gemalto (PKI Smart Card и PKI Token)

Христови Патишта Исус Христос, духовност и Земја:

University St.Kliment Ohridski - Bitola Scientific Tobacco Institute- Priep ABSTRACT

Преглед на државите во Западна Африка

Структурирани бази на наставни материјали и дигитална трансформација. студија на случај Република Македонија

Zaedni~koto u~ewe e zabavno! Kako malite deca go u~at angliskiot jazik kako drug jazik

МОБИНГ ПСИХИЧКО ВОЗНЕМИРУВАЊЕ НА РАБОТНО МЕСТО

Заменките во словенски и балкански контекст

ЗАКОНСКОТО НАСЛЕДУВАЊЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО ОСВРТ ВО НЕКОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ

Упатство за инсталација на Gemalto.NET токен во Mozilla Firefox

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ. МБА Менаџмент. Ивана Трендафилова

УПОТРЕБАТА НА ЕВРОПСКОТО ЈАЗИЧНО ПОРТФОЛИО ЗА САМООЦЕНУВАЊЕ И РАЗВИВАЊЕ АВТОНОМИЈА ПРИ УЧЕЊЕТО СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ Марија Кусевска 1.

- МАГИСТЕРСКИ ТРУД -

КУЛТУРНИТЕ ИДЕНТИТETИ ВО ПОЛИТИКАТА - аспекти на мултикултурализмот -

Copyright of the translation S. Fischer Foundation by order of TRADUKI

КОЛЕКТИВНИОТ ИДЕНТИТЕТ И НАЦИОНАЛИЗМОТ

Task Force Education And Youth

ИНТЕРАКТИВЕН ОБРАЗОВЕН ПРОЕКТ ВО ТРИ МИНУТИ ТРЕТА ФАЗА -А2-

Станислав Игнаци Виткевич НЕНАСИТНОСТ

(ПРВА ГОДИНА) Д-р Радмил Поленаковиќ Д-р Драган Шутевски

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ФАКУЛТЕТ ЗА ОБРАЗОВНИ НАУКИ Дидактика

Развојот и примената на UBUNTU оперативниот систем

Оригинален научен труд UDC :297.05(=163.3)

Основи и развој на. Основи и развој на е-влада

Преземање сертификат користејќи Mozilla Firefox

Функционалност и употреба на вметнување на зависности (Dependency Injection) во Java

ПОГУБНОСТА НА ИДЕНТИТЕТОТ ВО ЕСЕИТЕ

доц. д-р Оливер АНДОНОВ, Факултет за безбедност, криминологија и финансиска контрола, МИТ Универзитет-Скопје

УПАТСТВО. Како да започнам со користење на сертификат издаден на Gemalto IDPrime PKI токен во Mozilla Firefox?

ОДМЕРУВАЊЕ НА КАЗНАТА ВО ГЕРМАНСКОТО ПРАВО

Односот помеѓу интерната и екстерната ревизија. Презентира: Верица Костова

Тагата на дивиот воин. Пјер Кластр

Бесплатно издание Интервју Јан Стола

Мобилност МК Mobility MK

Прирачник за адвокатски вештини за одбрана во кривичната постапка

РАЦИНОВИОТ ДУХ ВО СТИХОВИТЕ НА БЛАЖЕ КОНЕСКИ. Клучни зборови: Конески, Рацин, поезија, експликации, импликации.

МОДЕЛИРАЊЕ И ЕВАЛУАЦИЈА НА ПЕРФОРМАНСИТЕ НА СИСТЕМИТЕ НА БИЗНИС ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ВО КОМПАНИИТЕ

ИНСТИТУТ ЗА ФОЛКЛОР МАРКО ЦЕПЕНКОВ INSTITUTE OF FOLKLORE "MARKO CEPENKOV" МАКЕДОНСКИ ФОЛКЛОР MACEDONIAN FOLKLORE

Сите сме. деца на овој свет: Како со учениците да се разговара за бегалската криза

ЗОШТО НИ Е ВАЖНО И ЗНАЧАЈНО ИЗГОТВУВАЊЕТО НА ПРОЕКТИ ЗА НАУЧНО-ИСТРАЖУВАЧКА РАБОТА?

