од имплементирани проекти од програмите АДИ вингинг АРДО ДА ВИНЧИ ЛАДИ ВО СТУДИСКИ ПОСЕТИ Tвингинг

Similar documents
Март Opinion research & Communications

Мобилност МК Mobility MK

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола Факултет за туризам и угостителство Охрид. Дипломиран организатор по туризам и угостителство

Мобилност МК Mobility MK

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

Мобилност МК Mobility MK

eтвининг Заедница на училишта во ЕВРОПА

Мобилност МК Mobility MK V O L U M E 3, I S S U E 4

MANAGEMENT & LEADERSHIP SCHOOL FOR ENGINEERS МЕНАЏЕРСКА И ЛИДЕРСКА ШКОЛА ЗА ИНЖЕНЕРИ

За обуката ВОВЕД ВО НОВИОТ ПРЕДМЕТ

Коисмение.Штозначиме.

Структурно програмирање

ПЕТТИ СОСТАНОК НА ЕКСПЕРТСКАТА ГРУПА НА ENTERPRISE EUROPE NETWORK ЗА СЕДМАТА РАМКОВНА ПРОГРАМА

Обука за електронски систем на учење МИКРОУЧЕЊЕ. Материјал за учесници

Доживотно учење во областа на одржливите технологии

И З В Е Ш Т А Ј. 1. Образовен развој. Највисок успех, Култура и јазици, Оцена А, Скопје, Гимназиско образование за култура и јазици, 1989

Мобилност МК Mobility MK

ПРЕДЛОГ КАТАЛОГ НА ОСНОВНИ ПРОФЕСИОНАЛНИ КОМПЕТЕНЦИИ НА НАСТАВНИЦИТЕ

СОЗДАВАЊЕ ИНОВАТИВНИ УЧИЛИШТА: ПОДГОТВУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ ЗА 21-ОТ ВЕК

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

Концептуален документ за Национални работни групи за РЈА

Проект за професионален и кариерен развој на наставниците

Општествена интеграција на жртвите на трговија со луѓе: Проценка на институционалните капацитети на Македонија за заштита на жртвите на трговија со

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА на

алката што недостасува за активно граѓанство 2/МЕДИУМСКАТА ПИСМЕНОСТ ВО МАКЕДОНИЈА

КОНКУРС. За запишување студенти на факултетите на Универзитетот на Југоисточна Европа во академската 2012/2013 година

Чекорите до Национален младински совет MЛАДИНСКО ОРГАНИЗИРАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Семејството и заедницата

A mysterious meeting. (Таинствена средба) Macedonian. List of characters. (Личности) Khalid, the birthday boy

ПР објави во медиуми

Структурирани бази на наставни материјали и дигитална трансформација. студија на случај Република Македонија

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ToR 02/2016 ПРАВНИ ЕКСПЕРТИ ЗА ПОДГОТОВКА НА ПРИРАЧНИК ЗА СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕ-ПРАВНИ АСПЕКТИ

Проектот е поддржан од страна на Министерството за надворешни работи на Франција и Регионот Нормандија.

Мобилност МК Mobility MK

C U R R I C U L U M V I T A E. Лични податoци Сашко Граматниковски Телефон

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2015

на јавната свест за Архуска конвенција и еколошкото законодавство на Европската Унија

Биланс на приходи и расходи

Значајни подрачја за раститенија, птици и пеперутки во Македонија. Славчо Христовски

Centropa наставен час- Истражувачки проект. Centropa Филм : Годините си го Прават Своето. Наставник: Драган Ѓоргиевски

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство

Средно образование природно математичка гимназија Никола Карев Скопје, Р.Македонија

УНИВЕРЗИТЕТ,,ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ФАКУЛТЕТ ЗА ОБРАЗОВНИ НАУКИ. ВОСПИТАНИЕ списание за образовна теорија и практика

Издавач: Младите можат Автори: Горјан Славковски Стефан Јовановски. Дизајн: Креативно студио Преплет Лектор:

Петти состанок на Локалната советодавна група Записник од состанокот

Програма за работа на здружението Регионален центар за одржлив развој за 2016 година

Биланс на приходи и расходи

Марија Баток, студент на специјалистички студии втор циклус

УПОТРЕБАТА НА ЕВРОПСКОТО ЈАЗИЧНО ПОРТФОЛИО ЗА САМООЦЕНУВАЊЕ И РАЗВИВАЊЕ АВТОНОМИЈА ПРИ УЧЕЊЕТО СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ Марија Кусевска 1.

Д Е К Л А Р А Ц И Ј А за Вклученост на Заедницата

ФАКУЛТЕТ ЗА ОБРАЗОВНИ НАУКИ НАУЧНО - СТРУЧНА ТРИБИНА

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

Обука за менаџирање на стрес на работно место

ГОДИШЕН УСПЕХ ИЗВЕШТАЈ план. менаџмент. реформа. можност. процес. идеја. организација мотивација. едукација ЦЕЛ. инспирација. вредности.

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

Втора Регионална конференција за јавна внатрешна финансиска контрола за земји кандидати и потенцијални кандидати. Дневен ред

C U R R I C U L U M V I T A E

КАРАКТЕРИСТИКИ НА НАСТАВНИТЕ ПРОГРАМИ ПО МАТЕМАТИКА ЗА ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ ( , , )

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

Наставници, инклузивна настава и педагогија во чиј центар се децата

Здружение за акција против насилство и трговија со луѓе ОТВОРЕНА ПОРТА / ЛА СТРАДА МАКЕДОНИЈА

РЕФЕРАТ ЗА ИЗБОР НА НАСТАВНИЦИ ВО НАСЛОВНО ЗВАЊЕ ЗА НАСТАВНИОТ ПРЕДМЕТ ВОВЕД ВО ФИЛОЗОФИЈА НА БИЗНИС АКАДЕМИЈА СМИЛЕВСКИ БАС, СКОПЈЕ

Универзитет Св. Климент Охридски- Битола. Факултет за информатички и. комуникациски технологии - Битола. Студиска програма:

ТОЛКОВНИК НА ПОИМИ, ТЕРМИНИ И ИМИЊА ОД ОБЛАСТА НА ТУРИЗМОТ (АНГЛИСКО-РУСКО-МАКЕДОНСКИ)

