БИЛТЕН, I/46 28 мај 2014

Similar documents
Универзитет Св. Климент Охридски - Битола Факултет за туризам и угостителство Охрид. Дипломиран организатор по туризам и угостителство

С О Д Р Ж И Н А. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

UNIVERZITETSKI BILTEN

РЕФЕРАТ ЗА ИЗБОР НА НАСТАВНИЦИ ВО НАСЛОВНО ЗВАЊЕ ЗА НАСТАВНИОТ ПРЕДМЕТ ВОВЕД ВО ФИЛОЗОФИЈА НА БИЗНИС АКАДЕМИЈА СМИЛЕВСКИ БАС, СКОПЈЕ

UNIVERZITETSKI BILTEN

UNIVERZITETSKI BILTEN

РЕФЕРАТ ЗА ИЗБОР НА НАСТАВНИЦИ ВО ЛЕКТОРСКО ЗВАЊЕ ЗА НАСТАВНАТА ОБЛАСТ АНГЛИСКИ ЈАЗИК НА БИЗНИС АКАДЕМИЈА СМИЛЕВСКИ БАС, СКОПЈЕ

UNIVERZITETSKI BILTEN

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

Март Opinion research & Communications

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА НАСТАВНИЦИ ВО СИТЕ НАСТАВНО НАУЧНИ ЗВАЊА И АСИСТЕНТИ - ДОКТОРАНТИ (АСИСТЕНТИ ДОКТОРАНДИ) НА УНИВЕРЗИТЕТОТ МАЈКА ТЕРЕЗА ВО СКОПЈЕ

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

UNIVERZITETSKI BILTEN

УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ - БИТОЛА Б И Л Т Е Н. Бр. 379

УНИВЕРЗИТЕТСКИ БИЛТЕН

Заштита на личните податоци во Република Македонија. Охрид, 27 мај 2014 година

Средно образование природно математичка гимназија Никола Карев Скопје, Р.Македонија

UNIVERZITETSKI BILTEN

UNIVERZITETSKI BILTEN

И З В Е Ш Т А Ј. 1. Образовен развој. Највисок успех, Култура и јазици, Оцена А, Скопје, Гимназиско образование за култура и јазици, 1989

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

UNIVERZITETSKI BILTEN

Универзитетот Св. Климент Охридски во Битола; има чест на Наставничкиот совет на БАС да му го поднесе следниов ИЗВЕШТАЈ

УНИВЕРЗИТЕТСКИ БИЛТЕН

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ToR 02/2016 ПРАВНИ ЕКСПЕРТИ ЗА ПОДГОТОВКА НА ПРИРАЧНИК ЗА СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕ-ПРАВНИ АСПЕКТИ

ПРАВИЛНИК ЗА СОДРЖИНАТА И ФОРМАТА НА ДИПЛОМАТА И ДОДАТОКОТ НА ДИПЛОМАТА И ДРУГИ ИСПРАВИ ИЗДАДЕНИ ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ

АНЕКС Б И Л Т Е Н. Бр. 427

УНИВЕРЗИТЕТСКИ БИЛТЕН

UNIVERZITETSKI BILTEN

БИЛТЕН, I/26 21 ноември 2011

БИЛТЕН, I/9 11 Март 2009

Р Е Ф Е Р А Т И З В Е Ш Т А Ј

ЈОВЕ КЕКЕНОВСКИ - биографија

UNIVERZITETSKI BILTEN

Б И Л Т Е Н НА ВОЕНАТА АКАДЕМИЈА

University St.Kliment Ohridski - Bitola Scientific Tobacco Institute- Priep ABSTRACT

Р Е Ф Е Р А Т ЗА ИЗБОР НА АСИСТЕНТ-ДОКТОРАНД ЗА НАУЧНА ОБЛАСТ МАТЕМАТИКА НА ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИКА ПРИ УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО ШТИП

Биланс на приходи и расходи

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

БИЛТЕН, I/54 20 ноември 2015

БИЛТЕН, I/32 11 март 2013

Р Е Ф Е Р А Т И З В Е Ш Т А Ј

УНИВЕРЗИТЕТСКИ БИЛТЕН

Биланс на приходи и расходи

Вид на квалификација Финансиско-сметководствено-банкарска насока Степен Дипломиран економист

