Министерство за култура на Република Македонија Проект Ѕвезди на светската книжевност

Similar documents
Март Opinion research & Communications

Структурно програмирање

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

A mysterious meeting. (Таинствена средба) Macedonian. List of characters. (Личности) Khalid, the birthday boy

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

THE CONCEPT OF NARRATIVE IDENTITY IN PAUL RICOEUR AND ITS APPLICABILITY ON MARCEL PROUST`S WORK

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

Leila, the sick girl. Sick girl s friend. (Наставникот) Class teacher. Girl with bike rider (Девојчето со велосипедистот) (Велосипедистот)

ТОЛКОВНИК НА ПОИМИ, ТЕРМИНИ И ИМИЊА ОД ОБЛАСТА НА ТУРИЗМОТ (АНГЛИСКО-РУСКО-МАКЕДОНСКИ)

Биланс на приходи и расходи

University St.Kliment Ohridski - Bitola Scientific Tobacco Institute- Priep ABSTRACT

С О Д Р Ж И Н А. Број 10 Год. LXV Петок, 23 јануари 2009 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ПРИРАЧНИК ЗА РАБОТА СО МОДУЛОТ ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ПРЕКУ ПОРТАЛОТ НА ФЗОМ

Биланс на приходи и расходи

КОЛЕКЦИЈА РАЗНОЛИКОСТ

Петти состанок на Локалната советодавна група Записник од состанокот

ДА ГИ ОТВОРИМЕ УЧЕБНИЦИТЕ: ОТВОРЕН ПРИСТАП ДО УЧЕБНИЦИТЕ ЗА ОСНОВНО И СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ

Преглед на државите во Западна Африка

За обуката ВОВЕД ВО НОВИОТ ПРЕДМЕТ

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП. Факултет за образовни науки. Втор циклус студии Социјална педагогија

ИДЕНТИТЕТ СО ЦЕНА: ПОТРОШУВАЧКАТА И ПОЛИТИЧКАТА ЕКОНОМИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

ПОВРЗАНОСТА НА НАРУШУВАЊЕТО ВО ОДНЕСУВАЊЕТО НА ДЕЦАТА И УСЛОВИТЕ ЗА ЖИВОТ ВО СЕМЕЈСТВОТО

Вовед во мрежата nbn. Што е тоа австралиска nbn мрежа? Што ќе се случи? Како да се префрлите на мрежата nbn. Што друго ќе биде засегнато?

Коисмение.Штозначиме.

ФАКУЛТЕТ ЗА ОБРАЗОВНИ НАУКИ НАУЧНО - СТРУЧНА ТРИБИНА

Смислата на учењето на класичните јазици денес

ЗАКОНСКОТО НАСЛЕДУВАЊЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО ОСВРТ ВО НЕКОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ

ABOUT THE ISLANDS IN THE REPUBLIC OF MACEDONIA

НОВИТЕ МЕДИУМИ КАКО ПРЕДИЗВИК ЗА ТЕАТАРОТ Ана Стојаноска Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје, Македонија

2.3 ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА. Службен весник на Република Македонија бр. 53 од 11 април 2013 година

- МАГИСТЕРСКИ ТРУД -

Преземање сертификат користејќи Mozilla Firefox

Жените и културното гето: балкански перспективи

ПРОЕКТОТ МАКЕДОНСКО СЕЛО : ПРИЛОГ КОН ЕДНА ИЗМИСЛЕНА ТРАДИЦИЈА ВО СКОПЈЕ


на јавната свест за Архуска конвенција и еколошкото законодавство на Европската Унија

THE ASSEMBLY SPONTANEOUS ASSOCIATIONS

YEARS. Правата на едните и другите деца. by Васка Бајрамовска Мустафа OF THE CONVENTION ON THE RIGHTS OF THE CHILD

Трајче Стафилов, Биљана Балабанова, Роберт Шајн ГЕОХЕМИСКИ АТЛАС НА РЕГИОНОТ НА СЛИВОТ НА РЕКАТА БРЕГАЛНИЦА

