ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ НА МЗМП ЗА ПРАКТИКИТЕ НА ЗАДРЖУВАЊЕ СТРАНЦИ ВО МАКЕДОНИЈА ОД ИМИГРАЦИСКИ ПРИЧИНИ 2017

Similar documents
ПодоБруВање На ЗАШТИТАТА НА ПРАВАТА НА БЕГАЛЦИТЕ И БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ. Во републик а МакедоНија

Март Opinion research & Communications

ЕНаука.мк 1 милион Сајт на годината ( Образование, Наука и Култура )

Зошто ни е потребен слободниот пристап до информации од јавен карактер и што претставува овој концепт?

Заштита на личните податоци во Република Македонија. Охрид, 27 мај 2014 година

ЛИСТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

РОДОВИ АСПЕКТИ НА ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО ЗАШТИТА НА БЕГАЛЦИ И МИГРАНТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

БАРAЊE ЗА ИЗДАВАЊЕ/ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ APPLICATION FOR ISSUE/EXTENSION OF TEMPORARY RESIDENCE PERMIT

Биланс на приходи и расходи

на јавната свест за Архуска конвенција и еколошкото законодавство на Европската Унија

Биланс на приходи и расходи

а) Сексуално и репродуктивно здравје - Пристап до информации - Лица со оштетен вид и слух - Македонија - Истражувања

м-р Марјан Пејовски Сектор за регулатива

НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГОДИШНА ПРОГРАМА

УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ ЈУСТИНИЈАН ПРВИ СКОПЈЕ. Издавач: Правен факултет ЈУСТИНИЈАН ПРВИ СКОПЈЕ

Тековни стандарди и барања на ЕУ за прибирање податоци на полето на миграцијата, азилот и визи

ПРЕДМЕТ: Посебен извештај за состојбите во Привремениот транзитен центар Табановце

Значајни подрачја за раститенија, птици и пеперутки во Македонија. Славчо Христовски

Публикација: Анализа за процена на националните програми и мерки за вработување на лицата со попреченост

ИСТРАЖУВАЊЕ НА ОПСЕГОТ НА РОДОВО-БАЗИРАНОТО НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИТЕ И ДЕВОЈКИТЕ НА ЈАВНИТЕ МЕСТА ВО СКОПЈЕ

IMIGRIMI ILEGAL NË REPUBLIKËN E MAQEDONISË ИЛЕГАЛНА ИМИГРАЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ILLEGAL IMMIGRATION IN REPUBLIC OF MACEDONIA

ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ДОКАЗИ ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА ОД МЕЃУНАРОДНИ И ДОМАШНИ ИНТЕРНЕТ СЕРВИС ПРОВАЈДЕРИ КРАТОК ВОДИЧ ЗА ОБВИНИТЕЛИ

Годишен извештај на Комисијата за заштита од дискриминација за 2015 година

Правното уредување на семејното насилство во Р. Македонија

ПРАВДА ЗА ДЕЦАта. Прирачник

ШЕСТ ГОДИНИ ПОДОЦНА: РАСПУКА ЛИ ЅИДОТ ОД ТИШИНА? Анализа на имплементацијата на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер

СТАНДАРДНИ ОПЕРАТИВНИ ПРОЦЕДУРИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ СО НЕПРИДРУЖУВАНИ ДЕЦА - СТРАНЦИ

ПРАВОTO ДА СЕ НАПУШТИ ДРЖАВАТА

СЕКСУАЛНОТО И РЕПРОДУКТИВНОТО ЗДРАВЈЕ И ЛИЦАТА СО ТЕЛЕСНА ПОПРЕЧЕНОСТ (ИЗВЕШТАЈ ОД ПРОЦЕНКА ЗА ПОТРЕБИ ОД УСЛУГИ)

ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ И МЕДИУМИТЕ. Прирачник

AmCham Macedonia Водич за заштита на трговски марки: Како да ги заштитите вашите права во Република Македонија

Регионални упатства за идентификација на жртвите на трговијата со луѓе. Правилник(прирачник) за Југоисточна и Источна Европа

Бесплатно издание Интервју Јан Стола

Slobodanka LAZOVA-ZDRAVKOVSKA

ЗДРАВЈЕТО НА РОМИТЕ И НИВНИОТ ПРИСТАП ДО ЗДРАВСТВЕНАТА ЗАШТИТА ОД РОДОВ АСПЕКТ

КОН ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПОЛИЦИЈА. 1. Воведни забелешки- ги земаме ли правата и полицијата сериозно?

