ИЗВРШНО РЕЗИМЕ ОД САМОЕВАЛУАЦИЈАТА НА ФЛУ 2010/2011 ГОДИНА За самоевалуација на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје Факултетот за ликовни уметности во Скопје основан на 31 март 1980 година, е јавна високообразовна установа, која врши високообразовна, научноистражувачка, уметничка и применувачка дејност од областа на ликовните уметности, ликовната педагогија, применетите уметности, дизајнот, визуелната култура и другите подрачја, што се во врска со основната дејност. Факултетот има својства на правно лице, жиро-сметки и права и обврски утврдени со Законот, Статутот на Универзитетот и Статутот на Факултетот. Факултетот е запишан во соодветните регистри на надлежните државни органи и надлежниот суд. Факултетот својата дејност ја извршува во три различно лоцирани објекти: во дел од објектот Сули-ан, во дел од зградата на Педагошкиот факултет Св. Климент Охридски и во објектот Ателјеа, во вкупно 17 ателјеа и 12 лаборатории. На Факултетот за ликовни уметности, со статус на редовен работен однос се вработени вкупно 31 лице, и тоа: - 19 професори од редот на најафирмираните ликовни уметници во Република Македонија - 1 помлад асистент - 1 стручен работник - 10 лица, вработени како административно-технички персонал Од формирањето на ФЛУ во 1980 година до 2011 година, на додипломските студии на Факултетот, се запишале 1366 студенти, а дипломирале 980 студенти. Средниот просек од положените испити на дипломираните студенти е 8,90. Со завршување на додипломските студии, студентите се стекнуваат со високо образование и стручен назив: - дипломиран сликар, со назначување на соодветната насока; - дипломиран вајар, со назначување на соодветната насока; - дипломиран графичар, со назначување на соодветната насока; - дипломиран ликовен педагог, со назначување на соодветната насока.
Од 1996 година до денес на постдипломските студии на Факултетот се запишале 192 студента, а магистрирале 107. Постдипломецот кој го одбранил магистерскиот труд се стекнува со научноуметничкиот степен: магистер по ликовни уметности од соодветната област (област сликарството, област вајарството, област графика и област конзервација и реставрација, со соодветниот модул). ЗАКЛУЧОЦИ Комисијата за самоевалуација при ФЛУ подготви SWOT-анализа. Во истата беа вклучени голем број поединци и групи, (студенти, наставен кадар, стручни соработници, менаџмент и администрација). Беа водени отворени дискусии, се реализира анализа на фактите во писмена форма и се дојде до проценка на актуелната состојба на ФЛУ и неговата работа. Во заклучокот се раководевме од Упатството и ги анализиравме силните и слабите страни, кои се дискутирани во Извештајот, со потенцирање на слабите страни и препораки за отстранување на истите. По завршениот процес на самоевалуацијата на ФЛУ и изработената SWOTанализа, Комисијата ги донесе следните заклучоци: Силни страни: ФЛУ целосно го имплементира Европскиот кредит-трансфер систем (ЕКТС) во првиот и вториот циклус на студии. ФЛУ активно ја разгледува можноста за воведување на трет циклус студии во областа на сликарството, вајарството, графиката и конзервацијата/ реставрацијата. ФЛУ располага со детални предметни програми за прв и за втор циклус стуии, коишто се конципирани на највисоко стручно ниво и се реализираат со многу висок процент. Начинот на наставата, интерактивноста, интердисциплинарноста, како и комуникацијата наставник - студент, максимално ја поттикнуваат креативноста кај студентите, што се совпаѓа со основната мисија на институцијата. Природата на наставата во сферите на ликовните уметности е нагласено индивидуална, што на студентот му овозможува најдобри и најсоодветни услови за совладување на предметната програма и за развивање на својот индивидуален и оригинален афинитет во процесот на креација. ФЛУ располага со највисоко ниво на стручни и педагошки квалитети на наставниот кадар, кој претставува репер за општествените критериуми за највисоки достигнувања во областа на ликовните уметности во Република 2