ПОГУБНОСТА НА ИДЕНТИТЕТОТ ВО ЕСЕИТЕ

Станислав Игнаци Виткевич НЕНАСИТНОСТ

Тејлоризмот и синдикализмот. Џон Зерзан

Copyright of the translation S. Fischer Foundation by order of TRADUKI

Сопственик на свињарска фарма од Централната Долина

К А Т А Л О Г. mon. monteco СТАНБЕНО ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТ Г.П РАСАДНИК. company

ПРАВНО ЗНАЧЕЊЕ И ЗАШТИТА НА ВЛАДЕНИЕТО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

МОДЕЛ НА ПРЕВОД СКОНЦЕНТРИРАН НА ПРЕВЕДУВАЧОТ


УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ - ШТИП ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ МБА Менаџмент Штип. Иван Стефанов

МОБИНГ ПСИХИЧКО ВОЗНЕМИРУВАЊЕ НА РАБОТНО МЕСТО

едиција ГРОМОВИ книга 2

СОЦИЈАЛИЗАТОРСКА ФУНКЦИЈА НА СЕМЕЈСТВОТО- ПРАВНИ АСПЕКТИ

КУЛТУРАТА, ДРУГОСТА И ЛИТЕРАТУРАТА. Ранко Младеноски Филолошки факултет при Универзитетот Гоце Делчев, Штип, Македонија

Семејно насилство. Автор: м-р Јасмин Калач, Ноември, 2016 год. Абстракт

Семејството и заедницата

ПРВО ПОЛУГОДИЕ Тема 1: 8.1 Сили и движење Единица : Што прават силите. Во парови

Компоненти на пристојната работа како содржина на работниот однос

Прирачник за адвокатски вештини за одбрана во кривичната постапка

Обука за електронски систем на учење МИКРОУЧЕЊЕ. Материјал за учесници

УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СИСТЕМОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО БАНКАРСТВО КОРПОРАТИВНО

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО ВО ПЕЧАТЕНИТЕ МЕДИУМИ: СОСТОЈБA И ПРЕПОРАКИ

Грчкиот терор врз македонското население на Грција. Macedonia and the Ugly Human Rights Record of Greece

AGIA TRIADA - GREECE

УПАТСТВО. Како да започнам со користење на сертификат издаден на Gemalto IDPrime PKI токен во Mozilla Firefox?

ПРЕДИЗВИЦИ ВО РАТИФИКАЦИЈА НА КОНВЕНЦИЈAТА НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И БОРБА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНAТA И ДОМАШНОТО НАСИЛСТВО

Христови Патишта Исус Христос, духовност и Земја:

ПАРЛАМЕНТАРНА КОНТРОЛА НАД РАБОТАТА НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ И РАЗУЗНАВАЧКИ СЛУЖБИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

consultancy final presentation conceptual presentation of proposals projects Feasibility Cost Study for converting space

а) Сексуално и репродуктивно здравје - Пристап до информации - Лица со оштетен вид и слух - Македонија - Истражувања

Ф а б р и ч е н п л и н с к и у р е д

Тагата на дивиот воин. Пјер Кластр

Сите сме. деца на овој свет: Како со учениците да се разговара за бегалската криза

KEY WORDS: knowledge, know-how, investment, entrepreneurship, productivity

Што е ментална болест?

Task Force Education And Youth

Проф. д-р Снежана Ставрева Веселиновска 1. Апстакт. Клучни зборови: реформи, ученици, нови типови на ученици, технологија, училишта.

ДОКУМЕНТ ЗА ДИСКУСИЈА ЗА 3Д ПЕЧАТЕЊЕТО И ОГНЕНОТО ОРУЖЈЕ

З А К О Н ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР. Редакциски пречистен текст * I. ОПШТИ ОДРЕДБИ. 1. Предмет на законот

ПРИРАЧНИК ЗА ПРОЕКТЕН МЕНАЏМЕНТ

Публикација: Анализа за процена на националните програми и мерки за вработување на лицата со попреченост

Нина Шуловиќ-Цветковска Дориан Јовановиќ

Значајни подрачја за раститенија, птици и пеперутки во Македонија. Славчо Христовски

ЗАКОН ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

Отворена Порта Женско лоби и акција против насилството и трговијата со луѓе. ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ Прирачник за превентивни лекции

ЗОШТО НИ Е ВАЖНО И ЗНАЧАЈНО ИЗГОТВУВАЊЕТО НА ПРОЕКТИ ЗА НАУЧНО-ИСТРАЖУВАЧКА РАБОТА?