Заштита на личните податоци во Република Македонија. Охрид, 27 мај 2014 година

Бесплатно издание Интервју Јан Стола

Implementing. in Macedonia УЧИЛИШТА ВКЛУЧЕНИ ВО ОБУКА-НА-ОБУЧУВАЧИТЕ, ДЕЛ ОД ПРОГРАМАТА ЗА ИНКЛУЗИВНО ОБРАЗОВАНИЕ

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ. за работата во 2015 година

2.3 ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА. Службен весник на Република Македонија бр. 53 од 11 април 2013 година

УЛОГА НА НАСТАВНИКОТ ВО РАБОТАТА СО ТАЛЕНТИРАНИТЕ УЧЕНИЦИ

1. Наслов на наставниот предмет Имплементација на системи со отворен код. Implementation of open source systems. 7. Број на ЕКТС кредити

THE ASSEMBLY SPONTANEOUS ASSOCIATIONS

НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШНА ПРОГРАМА

Вовед во мрежата nbn. Што е тоа австралиска nbn мрежа? Што ќе се случи? Како да се префрлите на мрежата nbn. Што друго ќе биде засегнато?

Повик за поддршка на локални граѓански организации

Advanced databases. Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство ФИНКИ. 7. Број на ЕКТС кредити. Бази на податоци

Leila, the sick girl. Sick girl s friend. (Наставникот) Class teacher. Girl with bike rider (Девојчето со велосипедистот) (Велосипедистот)

Пол Машки Датум на раѓање 13/10/1986г Националност Македонец. Асистент / Помошник предавач. Систем администратор и помошник сметководител

University St.Kliment Ohridski - Bitola Scientific Tobacco Institute- Priep ABSTRACT

РЕФЕРАТ ЗА ИЗБОР НА НАСТАВНИЦИ ВО ЛЕКТОРСКО ЗВАЊЕ ЗА НАСТАВНАТА ОБЛАСТ АНГЛИСКИ ЈАЗИК НА БИЗНИС АКАДЕМИЈА СМИЛЕВСКИ БАС, СКОПЈЕ

Односот помеѓу интерната и екстерната ревизија. Презентира: Верица Костова

Записник од 14-тиот состанок на Групата на засегнати страни за прекуграничниот регион Преспа

МЕТОД ЗА АНАЛИЗА НА МЕЃУНАРОДНАТА ТРГОВСКА СОСТОЈБА

ЦИВИКА МОБИЛИТАС МАЛИ АКЦИСКИ ГРАНТОВИ

Алгпритам Центар Едукативен Центар

Даночен семинар 2011 kpmg.com.mk

МИНИСТЕРСТВО ЗА ИНФОРМАТИЧКО ОПШТЕСТВО И АДМИНИСТРАЦИЈА ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ЈАВНИОТ СЕКТОР ПРЕКУ ЗАЕДНИЧКАТА РАМКА ЗА ПРОЦЕНКА (ЦАФ)

ПРОМЕНИ ВО РАКОВОДЕЊЕТО НА ОРГАНИЗАЦИЈА ЧИЈА ОСНОВНА ДЕЈНОСТ Е ИНЖЕНЕРИНГ

СТРАТЕГИЈА СО АКЦИОНЕН ПЛАН ЗА РАЗВОЈ НА ГРАДСКАТА БИБЛИОТЕКА БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ СКОПЈЕ, Р. МАКЕДОНИЈА,

Преземање сертификат користејќи Mozilla Firefox

Западен Балкан - Препорака за учество на јавноста

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ МБА Менаџмент Штип. Весна Денчова

ПРИРАЧНИК ЗА ПРОЕКТЕН МЕНАЏМЕНТ

КЛИНИЧКА ФАРМАЦИЈА И ФАРМАКОТЕРАПИЈА ПРАКТИКУМ

Проект. "Национален рурален парламент како глас на руралното. население" ПРОГРАМА ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ ПОВИК И УПАТСТВО ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

Проф. д-р Снежана Ставрева Веселиновска 1. Апстакт. Клучни зборови: реформи, ученици, нови типови на ученици, технологија, училишта.

УНАСМ БИЛТЕН. Улогата на УНАСМ во македонското синдикално движење УНИЈА НА НЕЗАВИСНИ АВТОНОМНИ СИНДИКАТИ НА МАКЕДОНИЈА. Електронски информатор

КНИГАТА И БИБЛИОТЕКАТА МОСТОВИ КОН НЕНАСИЛНА КОМУНИКАЦИЈА КАЈ МЛАДИТЕ ЗБОРНИК НА СТРУЧНИ ТРУДОВИ. Битола, 2016.

Transcription:

од имплементирани проекти од програмите Доживотно учење и Млади во акција АДИ ЦИЈА Tвингинг НДТВИГ АРДО ДА ВИНЧИ ЛАДИ ВО ЦИЈА вингинг СТУДИСКИ ПОСЕТИ www.na.org.mk

содржина: ДОЖИВОТНО УЧЕЊЕ... 5 МЛАДИ Во АКЦИЈА... 23 This project has been funded with support from the European Commission. This publication [communication] reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.

Почитувани, Европската унија поддржува широк спектар на активности од областа на образованието, обуката и младите. Образованието и иновациите се најважните ресурси кои ги имаме, како на национално така и на европско ниво. Имајќи во предвид дека живееме во општество базирано на знаење, пристапноста и квалитетот на европските системи за образование и обука играат одлучувачка улога. Воедно, водејќи се од принципите дека потребно е да се обезбедат повеќе и еднакви можности за младите луѓе во образованието и пазарот на трудот, како и потребата да се поттикнат младите да бидат активни граѓани кои учествуваат во сите сегменти на општествениот живот, сите актери кои делуваат во овие области треба да придонесат кон остварување на посакуваните цели. Во оваа брошура се претставени европски проекти, на поединци и институции од нашата земја кои се поддржани од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност преку водечките програми за образование, обука и млади на Европската комисија, програмите Доживотно учење и Млади во акција. Учеството во програмите допринесе за создавање на силни мрежи и соработка на европско ниво меѓу училишта, наставници, ученици, студенти, универзитети, младински работници, организации кои работат на полето на младинските активности. Се надевам дека овие добри практики ќе послужат како инспирација за креирање на понатамошни успешни проекти во новата програма на Европската унија која ќе цели кон зголемување на знаењето и професионалните способности, како и да ја поддржи модернизацијата во областа на образованието, обуката, младите и спортот. На крај би сакал да ги потикнам сите засегнати во ова поле да ги искористат овие резултати и да ги применат во новата програма ЕРАЗМУС ПЛУС (2014-2020). Дарко Димитров Директор на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност

ЕРАЗМУС Можам и јас! УСПЕШНА ПРИКАЗНА ОД ЕРАЗМУС МОБИЛНОСТ Размена на наставен кадар (Р. Македонија) 4 М-р Тодор Милчевски, предавач на Факултетот за Бизнис Економија, Скопје. Во периодот од 4-ти до 8-ми март, 2013-та година, како дел од програмата на Еразмус за размена на наставен кадар, одржав неколку предавања за регионална политика и институционална рамка за регионален развој на Универзитетот за Економија во Вроцлав, Полска. За време на престојот имав неколку состаноци со професори и експерти од областа на регионален развој, при што дискутиравме за можности за идна меѓусебна соработка. Посетата ја искористив и за извршување на сопствено истражување, преку кое дознав детални информации за институционалниот пристап кон регионалниот развој во Полска од страна на професионалци во оваа области, релевантни креатори на јавната политика на регионално и локално ниво. Престојот во Вроцлав беше од огромна корист за мене и мојата институција, пред се бидејќи добив можност да се запознаам и да разменам знаења со академци од високо-реномирана институција, со што формиравме долготрајни врски и ја продолживме нашата соработка на редовна основа. Како резултат на нашата досегашна успешна соработка, неколку професори од Универзитетот во Вроцлав ќе го посетат Факултетот за Бизнис Економија во ноември, 2013-та година.

ЕРАЗМУС Можам и јас! Љутрим Мехмеди, 22 години студент при Универзитетот на Југоисточна Европа, Тетово. Јас бев на Еразмус мобилност во Универзитетот Студи ди Фоџа во Италија, каде што студирав економија 5 месеци. Јас ја искористив шансата што ја нуди потпрограмата Еразмус за професионален развој, проширување на моите хоризонти на Европската мисла, менталитет и благосостојба. Студирањето во друга држава во Европската Унија ги надмина моите очекувања. Универзитетот во Фоџа ги спроведе сите потребни дејстија за да направи да се чувствуваме како дома на универзитетот. Најважно е дека надлежните во тамошниот Универзитет ја усогласија културната разноликост помеѓу студентите, воедно тие навистина го покажаа своето гостопримство и експлицитност кон меѓународното движење и различните идеи и толкувања од сите националности. Во текот на мојата мобилност во Италија бев ангажиран во социјалната Еразмус мрежа, воедно го почуствував вистинскиот дух на италијанското гостопримство. бев дел од еден проект креиран од поранешни Еразмус студенти наречени Група FEELAND. Тоа беше проект каде се посетуваа села во провинцијата Кампанија, Ирфинија, Сенерчиа, Теора и Капоселе. За задача имавме да изготвиме есеј за местата што ги посетивме. изготвив есеј за тоа што го искусив и научив во овие места. Првото место што го посетивме ме освои и беше нешто посебно. Мојот есеј ја освои првата награда од сите студенти што изготвуваа есеи на оваа тема. Искуството беше непроценливо воедно мојот престој во Италија ќе го запаметам по ослободувањето од стереотипите и предрасудите кон другите народи како и формалното образование кое го стекнав во текот на престојот во Италија. 5

ЛЕОНАРДО ДА ВИНЧИ Од мала искра ГОЛЕМ оган бидува Едно незаборавно искуство во рамките на успешно завршениот проект- Био- Рурал Бизнис од програмата Леонардо да Винчи. Самата мобилност на нашиот проект Био-Рурал Бизнис се одвиваше во Италија, Сицилија во едно помало крајбрежно гратче Барчелона Позо ди Гото- Месина, од 16-ти Јануари до 7-ми февруари 2013 година. Нашата партнер организација беше Associazione Artistica Culturale A Rocca, од истиот град. Во самиот проект учествуваа 10 ученика и две професорки кои ги придружуваа учениците, и тоа Биљана Тодоровска и Марија Ангеловска Петровска. Самиот проект беше едно незаборавно, единствено и премногу едукативно искуство за самите учесници кои имаа можност да научат доволно за новите технологии и модерните трендови при производство на вино, имаа можност од прва рака да имаат обука за органско производство на украсни цитрусни дрвја, да видат како на традиционален начин се произведува грозје и се преработува, како и маслинови насади. Тие беа сведоци 6 на целиот процес од семе до краен, финален призвод и самиот маркетинг на финалниот производ. Беа дел од процесот на добивање на маслиново масло, есенцијални цитрусни масла, производство на кандирано овошје, а беа дел и од работилници за правење на домашни слатка и колачи. Имаа можност и да ги дегустираат локалните врвни вина со посета на винарските подруми. Посетија и имаа обука во неколу оранжерии и компании кои се занимаваат со производство на украсни цитрусни дрвја кои се применуваат најповеке за декорирање на хотели, ресторани и градини, се запознаа со самиот процес на одгледување, како да се додје до едно квалитетно украсно дрво и нормално како и тоа подоцна успешно да се продаде на пазарот.