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ КАКО ИНТЕРКУЛТУРЕН КОД ВО СОВРЕМЕНИОТ МАКЕДОНСКИ РОМАН

Значајни подрачја за раститенија, птици и пеперутки во Македонија. Славчо Христовски

ИМИЏОТ НА ПРОИЗВОДИТЕ И НЕГОВОТО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ ОДЛУКАТА ЗА КУПУВАЊЕ КАЈ КУПУВАЧИТЕ

ГОДИШЕН ЗБОРНИК 2017 YEARBOOK

Transcription:

Виолета Николовска ЈАЗИЧНА АРХЕОЛОГИЈА Abstract: In this paper we will focus on the question what is the language? Linkage language with people who speak it, leads language and the study of language on genetics. We will consider synchrony and diachrony in researches in linguistics. Synchrony and diachrony in the context of the science of living beings. We will turn our attention to the diachrony in synchrony. We will ask the question what the language reveals to us? How to read the language? These questions leads us to the metaphorical notion of linguistic archeology. Апстракт:Во трудот како многупати до сега ќе го поставиме прашањето што е јазикот? Врската на јазикот со народот, јазикот го доведува во врска со генетиката. Ќе се задржиме на синхронијата и дијахронијата во јазичните истражувања. Синхронијата и дијахронијата во контекст на науката за живите организми. Ќе се осврнеме на дијахронијата во синхронијата. Ќе го поставиме прашањето што ни открива јазикот? Како да го читаме? Така доаѓаме до поимот (метафоричен) јазична археологија. 1. Методолошко разликување на синхронија од дијахронија. Уште на почетокот на 20 век Фердинанд Де Сосир ги постави темелите на ова револуционерно методолошко разликување на истражувањата во лингвистиката синхрониски наспрема дијахрониски истражувања. Структурализмот, особено структурализмот од европски тип, лингвистиката ја постави на ранг на природните науки: јазикот се разгледува како жив организам. Јазичните единици се поврзуваат меѓу себе на различни нивоа. Во таа смисла, од методолошка гледна точка, особено е важно на кое ниво се

разгледува и анализира јазичната единица. На пример, зборот може да се разгледува и анализира од различни аспекти и соодветно на тоа се поставени и различните лингвистички поддисциплини: морфологија, деривација, синтакса, лексикологија. Релевантните односи помеѓу јазичните единици ја претставуваат структурата на јазичниот систем. Токму ваквото разбирање на јазикот, го доведува во врска со биологјата, науката за живите организми. Една промена на елемент од системот, доведува до поместувања во целиот систем. Како пример за ова ќе го споменеме навлегувањето на фонемата /ф/ преку заемки од грчкиот и потоа од турскиот јазик, кое довело до поместување на изговорот на старото неслоговно /у/ (глас кој се однесувал како сонант) кон фрикативното /в/, со што системот на консонантите ја постигнал својата симетрија уште еден пар во корелацијата звучен / безвучен (Конески 1986: 61 и 81). Всушност, историјата на фонолошкиот систем, особено на нашиот јазик, е вистинска илустрација за однесувањето на јазикот како жив организам. 2. Лексиката јазичен слој кој ја отсликува историјата на јазикот. Пред да зборуваме на оваа тема, да го поставиме (не за прв пат) прашањето дали има чисти јазици. Иако ова прашање на денешните лингвисти им изгледа многу наивно, 18 и 19 век во лингвистиката се занимава токму со овие проблеми. Во историјата на лингвистиката познато е тврдењето дека латинскиот јазик се расипал (се променил) поради недоволната будност на граматичарите, кои требало да го чуваат латинскиот јазик непроменет (за ова повеќе Ivić 1983: 25). Со ова веќе навлегуваме во темата на ЈАЗИЧНИ ПРОМЕНИ, на која ќе се навратиме малку подоцна. Лексиката е слој во кој најпрвин се забележал ЈАЗИЧНИОТ КОНТАКТ, односно влијанието на јазиците едни врз други. На почетокот се мислело дека јазичниот контакт се одвива единствено и првенствено на ова ниво: Тоа биле лексикографите на 18 век кои собирајќи лексички материјал и проучувајќи го туѓото потекло на зборовите, се сретнале со проблемот на заемките (loanwords) (Filipović 1986: 19). Со оглед на тоа што сѐ уште поимот за јазичен систем не бил искристализиран, се поставило прашањето за МЕШАНИ ЈАЗИЦИ (како производ на јазичен котакт). Секако, јазиците механички не се мешаат, тоа е невозможно и оттука тврдењето кај повеќето лингвисти од овој период дека мешани