Преземање сертификат користејќи Mozilla Firefox

КОНКУРС. За запишување студенти на факултетите на Универзитетот на Југоисточна Европа во академската 2012/2013 година

Б И Л Т Е Н НА ВОЕНАТА АКАДЕМИЈА 54

ПРАВИЛНИК ЗА УСЛОВИТЕ, КРИТЕРИУМИТЕ И ПРАВИЛАТА ЗА ЗАПИШУВАЊЕ И СТУДИРАЊЕ НА ТРЕТ ЦИКЛУС СТУДИИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ - БИТОЛА

УНИВЕРЗИТЕТСКИ БИЛТЕН

БИЛТЕН, I/22 17 февруари 2011

Б И Л Т Е Н. Бр. 419

Р Е Ф Е Р А Т ЗА РЕ-ИЗБОР НА НАСТАВНИК ВО НАСЛОВНО ЗВАЊЕ ЗА НАСТАВНАТА ОБЛАСТ ПРОЕКТЕН МЕНАЏМЕНТ НА БИЗНИС АКАДЕМИЈА СМИЛЕВСКИ-БАС И З В Е Ш Т А Ј

Б И Л Т Е Н НА ВОЕНАТА АКАДЕМИЈА

C U R R I C U L U M V I T A E. Лични податoци Сашко Граматниковски Телефон

ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СОСТОЈБИ И ПЕРСПЕКТИВИ

Р Е Ф Е Р А Т И З В Е Ш Т А Ј

Р Е П У Б Л И К А М А К Е Д О Н И Ј А В О Е Н А А К А Д Е М И Ј А. Генерал Михаило Апостолски Скопје - придружна членка - Б И Л Т Е Н

Структурно програмирање

алката што недостасува за активно граѓанство 2/МЕДИУМСКАТА ПИСМЕНОСТ ВО МАКЕДОНИЈА

B U L E T I N I I UNIVERSITETIT NËNË TEREZA në SHKUP

2.3 ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА. Службен весник на Република Македонија бр. 53 од 11 април 2013 година

B U L E T I N I I UNIVERSITETIT NËNË TEREZA në SHKUP

UNIVERZITETSKI BILTEN

ПРЕПОРАКИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА СОСТОЈБАТА

ЧЕТИРИГОДИШНИ СТУДИИ (ПРВ ЦИКЛУС НА СТУДИИ)

З А К О Н ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР. Редакциски пречистен текст * I. ОПШТИ ОДРЕДБИ. 1. Предмет на законот

Г О Д И Ш Е Н И З В Е Ш Т А Ј за работата на универзитетот гоце делчев - Штип

И З В Е Ш Т А Ј 1. БИОГРАФСКИ ПОДАТОЦИ

УНИВЕРЗИТЕТСКИ БИЛТЕН

ПАРЛАМЕНТАРНА КОНТРОЛА НАД РАБОТАТА НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ И РАЗУЗНАВАЧКИ СЛУЖБИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ЗАКОН ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

МАРКЕТИНГ - ИНОВАТИВНОСT-ИНВЕНТИВНОСТ-КРЕАТИВНОСТ-

КЛИНИЧКА ФАРМАЦИЈА И ФАРМАКОТЕРАПИЈА ПРАКТИКУМ

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

Р Е П У Б Л И К А М А К Е Д О Н И Ј А УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП В О Е Н А А К А Д Е М И Ј А

UNIVERZITETSKI BILTEN

УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ ЈУСТИНИЈАН ПРВИ СКОПЈЕ. Издавач: Правен факултет ЈУСТИНИЈАН ПРВИ СКОПЈЕ

UNIVERZITETSKI BILTEN

Односот помеѓу интерната и екстерната ревизија. Презентира: Верица Костова

ПЕТТИ СОСТАНОК НА ЕКСПЕРТСКАТА ГРУПА НА ENTERPRISE EUROPE NETWORK ЗА СЕДМАТА РАМКОВНА ПРОГРАМА

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ПРИРАЧНИК ЗА РАБОТА СО МОДУЛОТ ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ПРЕКУ ПОРТАЛОТ НА ФЗОМ