Искуството што го стекнаа во една семејна работилница за производство на локалните видови на сирење претставуваше едно единствено и мотивирачко искуство, еден добар пример како мал семеен бизнис може да стане и прерасне во профитабилен. Нивната рикота, провола и моцарела произведена тука во Сицилија се продава ширум светот а самите семејства имаат помош од државата со цел да се сочува традиционалниот начин на производство. Учесниците имаа можност да пробаат многу специјалитети познати на Сицилија, нивните тестенини, пици, светските познати сирења, нивната гранита и бриош како и многу другу работи. Целиот проект беше извонреден, еден прекрасен микс од обука, напорна работа но и малку време за прошетки и екскурзии кои допринесоа учесниците во проектот да дознаат и научат повеќе за културата, традицијата, обичаите и кујната на самата земја домаќин. Посетивеме повеќе места како Палермо, вулканот Етна, Сиракуза, Милацо, Месина, Катанија и уште неколку мали селца и историски места. Од огромно знаечење беше посетата на земјоделсото стручно училиште во градот и самото збратимување со училиштето. Учениците запознаа нови пријатели со кои и ден денес се во постојан контакт. За нашите ученици кои што немале многу можности за патување надвор од рамките на нашата земја, оваа размена на искуства, нови идеи, запознавање на нови луѓе, учењето на нов јазик, култура, нови вкусови беше еден позитивен шок и побуди еден ентузијазам и желба кај нив за понатамошно едуцирање на полето на земјоделие, а исто така побуди и интерес и поголемо почитување кон традиционалните вредности. Самата мобилност исто така им помогна на учениците за нивна понатамошна лична и професионална надоградба и усовршување, а ќе биде од големо значење на нивното понатамошно едуцирање и нивната идна професија. Оваа стенато европско искуство за целата група е од огромна помош на полето на унапредување и промовирање на стручното образование како и модернизација во земјоделието, преку размена на искуства со помош на семинари, работилници, состаноци со други стручни училишта, земјоделски и невладини организации како и со локалкните и регионалните власти. 7

ЛЕОНАРДО ДА ВИНЧИ Од мала искра ГОЛЕМ оган бидува Успешни приказни ОСУ Јовче Тесличков Велес Кога ја имаш за предизвик својата професија тоа значи дека ќе успееш, ќе успееш не само ти туку и тие кои го имаат истото чувство и сте дел од тимот... така се случи и мобилноста во Кралството Холандија и во Р. Бугарија со помош на Националната агенција, потпрограма Леонардо да Винчи- ВЕТПРО. Од ОСУ Јовче Тесличков,Велес во месец ноември 2012 год 5 наставника по стручни економски предмети една недела престојуваа во Училишниот Центар за претприемничко учење Де Рои Панен во Тилбург, К.Холандија. Ова беше искуство кое отвори нови предизвици во областа на практичната настава, Центарот Де Рои Панен е образовна институција каде на едно место идеално функционираат учењето, практицирањето во реални сопствени капацитети како што се сопствениот шопинг центар, сопствените капацитети на хотелско сместување и ресторанти, работилници за креирање на модели и други капацитети. Како резултат на користењето на овие капацитети е остварување на профитабилност која му овозможува на овој центар постојано да расте и да создава квалитетни кадри за пазарот на труд што претставува образование 8 кон кое би се стремел секој образовен систем. Се обидовме ова искуство да го пренесеме и кај нас, ја направивме училишната Маркетинг агенција преку надградба на практичната настава од виртуелните училишни комапнии како образовна форма во нешто што е поблиско до реалниот свет на бизнисот. Учениците беа презадоволни а на наставниците им останува да го доусовршуваат овој модел кој несомнено е правец во образованието во иднина. Другиот предизвик беше од областа на претприемничкото учење, 13 наставника во месец јануар 2013 година една недела престојуваа во елитната Финансиско- Стопанска Гимназија во Софија, Р.Бугарија каде беше преставен успешен модел за развој на претприемачките вештини кај учениците и форми на настава за пренесување на претприемничко учење. Овој мо-

дел на образование егзистира во форма на Импулсен центар за претприемништво и има за цел преку активности да го поттикне претприемачкиот дух кај учениците преку натпревари, дебати, аплицирање на проекти и други активности. Импулсниот Центар за Претприемништво во нашето училиште успешно го имплементиравме а како резултат на неговото постоење ја препознавме потребата од одржливост што е доказ за потребата од вакви форми на организирање на образовниот процес. Учесник и реализатор наставник, Маја Талеска Панова 9

КОМЕНИУС Позитивно искуство Корисна обука Преку програмата Комениус од Националната Агенција за Европски образовани програми и мобилност во периодот од 17.08.2013 до 23.08.2013 учествував н а обука на Charles University Faculty of Education во Прага. Курсот под име EU MAGIC Effective use of modern technology and games in classrooms се однесуваше на користење на динамичен софтвер во наставата. Тренингот беше многу практичен и апликацијата Activ inspire лесно применлива во сите предмети. Моите впечатоци од обуката се извонредни, сознанијата и искуството очекувани и со задоволство можам да констатирам дека целите на обуката беа остварени. Она што организаторот го понуди во потполноста се реализираше, а тоа е една целисходна алатка (софтвер) со кој наставникот може да креира интересни, активни часови и да овозможи и современ пристап во наставата. Во Групата учесници сите бевме многу мотивирани, соработливи и инспирирана на квалитетен начин да ги исполниме барањата на обучувачите. Се разви и многу пријателска и дружељубива атмосфера преку индивидуална и тимски ориентирана форма на работа. Организаторот се потруди покрај работниот дел, да имаме исполнет факултативен програм и да ги запознаеме убавините на Прага и Чешка. Докоска Мирјана ПСУ Петта приватна гимназија Скопје 10

КОМЕНИУС УСПЕШНА ПРИКАЗНА ОБУКА ВО ПОРТУГАЛИЈА Во текот на летото на 2013 година имав единствена можност да патувам во Португалија и да учествувам во Комениус обука на работно место со наслов: Акциски методи за подобрување на мотивацијата и квалитетот во средини за учење, организиран во Лисабон од 14-20 август од страна на European Bridges Consulting (Finland). Обуката беше исклучително добро организирана и одржана од страна на тим од професионалци во различни области. Подготовките започнаа дома со читање на потребна литература : Daniel Goleman: Emotional Intelligence, Why it Can Matter More than IQ and Richard M. Ryan and Edward L. Deci: Self-Determination Theory and the Facilitation of Intrinsic Motivation, Social Development and Well-Being. Фокусот на обуката беше развивање на емоционалната интелигенција и креативните вештини на секој поединец, со што се зголемува мотивацијата во сите форми на средините за учење. Сесиите беа речиси сите практични, организирани на многу динамичен и активен начин, овозможувајќи ни да учествуваме и да испробаме различни активности, кои подоцна ќе бидат користени во и надвор од училницата со нашите ученици. Ние, учесниците, неверојатно уживавме земајќи учество во работилници со различни теми, како што се: танцувачка математика, драма, теми за животната средина, креативна уметност, настава на историjата преку движење, итн. Неколку екскурзии беа организирани, исто така, го посетивме акцискиот парк, го посетивме Лисабон двапати, практикувавме акциски методи за настава во блиската шума, како и на плажа. Учесниците дојдоа од околу петнаесет земји и ги претставија своите држави преку храна, музика и презентација на плакати на нивните работни институции. На тој начин сите ние социјализирани, уживајќи многу научивме многу за различни култури во Европа, вклучувајќи ја и земјата домаќин Португалија. Целото искуство не е само прекрасен професионален развој, но исто така беше и персонален. Мои искрени комплименти на организаторите и благодарност до мојата Национална агенција и Европската комисија! 11