Универзитет Св. Климент Охридски - Битола Факултет за туризам и угостителство Охрид. Дипломиран организатор по туризам и угостителство

ПЕТТИ СОСТАНОК НА ЕКСПЕРТСКАТА ГРУПА НА ENTERPRISE EUROPE NETWORK ЗА СЕДМАТА РАМКОВНА ПРОГРАМА

6. Компаративна анализа со претходни истражувања Финални заклучоци и препораки...53

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ToR 02/2016 ПРАВНИ ЕКСПЕРТИ ЗА ПОДГОТОВКА НА ПРИРАЧНИК ЗА СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕ-ПРАВНИ АСПЕКТИ

Сите сме. деца на овој свет: Како со учениците да се разговара за бегалската криза

Издавач: Ромска Организација за Мултикултурна Афирмација РОМА С.О.С. Автор: Институт за Истражување и Анализа на Политики Ромалитико

ДА ГИ ОТВОРИМЕ УЧЕБНИЦИТЕ: ОТВОРЕН ПРИСТАП ДО УЧЕБНИЦИТЕ ЗА ОСНОВНО И СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ

Преземање сертификат користејќи Mozilla Firefox

Компоненти на пристојната работа како содржина на работниот однос

А Н А Л И З А АКЦИСКА МРЕЖА ЗА ДОБРО ВЛАДЕЕЊЕ. Скопје, февруари 2015 година

УПАТСТВО ЗА ПРОЦЕНКА НА ПОВРЗАНОСТА НА СОСТОЈБАТА НА ИНВАЛИДИТЕТ И ЖИВОТНАТА И РАБОТНАТА СРЕДИНА НА ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

ОД СИГУРНО СМЕСТУВАЊЕ ДО СОЦИЈАЛНА ИНТЕГРАЦИЈА НА ЖРТВИТЕ ОД ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ

University St.Kliment Ohridski - Bitola Scientific Tobacco Institute- Priep ABSTRACT

ЦИВИКА МОБИЛИТАС МАЛИ АКЦИСКИ ГРАНТОВИ

INTERNATIONAL TOURNAMENT "MACEDONIAN PEARL" (FS)

СЛОБОДА НА ИЗРАЗУВАЊЕ

Петти состанок на Локалната советодавна група Записник од состанокот

Семејно насилство. Автор: м-р Јасмин Калач, Ноември, 2016 год. Абстракт

АНАЛИЗА НА НЕЗАВИСНОСТА НА СУДСКИ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - СТРЕМЕЖ И ПРЕДИЗВИЦИ -

Вовед во мрежата nbn. Што е тоа австралиска nbn мрежа? Што ќе се случи? Како да се префрлите на мрежата nbn. Што друго ќе биде засегнато?

НОВ ЗКП ПРАВИЧЕН БАЛАНС МЕЃУ ЕФЕКТИВНОСТА НА КРИВИЧНИОТ ПРОГОН И ЕФЕКТИВНАТА ОДБРАНА. Клучни зборови: судење, притвор, докази, вештачење, откривање

Анализа на пазарот, прелиминарни пазарни консултации и претходно учество на кандидатите/понудувачите

март - јуни 2006 година

Општествена интеграција на жртвите на трговија со луѓе: Проценка на институционалните капацитети на Македонија за заштита на жртвите на трговија со

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ за преземени активности на Секторот за меѓународна полициска соработка во текот на 2013 година

Утврдување на способноста на економските оператори

Европски стандарди за квалитет на превенцијата на дроги: кус водич

Односот помеѓу интерната и екстерната ревизија. Презентира: Верица Костова

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ. за работата во 2015 година

ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ПРИРАЧНИК ЗА РАБОТА СО МОДУЛОТ ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ПРЕКУ ПОРТАЛОТ НА ФЗОМ

consultancy final presentation conceptual presentation of proposals projects Feasibility Cost Study for converting space

НАЦИОНАЛЕН ТРИПАРТИТЕН СОЦИЈАЛЕН ДИЈАЛОГ. Водич на МОТ за подобро управување

ТОЛКОВНИК НА ПОИМИ, ТЕРМИНИ И ИМИЊА ОД ОБЛАСТА НА ТУРИЗМОТ (АНГЛИСКО-РУСКО-МАКЕДОНСКИ)

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2015

YEARS. Правата на едните и другите деца. by Васка Бајрамовска Мустафа OF THE CONVENTION ON THE RIGHTS OF THE CHILD

REVIEW OF SPECIAL EDUCATION PROGRAMS IN JORDAN: CURRENT PRACTICES, CHALLENGES, AND PROSPECTS

Финансиски остварлив план за еднаков пристап до Програмите за рано детство во Република Македонија. фер игра

ИЛЕГАЛНОТО ПРЕФРЛАЊЕ НА ЛУЃЕ И СТОКА ПРЕКУ МАКЕДОНСКАТА ГРАНИЦА И НАЧИНИ НА ОТКРИВАЊЕ

Together Combining diversity and freedom in 21 st. Извештај на Групата на еминентни личности при Советот на Европа

Гледиштата изразени во овој извештај се на авторот и не нужно ги одразуваат гледиштата на Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за демократија

2.3 ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА. Службен весник на Република Македонија бр. 53 од 11 април 2013 година

МРЕЖА 23+ ПОВИК ЗА ГРАНТОВИ НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ. Проектот го финансира Европската Унија

ЗАКОНСКОТО НАСЛЕДУВАЊЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО ОСВРТ ВО НЕКОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ

ИЗВЕШТАЈ ЗА СЛЕДЕЊЕ НА РИЗИЦИ ОД КОРУПЦИЈА И ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ

ЗАКОН ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

A mysterious meeting. (Таинствена средба) Macedonian. List of characters. (Личности) Khalid, the birthday boy

ЗБИРНИ ИНФОРМАЦИИ ОД ИНФОРМАТОРИ. Реакции. Случаи на дискриминација. Карактеристики на жртвата: Нееднаков третман оваa година. Реакции.

СЛОБОДА НА ИЗРАЗУВАЊЕ

Годишен извештај за работењето на Дирекцијата за заштита на личните податоци

ПРИРАЧНИК И МАТЕРИЈАЛИ ЗА ОБУКА ЗА ЕВРОПА. Слобода на изразување, закон за медиуми и клевета. Media Legal Defence Initiative

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПОВРЕДИ НА РАБОТА И ПРОФЕСИОНАЛНИ БОЛЕСТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

З А К О Н ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР. Редакциски пречистен текст * I. ОПШТИ ОДРЕДБИ. 1. Предмет на законот

ВОДИЧ ЗА НОВИНАРИ ЗА ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

ДОКУМЕНТ ЗА ДИСКУСИЈА ЗА 3Д ПЕЧАТЕЊЕТО И ОГНЕНОТО ОРУЖЈЕ

К А Т А Л О Г. mon. monteco СТАНБЕНО ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТ Г.П РАСАДНИК. company

Европски суд за човекови права. Прашања и Одговори

Обука за електронски систем на учење МИКРОУЧЕЊЕ. Материјал за учесници

БРОШУРА ЗА МЕХАНИЗМИ ЗА ЗАШТИТА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

Грчкиот терор врз македонското население на Грција. Macedonia and the Ugly Human Rights Record of Greece

АНАЛИЗА НА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА ПРАВОТО НА КУЛТУРА НА ПОМАЛИТЕ ЕТНИЧКИ ЗАЕДНИЦИ

Садирет Речи. Односи меѓу родители и деца во правниот систем на Република. Македонија