Македонија, што го потврдуваат студенските анкети, како и сите национални и локални институции од обалста на културата и уметноста во РМ (Музеј на современата уметност, Музеј на град Скопје, Републички завод за конзервација и реставрација, Министерство за култура на РМ, Културноинформативен центар, Младински културен центар, Музеј на Македонија итн.). Целокупната стручно-уметничката ликовна продукција на наставничкиот научно-уметнички и соработнички кадар, какви што се самостојните и групните изложби на национално и интернационално рамниште, ликовните манифестации и фестивали, проектите од највисоко национално значење, меѓународните конференции, симпозиуми, јавните дебати, учеството во стручни жири-комисии, објавувањето на оригинални ликовни дела и теоретски текстови во домашни и странски стручни публикации итн., даваат увид во творечката дејност на наставничкиот и соработничкиот кадар. Овој увид сведочи за учеството на наставничкиот уметнички и соработнички кадар на ликовни манифестации од светско значење, како што се: Меѓународното ликовно биенале во Венеција, Меѓународното ликовно биенале во Сао Паоло, Меѓународното ликовно биенале во Истанбул, Меѓународното ликовно биенале во Каиро, учеството на групни изложби во Европа, САД и Азија, како и огромната застапеност на наставниот научно-уметнички кадар во енциклопедиските изданија, како: Енциклопедија Британика, МИ-АН-ова енциклопедија, Македонска енциклопедија, во издание на МАНУ, итн., што претставуваат референтни документи за историската улога на посочените уметници во создавањето на современото ликовно творештво во Република Македонија. Наставата, реализирана во ателјеата и лабораториите на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, обезбедува висок степен на комуникација, размена на знаења, практики и искуства помеѓу сите генерации во студиските години. Една од основните едукативни дејности на Факултетот за ликовни уметности во Скопје е токму изложбената дејност. Од овие причини, ФЛУ во Скопје си постави за цел да оформи најпрофесионален галериски простор во рамките на Факултетот, т.е. Галерија ФЛУ, која во најскоро време ќе овозможи да се оствари една од главните дејности на овој факултет. Овој изложбен простор во рамките на Факултетот, на ФЛУ ќе му овозможи да ја презентира тековната студентска продукција на едно високо рамниште, како и соработка со голем број факултети за ликовни уметности од светот, и со други сродни факулети и институции. Предвидено е овој нов простор, бела коцка, да биде отворен за мноштво мултимедијални и интердисциплинарни содржини и да претставува нов изложбен простор и за многу професионални уметници во градот и државата, простор за визитинг-професори од странство, за стручни предавања, дискусии, дебати, конференции и симпозиуми. ФЛУ е активен во рамките на меѓународната соработка со други факулети за ликовни уметности, и е активен учесник на значајната студентска меѓународна ликовна манифеставија Трансформ, на која во 2011 година токму студент од ФЛУ ја доби престижната награда за најдобро остварување. 3
ФЛУ, во соработка со релеванти инстиуции во градот во изминатиот период реализира значајни студентски ликовни манифестации, со монументални размери, како што е Студентското интернационално арт-биенале (СИАБ), во соработка со Музејот на град Скопје. Оваа биенална изложба е поддржана од факултети, студентски организации и професорски кадри од скоро сите меридијани на светот, на која учествуваа стотици студенти од прв и втор циклус студии, од преку 70 земји од Европа, Северна и Јужна Америка, Африка, Австралија и Азија. Во рамките на изложбената дејност, ФЛУ секоја година, на крајот од летниот семестар организира Годишна изложба во сите три објекта во градот, со дела од студентите од сите учебни години и од сите катедри. Овој грандиозен ликовен настан во Скопје е од огромно значење и за студентите и за посетителите, и има нагласено дидактичка улога во цеколупното општество, едуцирајќи ја македонската јавност за активностите на ФЛУ и за најновите постмодерни ликовни практики. Слаби страни: 1. неможност за реализација на новите студиски програми на прв и втор циклус студии, поради недостиг од ателјеа, лаборатории и стручна опрема; 2. недоволен број на стручнотеоретска литература на македонски јазик; 3. постојаното зголемување на бројот на студентите создава проблем со просторните капацитети, недоволни и за актуелниот број на запишани студенти; 4. дислокација на општообразовните предмети на различни факултети; 5. недоволен број предавални за општообразовните предмети; 6. мал број на компјутери и приклучоци за интернет, како и други нови технички помагала; 7. преоптовареност на наставничкиот кадар. Бројот на студентите од 2004 година до денес константно се зголемува. Со оглед на спецификите на индивидуалната настава, пристуни се потешкотии и пропусти; 8. многу мали можности за усовршување на кадарот (стипенди, и др.); 9. недоволен тренинг за изработка на предлог-проекти и познавање на изворите за финансиска подршка. 