Оригинален научен труд UDC :297.05(=163.3)

УПАТСТВО ЗА ПРОЦЕНКА НА ПОВРЗАНОСТА НА СОСТОЈБАТА НА ИНВАЛИДИТЕТ И ЖИВОТНАТА И РАБОТНАТА СРЕДИНА НА ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

ОДМЕРУВАЊЕ НА КАЗНАТА ВО ГЕРМАНСКОТО ПРАВО

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ КАКО ИНТЕРКУЛТУРЕН КОД ВО СОВРЕМЕНИОТ МАКЕДОНСКИ РОМАН

Vol. 1. Образовна извидничка младинска програма РАЗВИГОРЕЦ ПРИРАЧНИК ЗА ВОДАЧ НА ЈАТО

ЕВХАРИСТИЈАТА НА ЦРКВАТА - ОСНОВА ЗА СЕВКУПНАТА БОГОСЛУЖБЕНА ПРАКТИКА *

РАЗЛИЧНАТА УПОТРЕБЛИВОСТ НА ГЛОБАЛНИТЕ

МАСС-МЕДИУМИТЕ И ПОТРЕБАТА ОД РЕФОРМА НА КАЗНЕНИТЕ ОДРЕДБИ ЗА КАЗНЕНИ ДЕЛА СТОРЕНИ ПРЕКУ МАС-МЕДИУМИТЕ

Сузана МИОВСКА-СПАСЕВА УДК: :

ЗА КАТЕГОРИИТЕ ИСТОК И ЗАПАД ВО РОМАНИТЕ БЕЛАТА ТВРДИНА ОД ОРХАН ПАМУК И ЗОНА ЗАМФИРОВА ОД СТЕВАН СРЕМАЦ Р Е З И М Е

Редни броеви (или песни со посвета)

политичка мисла political thought Локалната самоуправа и учеството на граѓаните Local Self-Government and Citizen Participation

УНИВЕРЗИТЕТ СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ во СКОПЈЕ Економски факултет - Скопје САШО ЌОСЕВ АГРАРНА ПОЛИТИКА

Модели на безбедна и стабилна интеграција сто години по Првата светска војна

Transcription:

Проектот Ѕвезди на светската книжевност е една од најзначајните цивилизациски придобивки што ќе го збогати македонскиот духовен простор и ќе овозможи пристап до колосалните дострели во развојот и креирањето на пишаниот збор. Во колекцијата на овој монументален избор, вградени се најзначајните проблесоци на човечката мисла капиталните дела што потекнуваат од најдалечните духовно-уметнички изворишта до најистакнатите книжевни остварувања во поново време. Со приопштувањето на овој најсодржаен библиофилски зафат, за македонската јавност стануваат достапни врвните остварувања од светската книжевна ризница. Министерство за култура на Република Македонија Проект Ѕвезди на светската книжевност

Стручна редакција: Митко Маџунков, главен редактор Луан Старова Ташко Ширилов Ефтим Клетников Драги Михајловски Венко Андоновски Ратко Дуев Проектот е целосно финансиран од Владата на Република Македонија

Андреј Платонов ОТКОП

Наслов на оригиналот Андрей Платонов КОТЛОВАН Andrei Platonov s Russian text copyright by Anton Martynenko, 2015 Translation rights into the Macedonian language are granted by the FTM Agency, Ltd., Russia, 2014 Macedonian translation rights, Ars Lamina, 2015 за македонското издание: Арс Ламина публикации во соработка со Арс Студио За издавачот Тамара Јовановиќ-Нешовска Бранка Бугариска Превод од руски јазик Костадин Голаков Поговор Костадин Голаков Јазична редакција Гордана Ацеска Корица Кочо Фиданоски CIP Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека Св. Климент Охридски, Скопје 821.161.1-31 821.161.1-31.09 Платонов, А. ПЛАТОНОВ, Андрей Откоп / Андреј Платонов ; [превод од руски јазик и поговор Костадин Голаков]. Скопје : Арс ламина публикации, 2015. 136 стр. ; 20 см. (Ѕвезди на светската книжевност) Превод на делото: Котлован / Андрей Платонов. За дехуманизацијата на едно хумано општество: стр. [125]-133 ISBN 978-608-247-326-0 (тврд повез) I. Платонов, Андреј види Платонов, Андрей а) Платонов, Андреј (1899-1951) Откоп Критики и толкувања COBISS.MK-ID 100233226