КАМПАЊИ ОД ЈАВЕН ИНТЕРЕС НА МАКЕДОНСКИ НАЧИН:

Clip media group - Newsletter vol.vii - December

ШЕСТ ГОДИНИ ПОДОЦНА: РАСПУКА ЛИ ЅИДОТ ОД ТИШИНА? Анализа на имплементацијата на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер

Б И Л Т Е Н На УНИВЕРЗИТЕТОТ МАЈКА ТЕРЕЗА ВО СКОПЈЕ

УПАТСТВО. Kористење безбедно средство за електронско потпишување на Gemalto (PKI Smart Card и PKI Token)

ЦИВИКА МОБИЛИТАС МАЛИ АКЦИСКИ ГРАНТОВИ

УНИВЕРЗИТЕТ "ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ"-ШТИП

СЛОБОДА НА ИЗРАЗУВАЊЕ

доц. д-р Оливер АНДОНОВ, Факултет за безбедност, криминологија и финансиска контрола, МИТ Универзитет-Скопје

УНИВЕРЗИТЕТСКИ БИЛТЕН

CURRICULUM VITAE. Дата и место на раѓање: година во Крива Паланка, Република Македонија

ДЕЛОВНО ПРАВО BUSINESS LAW Edition for the theory and practice of Law

UNIVERZITETSKI BILTEN

ЕВРОПСКИ УНИВЕРЗИТЕТ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИКА ПРОГРАМА ТРЕТА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ИНФОРМАТИЧКИ ТЕХНОЛОГИИ ЗА МЛАДИ ИСТРАЖУВАЧИ

Записник од завршна конференција Мрежа 23 9 јули 2015 година, Скопје

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Р Е Ф Е Р А Т И З В Е Ш Т А Ј. Куси биографски податоци за кандидатот

ЗБОРНИК НА ТРУДОВИ Скопје октомври 2014

Transcription:

СОДРЖИНА: Институт за општествени и хуманистички истражувања 1. Извештај за оценка на магистерскиот труд на кандидатката Марјана Хрисафов 2. Реферат за избор на наставник на институтот за општествени и хуманистички науки при Универзитетот Евро-Балкан д-р Лидија Раичевиќ 3. Реферат за избор на наставник на институтот за општествени и хуманистички науки при Универзитетот Евро-Балкан д-р Ненад Крстевки 1. Извештај за оценка на магистерскиот труд на кандидатката Марјана Хрисафов Извештај за оценка на магистерскиот труд на кандидатката Марјана Хрисафов, запишана на насоката Студии на Југоисточна Европа во учебната 2012/2013, со наслов: Улогата на медиумите во социо-политичките револуции и конфликти низ призмата на предизвиците на современиот свет. Наставно-научниот совет на Универзитетот Евро-Балкан Скопје, на својата 12-та седница одржана на 20.5.2014 година, донесе Одлука за формирање Комисија за оценка на магистерскиот труд на кандидатката Марјана Хрисафов, со наслов: Улогата на медиумите во социополитичките револуции и конфликти низ призмата на предизвиците на современиот свет. Комисијата е во следниот состав: 1. доц. д-р Александар Даштевски 2. доц. д-р Јорданка Галева 3. доц. д-р Вангел Ноневски

Членовите на комисијата го прифатија именувањето и задачата да го проучат и оценат текстот на магистерскиот труд. Потоа, комисијата заклучи на Наставно - научниот совет да му го поднесе следниот: ИЗВЕШТАЈ СО МИСЛЕЊЕ, ОЦЕНКА, ЗАКЛУЧОК И ПРЕДЛОГ кој што вклучува: 1. Основни податоци и информации за магистерскиот труд, 2. Содржина на магистерскиот труд, 3. Оценка на магистерскиот труд, 4. Заклучок и предлог. 1. ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ И ИНФОРМАЦИИ ЗА МАГИСТЕРСКИОТ ТРУД Магистерскиот труд со наслов: Улогата на медиумите во социо-политичките револуции и конфликти низ призмата на предизвиците на современиот свет на магистрантот Марјана Хрисафов, напишан е на 137 страници. Пописот на употребената литература опфаќа 107 библиографски единици меѓу кои книги, објавени трудови, документи, web локации, видео материјали, статии, публикувани фотографии, колумни, извештаи, содржини споделени преку социјални мрежи итн. Структурата на магистерскиот труд ја сочинуваат следните делови: Содржина Методологија на истражувањето Вовед Глава I. Историски развој на политичките револуции и медиумите; Глава II. Масовни медиуми, пропаганда и политичките превирања во XX век; Глава III: Распадот на Југославија и етно-националните конфликти; Глава IV Појавата на новите медиуми, Арапската пролет и револуциите во земјите од Југоисточна Европа; Глава V Интересите на големите сили и улогата на медиумскиот сектор врз светската