INTERNATIONAL STANDARDS FOR THE PROFESSIONAL PRACTICE OF INTERNAL AUDITING (STANDARDS)

ШТО ЕВРОПЈАНИТЕ МИСЛАТ ЗА ПОВРЗАНИТЕ ВОЗИЛА

Transcription:

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ НА МЗМП ЗА ПРАКТИКИТЕ НА ЗАДРЖУВАЊЕ СТРАНЦИ ВО МАКЕДОНИЈА ОД ИМИГРАЦИСКИ ПРИЧИНИ 2017 Скопје, февруари 2018 COPYRIGHT 2018 MACEDONIAN YOUNG LAWYERS ASSOCIATION

Наслов: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ НА МЗМП ЗА ПРАКТИКИТЕ НА ЗАДРЖУВАЊЕ СТРАНЦИ ВО МАКЕДОНИЈА ОД ИМИГРАЦИСКИ ПРИЧИНИ 2017 Издавач: Македонско здружение на млади правници МЗМП Скопје Автори: Мартина Мартинова Бојана Божиновска Уредник: Зоран Дранговски Оваа публикација е отпечатена во рамките на проектот Глобална програма за техничка помош и градење на капацитетите за спречување на притвор на децата и заштита на децата и на другите баратели на азил во притвор, финансирана од Европската Унија. Содржината на оваа публикација е во исклучива одговорност на МЗМП и во никој случај не ги одразува гледиштата на Европската Унија. Оваа публикација е поддржана во рамките на проектот Глобална програма за техничка помош и градење на капацитетите за спречување на притвор на децата и заштита на децата и на другите баратели на азил во притвор, од страна на Претставништвото на УНХЦР во Скопје. Мислењата и ставовите изразени во публикацијата се мислења на авторот и нужно не ги одразуваат официјалните ставови на УНХЦР.

ВОВЕД Во 2017, бегалците и мигрантите продолжија да транзитираат преку Македонија користејќи нерегуларни и криумчарски рути. Како одговор, задржувањето на странци од имиграциски причини беше растечка појава, зголемувајќи ја загриженоста околу можни прекршувања на човековите права на странските државјани кои се задржани помеѓу македонските граници. Некои од најголемите поводи за загриженост се отсуството на соодветна информираност на задржаните лица за правниот основ за задржување, можностите истото да го оспорат и отсуството на пристап до правна помош. Правната помош и можноста за соодветно оспорување на законитоста на задржувањето се основни заштитни мерки против произволното задржување, па оттука, пристапот до ефективна правна помош е клучен за сите лица кои се задржани. Исто така проблематично е и дека задржаните лица се соочуваа со пречки во пристапот до постапката за признавање право на азил пред ослободувањето. Иако поголемиот дел од нив побараа меѓународна заштита откако ќе добиле пристап, често тие не биле во можност да започнат постапка за азил за време на задржувањето. Алтернативи на задржувањето не беа достапни. Објектот за сместување на ранливите категории баратели на азил ( безбедната куќа ) често се користеше како алтернативна форма на задржување на жените и децата. Сепак, иако условите во овој објект беа подобри за исполнување на некои од основните потреби на ранливите категории, правото на слобода на движење на лицата беше ограничено. МЗМП верува дека вистински алтернативи на задржувањето треба да бидат достапни и го истакнува фактот дека користењето на алтернативни форми на задржување за барателите на азил, чија слобода на движење е загарантирана, е незаконско. Од 2015 година, Македонското здружение на млади правници (МЗМП), поддржано од УНХЦР, е активно вклучено во заштитата на бегалци и мигранти кои се задржани од имиграциски причини. МЗМП спроведува редовно мониторирање на објектот наменет за задржување и им обезбедува информација за меѓународната заштита во Македонија на задржаните лица. Овој извештај содржи податоци за профилот на задржаните државјани на трети земји, правните основи за задржување, условите во објектот наменет за задржување и пристапот до системот за азил. Презентираните прашања имаат цел да послужат како индикатор за понатамошен развој на политиката и практиката во насока на заштита на правата на оние кои се задржувани од имиграциски причини во Македонија.