ГРУНДВИГ Никогаш не е доцна ЗА УЧЕЊЕ Грундвиг искуство кое ми отвори широки хоризонти Во рамките на програмата Грундвиг, во месец Јуни од 22 до 29 се одржа тренинг курс на тема Европски проектен дизајн, управување и финансирање: како да се развие добар проект и да се добие грант во Болоња, Италија. Мојата приказна кажува и повеќе од себе бидејќи се работи за место каде магијата на храната, традицијата, музиката се спојуваат во едно а нотите на образованието се присутни на секој чекор низ улиците кои дел од овој вечен град. Учество на онлајн платформата приготвена од организаторите YouNet, а воедно и на неколкудневниот треинг курс земаa учесници од Италија, Турција, Шведска, Франција и јас од Македонија. Идејата за заедничка соработка, доквалификација, размена на искуства и експертизи беше најголемиот бенефит со кој се сретнавме. предавањата проткаени со интересни факти и пракса овозможена за сите да се изразиме, да составиме и пробаме како би изгледал нашиот проект склопен токму на истото место и за време на тренингот беше еден голем плус за сите нас во делот на склопување партнерство, давање сугестии за структурата и организираноста на предлог проектот. Работа во групи и секогаш мотивирачки дух е нешто кое го препорачувам на секога токму поради размената на различни искуства, поради начинот на работа, а воедно и работите кои отвараат широки хоризонти. Мојот проект кој беше составен за време на тренингот е веќе аплициран и се надевам на позитивен одговор од Европска Комисија. Пријателствата останаа сеуште преку развиената комуникација на социјалните мрежи а партнерствата се размножуваат. Воедно моментите поминати заедно а и екскурзијата во слободното време беше и повеќе од мотивирачки за мене во делот на места кои изобилуваат со убавина, уникатност, несекојдневност и традиција различна од нашата. Сите мои очекувања беа исполнети а јас самата сум презадовална што ја имав таа шанса да сум дел од ваков проект со големо значење за мене и мојата организација. Емилија Андонова Центар за регионален оддржлив развој Курс: Европски проектен дизајн, управување и финансирање: како да се развие добар проект и да се добие грант Грундвиг Обука на работно место 2013 Италија 12

ГРУНДВИГ Никогаш не е доцна ЗА УЧЕЊЕ како професор по италијански јазик во Јазичното студио Лингва од Битола, имав можност да посетувам обука на работно место Grundvig во Чита ди Кастело, од 22 до 26 јули 2013 во Италија. Обуката ја организираше Јазичниот Институт ЛИНГВАПИУ од Чита ди Кастело, во рамките на којшто акцентот беше ставен врз јазичните и интеркултурните компетенции и вештини на професорите по италијански јазик. Централно место во рамките на обуката беше проектот за Монтесори методот за предавање на странски јазик за возрасни, модерен пристап базиран врз стар наставен метод кој наоѓа примена во образованието за возрасни во 7 пилот држави во светот. Освен јазични знаења и новитети во модерната настава по странски јазици, обуката вклучуваше и културни посети на регионот кои се исклучително корисни за секој професор по странски јазик. Неизмерна благодарност до целиот тим на Grundvig програмата од Националната Агенција во Скопје од мое име и од име на Јазичното студио Лингва од Битола за укажаната можност за успешно реализирање на оваа обука во Италија која целосно ги задоволи моите очекувања и ме збогати со уште едно квалитетно професионално искуство. М-р Маја Милевска-Кулевска, Јазично студио ЛИНГВА -Битола Грундвиг Обука на работно место Курс: Corso di Lingva Italiana per insegnanti di italiano all`estero Италија 13

СТУДИСКИ ПОСЕТИ ИСКУСТВОТО е најдобар УЧИТЕЛ Елена Митевска Давидовска наставничка по англиски јазик ОУ Јоаким Крчовски -Крива Паланка За студиски посети дознав од веб страната на Националната агенција за европски образовни прогами и мобилност. Веднаш аплицирав и на мое големо изненадување по неколку месеци бев информирана дека сум добитник на грант за обука во Велиак Британија на тема зголемување на мотивација при изучување на странски јазици. Работам како наставник по англиски јазик веќе 12 години и неколку пати приватно ја имав посетено Велика Британија, но Студиските посети се огромно искуство за мене и многу сум благодарна на НА за тоа што ми овозможи професионална посета која го збогати моето знаење со обука во еден од најсофистицираните и најсовремените образовни центри во Европа, како што е Глиц во Глостер, Велика Британија. Во овој центар имав можност за изучување на странски јазици преку најсовремени методи и техники со помош на опрема која ретко кој јазичен центар ја поседува. Странските јазици се учат и усовршуваат без употреба на мајчин јазик што воедно е најдобар метод за напредок, а се што се изработува може да се документира како видео или аудио запис. На оваа посета се запознав и со начинот на работа на еден од најквалитетните образовни системи каков што е британкиот преку посета на универзитетски професори, просветни инспектори и други лица вклучени во образовниот процес. На посетата запознав и луѓе од различни европски држави како Франција, Германија, Шпанија, Бугарија, Холандија, 14