јазици нема. Макс Милер тврди: колку и да се мешани јазиците во лексиката, тие не може да бидат мешани во својата граматика (преземено од Filipović 1986: 19). Она што се случува е промената во јазичниот систем, нешто до кое доаѓа лингвистиката во 20 век, особено угледната Прашка лингвистичка школа, која се занимавала и со оваа проблематика (појавата на развивање на сродни јазични појави кај соседни несродни јазици). Сепак, би биле неправедни ако тврдиме дека она што е тренд во одреден период од развојот на лингвистиката не било навестено од некои предвесници во минатото. Август Шлајхер, со својот биолошки натурализам во лингвистиката го предвкусува поимањето за јазикот како жив организам. Мешани јазици за него воопшто не постојат. Јазикот за него е природен организам кој претствува единство (Filipović 1986: 19). Овие предвесници на новото во старото, всушност ќе нѐ доведат до она што е придобивка на структуралната лингвистика од 20 век разгледувањето на ПРОЦЕСИ: на разгледувањето на дијахронија (старото) во синхронија (современото). Нормално, ова е само едната страна на појавата. Другата страна е зачеток на новото во актуелното (современото). Токму тука можеме да зборуваме за јазична археологија. Археолошките истражувања ги правиме СЕГА, во моментот. Но го читаме ОНА ШТО ОСТАВИЛО ТРАГИ во јазикот. Нормално, низ времето. Токму овој поим ги прекршува, дисперзира зраците на јазикот кои осветлуваат патеки за многу други науки 1 од интердисциплинарен карактер. За што сведочат ПРОЦЕСИТЕ во јазикот? Една од науките што се роди, исто така во 20 век е социолингвистиката. Таа ги откри врските на јазикот со историјата, со општеството, со општествените ПРОЦЕСИ кои се отсликуваат во јазикот. Другата, многу интересна и денес, многу плодотворна и податна за истражување е врската на јазикот и културата. Јазикот сведочи за културните врски, но јазичната типологија е нешто сосема друго. Отвора димензии за истражувања на врската меѓу менталитетот на народот и јазикот кој го зборува тој народ. Колку едното го условува другото? Како се 1 Ономастиката и етимологијата, покрај историјта на јазикот се лингвистичките дисциплини кои се занимаваат токму со јазичната археологија.

отсликува ментлитетот на народот во јазикот? Преку кои КАТЕГОРИИ? Значи, јазчните контакти може да се согледуваат не само во лексиката, туку и во јазичната структура, типологијата на јазикот, неговите граматички категории. За македонскиот јазик, Б. Конески (Конески 1986: 209-210) забележува:... има такви периоди во културниот развој на еден народ кога тоа творештво (мисли на јазичното творештво во областа на речникот подразбирајќи ги двете постапки во развојот, збогатувањето на речникот на јазикот: заемањето и зборообразувањето) е посебно изразено, зашто треба да задоволи некакви специфични барања на културниот процес. Тој во развојот на лексичкиот слој на македонскиот јазик ги изделува трите периоди: влијание на грчкиот, влијание на турскиот јазик и навлегување на интернационалната лексика. Во изградувањето на речникот на нашиот јазик можеме да изделиме, сосем условно, три основни фази. Во првата фаза претежен бил контактот со грчкиот јазик, од кој навлегуваат голем број заемки. Втората фаза е фазата на турското влијание, што достига свој врв, но и упадок, во текот на минатиот век. Третата фаза е современата состојба на нашиот јазик во однос на изградувањето на речникот. Нејзините почетоци совпаѓаат со почетоците на создавање на современ македонски писмен јазик во минатиот век. Таа се карактеризирасо приклон кон словенското наследдство во зборообразувањето, како и со усвојување на оној фонд зборови што спаѓа во интернационалната лексика. Денеска, речиси три децении откако е напишано ова, можеме да констатираме дека современиот македонски јазик живее во поинакви социо-културни услови. Денеска силно е влијанието на англискиот јазик, особено во лесиката. Анализирајќи ја лексиката на јазикот, лингвистот, и не само лингвистот, доаѓа до сознанијата за јазичните контакти, за историјата на јазикот. Ова читање од јазикот го нарекувам ЈАЗИЧНА АРХЕОЛОГИЈА: истражување на јазичните облици, првенствено на лексиката, кои сведочат за историјата на народот. Уште една наука, лингвистичка поддисциплина, можеме да ја наречеме археолошка. Тоа е, како што погоре споменавме, ономастиката. Називите на местата сведочат за луѓето што живееле