АНДРЕЈ ПЛАТОНОВ ОТКОП Арс Ламина публикации Скопје, 2015

ЗА ДЕХУМАНИЗАЦИЈАТА НА ЕДНО ХУМАНО ОПШТЕСТВО (поговор) Романот на Андреј Платонов Откоп е критика на политиката на Сталин, и затоа е официјално објавен дури во 1987 година, четири години пред распадот на Советскиот Сојуз. Откоп е пишуван во историски и политички контекст. Платонов сакал да пишува за ужасите на колективизацијата, меѓутоа универзалната тема за потрагата по смислата на човековото постоење и советската тема на конфликтот меѓу класите е нишката што се провлекува низ целото негово дело. Тоа е и една од причините поради која делото го носи белегот на оригиналност. Андреј Платонов ја пишува Откоп од декември 1929 и април 1930 година. Иако според своите теми на апсурд и егзистенцијализам е безвременска, периодот во кој е напишана му дава политички контекст на самото дело. Тоа е периодот кога Јосиф Висарионович Сталин ја започнува Петолетката и колективизацијата на земјата. Платонов, поддржувач на комунизмот, се разочарува од спроведувањето во практика на социјализмот во Русија. Неговиот опис на советската ера е отфрлен, осуден и соодветно цензуриран. Затоа поголемиот број негови дела се објавени постхумно. Во историски контекст, делото е поврзано со статијата од 7 ноември на Сталин под наслов Година на големиот пресврт во која тој ја најавува колективизацијата. Колективизацијата почнува со бунтување, со убивање на добитокот за да не се даде во колхозите, како што Платонов убаво има опишано во романот во делот кога вели дека месото леижи гние, а мувите летаат, и покрај тоа што е зима. По почетокот на колективизацијата, Сталин на 27 декември говори на конференцијата на земјоделците и ја најавува ликвидацијата на кулаштвото како класа. Токму она што е опишано во Откоп, кога

126 Поговор пролетерите ги нарекуваат поранешните богаташи за кулаци и ги праќаат на сплавови да пловат по реката во неповрат (во Сибир). Воопшто, целото сиже во Откоп завршува со нулти циклус, како што вели Голишев. Во градежништвото тоа е термин кога се копа само откопот, а не се ставаат темелите. Работниците во романот првин копаат, потоа спроведуваат колективизација, па се враќаат повторно да копаат, а завршуваат со копање гроб за Настја, која за нив е иднината на социјализмот. Токму во тоа се состои и нултиот циклус во романот. Приказната и идеите што се пренесени во делото се одглас на една историја што не може да биде одразена со имиња, датуми, места и статистика. Од устите на неговите ликови, па сè до описите на вечерните прошетки, Платонов со својот советски жаргон им дава нов лик на иронијата и црниот хумор што го опкружуваат ветувањето за национална величественост, и затоа воопшто не треба никого да го изненади фактот што ова дело е чувано во длабоките трезори на руските архиви. Писателот со Откоп застанува на страната на поединецот што се обидува да си ја пронајде својата руска душа во колективното лудило на советската петолетка. Неговите ликови јасно ја одразуваат нееднаквоста меѓу благородните цели на комунизмот и безмилосната реалност на болшевизмот. Гласот на раскажувачот ни ги дава дури и најситните детали и ликови во делото, како, на пример, селанките на вечерна прошетка и нивните стапала и торза што се рашириле и се заоблиле како резервоари на иднината. Откоп е приказ на луѓето во борбата за креирање нов идентитет за себе и за својата нација. Делото се смета и за лична изјава на писателот за разочараноста со сопствената држава и што значи таа разочараност за секојдневниот живот на поединецот. Преполн со иронија и прикази на мртовци што одат, со откоп преку кој се прикажани советскиот конформизам и бирократија, романот на Платонов нуди ликови што се отсечени од нормалните човечки чувства додека се обидуваат да се убедат себеси дека партиските слогани и кариеризмот се клучот за среќна иднина. Вошчев оди на село за да најде начин како да го вклопи својот сиромашен живот во големата општествена советска машина. Во глува доба тој гледа дека полињата се косат, меѓутоа не за да се посее ново жито туку за да се изгради зграда општопролетерски дом за селаните од блиското село. И покрај тоа што ги нема соодветните документи, почнува да работи како дел од групата мајстори и иако подоцна се покажува како несоодветен копач, сепак, добива други задачи, како што е чувањето на мртовците во селото. Многумина ја немаат таа среќа тука