Годишен извештај на МЗМП за практиките на задржување странци во Македонија од имиграциски причини - 2017 КЛУЧНИ НАОДИ Бројот на задржани лица од имиграциски причини во 2017 беше значително помал во споредба со 2015 и 2016 година. Условите на задржувањето се разликуваат од релевантната домашна и меѓународна правна рамка. Задржаните лица не беа соодветно информирани за правниот основ за нивно задржување, за можностите истото да го оспорат, ниту имаа пристап до правна помош. Задржаните лица се соочуваа со пречки во остварувањето на пристап до постапката за признавање право на азил пред ослободувањето. 58.64% од барателите на азил во Македонија во текот на 2017 година биле задржани пред да побараат азил. ЛИЦА ЗАДРЖАНИ ВО ПРИФАТНИОТ ЦЕНТАР ЗА СТРАНЦИ Прифатниот центар за странци е единствениот објект за задржување странци од имиграциски причини во Македонија. Во 2017 година, МЗМП спроведуваше редовни неделни посети на центарот. Во текот на годината, најмалку 100 поединци беа задржани во центарот. Најголемиот дел од нив беа од машки пол и на возраст помеѓу 18-59 години, со исклучок на три непридружувани деца и една мајка со две малолетни деца. Мнозинството од задржаните лица потекнуваа од Пакистан, Сирија и Авганистан. Треба да се има предвид дека поради ограничениот пристап на МЗМП до задржаните лица и просториите за задржување, презентираните податоци треба да се сметаат за приближни. Земја на потекло на задржаните лица во 2017 Место на поднесувањето на барање за признавање право на азил во 2017 2

Годишен извештај на МЗМП за практиките на задржување странци во Македонија од имиграциски причини - 2017 ПРАВЕН ОСНОВ ЗА ЗАДРЖУВАЊЕ Според релевантната правна рамка, странец може да биде задржан во Македонија заради утврдување негов идентитет и присилно отстранување од земјата. За време на посетите, МЗМП не беше во можност да ги утврди правните основи за задржување на интервјуираните лица. Причината за ова е недоставувањето на решенија за задржување на лицата и недостатокот од пристап на МЗМП до индивидуалните досиеја. Според наоѓањата на МЗМП засновани на разговорите со лицата, најголемиот дел од нив биле приведени во моментот додека патувале со криумчари на мигранти. На задржаните лица им било кажано од страна на полицијата дека се сведоци во кривичните постапки против криумчарите на мигранти и биле ослободени откако дале исказ пред суд. Во оваа насока, треба да се потенцира дека не постои законска одредба која овозможува притвор на сведоци. Сепак, исто така беа евидентирани случаи во кои лицата беа задржани поради други причини како: поседување фалсификувани патни исправи, нерегуларен влез на аеродром итн. УСЛОВИ НА ЗАДРЖУВАЊЕ МЗМП има ограничен пристап до просториите за задржување во Прифатниот центар за странци. Следниот дел ги сумира искуствата на задржаните лица во врска со условите добиени од МЗМП за време на интервјуата. ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ Повеќето од задржаните лица се пожалија на недостаток на информации за основот и времетраењето на задржувањето. Има недостаток на преведувачки услуги кои би обезбедиле дека задржаните лица целосно го разбираат нивниот правен статус, решенијата кои се однесуваат на нив и документите кои им било кажано да ги потпишат. ХРАНА Задржаните лица добивале храна еднаш во текот на 24 часа. Во некои случаи, нив им била дадена храна еднаш во 48 часа. Тие се пожалија на недоволна количина, лош квалитет и хранлива вредност на храната која ја добиваат. Исто така, беа добиени поплаки дека храната не е прилагодена на индивидуалната здравствена состојба. ПРИСТАП ДО СВЕЖ ВОЗДУХ Задржаните лица не биле во можност да се движат слободно во рамки на центарот и немале можност да поминуваат време на отворено, со исклучок на задржаните лица од женски пол на кои им било дозволено да се движат во дворот на центарот под надзор на полициски службеници. ЗДРАВСТВЕНА ГРИЖА Еден доктор од Црвениот крст редовно го посетува центарот. Само ограничен вид на медицинскa грижа е достапна за задржаните лица, иако во одредени случаи некои лица се соочуваат со посериозен здравствен проблем. Дополнително, не е достапна поддршка од социјални работници или психолози за грижа на менталното здравје. ПРАВО НА ТЕЛЕФОНСКИ ПОВИЦИ Не е дозволено користење на мобилни телефони. Задржаните лица биле во можност да го користат бесплатно телефонот во центарот еднаш неделно. НАЧИН НА ПОСТАПУВАЊЕ Има недостаток на индивидуален пристап заснован на карактеристиките, ситуацијата и потребите на странските државјани кои се наоѓаат во центарот. Не се достапни рекреатавни активности. СМЕСТУВАЊЕ Во 2017 не е забележана пренатрупаност во центарот и просторот за сместување по лице е доволен. Бројот на задржани лица е мал во споредба со вкупниот капацитет во објектот. Во периодот на известување, помеѓу 4-15 лица беа сместени во една просторија. 3