Белгија кои исто како и јас се вклучени во образовниот процес во своите земји и со кои споделив искуства и имав постојана соработка. Знаењето што го стекнав е од непроценлива вредност за мене и мојот професионален развој. Посетата траеше 6 дена и беше беспрекорно oрганизирана со многу активности. Првиот ден беше резервиран за наши презентации каде секој учесник ја представува свјата држава и образовниот систем во неа. Од мојата презентација покрај другото беа информирани за проектот на владата Компјутер за секое дете што им остави огромен впечаток на сите учесници бидејќи тоа не е пракса во другите европски земји. За време на престојот во Глостер посетивме и средно училиште каде и присуствувавме на наставата, што ни овозможи ново искуство корисно за нашиот професионален развој. Освен професионална обука ни беше презентирана и културата и традицијата на овој дел од Британија, преку посета на најразлични места во и околината на Глостер. Како што напоменав на почеток се ова немаше да биде дел од мојата реалност доколку не ми беше овозможено од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и се разбира вработените кои секогаш беа љубезни и спремни да помогнат во било која ситуација. На крај би додала дека освен отварањето на донаторската сметка која бара време и посветеност, се друго беше во најдобар ред. Моето искуство од Британија го споделив со колегите преку презентација и им препорачав да аплицираат во Националната агенција зошто можностите се големи а искуството единствено. 15

СТУДИСКИ ПОСЕТИ ИСКУСТВОТО е најдобар УЧИТЕЛ Вања Штерјова Асистент Асоциација за локален и рурален развој (НВО) -Скопје Клучен проблем е недостаток од социјални вештини на ученици, студенти, како и на возрасните во Република Македонија. Треба да стане пракса да се започне со развој на овие социјални вештини од рана возраст, а не само да се принудат младите учениците да студираат без да се види кои се потребите на пазарот на трудот. Потребата за унифицирана стандардизирана рамка е почеток за правење на подобра иднина за луѓето во Македонија. Демографските промени резултираат со потребата од програмата Доживотно Учење, како и од потребата од стручно центри во Скопје, каде што луѓето можат да ги научат дефицитарните професии. Заеднички предизвик е недостатокот на соработка помеѓу секторите, образовните институции, приватниот и јавниот сектор, како и на владините институции за намалување на непотребните универзитетски курсеви. Пример за тоа како таквата соработка може да биде успешна во продуктивен и позитивен резултат може да се извлече од искуството на Лихтенштајн каде Стопанската комора соработува со компании од приватниот сектор, студенти и нивните родители преку 100Про (координативен центар за студенти, млади луѓе, родители и компании. Студентите се стекнуваат со работно искуство и развиваат социјални и комуникациски вештини). Предизвикот на спроведување на моделот од Лихтенштајн и големината на другите земји учеснички ќе направи да биде тешко да се спроведат такви проекти како 100Про. Сепак можен е обид да спроведе таква ини- 16

цијатива на регионално / локално ниво со поддршка од креаторите на политики. Како Здружение за локален рурален развој, ние се обидуваме да имплементираме таква структура во женското претприемништво, вработување, еднаквост и еманципација на жените во руралните средини преку зајакнување и градење на локални капацитети, иницијатива за создавање на работни места, економски раст на регионално ниво, интеграција на етничките малцински групи на албански, турски и босански жени во избраната територија на пазарот на трудот преку подобрување на нивните потенцијали за вработување и промовирање на еднаквите можности и родова еднаквост на етничките жените на локално ниво преку отворање на нови можности за учење наменето за нивните индивидуални потенцијали за вработување, и преку овие бебешки чекори се движиме во општеството понатаму во развивање на план на национално ниво за одржливање на овие идеи во иднина. Студиската посета е фантастична можност да се сретнат претставници на сите земји од Европа, кои имаат исти интереси и се соочуваат со слични предизвици. Големиот исход од оваа студиска посета е можноста да се споделат добрите практики и да се подобри состојбата во својата земја / регион / институција со користење на решенија кои успеале на друго место. На вмрежување, која беше овозможено од страна на студиската посета резултираат со неограничени можности за идна соработка. 17

eтвининг Заедница на училишта во ЕВРОПА светлана стојкова - наставник по француски јaзик во ооу методи mитевски- брицо лозово Благородна е чувството на еден вработен во образование да го даде својот придонес во поттикнувањето на креативноста преку вклучување во европското граѓанство и културно богатство. Како наставник по француски јаззик во ООУ Методи Митевски Брицо од Лозово веќе 4 години сум дел од поставувањето и развојот на систем од мрежи и партнерстава помеѓу училишта од Европа, благодарение на порталот Етвининг. Тоа воедно ми беше и можност за успешно учество во етвининг проекти со ученици и наставници од други европски земји... Моите први почетоци во етвининг беа сосема случајни и мојата цел беше моите ученици да соработуваат со училиште од Франција како би имале можност да се стекнат со цивилизациски придобивки од франкофонското подрачје. Но тоа воедно беше и прифаќање на поканата на една драга колешка професор по француски јазик Даниела Сцила од Италија да пристапиме кон етвининг проектот La Boite magique вистинска магична кутија во која најдоа место сите наши пораки, култури, традиција и секојдневието на нашите ученици. Размената на документи, ИКТ изработки се интензивираше благодарение на Проектниот дневник(twinspace I Project Diary) и секој 18 од нaс партнерите добиваше мотивација да направи нешто покреативно.. Беше можност за моите ученици да го промовираат своето родно село, своите обичаи,своето секојдневие... и да ги привлечат симпатиите на нивните европски врсници... Сите убави моменти и празници ги споделувавме со нив... Па, така се роди и нашата сказна (книга во електронска верзија) Mагијата на пријателството за која не

само јас туку и моите поранешни ученици сентимантално сме врзани. Денес и со другите со задоволство ја работиме бидејќи во неа има вежби и игри потребни за часовите. Понатаму следеа: La Metaphore de l amitié,вистинска метафора на пријателството,- па потоа Le Magazine весник кој го креиравме заеднички со партнерите од неколку европски земји. Навистина научивме многу од нашите европски партнери.ама и тие од нас. Нашето Христос Воскресна, нашето Јусуфдеде, нашите полиња со тутун,- чинам се декор во нашата заедничка книга. Резултат-3 знаци за квалитет кои многу ни значат.тоа воедно мотивира и неколкумина колеги од моето училиште да се вклучат во етвининг. Порталот етвининг е вистинско поле за културно разбирање на младите.тоа поле овозможува и професионално усовршување за нас наставниците.етвининг промовира пред се користење на ИКТ, учење странски јазици и интересот за усовршување на педагошкиот пристап во процесот на образование. Одлична можност за градење на релации и комплементарност помеѓу наставните програми и создавање претпоставки за запознавање со различни образовни системи... Впрочем процесот на комуникација и колаборација помеѓу образовните институции од цела Европа бара сестрана промоција и подршка заради потребата од акумулирње нови знаења, вештини и мултикултурни придобивки. Горди сме што сме дел од оваа акција и што го споделуваме сиот наш ентузијазам со колеги и ученици од европските училишта.инспирација,поучување, креативност-тоа е етвининг. Според мене, предизвикот за промовирање на овие вештини како и мултикултурниот натпревар меѓу младите претставува визионерска мисија. 19