10. недоволна и бавна комуникација, како и некооперативност со Министерство то за образование и наука; 11. пасивен однос во учеството при одобрување на финансиски средства од Буџетот на РМ; 4
12. мал износ на студетските стипендии и кредити; 13. сложена царинска процедура за циркулација на ликовни дела на живи уметници. Препораки за отстранување на слабостите акредитација на студиските програми за третиот циклус на стуиите; превод и пишување на стручнотеоретска литература на македонски јазик; зголемување на просторните капацитети со реконструкција и надградба на објектот Ателјеа и реализирање на Решението на Владата на РМ за целосно користење на објектот Сули-ан ; аплицирање за грантови и донации за обезбедување на компјутери и други технички помагала; стратегија за обезбедување на технички помагала, преку компензација на ликовни дела (слики, скулптури, графики и дела од ливницата при ФЛУ); вработување на млад наставно-стручен кадар (асистенти и стручни работници); развивање стратегија за обезбедување на други финансисики средства; зголемување на бројот на курсеви и работилници од отворен карактер; поголема и навремена информираност за изворите на финансирање и стипендии; обезбедување на тренинг од невладини организации за изработка на предлогпроекти; формирање Фонд за финансирање на високото образование. Поголема мобилност на управувачкиот тим при утврдување и обезбедување финансиски средства од Буџетот; користење на студентски бенифиции и повластици со поголема транспарентност на информациите; поедноставување на царинската процедура за циркулација на ликовни дела на живи уметници. Оганизирање средби со посочување на потребите кај надлежните институции; формирање на Универзитет на уметности во Скопје, во кој ќе бидат инкорпорирани Факултетот за ликвони уметности, Факултетот за музичка 5
уметност и Факултетот за драмски уметности, поради нагласено специфични потреби и услови за функционирање на овие факултети. За опстанокот и надградбата на овие клучни факултети од областа на уметностите, неопходно е во една правна рамка да се разграничат од останатите факултети кои се бават со наука. преименување на Министервото за образование и наука во Министерство за образование, науки и уметности. Министерството за култура не е во можност да одговори на сите побарувања од обалста на уметностите; потребно е да се направи јасна дистинкција помеѓу поимот култура и поимот уметност и на уметностите да им се овозможи повисок статус во целокупното општествено-политичко милје. (Научните студии од областа на социологијата и политологијата докажале, дека за опстанокот и интегритетот на најмалите држави и за најмалубројните нации, најважно министерство е токму она за култура и уметност.) По изведените заклучоци, Комисијата изработи пет акциони плана: 1. подобрување на просторните услови на ФЛУ, во објектите Сули-ан, во објектот Ателјеа (надградба и реконструкција) и во објектот на Педагошкиот факултет, каде евентуално би можело да се размислува за проширување на Факултетот на 2. кат, т.е. во просториите на Филозофскиот факултет (само во согласност со Ректоратот на УКИМ и посочениот факултет); 2. реализација на галерија во рамките на Факултетот, Галерија ФЛУ ; 3. поинтензивна изложбена дејност на Факултетот во РМ и во странство; 4. отпочнување на постапка за воведување на трет циклус студии на ФЛУ и акредитација на предметната програма и 5. изработка на нови студиски програми во рамките на вториот циклус студии, но само доколку се обезбедат просторни можности за тоа (на пример, воведување на студиските програми за монументална скулптура, монументално сликарство, интердисциплинарно сликарство, инсталација, графички дизајн, ликовна педагогија, мултимедијална уметност, перформанс уметност, итн.). 6