Поговор 127 е неговиот колега Козлов, кој продолжува да копа сè додека и самиот не стане жртва на откопот. Ликовите на Платонов се носители на својата несреќа. Тие се персонификација на празнината што ја заменува руската душа во периодот на изградба на советското општество. Затоа писателот не дава приказ на нивните лица додека ги копаат темелите на зградата. Тие се само еден вид човечки машини разочарани во себе, без цел во животот. Сите се исцрпени физички и рамнодушни спрема сопственото постоење. Некои веруваат во идеали, а некои само копаат затоа што немаат друг излез. Прушевски и Вошчев на почетокот се обидуваат да ги најдат вистината и смислата, меѓутоа й се препуштаат на судбината. Токму Прушевски, раководителот на работите, ја губи надежта и останува да живее само со трпението, мислејќи на моментите кога му доаѓало само да легне и да умре, дури и без да заплаче. Иако писателот не дава точна причина зошто Прушевски не може да заплаче дали е тоа неговиот попусто потрошен живот или сопствената прогноза дека ќе го ликвидира партијата поради претчувството за неуспех на градната. Затоа, тој работи без да мисли и живее без да чувствува, додека, пак, Вошчев се прашува кога ќе биде донесена некаква резолуција за дисконтинуитетот на времето и за спас од замореноста од животот. Сатирата е присутна дури и во самиот став спрема животот државата цели да контролира сè, а нејзините маси не гледаат никаква смисла во тоа, дури ни за живот. Иако ликовите покажуваат потиштеност и бесцелност во себе, неамбициозност, живеат во мрачна средина која се одразува на нивните животи, Платонов сугерира дека односот на поединецот спрема општеството е она што го прави животот апсурден и пуст. По смртта на Настја, Вошчев ја губи и онаа мала верба во комунизмот и во самиот живот кога не може да се види ни најмала радост, барем кај децата. Откажувањето на Вошчев значи дека и писателот се откажува од своите верувања Платонов смета дека пролетаријатот ќе донесе подобра иднина, меѓутоа Настја е одраз на комунистичките идеали што умираат како знак за неспособноста на системот да ги одржи стандардите потребни за очигледниот труд. Платонов ги поддржува принципите на пролетаријатот, но е свесен дека нивната реализација значи и нереализација на животите на многумина како што е девојчето Настја. Затоа е невозможен откопот што треба да служи како темел за идната заедничка зграда. Откопот е основниот симбол во романот. Метафора за неспособноста на одреден вид труд за реализација на некои од целите на советската држава. Самиот роман претставува откоп. Исто како што работниците