eтвининг Заедница на училишта во ЕВРОПА Маја Виденовиќ - наставник во оу Крсте Мисирков -Скопје Концепцијата на е-тwinning го привлече моето внимание уште од првиот момент кога се зачленив во оваа мрежа на училишта. Имено воспоставувањето на партнерствата со училишта од други држави и користењето на ИКТ во процесот на комуникација и колаборација со нив, можноста за примена на нови стратегии за стекнување на трајни и применливи знаења, интересот и мотивацијата кои се побудуваат кај учениците кога работат на проектите од e-twinning се нешто кое не може да го остави рамнодушен ниту еден наставник. Уште со првиот изработен проект (European Languages Day) со моите ученици увидов колку тој доведе до зголемена активност кај учениците, желба да се разменат идеи со ученици од други држави, мотивација да се сработи и претстави сработеното најдобро што може, притоа несебично вложувајќи се во работата и давајќи го својот максимум. А задоволни ученици кои пројавуваат иницијатива за стекнување на нови знаења, нивна практична примена и споделување е нешто што го посакува секој наставник, нели? Платформата на e-twinning е лесна и привлечна за користење како од страна на наставниците, така и од учениците. Проектите кои ги реализиравме преку e-twinning се редеа еден по друг, на огромно задоволство на учениците. Ќе споменам само некои од проектите во кои учествувавме: Beautiful places in our countries, The English Newspaper Project, Our country is worth visiting, Easter postcards, Me, Myself and Us, We ll learn about each other with photo stories and more. После секоја активност излегувавме побогати за едно извонредно искуство, како од аспект на примена на ИКТ, нејзина интеграција во други содржини, но и запознавање на другите држави и култури. Сите овие проекти придонесоа за мојот професионален развој, давајќи ми можност за 20

примена на нови и современи приоди во работата, можност за размена на искуства и идеи со други наставници и сл. Како дел од платформата на e-twinning се и онлине настаните реализирани од експерти кои вклучуваат активна работа и дискусија помеѓу наставници низ Европа. Досега имам учествувано на два вакви настани: Creative use of media и Pedagogical value of e-twinning projects. Придобивките се навистина огромни, овие курсеви придонесуваат многу за професионалниот развој на наставниците, нудејќи комуникација и соработка со наставници од разни држави, но и можност за започнување на нови партнерства и разни други облици на соработка. Надоврзувајќи се на e-twinning земав учество и во активностите во рамките на секторската програма Comenius. Како дел од оваа програма учествував на две обуки, кои беа поврзани со користење на ИКТ во наставниот процес: Empowerment in ICT Skills: Making Use of Media & Communication Technology Tools и E-Learning - Producing Interactive and Multimedia Content. Oбуките се реализираа надвор од мојата држава и доведоа до збогатување не само на моето професионално знаење и вештини туку и на разбирањето на различните европски држави, нивните истории, култури, организацијата нa нивниот образовeн систем, степенот на користење на ИКТ во наставата. Истовремено беа извонредни искуства кои ми овозможија запознавање на нови луѓе, воспоставување на нови пријателства и отварање на можности за голем број на понатамошни соработки. Стекнатите сознанија од овие обуки ги споделив со други наставници преку разни контакти, изготвување на блог, организирање на вебинари. Ги запознав и со големиот број на придобивки во поглед на комуникацијата и соработката со наставници од други држави и мислам дека сето тоа придонесе за побудување на нивниот интерес и мотивација за учество во ваков вид на обуки. 21

МЛАДИ Во АКЦИЈА Обука за обучувачи за социјална инклузија и вработување на институционализирани млади Локација: Маврово, Македонија Датум на активноста: 16-23 Август 2013 НВО: ЦЕНТАР ЗА МЕЃУКУЛТУРЕН ДИЈАЛОГ Идејата за овој проект потекна од потребата за системски пристап во младинската работа кога станува збор за работење со лица од ризични групи. Обуката нуди можност на младински организации да размислат за системи преку кои би вклучиле млади со помалку можности, посебно млади престапници, млади со девијантно поведени и млади делинквенти. Обуката за обучувачи имаше за цел да се развие знаења и вештини кај активни и искусни младински работници и обучувачи во младинската работа за да можат да планираат и спроведуваат едукативни програми со маргинализирани млади (млади од ризични категории). Проектот стави посебен акцент на работа со институционализирани млади, како што се младите луѓе кои се под надзор на центри за социјална работа, малолетнички делинквенти или млади престапници. На оваа 7-дневна обука, организирана во Маврово учество зедоа младински работници и обучувачи од 14 младински организации од Европа од следните земји: Велика Британија, Хрватска, Естонија, Полска, Шпанија, Романија, Турција, Словенија, Белгија, Унгарија, Бугарија и Македонија. Учесниците младински работници работеа на подобрување на квалитетот 22 на образовните програми и правејќи ги повеќе достапни, според потребите на младите луѓе изложени на ризик. Постигнатите резултати од проектот се долгорочни бидејќи ќе се одразат во работењето на сите партнерски организации. Понатаму обуката произведе тим на обучувачи кои сега можат да развијат програми за да се зголеми учеството на младите луѓе од ризични категории во заедницата, да ги поттикне и да се изгради доверба кај истите. Во рамките на проектот се посетија следните институции со кои се оствари работна средба: Казнено-поправна установа малолетнички затвор Охрид, Меѓуопштински центар за социјална работа од Охрид, Совет за превенција во Струга и Министерството за внатрешни работи сектор за превенција во Охрид. Состанокот се содржеше од следниве точки:

-Кратка презентација на образовните програми кои институцијата ги нуди (како се структурирани и спроведени). Тука слушнавме интересни идеи и се разменија мислења посебно со КПУзатвор Охрид -Во рамки на најголемите предизвици за работењето на организациите и институциите беше истакната потребата за заедничко барање на можности за финансирање и за долгогодишна стратешка соработка. -Се зборуваше и за иницијативи од младинските организации за соработка каде се дојде до заклучок дека е важно што повеќе младински организации да се вклопат во процесите на ресоцијализација, инклузија и поддршка на младите по нивното напуштање на институциите -Сите средби исто беа користени за презентирање на програмата Млади во Акција и истражување на можноста за развој на заеднички проект каде во процесот на ресоцијализација младите од затворите би можеле да волонтираат на посебно развиени програми. Како резултат на обуката се одржа прес-конференција во Куманово каде се презентираа резултатите и се иницираше дијалог меѓу засегнатите страни активно да се вклучат во вклучување на овој тип на маргинализирани млади во нивната работа. Локалниот ефект на проектот е видлив преку неколку процеси кои се создадоа како резултат на обуката. Како директен нов проект беше аплицирање на краткорочен ЕВС од еден од учесниците во Македонската Национална Агенција за европски образовни програми и мобилност. Понатаму во Бугарија се аплицираше нова обука за работа со млади лица кои се институционализирани (малолетнички делинквенти или лица на издржување казна во казненопоправни институции) која освен младински работници има за цел да повика и лица кои работат во институциите. Како директен резултат во Полска дел од методите за работа од обуката се спроведени во локалното училиште а веќе наредната година ќе се аплицира и обука за да се оцени ефектот од новите методи и пристапи во работата. Како организација преку обукава успејавме да ги мотивираме локалните младински организации да стапат во соработка со центрите за социјална работа и со казненопоправните институции за да заедно развијат програми за ресоцијализација инклузија и вработување на младите лица. 23

МЛАДИ Во АКЦИЈА Невладина организација: Обединета младина Младинска размена: Fit your body and educate your mind! Локација: Струга, Република Македонија Датум на активноста: 11-19 Октомври 2013 Поагајќи од мислата дека Спортот е еден универзален збор за практикување на физичка и психичка активност, но сепак моќна алатка која овозможува стекнување на разновидни вештини и компетенции за личен развој дојдовме до идеја да го вклучиме спортот како едукативно помагало, со цел да ја поткренеме свеста кај младите луѓе за бенефициите кои ги пружа спортот, а воедно и да покажеме дека неговата моќ е немерлива и дека може да обедини група млади луѓе од различни земји, без оглед на нивното потекло, позадина, култура, религија, пол итн. Со други зборови, користејќи го спортот како едукативен метод во рамките на неформалното образование, целевме кон тоа да постигнеме позитивен ефект во општеството преку поттикнување и развивање чувство за солидарност, антидискриминација, толеранција и взаемно разбирање помеѓу младите луѓе, не исклучувајќи ги и оние со помалку можности. Така, на 7-дневната младинска размена учество завземаа млади луѓе од различни Европски земји: Шпанија, Италија, Хрватска, Турција, Романија и Македонија, без оглед на нивните образовни, социјални и културни позадини, со цел да се промовира разновидност, дијалог, взаемно разбирање и почитување како и мобилност во рамките на границите на ЕУ. Всушност, преку активното учество во проектните работилници, младите станаа повеќе свесни за своите таленти, предности и слабости, научија пред сè самите да се почитуваат и да ги почитуваат луѓето во нивното опкружување, да направат сопствен избор, да станат независни, а воедно се стекнаа и со корисни информации за здравиот живот и природниот свет. 24

Исто така, охрабрувајќи ги да ги споделат своите чувства, мислења, гледишта, различни ставови и постоечки проблеми во нивните општества, овој проект како резултат на тоа доведе до зголемување на чувството за припадност кон Европа врз основа на разбирање на европските вредности, особено за оние кои доаѓаат од земјите кои не се членки на ЕУ. Освен тоа, во рамките на проектот беа спроведени и реализирани креативни работилници, интеркултурни презентации, отворени дискусии, активности во природа итн. со цел да се овозможи споделување на нивните знаења и искуства од секојдневниот живот, како и размена на добри работни практики, со што имаа можност да се сретнат, но и да ги разберат и прифатат културнатите разлики и разновидности помеѓу нив. Така, како резултат од 7-дневната младинска размена, а со цел да се поткрене свеста кај локалните граѓани, се одржа јавен настан Мини олимписки игри, каде младите имаа можност да учествуваат во разновидни спортски активности и дисциплини (фитнес вежби, маратон, фудбал, кошарка, игри со препреки, спринт, влечење јаже итн.). Со оглед на сето ова, базирајќи се на практиките и принципите на програмата Млади во акција и методологијата која истата ги нуди, создадовме можност младите да се здобијат со нови знаења и вештини, да се зајакне европската свест, да се соочат со мултикултурните предизвици, да стекнат нови лични искуства и да ги прошират нивните видици, да научат повеќе за себеси, како и да се зголеми нивната самодоверба, а пред сè да се развијат во здрави личности. 25

Корисни линкови : www.na.org.mk Национална агенција за европски образовни програми и мобилност http://www.mon.gov.mk - Министерство за образование и наука во Република Македонија http://ec.europa.eu - Европска Комисија http://ec.europa.eu/dgs/education_culture/ - ГД Образование и култура http://eacea.ec.europa.eu - Извршна агенција за образование, култура и аудиовизуелни политики http://europass.cedefop.europa.eu/en/home - Еуропас http://ec.europa.eu/education/linkhomepage/eurydice_en.htm - Евридика http://www.etwinning.mk/ - етвининг Национален сервис за поддршка

Lifelong Learning Programme Youth in Action Programme НАЦИОНАЛНА АГЕНЦИЈА ЗА ЕВРОПСКИ ОБРАЗОВНИ ПРОГРАМИ И МОБИЛНОСТ Адреса: Порта Буњаковец А2-1, 1000 Скопје, Република Македонија Телефон: (02) 3103 748 Факс: (02) 3109 043 www.na.org.mk info@na.org.mk

www.na.org.mk КОМЕНУС ЕРАСМУС ГРУНДТВИГ ВОМ АК ЛЕОНАРДО ДА ВИНЧИ МЛ ВО АК ГРУНДТВИГ et КОМЕНУС e ГРУ ЛЕОН