политика; Заклучок Библиографија 2. СТРУКТУРА И СОДРЖИНА НА МАГИСТЕРСКИОТ ТРУД Структурата на магистерскиот труд со наслов Улогата на медиумите во социополитичките револуции и конфликти низ призмата на предизвиците на современиот свет на магистрантот Марјана Хрисафов е во согласност со предложената тема во пријавата на кандидатката и во продолжение ќе биде детално прикажана. Во првата глава е даден историски преглед на трите значајни револуции: Англиската, Американската и Француската. Посочени се значајни историски настани и владетели кои благодарение на употребата на памфлетите и останатите печатени медиуми успеале да ја освојат и задржат власта. Контролата на продуцираните информации од страна на владејачките структури и обликувањето на јавното мнение се дефинирани како моќни фактори во процесот на носење на политички одлуки. Индустриската револуција која е дополнително обработена дава осврт на технолошките иновации кои го менуваат животниот хабитус на индивидуите но и начинот на кои властите го контролираат јавното мнение. Телеграфот, телефонот а подоцна и радиото се посочени како иновации кои го менуваат политичкиот свет и го трасираат патот кон глобализацијата. Во втората и третата глава се обработуваат општествено-политичките настани од турбулентниот 20-ти век, особено е посветено внимание на електронските медиуми кои во овoј период го доживуваат својот подем додека пропагандата е посочена како пропратен сегмент на најголем дел од властите. Даден е опис на улогата на радиото, киното и весниците при воспоставувањето на озлогласените режими особено нацистичкиот и социјалистичкиот. Потоа, обработен е подемот на телевизијата и подвижните слики кои доминираат на медиумската сцена во втората половина на 20-от век. Преку конфликтите во Југославија и геноцидот во Руанда е опишна експанзијата на елетронските масовни медиуми и нивната злоупотреба од страна на државите и моќните општествени групи. Во четвртата и петата глава се дефинирани спецификите на Web 2.0 медиумите, опишани се иновациите и можностите кои тие им ги овозможуваат на крајните реципиенти на информации. Примерот со револуциите познати како Арапска пролет и демонстрациите во земјите од Југоисточна Европа ја опишуваат моќта и значајноста на интернетот како медиум во процесот на остварување општествени и културни промени. Особено е посветено внимание и на

контролата на сите видови на медиуми од страна на моќните медиумски корпорации и центрите на политичка моќ. При тоа даден е детален осврт на големите сили пред се САД и Русија и каналите преку кои тие успеваат да воспостават контрола на продуцираните информации наменети за пошироката јавност. На овој начин е утврдено како светските политички трендови континуирано се менуваат. Медиумите се посочени како посредници кои ја овозможуваат промената на светскиот поредок и го трасираат патот на понатамошните текови и промени на глобалната политичка сцена. Резултатите од спроведеното истражување даваат опис на состојбата во македонското општество. Преку него е дефинирана растечката улога на интернетот како медиум за информирање но и медиум за поттикнување на активизам и промени. При тоа новите медиуми се посочени како промотор и заштитник на човековите права но цензурата како опција не е исклучена. Очекувањата се дека моќта на интернет сферата континуирано ќе расте а со тоа и нивното влијание врз животот на индивидуите и егизстенцијата на општеството. 3. ОЦЕНКА ЗА МАГИСТЕРСКИОТ ТРУД Проучувајќи го магистерскиот труд на Марјана Хрисафов, со наслов Улогата на медиумите во социо-политичките револуции и конфликти низ призмата на предизвиците на современиот свет Комисијата оцени дека тоа е труд кој со својата содржина, обем и постигнато ниво на квалитет, ги задоволува барањата за еден магистерски труд. Во својот труд, Марјана Хрисафов, разработи особено актуелен предмет на истражување и користејќи повеќе различни научни методи, успешно ја оствари целта на истражувањето. Научното истражување, прикажано во овој магистерски труд, обработува тема која е актуелна во областа на политичките науки. Се добива комплетен преглед на податоците од истражувањето и комплетно е опишан историскиот развој на медиумите и нивната улога во социо-политичките револуции и конфликти низ призмата на случувањата од современието. Во иднина еден ваков магистерски труд би бил препорака за целосно доистражување на една тема која е значајна за идните генерации да ја спознаат улогата и предизвиците на медиумите и на тој начин да влијаат врз општественио-политичките случувања. Креативноста на научниот пристап на магистрантот при обработка на темата, овозможи формирање на еден целосен труд со кој темелно е опфатен целиот процес на разгледување, поставување, проверка и креирање на една тема која е неисцрпна, значајна за развојот на граѓанскиот активизам и промоција и заштита на човековите права и слободи. Членовите на комисијата се едногласни дека со деталното истражување и со понудените