128 Поговор копаат длабоко за да ги постават темелите на комунистичката градба, така и Платонов пишува за да ги промовира сопствените комунистички идеали. Откопот за да се постават идните темели на заедничкиот дом значи еднаквост за сите, пишувањето ја означува интелектуалната работа системот, вклучително и комунистичкиот, мора да биде спој на интелектуална и физичка работа. За жал, откопот станува симболична гробница и за ликовите што не успеваат да издигнат зграда, и за писателот чиј роман никогаш не е прочитан во Советскиот Сојуз и чија кариера и живот се уништени од цензурата. Откоп е сатира за тогашното општество во кое живее писателот и истовремено апел за промени. Платонов е свесен дека начинот на кој се реализираат принципите на комунизмот во тогашниот Советски Сојуз придонесуваат за дехуманизација на самите комунисти. Насилството (и физичкото и психичкото) е она што го девалвира човечкиот живот, што ги прави пролетерите деморализирани. Единствената надеж за свесна класа се децата и заеднички пролетерски дом во кој идните генерации ќе живеат поради општата сиромаштија и потиснатиот дух на работниците. Меѓутоа, тоа е причината за тоа зошто не може да се оствари истата надеж откопот останува со празна дупка без темели, а душата останува само дупка во срцето. Вошчев, за кој критичарите сметаат дека ги одразува мислите на писателот, е духовно празен и политички рамнодушен спрема Настја. Без комунизам што ќе ги одржи живи масите и физички и умствено, судбината на Вошчев ќе биде судбината на Русија, според Платонов. Карактеристика на творештвото на Платонов е човекот што доаѓа директно од природата во градот, самоук и трагач по вистината, без искуство во борбата на работничката класа и кој ги задржува националните особености на рускиот народ. Според преведувачот Виктор Голишев, јазикот на Платонов во Откоп се карактеризира со огромно количество бирократски и канцелариски изрази. Во тоа се состои и симболиката на авангардизмот на писателот во романот, неговата обнова на јазикот во согласност со современите општествени текови. Неговиот стил е изненадувачки сложен, нехармоничен, за човек што првпат се сретнува со таков јазик се добива впечаток дека тоа е некој нов јазик, измислен од необразован човек. Јазичните норми не важат за писателот, особено ако се тоа норми втемелени во делата на руските класици Толстој, Достоевски, Тургенев... Дури ни самите граматички норми не важат за Платонов во Откоп. Сепак, спојот на секојдневните изрази, филозофските прашања и бирократизмот покажуваат дека тој невидлив експеримент со јазикот излегува успешен.

Поговор 129 Јазикот на убеден социјалист (социјалисти реализам преполн со бирократска омраза спрема кулаците, буржуите и реакционерните маси) каков што е Платонов во вистинскиот живот наспроти уметничкиот јазик (преполн со мечтаење, надреални описи на околината, филозофски прашања) прави читателот да се чувствува дека не знае каде се одвива дејствието дали во реалниот свет на советската ера, дали во некоја фантастична книга каде што обичните луѓе се разбираат на необичен јазик. Оттука е и прашањето За што живееше? како своевиден паралелизам на реалното Зошто живееше? или Со каква цел живееше? Токму од овие причини Откоп може да се смета за ремек-дело, и во однос на стилот, и во однос на јазикот, и во однос на тематиката. Кршењето на јазичните стандарди станува своевиден стандард и затоа делото треба да се чита со размислување. Зад секој збор и фраза стои скриена мисла на писателот што чека самиот читател да ја открие за да продолжи понатаму. Оттука и дијахронијата во самото дело, повеќегласноста во дијалозите на ликовите во романот. Бруталниот јазик е темелот на Откоп. Платонов успева да оствари рамнотежа меѓу духовното и советското. Затоа читателот на почетокот на романот може и да го смета јазикот на писателот за несекојдневен, необичен, чуден. На пример, романот почнува со главниот лик Вошчев, кој ја губи својата работа затоа што е преголем интелектуалец, а премал пролетер: На денот на триесетгодишнината од личниот живот на Вошчев му дадоа отказ од малиот машински завод каде што тој заработуваше за своето суштествување Во отказниот документ му напишаа дека се отстранува од производството поради пораст на слабосилност во него и поради замисленост среде општото темпо на трудот. Ќе се согласите дека изразот заработуваше за своето суштествување е замена за работеше, а се отстранува од производството поради пораст на слабосилност во него и поради замисленост среде општото темпо на трудот е одраз на советскиот јазик за опис на човек што премногу размислува и е недоволно продуктивен работник. Понатаму читателот ќе се приспособи кон ритамот и нијансите на болшевичкиот (руски) јазик јазик што покажува став дека сè е можно, јазик што има неверојатна сила да го победи и најсилниот контрааргумент и кој на неверојатен начин ја отсликува сталинистичката ера и додава комплексност на поттекстот на јазикот на Платонов за кој и најискусните преведувачи се согласуваат дека е тежок за преведување. Мртвите тела и мислите за смртта почесто се опишуваат во романот отколку земјата што се ископува. Дел од црниот хумот на Платонов е и моментот кога локалните селани се креваат да протестираат поради