Годишен извештај на МЗМП за практиките на задржување странци во Македонија од имиграциски причини - 2017 ПРИСТАП ДО СИСТЕМОТ ЗА АЗИЛ Лицата кои се задржани во центарот се соочуваат со пречки во пристапот до постапката за признавање право на азил. На задржаните лица не им било овозможено да поднесат барање за признавање право на азил пред да дадат изјава пред суд како сведоци во кривичната постапка против криумчарите на мигранти. Откако дале изјави, речиси сите биле во можност да побараат азил и да бидат преместени во Прифатниот центар за баратели на азил. Сепак, имаше случај кога едно семејство не беше можност да побара азил иако веќе имаа дадено изјави пред судот. По неколку интервенции на МЗМП, семејството успешно поднесе барања за азил. Полицијата ги смести барателите на азил во објектот за сместување на ранливи категории на баратели на азил ( безбедната куќа ) со задоцнување од 8 дена. За време на периодот на известување, еден барател на азил одбиен во првостепена постапка беше однесен во објектот за задржување од страна на полициски службеници, без да се земе предвид дека веќе беше поднесена тужба со суспензивно дејство. Поради тоа што задржувањето на баратели на азил е спротивно на законот, МЗМП презеде неколку интервенции во врска со незаконското задржување на барателот на азил кои резултираа со негово ослободување по 19 дена. Во текот на 2017, 95 лица побараа азил во Прифатниот центар за странци. На сите овие лица постапката за азил им беше запрена затоа што го напуштија Прифатниот центар за баратели на азил скоро откако беа сместени таму. Просечното време на престој на барателите на азил во овој центар беше речиси 5 дена. Повеќето од нив (28.42%) го напуштија центарот истиот ден кога пристигнаа или за еден ден, 21.05% заминаа по два дена, додека 23.15% заминаа три дена по пристигнувањето. СЕМЕЈНО РАЗДЕЛУВАЊЕ Во текот на годината беа идентификувани три случаи на раздвојување на семејството. Како резултат на враќањата во отсуство на формална постапка, во првата половина од годината беше забележан еден случај на семејно разделување. Семејно разделување, исто така, се случуваше како резултат на практиката на полицијата да не ги задржува сите членови на едно семејство, туку само дел од нив, а да го смести остатокот во Прифатниот центар за баратели на азил. Имаше два такви случаи во 2017 година. ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ЗАДРЖУВАЊЕТО Просечното времетраење на задржувањето е 19.5 дена. Најдолгото задржување траеше 82 дена. Максималното времетраење на задржувањето од 12 месеци не беше искористено. НЕФОРМАЛНИ ВРАЌАЊА Задржаните лица кои беа интервјуирани изјавија дека во моментот кога биле приведени од страна на полицијата, тие патувале во групи. Сепак, не сите лица биле задржани. Од вкупно 203 лица, 36.95% (71) биле задржани, а останатите биле вратени во Грција во отсуство на формална постапка. 4