научни сознанија, кандидатката конкретно го прецизира и отслика историскиот развој на медумскиот свет и даде една сеопфатна анализа на светските политички текови кои континуирано се менуваат како што еволуираат и медиумите. 4. ЗАКЛУЧОК И ПРЕДЛОГ Врз основа на сите претходно наведени факти и констатации, Комисијата за оценка на магистерскиот труд на Марјана Хрисафов, го дава следниот: З А К Л У Ч О К 1. Магистерскиот труд на Марјана Хрисафов е труд во кој се потенцирани, прецизно истражени и разработени историски сознанија за медиумите почнувајќи од памфлетите и весниците па се до социјалните мрежи и интерактивните двонасочни медиумски платформи; 2. Овој труд, со својата содржина, методологија, изработка и резултатите на истражувањето, го има потребното ниво на магистерски труд; 3. Кандидатката во својот труд темелно и детално го разработи предметот на истражување и ја оствари поставената цел; 4. Кандидатката 5. Марјана Хрисафов, во согласност со наводите на извештајот, ги исполнува сите законски услови за пристапување кон одбрана на магистерски труд во постапката за стекнување на стручен назив Магистер по студии на Југоисточна Европа. Имајќи го предвид целосниот извештај, комисијата за оценка на магистерскиот труд на Марјана Хрисафов, на Советот на Универзитетот Евро Балкан, Скопје му: П Р Е Д Л А Г А 1. Да го прифати Извештајот за оценка на магистерскиот труд на Марјана Хрисафов со наслов Улогата на медиумите во социо-политичките револуции и конфликти низ призмата на предизвиците на современиот свет,