130 Поговор конфискувањето на нивните мртовечки сандаци, едно од највредните нешта што секој селанец го поседува. Откако сандаците ќе бидат вратени, Миша, мечката што работи во ковачницата, го прогласува поранешниот господар за кулак и почнува чистка на сите кулаци. Копачите мораат да изградат сплавови на кои кулаците отпловуваат по реката, нешто што алудира на митолошката река Стикс, а Миша запаѓа во работен транс во кој го уништува железото што треба да го излие. Овие бајковидни елементи природно се стопуваат во нарацијата на Откоп. На пример, кога умира мајката на сирачето Настја, Чиклин ја зема Настја и ја носи во кампот, каде што Прушевски, надзорникот на работата, се враќа да го закопа телото на починатата 32-годишна жена. Чиклин ја покрива со камења и тули во нејзиниот дом и одговара на прашањето на Петрушевски зошто го прави тоа дека тагата на мртвите или нивните коски го прават за да се свести зошто живее. Настја извикува слогани на комунистичкиот режим на кои дури и Сталин би бил горд. Со неа толку се приврзуваат работниците на откопот, што еден од нив Сафронов, кој и самиот станува жртва на проектот изјавува дека токму за децата како Настја тие работат. Меѓутоа, смртта на Настја, со која завршува романот е и основната мисла на Платонов за сталинизмот не може со толку многу жртви да се изгради подобро општество, смртта не значи подобар живот. Иако ликовите во Откоп буквално ги даваат своите животи за посреќна иднина на идните генерации, сето тоа е проследено со сцени на бесмислено повремено насилство. Смртта е задолжителна пресуда за кулаците и буржоазијата, со што на читателот му се дава до знаење дека единствено насилството може да ги доведе и да ги задржи на власт пролетаријатот и комунизмот. Таков е примерот со Чиклин кога го удира селанецот по лице за тој да живее свесно. Освен смртта, тука е присутен и мотивот на болката, како еден вид должна компонента на постоењето на комунистичкото општество. Болката е сеприсутна затоа што целта на пролетаријатот е да ја истрпи, затоа што болката е симбол на пролетерите. Затоа селанецот не сака да отстапи по ударот што ги прима, бидејќи со страдање тој ќе се здобие со право да живее како сиромашен човек. Односно, сите мора да трпат за да бидат еднакви пред лицето на комунизмот. Болката и смртта стануваат животен стандард за масите. Од друга страна, ликот на бездомното девојче Настја, персонификација на иднината на советскиот народ и на идните жители на заедничката зграда што ќе се гради врз откопот (живее на самото градилиште во мртовечки сандак, додека другиот го користи за да ги чува своите играчки) умира, без да ја дочека изградбата на