Годишен извештај на МЗМП за практиките на задржување странци во Македонија од имиграциски причини - 2017 РАБОТАТА НА МЗМП ОД ОБЛАСТА НА ЗАДРЖУВАЊЕТО СТРАНЦИ ОД ИМИГРАЦИСКИ ПРИЧИНИ ПРАВНА ПОМОШ МОНИТОРИНГ ЗАСТАПУВАЊЕ ГРАДЕЊЕ КАПАЦИТЕТИ & ВМРЕЖУВАЊЕ ИСТРАЖУВАЊЕ И ИЗВЕСТУВАЊЕ КОНФЕРЕНЦИИ ЗАКЛУЧОЦИ МЗМП обезбеди правна помош и застапување на 95 баратели на азил кои претходно биле задржани од имиграциски причини во Македонија. Тимот за мониторинг на МЗМП, кој се состои од правник и преведувач, спроведе 39 посети на објектот за задржување на странци во 2017. За време на посетите, 35 бегалци и мигранти беа интервјуирани и информирани за меѓународната заштита во Македонија. МЗМП редовно ги доставува согледувањата од спроведениот мониторинг до релевантните власти и упатува препораки. Во 2017 година, МЗМП имаше неколку состаноци со надлежните власти, како и со домашни и меѓународни организации со цел зајакнување на системот за заштита на човековите права во контекст на задржувањето странци од имиграциски причини. МЗМП исто така обезбедува застапување во индивидуални случаи по потреба. На 31 мај, 2017 година, МЗМП стана дел од Меѓународната коалиција за притвор, уникатна глобална мрежа од организации и поединци кои работат заедно на ставање крај на имиграцискиот притвор за баратели на азил, бегалци и мигранти. Ова е трет извештај што се однесува на практиките на задржување на странци од имиграциски причини објавен од МЗМП. Сите извешаи се достапни на www.myla.org.mk. МЗМП поддржано од претставништвото на УНХЦР во Скопје и со финансиска поддршка на Европската Унија во рамките на проектот Глобална програма за техничка помош и градење на капацитетите за спречување на притвор на децата и заштита на децата и на другите баратели на азил во притвор одржа конференција на тема Имиграциски притвор во Македонија Сегашни практики, релевантна легислатива и можни алтернативи на 19-ти јуни, 2017 година во Скопје. Ниту едно дете не треба да биде задржано од имиграциски причини; Алтернативи на задржувањето треба да бидат правно достапни и спроведувани во пракса; Обезбедувањето на присуство на сведоци во кривичните постапки преку нивно задржување е спротивно на законот. Соодветни алтернативи треба да бидат разгледани; Ефективната правна помош и можноста за соодветно да се оспори законитоста на решението за задржување се клучни во гаранцијата дека правата на задржаните лица се почитувани и исполнети и Условите на задржување треба да соодвествуваат со домашните и меѓународните правила и стандарди. 5

За Македонското здружение на млади правници Македонското здружение на млади правници (МЗМП) е независна, професионална и непрофитна организација која обезбедува правна помош и стратешко застапување за заштита на човековите права. Користејќи го знаењето и иновативните капацитети на младите правници, МЗМП промовира владеење на правото и влијае врз политиките преку истражување и застапување. МЗМП се залага за општество во кое ќе се воспостави владеење на правото и луѓе кои активно се залагаат за почитување на човековите права. МЗМП е единствената организација во Македонија која овозможува бесплатна правна помош и ги застапува барателите на азил, бегалците, лицата без државјанство и други лица од интерес во постапките поврзани со азил, легален престој и други социјални права. Работата на МЗМП е великодушно поддржана од страна на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации. Контактирајте нѐ: Ул. Донбас 14/1-6, 1000 Скопје Тел: +389 2 3220 870 contact@myla.org.mk www.myla.org.mk