2. Да се продолжи со постапката за стекнување со звање Магистер по студии на Југоисточна Европа; 3. Да се формира комисија за одбрана на магистерскиот труд; Комисија за оценка на магистерскиот труд: 1. доц. д-р Александар Даштевски, ментор; 2. доц. д-р Јорданка Галева, член; 3. доц. д-р Вангел Ноневски член; 2. Реферат за избор на наставник на институтот за општествени и хуманистички науки при Универзитетот Евро-Балкан д-р Лидија Раичевиќ РЕФЕРАТ ЗА ИЗБОР HA НАСТАВНИК HA ИНСТИТУТОТ ЗА ОПШТЕСТВЕНИ И ХУМАНИСТИЧКИ ИСТРАЖУВАЊА ПРИУНИВЕРЗИТЕТ ЕВРО-БАЛКАН"-СКОПЈЕ Наставно-научниот совет на Институтот за општествени и хуманистички истражувања при Универзитетот Евро-Балкан" - Скопје, на својатга седница одржана на 12.06.2014 година, донесе одлука за формирање на рецензентска комисија за избор на наставници во сите наставно-научни, наставни звања по група на предмети од областа на правните науки на Институтотза општествени и хуманистички истражувања при Универзитетот Евро-Балкан"-Скоп]е, во следниов состав: доц. д-р Атанас Козарев, доктор на правни науки; доц. д-р Александар Даштевски, доктор на правни науки; доц. д-р Фердинанд Оџаков, доктор на правни науки. Конкурсот за овој избор беше објавен во дневниот весник Нова Македонија" на 10.05.2014 година и во предвидениот рок се пријавија кандидатите д-р Лидија Раичевиќ и д-р Ненад Крстевски. По разгледување на приложените материјали и преземените активности во согланост CO Законот и актите на Институтот за општествени и хуманистички истражувања при Универзитетот,,Евро-Балкан" - Скопје, Комисијата го поднесува следниов ИЗВЕШТАЈ Биографски податоци Д-р Лидија Раичевиќ е родена на 20. 07.1965 година^ во Никшиќ^ Црна Гора. По завршување на основно и средно образование се запишува на Правниот факултет при Универзитетот Кирил и Методиј" во Скопје и во 1991 години успешно ги завршува студиите во 1991 година. Во 1998 година^ ги завршува магистерските студии на Правниот факултет во Скопје, Универзитет Св. Кирил и Методиј" во Скопје и се стекнува со акаделлски степен магистер no правни науки од областа на казненото право. Во 2014 година ја одбранила докторската дисертација - Улогата на јавниот обвнител во казнено правниот систем на Правниот факултет во Скопје, Универзитет Св. Кирил и Методиј" во Скопје и се стекнува со академски степен доктор на правни науки На 20.10.1992 го положува правосудниот испит. Од 1991 година до 1992 година работи како адвокатски приправник. Својот натамошен професионален развој го продолжува како стручен соработнин во Основното Јавно обвинителство во Скопје (од 1993 година до 2003 година). Од 2014 година работи во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран риминал и корупција како јавен обвинител. Наставно - образовна дејност Од 1994 година до 1998 година работи како демонстратор на Правниот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј" во Скопје на катедрата за кривично право. Во 2003 година е именувана за функционер од страна на Собранието на Република Македонија - јавен обвинител во Основното јавно обвинителство во Скопје, a во текот на 2014 година е јавен обвинител во