на нив. Народот остава (јазична) трага во називите на местата дури и кога, од различни причини ќе го снема од тие места. Сега повторно да се вратиме на јазичните контакти. На контактот со турскиот јазик. Она што јазичните археолози треба да го разликуваат се контакти од два, не така блиски временски периоди: првиот е контактот со турскиот јазик во времето до 19 век, а вториот е денешниот. Секако, можеме да го поставиме како проблематично тврдењето дека и денес имаме контакт со турскиот јазик, но пред да избрзаме со оваа констатација, да ги разгледаме социокултурните околности во кои се врши овој контакт. Контактот со турскиот јазик до 19 век го среќаваме на лексички план (и зборообразувачки џија, - лак), и на граматички план (категоријата прекажаност). Интересно е тоа што иако Пејчиновиќ со цел да му ја доближи проповедта на народот се обидувал да употребува турцизми и во апстрактната лексика, овој тип на заемки не останале во јазикот. Ако анализираме археолошки, првиот слој на турска лексика е, како што рековме, до 19 век. Оттогаш имаме примено турцизми кои се употребуваат во секојдневниот живот кои денес воопшто не ги перципираме како туѓа лексика: пешкир, чешма, чизми, чорапи и др. Вториот слој е заемањето (реактивирањето) на некои турцизми како стилски обележана лексика (разговорен стил) во поновиов период: сеир, сеирџија, мерак, ќеф (не ми прави / ми прави ќеф). Тука треба да го одбележиме и реактивирањето на суфиксот џија / - чија во лексеми од поново време: филмаџија, компјутерџија. Третиот слој, за кој посебно сакаме нешто да кажеме е влијанието на турскиот јазик во синтаксата и фразеологијата. Социокултурниот момент во кој се одвива ова влијание е СЕГА, контактот се одвива преку преводите на турските серии. Слушајќи ги синхронизираните преводи на турските серии се забележува една интересна конструкција, која би можела да се нарече перифрастичен, аналитички подмет. За што се работи? Еве ги примерите: Ние со тебе се договоривме, Аси. Што

разговаравме со тебе? Ние со тебе одамна не сме биле заедно. Савахатин, ние со тебе разговаравме вчера во болницата (таткото му зборува на синот). Ова се конструкции во кои имаме само двајца референти говорителот и соговорникот.предикатот е во множинска форма (1. лице множина). Дали се ова конструкции кои се типични за македонскиот јазик или повеќе велиме: Јас и ти се договоривме, Аси. Што разговаравме јас и ти?што разговаравме? Јас и ти одамна не сме биле заедно. Ние одамна не сме биле заедно. За конструкциите со предлогот со кога се јавува за да укаже на заедничко вршење на дејствотото пишува Л. Минова-Ѓуркова (Ѓуркова 1994: 186). Врската што се воспоставува со предлогот со таа ја нарекува субординациска врска. Предлогот со укажува на заедничко вршење на дејството, но факт е дека е именската група воведена со него зависна, па според тоа не може да се третира како подмет (Ѓуркова 1994: 186). Реченицата Ние со Мира се договоривме (доколку во ние се содржи Мира) таа ја кавлификува како разговорна, со образложение дека во случајот кога во заменката се содржи лицето воведено со предлогот со во реченицата, всушност како да велиме Јас и Мира со Мира се договоривме. Со признак стандардни би биле речениците: Мира и јас се договоривме (координациска врска со сврзникот и)/ Јас се договорив со Мира. Координациската врска, како што можеме да видиме, на прирокот му налага форма во множина, а субординациската врска прирок во еднина. Разбирливо, со оглед на семантичката категорија комуникативна хиерархија -дијатеза, чија промена доведува до промена во формата на изразите за ова повеќе в.тополињска 2007: 129. Меѓутоа, во нашиве примери се работи за субординациска врска со прирок во еднина. За што станува збор и зошто, иако не се наши, толку лесно ги примаме овие конструкции? Дали се работи за комуникативно устројување, комуникативна хиерархија на лицата учесници во комуникативната ситуација, како во примерите од типот: Јас разговарав со тебе за таа работа, каде синтагмата со тебе е од комуникативен аспект деградирана, на функција не подмет, туку предлошки објект? За една ваква констатацијатреба да имаме потврда и во морфолошките форми, како што е во примерот