Поговор 131 заедничкиот дом за сите еден вид утопија што неповратно се претвора во антиутопија. Филозофските елементи кај Платонов се огледуваат преку размислувањата и дијалозите на неговите ликови. Вошчев, на пример, иако е исклучително сиромашен, што е одраз на бедата на неговото физичко суштествување, сепак, продолжува да се бара себеси и смислата на неговото постоење. Аскетизмот, одрекувањето од физичките задоволства не треба да биде пречка за себепронаоѓањето, според Платонов. Ликовите на Платонов умираат на крајот за да ја покажат бескрајноста на човековиот внатрешен немир што не може да најде утеха ниту во интелигентните разговори, како примерот кога инженерот Прушковски не може да даде одговор на прашањето дали знае како настанал светот, иако е еден од учените. Немањето одговор заслужува само презир кај обичните маси. Дури и ако пролетаријатот има одговор на прашањата, сепак тоа е попусто, затоа што, како што Вошчев вели по убиството на активистот, сите умираат, и покрај тоа што знаат сè. И образованието и културата не играат никаква улога во обезбедувањето среќа за идните генерации, покажано преку примерот со селанките што учат да читаат зборови што не можат да ги разберат (авангарда, актив, антифашист, болшевик, буржуј...). Верата е изгубена, а без вера масите се дезориентирани. Свештеникот во Откоп се обидува да се снајде во новите општествени услови, меѓутоа не може да успее во тие обиди, и затоа вели дека останал без Бога, а Бог останал без човекот. Селаните остануваат со празни души, а интелигенцијата духовно осиромашена (Прушевски). Ова е уште еден пример за дехуманизацијата на руското општество што Сталиновите чистки успешно ја реализираат. Ликовите на Платонов сфаќаат дека образованието и културата не можат да дадат одговори на нивните прашања, меѓутоа без тие одговори не можат да се пронајдат себеси и својата улога во општеството. Таквиот начин на живот може да донесе само смртта како одговор на вечната, мачна потрага по смирението. Се чини дека самиот живот на Андреј Платонович Платонов (Климентов) е отсликан во неговиот роман. Руски прозаист, поет и драматург. Роден во Воронеж, во семејство на железничарски мајстор. Првите раскази ги пишува во 1918 година кога почнува да работи како новинар во родниот град. Истата година ги објавува и своите први песни, како и статии и рецензии. Од тој момент Платонов станува еден од најзабележителните автори во Воронеж. Се зачленува во Комунистичката партија на Русија (болшевици) во 1920 година, но по една година ја напушта по сопствена желба. Во 1926 година добива работа во Москва, а потоа во Тамбов. Набрзо се враќа во Москва и станува професионален писател.

132 Поговор По првата сериозна публикација Епифанските брави, ја објавува и повеста Скриениот човек. Учествува во литературната група Премин. Членството во Премин, како и објавувањето на расказот Сомничавиот Макар предизвикуваат бран критики на негова адреса. Истата година добива и негативна рецензија од Максим Горки, по што следува забрана за печатење на неговиот роман Чевенгур (1926 1929, објавен во Франција дури во 1972 година, а 1988 година во Советскиот Сојуз). Чевенгур не е само најголемото по обем дело на Платонов туку и важен момент во животот на писателот. Опишувајќи го апсурдот на комунистичко преуредување на животот, писателот ја покажува идејата врз која ќе се базираат неговите идни дела. Истата тема е основата на романот Откоп, чие дејство се одвива во првата петолетка на преуредувањето на новиот советски живот. Изградбата делумно напоменува и на изградбата на Вавилонската кула, а според Јосиф Бродски, делото е надреалистичко, затоа што во него се јавува како лик и мечка. Според Бродски, Платонов самиот се потчинил на јазикот на епохата откако видел во него такви бездни, кои штом еднаш ги видел, веќе не можел да ползи по книжевната површина. Излегувањето на повеста-хроника За резерва во која колективизацијата на селското стопанство е покажана како трагедија е последната капка во чашата што доведува до тоа натамошното објавување на делата на Платонов да биде невозможно. Единствен исклучок е зборникот раскази Реката Потудан (1937). Повестите Џан (1935), Јувенилно море (1934), драмите напишани во 1930-тите години Шарманка и 14 Црвени избички не биле објавени во текот на животот на авторот. Објавувањето на делата на Платонов е дозволено дури во годините на Втората светска војна, кога писателот работи како дописник од фронтот за весникот Црвена ѕвезда и кога пишува раскази на воена тема Оклоп (1942), Не за смртта (1943), Афродита (1944) и други. Откако неговиот расказ Семејството на Иванов (другиот наслов е Враќање ) во 1946 година е подложен на идеолошка критика, името на Платонов е засекогаш исфрлено од советската литература. Неговиот роман Среќна Москва, напишан во 1930-тите години, бил откриен дури во 1990-тите години на ХХ век. Првата книга по смртта на авторот објавена во времето на Советскиот Сојуз е Волшебниот прстен, три години по смртта на авторот. Сите публикации на делата на Платонов се жестоко цензурирани во поранешната советска држава. Платонов умира на 5 јануари 1951 година во Москва.

Поговор 133 Денешните читатели веројатно ќе се пронајдат барем во еден од ликовите во Откоп и ќе видат дека разочараностa на ликовите во романот им е неверојатно позната. Костадин Голаков