Од 1995 година објавени се дваесет и два научни и триесет и четири стручни труда од областа на казненото праѕо и казненото процесно право.во 2000 година ја објавила книгата ^,Пречекорување на нужната одбрана" во рецензија на проф. д-р Горѓи Марјановиќ и проф. д-р Владо Камбовски Има учествувано на шеесет и четири национални и меѓународни конгреси и семинари организирани на теми од областа на казненото право и казненото процесно право CO презентација на сопстевни трудови Во период од 2007 до 2010 година член е на работната група оформена при Министерството за правда за изготвување на Закон за кривичната постапка (Сл.весник на Р.Македонија бр.150/2010). Од 2000 година одржани над осумдесет предавања на различни теми од областа на казненото право и казненото процесно право на различни видови слушателска популација, стручна јавност, студенти на Правниот факултет при,,универзитетот Кирил и Методиј", Полициската Академија во Скопје, Академијата за обука на судии и јавни обвинители на Р.Македонија и други институции. ЗАКЛУЧОК И ПРЕДЛОГ Од горенаведеното се воочува дека кандидатот д-р Лидија Раичевиќ покажува посебен научен интерес од областа на правните науки, што се потврдува од долгогодишната практична работа, но и теоретска подготвеност и активност. Согласно Законот за високо образование, како и врз основа на критериумите и постапката за избор во сите наставнонаучни, наставно - стручни и соработнички звања на Институтот за општествени и хуманистички истражувања при Универзитетот,,Евро-Балкан" - Скопје, кандидатот д-р Лидија Раичевиќ ги исполнува сите законски критериуми за избор во академскиот назив насловен доцент по група на предмети од областа на правните науки на Институтотза општествени и хуманистички истражувања при Универзитетот Евро-Валкан" - Скопје Врз основа на изложеното, Рецензентската комисија има чест и задоволство да му предложи на Наставно - научниот совет на да го избере кандидатот д-р Лидија Раичевиќ во звање насловен доцент по група на предмети од областа на правните науки на Институтот за општествени и хуманистички истражувања при Универзитетот Евро-Балкан" - Скопје 3. Реферат за избор на наставник на институтот за општествени и хуманистички науки при Универзитетот Евро-Балкан д-р Ненад Крстевки РЕФЕРАТ ЗА ИЗБОР НА НАСТАВНИК НА ИНСТИТУТОТ ЗА ОПШТЕСТВЕНИ И ХУМАНИСТИЧКИ ИСТРАЖУВАЊА ПРИУНИВЕРЗИТЕТ ЕВРО-БАЛКАН"-СКОПЈЕ Наставно-научниот совет на Институтот за општествени и хуманистички истражувања при Универзитетот Евро-Балкан" - Скопје^ на својатга седница одржана на 12.06.2014 година, донесе одлука за формирање на рецензентска номисија за избор на наставници во сите наставно-научни, наставни звања по група на предмети од областа на правните науки на Институтотза општествени и хуманистички истражувања при Универзитетот Евро-Балкан" - СкопЈе, во следниов состав: доц. д-р Атанас Козарев, доктор на правни науки; доц. д-р Александар Даштевски, доктор на правни науки; доц. д-р Фердинанд Оуаков, доктор на правни науки. Конкурсот за оѕој избор беше објавен во дневниот весник Нова Македонија" на 10.05.2014 година и во предвидениот рок се пријавија кандидатите д-р Лидија Раичевиќ и д-р Ненад Крстевски. По разгледување на приложените материјали и преземените активности во согланост CO Законот и актите на Институтот за општествени и хуманистички истражувања при Универзитетот Евро-Балкан" - Скопје, Комисијата го поднесува следниов ИЗВЕШТАЈ Биографски податоци Д-р Ненад Крстевски е роден на 18. 08.1979 година, во Скопје, Република Македонија. По завршување на основно и средно образование се запишува на Правниот факултет при Универзитетот ^,Кирил и Методиј" во Скопје и во 2002/2003 години успешно ги завршува студиите. Bo 2010 година, ги завршува магистерските студии на Првиот приватен универзитет - ФОН во СкопЈе, во Скопје каде го одбранил магистерскиот труд: Модификација на ОБСЕ од безбедносна во цивилна организација и се стекнува со академски степен магистер по правни науки од областа на казненото право. Во 2013 година го одбранил докторскиот труд - опфатот и примената на казнено - правните аспекти на европската конвенција за човекови права во остварувањето на слободата на изразување во судската практика на Република Македонија, на Факултет за правни науки, Европски универзитет во Скопје^ и се стекнува со академски степен доктор на правни науки

Д-р Ненад Крстевки има положено: правосудниот испит, нотарски испит, испит за едукација за јавни набавки, испит за стекнување со овластување за водење на постапка за отуѓување и давање под закуп на градежно земјиште сопственост на Република Македонија. Д-р Ненад Крстевски од 2004 до 2007 година работи во Основен суд Скопје 1. Од 2010 година работи во општина Центар на следните позиции: советник за јавни набавки, помошник раководител за јавни набавки на Сектор за јавни набавки, раководење со Сектор за јавни набавки^ организирање, контрола и надзор за навремено, квалитетно извршување на работите од областа на јавните набавки. Од јануари 2014 година станува член на Управен одбор и Директор на правни и општи работи во АД МЕПСО Скопје. ЗАКЛУЧОК И ПРЕДЛОГ Од горенаведеното се воочува дека кандидатот д-р Ненад Крстевски покажува посебен научен интерес од областа на правните науки, што се потврдува од долгогодишната практична работа, но и теоретска подготвеност и активност. Согласно Законот за високо образование, кано и врз основа на критериуллите и постапката за избор во сите наставнонаучни, наставно - стручни и соработнички звања на Институтот за општествени и хуманистички истражувања при Универзитетот ^,Евро-Балкан" - Скопје, кандидатот д-р Ненад Крстевски ги исполнува сите законски критериуми за избор во академскиот назив насловен доцент по група на предмети од областа на правните науки на Институтотза општествени и хуманистички истражувања при Униѕерзитетот,,Евро-Балкан" - СкопјеВрз основа на изложеното, Рецензентската комисија има чест и задоволство да му предложи на Наставно - научниот совет на да го избере кандидатот д-р Ненад Крстевски во звање насловен доцент по група на предмети од областа на правните науки на Институтот за општествени и хуманистички истражувања при Универзитетот Евро-Балкан" - Скопј