што го наведовме (Јас разговарав со тебе за таа работа):јасноминативна, основна форма на заменката и (со) тебе зависна форма, форма за директен предмет од заменката.во нашите примери имаме множинска форма од заменката, а не еднинска, и имаме прирок во форма за множина. Дали треба и ние овие конструкции да ги оквалификувааме како разговорни и да предложиме како треба да звучат? Овде ќе појдеме од констатацијата дека ништо во јазикот не е случајно и дека и за овие конструкции, па макар и да се разговорни, треба да има објаснување (особено затоа што не му се туѓи на јазикот, значи не се просто влијание од преводотод турски). Првото прашање што треба да си го поставивме е зошто се изделува со тебе од ние? Семантички нема потреба,а како што видовме погоре малку е веројатно дека станува збор за комуникативна хиерархија на лицата инволвирани во настанот, со оглед на тоа што во позиција на подмет не е заменката јас, туку ние во кое се содржи и ти. Тогаш зошто се изделува со тебе од ние? Нашиот одговор е дека ова би можело да биде еден вид НА ОБРАЌАЊЕ кон соговорникот во текот на комуникацијата, негово споменување (што е особено важно кај вљубените примерот од серијата АСИ ). Интересно е тоа што во сите примери се работи за директна комуникација меѓу говорител и соговорник. Тоа е можеби типична конструкција за турскиот јазик, која иако е синтаксичка, кај нас многу лесно се прима, токму поради тоа што има универзална мотивација (изразување на емпатија, релација, однос на учесниците во комуникацијата). Исто така, лесно се примаат и благословите калкирани од турскиот јазик: со лесно да е, со помин, да ти се позлатат рацете,да расте со мајка и со татко. Има уште една многу важна причина што го олеснува приемот на споменатата синтаксичка конструкција со перифрастичен, аналитички подмет и фразеолошките изрази што ги споменвме: тие не го нарушуваат јазичниот систем на македонскиот јазик, туку многу лесно се вклопуваат во него. Нешто што не се вклопува во системот на нашиот јазик е преводот на насловот на една од сериите: Осудени за љубов.

Предлогот за го среќаваме, меѓу другите значења, со целно значење: дојдов за книгата (да ја земам). Но во случајов, осудата не се врзува со цел (осудени за да љубат). Многу појасно би било когапреводот би гласел:осудени поради љубов(ако љубовта е причина за осудата) или осудени на љубов (ако тоа е пресудата). Преведувачите треба многу да го ослушнуваат јазикот на кој преведуваат, за да ги забележат овие суптилни грешки, кои ги нарекуваме грешки, а не влијанија бидејќи го нарушуваат системот на јазикот на кој се преведува, во случајов нашиот јазик. Јазикот не стои, јазикот се менува. Секако и под влијание на другите јазици со кои е во контакт. Која е обврската на јазичната норматива? На оние што се грижат за јазикот? Да го негуваат јазикот, да го следат будно и со слух неговиот развој. При тоа, да го заштитат од она влијание што е надвор од неговиот систем, од неговите особини и од логиката (како горенаведениот пример), а да не го спречат неговиот природен развој. Секако, тоа не е лесна работа, но е голем предизвик. ЛИТЕРАТУРА 1. Конески, Б. 1986. Историја на македонскиот јазик. Култура: Скопје. 2. Минова - Ѓуркова, Л. 1994. Синтакса на македонскиот стандарден јазик. Радинг: Скопје. 3. Тополињска, З. 2007. Полски македонски. Граматичка конфронтација. 8. Развиток на граматичките категории. МАНУ: Скопје. 4. Ivić, M. 1983. Pravci u lingvistici. Državna založba Slovenije: Ljubljana. 5. Filipović, R. 1986. Teorijajezika u kontaktu. JAZU, Školska knjiga: Zagreb.